build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 229230231
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4601 Posted: 19-Apr-2022 at 12:48
30 секунди на Гугл ќе ти го одговорија прашањето, но штом си веќе тука:

https://gullivair.com

Во иднина, за да ти е полесен животот:

https://www.skyscanner.net
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Leo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 02-Mar-2022
Online Status: Offline
Posts: 46
  Quote Leo Quote  Post ReplyReply #4602 Posted: 19-Apr-2022 at 14:28
Originally posted by гитардемон

30 секунди на Гугл ќе ти го одговорија прашањето, но штом си веќе тука:

https://gullivair.com

Во иднина, за да ти е полесен животот:

https://www.skyscanner.net


Blagodaram
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #4603 Posted: 21-Apr-2022 at 09:37
novo:
od charter programata na Aurora: ednas sedmicno Skopje-Monastir (Tunis) so Nouvelair (tuniska aviokompanija) pocnuvajki od 21.6. Monastir e aerodrom na TAV btw.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14157
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4604 Posted: 27-Apr-2022 at 15:06
Originally posted by gorazd

@admins a da ja vratite "aviokompanii i linii"-niskata od nirvana?


Еве ја...
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15032
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4605 Posted: 03-May-2022 at 10:09
ПРЕСТАНА ПРОДАЖБАТА НА КАРТИ ЗА ЛЕТОТ СОФИЈА-СКОПЈЕ, НАЈАВУВАН ОД ПЕТКОВ КАКО ПРВА МЕРКА ЗА ГРАДЕЊЕ ДОВЕРБА

Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија-Скопје од 21 мај, објави специјализираниот авионски портал „Екс Ју Авијација“.

САКАМДАКАЖАМ.МК провери на сајтот на „Гуливер“ за онлајн продажба на карти каде покажува дека летовите од 21 мај натаму се распродадени, што е чудно, бидејќи денешниот лет беше со седуммина патници, а претходно, според наши извори од Скопскиот аеродром се случувало да има и летови со двајца-тројца патници, помалку од екипажот во авионот.

Засега е нејасно дали се укинува летот, бидејќи нема објаснување од бугарската авиокомпанија, која престана да продава карти и за Тирана. Скопје и Тирана беа единствените странски дестинации на „Гуливер“. „Гуливер“ го одржуваше летот Софија-Скопје со турбопропелерски авион АТР 72-600, кој е со капацитет од 65 седишта. Летовите беа во понеделник и сабота, во 5 часот наутро.

Авиолинијата Скопје-Софија беше најавувана како голем проект од бугарскиот премиер Кирил Петков, како прва од мерките за градење доверба меѓу двете земји. Во јануари, тој кажа дека авиолинијата ќе биде компромис од бугарската страна во преговорите со Македонија, бидејќи тие ќе ја финансираат.

„Бугарија може да биде иницијатор за стартување на линијата Софија-Скопје. Компромисот е кој ќе ја организира, тој и да ја финансира таа линија“, кажа тогаш Петков.

Авиолинијата почна да функционира пред месец дена со редовни летови, а во февруари го имаше првиот лет, со министрите за транспорт и врски на двете земји Благој Бочварски и Николај Сабев и со бугарски туроператори.

Ова е четврти обид да се воспостави редовна авиолинија меѓу главните градови на Македонија и Бугарија, а претходните три беа неуспешни поради мал број на патници.

Првите летови меѓу Скопје и Софија почнаа есента 1992 година, кога авиокомпанијата „Хемус Ер“ леташе со Лет Л-140, кој собира 18 патници. Подоцна се леташе со поголемите авиони Јаковлев Јак-40 и Тупољев Ту-140, бидејќи ја користеа патници од Косово за врзаната линија Софија-Осло. Но, по неколку години интересот се намали и летовите запреа.

По влезот на Бугарија во ЕУ, во декември 2007 година беше обновена линијата Софија-Скопје. Овојпат леташе „Бугарија Ер“, трипати неделно со АТР-42, со капацитет од 40 патници, по цена од 49 евра. Но, и овие летови не успеаја да привлечат доволно патници и повторно беа укинати.

Претпоследниот обид да се востанови линијата беше во 2010 година и тоа траеше кратко.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/prestana-prodazhbata-na-karti-za-letot-sofija-skopje-najavuvan-od-petkov-kako-prva-merka-za-gradene-doverba/
Carpe diem
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4606 Posted: 03-May-2022 at 16:50

Значи ни еден мини турбопроп два пати неделно не се пополнува. Да не зборуваме за автобускиот превоз кој од почетокот на короната е скоро непостоечки, а имаше и месеци каде воопшто не постоеше. Показател колку имаме ние контакт со соседната држава. Како да сме Северна и Јужна Кореја.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 889
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #4607 Posted: 03-May-2022 at 19:20
Авиокомпания GullivAir не планира спиране на редовната линия София - Скопие
https://bta.bg/bg/news/bulgaria/260170-aviokompaniya-gullivair-ne-planira-spirane-na-redovnata-liniya-sofiya-skopie
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #4608 Posted: 03-May-2022 at 20:31
Па, самите Бугари тоа си го прават со своите потези, не сме ние криви.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4609 Posted: 04-May-2022 at 17:30
Очекуван исход! Со сила беше воведена како политички прокет за две држави кои финански неможат да издржат таков лукзус. Подобро ќе беше да се воведат сезонски Софија-Охрид и Скопје-Варна/Скопје-Бургас. Еве шанса сега за летната сезона да дадат втора шанса со овакви линии. Доста со глупирањето!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 229230231

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.875 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.