build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Природни убавини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Преспа и Галичица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Преспа и Галичица
    Posted: 07-Aug-2008 at 13:49
Истото важи и за
Resen, Planina Galičica, & Prespa Macedonia:
Resen, Planina Galičica, & Prespa Macedonia:

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Resen%2004

Photobucket

Resen%2001

Resen%2002

Resen%2003

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket
волан
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Aug-2008 at 14:30
Под Галичица има огромно подземно езеро

Огромниот резервоар што се полни со дождовница и вода од Преспанско се влева во Охридско Езеро

Под планината Галичица има езеро кое изобилува со речиси двојно повеќе вода од Преспанското. Во базенот кој се создал под Галичица не може да се плови со чамец, бидејќи станува збор за карст со големи и пространи шуплини кои се полнат со вода. Но, во горниот дел на планината, кој е исто ниво со Преспанско Езеро, природната создава неверојатна убавина и мали проточни езерца низ кои може и со чамец да се помине.

Огромниот резервоар се полни со дождовница, но и со вода од Преспанско Езеро, која со години наназад на повеќе места понира низ варовничката планина и се влева во Охридско Езеро. Околу пет милијарди кубни метри вода се претпоставува дека има во резервоарот под Галичица, кој ги храни сите околни извори. Со толку вода располагало и Преспанско Езеро во своите најбујни денови во 1963 година, за време на големите поплави во земјава. Сега нивото на водата во езерото е преполовена речиси на половина и се претпоставува дека има околу 3,5 милијарди кубици вода. Оваа вода, која во одредени делови на карстот се задржува и по седум години, би значела спас за Охридско Езеро, на кое ниту долгите сушни години не би можеле да му наштетат.



Ова се најновите сознанија на експертите кои се делот од тимот кој го спроведува проектот на НАТО „Одржливо управување со меѓународните води на Преспанско Езеро”, под раководство на Виктор Попов од Институтот за технологија Васекс од Саутемптон, чија цел е спроведување обемни истражувања за спас на Преспанското Езеро. Станува збор за проект кој е започнат во 2005 година, а веќе е влезен во завршната фаза. Резултатите од досегашните теренски истражувања кои беа спроведувани паралелно во Македонија, Албанија и Грција треба да финализираат до ноември годинава. Тие треба да дадат одговор колку вода понира од Преспанско Езеро преку Галичица, кои фактори најмногу влијаат за намалувањето на нивото на водата во езерото, која рапидно опаѓа во изминатите 15 години, но и да понуди решенија за спас на езерото.

Координаторот на НАТО-проектот, професорот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје професор Тодор Ановски, вели дека според претпоставките и сознанијата до кои дошол тимот научници во изминатите три години, Галичица е буквално изрешетана со шуплини кои се полнат со вода, а сите тие заедно даваат еден резервоар кој по својот капацитет е поголем од езерото во Преспа.

Заедно со неговите колеги од земјава кои учествуваат во проектот, тој успеал да влезе во некои од карстните шуплини во планината Галичица, кои изгледале пространи и големи како сали.

„При самиот врв тие можат да бидат многу пространи и големи, а како што се оди во длабочината се смалуваат. Затоа не може да се весла во резервоарот кој е под Галичица. Но, во горниот дел, кој е на ниво на Преспанско Езеро, има мали проточни езерца низ кои може и со чамец да се весла. Станува збор за пространства кои се полнат со вода и може да се плови по нив. Ако има голем прилив на вода, тие се полнат, во спротивно – пресушуваат“, вели професор Ановски.

Оваа вода, која во одредени делови на карстот, се задржува и по седум години, би значела спас за Охридско Езеро, на кое ниту долгите сушни години не би можеле да му наштетат, вели професор Тодор Ановски

Досегашните истражувања покажале дека на одредени места водата во карстот се задржувала и по седум години. „Ако водата во резервоарот просечно се задржува по седум години, тоа би значело дека количеството на водата во карстот е седум пати поголема отколку што се околните извори. Ако се направи пресметка, тогаш може да се утврди дека има еден огромен резервоар под Галичица кој ги храни овие извори“, вели Ановски.

Во рамките на НАТО-проектот во изминатите три години е следен приливот и одливот на вода во езерото, метеоролошките податоци од трите земји во текот на една година, направен е трасерски експеримент за утврдување на тоа колку брзо протекуваат водите низ варовничката Галичица од едното во другото езеро, а во план е и изготвување на препораки за одржливо искористување на водата.

„Факт е дека Преспанско Езеро во последните 15-ина години бележи рапидно снижување на нивото на водата, во споредба со една референтна кота од 1962 година кога имаше големи врнежи во земјава. Споредувајќи ја тогашната кота со денешната, се донесува заклучок дека повеќе од осум метри е намалено нивото на водата во езерото. Се разбира дека хидролошките прилики имаат значење, но нашите напори и активности се токму во насока точно да се дефинираат причините за намалување на нивото на водата – дали се тоа само хидролошките прилики и врнежите или, пак, има и друг момент“, објаснува Ановски.

НАТО-проектот кој е во тек, всушност, е продолжување на истражувањата кои беа спроведени од 1999 до 2002 година, потпомогнати од Меѓународната агенција за атомска енергија. Тогашните истражувања укажале на брзата „комуникација“ меѓу Преспанско и Охридско Езеро, односно дека на одредени места водата за помалку од еден ден го поминува патот од Преспанско кон Охридско Езеро, понирајќи низ Галичица.

Овој огромен резервоар на вода за кој се претпоставува дека години наназад се полнел под планината, значи спас за снабдување со вода на Охридско Езеро.

„Осцилациите на врнежите кои можат да се случат поради сушните години не би можеле многу да влијаат на Охридско Езеро. Поради присуството на овој голем резервоар со вода и доколку нема врнежи во наредните неколку години, на изворите кај Свети Наум, сепак, ќе можеме да уживаме во изобилство на вода“, се оптимистичките прогнози на професорот Ановски.

Токму кај Свети Наум е и најбујното и највидливо понирањето на водата преку варовничката Галичица. Според професорот Ановски, има серија на извори кои почнуваат во албанскиот дел на крајниот југ од езерото во Поградец, а кои се видливи за голо око и сведочат за понирањето на водата од Преспанско Езеро. Станува збор за изворите кај Тушемиште во Албанија, на кои потоа се надоврзуваат изворите кај Свети Наум и кај Свети Заум, па се' до потегот на Билјанини Извори во Охрид. Станува збор за поголем број извори, но претпоставките се дека е уште поголем бројот на подземни извори кои воопшто не можат да се забележат и регистрираат, а кои се влеваат во Охридско Езеро.

„На пример, кај Трпејица има еден извор кој е 15 метри под водата, така што такви извори има многу и не може со точност да се каже за колкав број станува збор“, укажува професорот Ановски.



Jосиф Милевски, раководител на хидролошкиот сектор при УХМР, кој е дел од НАТО-проектот за заштита на Преспанско Езеро, вели дека за да се докаже оваа теза за постоењето на уште едно езеро под планината Галичица, потребно е прецизно да се утврди колку вода влегува или излегува од Преспанско Езеро, за што е неопходно да се направи биланс на водите во езерото, за да се утврдат хидролошките карактеристики за влезот на површинските води во езерото, врнежите и испарувањето.

„Треба да се утврдат влезните води по целиот слив на Преспанско Езеро на површина од 1.360 квадратни километри, како и да се изготви изохитска карта за врнежите за период од најмалку 40 години, за кои има валидни податоци. За тоа се потребни да се направат мерења и на околните планини, како што се Галичица, Пелистер, Плаќенска Планина и Сува Гора. Поставивме дождомерни станици – тотализатори на Галичица, но треба да се постават и на Баба Планина каде што е главниот доток на вода во Преспанско Езеро, а неопходно е да се утврди и колку подземни води дотекуваат во езерото“, укажува Милевски. Кога ќе се направи билансот на водите, според нашиот соговорник, дури тогаш ќе може да се докаже тезата дали има резервоар со вода кој се задржува под Галичица.

Според Милевски, врнежите имаат најголеми влијание на нивото на водата во езерото. „Има мерења кои покажуваат дека во јуни 1963 година е највисоката кота на езерото кога за време на поплавите е забележана кота од 851,83 метри надморска височина. Најниската кота, пак, е забележана во 2002 година, а се повтори и во февруари годинава. Сега сме блиску до котата од 843,14 метри надморска височина, со што разликата меѓу нив е 8.70 метри“, вели Милевски. Тоа значи дека нивото на Преспанско Езеро од 1963 година досега е намалено за речиси девет метри, иако споед научниците, постојат сознанија дека во минатото имало периоди кога езерото имало далеку помало ниво на вода од сегашното.



„Меѓу Преспанско и Охридско Езеро има 150 метри висинска разлика, што значи дека секоја вода истекува кон Охридско Езеро. Резервоарот со вода за кој се претпоставува дека постои треба да биде подлабок од 150 метри или барем на ниво на Охридско Езеро и да функционира како систем на врзани садови. Но, тоа треба да се докаже, за што е неопходно истражувањата да продолжат“, вели Јосиф Милевски од Управата за хидрометеоролошки работи.

Резултатите од овој проект ќе бидат дистрибуирани до сите заинтересирани, а пред се' до локалните самоуправи кои гравитираат кон езерото во Македонија, Грција и Албанија, за да се изградат одредени ставови за рационалната употреба на водите од Преспанско Езеро. „Најверојатно, ќе се сугерира рационална употреба и заштита на водите, по што ќе се знае дали трите земји се подготвени да преземат некои хидротехнички решенија за истекувањето на водата од езерото во Преспа“, заклучуваат експертите.


Даниела Трпчевска  - утрински 01 август 2008


Edited by beTon - 09-Aug-2008 at 14:36
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Aug-2008 at 15:03
Го читав тој напис ... ми се допаѓа кога ке се линкуваат вака убави записи за да ја дополнат фото сторијата ...
волан
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Aug-2008 at 12:31
Ramsar report for Lake PrespaCountry: Macedonia
Region: Europe
Ramsar Site No.: 726
Wetlands International Site Reference No.: 3MK001


General and Geographical site information:
Subregion: Southern Europe
Designation Date: 03-05-1995
Coordinates of site center (degrees): 40°56'N 021°01'E
Coordinates of site center (decimal lat long):40,93 21,02
Total site area: 18920 hectares
Minimum elevation: 844 meters
Maximum elevation: 856 meters

Transboundary: yes
Boundary changes: no
Number of separate units: 1
Administrative region: Resen


Information on Conservational Issues:
Management plan status: No site-specific plan exists at present
International conservation designation: no other international designation besides Ramsar
National conservation designation: ornithological reserve, partially(P)
Ramsar criteria:1 3 6


Uses and Threats:
Current land use:
Within the site's surroundings/catchment:
Non-urbanized settlements
Aquaculture (unspecified)
Orchard (generally small holdings)
Horticulture
Hay meadows
Permanent pastoral agriculture
Within the Ramsar site:
Research
Education site
Tourism (unspecified)
Fishing (unspecified)

Threats:
Within the site's surroundings/catchment: No adverse factors reported
Within the Ramsar site: No adverse factors reported

Social and cultural values
:

Tourism
Current scientific research
Conservation education

Land tenure/ownership
:

Site's surroundings:
Private owner(s)
National/federal
Within the Ramsar site: National/federal

Ecological Changes
:
No negative changes have occurred, are occurring or are likely to occur in the foreseeable future


Physical Data:
Salinity: Fresh
Permanence:
Usually seasonal/intermittent
Usually permanent


Ecological Data:
Wetland Category:
Man-made wetlands
Inland wetlands

Wetland Type
(dominant type in bold):

Ponds; includes farm ponds, stock ponds, small tanks; (generally below 8 ha) (2)
Freshwater, tree-dominated wetlands; includes freshwater swamp forest, seasonally flooded forest, wooded swamps; on inorganic soils (Xf)
Seasonal/intermittent freshwater marshes/pools on inorganic soil; includes sloughs, potholes, seasonally flooded meadows, sedge marshes (Ts)
Permanent freshwater marshes/pools; ponds (below 8 ha), marshes and swamps on inorganic soils; with emergent vegetation water-logged for at least most of the growing season (Tp)
Permanent freshwater lakes (over 8 ha); includes large oxbow lakes (O)

Biological Values:

Fauna type:
            -      waterbird wintering/non-breeding/dry season area
            -      staging area for migratory waterbird species
            -      supports rare/endangered species
            -      breeding area for waterbirds
            -      outstanding variety of species present
Flora type:
            -      supports endemic species
            -      outstanding example of a particular plant community

Soil type: Predominantly mineral
Hydrological values: Flow regulation





endangered brown bear is found around the Prespa basin


















Edited by beTon - 15-Aug-2008 at 16:17
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Aug-2008 at 19:02
ГОЛЕМ ГРАД -Единствениот Остров Во Република Македонија- www.golemgrad.4t.com

Голем Град - единствениот остров во Македонија - www.prespasky.com

ОСТРОВ ГОЛЕМ ГРАД - www.galicica.org.mk

1 - Isle of Golem grad (поглед од островот кон коњско)


2 - Isle of Golem Grad (голем град со пелистер во позадина)


3 - Golem Grad - Golemo Prespansko Ezero


4 - Big City only isle in MKD


5 - Голем Град - птичја перспектива


6 - Голем Град поглед од Претор


7 - Голем Град - единствениот остров во МКД


8 - Дива Фоја (Juniperus excelsa)


9 - Pelicans Golem Grad


10 - Поглед од островот кон Пустец


10 - Голем Град Мапа


 „Голем Град“ - www.resen.gov.mk


Островот Голем Град отворен за туристи - www.a1.com.mk 14.08.2008

Островот Голем Град отворен за туристи - www.alsat-m.tv 15.08.2008

Отворен Голем Град - www.bbc.co.uk 15.08.2008

Голем Град ќе стане туристичка атракција на Преспа - www.prespasky.com





Edited by beTon - 18-Aug-2008 at 12:51
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 15-Aug-2008 at 21:24
Инаку голем град е едно од местата во Македонија кои што имам посебна желба да ги посетам. Може да се организираме да отидеме а?!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-Aug-2008 at 22:39
Originally posted by lslcrew

Инаку голем град е едно од местата во Македонија кои што имам посебна желба да ги посетам. Може да се организираме да отидеме а?!


за Голем Град ќе биде лесно да се организира посета, дури сега и официјални водичи има... но она што мислам дека ќе биде уште попримамливо е посетата на подземното (Галичко) езеро под Галичица доколку има услови, како и набљудувањето на птици во резерватот Езерани...

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Aug-2008 at 03:44
ЕЗЕРАНИ

Great White Egret (Egretta alba)


STRICT NATURAL RESERVES (I CATEGORY ACCORDING TO THE IUNC)

BIRDS WATCHING IN RESERVE EZERANI

Орнитолошки резерват Езерани се протега на површина од 2080 хектари и се наоѓа на Рамсарската листа на заштитени подрачја, ова е еден од исклучитените простори со сочувани природни вредности во светот. За таков статус се заслужни околу 270 видови птици од којшто околу 105 отпаѓаат на водните видови. Процентот на птици во резерватот е навистина голем, ако се знае дека во Македонија, вкупниот број се движи меѓу 320 и 330 видови.

Строг природен резерват ЕЗЕРАНИ
Го зафаќа северниот крајбрежен дел на Преспанското Езеро чија надморска височина изнесува 855 метри. Површината на заштитениот простор изнесува 2080 хектари. Тука гнездат, се исхрануваат, одмараат и наоѓаат засолниште главно сите видови птици, коишто се среќаваат на Преспанското Езеро. Тоа се околу 200 видови птици, од кои 104 се водни птици. Од овој број, 62 вида се наоѓаат на Списокот на заштитени видови според Бернската конвенција, додека три видови се на Европската црвена листа на глобално загрозени видови

Езерани 2004
Во периодот од 6-21 јули 2004 год. во организација на Друштвото за проучување и заштита на птиците на Македонија ( ДПЗПМ) се одржа првата официјална прстенувачка акција ЕЗЕРАНИ 2004.
На акцијата земаа учество 36 учесници од ПМФ во Скопје-главно од Институтот за биологија, а сите членови на ДПЗПМ. Акцијата се одржа во три смени по 12 учесници кои беа сместени во истражувачкиот центар на ДПЗПМ во с. Асамати.
За време на акцијата се снимаше и документарен филм по повод 15 год. од постоењето на ДПЗПМ, филм за самата акција и филм за резерватотот ЕЗЕРАНИ- првиот строг природен резерват во Македонија ( на хартија).
Акцијата беше посетена од странски новинари - од Франција, кои се интересираа за акцијата и самиот резерват- за што оставивме самите да прибеарт податоци од терен односно да видат до кое ниво се врши заштитата на резерватот, срцето на трансграничниот парк Преспа и рамсарското место Преспанско Езеро ( односно водно станиште од светско значење).
За време на акцијата се работеше со вкупно 12 мрежи при што беа уловени близу 200 единки од 35 видови. Најбројна птица беше блатната или мустаклестата сипка ( Panurus biarmicus).
До овој момент не сме добиле никаква финансиска подршка за реализација на оваа акција која е во склад со препораките на советото на Бонската конвенција ( конвенција за миграторните животни).
Акцијата се планира да се одржи и во наредната 2005 година со уште поголемо и меѓународно учество.
















Edited by beTon - 17-Aug-2008 at 13:06
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Aug-2008 at 04:16
Не се отвараат сите слики

Unhappy
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Aug-2008 at 13:01
Originally posted by Cloverstack

Не се отвараат сите слики
Unhappy


културно фото преоптеретување, еве ги одвоив птиците па сигурно сега сите се на видело, а во случај повторно да не се отвораат тогаш неколку 7up освежувања дај и на странава и мислам дека ќе се припитоми...


ЕЗЕРАНИ ФАУНА

Tufted Duck (Aythya fuligula)


Squacco Heron (Ardeola ralloides)


Dalmatian Pelican (Pelecanus crispus)


Pygmy Cormorant (Phalacrocorax pygmeus)


Yellow Wagtail (Feldegg)


Red Backed Shrike


Linnet - Carduelis cannabina


Great Cormorant (Phalacrocorax carbo)


Common Hoopoe
(Upupa epo)




Buzzard (Buteo buteo)


Marsh Harrier (Circus aeruginosus)


Short Toed Eagle
(Circaetus gallicus)


Kestrel (Falco tinnunculus)


Bee-Eater (Merops apiaster)


Yellow Legged Gull (Larus michahellis)





Edited by beTon - 19-Aug-2008 at 15:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Feb-2009 at 09:31
Во продолжение следат слики од островот Голем Град....

1   
2   
3   
4   
5   
6   
7   
8   
9   
10   
11   
12   
13   
14   
15   
16   
17   
18   
19   
20   


Edited by lslcrew - 13-Feb-2009 at 09:46
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Feb-2009 at 09:37
21    
22    
23    
24    
25    
26    
27    
28    
29    
30    
31    
32    
33    
34    
35    
36    
37    
38    
39    
40      


Edited by lslcrew - 13-Feb-2009 at 09:47
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Feb-2009 at 09:37
41    
42    
43    
44    
45    
46    
47    
48    
49    
50    
51    
52    
53    
54    
55    
56    
57    
58    
59    
60    
  


Edited by lslcrew - 13-Feb-2009 at 09:48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Feb-2009 at 09:39
61    
62    
63    
64    
65    
66    
67    
68    
69    
70    
71    
72    
73    
74    
75    
76    
77    
78    
79    
80      


Edited by lslcrew - 13-Feb-2009 at 09:48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Feb-2009 at 09:48
81    
82    
83    
84    
85    
86    
87    
88    
89    
90    
91    
92    
93    
94    
95    
96    
97    
98    
99    
100    
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Feb-2009 at 09:48
101    
102    
103    
104    
105    
106    
107    
108    
109    
110    
111    
112    
113    
114    
115    
116    
117    
118    
119    
120    
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Feb-2009 at 09:49
121    
122    
123    
124    
125    
126    
127    
128    
129    
130    
131    
132    
133    
134    
135    
136    
137    
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Feb-2009 at 10:05
Што мислите колку овој остров може да се ревитализира?! Што се донесува до мене ја би ги истребил тие змии доколку е можно, без разлика колку тоа може да утиче на природниот ланец. Па ионака немало одсекогаш тука змии. Змиите се тука последните век два. Колку што ми е познато змии се чистат со мунгоси?! Зашто не се направи обид да се изчисти островот?!

Жално е да се гледаат сите цркви и ѕидини во ваква запуштена состојба. Тука може да се направат и патеки. На некоја поголема ливада може и да се постават неколку трафики кои би вршеле минимална угостителска дејност. Треба поставување и урбана опрема како клупи, спроведување на струја и вода. Ваков остров бара и поголемо ниво на грижа освен сувопарна "заштита" која носи добро исто колку што носи и лошо. За овој остров треба темелна анализа и проект за реконструкција на црквите и телемно археолошко истражување. Може исто така да се направи и мини-музеј на островот во кој ќе се сместат артефакти од евентуални истражувања. Овој остров има многу да каже за времето на Цар Самуил! Ај ваљда некогаш ќе се актуелизира и овој остров со заживување на Преспа како што се планира.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 13-Feb-2009 at 10:37

сигурно ќе се ревитализира, инаку ова итриве безрбетници ги има насекаде но штом човек стави некаде нога овие веднаш се кријат в дупка, добро повеќе заради вибрациите, оваа ситуација е сега и во отешево но најверојатно има некое еколошко чаре како да се реѓи овој проблем, порано пробале со мунгосите но однеле само два примерока колку што се сеќавам од муабети и не дека не успеале заради климата туку едноставно се прејале и пцојсале, тоа најверојатно треба да се проба пофторноно со поголем број, патем можеби и од поскоците се сотрени тоа мунгосите...

Правени се обиди за нивно уништување со ежови (1949 година) и мунгоси (1967 година), но поголем успех не беше постигнат. [1]
...Околу педесеттите години населени се мунгоси, фазани и зајаци и од нив успеал само зајакот да се адаптира и до ден денес само зајакот го има, а другите два вида ги нема објаснува Науме Размоски од националниот парк... [1]

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7382
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Feb-2009 at 10:56
пристапот до објектите мора да го средат, не секој е авантурист низ џунгла да поминува
некои од објектите нормално треба да се реставрираат, пред да се распаднат
знам дека иако не се отровни морничаво е змиите да ти поминуваат по патеката по која одиш, змиите јас не би ги истребил, можеби би било добро да се стават во затворен резерват и нема да се шетаат по островот, а туристите ако се заинтересирани ќе можат да ги видат на едно место
во врка со музејот што го спомна лсл, чудно ми е зошто никој не се интересира да ја истражи таа насселба детално, верувам дека и малку да копнат, ќе најдат многу работи
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.