build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тирана (Tiranë), Албанија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Тирана (Tiranë), Албанија
    Posted: 07-Aug-2017 at 11:48
Тирана е последниот од соседниве поголеми градови за кои немаме никаква фотографија. Долго време „билдерите“ се спремаа да одат до Тирана за да направат една репортажа, ама ништо од тоа не излезе. Ќе се обидам да надоместам колку што е можно повеќе преку мои фотографии направени од пред некој ден, а потоа и преку коментари ќе дообјаснам сето она што ми остави впечаток од самиот град.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Aug-2017 at 12:14














































Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Aug-2017 at 12:18






































Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Aug-2017 at 12:22




































Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Aug-2017 at 12:59




















































































Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Aug-2017 at 13:03












































Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Aug-2017 at 13:06






























Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Aug-2017 at 13:38
Си има шарм градов
ಠ_ಠ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Aug-2017 at 14:27
Не се дави во барок како скопје.. криво ми е што не успеавме низ центарот модерни згради да градиме.

Edited by my Macedonia - 07-Aug-2017 at 14:42
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Aug-2017 at 14:54
Тирана е главен град типичен за Балканот. Тоа би значело, секој со сопствена историја толку различна од другите. Огромни се разликите во однос на сето она што може да се види во другите балкански градови. Влијанието на Отоманскиот период е присутно, но далеку помалку од Македонија, Босна или Косово. Италија во периодот на Мусолини ја има изградено главна оска околу плоштадот Скендербег, создавајќи булевар за паради и маршеви кој е доградуван во периодот на Енвер Хоџа. Но, и покрај тоталитарните времиња низ кои минала, дури и кај овие градби Тирана има разновидност, писменост на архитектите, специфична визура во просторот надополнета со медитеранската клима што на донесува вегетацијата. Надвор од оваа оска на два-три булевари во самиот центар, Тирана е една интересна мешавина на мафијашка урбанизација од типот на Дебар Маало со стари згради од пред/по комунизмот кои неодоливо наликуваат на Хавана, Куба. Градот има дефинитивно некаков шарм што не може да се забележи во другиве околни метрополи. Тирана има и потенцијал. Просторот во самиот центар на градот се работи многу внимателно, споредено со Скопје. Парковите се тука, историските зданија остануваат на своето место, а новите се вклопуваат во нешто што може да се нарече урбанизам во споредба со „Скопје 2014“ или Приштина.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Aug-2017 at 21:02

Толку блиску, а толку непознат град за мене...

Бојан, можеш ли да споделиш подетални впечатоци за:

- јавниот превоз
- паркирањето
- твојот впечаток за економската моќ на просечниот жител на Тирана
- каков впечаток ти остави женската популација на Тирана

Исто така дали забележа реализација на покрупни инфраструктурни проекти?

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Aug-2017 at 01:15
Кловер, јавниот превоз во Тирана се состои од неколку линии на кои оперираат приватни превозници организирани од општинските власти. Сите автобуси се со клими, и за жал, морам да кажам дека се во подобра состојба од она што се движи низ Скопје. Цената на билетот е 40 леки, односно околу 20 денари. Картата се купува во автобус од кондуктер, кој се движи низ автобусот. Позитивно сум изненаден од уреденоста.

Во однос на инфраструктурата, голем проблем за Тирана се недостигот на автобуска и железничка станица. Возовите од пред извесно време поаѓаат од Кашар, што е место надвор од самиот град. Нова железничка станица којзнае кога ќе се изгради. Централна автобуска станица не постои, но има четири импровизирани станици (од типот на Дрводекор) од каде поаѓаат автобусите за цела Албанија. Меѓународната автобуска станица се наоѓа кај спортската сала, а спроти неа е станицата од каде поаѓаат автобусите за северот на Албанија. Едно два километри на југ е станицата од каде поаѓаат автобусите за југот на Албанија, а за мене остана мистерија локацијата на станицата за автобусите кои поаѓаат кон исток. Во овој поглед, Тирана многу заостанува зад Скопје.
Во делот на паркирањето, ситуацијата е исто така полоша од онаа од кај нас. Приватни паркинзи со наплата на празни парцели го решаваат паркирањето, инаку би настанал општ хаос. Забележав само еден нов подземен паркинг во центарот, кај хотелот „Плаза“. Ова им е нерешен проблем.

Во однос на економската моќ, не можам да кажам премногу. Се движев воглавно во центарот на градот. Она за што можам да говорам се цените во Тирана, кои се идентични или за 10-20% повисоки/пониски од Скопје. Генерално земено, за македонски стандард е супер за провод.

Женската популација на Тирана ти го врти умот, особено сето она што се шета во квартот Бллоку. Јас сум задоволен, тиранчанки се нешто помеѓу турчинки и италијанки

Искрен да бидам, покрупни инфраструктурни проекти не успеав да забележам. Тоа не значи дека ги нема, но на местата каде што се движев не успеав да ги видам. На Интернет може сешто да се прочита за тоа што требало/треба да се гради, но многу малку се реализира. Жителите, оние кај кои бев сместен, се генерално разочарани на оваа тема.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Aug-2017 at 09:12
Сегашниот градочалник е добар, во моментов се градат 2 нови булевари едниот се гледа во сликитепреубаво е. Новиот Пазар, уредување на зеленилото, плоштадот скендербег плус со подземен паркинг. Човекот е нешто како нашиот жерновски
Теренот се подготвува за 100катница, има повеќе нови плоштади.
Жените се подоминантни од нашиве (мак и алб од мк) ама убави.


Edited by my Macedonia - 08-Aug-2017 at 09:15
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11757
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Aug-2017 at 11:18
Мене доста добар впечаток ми остава центарот на градот, доволно простор има и за зеленило, и за широки булевари, и за висококатници, а и во модерната архитектура ми се чини дека Тирана стои подобро од Скопје, барем во централното подрачје. Од друга страна, не знам како со стои со културно-историски споменици (ние го имаме Калето, Камен мост, старата скопска чаршија, Скупи, аквадуктот, еден куп стари цркви и џамии, саат-кулата итн. да не набројувам уште).
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Aug-2017 at 12:43
Како што напоменав, Отоманскиот период е изразито малку присутен во споредба со нашата земја. Во самиот центар можете да се запознаете со Етем-Беговата џамија, која е лоцирана на плоштадот Скендербег. На фотографиите има и некоја минијатурна верзија на Камениот мост, која е лоцирана во самиот центар меѓу станбени објекти. Археолошки локалитети во Албанија има премногу, а во Тирана забележав дека сето она што е откриено е лоцирано во нивниот Археолошки музеј.

Во самиот центар се свежо изградени една црква и една големата џамија која е „подарок“ од ердоганова Турција. Оваа е уште незавршена. Следствено на ова, во самиот центар забележав три верски објекти, од кои два се градат во моментов или се свежо изградени. Сепак, не треба да заборавиме дека многу од верските објекти се уништени во времето на Енвер Хоџа, а што не стигнал тој, како културно наследство од османлиите е срамнето во периодот на Мусолини.
Како мој впечаток, јас сепак мислам дека жителите на Тирана денес се многу повеќе приврзани кон Италија (знаење на јазик, севкупна размена, стекнато искуство) наместо со Турција.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Aug-2017 at 18:17
Bojan чистиот албански како во албанија скоро ниту 1% нема од турскиот. Kога ќе земаш во предвид албанскиот јазик во македонија, 30% албански, 30% македонски 30 турски 10% српски😂.
И менталитетот е друг некаков италианстајл.
Пример: кондури (мк) këpuce (Al) koundra (alb od mk)
градинка -Çerdhe- gradink
градочалник-kryetar-gradoçallnejk
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 406
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Aug-2017 at 23:42
Од сликите, а и од луѓе што биле во Тирана сметам дека е исклучително грд град со по некоја светла страна.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 406
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Aug-2017 at 23:53
Originally posted by BOJAN

Кловер, јавниот превоз во Тирана се состои од неколку линии на кои оперираат приватни превозници организирани од општинските власти. Сите автобуси се со клими, и за жал, морам да кажам дека се во подобра состојба од она што се движи низ Скопје. Цената на билетот е 40 леки, односно околу 20 денари. Картата се купува во автобус од кондуктер, кој се движи низ автобусот. Позитивно сум изненаден од уреденоста.

Во однос на инфраструктурата, голем проблем за Тирана се недостигот на автобуска и железничка станица. Возовите од пред извесно време поаѓаат од Кашар, што е место надвор од самиот град. Нова железничка станица којзнае кога ќе се изгради. Централна автобуска станица не постои, но има четири импровизирани станици (од типот на Дрводекор) од каде поаѓаат автобусите за цела Албанија. Меѓународната автобуска станица се наоѓа кај спортската сала, а спроти неа е станицата од каде поаѓаат автобусите за северот на Албанија. Едно два километри на југ е станицата од каде поаѓаат автобусите за југот на Албанија, а за мене остана мистерија локацијата на станицата за автобусите кои поаѓаат кон исток. Во овој поглед, Тирана многу заостанува зад Скопје.
Во делот на паркирањето, ситуацијата е исто така полоша од онаа од кај нас. Приватни паркинзи со наплата на празни парцели го решаваат паркирањето, инаку би настанал општ хаос. Забележав само еден нов подземен паркинг во центарот, кај хотелот „Плаза“. Ова им е нерешен проблем.

Во однос на економската моќ, не можам да кажам премногу. Се движев воглавно во центарот на градот. Она за што можам да говорам се цените во Тирана, кои се идентични или за 10-20% повисоки/пониски од Скопје. Генерално земено, за македонски стандард е супер за провод.

Женската популација на Тирана ти го врти умот, особено сето она што се шета во квартот Бллоку. Јас сум задоволен, тиранчанки се нешто помеѓу турчинки и италијанки

Искрен да бидам, покрупни инфраструктурни проекти не успеав да забележам. Тоа не значи дека ги нема, но на местата каде што се движев не успеав да ги видам. На Интернет може сешто да се прочита за тоа што требало/треба да се гради, но многу малку се реализира. Жителите, оние кај кои бев сместен, се генерално разочарани на оваа тема.


Пази да не те пука некој дур загледуваш женски на улица.

Тоа е мит дека Албанија влече повеќе кон Италија отколку кон Турција и муслиманскиот свет. Нормално кога пола земја се пресели во Италија после падот на комунизмот, но во Албанија интензивно се градат џамии и исламски верски училипшта. Тоа можеби во Тирана не е толку впечатливо, но во другите делови на Албанија и те како е. Плус, пред 15 години скоро многу ретко си можел да видиш забулени жени. Денес во Албанија тоа станува веќе нормална појава.




Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Aug-2017 at 23:57
Се појави овај 😂
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Aug-2017 at 09:33
Kid_A, ја вртиш страницата на омраза во моментот кога никој не те повика на тоа. Самиот велиш дека не си бил во Тирана, а веќе донесуваш оценка. Фотографиите што ги праќаш се извадени од секаков контекст, бидејќи е очигледно дека се направени за време на некој верски празник. Но, и тоа не е важно. Она што е значајно е дека секој еден збор што го напиша на теоретска база, без да отидеш таму, е СПРОТИВЕН на сето она што јас го видов со свои очи.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.