build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5152535455 214>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MR View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MR Quote  Post ReplyReply #1041 Posted: 17-Sep-2012 at 07:35
Би сакала да одам за Ајндховен...е сега бидејќи не ги разбирам многу овие страни, може некој да ми каже колку пари е со wizzair од Скопје до Ајндховен накај 23 ноември 2012?
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 607
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #1042 Posted: 17-Sep-2012 at 07:39


http://wizzair.com/mk-MK/Select

Edited by vladegf - 17-Sep-2012 at 07:40
Back to Top
MR View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MR Quote  Post ReplyReply #1043 Posted: 17-Sep-2012 at 07:49
ова е целата цена (47,99) или ако се враќам на 28.11 треба да платам плус 25,99 евра?
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 607
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #1044 Posted: 17-Sep-2012 at 07:52
Originally posted by MR

ова е целата цена (47,99) или ако се враќам на 28.11 треба да платам плус 25,99 евра?


Ова е калкулирано само за еден правец, доколку се вратиш на 28-ми, тогаш би те коштало дополнително 30 евра
Back to Top
MR View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MR Quote  Post ReplyReply #1045 Posted: 17-Sep-2012 at 07:54
а дали ќе се вратам за 3 дена или 7 дена 30 евра е...или во зависност од деновите?
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 607
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #1046 Posted: 17-Sep-2012 at 07:59
Цената јас како што знам се менува од ден во ден, и мислам дека за секој ден е различна, денес е една цена утре може да е друга...што си поблиску до датумот тоа е поскапо
Back to Top
MR View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MR Quote  Post ReplyReply #1047 Posted: 17-Sep-2012 at 08:02
како и да е сепак фала што ми помогна
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 760
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1048 Posted: 17-Sep-2012 at 17:06
За да видиш кога има летови, т.е. на кој ден и по која цена, јас сум барал на следниов линк, каде што ти отвора календар по месеци и во денот кога има лет, ја има наведено и цената. За одбирање на друга дестинација имаш опции и можеш да смениш.

http://wizzair.com/mk-MK/TimeTable/Skopje/Memmingen
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #1049 Posted: 21-Sep-2012 at 11:14
Знам дека повеќе пати е зборувано,но за прв пат планирам да летам па да прашам.
Заинтересиран сум за Дортмунд,најдов доста поволно со Wizzair - 17,99 евра,колку што можам да се ориентирам ако чекирам on-line и не користам дополнителни услуги треба да доплатам само уште 20 евра за багаж и тоа е се.

Има ли други такси(административни,аеродромски) што не ги знам и ако има колку ќе ме чини се заедно?
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1620
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1050 Posted: 22-Sep-2012 at 01:22
И „Флајдубаи карго“ ќе лета за Скопје

Од 18 октомври, освен тоа што ќе почне да функционира директна авионска линија меѓу Дубаи и Скопје, која ќе ја одржува авиокомпанијата „Флај Дубаи“, ќе оперира и карго-превозникот „Флајдубаи карго“, кој ќе биде задолжен за транспорт на стока меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Оваа компанија е формирана пред нецела година, а во последните 10 месеци главно превезува месо, овошје и зеленчук до Индија, Пакистан, Бангладеш и земјите од поранешниот Советски Сојуз и многу свежа риба во Судан.

Што се однесува до превозот на патници, како што претходно беше најавено, летови ќе има двапати неделно, во понеделник и во четврток, а повратните билети ќе чинат од 490 евра нагоре.

Воведувањето на директната авионска врска со Дубаи се очекува да биде добредојдена за многубројната македонска дијаспора во Австралија, арапските земји, Блискиот Исток и во Азија.
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1832
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1051 Posted: 22-Sep-2012 at 08:40
Originally posted by ovaj_stariov

Знам дека повеќе пати е зборувано,но за прв пат планирам да летам па да прашам.
Заинтересиран сум за Дортмунд,најдов доста поволно со Wizzair - 17,99 евра,колку што можам да се ориентирам ако чекирам on-line и не користам дополнителни услуги треба да доплатам само уште 20 евра за багаж и тоа е се.

Има ли други такси(административни,аеродромски) што не ги знам и ако има колку ќе ме чини се заедно?


Ако имаш мало куферче (55ка мислам) и го внесеш во авион со тебе е бесплатно, при чекирање обрни внимание дали ти дава Large или Small Cabin Bag, ако е large тогаш се однесува на 55ката (55x40x20cm). За голема торба се доплаќа при купување на картата по 20 за правец, така е поевтино.

Провизијата за банка исто е задолжителна при купување на карта.

Check in порано се плаќаше по 6-7 евра, но пред некоја недела кога купував карти при самиот процес на купување пишуваше дека е 0 за on-line check in. Но на листата за такси стои дека е по 7....контрадикторно малку.

Други задолжителни такси немаш
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1620
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1052 Posted: 22-Sep-2012 at 10:44
Check in порано се плаќаше по 6-7 евра, но пред некоја недела кога купував карти при самиот процес на купување пишуваше дека е 0 за on-line check in. Но на листата за такси стои дека е по 7....контрадикторно малку

1.On-line check in od sekogas e besplatno,

2.a dodeka check in na aerodrom na salter se naplaka od6-8 evra !!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1832
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1053 Posted: 22-Sep-2012 at 15:26
Originally posted by Obedineta Makedonija

Check in порано се плаќаше по 6-7 евра, но пред некоја недела кога купував карти при самиот процес на купување пишуваше дека е 0 за on-line check in. Но на листата за такси стои дека е по 7....контрадикторно малку

1.On-line check in od sekogas e besplatno,

2.a dodeka check in na aerodrom na salter se naplaka od6-8 evra !!


On-Line не е одсекогаш бесплатно, лани летав за Венеција и платив + по 6 или 7 евра по карта

EDIT:

Сега проверив точно:
За купување со VISA тогаш беше 6 евра (сега е 8), а за онлајн чекин пратив по 5 евра по карта.

Edited by alexsend - 22-Sep-2012 at 15:28
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1608
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1054 Posted: 22-Sep-2012 at 16:28
Sramota e da se naplaka on-line check in.
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #1055 Posted: 23-Sep-2012 at 11:32
Ќе се учиме да се чекираме само online ...

EDIT: Според нивната веб страна чекирање на интернет е бесплатно, check-in купено во исто време со картата е 7 EUR а на самиот аеродром 15 EUR

http://wizzair.com/mk-MK/useful_information/web_check-in

"Како дел од залагањето за намалување на цените и нудење поевтини карти на патниците, од 1 април 2010 година Wizz Air ќе воведе такса за пријавување на аеродром. Пријавувањето на аеродром купено во моментот на резервирање ќе чини 7 EUR, а доколку се купи на аеродром на денот на поаѓање ќе чини 15 EUR. Услугата за пријавување преку интернет е целосно бесплатна"

Edited by buco55 - 23-Sep-2012 at 11:36
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1056 Posted: 13-Oct-2012 at 14:56
Од четврток директна линија Скопје-Дубаи
Сабота, 13 Октомври 2012 15:29

„Флајдубаи“ ја проширува својата мрежа со нови директни летови кои ќе го поврзуваат Дубаи со Скопје и со Букурешт.

Извршниот директор на „Флајдубаи“, изјави дека воведувањето на директни линии ја отсликува посветеност на компанијата за поврзување на Балканот со Блискиот Исток.

Тој додаде дека на овој начин им се нуди поголем избор на клиентите, зголемување на меѓународните патувања, како и можности за трговија.

Воведувањето на овие две дестинации во понудата на „Флајдубаи“, имаат за цел да ја зајакнат позицијата на носечка авиокомпанија на Блискиот Исток, но истовремено да понудат и евтини билети за овие дестинации.

Оваа нискотарифна авиокомпанија информира дека летовите од и до Скопје стартуваат од 18 октомври, два пати неделно до нашата метропола.'

http://kurir.mk/makedonija/vesti/88089-Od-cetvrtok-direktna-linija-Skopje-Dubai
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4691
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1057 Posted: 13-Oct-2012 at 15:27
Некои си 430 евра за повратен лет со вклучени такси и 7кг рачен и 20 кг патен чекиран багаж...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1832
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1058 Posted: 13-Oct-2012 at 18:49
Има датуми за кои може да се најде карта за 380 евра се комплет.

Прашањето ми е: Како до виза?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1620
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1059 Posted: 16-Oct-2012 at 01:58

ДРЖАВНИТЕ СУБВЕНЦИИ ВО АВИОСООБРАЌАЈОТ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ

До Европа се лета за 20 евра



Лет од Скопје до Лондон, Милано, Дортмунд и до други европски метрополи по цени кои почнуваат од 20 евра, а оттаму поволни и брзи авиоврски до Австралија, Америка, Русија и до азиските земји. Навистина, билет по толку ниска цена може да се најде само ако се резервира неколку месеци однапред, но, сепак, веќе не може да се каже дека македонските граѓани плаќаат најскапи авиобилети во регионот и дека немаат избор за летови кон поголемите европски градови.

Давањето под концесија на аеродромите во Скопје и во Охрид на турската компанија ТАВ, која ги реконструира и модернизира, потпишувањето на Спогодбата за единствено европско небо и државните субвенции за новоотворените авиолинии, значително ја зголемија фреквенцијата на патници и на авиони на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. апостол Павле“ во Охрид во последниве две години. Според статистичките податоци, во првите осум месеци од годинава бројот на патници на двата аеродрома бележи раст од 12 отсто во споредба со истиот период лани и ја достигна цифрата од 627.156 патници.

Со претстојниот зимски ред на летање нискотарифната авиокомпанија „Виз ер“ воведува летови кон шест нови дестинации, а од четврток првпат „Флај Дубаи“ ќе лета од Македонија кон Обединетите Арапски Емирати, а оттаму ќе нуди врзани летови за Австралија, Русија и Азија.

Со ова, македонските воздухопловни власти очекуваат конечно да се помине психолошката граница од 1 милион превезени патници во текот на една година.

- Зголемената понуда треба да донесе намалени цени на авиобилетите и повеќе туристи. Секој месец има пораст на бројот на патници кон и надвор од Македонија. Летово најмногу се патуваше на дестинациите кон Истанбул, Виена и Венеција. Со новите дестинации очекуваме да се достигне предвидената бројка од милион патници, ако не годинава, тогаш в година - вели Дејан Мојсовски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Цените на билетите на нискотарифните компании зависат од терминот за патување и од поволностите што сака да ги добие патникот во текот на летот. Така, преку интернет-страницата на „Виз ер“, билет за Милано може да се купи за 290 денари за лет на 29 октомври, за 590 денари за 30 ноември, а за термин пред католичкиот Божик билетот се продава за 890 денари. Ако имате среќа, може да добиете и билет по промотивна цена од 50 денари. Лет до Дортмунд на 28 октомври чини 3.490 денари, во ноември може да се најде по цена од 1.590 до 2.190 денари, а во декември од 890 до 3.490 денари. На овие цени треба да додадете 500 денари за провизија ако билетот го плаќате со „мастеркард“ или „виза“, трошок што го нема ако имате картичка од авиокомпанијата. Од багаж бесплатно може да се внесе торбичка со тежина до 10 килограми, која може да ја собере под седиштето, а ако треба да ја ставите во преградите над седиштето, ќе платите 600 денари. Инаку, за една голема торба се плаќа по 1.250 денари. Чекирањето преку интернет е бесплатно, но ако тоа го направите на аеродром, ќе треба да доплатите уште 440 денари. За резервација на билетот, повеќе простор за нозете или приоритетно качување во авионот се доплаќа 500 денари. Ако мислите дека ќе го промените времето и датумот на летот, тогаш, за да не ви пропадне билетот, платете однапред 620 денари. На патниците им се дава можност за овој износ да добијат гаранција од 100 евра ако биде одложен летот, а за 60 денари ќе добијат потврда и детали за летот преку СМС на мобилен телефон. Сепак, и со сите овие дополнителни давачки, цената на билетот во еден правец достигнува до максимум 6.500 денари, што е многу помалку од пред неколку години кога немаше повратен лет поевтин од 500 евра до која било европска земја.



Kризата ги погоди аеродромите во Загреб и во Љубљана

Приштинското воздушно пристаниште во првата половина од годинава бележи позитивни резултати. Со вкупно превезени 658.304 патници, остварен е пораст од 7 отсто во однос на истиот период лани. И Црногорците можат да се пофалат со раст од 8,7 отсто. Низ белградскиот аеродром „Никола Тесла“ поминале 1.481.982 патници, што е зголемување за 11 отсто. Во Софија е забележан минимален раст од 0,7 отсто во првите шест месеци. Во Словенија бројот на превезените патници е намален за 12,9 отсто, а преку љубљанскиот аеродром „Јоже Пучник“ летале околу 1,2 милион патници. Загрепскиот „Плесо“ бележи пад на патничкиот авиосообраќај за 2,3 отсто со превезени 1.038.479 патници.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C601C2EC03EC3047A45235785E623495

Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1620
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1060 Posted: 18-Oct-2012 at 01:14

ОД ДЕНЕСКА СКОПЈЕ НА ЛИСТАТА НА АВИОКОМПАНИЈАТА ФЛАЈ ДУБАИ


Директен лет Скопје - Дубаи - Скопје за 500 евра


Скопје од денеска е новата дестинација на авиокомпанијата Флај Дубаи од Обединетите Арапски Емирати. Флај Дубаи два пати неделно ќе остварува директни летови на релација Дубаи - Скопје и обратно со цени почнувајќи од 490 евра. 
-Линијата кон Скопје уште подлабоко ја илустрира посветеноста на Флај Дубаи при проширувањето на врските од Блискиот Исток до нови дестинации со кои историски не постоеја доволен број директни авиоконекции до Обединетите Арапски Емирати. Покрај тоа, Македонија низ светот има значителна иселеничка популација што сега ќе може почесто да ги посетува своите пријатели и семејства благодарение на врските преку нашиот транспортен центар во Дубаи - истакнува првиот човек на Флај Дубаи, Гаит ал Гаит кој со поголема делегација од компанијата и новинари во понеделник пристигнува во Скопје.

Летовите за Дубаи ќе се реализираат двапати неделно (во понеделник и во четврток). Летот со ознака ФЗ792 ќе полетува од аеродромот "Александар Велики" во 13.25 часот, а ќе пристигнува во Дубаи во 20.35 по локално време. Повратниот лет со ознака ФЗ791 е закажан да го напушти вториот терминал на меѓународниот аеродром во Дубаи во 9.15 часот, а да слета во Скопје во 12.40 часот по локално време.

"Флај Дубаи" работи според едноставен модел што на купувачите им овозможува да плаќаат за услуги што сакаат да ги добијат. Цените на билетите ги вклучуваат сите такси плус едно парче рачен багаж до седум килограми и еден мал лаптоп или торба, како и пријавен багаж до 20 килограми. За седиште со дополнителен простор за нозете се доплаќа 21 евро. Во леталото патниците можат да изберат од долгата листа понуди што вклучува пакети за забава во текот на летот, разновидно мени со освежувачки пијалаци и производи што не подлежат на царина. 
Билети за летовите меѓу Скопје и Дубаи можат да се купат од официјалната интернет-страница на компанијата (њњњ.флѕдубаи.цом), преку травел-партнерите или од телефонскиот центар (+3892-3211-133) што почна со работа на 15 јуни 2012 година. Детали за изнајмувањето автомобили преку авиопревозникот, исто така, се достапни на интернет-страницата.

http://vecer.com.mk/?ItemID=95F69730A7772C4FBC189D1C27D0FCF7
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5152535455 214>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.578 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.