build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 191>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 01-Sep-2008 at 07:18
Еве и една фотка од "новиот" 737-500 
 
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 01-Sep-2008 at 13:39
Rock @ двата претходни поста
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 01-Sep-2008 at 13:42
Еве уште една објава со пар дополнителни детали

Турците носат џамбо во македонската флота

Вчера на Скопскиот аеродром "Александар Велики" слета џамбоџет "боинг 747" во карго верзија. Авионот, наводно, е сопственост на нова македонска карго компанија. Таа е поврзана со турската карго компанијата "Орекс".
Според Интернет страницата на турската компанија, џамбоџетот од октомври годинава ќе лета меѓу Кина и Европа. Домашна база ќе му биде Скопскиот аеродром.
Боингот со носивост од 100 тони носи американска регистарска ознака. Компанијата веќе поднела барање до Агенцијата за цивилно воздухопловство "боингот" да биде впишан во македонскиот регистар на воздухоплови.
Авионот е произведен во 1982 година. Досега летал за американските карго компании "Трјд виндс" и "Полар".
"Трејд виндс" и "Полар".
"Боинг 747" е ретка слика на скопскиот аеродром затоа што се користи за интерконтинентални летови и затоа што патничката верзија собира над 400 патници. Џамбоџетови во Македонија најмногу можеа да се видат за време на бегалската криза во Косово 1999 година. Поради кусата писта авионот кога е целосно натоварен, од Скопје полетува со полупразен резервоар, па мора да слета некаде во Европа за да може да продолжи прекуокеански лет. За слетување нема проблеми. Еден во условите во тендерот за концесија на македонските аеродроми е продолжување на пистата на скопскиот аеродром за 400 метри.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156373&idg=8&idb=2463&rubrika=Makedonija
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 01-Sep-2008 at 14:58
Е ова ме радува,се надевам дека компанијата ќе ја зголеми својата флота,па и ќе привлече други карго копмании да го користат скопскиот аеродром како своја база Cheers
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 01-Sep-2008 at 15:30
Da bideme optimisti i da se nadevame ) , mada ja ne veruvam mnogu vo vakvi ostvaruvanja no za 2-3 godini mozda ke ima uspeh , dur se renovira nasiot arodrom
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 03-Sep-2008 at 20:33
Еве го дотичниот џамбо џет Big%20smile




Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 03-Sep-2008 at 20:39
woow огромен бил хехе
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 04-Sep-2008 at 09:44
@clover
 
MasterBowMasterBowMasterBow 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 01-Oct-2008 at 12:28
Cheers

“Стар еарлајнс“ прва македонска карго авиокомпанија

Агенцијата за цивилно воздухопловство на 26 септември и издаде уверение за работа за врШење на јавен воздуШен превоз на авиокомпанијата “Стар еарлајнс“. Дозволата е издадена согласно поднесеното барање на авиокомпанијата од 15 мај годинава, за врШење карго авиопревоз.

“По изврШените оперативни проверки и увидот во доставената документација, а врз основа на меЃународните стандарди, законските и подзаконските акти за цивилно воздухопловство, одобрено и е на “Стар еарлајнс“ да оперира како прва македонска  карго авиокомпанија. Компанијата во својата флота располага со Боинг 747-200 (џамбо џет)“, објаснуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Според АЦВ, влезот на “Стар еарлајнс“ на македонскиот авио пазар, преставува  јасен сигнал дека Македонија, станува дел од мапата на примамливи дестинации за влез на странски инвестиции и во сверата на авиосообраЌајот.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41043&kategorija=2


Edited by pbanks - 01-Oct-2008 at 12:29
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4398
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 12-Oct-2008 at 16:49
малку офтопик: нема врска со македонскиот авио сообраќај но има врска со македонија:

ете постоела авиокомпанија под името meta aviotransport macedonia со хаб аеродромот внуково во москва. на моторите го има старото знаме со ѕвездата од вергина, а дури има и авион што се вика охрид.

еве слика, а повеќе на http://www.airliners.net/search/photo.search?airlinesearch=Meta%20Aviotransport%20Macedonia%20%28Vnukovo%20Airlines%29&distinct_entry=true



интересно во секој случај... лета до виена па и нè рекламира
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3296
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 12-Oct-2008 at 19:25
Авионскиот патнички и товарен сообраќај ни е слабо развиен. Не сме поврзани со директни линии од Скопје кон центрите Брисел, Париз, Москва, Лондон. Она што го превезуваме се претежно наши иселеници, и тоа на крајни дестинации кои во Европа се сметаат за споредни. Затоа ретко може да се оствари брз трансфер до некоја подалечна дестинација, а понекогаш за тоа е потребно и преседнување на 3 аеродроми. Остваруваме малку чартер-летови и тие се претежно за превезување на наши туристи, а оние странските ги нема. Ова е поразително пак за охридскиот аеродром. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 12-Oct-2008 at 19:35
Не дека не е зборувамо до сега за ова во нишкава но клучни се спрема мене 2 критериуми.

1. безвизен режим кој сигурно ќе направи сериозено придвижување во оваа сфера
2. нискотарифните оператори чие присуство на пазарот е пак во голема мера поврзано со точка бр. 1. Доколку навистина во 2009 се избориме за безвизен режим мислам дека амбициозните проекциина ТАВ ќе почнат полека да се реализираат.

Cheers
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3296
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 12-Oct-2008 at 19:47
Во право си, но за странските туристи веќе е лесно да дојдат во Македонија, нели нашава влада се одлучи за безвизен режим кон земјите на ЕУ, односно влегување само со лични карти. Што се однесува до втората точка, и да дојдат кај нас ваквите компании картите ќе наплаќаат по дупло поголема цена од онаа за полетување од аеродромот во Пловдив, на пример! Не се сеќавам, кога последен пат беше отворено претставништво на странска авионска компанија, наместо тоа Бритиш ервејс и Аерофлот имаа канцеларии во Скопје, но ги затворија.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 12-Oct-2008 at 20:18
Originally posted by BOJAN

Во право си, но за странските туристи веќе е лесно да дојдат во Македонија, нели нашава влада се одлучи за безвизен режим кон земјите на ЕУ, односно влегување само со лични карти. Што се однесува до втората точка, и да дојдат кај нас ваквите компании картите ќе наплаќаат по дупло поголема цена од онаа за полетување од аеродромот во Пловдив, на пример! Не се сеќавам, кога последен пат беше отворено претставништво на странска авионска компанија, наместо тоа Бритиш ервејс и Аерофлот имаа канцеларии во Скопје, но ги затворија.


па не е баш така, за странците е и те како битна ефтин транспорт. Зошто би плаќале 100ци евра да летаат до Охрид кога за 20-30ЕУР можат да идат на Мајорка? Значи странците доаѓаат под точка 3 која е поврзана со точка 2
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 12-Oct-2008 at 20:21
Originally posted by гитардемон

малку офтопик: нема врска со македонскиот авио сообраќај но има врска со македонија:

ете постоела авиокомпанија под името meta aviotransport macedonia со хаб аеродромот внуково во москва. на моторите го има старото знаме со ѕвездата од вергина, а дури има и авион што се вика охрид. 

оваа компанија мислам беше регистрирана од македонец од германија META (Meta AviaTransport Macedonia) , ulica Goce Delcev 6 , но само кратко опстоја

A isto propadna i MAM (Meta Airline Macedonia) tie imaa bugarski mislam prvo Tu-147 a posle na kredit Tu ama ne sum siguren.

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 12-Oct-2008 at 20:52
здраво на сите! мислев дека само јас сум забеган по тоа да следам се што се случува во македонскиот авио соообраќај, да се радувам, но и да мрчам околу се тоа што се гради во земјата, состојбите во сообраќајот, инфраструктурата итн итн. така да ептен ми е мило што налетав на форумов и што видов дека не има многу.

околу авио-сообраќајот: најдоброто решение за помрднување од сегашната агонија е само доколку ЈПАУ, сега под концесија на ТАВ, започнат активно да работат на профилирање на двата постоечки аеродроми како регионални авио-пристаништа. За скопскиот аеродром да стане интересен за потенцијалните патници од Kосово, јужна Србија, па и пошироко треба да се работи на промоција на аеродромот кај локалните туроператори во тие земји. Уште побитно, неопхoдно е да се отворат редовни автобуски линии од поголемите градови на Косово и Јужна Србија до скопскиот аеродром кои ќе бидат врзани со тајминзите на полетување/слетување. Ваков успешен пристап со години има Аеродромот во Франкфурт кој има редовни автобуски линии од повеќе градови во Германија, како и Франција (Стразбур) кои носат илјадници патници на овој аеродром.
Повеќе инфо на http://www.lufthansa-airportbus.com

Охридскиот аеродром треба да се развива не само како алтернативен на скопскиот во случај на магла и за повремени чартер летови во време на туристичката сезона. Треба да се работи на привлекување на патници од југо-источна и источна Албанија како и од северо-западна Грција.

За идниот аеродором во Штип не гледам никаква опција за развој како регионален аеродром. Таква шанса постоеше доколку аеродромот се градеше во Струмица кој можеше да претендира на патниците од југо-западна Бугарија (Пиринска Македонија) и регионот на Кукуш и Драма во Грција - и во двата региони не постојат меѓународни аеродроми.

Добар урнек за развој на пограничен аеродром како регионален е аеродромот во Батуми во Грузија (http://en.wikipedia.org/wiki/Batumi_Airport), кој исто под концесија го менаџира турски ТАВ. Благодарејки на одлуката на грузиската и турската влада за воспоставување на слободен мало-граничен појас, Батуми прерасна во де-факто главен аеродром на северо-источна Турција. Со неодамнешната одлука да се овозможи влез во Македонија на сите државјани на земјите членки на ЕУ само со лична карта и со укунувањето на визите за влез во Македонија за државјаните на Албанија, се отвараат големи перспективи за охридскиот аеродром да привлече low-cost компании како Ryanair, Easyjet, Wizzair, и сл., кои од Охрид би го покривале македонскиот, јужно-албанскиот и северо-западниот пазар на Грција. Но, треба активно да се работи на промоција на овие потенцијали и да се овозможат редовни автобуски врски и соработка со стабилни туроператори од сите соседни земји, но и во Македонија.

Поздрав!


Edited by anDarko - 12-Oct-2008 at 20:56
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 12-Oct-2008 at 21:04
анДарко добредојде на форумов! Ретко добиваме нов член кој уште од првиот пост остава впечаток на сериозна личност кој има аргументиран и издржан став околу прашањата што ги третира. Се надевам ќе споделиш доста материјали и ставови околу оваа тема, а се надевам ќе те има и низ другите теми. Поздрав!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 12-Oct-2008 at 21:35
anDarko добредојде и од мене Smile
Не си единствен што си мислел дека само ти забеган по вакви теми, повеќето активни членови на форумов го имаат кажано истото Laugh

Инаку во твојот пост си направил одлична кратка анализа на состојбата, немам што да додадам освен дека доцниме и требаше да размислуваме на тие теми многу порано. Да бевме посериозни на времето, извесно е дека Скопје сега ќе беше значаен регионален центар. Но подобро и во иднина отколку никогаш. TAV секако влева надеж.
Cheers





Edited by Cloverstack - 12-Oct-2008 at 21:36
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 13-Oct-2008 at 22:28
Дарко добредојде на форумот Cheers

особено ми се допаѓа што Охридскиот и хипотетичкиот Струмички аеродром ги гледаш како регионални. Барем на Охридскиот дефинитивно така му ја гледам иднината а не како некое туристичко аеродромче.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 22-Oct-2008 at 11:59
 

ОБЕМ НА СООБРАЌАЈ ЗА СЕПТЕМВРИ 2008 АЕРОДРОМ “АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ” - СКОПЈЕ
5 Октомври 2008 година

Во текот на месец СЕПТЕМВРИ беа превезени вкупно 59 457 патници, со зголемување од 2.8% во споредба со истиот месец минатата година, а кумулативно за периодот јануари-септември 6.7%. По динамичниот раст во 2007 (+15.5%) и во првата половина на 2008, се забележува поумерено зголемување на патничкиот сообраќај.
Вкупниот број на операции на воздухоплови, со 1159 реализирани операции во септември. Комерцијалната авијација (редовните, чартер и карго линиите) има пораст од 2.3% во споредба со минатата година и засега не се очекува намалување на бројот на фреквенции. Кумулативно за периодот јануари-септември вкупниот број на операции на воздухоплови е зголемен за 3.2%.       
 
Кај патничкиот сообраќај по дестинации на редовните линии нема промени во редоследот, односно и понатаму најфреквентни се Виена и Цирих, најголем пораст има кај Љубљана, Истанбул, Будимпешта и Загреб, а намалување во однос на претходната година има кај Цирих, Белград и германските дестинации Дизелдорф и Хамбург/Берлин. На директните чартер летови за туристичките дестинации во Турција, Египет, Шпанија, Тунис и Сицилија во периодот јуни-септември беа превезени 29 112 патници односно 62.1% повеќе од лани, а нивното учество во вкупниот број на патници во истиот период е 10.2
 
Обемот на авионско карго во текот на септември изнесува 185.17 тони со зголемување од 3.8% во споредба со истиот месец минатата година. Бидејќи во септември немаше камионски сервис (врз база на Air Waybill) вкупниот обем на карго во септември има намалување од -8.4% во однос на истиот месец лани, а кумулативно за периодот јануари-септември има зголемување од 27%.
 
 
 
 
 
 
 
 

СО ЗИМСКИОТ РЕД НА ЛЕТАЊЕ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ


Српски ЈАТ ги удвои дневните летови


Домашниот авиопревозник МАТ доби вкупно 30 летови неделно на релациите кон Рим, Дизелдорф, Хамбург, Берлин, Цирих, Виена и Истанбул


Во претстојната зимска сезона ќе има зголемување на воздушниот сообраќај на скопскиот аеродром Александар Велики. Споредено со Зимскиот ред на летање 2007/2008 година, најмногу нови летови оваа зима, дури шест, Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и одобри на авиокомпанијата Јат ервејз, која покрај редовните седум лета од Белград до Скопје доби уште по еден лет од понеделник до сабота. Словенечката Адрија ервејз покрај редовните седум лета од Љубљана до Скопје во предпладневните часови, доби уште толку за попладне или вкупно четири нови летови.

Со ист број на летови и оваа сезона ќе сообраќаат унгарски Малев (девет лета), Кроација ерлајнс (седум лета), Булгариа ер (три лета) и Аустријан ерлајнс (седум лета). На босанската авиокомпанија БХ ерлајнс, за разлика од претходната зимска сезона и е одобрен уште еден лет и ќе има вкупно три (понеделник, среда и петок). Еден лет и тоа во сабота и оваа сезона и е одобрен на нискотарифната Герман вингс, која ќе сообраќа на релација Келн-Скопје, а за прв пат од Дизелдорф до Скопје ќе лета компанијата Германиа Флугеселшафт, која ќе сообраќа само во саботите почнувајќи од 1 ноември. Еден лет повеќе и е одобрен и на чешката Чех ерлајнс и на турската Туркиш ерлајнс. Хелветик ервејз која во саботите лета од Цирих до Охрид, за оваа сезона доби и два лета до Скопје (петок и недела).

Оваа сезона карго компанијата АБЦ Ер Хунгари ќе има по два дневни лета од понеделник до петок на релација Софија-Скопје-Тирана.
Домашниот авиопревозник МАТ доби вкупно 30 летови неделно на релациите кон Рим, Дизелдорф, Хамбург, Берлин, Цирих, Виена и Истанбул. По еден секојдневен лет МАТ ќе има кон Цирих, а кон овој швајцарски град ќе лета и од охридскиот аеродром. Од Свети Апостол Павле, оваа авиокомпанија ќе лета и кон Виена во петок и недела. Зимскиот ред на летање важи од 26 октомври 2008 година до 28 март 2009 година.

 
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 191>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.