build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 218>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 16-Feb-2011 at 14:19
Главниот извршен директор на „Виз Ер“, Јозеф Варди денеска во Скопје кажа дека во компанијата размислуваат и за директни летови до Франкфурт, Париз, Амстердам и Барселона.

„Нашите очекувања за Македонија се големи. На овој пазар фалат многу услуги, а и тие што ги има се премногу скапи. Компаниите кои летаат на скопскиот аеродром како да им забрануваат на граѓаните да патуваат со високите цени. Скопје има одлична географска положба, а му фалат конекции со централните европски градови. Бидејќи нема директна линија со Лондон, се решивме ние да стартуваме токму со неа. Не сметам дека тоа што на македонските граѓани им треба виза за Британија ќе биде проблем“, вели Варди.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 16-Feb-2011 at 14:29
Originally posted by Supervisor


Не сметам дека тоа што на македонските граѓани им треба виза за Британија ќе биде
проблем“, вели Варди.

Преоптимистичка изјава која не верувам дека ќе промени многу во тој домен. Како и да е потегот е одличен и е за поздравување.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 16-Feb-2011 at 15:31
Originally posted by Supervisor

Главниот извршен директор на „Виз Ер“, Јозеф Варди денеска во Скопје
кажа дека во компанијата размислуваат и за директни летови до Франкфурт,
Париз, Амстердам и Барселона.

„Нашите очекувања за Македонија се големи. На овој пазар фалат многу
услуги, а и тие што ги има се премногу скапи. Компаниите кои летаат на
скопскиот аеродром како да им забрануваат на граѓаните да патуваат со
високите цени. Скопје има одлична географска положба, а му фалат
конекции со централните европски градови. Бидејќи нема директна линија
со Лондон, се решивме ние да стартуваме токму со неа. Не сметам дека тоа
што на македонските граѓани им треба виза за Британија ќе биде
проблем“, вели Варди.




Сигурно мислел на Ајндховен затоашто Виз ер не лета до амстердам. Ја летав 3 пати Софија - Ајндховен лани.

Edited by toasumjas - 16-Feb-2011 at 15:31
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 16-Feb-2011 at 18:33
Ni do Solun i Atina ne ide

Среда, 16 Февруари 2011 17:37

Ниско буџетната авиокомпанија „Виз Ер“ влегува на македонскиот пазар со евтини летови на релација Скопје-Лондон. Од јуни ќе лета трипати во неделата, а планира наскоро да воведе и нови дестинации.

Од јуни само за 35 евра, сума во која е вклучена и аеродромската такса македонските граѓани ќе можат трипати во неделата да летаат за Лондон со „Виз Ер“. Менаџментот на оваа ниско буџетна авиокомпанија најави дека набргу Скопје ќе го поврзе со Франкфурт, Париз, Амстердам и Барселона. Причините за влегувањето на македонскиот пазар вели првиот човек на „Виз Ер“ Јозеф Варди, е добрата географска поставеност на земјава која нема локални и национални авиокомпании, а економијата е во подем.

- Исто така гледаме дека земјата се развива, дека БДП ќе оди се погоре дека животниот стандард оди се погоре и тоа на среднорочно и долгорочно нас ни пружа добри услови. Во основа тоа се причините зошто одлучивме да почнеме да го користиме овој пазар и да работиме од Скопје, истакна Варди.

„Виз Ер“ ја покрива речиси целата Европа со евтини и удобни летови. Авиокартите се купуваат исклучиво преку Интернет. Новиот лет Скопје-Лондон не само што ќе донесе евтини авио услуги, туку позитивно ќе влијае и врз пазарната стимулација на македонската економија.

Инаку првиот човек на ТАВ аеродроми Мурат Торникол истакна дека реконструкцијата на Охридскиот аеродорм „Свети Апостол Павле“ завршува до крајот на месецов.

Новата терминална зграда на скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе заврши во планираниот рок и ќе биде пуштена во употреба во октомври.

Торникол информира дека сообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ во 2010 година бележи и раст од 13,7 отсто со 700 илјади патници, а на „Свети Апостол Павле“ има раст од 20 отсто со 45 илјади патници.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/19357-Viz-Er-ponudi-evtini-letovi-do-London

ApplauseApplause
Applause

Edited by Plugger - 16-Feb-2011 at 18:36
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 16-Feb-2011 at 18:52
Добро би дошле и линии до Варшава и Истанбул. За првата немора често да се лета, ама да има бар еднаш неделно. Незнам колку имате патувано натака, ама е ужасно тешко да се обезбеди превоз, а истиот со автобус кошта накај 120еур

За Истанбул има премногу голем број на патници секојдневно, така да 2-3 пати неделно за некоја цена од 60-80еур би била рентабилна. Ама да не пребаруваме, нека тргне работата
Back to Top
Korsis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote Korsis Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 16-Feb-2011 at 19:43
Отлична вест, честито! Пожелавам ви в скоро време линии и до невизови дестинации!
Back to Top
Skopje View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Skopje Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 17-Feb-2011 at 10:42

Thursday, February 17, 2011

Wizz Air to Skopje

Soon in Skopje
It has been a Macedonian infused week of news and the latest is sure to be warmly greeted by aviation enthusiasts. Wizz Air is once again spreading its wings in the EX-YU region. The low cost airline will commence scheduled seasonal flights from London’s Luton Airport to Alexander the Great Airport in Skopje. Flights are set to operate 3 times per week, every Monday, Wednesday and Friday. The service will be inaugurated on June 20.

Wizz Air’s arrival in Macedonia is the first major win for Skopje Airport’s operator, TAV, which has been working on attracting low cost airlines to the country. Wizz Air CEO, Josef Varadi, told the “Utrinski Vesnik” newspaper that the airline is considering commencing flights to Skopje out of Frankfurt, Paris, Amsterdam and Barcelona.

There is more good news for Macedonia’s hub with Mat Airways planning to commence flights to Amsterdam this summer season. A total of 40 flights are planned between the two cities. Skopje Airport handled 700.000 passengers in 2010, an increase of 13.7% compared to 2009.

Flight details for the new Wizz Air service can be found in the new route launches section on the right hand side.

Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 18-Feb-2011 at 11:59
Originally posted by Djole88


Еве и официјален распоред на летање на летот Скопје - Лондон(Лутон Аеродром).http://wizzair.com/flights/London-Luton/SkopjeЌе се лета од 25ти Јуни до 16ти Септември, секој понеделник, среда и петок. Цените се доста варијабилни, на почеток поевтини, во Јули и Август повисоки и на крај на Август и Септември се џабе. Во секој случај добар почеток, на нешто што се надевам ќе се развива со малку поголема брзина


Едно дополнување. Редот на летање е дополнет денес. Од 22ри Септември до 27ми Октомври ќе се лета Четврток и Недела. Летовите од 2оти Јуни до 16ти Септември се во 21:35 по македонско време, а потоа четвртоците се од 19:35 и неделите од 17:50. Се на се имаме 50 лета доделено од WizzAir, што е одлично
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 18-Feb-2011 at 12:08
Ова значи ке се оди на олимпијада
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 18-Feb-2011 at 13:48
ПО ВЛЕЗОТ НА „ВИЗ ЕР“
Трошка надеж за поевтини летови Влезот на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ ќе повлече намалување на цените на авиобилетите кај некои редовни превозници што оперираат од скопскиот аеродром. Во „Кроација ерлајнс“ размислуваат за поевтинување на билетите, но ќе почекаат да видат како новата авиокомпанија ќе се снајде на пазарот. Од „Адрија ервејс“ и од „Јат ервејс“ нагласуваат дека како редовни превозници не може да летаат со пониска цена бидејќи нудат поквалитетна услуга, но затоа имаат акции со попуст на билетите. Со влезот на „Виз ер“ се очекува да поевтинат и туристичките аранжмани во Македонија, што би значело и повеќе туристи. - Најверојатно ќе мора и ние да ги спуштиме цените на билетите, но да видиме како ќе се однесува „Виз ер“ на пазарот. Ние имавме патници на релацијата Скопје - Загреб - Лондон и сега може да ги загубиме - вели Атанас Ризов, директорот на „Кроација ерлајнс“. Лет Скопје - Лондон со „Виз ер“ од јуни ќе чини седумдесетина евра. Со другите превозници е околу 300 евра. Оваа дестинација ја прави скапа само визата, но од компанијата сметаат дека најмногу ќе патува дијаспората. Ако има интерес ќе се воведат линии и за Париз, Барселона, Франкфурт и за Амстердам. - Точно е дека нискобуџетните компании нудат билети за едно-две евра ако од денеска се купат билети за 2012 година, но кога ќе треба да се платат, цената воопшто не е таква и е до 200 евра. Луѓето што летаат со нискобуџетни компании се друга категорија и за нив е потребно да се најдат поевтини хотели. Ние моравме во Словенија да имаме хотели со две ѕвезди за целото патување да биде поевтино - вели Момир Рафајловски од „Адрија ервејс“. На скопскиот аеродром оперираат девет авиокомпании. Попусти на билети се нудат, но за ограничен број седишта и во време на мртвата сезона, од јануари до март, кога малку се лета. Малата конкуренција значеше и скапи билети, а дел од патниците и туристите почнаа да летаат и преку софискиот аеродром со нискотарифните авиокомпании. - Цените за сместување и за храна во Македонија се прифатливи за странските туристи, но поради скапите авиобилети и аранжманот беше скап. Сега туристичките агенции имаат можност да понудат тури со пониски транспортни трошоци, да не чекаат до последен момент - истакнува Драги Поп Стојанов од Туристичката комора на Македонија.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2245&ArticleID=156568
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 18-Feb-2011 at 22:25
DA dobra vest za zdelkava so Wizz Air.
Gledav karti za letovo da dojdam do Skopje i se mislev da odam isto do Rim, na edno 5, 6 dena na vrakajane ali seuste nema karti Rim - Skopje i e edno 200 - 300 evra poskapo da letam preku viena odkolku da letam nazad do London za 35 evra i posle da letam od London dole do Rim.... ova ke bide interesna sema....
Vi vilo super da se povrzeme so vakvi letovi i so Rim i Barcelona
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 19-Feb-2011 at 11:26
Донекаде треба да внимаваме со нискобуџетните компании, пред се` со аеродромите на кои истите слетуваат на одредените релации. Неретко истите не се добро поврзани со јавен превоз кон споменатите градови, а проблем би било и купувањето на билетите на подолг временски период при планирање на патувањето.

Сакам да кажам, понекогаш ви излегува подобро да си купите карта од агенција. Доколку ги соберете сите трошоци, понекогаш цените се идентични со оние од туристичките агенции (ова го пишувам за да контрирам малку, гледам сите се задоволниNaughty)
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 19-Feb-2011 at 14:28

Ер Лифт згаснува

Александар Момировски Коментари (10)   
18.02.2011 19:26
 

 

Згаснува „Ер Лифт“. Домашната авиокомпанија смее да лета само до крајот на месецов по што ја губи дозволата за летање.

Агенцијата за цивилна воздушна пловидба ја одзема, бидејќи Авиокомпанијата го прекршила законскиот рок до кога требала да побара обнова на постоечката лиценца што истекува на 28. февруари.

Рокот е 31 ден пред истекот, а „Ер Лифт“ побарал продолжување со задоцнување од неколку дена. Директорот на АЦВП, Дејан Мојсовски, изјави дека по 28. февруари „Ер Лифт“ нема да има право да продава авиобилети, дозволата ќе и се одземе, но Авиокомпанијата има можност потоа, во рок од уште месец дена да поднесе барање за нова дозвола.

Скандалозна одлука на штета на домашниот авиобизнис, велат сопствениците на „Ер Лифт“. Државата не само што не ја помага домашната авиокомпанија, туку ја помага конкуренцијата од странство. Кој стои зад српски МАТ?

„Истата МАТ што беше поранешна, што остави некаде околу 35 милиони долгови во истите простории МАТ Ервејз значи јас мислам дека истата структура е тука и јас не знам како дозволуваат на иста адреса, на исти простории да оставаат исто“, изјави Ајан Џаферовски - „Ер Лифт“.

Каква е улогата и интересот на Власта во најновите турбуленции во авиобизнисот?

„Ништо во оваа држава, никаде во светот, а посебно во оваа држава не може без инволвирање на Власта, особено што се знае дека во оваа приказна, по она што се слуша низ чаршијата и по она што и со факти можеби ќе се докаже кога ќе дојде време одредени членови на семејството се влезени во оваа приказна со МАТ Ервејз и нивните контакти со одредени структури во Србија и надвор, најблиското семејство на пастирот, најблискиот круг, се знае“, вели Есад Рахиќ, аналитичар.

Сопствениците на „Ер Лифт“ велат дека досега вложиле околу половина милион евра во обука на кадар и развој на Авиокомпанијата. Тврдат дека со проблемите се соочиле откако надлежните почнале да тактизираат со дозволата пред неколку месеци.

„Добивме продолжување од 3 месеци, а скоро 20 месеци сме авиокомпанија, а нормално требаше да се продолжи, во запад давањето на дозволи е неограничено, а цивилните власти можат секое време да ти ја одземат повторно доколку не си безбеден“, изјави Ајан Џаферовски - сопственик на „Ер Лифт“.

„Ер Лифт“ е компанија стара речиси две години која се амбицираше да ја замени пропаднатата МАТ, која исто така беше жртва на политички процеси.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134526
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 20-Feb-2011 at 14:12
Дечки едно прашање, до сите вас, што следите случувања во авио-сообраќајот

Летово би требало да летам за Њу Јорк(евентуално DC или Филаделфиа). Дали може да ми помогнете, со совет кој е најевтин начин да се стигне, со лет од Скопје(нормално знам дека нема директен). Не ми е за друго, малтретирање ми е со автобус да патувам до Белград или Софија, особено ако цената е во рамките на +/- 50ЕУР.

Еве од јас што истражував до сега, најевтина варијанта е Скопје-Будимпешта-ЊуЈорк, околу 630тина Еур. Изненаден бев од фактот дека Будимпешта има директен лет со САД
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 20-Feb-2011 at 15:08
Нема потреба да одиш со автобус до Белград или Софија затоа што и од таму нема директен лет до САД. Белград и Софија обично ги форсираат туристичките агенции, бидејќи повеќето се фирми ќерки на тамошни агенции итн. Најдобра опција ти е со Малев преку Будимпешта или Аустриан преку Виена. Свис незнам дали уште лета од Скопје, но ако лета можеш и преку Цирих. И Чех ерлајнс мислам дека имаат лет од Прага за САД.
Најубаво отвори travelocity.co.uk (.com) и expedia.co.uk (.com) и стави дестинација од Скопје до - и ќе ти ги најде сите редовни линии кои водат до таму.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 626
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 20-Feb-2011 at 19:11
Од Белград е најевтино, ЈАТ до Германија, Луфтханза до САД. А можеш и до Белград со авион, но ќе дадеш плус 150е.
Back to Top
VirginAtlantic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jun-2009
Location: Софиjа
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote VirginAtlantic Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 20-Feb-2011 at 19:44
Originally posted by <Fresno>

Од Белград е најевтино, ЈАТ до Германија, Луфтханза до САД. А можеш и до Белград со авион, но ќе дадеш плус 150е.


Не мисла.
За 21 Април од Белград до Франкфурт со JAT е 145 евра.
Од Софиjа до Франкфурт на истиот ден со Вulgaria Air e 103 eвра.
Добре е да се види офертата на CSA за Скопjе-Прага-New Jork!


Edited by VirginAtlantic - 20-Feb-2011 at 21:10
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 20-Feb-2011 at 23:33
Фала на сите Знам дека немаат Белград и Софија директен лет, мислев на тоа дали ми се исплати од таму со конекциски лет или цените не се толку различни и од Скопје
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 21-Feb-2011 at 11:31
Најефтини карти може да најдеш на Opodo.de . Ја коа летам од скопје стално купувам од тамо и секогаш се поефтини од било која друга страна и било која агенција. Ти ги дава сите можни варијанти (со исклучок на нискотарифните). Ја користам германската верзија поради плаканјето, ако ја користис британската ти дава некој нивни картички што ние ги немаме.

А ако ти треба пребарувач што ги комбинира и нискотарифните тогаш имам и еден таков само што за Њу јорк нема да ти заврши работа.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 21-Feb-2011 at 11:54
http://airtickets.gr/flights.asp?lang=en

Mногу добар сајт.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 218>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.546 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.