build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 223224225226227 231>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4481 Posted: 10-Sep-2021 at 17:31
Изи џет“ одбил понуда за преземање од „Визер“

Британската нискобуџетна авиокомпанија „Изи џет“ („EasyJet“) објави дека ја одбила понудата за преземање и дека средствата во износ од 1,7 милијарди долари, кои и се потребни за да ја зајакне својата позиција на европскиот воздухопловен пазар, ќе се соберат со продажба на акции со првенствено право на купување.

Компанијата не објави кога добила понуда за преземање, но соопшти дека понудената цена за преземање на сите акции во основа ја потценила нејзината вредност, и дека потенцијалниот купувач тогаш рекол дека повеќе не е заинтересиран за зделката.

Ројтерс наведува дека дознал од добро информирани извори дека понудата ја поднела унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“, која одбила да коментира, пренесува Банкар.ме.

Извршниот директор на британскиот авиопревозник, Јохан Лундгрен, им рече на новинарите дека понудата е многу условена по својата природа, што ја прави многу неизвесна во однос на изводливоста.

Авиокомпанијата, исто така, објави издавање акции со цел да се зајакне билансот на состојба доколку продолжи негативното влијание на „Ковид 19“ врз бизнисот, а средствата ќе бидат искористени за подобрување на конкурентноста при очекуваното закрепнување на европскиот воздушен сообраќај во наредните години, на пример, со проширување на присуство на клучните аеродроми со купување повеќе слотови.

https://nezavisen.mk/izi-dzhet-ja-odbil-ponudata-za-prezemanje-na-vizer/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4482 Posted: 10-Sep-2021 at 17:32
Originally posted by gorazd



Originally posted by гитардемон

зошто побогу Хрват би одел во Охрид на толкаво море?
kakvo e bre ova glupavo prasanje i nacin na razmisluvanje ... pred se e samoponizuvacki i u princip ne zasluzuva nikakov komentar.
znaci Hrvatot ako imal more ne smee da izleze od doma (svojata drzava) i da go zapoznava svetot i da vidi nesto drugo. Wallbash  
Idi vidi na stranata na zavod za statistika kolku Hrvati imalo vo Ohridskiot region vo 2019... i dali nemalo musterii ffs



„Самопонижувачки“... Економските фактори не познаваат „самопонижување“.

Ако некоја од двете влади одлучи да додели субвенција тогаш може ќе има заинтересирани, а бидејќи Хрватска сигурно нема да субвенционира линија кон Охрид, може да ја исклучиме OU како опција. Можеби би се пријавила W6, но едвај се полни Dash8 на таа линија, а не пак цела 320-ка. Не е Варади будала.

Да не се правиме слепи, факт е дека над 90% од линиите од државава се гастарбајтерски, со мали исклучоци како Барселона, Варшава, Киев и на пример Истанбул. Остатокот е само замена за автобуски линии за работници во западна Европа (и Дубаи). Скопје-Сплит не успеа, линија до Охрид ќе успеела. Не сум од вчера во авијација.

Edited by гитардемон - 10-Sep-2021 at 17:33
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4483 Posted: 10-Sep-2021 at 17:38
Охрид-Загреб, како дестинација за понатаму кон други европски дестинации. Излез за поширокиот Охридски регион и околината кон светот, влез за туристи од Европа према Охрид. Линијата нема ништо заедничко ни со туризмот во Хрватска, ни со Хрватите каде патуваат како дестинации.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #4484 Posted: 11-Sep-2021 at 10:36
devet iljadi hrvatski turisti vo Ohrid (vo 2019, isto taka 2018) se poveke od solidna baza da se  razmiluva za direktno sezonsko povrzuvanje na Ohrid so Zagreb a OU so nivnite DASh8 bi imale i optimalen avion za ovaa kratka ruta (2 weekly so 100% popolnetost vo edna nasoka se "samo" 600 patnici mesecno).

ne gledam pricina Skopje-Split kako sezonski polu charter vo sorabotka so makedonski tur operatori da ne funkcionira (okolu 25 iljadi makedonski gragjani letuvaat godisno na Jadranot spored dzs.hr bez nikakvi dobri avio/avtobuski vrski so toj del na Hrvatska). I onaka veke okolu 3000 patnici godisno letaat megju Skopje i Split so transfer vo Zagreb. Astronomski ceni i nikakva promocija kako vo 2015 ne bi pomognale ni sega ...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4485 Posted: 11-Sep-2021 at 11:58
„Би можело“ е клучот. Дали ќе има заинтересирани ќе видиме. Од тие 9.000 туристи колку дошле тука со автомобил, и дали истите би избрале да дојдат со авион (па да изнајмуваат автомобил)? Колку од нив биле тука во летниот период, колку во зимскиот (важно ако линијата е сезонска)? Колку од нив биле од catchment area на Загреб? Тешко дека некој од Сплит, Осијек или Пула ќе фати трансфер во Загреб за лет до Охрид.

Како и да е, не сум во финансии во авијација, но сум забележал доста варијабли кои на крајот пресудуваат дали линијата ќе биде успешна или не.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #4486 Posted: 12-Sep-2021 at 19:19
Иако Хрватска и Македонија се близу, сепак лошите патни врски се причина за голем дел да заминат семејно на некое друго одредиште, така што овие бројки сигурно само би се зголемиле.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4487 Posted: 20-Sep-2021 at 12:22
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #4488 Posted: 20-Sep-2021 at 13:17
Originally posted by pbanks

Mineralnye Vodi - Skopje, Nordwind?





Cudna ama interesna ruta. Mislam deka SKP e edinstven exyu aerodrom sto ke bide povrzen so ovoj grad.

Se nadevam deka Nordwind ke puste i nekoja linija do Ohrid.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4489 Posted: 20-Sep-2021 at 14:02
Мислам дека тоа се должи на фактот што летовите кон Москва (не знам дали сите аеродроми) и Санкт-Петербург постои монопол. Аерофлот е газда, а секоја друга компанија мора да добие одобрение од централната власт - што обично не се случува.

EDIT: Еве и во веста се споменува

The carrier, which already serves Belgrade, Zagreb, Skopje and several coastal cities in Croatia, has requested and received approval from Russia’s federal aviation authority Rosaviatsia to launch the new routes, which is a prerequisite for airlines under Russian regulations.

Edited by гитардемон - 20-Sep-2021 at 14:03
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #4490 Posted: 20-Sep-2021 at 19:21
Rosaviatsia e ruskata CAA (kava sto imame i nie) i e normalna procedura da se bara dozvola od istata. Ne se raboti za nikakov monopol ... na Sheremetyevo poveke ruski aviokompanii imaat bazi (incl. Nordwind) za drugite moskovski aerodromi i da ne zborime a vo St.P od neodamna sekoja EU aviokompanija moze da leta do bilo koja EU drzava (Wizz pocna so toa)

Originally posted by Phalanx


Se nadevam deka Nordwind ke puste i nekoja linija do Ohrid.


http://novatv.mk/se-pregovara-za-charter-letovi-moskva-ohrid-vo-2022-godina/



Edited by gorazd - 20-Sep-2021 at 19:27
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #4491 Posted: 21-Sep-2021 at 09:35
Originally posted by gorazd


Originally posted by Phalanx

Se nadevam deka Nordwind ke puste i nekoja linija do Ohrid.
http://novatv.mk/se-pregovara-za-charter-letovi-moskva-ohrid-vo-2022-godina/



Fingers crossed...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4492 Posted: 21-Sep-2021 at 11:55
Originally posted by gorazd


Rosaviatsia e ruskata CAA (kava sto imame i nie) i e normalna procedura da se bara dozvola od istata. Ne se raboti za nikakov monopol ... na Sheremetyevo poveke ruski aviokompanii imaat bazi (incl. Nordwind) za drugite moskovski aerodromi i da ne zborime a vo St.P od neodamna sekoja EU aviokompanija moze da leta do bilo koja EU drzava (Wizz pocna so toa)
Originally posted by Phalanx

Se nadevam deka Nordwind ke puste i nekoja linija do Ohrid.
http://novatv.mk/se-pregovara-za-charter-letovi-moskva-ohrid-vo-2022-godina/



Муабетот беше дека руската агенција за цивилна воздушна пловидба не им одобрува тукутака на руските авиокомпании да обавуваат меѓународни летови од Москва и Санкт Петербург, само не знам на кои московски аеродроми точно се однесува тој shadow ban. Не е дека не ги пуштаат никаде, ама на профитабилни рути не им дозволуваат да се натпреваруваат со Аерофлот (кој е државна компанија и си ја штитат).

Edited by гитардемон - 21-Sep-2021 at 12:36
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #4493 Posted: 21-Sep-2021 at 13:00
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4494 Posted: 14-Oct-2021 at 15:55
„АЛИТАЛИЈА“ ЗГАСНУВА ПО 74 ГОДИНИ, ПОСЛЕДНИОТ АВИОН СЛЕТУВА ВЕЧЕРВА ВО РИМ

Важно поглавје од историјата на италијанската авијација ќе се затвори вечерва кога во Рим ќе слета последниот авион на авиопревозникот „Алиталија“, кој долго време е оптоварен со финансиски проблеми.

„Авионот од Сардинија ќе слета на аеродромот ‘Фјумичино‘ во 23:10 часот“, изјави портпаролот на компанијата.

Таа потоа ќе престане да постои по цели 74 години. Компанијата беше основана во 1947 година и во наредните децении беше бренд со кој се поистоветуваше поствоениот економски подем на Италија.

Новата државна авиокомпанија „Италија транспорто аерео“ (ИТА) почна да работи денеска. Таа се смета за наследник на „Алиталија“, иако и италијанската влада и Европската комисија сакаат да ја оттргнат од нејзиното проблематично финансиско минато.

„Алиталија“ немаше остварено годишен профит од 2002 и иако беше приватизирана во 2008, продолжи да прима голема државна помош. Во 2017 прогласи банкрот.

ИТА, во која владата вложи 1,35 милијарди евра, ќе оперира со 52 авиони и во прв момент ќе лета кон 45 дестинации.

https://sdk.mk/index.php/svet/alitalija-zgasnuva-po-74-godini-posledniot-avion-sletuva-vecherva-vo-rim/
За сè има вторпат
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #4495 Posted: 21-Oct-2021 at 13:55
Najava za sezonski letovi Moskva - Ohrid

https://www.exyuaviation.com/2021/10/nordwind-plans-ohrid-charters.html?m=1

Nordwind Airlines will introduce regular summer charters between Moscow and Ohrid in 2022, complementing its scheduled operations from Moscow and St Petersburg to Skopje. The flights are planned to operate twice per week. According to the Macedonian Agency for the Promotion and Support of Tourism, Russian tour groups to the country are generally focused on cultural and religious tourism, but lately there has been rising interest in specialised short vacations lasting up to four days.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4496 Posted: 21-Oct-2021 at 17:20
Глеам никој не постирал, Windrose прекина да лета Скопје-Киев
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4497 Posted: 24-Oct-2021 at 19:56
До крајот на годинава четири нови авионски дестинации од Скопје

Во првите девет месеци од годинава на македонските аеродроми се превезени за 57 проценти повеќе патници во однос на истиот период од 2020, односно за 52 проценти помалку споредено со првите три квартали од 2019 година. Првите знаци на закрепнување на авиосообраќајот по значителниот пад поради ковид пандемијата се забележани по омасовувањето на вакцинацијата против Ковид-19, во втората половина од јуни и јули, сè до средината на август. Стабилизација на секторот и среднорочно и долгорочно закрепнување, како што оценуваат од ТАВ Македонија, операторот со македонските аеродроми, ќе има кога условите за влез во различни земји кои се поврзани со Ковид-19 ќе се изедначат за сите државјани на сите држави.


Од најавите на авиокомпаниите досега, знаеме дека ќе имаме четири нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје до крајот на 2021 година, вели за МИА, Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија, во пресрет на воведувањето на зимскиот ред на летање.

Зимскиот распоред на летови ќе почне на крајот од овој месец, во моментов, како што наведува Батак, е во подготовки и наскоро ќе бидеме во можност да кажеме до точно колку дестинации ќе се лета од скопскиот аеродром од крајот на октомври годинава до крајот на март следната 2022 година.

Летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, на пазарот влегува и „Изиџет“

– Три нови дестинации ќе воведе Виз ер во декември, од Скопје до Болоња, Торино и Билунд. Една нова дестинација, од Женева до Скопје, ќе биде отворена од Изиџет, британската нискобуџетна авиокомпанија, која со отворањето на оваа рута на почетокот на ноември 2021 година практично првпат ќе влезе на македонскиот пазар. Заедно со наведените нови дестинации на Виз ер од Скопје, во декември 2021, унгарската нискобуџетна авиокомпанија ќе отвори и нова авиолинија од охридскиот аеродром до германскиот град Фридрихсхафен, информира Батак.

https://frontline.mk/2021/10/24/do-kra-ot-na-godinava-chetiri-novi-avionski-destinacii-od-skop-e/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4498 Posted: 25-Oct-2021 at 17:20
Средба Бочварски – Ал-Тани: Се разгледува можноста за обнова на авиолинијата Скопје – Катар

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со в.д. амбасадорот на Катар во Република Северна Македонија, Џасим Ал-Тани.
На средбата министерот Бочварски потенцираше за потребата од обнова на
авиолинијата Доха (Катар) – Скопје, соопштија од Министерството.
Исто така, министерот ги претстави инфраструктурните проекти што се
реализираат во државата.
„Соработката меѓу двете држави е многу важна за поврзување на луѓето и
економијата. За нас е посебно значајно да се обнови линијата Скопје – Доха,
заради одржување на бизнис релациите меѓу двете земји. Имаме добра
соработка со Катар, но сметаме дека имаме уште потенцијал оваа соработка
да се зголеми.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
На средбата министерот упати повик до инвеститорите од Катар да ги
разгледаат условите за инвестирање во Република Северна Македонија и да ги
искористат предностите што ги нуди земјата во регионот.

https://nezavisen.mk/sredba-bochvarski-al-tani-se-razgleduva-mozhnosta-za-obnova-na-aviolinijata-skopje-katar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4499 Posted: 02-Nov-2021 at 12:08
СТРАНСКИТЕ ТУРИСТИ СЛЕДНАТА СЕЗОНА ДОАЃААТ ВО ОХРИД ВО УШТЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ, АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ НАЈАВУВА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ЧАРТЕР-ЛЕТОВИ

Далеку поголем број странски туристи се очевува да летуваат во Охрид следната сезона по најавите за воведување чартер-лет Охрид-Москва и за авиоповрзување со Измир, Истанбул и Анкара. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) оптимистички најавуваат двојно повеќе чартер-летови од холандските тур-оператори во текот на летниот период, како и летови од Полска и Велика Британија.

Според директорот на АППТ, Љупчо Јаневски, идната туристичка сезона треба да биде многу подобра од изминативе две години.

„Мислам дека идната година ќе има околу 2,5 милиони ноќевања во земјава. Оваа година очекуваме да се достигне стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со отприлика 2,2-2,3 милиони ноќевања, некаде блиску до бројките од 2015“, вели Јаневски.

Тој смета дека треба да се направи опсежна анализа во однос на финансиската поддршка за туристичкиот сектор.

„Ако ги гледаме крајните бројки, тие и нема да изгледаат толку лошо. Сепак, во одредени делови на туризмот треба да се интервенира, пред сè, ако зборуваме за хотелските и другите сместувачки капацитети“, вели Јаневски.

Изминатата сезона во услови на ковид-пандемијата, заклучно со август, се забележани 1,8 милиони ноќевања. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот велат дека земјава се покажала како безбедна дестинација. Туристичкиот сектор и Агенцијата преку медиумска кампања привлекуваа странски туристи да дојдат на охридско-струшката ривиера. Во рамките на кампањата „Безбедно како дома“ беа изработени пет промотивни видеа во соработка со Швајцарската амбасада.

„Од 1.500 тестирани холандски туристи кои летоска ја посетија Македонија ниеден не бил позитивен на коронавирусот при враќањето дома“, велат од Агенцијата.

Сепак, успешноста на следната туристичката сезона, според туристичките работници, ќе зависи од справувањето со пандемијата кај нас, во регионот, но и во земјите од Европската Унија.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stranskite-turisti-slednata-sezona-doagaat-vo-ohrid-vo-ushte-pogolem-broj-agentsijata-za-turizam-najavuva-dvojno-poveke-charter-letovi/
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #4500 Posted: 02-Nov-2021 at 14:17
Kako pominaa letovite do GVA vcera, dali ima nekoj LF?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 223224225226227 231>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.719 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.