build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4748495051 219>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1638
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #961 Posted: 13-Jun-2012 at 09:50
Originally posted by Bobi

Во целава прикаска немојте да го заборавите МАТ или МАТ Airways (тоа е истотосамо во различно пакување).Wizz може да отвори некоја нова линија па да чепне од колачето но ако се сеќавате за најавите од новата компанија дека сите овие градови беа на нејзиниот распоред на летање.Навистина ќе жалам ако само таа компанија ги држи тие летови од причина што сите знаеме колку се редовни,безбедни и ефикасни во работењето во претходниов период.



Неаргументирано и напразно не збори !!!! Значи Повикотт кој го објави Владата аплицирале 3 авио компани и тоа : EasyJet, WizzAir, Croatia Airlines. A само една била сериозно заинтересирана која ги добила субвенциите (или EasyJet или WizzAir) позз
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #962 Posted: 13-Jun-2012 at 11:02
veke e potvrdeno deka se raboti za Wizz   

a bidejki Bobi go spomna Mat eve nova episoda od serijata "Kon Tiki Sky":

KonTikiSky konecno dobija dozvola od nasite da operiraat dva dnevni leta na relacija Skopje-Bucharest (haha)

http://macedonianaviation.blogspot.de/2012/06/kon-tiki-sky-granted-licence-for-double.html

#popcorn
Back to Top
Bobi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bobi Quote  Post ReplyReply #963 Posted: 14-Jun-2012 at 10:42
Тоа беше само мое размислување,а не презентирање на некои факти или аргументи.А што ќе излезе на крај од целата работа ќе видиме кога ќе заврши,поточно кога ќе почната да ги реализираат летовите.
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 609
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #964 Posted: 14-Jun-2012 at 11:55
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0918FAE868FBFE4789A9453DB448E362
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #965 Posted: 14-Jun-2012 at 12:23
Previous

Одлични вести, единствено што ми смета се дестинациите Милано и Ајнтховен. Мислам дека подобро ќе беше Будимпешта, Брисел или да кажеме некој град во Франција. А за другиве дестинации не се ни сомневам дека ќе бидат искористени посебно во летните периоди.
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #966 Posted: 14-Jun-2012 at 12:35
Виз Ер со субвенции од Владата од есен ќе лета кон шест нови дестинации



Македонските граѓани од почетокот на ноември добиваат можност да летаат од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје кон шест нови дестинации по ниски цени кои ќе ги опслужува нискобуџетната унгарска авиокомпанија Виз Ер со субвенции од Владата.

Тоа го објавија денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, кои ја презентираа одлуката на Владата за субвенционирање на Виз Ер, авиокомпанија која ја избраа со спроведената постапка за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај.

Виз Ер, како авиопревиозник кој ќе добива субвенции во период од три години, од 28 октомври треба да воспостави летови двапати неделно кон Милано, Ајнтховен, Дортмунд и Минхен, двапати неделно од 29 октомрви до Малме, како и трипати неделно од 30 октомври до Базел. Авиокомпанијата понудила и алтернативна дестинација до Брисел која можеби ќе ја развие во наредниот период.

Виз Ер воедно презема обврска најдоцна до крајот на годинава да воспостави база од најмалку еден авион на аеродромот „Александар Велики“ и да ја одржува во период од три години согласно склучениот договор.


http://dnevnik.com.mk
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #967 Posted: 14-Jun-2012 at 12:40
А дали сте знаеле дека базелскиот аеродром е технички во Франција, а не во Швајцарија... Можеби затоа Wizz Air ќе лета таму...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #968 Posted: 14-Jun-2012 at 13:26
Originally posted by FoSsiL

А дали сте знаеле дека базелскиот аеродром е технички во Франција, а не во Швајцарија... Можеби затоа Wizz Air ќе лета таму...


da, aerodromot e podelen megju dvete drzavi i tuka e verojatno fintata ; )

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #969 Posted: 14-Jun-2012 at 13:41
КОНЕЧНО

Милано е одлична дестинација. Освен за фудбал види само RyanAir од Милано за кај се не лета
http://www.ryanair.com/en/cheap-flight-destinations

А што се однесува до Балез, Виз за првпат ќе лета таму. Така излага.
Само ме изненади што ја нема Будимпешта.
И што се случи со Пиринејскиот полуостров? Изгледа рокада се случи.

Edited by alexsend - 14-Jun-2012 at 14:00
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #970 Posted: 14-Jun-2012 at 14:35
Originally posted by FoSsiL

А дали сте знаеле дека базелскиот аеродром е технички во Франција, а не во Швајцарија... Можеби затоа Wizz Air ќе лета таму...
Bazelskiot aerodrom pravno pripaga na tri drzavi, Svajcarija, Francija i Germanija. Geografski se naoga na teritorija na Francija no od dvete strani (svajcarska i germanska) e povrzan so ulica koja bez pominuvanje na granicen premin vodi kon nego. Jas ednas napraviv greska i namesto po ulicata koja od Bazel vodi direktno kon aerodromot se odluciv na vozam preku avtopatot i odednas pred mene se pojavi granicen premin so sto pravno zavrsiv na francuska teritorija. Morav da se vrakam povtorno vo Svajcarija Smile  
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #971 Posted: 14-Jun-2012 at 23:34
Значи од зимскиот ред на летање се очекува прав бум во бројот на летовите на СКП.
Само Уиз ќе држи 8 дестинации кон кои ќе летаат вкупно 17 пати неделно, односно 34 во двете насоки. Тоа се цели 150 лета месечно или околу 1800 лета годишно, што навистина изгледа импресивно.

За да ја остварат бројката од 120 000 патници зацртана за првата година ќе треба да превезат по 66,6 патници по лет во просек, што мислам дека е тотално изводливо.
Можеби оваа година ќе стигнеме до некои 900 000 патници, при што следната година доколку се задржи овој раст (а сметам дека со доаѓањето на Уиз тој може да биде и над 20%) ќе ја пробиеме заветната бројка од милион патници.
Сепак мислам дека растот ќе запре кон 2014-2015 кога бројот на патници ќе се доближи до некој таван од околу 1 400 000 патници. Исто така мислам дека тоталниот максимум на Скопје (во поволни услови на светска економска слика и дебело заживување на македонската економија) е околу 2 милиона патници годишно.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #972 Posted: 15-Jun-2012 at 01:46
Значи стварно не ми е јасно, објавуваат листа на дестинации до каде ќе треба да не поврзе избраната авиокомпанија (Виз ер) а нема поврзување со пиринејскиот полуостровBash Ohno

Штета, ќе беше супер да имавме лет до Барселона/Мадрид...
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #973 Posted: 15-Jun-2012 at 08:45
Originally posted by mr bombastic

Значи стварно не ми е јасно, објавуваат листа на дестинации до каде ќе треба да не поврзе избраната авиокомпанија (Виз ер) а нема поврзување со пиринејскиот полуостровBash Ohno

Штета, ќе беше супер да имавме лет до Барселона/Мадрид...


kako sto se slusa, Kompanijata ja ubedila vladata deka nema nikakva ekonomska opravdanost za takvi letovi barem vo zimskata sezona , sto e sepak razbirlivo.


Edited by gorazd - 15-Jun-2012 at 08:49
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #974 Posted: 15-Jun-2012 at 09:35
Ама чекај бе малку! Нели за таа намена добиваат СУБВЕНЦИИ, за да пуштат летови кон дестинации што не се целосно исплатливи во моментов. Ако информацијава е точна, тогаш ова е тотално несериозна работа и пак криминал како со ТАВ, кога ја убедија владата дека нема економска логика да има аеродром во Штип и со тоа си заштедија 100 милиони евра или половината од инвестицијата. И како тоа може да има едни услови на тендерот за сите компании и после да се менуваат условите само за една компанија. Па така никогаш нема да видиме посериозни инвестиции кај нас поради ваквиот коруптивен третман на компаниите.

Срамота, токму поврзувањето со Мадрид/Барцелона, Париз, Брисел, Москва... итно му требаше на Скопје, а не врски за удобство на иселениците во Шведска и Швајцарија! Тендерот беше катастрофа во самиот почеток кога не се даваа средства за една дестинација туку ги ставија сите во пакет, пак сега со оваа исклучивост (не се сомневам дека зборот убедија всушност е ја подмитија Владата) тотално се зацементиравме. Затоа што не треба да се заборава дека со овие дополнителни 6 дестинации пазарот полека се заситува и со секоја следна дестинација шансите за влез на уште една нова се се помали бидејќи пазарот го достигнува максимумот.
Bash


Edited by Andrej_LJ - 15-Jun-2012 at 09:36
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #975 Posted: 15-Jun-2012 at 11:01
Нови авиолинии на Скопје му се повеќе од потребни, за тоа нема дискусија. Нема да биде ништо чудно доколку во иднина видиме повеќе превозници кои "застануваат" во Скопје или на неколку странски дестинации во еден лет по примерот на ЈАТ за Белград-Амстердам-Брисел или Белград-Скопје-Охрид а со тоа и бројот на дестинации до каде ќе може директно да се лета да се зголеми.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #976 Posted: 15-Jun-2012 at 11:29
Ако ништо друго сега многу полесно можете да се поврзете со цел пиринејски полуостров за ефтини пари. На пример преку Милано со Рајанер или Виз ќе доплатите уште 10-20 евра и не само пиринејски, ќе отидете било каде( Тенерифе, Ибица, Мајорка, Сицилиа, Сардиниа, Мароко, кипар итн)

Edited by toasumjas - 15-Jun-2012 at 11:31
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #977 Posted: 15-Jun-2012 at 11:32

Originally posted by Andrej_LJ

  Ако информацијава е точна, тогаш ова е тотално несериозна работа и пак криминал како со ТАВ, кога ја убедија владата дека нема економска логика да има аеродром во Штип и со тоа си заштедија 100 милиони евра или половината од инвестицијата. И како тоа може да има едни услови на тендерот за сите компании и после да се менуваат условите само за една компанија. Па така никогаш нема да видиме посериозни инвестиции кај нас поради ваквиот коруптивен третман на компаниите.

yep my words, i ja go sporediv uslovot za let do pirinejskiot ostrov so Stipskiot Cargo aerodrom, i na kraj ni se desava ista sutiacija.

Originally posted by Andrej_LJ

Срамота, токму поврзувањето со Мадрид/Барцелона, Париз, Брисел, Москва... итно му требаше на Скопје, а не врски за удобство на иселениците во Шведска и Швајцарија!
da, mnogu e bolje da letaat prazni avioni megu Skopje i Madrid nego krcati do Basel i Dortmund Ohno

Originally posted by Andrej_LJ


Тендерот беше катастрофа во самиот почеток кога не се даваа средства за една дестинација туку ги ставија сите во пакет, пак сега со оваа исклучивост (не се сомневам дека зборот убедија всушност е ја подмитија Владата) тотално се зацементиравме. Затоа што не треба да се заборава дека со овие дополнителни 6 дестинации пазарот полека се заситува и со секоја следна дестинација шансите за влез на уште една нова се се помали бидејќи пазарот го достигнува максимумот.


ako sme zlobni moze i da spekulirame deka tenderot e "naracan" od Wizz , bidejki ne e nikakva tajna deka Wizz pokazaa interes da otvorat novi destinacii od Skopje (bas ovie gastarbajterskive) i onda se desi zatisje pa se pojavi tenderot ...

mozebi ke vidime nov tender naskoro, ovojpat skroen za potrebite na EasyJet, Ryan i norwegian (i onaka ostanaa pari na raspolaganje)



Edited by gorazd - 15-Jun-2012 at 11:36
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #978 Posted: 15-Jun-2012 at 11:41
Горазд, те молам не шпекулирај и не ги извртувај моите тези и заклучоци!

Ако летаат полни авиони кон Базел и Дортмунд (дај Боже), тогаш кој К им требаат субвенции, нели ионака ќе бидат полни авионите?
За n-ти пат прашувам: целта нели беше да се воспостават линии за кои македонците сонуваат и имаат потреба многу време, како и да се поттикне туризмот кај нас, или да се дадат субвенции за линии од кои ионака има пазарна потреба и оправданост, а со тоа се и профитабилни?!?
Значи никој не ја спори потребата дека линии кон иселеничките центри треба да има, но тие треба да си бидат чисто пазарни. Субвенциите да одат за дестинации од кои и Македонците и Македонија и туризмот ќе имаат директен профит: Мадрид, Франкфурт, Амстердам, Париз, Москва, Брисел, Будимпешта, Берлин...

Горазд и ако може едно лично прашање: каде живееш ти, онака ме интересира оти многу се залагаш за линииве.


Edited by Andrej_LJ - 15-Jun-2012 at 11:42
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Gjorgjiev Jr. View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Gjorgjiev Jr. Quote  Post ReplyReply #979 Posted: 15-Jun-2012 at 12:02
Амстердам/Ајндховен се од големо значење, не само поради големиот интерес покажан од туристи од земјите на Бенелукс последниве години, но поради и големиот број на нашинци кои живеат во оваа земја, а ретко кога може да начекаат прилично ефтина авионска карта директно до Скопје.

Два-пати годишно летам Амстердам - [Белград/Виена/Будимпешта итн) - Скопје и често патниците се жалат дека ај што картата е прилично скапа за дестинацијата, па и мораат да летаат двапати и понекогаш да чекаат по 3-4 часа по аеродроми. Уште во почеток лошо искуство и лоша слика за туристичката дестинација.

Овој потег ќе го олесни и ќе ја намали цената на патување и на нашите во Бенелукс кој сакаат да си појдат дома и на нашинците во Македонија кој сакаат да ги посетат земјите на Бенелукс. Ако има побарувачка од една страна, се подразбира дека ќе мора да има и повратен лет, инаку како би се вратиле тие луѓе назад дома?

Ова е само мое лично мислење за поврзаноста со земјите од Бенелукс, а за тоа колку овој тендер е праведен и како сиве овие средства ќе бидат/се искористени, нема да дискутирам. А и да бидеме, искрени, ако нема интерес за некоја дестинација и компанијата нема економска добивка од сето тоа, зашто тогаш воопшто би летала на таа дестинација, и покрај тие Владини субвенции?

Edited by Gjorgjiev Jr. - 15-Jun-2012 at 12:05
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #980 Posted: 15-Jun-2012 at 12:10
Andrej_LJ сосема е валидно тоа што се буниш против фактот против субвенционирање на линии кои имаат економска оправданост само по себе. Знам дека нема да ти е лесно ни тебе ни на други ама во целата ситуација јас гледам малку надеж дека некој ради профит ненамерно, иако во вид на мали чекори, како еден вид спореден ефект со ова има допринос до развојот на авио-транспортот. Имено ако навистина сите тие линии се економски оправдани и авиокомпанијата прима субвенции ќе нуди евтини летови што ако имаме среќа ќе резултира со константно полни авиони, нешто што другите играчи во авиотранспортот нема да го превидат па ќе сакаат дел од тој колач на патници па или ќе пуштата конкурентски летови или летови до други аеродроми во некоја непосредна близина за да прават конкуранција за патниците од поширокиот регион. На пример новата линија до Дортмунд ќе биде конкурентна на летовите за Дизелдорф и Базел може да биде конкуренција на летовите за Цирих. 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4748495051 219>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.531 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.