build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 216>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 10-Jun-2011 at 14:04
Originally posted by Denko

Originally posted by mirakuliks

Originally posted by Phalanx

Mozate preku Düsseldorf/Zürich da letate pa za drugi germanski gradovi...- Berlin- Hamburg- Hannovertrebase uste da go vnesat  Minhen i Frankfurt (am Main) u nivnata linija



МАТ држеше добра кружна скопје/хамбург/берлин/скопје таа треба да се превѕеме особено кога ќе профункционира ББИ во Берлин од каде ќе има повеќе интерконтинентални.
Skopje/Berlin/Hamburg bese se samo ne dobra linija. MAT ne kradese na veliko... 300-400 evra karta vo eden spot i 2 evra voda vo avionot...?


Значи коментарот се однесуваше чисто на релацијата а не и на услугата на МАТ.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1623
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 10-Jun-2011 at 15:21
Originally posted by mirakuliks

Originally posted by Denko

Originally posted by mirakuliks

Originally posted by Phalanx

Mozate preku Düsseldorf/Zürich da letate pa za drugi germanski gradovi...- Berlin- Hamburg- Hannovertrebase uste da go vnesat  Minhen i Frankfurt (am Main) u nivnata linija



МАТ држеше добра кружна скопје/хамбург/берлин/скопје таа треба да се превѕеме особено кога ќе профункционира ББИ во Берлин од каде ќе има повеќе интерконтинентални.
Skopje/Berlin/Hamburg bese se samo ne dobra linija. MAT ne kradese na veliko... 300-400 evra karta vo eden spot i 2 evra voda vo avionot...?


Значи коментарот се однесуваше чисто на релацијата а не и на услугата на МАТ.
Mojot komentar, pak, se odnesuva na se, no eve ke kazam desto i za samata linija. Stom ima eden stop linijata se pretvora vo cirkus, odnosno letot od dva casa se pretvora vo pet.  Avionot ne e avtobus pa po pat da zastanuva i da sobira patnici. Ovaa linija bese tokmu takva i zatoa kako sto rekov, ne moze da bide dobra linija.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 10-Jun-2011 at 18:40
како и да е не гледам причина да се воспостави линија берлин скопје кога ќе биде пуштен ББИ, и онака ќе собере повеќе интерконтинентални летови а башак има супер брза железничка врска со Хамбург
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 10-Jun-2011 at 18:55
..за која билетот надвор од промотивни периоди чини 70 евра во еден правец.

Edited by OCB - 10-Jun-2011 at 19:00
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 37
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 10-Jun-2011 at 21:43
Two budget airliners - German AirBerlin and Turkish Pegasus Airlines – will have regular flights from Skopje as of this summer. This way, the competition in the Macedonian skies stiffens, following the arrival of Wizzair.

AirBerlin will connect Skopje and Düsseldorf once a week as of July 16, while Pegasus will have three flights a week between Skopje and Istanbul as of August, as a direct competition to Turkish Airlines. Izmir will be its other destination in Turkey.

Director of the Macedonian Civil Aviation Agency Dejan Mojsovski expects this to increase competition and further the trend of reducing prices in air transport. For the first time, Macedonia will also get ten new airline companies that will mostly operate charter flights to the destinations such as Amsterdam, Venice or Zurich.


http://www.macedoniaonline.eu/content/view/18362/1/

Pegasus Airlines (Truska Avionkompanija) ke pocne da lete od Skopje za Istanbul 3 pati nedelno, i za Izmir. Pegasus Airlines ke stane za letnata sezona konkurencija na Turkish Airlines. Od Avgust treba da pocnat oni so nivnata linija.

Back to Top
Balken Airways View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Balken Airways Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 11-Jun-2011 at 10:43

Saturday, June 11, 2011

Air Berlin to Skopje

Soon in Skopje
Germany’s second largest airline, Air Berlin, will commence operations to Skopje. The semi low cost carrier will begin flights from Dusseldorf to the Macedonian capital on June 25 with the service operating every Saturday. Flights are set to depart Dusseldorf in the evening hours with the return flight from Skopje taking off every Sunday morning. A Boeing 737-700 will be used on the service. Flights details can be found here. In the region, Air Berlin flies to Tivat, Priština and several cities on the Croatian coast.

Air Berlin becomes the latest in a string of airlines to commence flights to Skopje Alexander the Great Airport which recently secured services from Wizz Air and Niki. Meanwhile, Pegasus Airlines from Turkey has announced it will begin seasonal summer flights from Istanbul and Izmir to the Macedonian capital. The airport’s management believes that with more competition ticket prices will continue to decline and air travel will become more accessible to people in the country. Skopje’s new terminal is scheduled to open on September 8.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 11-Jun-2011 at 19:54
Balken Airways, ако текстот е преземен од некој медиум, тогаш те молам објави го линкот од каде си ја презел веста.
Back to Top
OBX View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 05-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote OBX Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 11-Jun-2011 at 20:07
ima link klikni gore na toa so pisuva :air berlin to skopje" so plavo sto e
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 11-Jun-2011 at 21:10
Благодарам и му се извинувам на Балкен.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3643
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 13-Jun-2011 at 18:55
КОМПАНИИ / ПАЗАРИ / ФИНАНСИИ

Авиобилетите не поевтинуваат поради скапиот керозин

Катерина Попоска

Зголемена конкуренцијата во авиосообраќајот во Македонија

Авионските билети за македонските патници нема да поевтинат иако се појавија повеќе авиокомпании кои летаат од и до Македонија. Проблем е тоа што нема конкуренција на пазарот на керозин, па цените на горивото за авионите се високи, тврдат експертите од авиоиндустријата. Тие сметаат дека зголемената понуда и побарувачка во летната сезона ќе ги поевтини авионските карти, но не драстично сe додека другите фактори го ограничуваат намалувањето на цените на билетите.

Но, во авиокомпаниите и во Агенцијата за цивилно воздухопловство се поголеми оптимисти. Од домашниот авиопревозник МАТ ервејс најавуваат дека патниците може да очекуваат поевтинување на авиобилетите и истакнуваат дека за една година цените на билетите за дестинациите до Истанбул, Цирих и Рим веќе се намалиле за околу 30%.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВП), пак, објаснуваат дека авиосообраќајот во земјава ќе поевтини затоа што се зголемува конкуренцијата. “Капитал“ дознава дека турската авиокомпанија Пегасус ерлајнс најверојатно ќе биде новиот редовен авиопревозник во Македонија. Според нашите информации, од 15 август до крајот на октомври оваа нискобуџетна авиокомпанија редовно ќе лета од Скопје до Истанбул и до Измир. Со влезот на Пегасус ерлајнс воздухопловната власт очекува цените на авиобилетите до Турција да се намалат околу 50%.

Најава за влез на македонскиот пазар стигнува и од нискобуџетниот Eagles Airlines од Италија. Од почетокот на јули до крајот на октомври оваа компанија ќе полетува и слетува од скопскиот, римскиот и венецискиот аеродром. Од АЦВП уверуваат дека авиосообраќајот во земјава полека се раздвижува, што ветува дека цените на билетите може да се доближат до нивото во Европа и во светот.

“Очекувам зголемена конкуренција, која ќе овозможи да се намалат цените, да се зголеми бројот на дестинациите и да се подобрат услугите. Зголемена побарувачка има за дестинациите како Истанбул, Цирих, Дизелдорф, Рим и таму цените на билетите се пониски за разлика од пред неколку години. Летото има поголем број патници, што секако ќе влијае и на цената на авиобилетите“, вели Дејан Мојсовски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Познавачите сметаат дека во земјава нема здрава конкуренција

“Само со намалувањето на цените на авиобилетите можеме да се бориме со конкуренцијата од странство. За да опстанеме, присилно ги поевтинуваме билетите, но до работ на рентабилноста. Можеби тие не се на нивото како во европските земји, но Македонија нема ниту премногу патници кои патуваат со авион, ниту, пак, сериозна понуда која ќе ги спушти цените. Цената на горивото во огромна мера влијае на цената на авионските билети, особено кај нас, бидејќи има монопол во снабдувањето со керозин. Во услови кога домашниот авиопревозник купува гориво од единствен снабдувач, тој се доведува во многу тешка положба кога е во прашање намалувањето на цените на билетите. Тој мора да го наполни целиот резервоар од околу 10 тони. Не може да полни поевтин керозин од странство“, вели за “Капитал“ соговорник, кој е активно вклучен во авиобизнисот.

Според Кирил Каевски, експерт од оваа област, хаотичниот пазар во Македонија не дозволувал цените на билетите да бидат реални. Тој објаснува дека туристичките агенции кои ги купуваат билетите од авиокомпаниите на граѓаните им ги продаваат по повисока цена.

“Со заживување на системот за резервирање билети преку Интернет и, секако, со зголемување на конкуренцијата на пазарот, патниците ќе имаат избор и во квалитетот на услугата и во цената на билетот. Конкуренцијата не ја чувствуваме преку бројот на компании кои оперираат на пазарот, туку преку цената. Цените досега варираа на дневна основа. Постоечкиот пазар не дозволуваше стабилизација на цените”, оценува Каевски.

Од Wizz Air, унгарската нискобуџетна авиокомпанија, која од 20 овој месец почнува да лета на релација Скопје-Лондон-Скопје, велат дека и понатаму ќе се трудат да нудат пониски цени од конкуренцијата. Иако од Wizz Air не потврдуваат, “Капитал“ неофицијално дознава дека оваа авиокомпанија наскоро ќе им ја нуди и Венеција на македонските патници.

“Wizz Air генерално е поевтин од конкурентите. Сите наши билети може да се сметаат за промотивни. Квалитетот на услугата што им ја нудиме на патниците е резултат на нашиот успешен бизнис-модел. Сепак, минималните цени, што може да се види и на нашата интернет-страница, се однесуваат на околу 10% од местата во авионот. Цените на билетите одат нагоре како што наближува датумот за затворање на патувањето. Сепак, во поголеми дел Wizz Air останува поевтин или значително поевтин од конкуренцијата”, вели Балаш Варо, менаџер за корпоративни комуникации на унгарски Wizz Air.

Турската Пегасус ерлајнс нов редовен авиопревозник во земјава

Пегасус ерлајнс од Турција ќе биде новиот редовен авиопревозник во Македонија, дознава “Капитал”. Извори од воздухопловната власт открива дека од 15 август до крајот на октомври оваа нискобуџетна авиокомпанија редовно ќе оперира од Скопје до Истанбул и Измир. Таа во Турција работи исклучиво за подобрување на туризмот и за зголемување на понудата на бизнис-патувања. Пегасус ерлајнс ќе му конкурира на Туркиш ерлајн на линиите од и до Турција. Со влезот на Пегасус, Македонија има два редовни авиопревозници. Воздухопловната власт очекува Пегасус да понуди за 50% поевтини авиобилети до Турција во однос на досегашните.

Нискобуџетниот Eagles Airlines влегува во Македонија

Eagles Airlines од Италија, која важи за нискобуџетна авиокомпанија, влегува во Македонија. Од почетокот на јули до крајот на октомври оваа компанија ќе полетува и слетува од скопскиот, римскиот и венецискиот аеродром. Засега нема најави дали и кои дестинации ќе ги понуди Eagles Airlines во зимскиот ред на летање.

http://daily.mk/cluster3/5d7e6f019c0eba32e7be372cb0364ada/775713
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 20-Jun-2011 at 12:43
Денес е 20 Јуни

W6 7702     LONDON/LUTON INTERNATIONAL     WIZZ AIR     20:50
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4692
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 20-Jun-2011 at 13:03
Нека имаат добар пат тие што ќе летаат денес и нека има се повеќе вакви летови
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 20-Jun-2011 at 14:28
MAT Airways веќе неколку недели не лета на редовните релеации помеѓу Скопје и Амстердам. Според информациите добиени од туристичката агенцијата Контики како и МАТ, MAT Airways не се сигурни кога ниту дали повторно ќе ja воведат оваа авио-врска. За сега не е возможно да се резервираат ниту купат карти на оваа релација.
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 20-Jun-2011 at 17:14
Originally posted by FoSsiL

Нека имаат добар пат тие што ќе летаат денес и нека има се повеќе вакви летови


Vcera bese prviot let. Pilotot se falese deka mnogu dobar precek im napravile. Dosta dobra yusluga imaat Wizz Air, novi avioni, ama 2 evra voda i 4 evra sendvich . Sekako zatoa kartite se tolku evtini.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 20-Jun-2011 at 17:28
Originally posted by buco55

MAT Airways веќе неколку недели не лета на редовните релеации помеѓу Скопје и Амстердам. Според информациите добиени од туристичката агенцијата Контики како и МАТ, MAT Airways не се сигурни кога ниту дали повторно ќе ja воведат оваа авио-врска. За сега не е возможно да се резервираат ниту купат карти на оваа релација.



Доколку ова е вистина, тогаш очекувам сериозна казна од надлежните македонски власти, не може авиокомпанијата да не го почитува возниот ред доколку ја добила авиолинијата. Ќе видиме што ќе биде наредните денови, како ќе се одвиваат настаните.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1890
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 20-Jun-2011 at 19:10
имаше некој прилог на ТВ за првиот лет на Виз?
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 607
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 20-Jun-2011 at 19:20
Originally posted by alexsend

имаше некој прилог на ТВ за првиот лет на Виз?

Mozno e da ima vo vestite sto se navecer vo 11 saat
Back to Top
janevj View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote janevj Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 21-Jun-2011 at 13:12
Најдов нешто интересно во врска со летовите на Eagle Airlines којашто во моментов оперира под името Prima Aero Transporti Italiani, сепак летови од Скопје до Рим и Венеција нема да има преку нив.

http://www.flightglobal.com/airspace/blogs/flybolognairport/archive/2011/06/17/prima-aero-trasporti-italiani-close-sales-to-macedonia.aspx

Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 37
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 22-Jun-2011 at 12:50
Се воведува и четврти чартер лет од Амстердам за Охрид

Туроператорот „Корендон“ воведува дополнителен, четврти чартер лет од Амстердам за Охрид и го зголемува закупот на капацитети во хотелите на охридско – струшката ривиера. Барањето деновиве било проследено до македонскиот партнер „Фибула ер травел“.
-Од 1-ви јули до 14-ти октомври  неделно од  Амстердам за Охрид ќе има по четири чартер лета, а од октомври наместо предвидените два , ќе има по три лета. Со зголемува и бројот на гости од првично најавените 8500 на 14000, кои се очекува да остварат 110.000 ноќевања, што е зголемување за околу 60 отсто, истакна  Дончо Танески, од асоцијацијата на хотелиери.

Холандскиот туроператор го зголемува и бројот на фиксен закуп на 10.000 кревети, што ги надмина сите очекувања на охридските хотелиери, кои по долги години ова лето ќе бидат исполнети со странски гости. Задоволството е дотолку поголемо затоа што бројките кои ќе се остварат оваа сезона беа предвидени за следната година.

-Барањето на холандскиот туроперaтор за нови соби под исти услови за уште еден лет пријатно не изненади. За нас тоа значи многу и ни влева доверба дека добро сме ја завршиле нашата работа, дека партнерот „“Корендон“  е високо професионален и дека имаме македонска агенција која знае да спакува добар туристички производ. Најважно од се е дека граѓаните од регионот добро ги примиле гостите и претпоставуваме дека тоа ни го носи четвртиот лет кој се надеваме дека ќе се полни и наредната година ќе имаме пет или шест летови, изјави Танески.

Хотелиерите се оптимисти дека добрата продажба на Охрид на пазарот во земјите од БЕНЕЛУКС ќе резултира со потпишување на нов договор со туроператорот „Корендон“ за фиксен закуп на капацитети во Охрид и Струга за период од три години.



http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=32143


_____
Applause
Applause
Applause
Applause
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 37
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 25-Jun-2011 at 17:53
Kako sto gledam, mislam deka Skywings pak lete ama samo kako charter airline... od 29 Juni do kraj na septemvri!
relacite se:
Skopje-Dusseldorf-Skopje,
Dusseldrof-Sarajevo-Dusseldorf,
Dusseldorf-Pristina-Dusseldorf,
Dusseldorf-Ohrid-Dusseldorf

http://skywings.info/

Najdov let za samo 5 € so skywings (Dusseldorf-Skopje)!!!!... ama ne mi sto seriozno...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 216>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.500 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.