build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 219>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 23-Mar-2011 at 15:24
Само исправка Беле аир е албанска не италијанска компанија.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 24-Mar-2011 at 02:56

Proveriv na sajtot da vidam sto kako letaat i ne mozev da dobiam nikakov datum za let. Dali znae nekoj kolku pati vo nedelata letaat do ovie destinacii? Fakticki 3 grada vo Italija i eden grad vo Germanija. Na Wizz Air veke mozes da bukiras let za London i letaat 3 pati nedelno od 20ti Juni za ovie nisto ne se znae koga letaat i kolku se sigurni.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 26-Mar-2011 at 12:40

Долетаа евтини летови, навалете

Летово повеќе авиокомпании од нашите аеродроми ќе носат патници кон нови дестинации

Сања Наумовска



Долгоочекуваните евтини летови, конечно, почнаа да слетуваат и нашите аеродроми. Со нив за дваесетина евра ќе може да се лета до Венеција со нискобуџетната компанија „Виз ер“, двапати неделно од јуни до октомври. Помалку од 100 евра ќе чини и билет за Анкона или за Венеција од скопскиот аеродром „Александар Велики“ со италијанската компанија „Бел ер Јуроп“, која е нова на македонскиот пазар. Со новите летови македонските граѓани, конечно, добиваат можност и избор да купат билет со пристојна цена за да отпатуваат до поголем број европски дестинации. Зголемениот интерес на домашните и на странски компании за превоз на патници, како и влезот на конкуренција од нискобуџетните оператори, најавува пад на изгор цените што досега ги плаќаа нашите граѓани во споредба со оние на европските туристи, но и нашите најблиски соседи, во Солун, Софија, Белград и во Приштина.

Првите патници за Венеција со „Виз ер“ ќе полетаат на 21 јуни, еден ден откако ќе биде реализиран првиот лет на оваа компанија кон Лондон. Македонските туристи ќе можат со оваа компанија да летаат за Венеција секој вторник и сабота, додека за Лондон, три пати неделно, во понеделник, среда и во петок. Според дозволата што ја добила од Агенцијата за цивилно воздухопловство, летовите на „Бел ер Јуроп“, за Анкона и за Венеција ќе стартуваат од 17 април, секој четврток, додека од 16 јуни ќе се лета два пати неделно, во четврток и во недела. Летово поевтино ќе се лета и за Швајцарија, каде што по либерализацијата на чартер-летовите се очекува зголемување на фреквенцијата на летови, поголема конкурентност на превозниците и намалување на цените на авиобилетите и до 70 проценти.

Во најава, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство, се и чартер-летови со евтини авиобилети за Дубровник и за Сплит, за повеќе туристички дестинации во Турција, а руската компанија „Јамал“ се заинтересирала за нова линија Москва - Охрид.

„Компаниите што веќе се присутни на македонскиот пазар аплицирале и за повеќе други нови дестинации за летниот возен ред. Некои се веќе одобрени, додека, пак, за оние што се во најава се очекуваат барањата од компаниите. Агенцијата, во функција на зголемување на фреквенцијата на авиосообраќајот од нашите аеродроми, особено во летниот период, ќе одговара на барањата во рок од 24 часа“, информираат од АЦВ.

„МАТ ервејз“ од 9 април, секоја сабота, почнува да лета за Брисел, а секој петок редовно ќе ги одржува и летовите кон Амстердам. „МАТ ервејз“ ќе лета за Цирих шест пати неделно, додека секој вторник се одржува линијата за Копенхаген. Во петок се лета за Берлин и за Хамбург.

Летниот возен ред одобрен од АЦВ е зголемен за нови 330 авионски лета, информираше неодамна Агенцијата. Речиси секоја европска дестинација до која се лета од нашите аеродроми е покриена два пати неделно. По целосната либерализација на европското небо, која стартуваше во почетокот на годинава, Агенцијата е во преговори и за отворено небо и кон САД, што значи дека американски компании ќе можат слободно да слетуваат и да полетуваат и кај нас. Реконструкцијата на „Александар Велики“ и продолжувањето на пистата, заедно со либерализацијата кон САД ќе ја отвори можноста за интерконтинентални летови, велат од АЦВ.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3E9FE4D44C29234C83307DA679313BD0
Back to Top
Balken Airways View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Balken Airways Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 29-Mar-2011 at 22:41

MAT April Airways will fly to Venice, Brussels and Amsterdam

MAT Airways informed that in April with its own Boeing 737-500 will start to fly to Amsterdam, Venice and Brussels.

Every Tuesday and Friday to fly to Venice, as of April 8, and 9 will run to Brussels.

The company announced every Friday starting April 22 and will fly to Amsterdam.

Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 30-Mar-2011 at 07:04

МАКЕДОНСКО-РУСКА ДЕЛОВНА СРЕДБА


Воведување директен лет меѓу Москва и Скопје


Ова беше посочено на вчерашната шеста средба на Македонско-руската стопанска комора, што се одржа во Скопје, како и потребата од склучување на Договор за слободна трговија, што би била од големо значење за двете земји


Со склучување на договор со Руската Федерација за слободна трговија извозот на Македонија кон Русија ќе се зголеми за 30 до 40 проценти. За таа цел на последната меѓувладина седница меѓу Македонија и Русија е покрената иницијатива за потпишување на ваков договор, како и воведување на директен лет меѓу Москва и Скопје, што би било значајно за подобрување на деловната соработка меѓу двете земји. Ова беше посочено на вчерашната шеста средба на Македонско-руската стопанска комора што се одржа во Скопје.
- Слободната трговија не е единствен проблем помеѓу Македонија и Русија. За склучување договор за слободна трговија со Македонија треба да ги усогласиме сите фактори кои се однесуваат и за стапување во Светската трговска организација и преговори со царинска унија. Пред се треба да размислиме за чартер летови од Москва во Скопје, а по тоа и за олеснување на визниот режим - изјави амбасадорот на Руската Федерација, Олег Николаевич Шчебрак.

Министерот за финансии, Зоран Ставревски, посочи дека македонската страна во размената бележи висок трговски дефицит при што покриеноста на увозот со извозот не надминува пет отсто, што пак се должи на увозот на енергенсите без кој надворешно-трговската размена би била балансирана. Според Ставрески, за да се намали дефицитот потребно е да се искористат компаративните предности на македонските компании во однос на потребите на рускиот пазар.
-За да се потикне соработката треба да се отворат дистрибутивни центри како на територијата на Руската федерација така и кај нас. Русија е пазар од 140 милиони потрошувачи. Големината е импозантна со тоа и можноста за бизнис-зделки. Трговската размена е доминантен облик на економската соработка, а Руската Федерација континуирано е меѓу првите 10 трговски партнери на земјата - изјави министерот Ставрески.

Од 1997 до 2008 година во Македонија се влезени 1,3 милијарди евра инвестиции од Руската Федерација и тоа: 35 милиони долари на Лукоилл, 50 милиони инвестиции од "Солвеј" во рудниците Саса и Бучим, потоа 166 милиони евра инвестиции на "Синтез груп" во изградбата на ТЕ-ТО, како и проектот што за реконструкција и модернизација на трите блока на РЕК битола што го работи "Силви машини".


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FB81B6320BD4A84387236A92B987D26E


Back to Top
Balken Airways View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Balken Airways Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 30-Mar-2011 at 08:38

Wednesday, March 30, 2011

Wizz Air from Venice to Skopje

Wizz Air plans new Skopje flights
Low cost airline, Wizz Air, will commence 2 weekly flights from Venice to Skopje to compliment its new service from London Luton. Wizz Air is set to commence flights to the Macedonian capital on June 20 with the inauguration of the London Luton route, which will initially operate 3 times per week, increasing to 5 from September 15.

The Macedonian Civil Aviation Agency has confirmed that Wizz will fly from Venice to Skopje 2 times per week, starting June 21 as flight W67751 and W67752. However, the airline is yet to officially confirm the new launch. Flights are set to operate every Tuesday and Saturday. The no frills airline will have competition from Belle Air Europe which is set to launch the same service from April 17, also twice per week. Furthermore, Mat Airways has announced that during the summer it will be operating flights from Skopje to Amsterdam, Brussels, Copenhagen, Vienna and Zurich.

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 30-Mar-2011 at 11:08
Originally posted by Balken Airways

<h2 ="statijaNaslov">MAT April Airways will fly to Venice, Brussels and Amsterdam</h2>
   
    <div = 29.03.2011 - 21:12
    
             <div ="voved">

MAT Airways informed that in April with its own Boeing 737-500 will start to fly to Amsterdam, Venice and Brussels.

Every Tuesday and Friday to fly to Venice, as of April 8, and 9 will run to Brussels.


The company announced every Friday starting April 22 and will fly to Amsterdam.


         
     <div =
                    


Де бре сите ли ке летаат за Венеција. Како да сме венецијанци
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 30-Mar-2011 at 19:35
Италија е одлична дестинација, кон која верувај ќе има доста летови и ќе бидат доста исплатливи. Таму се иселениците, кои ги има премногу во Италија, а исто и близината на Словенија и Хрватска е одлична можност и за нивните граѓани да не патуваат по 12+ саати и да се малтретираат по 3 граници. Пример, Љубљана - Скопје ти е 16-20 саати со автобус. Цена е околу 100еур. Ако има лет Венеција - Скопје за 50-70еур, ти се исплати од Љубљана да одиш до Венеција(околу 3-4 саати) и после со авион до СК. Исто и за Загреб, а за од било кој град во Италија да не дискутираме. Така да само нека се оствари најавата и топ ќе биде  
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 01-Apr-2011 at 09:35

„Виз Ер“ ги престави двонеделните летови Скопјe- Венеција

01.04.2011 | Автор: Mк Фондови
„Виз%20Ер“%20ги%20престави%20двонеделните%20летови%20Скопјe-%20Венеција

Нискокобуџетната авионска компанија, „Виз Ер“ (Wizz Air), ги престави двонеделните летови од Скопје- Венеција.


 „Виз Ер“ ќе започне да лета од Скопје на 20 Јуни.

Имено, Македонската Агенција за цивилно воздухопловство потврди дека новите летови на  „Виз Ер“ на релација Скопје – Венеција ќе се обраќаат секој Вторник и Сабота.

Од ова лето, „Мат Ервејс“ ќе започне со своите летови од Скопје – Амстердам, Брисел, Копенхаген, Виена и Цирих.

http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/21918-%E2%80%9E%D0%B2%D0%B8%D0%B7-%D0%B5%D1%80%E2%80%9C-%D0%B3%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98e--%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 01-Apr-2011 at 17:02

Се зголемува бројот на летови од „Александар Велики“

петок, 01 април 2011, 17:32

Актуелната криза на северот на Африка ги пренасочи атрактивните авиопревозници кон Европа. Тунис и Египет летово се на листата непопуларни дестинации. Најатрактивни за македонците во претстојната сезона ќе бидат Шпанија, Италија, Турција и Израел за кои во летниот ред на летање се предвидени поголем број чартер линии. За дел од авиокомпаниите ваквата ситуација ќе значи загуба, за некои ќар. Надлежните се уште анализираат. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсовски за Алфа изјави дека состојбите будно се следат. Според него, годинава авиособраќајот во споредба со лани ќе биде поголем, а сезонските чартер летови главно ќе бидат кон европските дестинации.

Сезонава се зголемува бројот на летови и кај редовниот превоз. Во просек неделните фрекфенции од 20 април, кога официјално стартува летниот ред на летање, се зголемуваат за 20%, односно на вкупно 369 на месечно ниво. Се воведуваат и нови осум дестинации за редовен превоз. Амстердам, Копенхаген, Венеција, Анкона, Лондон, Берлин, Хамбург и Брисел според Мојсовски се новите дестинации кон кои неделно ќе се лета повеќе од три пати.

Најголем интерес за претстојната летна сезона има за Швајцарија со Цирих како најпопуларна дестинација. Освен нискобуџетниот „Визер“, во Македонија влегуваат и авиокомпаниите „Белер Јуроп“, германската „ХЛ ервејс“ и „Хело ЛТД“, што според надлежните ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе влијае на намалување на цените.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=35523
Back to Top
Skopje View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Skopje Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 03-Apr-2011 at 14:20

Национална програма за квалитетен авиосообраќај

За секое доцнење на авион, на авиокомпанијата и се заканува одземање на дозвола за летање. 

Агенцијата за цивилно воздухопловство реши да стави ред во авио сообраќајот. Тоа ќе значи дека македонија конечно ќе може да се пофали со нормален авиосообраќај и без сомнеж дали авионот денеска ќе полета или не.

Ова е само дел од новата национална програма која од идната недела, агенцијата ќе ја презентира пред владините членови.

Со неа се предвидува  аеродромот, контролата на летање и авиокомпаниите да состават тело кое ќе биде задолжено за безбедноста во авиосообраќајот.

Покрај редовноста, доцнењето и работните часови овој менаџмент ќе треба да ги мери и контролира инцидентите и отказ на мотори.

Овие резултати ќе треба да бидат доставени  до агенцијата, која според извештајот ќе одлучи какви ќе бидат санкциите за авиокомпаниите.

АЦВ реши да делува на два начина- првиот со опомена и рок за решавање на проблемот а вториот трајно одземање на дозволата за летање.

Оваа одлука за поголема безбедност агенцијата ја донесе токму пред летните одморите се со цел да не се повторат минатогодишните инциденти на аеродромите за извисени патници.

Во меѓувреме беа објавени и новите атрактивни линии каде ќе оперираат летово компаниите.

Македонија досега имаше најскапи билети за летање.. Од ова сезона цените се драстично пониски.

Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 03-Apr-2011 at 17:00
Не ми е јасно зошто немаме директна линија кон Франкфурт кој е најпрометниот авердорм во контентална Европа и кон кој постои можност за поврзување кон многу други дестинации.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 03-Apr-2011 at 23:38
Originally posted by Tuvok

Не ми е јасно зошто немаме директна линија кон Франкфурт кој е најпрометниот авердорм во контентална Европа и кон кој постои можност за поврзување кон многу други дестинации.


Затоа што најпрометните аеродроми се и најскапи и неисплатливи за лоу-кост.

Што мислиш зошто Визер лета за Лутон, а не за Хитроу?
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 03-Apr-2011 at 23:41
Фалат летови и во исто време со отворањето на новиот терминал линии кон Париз, Лондон, Амстердам и евентуално Франкфурт и Москва.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 03-Apr-2011 at 23:49
Originally posted by Supervisor

Фалат летови и во исто време со отворањето на новиот терминал линии кон Париз, Лондон, Амстердам и евентуално Франкфурт и Москва.


Не си во тек. За Лондон има линија од јуни, за Амстердам исто има Мат ќе ја лета, и за Москва се преговара со русите.

Франкфурт и Париз ти останаа.
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 03-Apr-2011 at 23:55
Originally posted by Tuvok

Не ми е јасно зошто немаме директна линија кон Франкфурт кој е најпрометниот авердорм во контентална Европа и кон кој постои можност за поврзување кон многу други дестинации.

Ne mislis deka prasanjevo ti e cudno?Za kade imame nie diektni linii?
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 04-Apr-2011 at 00:15
Originally posted by krale

Originally posted by Supervisor

Фалат летови и во исто време со отворањето на новиот терминал линии кон Париз, Лондон, Амстердам и евентуално Франкфурт и Москва.


Не си во тек. За Лондон има линија од јуни, за Амстердам исто има Мат ќе ја лета, и за Москва се преговара со русите.

Франкфурт и Париз ти останаа.


Во тек сум и тоа како јасно е за WizzAir и за Мат ама мислам на РЕДОВНИ и стабилни линии и авиокомпании. WizzAir е одличен напредок ама сепак е нискобуџетна компанија и не може да се мери со редовните линии и компании.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 04-Apr-2011 at 00:36
WizzAir e подобра од 90% од редовните компании, од типот на МАТ, Croatian, Montenegrian, Adria, JAT итн. Нивните линии се и те како редовни.
Back to Top
Balken Airways View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Balken Airways Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 04-Apr-2011 at 09:21

Monday, April 4, 2011

Wizz considers Skopje base

Wizz Air stretches its wings over EX-YU

According to sources close to Skopje Alexander the Great Airport, Eastern Europe’s largest low cost airline, Wizz Air, is considering setting up a base in Macedonia’s capital. Wizz, which will commence flights from London Luton and Venice to Skopje this summer, is being lured by TAV Holdings, the airport’s owner, which is offering concessions to the no frills airline. TAV believes that the only way Skopje can expand is by having a scheduled airline based at the airport. The Turkish airport operator hoped, at one point, that Turkish Airlines would set up a national carrier in Macedonia. Wizz Air’s bookings for the new Luton – Skopje service are going well, which led the airline to increase its initial frequencies.

Wizz Air is already studying the prospect of opening services from Charleroi in Belgium to Skopje. Furthermore, in 2011, Macedonia will fully implement the European Free Sky agreement, which would allow Wizz Air to set up a base in Macedonia with ease. The airline will most likely open its base in Skopje sometime in 2012. Wizz Air opened its 13th base in Europe last week in Belgrade, with bases set to open in Lithuania’s Vilnius and Romania’s Targu Mures later in the year.

Skopje Airport’s brand new multi million Euro terminal is set to open in October 2011. Together with a brand new building, the airport’s runway has also been lengthened.


http://exyuaviation.blogspot.com/

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 04-Apr-2011 at 09:33
Е ова е веќе ВЕСТ... да видиме кои се реалните можности за реализација
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 219>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.516 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.