build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Прозорци и врати - Помош!

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
tace73 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Apr-2017
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote tace73 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Прозорци и врати - Помош!
    Posted: 19-Apr-2017 at 08:20
Ве молам, каде можам да најдам пишани стандарди за прозорци и врати, во смисла дали е пропишано под кој минимален агол мора да се отвараат. Работата е што при монтажа на надворешни ролетни, механизмот е погрешно поставен и прозорците и балконските врати се отвараат под агол од 45 степени.

Благодарам однапред!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Oct-2017 at 12:21
Originally posted by tace73

Ве молам, каде можам да најдам пишани стандарди за прозорци и врати

незнам каков проблем поточно имаш, веројатно ти стаиле рачка за лев место десен прозор но би посочил ука на која налетав пробувајќи да разберам како тоа може лиценциран монтер наопаку да ти постави квака

камо да имаше и институтот за стандардизација форум, каде секоја индустрија ил кластер на дејности би имале обврска бар своите норми да ги подвлечат, а не пак во дебата со Здруженијата на Потрошувачи да пеглаат разлики од стандард до стандард, споредбено со еу пазар цени и квалитет ... бар место каде би се нашле diy поуки илити dummies курсои за потрошувачи

ДВЕ НЕШТА ЗА ПВЦ ПРОЗОРЦИТЕ ШТО НИКОЈ НЕ НИ ГИ КАЖАЛ

Ова во продолжение ќе звучи толку едноставно, а сепак, не многу луѓе го знаат. Јас дефинитивно не го знаев, затоа што ниту ми го кажаа монтерите, ниту го имаше во упатството за употреба на прозорците (кое исто така го немаше).

[imghttps://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2016/12/8113110-184473-0-1481639472-1481639491-650-ab6f341815-1-14816992081.jpg][/img]

И така, сосема логично ме интригираше кога на Bright Side го видов насловов. Читам, и таму вика вака:

Сите прозорци треба да се подмачкуваат

Пак, многу едноставно, а малкумина го знаат. Затоа луѓето обично веднаш викаат мајстори кога рачката, рамката или механизмот почнува да чкрипи или тешко да функционира, без да знаат дека сами можат да го решат проблемот.

Во најмала рака, сите подвижни делови на механизмот на прозорецот треба да бидат подмачкувани со масло барем еднаш годишно. Најдобро е да се користи масло за подмачкување машини за шиење, кое би требало да можете да го најдете во секоја текстилна продавница. Ставете неколку капки на подвижните делови на PVC рамката, и тоа е тоа.

Треба да ги подесите прозорците на „зимски“ сетинг

За подобра изолација, пожелно е веќе во есен да ги наместите прозорците на зимски сетинг, а во пролет на летен сетинг. И ова е едноставно и можете да го направите сами.



Отворете го прозорското крило и најдете го заклучувачкиот меганизам. За да го наместите прозорот на зимски режим, треба да ги наместите пиновите во ексцентрична позиција, т.е. да ги поместите од нивното централно лежиште. Е сега, има многу различни модели на ПВЦ прозорски рамки, ама повеќето би требало да имаат или овални или цилиндрични пинови, кои на врвот имаат жлебови за специјален клуч (моите немаат, па се надевам дека не го пишувам ова за џабе).



Обично жлебовите одговараат на шестоаголен клуч, кој може да го добиете во пакет со одредени парчиња мебел, заедно со прозорците или да го најдете (евтино) во било која продавница за алати.

Со завртување на пинот, тој се изместува од својата централна оска, и со тоа се модифицира силата со која се затвора прозорецот.

При инсталација на прозорците, најчесто прозорските рамки се поставени на универзален меѓусезонски сетинг. За да проверите на кој сетинг се вашите, можете да се послужите со лист хартија, за да го проверите дихтунгот на прозорецот. Ставете лист хартија меѓу прозорецот и затворете го. Ако успеете лесно да го извлечете листот, тогаш прозорецот е поставен на летен сетинг. Кога е на зимски, практично е невозможно да го извлечете листот без да го искинете.

Сега можеби се прашувате: А зошто да не ги оставам прозорците на зимски режим преку целата година? Факт е, можете. Ама порано или подоцна ќе морате да ги замените деловите од рамката. Кога е поставен во зимски режим, притисокот врз механизмот и самата рамка на прозорецот е значително поголем. Ако често го отварате и затварате прозорецот додека е поставен на овој сетинг, деловите ќе се изабат. Тогаш сигурно ќе ви треба мајстор за да ги поправите.

ПС. Ако најдеме подетални објаснувања ќе ги додадеме дополнително.

https://365.com.mk/244790/dve-neshta-za-pvts-prozortsite-shto-nikoj-ne-ni-gi-kazhal


Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.