build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 226227228229230 231>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Viktor A View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Nov-2021
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote Viktor A Quote  Post ReplyReply #4541 Posted: 24-Jan-2022 at 04:32
ИЗВЕСТУВАЊЕ (ПОРАКА) ОД ТАВ МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

Во моментов нема директни летови од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона и Ларнака.
Оваа одлука е на авиокомпанијата Wizz Air.
Според моменталните информации кои ги имаме, овие летови се откажани во зимскиот ред на летање со важност до 27 март 2022 година, додека во летниот кој почнува од 27 март до 29 октомври авиокомпанијата има најавено дека до двете дестинации ќе лета два пати неделно. Но, Ве молиме имајте предвид дека оваа информација може да претрпи промени доколку авиокомпанијата ја промени одлуката. Промените во летниот и зимскиот распоред на летање, од почетокот на пандемијата се многу чести, зависат од промените кои ги прават државите во рестрикциите за патување а оттука и авиокомпаниите често ги менуваат одлуките.
За најнови информации во врска со распоредот на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје, Ве молиме следете ја нашата веб – страница, http://skp.airports.com.mk/ , каде што сите промени се ажурираат во реално време, како што ги добиваме.
Во меѓувреме можете да ја контактирате Wizz Air за повеќе информации во врска со ова прашање, на линкот во прилог https://wizzair.com/en-gb#/
Со почит,
ТАВ Македонија

(нешто ми е сомнително, WizzAir кај TAV резервирал по два термине за летнот ред на летање 2022 година (За Барселона и Ларнака), а на нивната веб страна ги имаат отстрането билетите).???
vik.a
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #4542 Posted: 27-Jan-2022 at 13:03
I Hannover ... (site tri ruti SKP, BEG, VAR)


Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1689
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #4543 Posted: 27-Jan-2022 at 14:14
Originally posted by gorazd

I Hannover ... (site tri ruti SKP, BEG, VAR)


Што тоа....?
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4544 Posted: 27-Jan-2022 at 14:20
Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by gorazd

I Hannover ... (site tri ruti SKP, BEG, VAR)


Што тоа....?


Е не е толку комплицирано де. Вика Хановер е укинат и од Скопје и од Белград и од Варна.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1689
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #4545 Posted: 27-Jan-2022 at 14:45
Originally posted by гитардемон

Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by gorazd

I Hannover ... (site tri ruti SKP, BEG, VAR)


Што тоа....?


Е не е толку комплицирано де. Вика Хановер е укинат и од Скопје и од Белград и од Варна.


Незнаев, сега прв пат читам - затоа се зачудив.
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #4546 Posted: 31-Jan-2022 at 12:52
Nordwind: St.Petersburg-Skopje od 27.4
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1689
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #4547 Posted: 04-Feb-2022 at 09:02
Air Cairo од крај на март со линија Скопје - Хургада.
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
deni86 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #4548 Posted: 04-Feb-2022 at 23:28
Дали е некој запознаен што е причината постојано да го одложуваат стартот на новите линии кон Италија, поточно до Торино? Требаше да почнат да летаат во декември па јануари па март и еве сега дури во јуни

Edited by deni86 - 04-Feb-2022 at 23:29
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #4549 Posted: 05-Feb-2022 at 09:50
Originally posted by deni86

Дали е некој запознаен што е причината постојано да го одложуваат стартот на новите линии кон Италија, поточно до Торино? Требаше да почнат да летаат во декември па јануари па март и еве сега дури во јуни


Najverojatno ogranicuvanjata povrzani so korona i slabata pobaruvacka
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4550 Posted: 05-Feb-2022 at 15:31
Со Гуливер до Софија за прв авионски лет од Скопје во должина од 174 километри

Министерот Бочварски најави дека првиот комерцијален лет од Скопје за Софија ќе биде изведен на 11-ти февруари за што се согласила туристичката компанија Гуливер. Планот за редовна линија меѓу двата главни града кои се оддалечени 174 километри по воздух е – од март, но ќе се утврдува на состанокот на двете државни комисии за инфраструктура после премиерниот авионски лет.

Летот нема да носи обични патници туку ќе ги качи само македонската и бугарската делегација од ресорните министри за трансорт и туроператори од двете држави.

– На 11 февруари во Скопје ќе организираме заедничка средба со туроператорите од Северна Македонија, каде што очекувам да се најдат сите поволности и можности и најдобри солуции за граѓаните, за да во иднина оваа линија биде операбилна и да може да оперира редовно на релација Софија – Скопје и секако уште една дестинација која ќе биде дополнителна можност за граѓаните, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Кочани.

Прашан кога ќе профункционира редовната авиолинија Бочварски посочи дека постои можност за во текот на следниот месец, укажувајќи дека предлозите околу оперирањето на авиолинијата ќе бидат разгледани на средбата на 11 февруари.

-Очекувам на средбата во Скопје на 11 февруари туроператорите кои имаат најдобри сознанија во однос на сите овие постапки и на можностите кои ќе се понудат од нивна страна веројатно можноста е на почетокот, односно во текот на март да се отвори таа редовна авиолинија. Но сепак, пак ќе кажам, очекувам тоа да произлезе од страна на искусните, професионалците, туроператорите од двете земји, кои ќе ги дадат можностите и ќе дадат свои предлози, каде е најпотребно да оперира оваа авиолинија освен на релацијата Скопје – Софија и водејќи се од тие сознанија секако дека ќе донесеме одлука што ќе биде од интерес на граѓаните, рече Бочварски.

https://telma.com.mk/2022/02/05/со-гуливер-до-софија-за-прв-авионски-ле/
Back to Top
Viktor A View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Nov-2021
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote Viktor A Quote  Post ReplyReply #4551 Posted: 05-Feb-2022 at 16:59
Слабата побарувачка за летовите на оваа релација.
Моја проценка е дека оваа авиолинија нема долго да опстојува од причина што Торино и Милано се одалечени нешто повеќе од 100тина километри.
Притоа има двапати неделно летови од Милано до Скопје и плус се додаваат уште двапати неделно летови од Торино до Скопје.
Не ми е јасно како ќе се полни Airbus A320 (180 патници) на сумарно 4 летови неделно од Северна Италија.
А знаејќи го менталитетот на нашите сонародинци од Источна Македонија кои се најголема дијаспора во тој регион на Италија, тие практикуваат автобуски превоз во најголем дел нешто повеќе од 60%.

Приказната ќе биде иста како што и беше со авиолинијата Салзбург, која едвај опстојуваше неколку месеци. Поради тоа што и Салзбург и Минхен се нешто повеќе од 100тина километри одалечени.
vik.a
Back to Top
deni86 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #4552 Posted: 05-Feb-2022 at 17:26
За да де види каква ќе биде побарувачката треба барем неколку месеци да биде во функција. Само во регионот Пиемонте живеат околу 50000 Македонци плус сезонските работници и не гледам зошто не би била профитабилна. Точно дека најголемиот дел патуваат со автобус каде што картата чини околу 100 евра во еден правец, патуваш 24 часа минимум, малтретирање по граници и сл. За 100 евра со Виз Ер можеш да го земеш фул пакетот и да бидеш господин. Милано повеќе одговара на оние кои живеат во Ломбардија и Венето.
Back to Top
Viktor A View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Nov-2021
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote Viktor A Quote  Post ReplyReply #4553 Posted: 05-Feb-2022 at 20:54
Еве дај Боже да биде рентабилна оваа линија (Скопје-Торино) и да опстојува. Но, двапати неделно да се полнат Airbus A320 со 180 патници и плус да опстојува и авиолинијата Скопје-Милано малку невозможно.

Сите бевме оптимисти кога ја воведоа авиолинијата Скопје-Салзбург и покрај големите укажување дека Салзбург нема да егзистира се додека Скопје е поврзан со Минхен.

И овде така ми се чини работата, но да оставеме на времето да покаже.

Поздрав до Македонската дијаспора во Северна Италија и насекаде околу светот
vik.a
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4554 Posted: 08-Feb-2022 at 12:11
АВИОЛИНИЈАТА СОФИЈА-СКОПЈЕ Е НЕИСПЛАТЛИВА И ЗА АВИОКОМПАНИЈАТА И ЗА ПАТНИЦИТЕ, ВЕЛИ ВОЗДУХОПЛОВНИОТ ЕКСПЕРТ ЃОРЃИ ЧАЧКИРОВ

Најавената авиолинија Софија-Скопје нема да биде исплатлива ниту за авиокомпанијата, ниту за патниците, освен ако не биде субвенционирана, вели Ѓорѓи Чачкиров, сообраќаен инженер – професионален пилот, поранешен директор на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и директор на летачки оперативи на Палер Македонија и МАТ.

Според најавите на бугарскиот и македонскиот министер за транспорт, линијата треба да почне да функционира на почетокот на март, а доаѓа по ветувањето на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој кажа дека тоа е компромис од бугарската страна во преговорите со Македонија, бидејќи тие ќе ја финансираат линијата.

Чачкиров вели дека оваа линија е нeпрактична од аспект на најбрзо пристигнување до посакуваната дестинација и објаснува:

„За меѓународни летови, патниците треба да пристигнат на појдовниот аеродром час и половина до два часа пред предвиденото планиран време за соодветниот лет. Причините за тоа се општо познати и опфаќаат реализација на меѓународните законски царински, полициски и безбедносни контроли и процедури. Времето на летање, во една насока, зависно од типот на авионот и аеродромските процедури, би изнесувало околу 30-45 минути. Ако се направи кус преглед на времетраењето на патувањето од Скопје кон Софија или обратно, тоа би изгледало вака: тргнување од дома најмалку 45 минути (а во Софија и повеќе) пред времето за пристигнување на аеродромот, следат околу 2 часа за проверки, потоа половина час или 45 минути летање и околу еден час по пристигнувањето, пасошки и царински контроли, до излегување од аеродромот и повторно половина час до час транспорт до центарот на градот. Според оваа математика, ако се патува со авион од или до Скопје, потребно е да се планира вкупното време на патување од околу 4-5 часови“.

Понатаму, вели тој, колку е дестинацијата покуса, толку е цената повисока, базирано на прелетан километар. Чачкиров вели дека во цената ќе треба да се пресметаат трошоците за аеродромски такси кои не зависат од должината на летот и на сето тоа да се додаде и транспортот до појдовниот и аеродромот на дестинација.

„За секоја авиокомпанија, сигурно, најскапи се кусите дестинации. Причините се едноставни: се искористуваат ‘циклусните’ ресурси на авионите и нивните одделни делови (мотори, подвоз, агрегати и сл.), а потоа и не многу ефективно искористување на летачкиот, техничкиот и кабинскиот персонал. Врз основа на сето претходно изнесено, однапред можам да тврдам дека, доколку оваа авиолинија не биде субвенционирана, нема да биде, ни малку ‘евтина’, а уште помалку исплатлива за авиокомпанијата која ќе ја реализира, како и за патниците на овие летови. Тоа е основната причина зашто ваквите куси летови ги нема ниту кај нискотарифните авиокомпании“, вели Чачкиров.

Македонскиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски викендов кажа дека за линијата е заинтересирана авиокомпанијата „Гуливер“, која во моментов оперира само една редовна линија, внатрешната Софија-Бургас, а на нивниот сајт има најава дека наскоро ќе се отвори и линија Софија-Тирана. „Гуливер“ има флота од 6 авиони, три широкотрупни Ербас А330 за прекуокеански летови и три мали турбо-пропелерски АТР-72 за куси дестинации.

Бугарскиот министер за транспорт и комуникации Николај Сабев претходно кажа дека линијата Софија-Скопје ќе биде субвенционирана од државата на почетокот, а потоа ќе се види протокот на патници во двете насоки за да може да се направи точна анализа дали може да опстане.

Првите летови меѓу Скопје и Софија почнаа есента 1992 година, кога авиокомпанијата „Хемус Ер“ леташе со Лет Л-140, кој собира 18 патници. Подоцна се леташе со поголемите авиони Јаковлев Јак-40 и Тупољев Ту-140, бидејќи ја користеа патници од Косово за врзаната линија Софија-Осло. Но, по неколку години интересот се намали и летовите запреа.

По влезот на Бугарија во ЕУ, во декември 2007 година беше обновена линијата Софија-Скопје. Овојпат леташе „Бугарија Ер“, трипати неделно со АТР-42, со капацитет од 40 патници, по цена од 49 евра. Но, и овие летови не успеаја да привлечат доволно патници и повторно беа укинати.

Последниот обид да се востанови линијата беше во 2010 година и тоа траеше кратко.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/aviolinijata-sofija-skopje-e-neisplatliva-i-za-aviokompanijata-i-za-patnitsite-veli-vozduhoplovniot-ekspert-gorgi-chachkirov/
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #4555 Posted: 08-Feb-2022 at 13:40
Mnogu lugje ja osuduvaat linijata na propast ushte ne pocnata Treba da se dade shansa iako e povekje politicka otkolku linija za koja ima potreba, no mozebi ako ima povolni ceni za transfer kon Amerika bi privlekla nekoj interes.
Za obicnite gragjani na dvete drzavi mislam deka povekje interes bi imalo za linii od Sofija kon Ohrid kako i linii od Skopje kon Burgas/Varna vo tekot na letnata sezona
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 887
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #4556 Posted: 08-Feb-2022 at 14:52
И аз съм скептичен за тази линия - нема никаква икономическа логика да съществува.Туристическият обмен между двете дуржави е сведен почти на нула,след бума преди 15 години денеска българите немат никакъв интерес да посещават Мк. и обратното.Със сигурност ке биде субсидирана ,интересно дали само от едната или от двете държави.
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #4557 Posted: 08-Feb-2022 at 15:56
So otvoranjeto na Avstralija i Nov Zeland da se nadevame deka Qatar bi mozel da se vrati naskoro vo Skopje, dali nekoj mozebi ima nekakva informacija?
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1762
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4558 Posted: 08-Feb-2022 at 21:58
Добра е забелешката, треба линии од Софија до Охрид и од Скопје до Бугарското приморје Бургас/Варна. Оваа линија е сосема непотребна, нека се направи тој магистрален пат, уште помалку рентабилна ќе биде.

Од политичка гледна точка Македонија нема апсолутно ниакков национален интерес да оддржува конекција со Софија, а нема ниту па национална компанија да може тоа да го прави дури и да има политички интерес. Бугарија е таа која сака да оствари политички интереси во Македонија, Бугарија има национална авиокомпанија, целиот трошок на оваа линија треба да падне на товар на Бугарија.

Значи Макеоднија нема и не треба да има ништо против линијата, ама ако Бугарија си го сноси трошокот.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 909
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #4559 Posted: 09-Feb-2022 at 00:02
а доаѓа по ветувањето на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој кажа дека тоа е компромис од бугарската страна во преговорите со Македонија, бидејќи тие ќе ја финансираат линијата.

Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #4560 Posted: 09-Feb-2022 at 00:20

Ova ke bide slicno kako so linijata Skopje-Belgrad, ako uste postoi!?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 226227228229230 231>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.656 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.