build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 217218219
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #4361 Posted: 18-Sep-2020 at 10:15
Не Денко, ај да летаме сите и да се испоразболиме. Може?
ಠ_ಠ
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1781
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #4362 Posted: 18-Sep-2020 at 15:02
Originally posted by Macedonicus

Не Денко, ај да летаме сите и да се испоразболиме. Може?
Ti zatvori se u podrum i cekaj da te informiraat posle 5 godini deka napravile vakcina. Avioni letaat i luge patuvaat, a virusot slabee. Vidi kakov e procentot na umreni pa posle krevaj panika. Uste poveke sto site tie ne se umreni od korona. Ne velam deka nema pandemija no ne smee da se preteruva oti lugeto ke dobijat drugi bolesti. Se gleda veke deka se menuva svetot a tie promeni ke ostanat i posle pandemijata.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4363 Posted: 18-Sep-2020 at 19:10
Како заклучи дека вирусот слабее?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1781
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #4364 Posted: 18-Sep-2020 at 20:44
Originally posted by Staro Skopje

Како заклучи дека вирусот слабее?
Po brojot na inficirani i umreni.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4365 Posted: 20-Sep-2020 at 02:10
Здравство

Можеби, ако сите други параметри беа идентични. Ама не се.

Процентот на починати од регистрираните случаи кај нас и ширум светот се намалува, пред сѐ, поради подобрените капацитети за тестирање, со што регистрираме многу поголем % од реалните случаи споредено со пролетта. Ако порано се откриваа, карикирам, 150 од 650 инфицирани и 5 од 7 починати (CFR 3.3%), сега се откриваат 300 инфицирани и 6 починати (CFR 2%). IFR-то — вистинската смртност — си останала 1.1%. Кај нас ова е помалку изразено поради послабиот бран во март/април; во западна Европа, североисточен САД и други области кои беа погодени пролетва разликата е поголема. Влијанието врз реалната смртност не е многу големо, но повеќе тестирања значат и порано откривање на вирусот, а со тоа и порано почнување со терапија. Исто така, колку повеќе инфицирани лица бидат пронајдени, толку повеќе ќе бидат изолирани и толку помалку и пократко ќе го шират вирусот.

Други причини за помалиот CFR, а кои водат и кон помал IFR се поголемото внимание од луѓето кои би можеле да бидат во ризик при заболување и подобреното лекување на болните од COVID-19. Во март болеста беше нова и малку се знаеше за влијанието на лековите и апаратите, сега медицинските лица знаат повеќе.

Дали вирусот слабее се открива во лабораторија по сериозно истражување, не со просто делење на починати со инфицирани па множење со 100 на калкулатор.

Додека ризикот од него не биде сериозно смален, светот ќе функционира со рестриктивни мерки. Ако сите ги почитуваат меките мерки, а системот на тестирање, трагање и изолирање работи како што треба, нема да има потреба од застанување на светот, финансиски колапс, полициски часови и затворени граници.

Тоа ќе продолжи и по пронаоѓање на вакцина - истата нема да може да се произведе и дистрибуира, а потоа даде на милијарди луѓе веднаш. Уште не знаеме и колкава ефикасност ќе има, дали ќе треба ревакцинација, и дали таа ќе штити од болеста или и од заразување други лица. Останува да се надеваме дека догодина ќе се вратиме во старата нормалност. И мене ми здосади иако не сум екстровертен, а продуктивноста ми падна на 0. Човекот е социјално и мобилно суштество, и токму затоа треба да се почитуваат меките мерки; алтернативата се строги, а тие носат сериозни здравствени, психолошки, социјални и економски проблеми.

Edited by Staro Skopje - 20-Sep-2020 at 02:11
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1781
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #4366 Posted: 20-Sep-2020 at 02:56

Ne sakam sega da postiram struсni analizi koi otkrivaat zosto e namalena smrtnosta, no fakt e deka opasnosta od virusot slabee sto kazuvaat i samite brojki. Kako i da e, ne moze svetot da zastane a veke se pooсigledno e deka se preteruva so merkite i virusot se iskoristuva za nekoi trajni promeni vo opstestveniot zivot. Ne zaboravajte deka sekoj virus e opasen i sekoja zima faka emidemija od sezonski grip od koj umiraat hroniсno bolnite odnosno onie so slab imunitet. I dodeka svetot kolku tolku funkсionira i se dvizi Makedonija e zatvorena od site strani... Eve npr. vo Germanija skolite rabotat poveke od 1 meseс so polna parea i nisto strasno se nema sluсeno. Dodatno na toa Germanсite kako i sekoja godina otidoa na odmor vo stranstvo i dosega trebase da krakira zdravstveniot sistem od novoinfiсirani paсienti.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4367 Posted: 22-Sep-2020 at 06:50
„ВИЗЕР“ ГИ УКИНУВА ЛЕТОВИТЕ ОД ОХРИД ДО МИЛАНО И МЕМИНГЕН ДО СЛЕДНИОТ МАРТ, ОСТАНУВА САМО ЛЕТОТ ЗА ВИЕНА

„Визер“ привремено ќе ги укине летовите од Охрид до Меминген и Милано, што ќе биде на сила до крајот на март, објави специјализираниот сајт „ЕксЈуавиејшн“. Авиокомпанијата претходно ги суспендираше своите услуги од Базел, Дортмунд, Малме и Лондон (Лутон) до стартот на зимската сезона на 25 октомври.

Единствената линија до Охрид што постојано се одржува е онаа до Виена, иако и таа е намалена на еден лет неделно до крајот на октомври.

„Визер“ претходно објави дека ќе ги намали и своите услуги во Скопје преку зимата, па до крајот на март 2021 нема да ги има летовите до Барселона, Бремен, Хановер, Ларнака, Сандефјорд (Норвешка) и до два аеродрома во Шведска, Скавста во близина на Стокхолм и Вешо, а претходно беше укината и линијата до Салцбург.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vizer-gi-ukinuva-letovite-od-ohrid-do-milano-i-memingen-do-sledniot-mart-ostanuva-samo-letot-za-viena/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4368 Posted: 29-Sep-2020 at 06:49
„Катар ервејс“ ќе продолжи да лета од Доха кон Скопје од март 2021 година

Наместо со почетокот на зимската сезона на летање кон крајот на октомври годинава, авиокомпанијата „Катар ервејс“ ќе продолжи да ги одржува летовите од Скопје за Доха од крајот на март 2021 година. На веб-страницата на „Катар ервејс“ можат да се набават летови за зимскиот период меѓу Скопје и Доха, но само со трансфер преку аеродромите во Истанбул, Загреб или Виена.

„Катар ервејс“ ги прекина своите летови од Доха кон Меѓународниот аеродром Скопје со почетокот на корона кризата во март годинава. Македонската влада ги отвори двата аеродрома на 1 јули, но побарувачката за летање на странските граѓани кон земјава и на нашите сограѓани кон странство е драстично опадната. Поради ова, „Катар ервејс“ се одлучи зимава да ги укине летовите и кон Сараево, додека кон останатите дестинации на Балканот е намалена фреквенцијата на летови на неделно ниво.

„Катар ервејс“ е една од авиокомпаниите кои по затворањето на македонските аеродроми во март годинава привремено ги укина летовите кон Скопје и Охрид. Во моментов, од Меѓународниот аеродром Скопје не сообраќаат ниту летовите на „ФлајДубаи“, „Ејџијан ерлајнс“ и „ЛОТ“, а дополнителни кратења на дестинациите до кои ќе се лета и на фреквенциите на летање од двата аеродрома најавија и од „Еделвајс“ и „Визер“ за претстојната зимска сезона на летање.

https://meta.mk/katar-ervejs-ke-prodolzhi-da-leta-od-doha-kon-skopje-od-mart-2021-godina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4369 Posted: 12-Oct-2020 at 13:04
Визер суспендира летови, најголем број откажувања од Скопје и Охрид

Визер“ е во процес на суспензија до 50 линии на просторот на земјите од поранешна Југославија, а секој град што го опслужува оваа компанија ќе биде засегнат.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, најголем број откажувања ќе има Скопје, главниот град на Северна Македонија, а потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, најголем број откажувања ќе има Скопје, главниот град на Северна Македонија, а потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Превозникот планира да обнови некои линии во ноември и декември, но мала е можност за тоа. Повеќето летови нема да бидат обновени до летната сезона следната година, која започнува кон крајот на март.

„Визер“ е во процес на обновување на некои линии кои беа привремено откажани за време на летниот период, вклучително и на Скопје-Турку и Белград-Ларнака, додека летовите на линиите Скопје-Нирнберг, Скопје-Копенхаген, Скопје-Баден Баден, Скопје-Рим, Скопје Милано, Скопје-Малта и други повторно ќе бидат воспоставени за еден до два месеци.

И покрај намалувањето на сообраќајот во поранешна Југославија, „Визер“ се шири на друго место – во Западна Европа, а неодамна најави нови линии во Норвешка.

Компанијата се соочува со пад од 60 проценти на бројот на патници во септември, месец за кој се надеваа дека ќе претставува почеток на закрепнувањето.

Според авиокомпанијата, нејзиниот капацитет останал за 40% помал во споредба со истиот месец лани. Овој октомври авиокомпанијата лета само со 50 проценти од своите капацитети. Визер не предвидува работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата. Сепак, постојните операции се значително поголеми од активностите на повеќето други европски авиокомпании, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

List of suspended Wizz Air routes

Route              Resumption date

Skopje – Salzburg      MAR 29

Skopje – Charleroi     DEC 5

Skopje – Larnaca       MAR 28

Skopje – Copenhagen     NOV 1

Skopje – Beauvais     DEC 5

Skopje – Bremen      MAR 28

Skopje – Hanover    MAR 29

Skopje – Baden Baden    DEC 5

Skopje – Nuremberg    OCT 25

Skopje – Budapest     DEC 4

Skopje – Milan    DEC 5

Skopje – Rome    DEC 6

Skopje – Venice    DEC 6

Skopje – Malta     DEC 5

Skopje – Sandefjord     MAR 29

Skopje – Bratislava    DEC 4

Skopje – Barcelona    MAR 28

Skopje – Stockholm Skavsta    MAR 28

Skopje – Vaxjo    MAR 28

Ohrid – Vienna     DEC 5

Ohrid – Basel     NOV 10

Ohrid – Dortmund    DEC 5

Ohrid – Memmingen    MAR 29

Ohrid – Milan     MAR 28

Ohrid – Malmo    DEC 4

Ohrid – London Luton    DEC 7

https://tv21.tv/mk/vizer-suspendira-letovi-najgolem-broj-otkazhuvana-od-skopje-i-ohrid/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4370 Posted: 13-Oct-2020 at 10:29
Владата ќе продолжи да го субвенционира „Визер“ по реактивирање на авио линиите

Владата на РСМ ќе продолжи со исплата на средствата за финансиска поддршка на „Визер“ за воведувањето нови летови од двата македонски аеродрома откако нискобуџетната авиокомпанија ќе ги реактивира авио линиите согласно уредбите и условите предвидени во Договорот склучен за периодот од 2019 до 2022 година, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски.

„Сакаме да потенцираме дека Министерството за транспорт и врски и авиокомпанијата „Визер“ доследно го почитуваат Договорот за финансиска поддршка, а воспоставувањето на редовните линии, како и воведување на нови линии зависи од бизнис политиките на авиокомпанијата“, велат од ова министерство.

Инаку, склучениот Договор сè уште е активен, но Владата пролетва го стави во мирување поради пандемијата на ковид-19, неработењето на македонските аеродроми и големиот број на откажани летови. Специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“ вчера објави дека „Визер“ е во процес на суспензија на 50 летови од земјите на поранешна Југославија, од кои најголем дел се од скопскиот аеродром.

За крајот на март 2021 година е одложено повторното воведување на авио линиите од Скопје за Салцбург, Ларнака, Бремен, Хановер, Сандерфјорд, Барселона, Столкхолм и Ваксјо. За почетокот на декември годинава е планирано повторно да се воведат летовите за Брисел, Париз, Баден Баден, Будимпешта, Милано, Венеција, Рим, Малта и Братислава. Воедно, „Визер“ е во процес на повторно воспоставување на летовите Скопје-Турку, Скопје-Нирнберг и Скопје-Копенхаген.

„Визер“ од Охрид за Базел би летал повторно од 10 ноември, додека за Виена, Дортмунд, Малме и Лондон би ги обновил летовите од почетокот на декември. Сепак, поради брзите промени со пандемијата со корона вирусот во Македонија, но и во другите земји, ваквиот распоред на летање може да биде предмет на промени. Авиокомпаниите секаде во светот претрпеа огромни финансиски загуби како последица на ковид-19 пандемијата, меѓусебната некоординираност на ограничувањата за патување на земјите и намалувањето на побарувачката за патувања со авион.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-август 2020 година од двата македонски аеродрома биле превезени 572.399 патници, односно авиосообраќајот во земјава како последица на корона вирусот годинава изгубил над 1,2 милиони патници во споредба со идентичниот период од осум месеци во 2019 година.

Во согласност со склучениот Договор со „Визер“ на почетокот од 2019 година, од македонскиот буџет за субвенционирање на унгарската нискобуџетна авиокомпанија за период од четири години е предвидено да се одвојат 5 милиони евра, што пак треба да доведе до поголема поврзаност на двата аеродрома од земјава со странски дестинации.

https://meta.mk/vladata-kje-prodolzhi-da-go-subvenczionira-vizer-po-reaktiviranje-na-avio-liniite
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4371 Posted: 19-Oct-2020 at 06:55
СКОПЈЕ И КИЕВ ВО ДЕКЕМВРИ ЗА ПРВПАТ ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ДИРЕКТЕН АВИОНСКИ ЛЕТ

Украинската авиокомпанија „Виндроуз“ ќе воведе директни авионски линии од Киев до Скопје и Белград, откако претходно ги откажа плановите за поврзување со Љубљана поради коронамерките што моментално се на сила во Словенија.

Летовите кон Скопје ќе почнат на 6 декември и ќе бидат на распоредот двапати неделно, во четврток и недела.

„Виндроуз“ ќе овозможи Скопје и Киев за првпат да се поврзат со директна авионска линија. Летовите кон Белград и Скопје ќе се одвиваат со авиони од типот „АТР72-600“ и „ембраер Е145“, кои можат да примат 78, односно 49 патници. Компанијата веќе ги пушти во продажба картите за летот до Скопје.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/skopje-i-kiev-za-prvpat-ke-se-povrzat-so-direkten-avionski-let/
Back to Top
berc View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote berc Quote  Post ReplyReply #4372 Posted: 23-Oct-2020 at 14:08
Убави вести, ама лош им е ПР-от. Официјалното соопштение од компанијата во целост:

SKOPJE - NORTHERN MACEDONIA - BE THE FIRST
20 October 2020
The enthusiastic feedback from our friends made us look at this country. The tidy, newly built center of Skopje in contrast with the Old Town in the form of an entire market where there are even caravanserais from the Ottoman Empire.

The majestic Instagram Aqueduct is outside the city, on the way to Pristina and certainly very popular in winter ski and balneological resorts are Popova-Sapka, Mavrovo, Debarski-Banji and others.

A mixture of Balkan, Turkish and European is the national cuisine of Macedonia. First of all, meat, fish, vegetables. The Pljeskavica and Kebabs here are different than in Montenegro and Turkey, but no less delicious. You should definitely try the Mavrovska or the river pastrimka (trout). Gastronomic finds include milk jelly (something like kefir or yogurt with plain medium), aivar (a thick paste of Bulgarian pepper with eggplants, something like lecho) and burek (puff pastry with cheese or meat).

На страна што не ми се допаѓа придавката во името, како тоа ајвар е "thick paste of Bulgarian pepper"... Кај ги најдоа баш бугарски да се пиперките...

извор: https://windrose.aero/en/news/2020/10/20/SKOPJE-NORTHERN-MACEDONIA-BE-THE-FIRST/

Edited by berc - 23-Oct-2020 at 14:17
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #4373 Posted: 23-Oct-2020 at 23:25
Originally posted by berc

Убави вести, ама лош им е ПР-от. Официјалното соопштение од компанијата во целост:

SKOPJE - NORTHERN MACEDONIA - BE THE FIRST
20 October 2020
The enthusiastic feedback from our friends made us look at this country. The tidy, newly built center of Skopje in contrast with the Old Town in the form of an entire market where there are even caravanserais from the Ottoman Empire.

The majestic Instagram Aqueduct is outside the city, on the way to Pristina and certainly very popular in winter ski and balneological resorts are Popova-Sapka, Mavrovo, Debarski-Banji and others.

A mixture of Balkan, Turkish and European is the national cuisine of Macedonia. First of all, meat, fish, vegetables. The Pljeskavica and Kebabs here are different than in Montenegro and Turkey, but no less delicious. You should definitely try the Mavrovska or the river pastrimka (trout). Gastronomic finds include milk jelly (something like kefir or yogurt with plain medium), aivar (a thick paste of Bulgarian pepper with eggplants, something like lecho) and burek (puff pastry with cheese or meat).

На страна што не ми се допаѓа придавката во името, како тоа ајвар е "thick paste of Bulgarian pepper"... Кај ги најдоа баш бугарски да се пиперките...

извор: https://windrose.aero/en/news/2020/10/20/SKOPJE-NORTHERN-MACEDONIA-BE-THE-FIRST/

Ич да не доаѓаат ако дошле да бараат бугарски пиперки, бог да чува овие лудаци од исток до кај стигнаа ццц...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4758
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4374 Posted: 24-Oct-2020 at 07:47
Од целиот текст до бугарските пиперки ви е дојдено?

Па во цел текст пишува дека нашата култура и традиција се всушност османски и скоро ништо друго. Главен selling point им е дека сме „мини Турција“. Ко небаре текстов е за Сараево, а не за Скопје.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4375 Posted: 24-Oct-2020 at 13:55
Така ги нарекуваат црвените пиперки, и на руски е исто - перец болгарский, така што не припаѓајте во несвест за такви баналности.

Изначально перец произрастал в Центральной Америке, откуда был привезен в XVI веке в Испанию. Далее распространился по всей Европе и Малой Азии. В Россию он попал вместе с болгарскими переселенцами (благодаря которым и получил свое название) в XIX веке и стал очень популярен, особенно в южнорусской кухне. В настоящее время все сладкие перцы желтого, оранжевого и красного цвета относят к болгарскому перцу.


https://www.tveda.ru/encyclopedia/ovoschi-i-korneplody/perec-bolgarskiy/

Превод: Првично пиперките растеле во Централна Америка, од каде биле пренесени во Шпанија во 16 век. Понатаму се распространиле во Европа и во Мала Азија. Во Русија дошле заедно со бугарските доселеници (така и го добиле својот назив) во 19 век и станале мошне популарни, посебно во јужноруската кујна. Денес сите слатки пиперки со жолта, портокалова и црвена боја се нарекуваат бугарска пиперка.





Edited by Џоле - 24-Oct-2020 at 13:56
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4376 Posted: 24-Oct-2020 at 19:47
Специјалитет кој го припремале подунавските кафанџии во замена за познатата икра од некоја си дунавска риба, која ја немало незнам колку години. Потеклото му е најверојатно турско, името со потекло персиско, а пиперките денес надалеку се познати како "флорина пеперс". Ај доста со тие глупости дека ајварот е македонски, нема ништо со македонско. Станат е традиција тука последниве не повеќе од 70 години со појавата на вакуум теглите (ианку претходно немало како да се чува повеќе месеци), во немоќ на комунистичката власт да обезбеди покалорична храна за рајата. Доста веќе, move forward, grow up!

Btw, како се познава малотелен народ по своето групно понашање?! Пушти му мушичка во сред кадар и сите ќе ја видат мушичката ама главното дејство, приказната од филмот ќе ја испуштат. Така и сега, веста не ја чита никој, ама пиперчето на јадицата сите го загризаа.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 217218219

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.746 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.