build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончеви потенцијали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 01-Sep-2011 at 22:28

Originally posted by pbanks

АТЦ, колку што јас знам, нема регулатива за вишокот од вакво индивидуално  производство на струја да може да се продаде преку дистрибутивната мрежа. Значи приклучок може да се направи со дистрибуциската мрежа но за вишокот струја не би добил ништо.

да, домакинство сеуште неможе да продава, за сега само фирма ја имат таа привилегија[1] но и ова ќе се смени

Произведената струја ќе се предава на нисконапонската мрежа на ЕВН- Македонија, а плаќањето на предадената струја ќе оди преку МЕПСО, бидејќи според законската регулатива државата преку привилегирани тарифи ја откупува струјата произведена од сонце, ветер и биомаса. http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=256&PID=39513#39513

Регулаторната комисија за енергетика со одлука објавена во Службен весник определи дека цената за купопродажба на електрична енергија произведена и испорачана од фотоволтни системи е најмалку двојно повисока од струјата приозведена од традиционалните извори.
Соларната електрична енергија со моќност до 50 киловати се продава по 38 евроценти за еден киловат-час, а соларната струја со моќност од 51 до 1.000 киловати ќе се продава по 34 евроценти за киловат-час.
http://forum.kajgana.com/threads/Соларна-енергија.35369/page-9#post-3419497

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 02-Sep-2011 at 00:34
Originally posted by Makedon PV

A jas tragam uste po informacii za tocni subvencii vo MK!
Na nekolku veb stranici imaja stari informacii za subvenciite od pred nekolku godini.

на субвенции не се надевај многу, со оглед дека се ограничени http://energetskaefikasnost.info/?p=269 единствено од корист ти е да бараш екстра попуст од постојната компанија со која веќе си соработувал, ем бидејќи повеќекратен муштерија ем бидејќи индиректно би им направил реклама на овој пазар... оди на опција бар транспортот да не ти го вкалкулираат за да ги добиеш постојните цени со се' него, а на крај понудата споредија со балканските од пост #28 во нишкава

Makedon мене ме интересира (да прашаш) колку расте цената на панелите заради заштитното стакло, пр. отпорни панели на физички стрес како врнежи од град, имаат заштитно стакло но и намален коефициент на апсорпција на светлина заради истото http://www.electricgreensolar.com/solarpv.html#Q5

Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 02-Sep-2011 at 09:25
Originally posted by pbanks

АТЦ, колку што јас знам, нема регулатива за вишокот од вакво индивидуално производство на струја да може да се продаде преку дистрибутивната мрежа. Значи приклучок може да се направи со дистрибуциската мрежа но за вишокот струја не би добил ништо.


pbanks, и јас ги имам истите информации, дека нема начин вишокот да се продаде, но и тоа е надминливо, се што треба да се направи е да се проектира системот да е со капацитет помал од потрошувачката, но не се знае како би се вршело порамнувањето (дневно, месечно или годишно), во смисла, ако денес произведам 40kw, а потрошам 10, дали можам останатите 30 да ги искористам во следните неколку дена кога на пример нема да има сонце и нема да произведува системот. Во некои држави гледам дека порамнувањето се врши годишно, и доколку се јави вишок на страната на индивидуалниот производител (пример, ПВ системот произвел 12000kw,  а домаќинството потрошило 10000, тогаш, во некои држави тој вишок се плаќа по повластени цени, во некои по редовни пазарни цени, а во некои, едноставно вишокот се брише, односно и го даваш гратис на енергетската компанија. Сепак, тоа се регулативи кои ги поставува државата.

Кај нас би било доволно вишокот да можеш да го "складираш" во мрежа, и да го користиш тогаш кога ќе ти треба. Ова се постигнува наједноставно, со двонасочно броило, а новите дигитални броила што ги поставува ЕВН од Искра, ја имаат таа можност. Е сега, од маилот што го добив од ЕВН, и кој го постирав во претходниот пост, може да се заклучи дека таква опција е возможна, но немам повеќе информации.

Originally posted by Makedon PV

Zdravo ATC@LWSK

Kako prvo ti blagodaram mnogu za tvoite informacii, no sepak kako sto jas sum zapoznaen preku mediumite znam deka vo MK ima subvencii i deka sekoj KW se plajka (odkupuva) od prilika 24 centi vo rok od 15 godini.

Cenata sto e plativ od 2100 evra po KW e pazarna vo taa cena nema nikakvi subvencii. Samo ovaa cena od 2100 e bez DDV (danok od 19%), danok se plaka od 19% ali vo rok od 4 nedeli drzavata ti gi vraka 19%. Vo tie 2100 € e se vnatre (montaza, priklucok, konstrukcija, sat za merenje, shrankche za satot, panelite, inverter, kabel itn.). Pa mnogu me zacude kolku e visoka cenata vo MK.

E sega vaka, kako odi subvencijata vo GER.
Ima dve mogucnosti:
Prva - Cela struja sto kje e proizvedis e prodavas na lokalnata mreza (ovaa godina po 28,74 centi pa se do narednite 20 godini e dobivas istata cena)
Vtora mogucnost - Mozis da e koristis strujata za svoja potreba a toa sto e povejke go prodavas. Za taa struja sto e koristis dobivas plus subvencii ali pomalce od 28,74 ali na kraj ti ispajga povejke zatoa sto 19 centi sto normalno koshta strujata ne gi plajkas i plus dobivas subvencii pa ti ispajga povejke od 28,74 centi. A dodeka iskoristis povejke od 30% od taa struja sto si proizvedil dobivas uste povejke subvencii mislam deka se nad 20 centi.
Ednostavno Germanija saka so toa povejke da gi navlece lujgeto za svoja potreba da go pravaat, se isplajka povejke.

Kaj mene e vaka. Do juli mesec juznata strana mi bese za svoja potreba i toa sto bese povejke go prodavav. Od juli koga go napraviv i vtoriot sistem go smenav dogovorot. Juznata strana sto proizveduva go prodavam seto na gradskata mreza zatoa sto subvencijata mi e pogolema i povejke pari nosi i plus vo najubavoto vreme od 12h pa do 15h nikoj ne e doma i nemozam bas ubavo da e koristam strujata i nikako kje nemozam da dojdam do potrosuvacka od 30% posto. Dodeka zapadnata strana kade sto e najpogodno vremeto izmejgu 15h pa do 18h se razbira zboram za vo leto, vo toa vreme sme site doma i se razbira najmnogu struja trosime. Pa zatoa se odluciv za zapadniot sistem so svoja potrosuvacka i toa sto e povejke da go prodavam.

Izvini ako pisuvam preopsirno.

Eve malce podatoci od mojite sistemi.
Imam na sekoj sistem po dva inverteri od markata SMA Sunnyboy na juznata dvata od po 3000 wati, a na zapadnata 1 od 4000 wati i eden od 3000 wati.
Panelite od juznata strana se od Canadian Solar (kanadska firma koja denes seto proizvodstvo go pravi vo Kina)
a Panelite od severnata strana se od firmata ET Solar edno dobra Kineska firma so germanski kapital.

Sto se odnesuva do proizvodstvoto sprema sever i jug, razlikata vo letniot period ne e bas mnogu golema zatoa sto e mnogu golem denot pa zatoa proizvodstvoto e priblizno isto. Dodeka na Jug se dvizi okolu 6 kw po kw/p toes 6 po 6.8 = 40.8 kw
a na zapad okolu 5,1 pa do 5,4 kw po kw/p.

Jas vo Germanija sum mnogu na sever vo blizinata na Dortmund pa tuka nemame tolku mnogu soncevi denovi, tie sto se vo juzna germanija uspevaat da napravat mnogu povejke zatoa sto imaat povejke soncevi denovi a da ne zboruvame za Makedonija.

Pa za skoro vreme se nadevam deka kje napravam nesto i vo MK. Pa mozi i nesto povejke.

So ovaa tematika se bavam vejke nekolku godini.

Dodeka imas uste prasanja, slobodno prasuvaj ili nekoj drug.

A jas tragam uste po informacii za tocni subvencii vo MK!
Na nekolku veb stranicii imaja stari informacii za subvenciite od pred nekolku godini.

Pozdrav od Makedon PV


Македон,

како што напишав во претходниот пост, а и другите можат да потврдат, субвенции, односно откуп на ел. енергија произведена од ПВ систем по повластени тарифи може да добие само правно лице, чија дејност е производство на ел. енергија од обновливи извори, за што мора да поседува лиценца издадена од РКЕ (www.erc.org.mk) и за која лиценца мора да достави обемна документација. Таа лиценца ако се сеќавам добро чини околу 500 евра. Моменталните тарифи можеш да ги видиш овде http://www.erc.org.mk/Uploads/EE-C-2010.07.27-ODLUKA%20POVLASTENATARIFA%20EE%20OD%20FOTOVOLTAICI%20-%20GS.pdf

Значи, цената од 2100 евра по kw е без ДДВ. Овде, во Македонија поврат на ДДВ нема, а не знам по која стапка се тарифираат овие производи. Значи во најлош случај, очекувај ДДВ а можеби и царина (ако знае некој кои давачки се плаќаат за овие производи, нека сподели). Плус, ако фирмата ти ја нуди оваа цена сосе транспорт, тоа е феноменална понуда, бидејќи за транспорт на сите материјали, сигурно ќе треба најмалку камион, кој од Дортмунд до овде не е помалку од 3000 до 5000 евра (слободна проценка).

Инаку за опциите за субвенции што ги наведе, воопшто не ме чуди, затоа што Германија е лидер во светот од однос на поттикнување на користење на обновливи извори на енергија, и ние можеме само да копнееме по таков поттик од нашата држава. Ни треба и нам еден Herman Scheer да ги мрдне работите, но ние таков немаме

Поздрав


Edited by ATC@LWSK - 02-Sep-2011 at 09:34
Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 02-Sep-2011 at 09:29
Originally posted by Max

на субвенции не се надевај многу, со оглед дека се ограничени http://energetskaefikasnost.info/?p=269 единствено од корист ти е да бараш екстра попуст од постојната компанија со која веќе си соработувал, ем бидејќи повеќекратен муштерија ем бидејќи индиректно би им направил реклама на овој пазар... оди на опција бар транспортот да не ти го вкалкулираат за да ги добиеш постојните цени со се' него, а на крај понудата споредија со балканските од пост #28 во нишкава

Makedon мене ме интересира (да прашаш) колку расте цената на панелите заради заштитното стакло, пр. отпорни панели на физички стрес како врнежи од град, имаат заштитно стакло но и намален коефициент на апсорпција на светлина заради истото http://www.electricgreensolar.com/solarpv.html#Q5



Max, тие субвенции државата ги нуди за соларни термални колектори, а не за фотоволтаици, и изнесуваат максимум 300 евра.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 02-Sep-2011 at 15:16

ова излезе дека не се ни ограничени Smile 

што е за царината таа исто е дефинирана како сончеви колектори а се однесува на сите видови, пребарај тарифен број т.е. ознака 8419 19 00 10 или наименување сончеви на http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=61 засега царина 0% ддв 5%

а ова за поврат на ддв за физичко лице во германија прв пат слушам, претпоставувам може соларниот систем како бенефиција да е ослободен од ддв или да го купиш системот преку фирма па да добиеш поврат на ддв, но дека на индивидуалец му враќаат ддв нит сум чул нит можам да најдам на нет инфо[1] освен евентуално ако ги нарачал панелите од друга еу земја[2]


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 02-Sep-2011 at 17:54
Originally posted by ATC@LWSK


Max, тие субвенции државата ги нуди за соларни термални колектори, а не за фотоволтаици, и изнесуваат максимум 300 евра.


Не само што субвенцијата е смешна (во однос на цената на чинење на еден термален колекторски систем и во однос на бенефитот кој би го имале како држава ако се користат соларни термални колектори) туку и бројот на поделени субвенции е прилично мал инаку по FIFO принцип. Дополнително, од се убаво звули во рамки на кампања но таму никој не ги спомнува разноразните правилници кои некои бирократи ги сковале. На пример знам за случај каде апликацијата е одбиена, каде инвеститорот гради куќа за живеење во едно скопско предградие, но нормално адресата на живеење му е сеуште старата во град во процесот на градба. Епа бирократите во таков случај сметаат дека инвеститорот гради викендичка а за викендички решиле да не даваат субвенции.


Back to Top
Makedon PV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Makedon PV Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 02-Sep-2011 at 19:55
Da, DDV se vrajka. Ti go plajkas prvin a vo rok od 3-4 nedeli ti go vrajkaat. So panelite nema vrska kade se kupine, oti ti gi kupuvas vo Germanija i plajkas skoro na se DDV od 19% osven na jadenjeto e 7%.

I mene mi e smesno. Ali se plajka na firmata a drzavata ti go vrajka nazad.

Pozdrav
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 02-Sep-2011 at 21:10

јас мислев генерално зборувате дека индивидуалец има право општо поврат на ддв, а всушност станува збор за субвенција преку даночно олеснување...  

Large scale commercial systems are given tax credits, which means that they might benefit from VAT exemption.

In Germany, there are also green loans, provided to both private and commercial investors. Private investors can benefit from 100 percent interest free loans, while commercial investors are provided 50 percent redemption on interest rates for several years. http://www.renewablepowernews.com/archives/1610


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 03-Sep-2011 at 00:05

ако се твоите панели од Феникс пазарени еве ги и во мк индиректно, или како филијали ќе ги најдеш најблиску во грција и бугарија од комшилуков, па евентуално на тој начин да заштедиш на транспорт...

Сонцето е најдобрата алтернатива за Македонија

Уве Хартман - директор на Германското друштво за сончева енергија.

 Неодамна, во Скопје, на Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) свечено беше отворена единствената Школа за обновливи енергии, како една од активностите на германскиот Центар за енергетска ефикасност и обновливи енергии http://www.gec.mk. Школата работи по принципот на германските Соларни школи, a целта е да се пренесат германските искуства во тие области. Формирана е преку јавно- приватно партнерство со DGS - Германското друштво за соларна енергија (Deutsche Gesellschaft fuer Sonnenenergie), германската фирма за производство на сончеви колектори Феникс http://www.phoenixsolar.com и GTZ - Германското друштво за техничка соработка. 

Носител на Школата во Македонија е Факултетот за бизнис економија од Скопје (www.fbe.edu.mk). Наставата во Школата опфаќа различни видови обуки меѓу кои за соларна термија - загревање на вода со користење сончева енергија, фотоволтаик - за добивање струја од сончевата енергија и курс за енергетската ефикасност во градежните објекти. Школата е опремена со најсовремени наставни помагала, како симулациски уред за следење на работата на соларните колектори, лиценцирани софтвери за симулација, мерни инструменти, термовизиска камера, примерок на целосен систем за соларно греење на вода и т.н. Обуката ја изведуваат предавачи од Германија согласно наставните програми на германските Соларни школи и литература преведена на македонски. Токму ова беше повод за разговор со директорот на Германското друштво за сончева енергија д-р Уве Хартман, кој покрај присуството на официјалното отворање на Школата го одржа и четвртиот курс во неа. Седиштето на ова друштво е во Берлин. Како што вели д-р Хартман, Друштвото има тесна соработка со германската влада по овие прашања, тој и неговите експерти работат во Соларни школи, издаваат списанија, прават стручни експертизи... За неговите очекувања од Школата во Македонија вели дека се надева во следните четири до пет години уште многу такви курсеви да се органиираат и знаењата од оваа област да се прошират низ убавата Македонија.

Господине Хартман, како експерт за соларната и воопшто за обновливите извори на енергија и познавач на состојбите со тие видови енергија во светот, во германија и во Македонија, како ја оценувате актуелната состојба во германија со користењето на обновливите видови енергија?

- Ситуацијата во оваа област во Германија е одлична, ако се гледа развојот последните години, посебно во областа на производство на електрична струја. Тоа значи дека учеството на струјата произведена од обновливи извори достигнa до 20 проценти во вкупното производство.

Во германија се водеше бурна расправа за работата на атомските централи. Дури беше предвидено некои од нив да се затворат во наредните 10 години, но потоа таквите решенија се одложија. Дали сте вие приврзаник на изградбата на атомски централи или на користење на обновливи извори енергија?

- Ова е директно прашање и сакам такви прашања. Ситуацијата е комплексна и деликатна. Ние, како DGS (Германско друштво за соларна енергија) секако се залагаме за почитување на договорот од 2000 година, со кој се предвидува затворање на сите атомски централи во Германија до 2020 година. Ние стоиме цврсто за исполнување на тој договор. Како што кажав ситуацијата е деликатна бидејќи, фактички тајно, е направен договор на владата со големите концерни за производство на струја за продолжување на работата на атомските централи. Меѓутоа, сакам да напоменам дека тоа не е конечно решение, бидејќи ќе дојдат жалби, тужби и сл. Тоа решение не е конечно. Сакам да кажам дека оваа варијанта што сакаат да ја направат, со продолжување на работата на постојните атомски централи, не служи за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на Германија, туку единствено служуи за зголемување на профитите на големите концерни кои произведуваат струја од атомска енергија. Според договорот што го споменав, од 2000 година, од 22 атомски централи што беа тогаш во Германија, пет се затворени и не се предизвика нарушување на снабдувањето со струја. Од 17-те атомски централи кои останаа да работат, две имаа сериозни технички дефекти, но и покрај тоа снабдувањето со струја не се наруши.

Вие повеќе пати доаѓате овде и претпоставувам дека сте запознати со состојбите. како ја оценувате ситуацијата со користењето на обновливите извори на енергија во Македонија?

- Ситуацијата практично е нула, ако ги исклучиме хидроцентралите. Мене посебно ме загрижува производството на струја од мазут и јаглен кои многу влијаат врз загадувањето на воздухот. Тоа значи дека јас посакувам за снабдување со струја да се изградат погони за нејзино производство од ветерна енергија и од фотонапонски ќелии. Сакам да напоменам, во однос на сертификатите за емисиите на CO2, тие досега се поделени, но од 2013 година тие ќе треба да се купуваат. Не знам како ќе се однесуваат тие што произведуваат струја од мазут или јаглен, кога ќе треба да ги купуваат. Според мене во Македонија, посебно, има смисла користењето на фoтоволтаични ќелии за произведување на струја. Особено земајќи предвид каква голема сончева радијација имате.

Што мислите Вие за искористувањето на тие потенцијали од сончевата радијација?

- Прво, би кажал за фотнапонските ќелии. Македонија има околу 25.000 квадратни километри површина. Една теоретска претпоставка: aко се затворат сите извори на енергија кои сега ги има во Македонија и се стават (користат) само фотоволтаици, тогаш за производство на истото количество струја е потребна една површина од само 160 квадратни километри со фотоволтаици, значи теоретски се покрива целата потрошувачката. Следно што би можело да се направи е да се намали потрошувачката на струја за топла вода, бидејќи како што слушнав прилично струја се троши за загревање на водата. Па наместо тоа, барем делумно да се користи соларна енергија за термички потреби. Значи не фотоволтаици, туку термички да се користи сонцето, што технички е сосема едноставно, евтино и не бара некои посебни услови.

Кај нас има идеи да се гради атомска централа или пак да се учествува во изградбата на централата во Белене. Може ли да споредите колкава е инвестицијата да се направи фотонапонска централа на тие 160 км2 или да се изгради една атомска централа?

- Значи, за фотонапонска централа ќе ви требаат околу 10 милијарди евра. За атомска централа меѓу 5 и 10 милијарди евра, бидејќи никој не знае колку на крајот ќе чини таа. Најмалку пет, а можеби и 12 милијарди евра. Но, да не заборавите дека фотонапонската централа нема такви трошоци за експлоатација, за разлика од атомската централа, каде што никој не знае, на пример, каде ќе го носи атомскиот отпад и колку чини тоа. Значи трошоците за одржување на атомската централа се многу поголеми. Да не се заборави, а тоа е актуелен факт, дека Кина забрзано гради атомски централи, го купува целиот ураниум во светот и никој не знае колкави ќе бидат цените на тоа гориво.

При отворањето на школата рековте дека во германија има многу добра правна регулатива за обновливата енергија и Вие би сакале тоа искуство да го пренесете во Македонија. Знаете ли до каде е Македонија во оваа област?

- Секако, но прво би кажал за искуствата во Германија. Прво во 1990 година, а потоа во 2000 година има донесено Закон за обновливи енергии. Значи, таму се дадени откупните цени - тарифите за откуп на енергијата од сонце, геотермија, од биомаса и од хидроцентрали. Овој закон им дава правна сигурност на инвеститорите дека ќе работат, ќе ги користат постројките со обновлива енергија за профит. Од тоа ќе имаат профит, бидејќи без профит никој не работи. Значи тоа е клучно прашање, било да се работи за атомска или за централа на јаглен или фотонапонска, никој нема да инвестира ако нема профит. Таква правна сигурност за Македонија е од одлучувачко значење за вакви инвестиции. Меѓутоа, секако, ова некој мора да го плати. И Германија нема пари да го плати ова од буџетот, да стимулира, па решението беше најдено во минимално покачување на струјата за сите потрошувачи, и таа разлика во цената да се употреби во оваа цел.

Вие сметате дека Македонија со многу малку пари може да произведува, да постигне големи резултати на полето на енергетска ефикасност. но, како да се постигне тоа?

- Едноставно, ако имате постоечки објект кој е голем потрошувач на енергија, со мала инвестиција драстично ќе ја намалите потрошувачката, тешко е така намалената потрошувачка уште повеќе да ја намалите, како што е направено во Германија. Првиот чекор е со мали инвестиции драстично да се подобри состојбата.

Во Македонија има расправи за енергетски пасоши, за пасив хаус, а нема вистински акции. како во германија го решивте овој проблем?

 - Во 1985 година направивме прв Правилник за штедење енергија. Тој ја дефинираше горната граница на трошењето енергија на новите објекти годишно. Во 90-тите години со нови правилници или со корегирање на постојните, каде што тој критериум претрпуваше измени. Во 2000 година се направи квалитативна промена на Правилникот, бидејќи во претходните правилници не беше земена предвид техничката опрема што служи за греење, вентилирање на објектите и сл. И со Правилникот во 2009 година уште повеќе се симнаа максималните за тоа колку може градежен објект да троши примарна енергија, паралелно, какви треба да бидат градежно физичките делови на објектот и уште повеќе која техника треба да се примени. На пример, ако има стакло вградено во 80-тите, да се смени со ново и сл. Македонија во секој случај би требало да направи правилник за штедење енергија, да се постави едно ниво како што беше кај нас пред 10 до 15 години и од таму да се почне, меѓутоа мора да има некаков акт. Видов дека има некои стандарди и пресметки на одделни градежни делови, надворешни ѕидови и сл. Но тоа не е правилник каде што е дефинирана максималната потрошувачка. И можеби по пет години нов правилник или нивелирање на постојниот со што ќе се заострат тие критериуми. Чекор по чекор.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2772&Itemid=73


Edited by Max - 03-Sep-2011 at 00:10
Back to Top
bojm View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bojm Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-Sep-2011 at 10:33
Vo ramkite na svojata rabota GEC ( www.gec.mk) se bavi so tematika nakoja se postaveni prasanja vo forumot. Toa opfakja analiza,proektiranje, izvedba i pustanje vo rabota na solarno FV-postrojki. Vo GEC raboti i solarnata skola za obuki na tema FV,Solartermija i energetska efikasnost. Povelete za sorabotka.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 03-Sep-2011 at 11:00

АндреЈ Мласко, сопственик и директор на „М-ЛАН Словенија“ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО СОНЦЕТО

Македонија има 1.400 сончеви часа годишно, односно има 50 отсто подобри услови во однос на Словенија или други земји на поранешна Југославија за инвестиции во алтернативни извори на енергија, вели Мласко

Македонија не произведува ниту еден мегават електрична енергија од соларни централи, а има поголем потенцијал од многу земји во регионот. Вашата земја има 1.400 сончеви часа годишно, односно има 50 отсто подобри услови во однос на Словенија или други земји на поранешна Југославија за инвестиции во алтернативни извори на енергија - објаснува Андреј Мласко, сопственик и директор на „М-ЛАН Словенија“ која планира да инвестира во соларни централи во земјава. l Има ли интерес за соларни централи ?- Во Словенија постои огромен интерес за алтернативни извори на енергија. Заради тоа, државата направи феед-ин тарифа, која постои во многу европски земји. Се разликуваат само цените и условите. Германија е земја со најдобар систем, бидејќи има најмалку сонце. Шпанија има повеќе сонце и има добар феед-ин систем, но проблем е квотата, оти многу е изградено. Во Словенија, на годишно ниво, се намалува квотата за овој систем за 10 проценти, но тоа оди многу бавно. По исполнувањето одредени квоти, не ќе може да се градат соларни централи. l Зошто се одлучивте да инвестирате во земјава и кои се потенцијалите на Македонија во однос на алтернативните извори на енергија? - Вашата земја има многу сончеви денови. Постојат добри услови. Работите по феед-ин системот, имате непотполнета квота. Ние сакаме да го пренесеме нашето знаење и искуства на тукашните партнери за правење и користење на вакви централи. Во Македонија годинава планираме да изградиме референтен дизајн, од 30 до 50 киловати на Скопскиот саем. Таа инвестиција чини околу 150 илјади евра. Македонија има голем неискористен потенцијал на ова поле. Вашата земја има 1.400 сончеви часови годишно, во зависност од регионот. Најдобро е на југ и на запад. Направена е соларна мапа на која најдобро може да се видат сончевите региони, места со најмногу сончеви часови енергија. Споредбено, Србија има помал потенцијал, Македонија е слично како во Далмација и на некои острови во Хрватска. Словенија има најмалку сончеви часови, од 1.050 до 1.150 годишно. Споредувањето покажува дека Македонија има 50 отсто подобри услови во однос на Словенија или други земји на поранешна Југославија.l Дали „М-ЛАН“ инвестирал во други земји од регионот?- Размислуваме за Хрватска, но огромната бирократска процедура ја закочува идејата за инвестирање. Кај вас, иако немаме практично искуство, сознанијата велат дека работите одат многу побрзо. Нормално е документите за работење да се обезбедат за околу половина година и тоа е поволно за инвеститорите. Дотогаш може да работите на идејата за прва соларна електрана паралелно со развојот на проектната документација. Може, и доколу се дозволи, да почне градбата на централа. Ова го договоривме во Словенија, иако на почетокот беше неопходно да се добие дозвола за вклучување во дистрибуциската мрежа или да се добие информација дека следните градби може да се вклучат во мрежата, односно дека се исполнети техничките услови.l Кои се вашите потенцијални клиенти. Достапни ли се системите за индивидуални корисници?- Според нас, во Македонија постојат три категории кои може да го спроведат овој систем. Едни се земјоделците-сопственици на фарми или стакленици. На покривите може да постават панели за производство на електрична енергија. Другиот сегмент е индустријата и многу важниот сегмент, домаќинствата. Вашето законодавство не прави разлика во монтирањето на панелите на покриви или на земја. Во Словенија тоа е поинаку, тешко е да се добие дозвола за монтирање на земја. Потребно е да се инвестира и да се гради. Тогаш кога ќе имате производство на електрична енергија, државата ќе ве субвенционира. Доколку во Словенија вложувате во земјоделство, може да добиете и до 70 проценти неповратни средства, но со смалена феед-ин тарифа. Меѓутоа, многумина изградија со земање кредит од инвестициска банка и примаат полни субвенции. И во Македонија постојат субвенции.l Доколку некој вложува, значи дека очекува корист и заработка. Кои се предностите и времето за враќање на инвестицијата?- Предноста, пред се,значи добар бизнис. Парите се вложуваат за изградба на мали системи во Македонија и просечен период за поврат на инвестицијата е околу 8 до 9 години. Тие, со производството на ваква енергија, стануваат независен објект. Доколку произведуваат повеќе од што им е потребно, тие може вишокот да го продаваат во системот. Ноќе, кога нема сонце, може да користат акумулирана енергија од денот или да купат струја од системот. Секако, намалувањето на нивната сметка за потрошена електрична енергија и продавањето на вишок струја значи добивка. Трето, тоа значи дека нема дополнителни државни инвестиции во постојниот систем доколку напојувањето се обезбедува од алтернативни извори. Најголема корист е во областа на екологијата бидејќи се чуваат необновливите извори и не се произведува штетен јаглероден диоксид. Изразено во бројки, една куќа за свои потреби, троши до 5 киловати, а стан околу 3,5 киловати. На покрив од 60 квадратни метри може да се посават панели за производство на 7 киловати инсталирана снага, доколку работи, просечно, со 60 отсто од капацитетот. Доколку имате куќа од 150 квадратни метри, а сакате да е независна од енергетскиот систем на државата преку производство на 5 киловати, ќе биде потребно да се вложи околу 17.000 евра.

l Ваши очекувања од инвестицијата во Македонија?

- Направивме неколку стратегии. Како инвеститор, ќе почнеме да градиме своја фабрика како референца. Ќе ја направиме во Скопје, а потоа и некаде во Македонија. Потоа, ќе работиме со комерцијални клиенти - партнери. Знам дека досега се земени дозволи за градење, но малку е изградено. Во Словенија, лани, се изградија 35 мегавати, а само оваа година се направени уште 15 мегавати. Македонија не произведува ниту еден мегават. Споредбено, Германија, минатата година, од вакви извори произведе 30 гигавати, а Италија нешто помалку.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AC4BB6799A80CC40A3FF83BB74B987D7



и кај нас
преку државната програмата за рурален развој
земојделците се субвенционирани со 60-70% за колектори (3.1. стр.9) (6.2 стр.4), но и 50% од европската ИПАРД програма[1][2]  




Македонија има 1.400 сончеви часови годишно, ама е скарана со сончевата енергија - 14.10.2011

Македонија и регионот Далмација во Хрватска се подрачја кои имаат најголем сончев потенцијал од поранешната Југославија – околу 1.400 сончеви часови годишно, изјави Андреј Мласко, сопственик на компанијата „М-ЛАН СОЛАР,“ на трибината „Соларната енергија – перспектива во Македонија, реалност во Словенија,“ во организација на оваа компанија, а која се одржа вчера во Скопскиот саем.
Токму големиот број на сончеви часови е една од причините неговата компанија да инвестира во Македонија.
- По 9 години работење, од кои последните 6 на подрачјето на сончевите електрани, стекнавме огромно искуство, изградивме околу 60 мали и големи електрани на подрачјето на Словенија, чија вкупна моќ изнесува повеќе од 4 мегавати. Одлучивме да го шириме бизнисот, а наша прва дестинација е Македонија - вели Мласко.
Повикувајќи се на искуството во Словенија, Мласко препорачува систем со кој ќе се стимулира сопствено производство на струја за да се добијат енергетски независни поединечни објекти и да се растовари електричната мрежа.
Наташа Вељановска, стручен советник во Регулаторна комисија за енергетика, објасни дека со користењето на обновливите извори на енергија се зголемува сигурноста во снабдувањето со електрична енергија, а се намалува увозната зависност од фосилни горива.
Според Вељановска, моментално, во Македонија, 8 компании кои изградиле фотоволтаични системи се повластени производители и ја продаваат произведената електрична енергија по повластени тарифи, а уште 10 компании се во фаза на изградба на своите фотоволтаични системи. Со Стратегијата за развој на обновливите извори на енергија се предвидува изградба на 10 до 30 MW фотоволтаични системи до 2020 година со производство од 14 до 42 GWh годишно.
Инвестирањето во соларната централа во Република Словенија стана добра алтернативна инвестиција, што претставува профитабилна и релативно безбедна, а воедно и пријатна инвестиција за околината. Поради овие причини банките ја стимулираат изградбата на соларните централи, затоа што располагаат со безбедни долгорочни инвестициони средства, вели Деан Грегориќ од Волксбанк, Словенија.
„Инвестицијата во соларните централи во Словенија се третира како посебен проект, којшто генерира доволно финансиски средства за покривање на главницата, каматата, сопствениот капитал, а воедно создава и вишок средства (принос). Моменталната откупна цена на пазарот на електрична енергија не може да овозможи постојан принос, па затоа е потребна поддршка од државата“, вели Грегориќ.
Според него, структура на кредитирањето е обично таква, што банките бараат основање во проектната компанија, најмалку 20% од сопствените средства, наплата на долговите од продажбата на електрична енергија, залог на составните делови на централата, како и гаранција од сопственици на компанијата.



Edited by Max - 07-Mar-2012 at 23:12
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 03-Sep-2011 at 16:17

http://www.kmgeol-kvazar.com.mk/page10/page10.html

http://www.kmgeol-kvazar.com.mk/page7/Katalog_solarni_paneli.pdf

Originally posted by Max

ако се твоите панели од Феникс пазарени еве ги и во мк индиректно, или како филијали ќе ги најдеш најблиску во грција и бугарија од комшилуков, па евентуално на тој начин да заштедиш на транспорт...

од Германија засега само хб-солар е присутен кај нас 

http://www.hbsolar.eu/en.html 

http://www.hbsolar.mk/

Фотонапонските системи се доста препорачливи за снабдување со енергија кај оние објекти кои најголем процент од електричната енергија ја користат преку ден http://issuu.com/davitkov/docs/140?mode=embed&pageNumber=6



Edited by Max - 30-Sep-2011 at 21:16
Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 03-Sep-2011 at 21:14
http://www.zelenaenergija.org/kako-do-statusa-povlastenog-proizvodaca-elektricne-energije/

Објаснување на процедурата во Хрватска за добивање статус на повластен произведувач. Скромно, само 18 точки
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 03-Sep-2011 at 21:40
гледам сите што зборуваат за соларна нерегија од други земји,кај нив воглавном струјата се добива од нуклеарни електрани.лесно е кога тие енеријата им е обезбедена да размислуваат за поеколошки пристап,ама тешко е како кај нас каде ние немаме доволно струја.тоа е како богат на сиромав да му кажува купувај на големо по продавници,на крај е поевтино,а овој нема за леб да купи.јас завршив електроенергетика ма ЕТФ Скопје и тогаш професорите ни викаа-соларната енергија е за богати држави,тоа е убаво ама премногу скапо.сега вероватно е нешто поевтино за производство ама пак е скапо.мислам дека за нас главен таргет би требало да биде секое семејство да има поставено соларен бољер за топла вода(како Албанија),а за повеќе мислам дека немаме сила
Back to Top
bojm View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bojm Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 05-Sep-2011 at 10:18
Ova e tocno lociranje na glavniot problem za FV vo Makedonija : "profesorite ni vikaa deka nsito od slorarna energija..." Navistina e cudno profesori da imaat vakov stav i toj stav da im go prenesuvaat na svoite studenti.I takvi studenti izleguvaat na pazarot na visokoobrazovana rabotna sila !!?
Solarna energija bila za bogatite zemji ?! Kakva glupost, za zal.
Bogatite si imaat Atomski centrali, pa solarna energija im e hobi? Kakov stav ??! Em besmislen em aroganten. Pa Germanija gi zatvori SITE svoi atomski centrali !
Poglednete kakvi solarni FV-parkovi se planirani/pred izvedba vo Srbija ( Vranje),  koja ne e bas bogata zemja i vo Grcija ( koja e vo golemi dolgovi)...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 05-Sep-2011 at 15:18
Германија ЌЕги затвора нуклеарките,за почеток тие што се со постара техологија,и пак ќе речам,лесно е кога имаат струја да вложуваат во соларна,тешко е кога веќе увезуваш струја да инвестираш во таква нова технологија.иначе за информација околу Парис има околу 30 нуклеарни реактори(можеби и повеќе),и таму сите сакаат да живеат а кај нас бараме екологија.лесно им е на богатите да зборуваат за сонце,кога све друго им е обезбедено/

А за инвестицијата во Србија и Грција не е прв пат вака да се прави.Во деведесетите изградија 400 кв далекувод низ Бугарија само да не заобиколат нас.А јавна тајна е како минуваат инвеститори што сакаат кај нас да инвестират а веќе се во Грција
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 05-Sep-2011 at 15:22

ѓоко кога дипломирал тоа и навистина било реалност, срединатта на деведесетите, а и денес во голема мера за повеќето граѓани се недостапна опција фотоволтаиците, единствено е утеха што ддв-то е 5% кое ете како субвенција во германија пример е 0%, но и онаа опција дека не е проблем за нивно поставување на земја што е проблем пример во словенија како што вели Андреј погоре, единствено треба да се дозволи и продажба на струја од индивидулни објекти... 

дефинитивно сеуште имаме ефтина струја(незнам колку ова важи во однос на економскиот стандард) па затоа и можеби помалку се размислува за добивање енергија од сонцето, но сето ова ќе се смени многу брзо, особено ако на тоа кампањски укажува државата едуцирајќи го народот, но и без тоа кога третата генерација органски пв-а ќе почне масовно да се произведува работите ќе сменат со оглед дека цената повеќекратно ќе се намали (пост #4 и #27 поназад)

бојм ти си дел од ГЕЦ или? за кого е наменета едукацијата и колку истата е во колаборација со СМ http://mk20.com/sm/index1.htm

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 07-Sep-2011 at 02:20

Vladata treba za ova cel da dava evtini krediti, kako ovde vo Germanija i so struja lugjeto da si isplakjaat http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EFEB45EFFAE9144382B81CB82F9D0B72

добра дума, продаваш струја за да ги исплатиш панелите, само уште да беа нешто поевтини системите или нашиот стандард поголем, со оглед дека ако просечно нивниот век е 20год. додека да го исплати човек кај нас гаранцијата ќе му истече(не дека ќе рикне)... заокружено ние плаќаме 50евра/мегават од евн[1] + 19%ддв и 31%моќност тоа доаѓа 75€/MW, а трошиме 3,5 до 7MW годишно(10-20kWh дневно(под претпоставка дека греењето е на парно или дрва)) т.е. 250-500евра по домакинство годишно(струја без греење), значи она што се истакнува по медиуми дека системот е исплатлив за 10години не излегува така ни со оние германски цени на Македон од 2100евра по киловат фв.панел, а не па со оние кои ги истакна АТЦ од 4-6000евра за киловат фв.панел, може тоа не е случај со соларните панели за греење вода, но и тука прашање е долговечноста на системот...

белки во наредните 5год. сегашниве 1евро/фв.ќелија ќе се намалат на 10евроценти кај OPV-ата односно Thin Film аморфните соларни панели(pv-ink)...

There are currently four commercial production technologies for PV Modules: 
Single Crystalline 10-12% module efficiency
Polycrystalline or Multicrystalline 10-11% module efficiency 
String Ribbon 7-8%  module efficiency
Amorphous or Thin Film 5-7% module efficiency  
http://www.solardirect.com/pv/pvlist/pvlist.htm

овие бројки сега се дуплирани http://en.wikipedia.org/wiki/Photovoltaic_system#Module_efficiency и кристалните фв.ќелии имаат и до 20% ефикасност, но повторно има загуби пр. заради прашина и смог ефикасноста се намалува за 4%, но и при зголемување на температурата на панелот над 25c за секој покачен степен моќноста се намалува за 0,5% стр.78

ако дневно имаме сончево зрачење од 3-4kWh/m2 http://mk20.com/sm/bazi.htm а ако ефикасноста на една фв.ќелија е во просек 10% значи еден квадрат фв.панел теоретски може да произведе 300 до 400Wh енергија дневно, но бидејќи панелите се од 180W/m2 потребна е површина од 70м2 за инсталирање систем за едно домакинство кое дневно троши 10kWh односно 140м2 за домакинство кое троши 20kWh http://www.spssolar.co.uk/ReturnOnInvestment/ArraySize.asp



Edited by Max - 07-Sep-2011 at 02:24
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 07-Sep-2011 at 02:57

ова со потрушувачката 10-20 kWh од домаќинство дневно, може и да не важи за некого, секој со своите навики но заштедите се возможни доколку се сака или се мора http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=903&PID=110823#110823 еве и начин освен преку месечна сметка како приближно да се има предвид дневната потрошувачка... http://www.leonics.com/support/article2_12j/articles2_12j_en.php [1]

A photovoltaic (PV) powered home might look like a conventional home, but its electrical requirements are significantly reduced by the use of energy efficient appliances, and by using gas for all heating loads.

Remember, if you're only using a given load for a part of an hour, divide that hourly total by the percentage of the hour you're using that load. A 300 watt per hour load for ten minutes equals 50 watt-hours total. The electrical load information is most crucial; without this information, there is a risk of under- or over-sizing the system requirements

 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 08-Sep-2011 at 00:07


http://solarpv.tv/watch/solar-balkans-2011-interview-vasilevska-macedonia.html

Macedonia: "Electricity more important than Heat" - 27.08.2011

"The solar thermal market in Macedonia is not a very prosperous one: Electricity is more important here and better supported," says Popovska-Vasilevska. Macedonia's electricity consumption is enormous when seen in relation to its gross domestic product. A large share of the electricity is needed to heat private homes - which means, technically, a lot of it could easily be replaced by solar heating. However, electricity is cheap in Macedonia: 70 % of the country's electricity comes from power plants fired with domestic lignite (brown coal). Now, as lignite resources are dwindling and carbon emissions take the spotlight, some efforts are made to use alternative energies, although they do not seem very convincing. 

Macedonia has an annual solar irradiation of 1,250 to 1,530 kWh/m2, which means a huge potential for solar energy applications. But so far, only a few solar water heaters have been installed. In 2006, solar thermal contributed about 7.4 GWh (or 0.04 %) to final energy consumption. According to Solar Macedonia, there are about 16,000 m2 of flat plate collectors installed in the country, which translates into 8 m2 per 1,000 inhabitants.

The annual growth rate of the local collector market has been about 10-15 % before 2009. Popovska-Vasilevska estimates the current rate to be lower because of the economic crisis, but precise data has not been available.

Confusing information and uncertain political conditions are among the main difficulties with which the Macedonian solar industry has to grapple. Solar customers do get some governmental encouragement to use solar water heating systems: There is a tax reduction on the VAT rate, which is 5 % for solar components instead of 18 %. "But there is no clear definition of what exactly constitutes a solar component,” Popovska-Vsilevska says. Strictly interpreted, the reduction only applies to the solar collector, leaving around 80 % of the system costs subject to a full VAT rate. In addition to the tax rebate, private solar customers can get a 30 % incentive from the government. Annually budgets of EUR 150,000 of incentives were dedicated to solar water heaters in 2007 and 2008. Assuming each system was supported with the maximum tariff of EUR 300, it means that around 500 water heaters received government incentives - not very much to keep a market going.

Nobody knows if and how long the programme will continue. This uncertainty makes Popovska-Vasilevska even worry that the negative might outweigh the positive effects. Besides the stop-and-go effect caused by interrupted support programmes (well-known from Germany), short-term programmes would attract phantom companies, which make quick money by selling low-quality solar systems, and set off an avalanche of negative publicity for solar.

The threat of negative publicity is the reason why Popovska-Vasilevska considers quality assurance at least as important as financial support. Since Solar Macedonia was founded in 2006, the improvement of quality standards has been a main concern of the association. For example, a collector testing unit has been installed at the Hydrometeorological Institute in the city of Skopje, with the help of the Austrian Development Agency (ADA). Its aim was to test and improve collectors 'made in Macedonia'. “Sad to say, already in the third year, the test station is not working due to lack of professionalism, interest and skills,” Popovska-Vasilevska writes in a report about solar energy.

Not all of the local collector manufacturers support Solar Macedonia's efforts. According to Popovska-Vasilevska, it is mainly those who produce collectors for export that appreciate quality standards. Altogether, there are around ten collector manufacturers in Macedonia, of which three are Solar Keymark certified and several only produce around 100 collectors per year for the local market.

So, is there any hope for solar thermal in Macedonia? There are actually some factors that might help. One thing is that lignite is becoming more expensive, which might result in higher electricity prices. Another glimmer of hope is Macedonia’s ambition to become a member of the EU. This would require a minimum of environmental and renewable energy policies.

To really bring solar forward, Popovska-Vasilevska believes it would need a long-term programme which does not only include financial support, but also monitoring the results.“What should be monitored are not only the installed collector area, but also the growth of the solar market in Macedonia, the newly inaugurated installations and the achieved level of application, and consumer satisfaction,” says Popovska-Vasilevska.

 For more information, please contact Sanja Popovska-Vasilevska, Vice-President of SOLAR MACEDONIA, Macedonian Association for Solar Energy: pvsanja@yahoo.com
http://www.solarthermalworld.org/node/3025

http://www.energy-cie.ro/archives/2011/2.27-s-popovska-vasilevska.pdf

http://www.energy-cie.ro/archives/2009/p2-23.pdf

Книги
- S.Popovska-Vasilevska, Solar Systems, Info-tech for the Solar Energy Use with special accent on solar thermal systems, Consumer’s Organization of Macedonia, 120 pg, 2007
- S.Popovska-Vasilevska, I.Nasov, H.Kostadinova-Boskova, V.Ristov, Integrated Solar Thermal Systems in Roofs and Facades, Solar Macedonia, 188 pg, Skopje 2009

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.