build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончеви потенцијали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 27-Apr-2012 at 23:53

што е до книгата можеш комотно да цитираш до 30% од неа а да не ги повредиш авторските права, така да ако ко организација не смеете да поделите некој вишок примерок, бар тука можеш ти да споделиш одредени фрагменти кои сметаш дека ќе бидат корисни ете за нас босоногите...

Originally posted by gec

Конвертори, загуби, проценти и слично, се е прецизно дефинирано и тука нема ни импровизации ни експерименти ни свои толкувања. Секако, твоите мислења се твои, јас ти посочив што вели теоријата и праксата за ова, посебно праксата. Инаку, и во Германија не се продава само вишокот, бидејки тоа нема ни логика ни оправдување.


инаку никаде не толкувам на своја рака а тоа да не е потенцирано, дури претерано и цитирам или линкувам, а што е до вишокот логика може ти нема бидејќи си во МКД шала на страна за германија незнам, но за англија знам дека е така, а на нет може да се најде инфо за сад
Can I sell power back to the utility grid and make money?

Yes and no. Each state, county and even local utility company does things differently in regard to buying back power. Some states have passed a net metering bill which states that you can sell power back to the utility grid at the same rate that you purchase it. Some power companies only buy back power until you "break even". States and utility companies that have not adopted this net metering policy will only buy back power from the consumer at a wholesale level which may only be 2-3¢ per kWh. Check with your local utility company to see which policy they have adopted. Either way, it would require a very large solar array to make an appreciable amount of money by selling power back to the utility grid. http://www.oksolar.com/home_solar_energy/#Can I sell power back to the utility grid and make money?


извини ако гласно размислувам, но да не излезе дека се инаетам та ете и колегата ти Андреј Мласко понапред во пост #51 вели
Доколку произведуваат повеќе од што им е потребно, тие може вишокот да го продаваат во системот. Ноќе, кога нема сонце, може да користат акумулирана енергија од денот или да купат струја од системот.





Edited by Max - 27-Apr-2012 at 23:54
Back to Top
gec View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote gec Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 28-Apr-2012 at 09:14

Фотоволтаик е област која бара сериозно знаење и само малку од тоа може да се добие преку вакви форуми. Повторување на овој факт не треба да предизвика и навреденост, веќе  сигнализирана со “босоноги” ? За авторски права , дека може да се цитира 30% без да се нарушат правата првпат слушам ниту има такво нешто во договорот со авторот. Можеш ли молим те да ми наведеш по кој основ на законот може ова да се прави ? И да е така, треба целосно знаење, а не само фрагменти до макс. 30%. Колектор кој е направен само 30% нема да функционира, исто е со знаењето. И понатаму, зашто би можело да му се одземе на авторот до 30%  без дозвола, а не може да му се одземе на производителот  30% од неговиот колектор без дозвола ? Информации по интернет се најчесто такви да не може навистина да се склопат точно и конкретно и само предизвикуваат дополнителна конфузија и барања погрешни одговори. Очигледен пример е нашиов “вишок”, може до бесвест да се постира и цитира иако за тоа нема потреба.

Back to Top
gec View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote gec Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 28-Apr-2012 at 09:43
@max

Те молам да не го протолкуваш  мојот текст погрешно. Може да дојдеш во ГЕЦ ако сакаш, и книгите и опремата се таму, georgi.trajanovski@yahoo.de

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 28-Apr-2012 at 14:11
извини за рефлексната реакција, иако тоа босоноги јас го разбирам сосем поинаку, но сега денски кога го читам делува цинично! ех, мислев преносно за обуени на научниците, што не значи дека останатите не чекорат, само што не би можеле на специфичен терен да се растрчаат битно човек нешто да научи, со оглед дека никогаш не би се решил за промена на светогледот а не па за делување на некое поле ако нема никаков правец, бар ко инфо ако ништо друго, што не значи дека е спремен или дека тргнал по тој пат, како велат што е полошо од неписмен чоек ако не полуписмен, така да прилично на место се твоите укажувања, тоа не е воопшто спорно...

што е за цитирањето, доколку е во едукативни а не во комерцијални цели, истото како што напоменав е дозволено во наведениот процент, односно порано било и повеќе а денес е до третина од авторското дело, ова ми е потврдено и од правник од таа фела но и од мак. авторска агенција http://www.avtorska.com.mk тоа е наведено и на линкот погоре кој најверојатно не можеш да го видиш со оглед дека си нов член па немаш пристап во тој подфорум, нејсе, битно можеш да цитираш работи кои сметаш дека би биле корисни да се споделат со оние што пројавиле ваков или онаков интерес за областа...

а за поканата благодарам, но бидејќи не сум во МКД не ни можам да дојдам во центарот, освен индиректно вака да се запознаам со вас и вашата работа, не дека нема литература каде да се најде, него ме чуди зошто ГТЗ со кои имам соработувано да не издејствувале од германија ослободување на авторски права за дело наменето за едукативни цели а за мал пазар, ајде во ред за печатеното издание да има некој лимит, но можело да се издејствува за неговата електронска верзија некое ослободување налик прелистувањата книги на гугл-букс, претпоставувам за тоа не е касно ни сега...

Back to Top
gec View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote gec Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 28-Apr-2012 at 15:06

добро Мах, важно да нема недоразбирање.

од нашата интернетстрана може да видиш дека се работи за ППП ( PublicPrivatePartnerschip) со ГТЗ ( сега ГИЗ ) и ДГС – германското здружение за сончева енергија од Берлин ( www.dgs-berlin.de) . Во рамки на своето учество ДГС во Македонија опреми центар за обука ( ист како и во школите на ДГС во Германија, со термовизиска камера, солар-термички уред, фотоволтаик, софтвери за симулација и сл.) и отстапи авторско право на 200 книги за секој од четирите  курса. Понатаму преземање на материјал според Закони на мк.Авторска Агенција не би било коректно спрема ДГС и Др.Хартманн. Направивме 4 бесплатни курса, за жал одзивот е прилично слаб. Од 40 посетители, одвај 6 лица го положија испитот (потполно ист испит како во Германија), но сепак и тоа го сметам за успех. Зачудувачки за мене беше што кај посетителите интересни беа деловите од предавањата кои се однесуваа на општи дел (како по форумиве, без омаловажување на форумите), а штом почне стручна разработка и пресметки, интересот нагло опаѓа. Те молам за разбирање зашто така реагирав на постовите, навистина сеум запрепастен колку малку вистински интерес има за учење на ваква тема, тема на сегашноста и иднината. Навистина не ми е јасно како не се согледа/согледува мотивот и можноста која се нуди. И уште, најчесто прашање на заинтересираните е каков сертификат ке добијат, ретко кој прашува што може да научи! Или ако може да ги добијат презентациите ( зашто им се ?) . Јас сим испратен како ГИЗ/ЦИМ експерт во Македонија и навистина вложив многу во оваа работа. Бидејки во август ми истекува договорот и се враќам во Германија, сега интензивно работам со ДГС на е-леарнинг, можеби тоа ке функционира подобро иако сум скептик дека далечинско учење е подобро од учење на лице место,посебно за земја голема колку Македонија. Го имаш мојот маил-контакт (форумиве ги следам само случајно ) па ке ме радува да останеме во контакт.

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 28-Apr-2012 at 16:33

само нека е за арно, инаку од форум чоек и не може да очекува едукација освен комуникација, информација и да си расчисти некоја непозната и сл., а во оваа област и особено кај нас потребата од истите е неопходна со оглед дека сме мала земја, па иако интерес има многу абер нема...

што е за курсот ме радува што ете германците не заборавиле на нас, но секој почеток е клизав па и мокар, особено ако е зима(и финансиски и креативно), може треба поголема т.е. поупорна реклама по техничките факултети или по е-порталите, но кај нас кој и да се фати на орото ако не му се предочи јасно од старт кој е бенефитот, тешко и дека би се разиграл, а не па да се нафати и да стане музичар(производство), тоа јас не сум се нафатил што ме интересира, не па некој што чул а не дочул, но и е-учење би можело да профункционира ако е покриено со видео курсеви и е-книги итн. и јасно плус мотивација од типот секој кој би поминал на курсот да има можност за посета на некој светски саем [1][2] пр. влезот и смештајот да му е обезбеден, но и без тоа оној кој се интересира ќе си врзе врвките и ќе се растрча

а за контакт да сме живи и здрави се надевам пак ќе се чуеме тука! мислам има простор да се коментира на темава, особено што како земја ќе мора да бркаме еуро-стандарди околу обновлививе извори на енергија, што ќе потикне доста интерес, претпоставувам!?
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 28-Apr-2012 at 21:11

може бесплатните курсеви е идеално да се искористат ко награда! пр. бесплатен курс за секој дипломиран студент на етф, а зошто не и мфс или тфб...
извикано канење гости на вечера не е особен фактор, затоа пак кога има повод и ем ќе дојдат ем сити ќе си заминат, а и домакинот нема да го жали изгубеното време претпоставувам и непоканет човек може да биде послужен ако пројави особен интерес, но цело е кога има се...

инаку форумов а и нишкава конкретно, има еден демистифицирачки фактор, што тешко се наоѓа во книга или во училница, ем опуштен пристап кој брзо носи или трга одредена фама! иницира бар интерес подалеку од телевизорот, а и креативно го троши времето, дури интересот може да премине во хоби а хобито во применета наука! но ете кај мене интересот тргна по новитетите, и сеуште е на тоа ниво, сеуште не е ни хоби, сеуште е пожолтен истражувачки процес, но и тоа има своја причина ко што е предетерминираниот развој и примена на новитетите кај фотоволтаиците, но ова е повеќе политика него наука...

инаку денес од младите не може да се очекува поголемо конгнитивно размислување со оглед дека сме интернет генерации кои непотребно се преоптоваруваат со преголем број информации, потребни и непотребни, но пред се половични, но и за тоа има лек ако воопшто и некој го бара кај нас, сепак ваквиот интерактивен пристап(колку и да е мотивирачки) ако не е умерен ја дефикусира целта, давајќи им повеќе акцент на пропратните работи! а особено е проблематичен доколку некој заостане во надградбата, и иако од иста работилница просто станува некомпатибилна серија, што не значи дека е за фрлање! кратко речено од секогаш човекот се залетува и полесно учи ако му е надробена различна но квалитетна храна, додека да се научи на сува и тврда храна која го челичи истражувачкиот дух! така и јас залетан(можеби и залутан) а немајќи кој да ми сервира сам си дробам та понекогаш и помија може да излезе но и јас сит и овците на број(наместо расфрлани по букмарзи) пример овие линкови да ги чувам во фиока никому нема да му бидат од фајде [1][2][3][4][5][6][7][8] http://re.jrc.ec.europa.eu/pvgis/apps4/pvest.php# [1]


Edited by Max - 03-May-2012 at 18:49
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 03-May-2012 at 19:10

оправдан космополитизам на германското соларно здружение, мислев само на европа се фокусирани а тоа по цел свет

http://sonnenkonto24.de/3225/3225/

...
Since 1996 hundreds of engineers, architects, craftsmen and interested citizens have been taking part in the Solarschool courses worldwide. Overall, the training concept is successfully being transferred to third countries, while making adaptations according to local laws, regulations and customs.

Hands-on training programme

All training programmes are interactive and include panel discussions, as well as a variety of hands-on training materials, such as roof models for demonstration of the PV module installation, LeXsolar PV experiment kits and calculation tools, to enhance the understanding of solar electricity.

Education in schools

One of the unique approaches of the Solarschool is that not only does it offer specialized courses for professionals, but it also has an education programme for children and teens through Energy Days and energy project days in schools where the young participants learn about the use of renewable energy technology by conducting experiments and by playing energy games.

http://maxx-energy.co.za/solarschool/ [1][2]

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 03-May-2012 at 19:10
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 20-May-2012 at 23:38
Oд септември субвенционирани „зелени кредити“ за сончеви колектори


Министерството за економија е во преговори со неколку банки за воведување на заеми за граѓаните кои ќе се одлучат да вградат сончеви колектори во домовите, при што субвенционирањето би се одвивало преку искористување на европските средства кои се на располагање за оваа намена. „Од септември во соработка со банките ќе почнеме со вториот дел на субвенционирање за вградување на сончеви колектори, односно плаќање на девет рати. Тоа ќе значи дека домаќинствата ќе треба да плаќаат некаде по 60 до 70 евра месечно за вградување на ваков систем“, најави министерот за економија Ваљон Сарачини.

Министерот Сарачини денеска ги потсети граѓаните дека рокот за аплицирање за добивање субвенции за обезбедување на поврат на инвестираното за поставени сончеви колектори истекува за 10 дена. Според досегашните информации, на јавниот оглас се јавиле 1.200 граѓани а се очекува до 31 мај да пристигнат околу 1.500 барања за субвенции. По завршување на крајниот рок ќе се изврши јавно извлекување по случаен избор, начин со кој ќе се дознае кои 300 лица ќе ги добијат субвенциите во висина од 30% од финансиските средства што ги инвестирале. Околу 20.000 домаќинства досега поставиле соларни термални колектори, што е показател за сеуште неразвиената свест за можностите за искористување на енергијата од сонцето во Македонија.
http://www.build.mk/?p=15302

Edited by build.mk - 20-May-2012 at 23:39
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 17-Jun-2012 at 17:36

Со сончеви колектори ќе заштедат и граѓаните и државата


 

За да загреете 400 литри вода дневно, колку што приближно се потребите на четиричлено семејство, треба да потрошите меѓу 1.100 и 1.700 евра за поставување целосен систем

 
 
%20 

Со поставување фотоволтаични сончеви системи, сопственикот може сам да си произведе струја

Како да ги намалиме сметките за струја?

Поскапувањата на струјата и најавите за нејзин понатамошен пораст може да бидат поттик граѓаните да поставуваат сончеви колектори со кои ќе ги намалат своите сметки за струја. За да го зголеми интересот Министерството за економија неколку години доделува државни субвенции за 300 семејства. Неодамна министерот Ваљон Сарачини најави дека во банките ќе бидат договорени зелени кредити, кои ќе се однесуваат само за вакви зафати. Со досегашните субвенции државата покриваше 30 отсто од трошоците на домаќинствата, но не повеќе од 300 евра. Што значи дека годишно во овој проект се инвестираат околу 100.000 евра. Експертите велат дека заштеда на едно домаќинство е околу 200 евра годишно на сметките за струја, па доколку сите домаќинства во земјава инвестираат во колектори, ќе се заштедат 80 милиони евра годишно за струја, благодарение на енергијата што ни ја дава сонцето. 

Системите Ччинат од 1.100 до 1.700 евра

Еден систем за обезбедување топла вода за четиричлено семејство со бојлер од 150 литри чини од 1.100 до 1.700 евра во зависност од потребите и од желбите на муштериите. Со ваков систем се обезбедува топла вода за сите бојлери во домаќинството, како и топла вода за машините за перење алишта и за миење садови. Во просек, едно четиричлено семејство користи 300-400 литри вода дневно за своите потреби. Бидејќи водата се користи 30-40 отсто загреана, со споменатото количество има доволно топла вода во текот на целиот ден. 

- Системите се најискористливи од март до октомври или до ноември. Во зимските месеци сѐ зависи од продорот на сончевите зраци. Со најновите панели што се појавуваат на пазарот има можности и во зимскиот период да се загрева вода, секако ако има доволно сонце, но таа мора да се пригрева - вели Илија Чулев, сопственик на компанија за поставување и одржување сончеви колектори „Етерна солар“. Неговата компанија обезбедува гаранција со бесплатен сервис и одржување за поставениот систем седум години, по што се наплаќа за одржување 10 проценти од вредноста на системот. 

- Пред неколку месеци со нас контактираше семејство на кое му имаме поставено сончеви колектори пред 17 години, за да направиме ситен сервис. Системот функционираше беспрекорно, ние само го исчистивме, без никакви поправки - истакнува Чулев. 

Топлата вода во бојлерите се задржува и во текот на ноќта, кога сонцето не ги загрева панелите. Доколку времето е облачно, а има загреана вода, таа останува топла 24 часа. Во случај кога подолго време е облачно, односно кога има мал продор на сончева светлина, повторно се грее водата, бидејќи панелите апсорбираат од сончевите зраци. Доколку клиентите сакаат поголем комфор и редовно топла вода, можат да постават двојно повеќе колектори и бојлер со кои ќе биде обезбедено поголемо количество на топла вода, но за тоа секако ќе треба да платат двапати повеќе. 

- Користиме исклучиво сончеви панели од европско потекло со висок квалитет, најчесто од Германија, Словенија и во Италија. Исто така соработуваме со Халк банка и на клиентите им нудиме попуст на цената доколку кредитот го земат кај нив - вели Чулев, додавајќи дека средствата се враќаат за 5-6 години, во зависност од големината на системот. 

Досега искористеноста на сонцето на дневна база од сончевите панели била до 14 проценти, а со најновите панели се опфаќаат 33 проценти од сончевите зраци. Најчесто системи за загревање вода преку панели поставуваат сопственици на куќи, поретко се сопственици на станови, кои доколку не се на поткровје, треба да обезбедат согласност од соседите за поставување цевки за проток на водата. 

Фотоволтаични колектори за викенд-куќи

Со поставување фотоволтаични сончеви системи, сопственикот може сам да си произведе струја, но тоа задоволство ќе ги чини многу повеќе отколку инсталирање соларни колектори за загревање вода. Имено, со инсталиран фотоволтаик од 1 киловат, на годишно ниво има можности да се добијат од 1.300 до 1.500 киловат-часа електрична енергија. Додека за неговата инсталација клиентот ќе треба да обезбеди 1.800 евра. Дневните потреби од електрична енергија за едно четиричлено семејство се движи од 8 до 10 киловат-часа електрична енергија. 

- Фотоволтаиците повеќе се препорачливи и искористливи во бизнис-секторот. Имено, компании што имаат поголема потрошувачка на електрична енергија можат да си постават фотоволтаици. Друга варијанта е граѓаните што поставуваат фотоволтаици да договорат таа да ја продаваат на МЕПСО по повластена тарифа - вели Влатко Стојановски, консултант од компанијата „ИТ логистик“. 

Тој истакнува дека неговата компанија користи исклучиво европски производи, бидејќи имаат поголем квалитет и обезбедуваат гаранција до десет години. 

Стојановски истакнува дека со сегашната цена за електрична енергија помалку исплатливо е фотоволтаиците да се поставуваат на индивидуални градби, иако и таа опција не се исклучува. Според него, тие се доста исплатливи за викендички што се пооддалечени од дистрибутивната мрежата на ЕВН и за чие приклучување ќе бидат потребни многу финансии.

 
  
Автор: Петранка Талеска  Фотографија: Игор Бансколиев

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61412842261&id=10&prilog=0&setIzdanie=22604
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 06-Oct-2012 at 16:58


Македон кажи има ли кај тебе сервис за чистење на фв-панели!? и ако има дај абер за цени или бар некој линк, евентуално како се вика ваквата услужна дејност во германија!

Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 08-Oct-2012 at 08:43
Сличкава во прилогот ми личи на мини-централата на "Сието" поставена во Кадино-Скопско.

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 10-Aug-2014 at 21:36

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 10-Aug-2014 at 22:55
Еве еден пример на енергетски самостојна куќа(ресторант) опишан во темата за села.Сончевите колектори го коштале околу 4000 евра заедно со се батериите,и претворачите

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 04-Dec-2014 at 16:14
Која е можноста за инвестирање во производство и продажба на струја со соларни панели? Дали е лесно да се склучи договор со мепсо или други? Гледам доста луѓе се нафаќаат во инвестирање на околу 50.000 евра на површина од 500-1000 метри квадратни... За местоположбата на Македонија звучи интересно.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 04-Dec-2014 at 18:05
пошто се работи за субвенционирана струја,мислам дека количините за откупување се ограничени
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 16-Feb-2015 at 05:55




до сега муабетов беше само експеримент

2012 - Spinach Power Boosts Si Solar Cells - http://www.photonics.com/Article.aspx?AID=51771

та и наваму натаму со опциите

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1730&PID=176121#176121



а тек сега контам дека озбилно зкачил муабетов

2014 - http://www.sciencedaily.com/releases/2014/08/140820091607.htm

http://phys.org/news/2014-08-semi-artificial-leaf-faster-natural-photosynthesis.html
The Future of Artificial Photosynthesis. One approach to artificial photosynthesis is to replace the expensive semi-conductors in photovoltaic cells with the isolated protein complexes of photosystems I and II to create cheaper and renewable solar cells. In August of 2014, researchers from the Ruhr-University Bochum (RUB) in Germany revealed that they had successfully transplanted photosystem 1 (PS1) protein complex from a cyanobacterium into a solar cell. The discovery marks the first time a semi artificial leaf was able to transfer photoelectrons faster than “natural” photosynthesis. Mankind has never been closer to unlocking the power of photosynthesis for human use. http://www.altenergy.org/new_energy/artificial-photosynthesis-Pt2.html



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 07-Mar-2015 at 18:56
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 05-Jun-2015 at 23:23


последниве неколку месеци излегоа доста новитети

Pairing of Silicon, Perovskite Promising for Solar Efficiency - http://www.photonics.com/Article.aspx?AID=57279

Layer Structure Enhances Light Absorption - http://www.photonics.com/Article.aspx?AID=57445

Nanoimprint Lithography - nanopatterning enhance the efficiency of photovoltaic cells - http://www.photonics.com/Article.aspx?AID=57177

~

http://en.wikipedia.org/wiki/Quantum_dot_solar_cell

Natcore Multilayer QD Solar Cells Show Promise - http://www.photonics.com/Article.aspx?PID=5&VID=125&IID=817&Tag=Tech+Pulse&AID=57207 

QD Solution Provides Spray-On Solar Power - http://www.photonics.com/Article.aspx?PID=5&VID=125&IID=801&Tag=Tech+Pulse&AID=56973


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.