build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 204>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 20-May-2008 at 14:10

Ja pa toa go razbrav kako do 2004 Dunno 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-May-2008 at 12:35
Originally posted by vardar

Ja pa toa go razbrav kako do 2004 Dunno 


pa to sakale i da kazhat samo 100% rusin ja ima pisheno statijata i nikoj nema raschisteno zad nego pa zato sakal da kazhi do 2004 rekol po 2004 ruska rabota i ruski angliski
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Jun-2008 at 14:39


Само што го изедитирав постот а ти веќе си искоментирал
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 29-Jul-2008 at 09:54
Зарем МАТ не нарача три CRJ-900 а веќе набави два од нив??

МАТ купи нов авион

Македонскиот редовен авиопревозник МАТ купи авион од типот „боинг 737-500“. Воздухопловот, кој е веќе регистриран во Македонија со ознаките З3-ААХ, првиот комерцијален лет го изврши во неделата на релација Скопје - Цирих - Скопје.

Новиот авион со 126 седишта е купен на кредит со учество на МАТ и компанијата „ПК авиејшн“.

Претставник на македонската авиокомпанија за Макфакс најави дека флотата на МАТ идниот месец треба да се збогати со уште еден сличен авион. МАТ поседува едно летало од типот „ЦРЈ-900“, а со зголемениот промет во текот на летнава сезона се справуваше со краткорочно најмување авиони од странски компании. (Макфакс)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9B6F2F82C5A5304A9751526AA34B973D

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 29-Jul-2008 at 10:16


Тешко е да се прати што точно прават и моменталниот состав на флотата. Постојано џонглираат со авионите и со нарачките. Непосредно пред CRJ пак имаа нарачано ERJ... Се надевам дека имаат некаков план односно дека не лутаат.
Во секој случај веројатно ова е позитивен сигнал, затоа што очигледно им требаат и малку поголеми авиони како 737, а не само Regional Jet.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 29-Jul-2008 at 13:10
Незнам ни дали самите знаат шо прават, мислам дека за МАТ ЕРЈ е одлично решение има капацитет од 78 до 118 што е доволно за наши услови, али мислам дека се предомислија пошто има проблеми со финансирање и после канаѓаниве им дадоа подобри услови за кредитирање (барем така имам негде слушнато). Иначе ако веќе мислеа да ја обновуваат флотата со стари авиони после 9/11 имаше еден куп фокери и 737-ки буквално за џабе али тогаш другше мислеа изгледа,  иначе еве фотка од 2005 од ембраерот кој никогаш не стигна до Скопје Unhappy 
 
 
 
И навечер
 
 
 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 31-Jul-2008 at 06:38
За десет дена уште еден боинг а во мај догодина и вториот CRJ, ај па да видиме и неколку нови дестинации  Cheers
 

Нов „боинг“ во флотата на МАТ

Новиот авион „боинг 737-500“, кој од неодамна е дел од флотата на македонскиот национален авиопревозник МАТ, вчера на аеродромот „Александар Велики“ ги донесе првите патници. На „боингот“, како што најавуваат од МАТ, за десетина дена ќе му се придружи уште еден ист авион, а двата авиона веднаш ќе бидат вклучени во редовните и чартер-летовите на МАТ.

Новите авиони компанијата ги набави со кредит од Еуростандард банка и од странска банка, а ќе се отплатуваат во следните пет години. Во план, велат во МАТ, е купување на уште еден авион од типот „бомбардир ЦРЈ 900“, каков што веќе поседува компанијата, кој моментно е во процес на производство, а ќе биде испорачан во текот на мај следната година. (С.Н.)

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 31-Jul-2008 at 08:36
Оваа комбинација е многу подобра отколку 3хCRJ како што се најавуваше пред година дена Thumbs%20Up
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 31-Jul-2008 at 11:44
А што стана со тој 737-300 што беше во нивна сопственост? И него го задржаа?
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 31-Jul-2008 at 13:58
Не сум сигурен али мислам дека 737-300 беше само изнајмен  Question
Како и да е во дневник пишале вака....
 

Уште два авиона во флотата

Флотата на МАТ е зголемена со уште два авиона од типот „боинг 737-500“, купени на кредит, со рок на отплата од пет години. Првиот авион од неделата врши комерцијални летови, а вториот треба да пристигне со средината на август.Уште еден авион од типот „бомбардие ЦРЈ-900“ треба да му биде испорачан на МАТ во мај в година. Со постојниот и со новите три авиони МАТ очекува да ги зголеми летовите кон дестинациите во Германија, Рим, Цирих и во Виена, но и да отвори нови кон северна Италија.

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 31-Jul-2008 at 14:01
Со четири сопствени авиона ваљда ќе им текне на сајтот да направат секција за флотата да имаме малку потранспарентен увид во сето ова
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 31-Jul-2008 at 14:13
Имаат една реченица во About us...

MAT‘s destinations are Zurich, Rome, Vienna, Istanbul, Dusseldorf, Hamburg, Berlin, Paris and Amsterdam. The actual fleet comprises a Boeing 737-300 and a Canadair CRJ-900.

 
али веќе не важи пошто нели сега имаат 737-500 а не 737-300 Nuts
Со оглед дека од 31.3.08 немаат апдејт во делот лејтест њуз.... ќе почекаме малце изгледа. LOL
 
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 31-Jul-2008 at 14:15
a da ne znae nekoj vkupno kolku avioni poseduva MAT ? bas me interesira
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 31-Jul-2008 at 14:19


па тоа е муабетот во последниве неколку поста. Значи моментално 2


Edited by pbanks - 31-Jul-2008 at 14:19
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 31-Jul-2008 at 14:21
За 2 недели 3 а во мај догодина 4 Big%20smile
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 31-Jul-2008 at 14:27
ej pa super e napreduvaat znaci, a inace ima potreba od poveke avioni ,eve sega gledam za letnava sezona nekoi luge cekaat duri na 25 avgust da odat na odmor za turcija, da imase uste 3 ke bese full za letnava sezona

Sega gi vidov i dvata znaci Boingot i Canadair i dvata se dobri avioncinja


Edited by mitatos - 31-Jul-2008 at 14:28
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 31-Jul-2008 at 16:04
Јас летав минатата недела со Canadairot убаво поново авионче е. Секоја чест за пилотот и посадата, иако имаше мало невреме по пат а авионот е мал не се осети ни најмало дрмање по пат. CheersApplauseApplause
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 31-Jul-2008 at 17:13
da odlicen e, jas iako nikogas ne sum letal so avion ti veruvam ) , imaa i uste eden drug ali toj izgleda im bil iznajmen, ali zalam sto taka golema kompanija ima tolku malku avioni , super ke bide koga ke gi zemat i tie drugite so 4 avioni drug muabet posle
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 10-Aug-2008 at 12:49
Интересен текст кој можеби не припаѓа тука но сепак нема да смета.

СКАП ПРОФЕСИОНАЛЕН КАДАР ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА
27 македонски пилоти летаат за светски компании
Во Македонија нема официјална статистика во кои странски компании летаат македонски пилоти. Според неофицијалната бројка (27) до која дојде "Вест", пет македонски пилоти има во Сингапур, четворица во Индија,

Дваесет и седум македонски пилоти на патнички авиони летаат за странски авио-компании. Повеќето од нив се пилоти или ко-пилоти во најпознатите компании како "Сингапур ерлајнс", "Рајан ер", "Ер Индиа", "Џапан ерлајнс", "Делта" и управуваат "боинзи", "ербаси", "емрбаери".
Во Македонија нема официјална статистика во кои странски компании летаат македонски пилоти. Според податоците до кои дојде "Вест", таа бројка е 27. Пет македонски пилоти има во Сингапур ("Сингапур ерлајнс"), четворица во Индија ("Ер Индиа"), двајца во Нигерија, по тројца има во Албанија и во Грција, двајца во Хрватска ("Дубровник ерлајн"), и по еден пилот има во Катар ("Катар ервејс"), Јапонија ("Џапан ерлајнс"), Тунис, Мароко, Велика Британија ("Рајан ер"), Германија, Тајван ("Ева ер") и во САД ("Рипаблик ервејс").
Пред да заминат од Македонија, речиси сите летале за некоја од македонските компании кои се појавија по осамостојувањето на државата или пред тоа за југословенскиот ЈАТ. Од пред неколку години се расеани по светот. "Вест" најде неколкумина од нив и ја слушна приказната на капетанот Венко Биковски кој лета за "Ер Индиа", на Владимир Насковски од американската компанија "Рипаблик ервејс", на Спасе Јакимовски од "Катар ервејс" и на капетанот Ѓорѓи Банчотов од јапонската "Џапан ерлајнс".
Меѓу последните кои заминаа да летаат за странски компании е 53-годишниот капетан Венко Биковски, кого колегите популарно го нарекуваат последниот Мохиканец меѓу македонските пилоти со ЈАТ-ова школа. Тој сега лета за индиската компанија "Ер Индиа" и живее на релација Индија - Скопје - Белград каде што е неговото семејство. Кога Биковски, пилот на старата школа на ЈАТ, го напуштил МАТ, конкурирал за работа во Индија, Сингапур и во Катар, за на крај да ја одбере Индија за своја нова авиобаза. "Ер Индиа" е 9-та по ред авиокомпанија за која тој лета откако е пилот. Со него во Индија е и пилотот Горан Павловски.
За летање е неопходна т.н. меѓународна ЈАР дозвола, па со неа и со својот "боинг 737-800" лета од 12 аеродроми во Индија кон Сингапур, Шри Ланка, Бангкок, Тајланд, заливските земји...
"Ја одбрав Индија затоа што од секогаш ме привлекувала со својата култура, традиција, живот, филозофија. Сакав да ја живеам Индија, па направив спој на професијата и желбите. Се приспособив на евтиниот живот во Индија, на нивниот начин на сфаќање на секојдневието, на животните погледи. Отседнувам во хотели со пет sвездички, ја сакам нивната кујна... Шест недели сме на работа, а две недели сме слободни и имаме платена карта да одиме дома", ни раскажа капетанот Биковски. Тој секое слободно време го користи да биде со сопругата и трите деца кои живеат во Белград. Летово го посети Скопје, но и Берово, родното место на неговите родители. Од Скопје летна за Белград, а од таму назад во Индија.
Пред речиси две години од Македонија замина и пилотот Спасе Јакимовски. Сега лета за катарската авиокомпанија "Катар ервејс". 40-годишниот капетан Јакимовски пред да замине во Катар пилотираше во македонските МАТ и "Авиоимпекс". Во катарската авиокомпанија е обучен и лета на еден од најчесто употребуваните авиони "ербас А330".
Македонските пилоти во странство контактираат меѓу себе, разменуваат искуства. Речиси сите ја поминале истата процедура за да станат пилоти или копилоти во компаниите за кои летаат сега. Задолжителни психофизички тестирања, 2,5-месечни проверки на пилотските знаења, возење на симулатори... За сите нив заеднички се летачките доживувања, егзотичните дестинации до кои летаат, турбуленциите, патниците... Секојдневно се во некој друг град, на друг аеродром, во друг хотел. Меѓу два лета пробуваат специфична храна, запознаваат најразлични култури...
"Живеам во Тулса, САД. Работниот ден почнува со тоа што бесплатно летам до Колумбус во Охајо каде што е мојата база и од таму почнува работниот ден. Ноќевам во тој град којшто е мојата последна дестинација за тој ден. Еве пред некој ден дневното летање заврши во Чикаго каде имам школски другари, па се забавувавме во прекрасните клубови и ресторани. По неколку дена бев во Бостон каде должноста ми заврши околу пладне и скитавме и се журкавме таму цели 10 часа. После моравме добро да се наспиеме за новите летови. Денот го завршив во Хјустон. Значи, од најсеверниот, завршив во најјужниот град во САД. Обично летам 4 дена, па 3 дена сум слободен", раскажува Владимир Насковски, скопјанец, син на скопскиот бизнисмен Ненад Насковски и на Мирјана Насковска, сопственичката на туристичката агенција "Долар турс". Сега е пилот во американската "Рипаблик ервејс".
Владимир е еден од ретките македонски пилоти кои пилотската школа и обука ја поминале во странство. На 16 години заминал во САД и таму се стекнал со својата прва приватна пилотска дозвола, а потоа добил и комерцијална пилотска дозвола. Малку подоцна станал инструктор за летање и од први април годинава лета со авион од типот "ембраер" за компанијата "Рипаблик ервејс".
"Мојата компанија ја покрива целата источна половина на САД и оперира со 220 'ембраери'. 'Ембраерите' летаат под брендот на 5-те големи компании 'Американ ерлајнс', 'Јунајтед ерлајнс', Делта', 'Континентал' и ' Ју-ес ервејс'. Значи јас кога не го летам мојот авион можам да летам со овие пет компании без пари", вели Владимир.
Нормално е пилотите најмногу да зборуваат за своите летови. Некои велат дека летаат на лесни, други на многу тешки дестинации.
Капетанот Биковски од "Ер Индиа" вели дека лета на едни од најтешките релации. Тоа се монсунските делови од Индија.
"Во нашата компанија 80 отсто од пилотите се странци и најголемиот дел од нас летаме на тешки релации. Кога ќе почнат монсунските денови во Индија, летањето е многу тешко поради обилните и силни дождови. Тогаш летањето е како пред вас да застанал пожарникар и додека возите тој со шмрк ви прска во шофершајбната. Во Индија аеродромите се стари и по 30 години, има голем метеж, па над нив се кружи и по еден час додека да ви дојде редот за слетување", вели Биковски.
Пилотите сегде во светот се на цена. Ги почитуваат, ги бараат, компаниите се натпреваруваат за нив. Особено азиските компании кои се во огромен подем и претендираат да бидат господари на небото. Секој пилот наоѓа работа преку брокер и можат да избираат во која компанија ќе работат.
"Почнав да летам на 16 години. Откако ги добив сите потребни дозволи, во 1996 година почнав да летам во македонската компанија 'Авиоимпекс' каде ја почнав обуката за патнички авион ДЦ-9 и една година потоа стекнав звање копилот на тој авион. Во 1999 година станав копилот на авионите МД-81, 82 и 83. Во 'Авиоимпекс' летав до 2001 година", ни раскажа капетанот Ѓорѓи Банчотов.
По "Авиоимпекс" летал за МАТ кога завршил обука за копилот на "боинг 737-300", а во 2006 станал капетан на "боинг 737-300".
"Во 2007 заминав во туниската компанија 'Картаго ерлајнс'. Потоа конкурирав преку брокерите во многу реномирани компании и почнаа да стасуваат понудите. Се одлучив за Јапонија и за најголемата јапонска авиокомпанија 'Џапан ерлајнс'. Ми понудија и обука за 'боинг 737-800'. Во Токио сум од март годинава. Во Јапонија, како технолошки најнапредна држава во светот, најмногу внимание се посветува на безбедноста, особено во авијацијата. Затоа постојано одиме на обуки, тренинзи, проверки и на се она што е предвидено со меѓународните стандарди, само што сето тоа тука е повеќекратно застапено. Сега сум на обука за пилотирање со 'боинг 737-800' која во другите држави трае три месеци, а овде во Јапонија безмалку една година", раскажува капетанот Банчотов од "Џапан ерлајнс".
Сите пилоти се вљубеници во авијацијата и во летањето. На некои од нив, на некој начин, им се семејна професија. Еден од таквите е копилотот Роберт Каревски, кој по потекло е Македонец, роден е во Австралија, а пилотира за тајванската авиокомпанија "Ева ер".
"Роден сум во Австралија од родители иселеници по потекло од Охрид и Битола. Имам 33 години, а професионално летам 12 години. Со сопругата Соња и 14-месечниот син Александар живееме во Македонија. Соња е поранешен контролор на летање и голем вљубеник во авијацијата. 'Ева ер' има флота од 55 авиони и половината од пилотите се странци, па календарот на летање ни е усогласен за секој месец да можеме бесплатно да отпатуваме до нашите семејства", кажува Каревски.
Првите часови по летање ги имал во "Атлас авиејшан" од Сиднеј, во "Саут коуст авиејшан" од Вуленгонг и во "Мекфлајт треининг" од Голд Коуст. Првата пилотска дозвола ја добил на 21 година, а на 24 години веќе можел да лета и комерцијални авиони.
"На почетокот пилотирав со 'цесна 206' за помали регионални авиокомпании пуштајќи падобранци над мојот роден град Вулгонг. Со рускиот авион 'ЈАК 52' изведував акробатски летови, а потоа како копилот летав за компанијата 'Макер' од Таунсвил, Квинсленд. Таму пилотирав на мојот посебно драг модел на авион 'метролајнер 3', турбопроп двомоторец со капацитет од 19 патници. Тоа искуство ми помогна да станам капетан на 'цесна караван 208', а потоа и на 'метролајнер 3' во компанијата 'Џеткрафт еркарго'. За таа компанија летав од мојата база во Сиднеј до регионалните аеродроми во Нов Јужен Велс и до Квинсленд", раскажува Каревски.
Тој од март 2007 година е копилот во "Ева ер". Таму е обучен за копилот на авионот "МД-11". До сега летал за Лондон, Брисел, Париз, Франкфурт, Дубаи, Дели, Мумбаи, Бангкок, Сингапур, Хонгконг, Тајпеи, Осака, Енкориџ, Чикаго, Далас, Атланта и Њујорк. Компанијата има 5.000 вработени и 650 пилоти, но сепак секој од нив распоредот на летање го добива еден месец однапред, а со задоволство им го коригираат распоредот ако сакаат да добијат слободен термин кога нешто за сигурно испланирале со своето семејство. Каревски, како и другите пилоти, несебично го користи секој слободен термин да биде со семејството.
Да биде со семејството што почесто сака и капетанот Банчотов. Неговата сопруга Марија, двете ќерки Магдалена и Ангела и синот Димитар се во Македонија.
"Можеби в година моето семејство ќе ми се придружи тука во Токио. За враќање во Македонија тешко, се додека ситуацијата во авијацијата е таква каква што е", вели Банчотов.
Додека пилотираат далеку од семејствата пилотите се на релација меѓу своите бази и градовите до кои летаат како крајна дестинација.
"Во 'Ева ер' сите странски пилоти имаат апартманско сместување во комплексот на компанијата каде е и тренинг центарот опремен со 4 симулатори, тренинг центарот за стјуардеси, базен за рекреација и куп други комодитети за нас. Денот кога летам имам повик од персоналот, се подготвувам за брифинг и со автобус одам до интернационалниот аеродром во Тајпеј. Најдолгиот лет е од Тајпеј до Енкориџ и трае 10,5 часа. Во градовите каде преноќуваме и по неколку дена најчесто ги посетувам знаменитостите и музеите како Лувр во Париз. Највпечатлив ми е единствениот хотел со седум sвезди "Бурџ ал Араб" во Дубаи. Најчесто летам до аеродромот во Виена од каде летам со МАТ до Скопје за да се видам со семејството", вели Каревски.
Негова желба е да стане капетан на авионот "МД-11", а еден од омилените авиони му е "боинг 777".
Повеќето од македонските пилоти кои сега работат во странство не кријат дека сакаат да се вратат и да летаат во Македонија, за македонски компании, под македонско знаме. Но, велат дека чекаат подобри времиња за нив пилотите. До тогаш, велат, барајте не во Индија, Нигерија, Јапонија, Тунис, САД, Катар, Велика Британија...

Дома останаа само 13 пилоти
Кога две третини од вкупниот број пилоти во патничката авијација што ги има една држава работат во странство, за странски компании, е огромна загуба на високо профилиран и скап стручен кадар за секоја држава, а не само за Македонија, велат македонските пилоти кои летаат за странски компании.
Според неофицијални податоци, во Македонија работат само 13 македонски пилоти во комерцијалната авијација. Во таа бројка се сметаат и пилотите кои летаат за македонската Влада и заедно со нивните колеги од комерцијалната авијација едвај се една третина од вкупниот број македонски пилоти во патничкиот авионски сообраќај.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155330&idg=8&idb=2445&rubrika=Revija
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 01-Sep-2008 at 07:09

ПОЧНА СО РАБОТА ПРВАТА МАКЕДОНСКА КАРГО АВИОКОМПАНИЈА


Александар Велики ќе стане регионален карго центар?


Првата македонска карго авиокомпанија, вчера, и официјално почна со работа откако на скопскиот аеродром слета авионот "боинг 747-200" со кој се превезуваше стока. Иако мешовитата фирмата е формирана уште на 21 април, годинава, таа дури вчера почна со работа. Според претставници на фирмата, почетокот на работата се одложил поради парламентарните избори во земјава.

Фирмата "Star airlines", која ќе го обавува карго авионскиот превоз во земјава е во мешана сопственост, со македонски и со турски капитал. Во македонската сопственост се 51 отсто од компанијата, а остатокот во турска, како што предвидува македонската регулатива. Управител на фирмата е Турчинот Кани Куртулус, заедно со уште еден Турчин и еден претставник од Саудиска Арабија. Во тек е процедурата за регистрација на авионот "боинг 747 -200", а од компанијата се надеваат дека најдоцна за еден месец постапката ќе заврши.
Претседателот на "Star airlines", односно на турскиот капитал во компанијата, истовремено е и управител на турската карго компанија Орекс за вршење превоз на стоки од блискиот и средниот исток за потребите на овој дел од Европа.

Минатата година имаше неуспешен обид за влез на бугарскиот карго превозник Вега, кој покрај скопскиот бараше да превезува стоки и кон охридскиот аеродром.

Аеродромот Александар Велики има големи потенцијали за да стане регионален карго центар што би ги покривал Косово, Црна Гора, Албанија и северна Грција. Во земјава досега не постоеше домашна карго авио компанија. Пред 13 години овој превоз го вршеше словенечката Адрија Ервејз и македонската Авиоимпекс.

 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 204>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.516 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.