build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нови железнички линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нови железнички линии
    Posted: 14-Nov-2017 at 10:23
Ја отворив оваа нова тема од проста причина што сметам дека покрива нешто поразлично од другите нишки.

Долго време сум размислувал на темава и денес ми дојде да го поставам прашањето: Зошто Македонија нема меѓународен експресен воз Скопје-Солун-Истанбул? Кон Истанбул сум патувал со авион, но и два-три пати со автобус. Патот секогаш е преку ноќ, напорен е, низ Грција нема буквално ниту едно место каде да се застане, а има навистина многу патници (а и линии) кои сообраќаат меѓу Скопје и Истанбул.

Евентуална врска од Скопје до Истанбул би поаѓала од Скопје во попладневните часови, да речеме, по 17 часот. Тоа би била одлична врска и за оние кои патуваат кон југ, Гевгелија и Солун, бидејќи овој воз би сообраќал наместо укинатиот дневен воз Белград/Солун.

Од Солун кон Истанбул би се додавале дополнителни вагони од грчката железница. Всушност, ваков воз меѓу Грција и Турција сообраќаше до 2011 година, кога Грците ги укинаа сите меѓународни возови. За жал, возот не го вратија назад до денешен ден, па така нивната тракиска пруга денес се користи единствено за товарен сообраќај.

Мислам дека експресен воз од Скопје до Истанбул со кушет и спални вагони би бил одлична идеја. Од Турција ни доаѓаат најголем број на туристи, кои од година во година се зголемуваат. Дополнително, до Истанбул патуваат многу наши луѓе што купуваат стока за продажба низ Скопје (како некогашен Трст), роднински врски, бизнис комуникација итн.

Ваква врска и на Грција би и одговарала, ако се земе во предвид фактот дека Солун и Истанбул самите во моментов не би имале економска оправданост од директно поврзување.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Nov-2017 at 10:43


Интересна но комплексна тема за размислување, бидејќи зависи од повеќе чинители:

- железнички компании на повеќе земји, секоја со свои приоритети
- ниво на развиеност на железнички пазар (прилично слабо)
- прилично лошо ниво на инфраструктурата во многу делови.
- органичени ресурси за развој на сето ова

Развојот на железницата во Македонија треба да тргнува локално па да се шири регионално.

Сум пишувал за ова и во други нишки, но јас мислам дека идеален почеток би бил развојот на приградска железница во Скопје со терминуси во Велес, Куманово и Тетово.

Сметам дека на овие дестинации е потребно да има возови со фреквенција од 1 час. Ова може да се постигне со не така голем број на гарнитури ако пругите се апгрејдуваат. Во идеални услови 2 гарнитури по траса може да ја одржуваат оваа фреквенција.

Сето ова во догледно време ќе носи сериозни загуби и за тоа треба да сме спремни но, на среден и долг рок бенефитите треба да се мерливи:

- намалено користење на автомобили
- почиста животна средина
- поголема мобилност и во железничкито и во автомобилскиот сообраќај (со индиректното расчистувањe на гужвите) што ќе придонесе и кон зголемена продуктивност
- смалени трошоци за здравство како последице на позитивните мерки набројани погоре
- итн.

Овој проект би требал да се турка преку специјално претпријатие (налик ЈСП) но од регионален карактер каде учество ќе имаат сите засегнати општини, МЖ и државата. Освен очигледните инвестиции потребно е и општествено одговорно однесување од граѓаните и претпријатијата, со евентуална подршка од државата.

На пример, фабриките во зоната Бунарџик би можеле да бидат општествено одговорни со тоа што групниот транспорт ќе го извшуваат користејќи ги услугите на железницата, а државата ќе обезбеди соодветна фреквенција на движење во правец Куманово и изградба на патнички терминал крај/во зоната.

Истото може да важи и за другите околни индустриски комплекси.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Nov-2017 at 12:41
Pbanks, ќе се сложам со тебе во однос на она што го пиша, би пишал подетална расправа за тоа подоцна. Сепак, тука би се задржал на мојата идеја за експресен воз Скопје-Солун-Истанбул.

Всушност, врската меѓу Солун и Истанбул во минатото била базирана на политичка, а не на економска основа или ниво на развој. Експресниот воз до 2011 година се викал Friendship Express. Во таа насока, воведувањето на еден ваков воз од Скопје би претставувало првенствено политичка одлука на владите од Македонија, Грција и Турција, земајќи го во предвид сето она што ни следува во наредниот период како преговори/договори.

Второ, возот во минатото ја минувал трасата од Солун до Истанбул за 12 часа, додека трасата од Солун до Скопје е некаде околу 4 часа. Реално, на еден ваков воз од Скопје до Истанбул би му требало околу 17 часа. Тоа е повеќе од патувањето со автобус меѓу двете земји, но треба да се земе предвид фактот дека ваков воз би имал спални вагони, комфорт (и можност за пренесување на роба ) многу подобри од автобус.

Трето, овој воз минува покрај грчкото крајбрежје и низ редица на туристички дестинации. Би можел да биде атрактивен во летните месеци. Со воз на море, пример.

Четврто, Турските железници секоја година организираат т.н. Балкан експрес воз кој патува низ балканските земји и снима емисии за ова поднебје. Турската радио-телевизија ги објавува овие емисии, така што веројатно дека еден ваков воз веќе има стекнато репутација кај тамошните жители

Петто, Турските железници денес во споредба со една деценија претходно претставуваат голема разлика. Евидентен е развојот на брзи пруги низ целата земја, уредени се пругите до макс. 200км/ч и на европскиот дел од Турција, имаат нови возови и вагони, така што услугата од еден ваков воз Скопје-Солун-Истанбул би била дефинитивно на едно врвно ниво.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Nov-2017 at 12:49
Originally posted by pbanks

Интересна но комплексна тема за размислување, бидејќи зависи од повеќе чинители: - железнички компании на повеќе земји, секоја со свои приоритети- ниво на развиеност на железнички пазар (прилично слабо)- прилично лошо ниво на инфраструктурата во многу делови. - органичени ресурси за развој на сето оваРазвојот на железницата во Македонија треба да тргнува локално па да се шири регионално. Сум пишувал за ова и во други нишки, но јас мислам дека идеален почеток би бил развојот на приградска железница во Скопје со терминуси во Велес, Куманово и Тетово. Сметам дека на овие дестинации е потребно да има возови со фреквенција од 1 час. Ова може да се постигне со не така голем број на гарнитури ако пругите се апгрејдуваат. Во идеални услови 2 гарнитури по траса може да ја одржуваат оваа фреквенција. Сето ова во догледно време ќе носи сериозни загуби и за тоа треба да сме спремни но, на среден и долг рок бенефитите треба да се мерливи:- намалено користење на автомобили- почиста животна средина- поголема мобилност и во железничкито и во автомобилскиот сообраќај (со индиректното расчистувањe на гужвите) што ќе придонесе и кон зголемена продуктивност- смалени трошоци за здравство како последице на позитивните мерки набројани погоре- итн. Овој проект би требал да се турка преку специјално претпријатие (налик ЈСП) но од регионален карактер каде учество ќе имаат сите засегнати општини, МЖ и државата. Освен очигледните инвестиции потребно е и општествено одговорно однесување од граѓаните и претпријатијата, со евентуална подршка од државата. На пример, фабриките во зоната Бунарџик би можеле да бидат општествено одговорни со тоа што групниот транспорт ќе го извшуваат користејќи ги услугите на железницата, а државата ќе обезбеди соодветна фреквенција на движење во правец Куманово и изградба на патнички терминал крај/во зоната. Истото може да важи и за другите околни индустриски комплекси.


Идејата за приградска железница е идеална опција, разработена од Благоја Колев и Збигњев Галперун уште по земјотресот во рамките на Регионалниот план за град Скопје. Да не должам со премногу информации, ќе ги споменам проблемите со кои во моментов се соочува една ваква идеја:

1. Недовршена е пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од железничкото поврзување со Бугарија. Оваа железничка делница минува низ кумановската населба Перо Чичо и костурницата во Куманово, која е МНОГУ поблиску до центарот на Куманово во споредба со постојната железничка станица во Куманово. Ако се заврши во брзо време оваа делница, тогаш возовите меѓу Скопје и Куманово би можело да поаѓаат од оваа кумановска населба.

2. По изградбата на автопатот меѓу Скопје и Тетово, железничката врска меѓу двата градови е неатрактивна поради кружењето на пругата од кај селото Радуша. Пругата на оваа траса е во добра кондиција, но и покрај тоа времето на патување со воз е барем 15 минути подолго од она со автобус, а да не говориме за со кола.

3. Воведувањето на автобуски линии меѓу Скопје и Велес од пред 2-3 години од страна на Министерството за транспорт и врски. На тој начин се создаде конкуренција на возовите меѓу овие два града. Се воведоа месечни билети и за автобус, така што се намали бројот на патници во возовите. За да се воведе воз на секој час меѓу овие два града ми се чини дека автобускиот превоз ќе треба да се укине најпрво.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-Nov-2017 at 12:56


ОК, ја чекам размислата за локалните линии подоцна.

Врската со Турција преку Грција базирана на политика основа е сосема ОК, но околностите за тоа, не сум сигурен дека се исполнети. Турција со големи чекори се одалечува од овој дел од светот и се изолира (ако условно претпоставиме дека нашите ЕУ перспективи излегуваат на прав пат). Односите меѓу Грција и Турицја се исто така засегнати од ергоганизмот, а и без него нивните односе не се конзистентни.

Времетрањето на патувањето прави логика исклучиво за сплани вагони, се друго е мрцварење.

Ако возот застанува на редица туристички дестинации, тогаш се губи поентата на интерсити воз, кој попатно не би требал да има уште повеќе од 3-4 станици (освен Скопје, Солун и Истанбул).

Брзите пруги во Турција одат од Истанбул кон исток а сеуште не кон запад. Поголемиот дел од трасата секако отпаѓа на Грција така да токму нивната инфраструктура би била пресудна за ефикасноста на оваа линија.


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-Nov-2017 at 14:36
Во суштина, Турција ја има реконструирано железничката врска од Истанбул до бугарската граница. Возовите меѓу Софија и Истанбул ќе се движат со 160 км/час. Поентата е дека од оваа пруга се одвојува врската кон Грција, која е исто реконструирана. Грчките железници на нејзина територија ја одржуваат пругата со брзини до макс 100 км/ч. низ Тракија и до макс 160 км/час од граница со Бугарија до Солун. Да резимирам, пругата е во многу подобра состојба од онаа Белград-Скопје.

Во 2016 година веќе се потпиша иницијатива за повторно враќање на возовите меѓу Грција и Турција. Во суштина, оваа линија им е важна на двете земји за поврзување на Јонското море со Истанбул.

Во однос на Турција, јас ја гледам единствено како земја од каде имаме прилив на туристи и голем број на наши луѓе кои патуваат до таму многу често. Оттука, сметам дека би била исплатлива. Од политички аспект, мислев на ново железничко поврзување меѓу Македонија и Грција.

Во однос на станиците, и денес возот меѓу Солун и Идомени не застанува на станици. Ние самите, без никој да ни сугерира, имаме воведено станици Градско, Зелениково итн. на експресниот воз Солун-Скопје. Поентата ми е дека било каков иден воз е договор меѓу трите железнички претпријатија.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Nov-2017 at 16:56

Бојан османлиите факт е дека имале за цел да остават проевропски имиџ со трасирањето на пруга, но како и се во транспортот есапот им бил за економска и воена логистика, само колку опиум одело од тука натака ...

што е за нов балкан експрес, тоа најнапред треба да има супер односи меѓу ТР и ГР, што евентуално би почнале да крчкаат после јужен тек, тука не би било лошо и ние правовремено во координација со турците да извршиме притисок на јужниот сосед, но попрво ќе видиме нова хајспидка на К10 него да дочекаме стар балкан експрес ...

вака видено добро би било доколку се може, да ја задржиме и старата К10 со преадаптирање на одредени сегменти заради Вардарска Долина, а плус да добиеме нов супер брз коридор низ Овчеполието доколку Зајко некако не му текне да ги саботира кинезите ...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Feb-2018 at 20:42
Еве го мојот план за железничката мрежа во Македонија:

594.3km постоечка пруга;
11.6km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2020 (Битола-грчка граница);
67.4km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2025 (Бељаковце-бугарска граница 60.5km; Шивец-Кавадарци 6.9km);
73.2km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2030 (Кичево-албанска граница 63.1km; Требеништа-Охрид 10.1km);
90.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2040 година (Штип-бугарска граница);
117.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2050 година (Битола-Брждани 62.8km; Кочани-бугарска граница 54.3km).

Вкупно 1140.1km.

Вистинските должини би требало да се околу 16% поголеми, зашто не ги броев сите колосеци, кривини и слично, поради што броевите имаат помала вредност. Реалната должина би требало да е околу 1322.5km.

Со ваква развиена железничка мрежа, би се зголемил економскиот развој на Република Македонија, трговската и туристичката соработка со соседните (но и други) држави, би се поттикнал развој на одредени рурални населени места кои се наоѓаат долж линиите, а истовремено би се зголемила мобилноста и помеѓу градовите.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Feb-2018 at 10:10
Originally posted by Staro Skopje

Еве го мојот план за железничката мрежа во Македонија:

594.3km постоечка пруга;
11.6km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2020 (Битола-грчка граница);
67.4km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2025 (Бељаковце-бугарска граница 60.5km; Шивец-Кавадарци 6.9km);
73.2km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2030 (Кичево-албанска граница 63.1km; Требеништа-Охрид 10.1km);
90.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2040 година (Штип-бугарска граница);
117.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2050 година (Битола-Брждани 62.8km; Кочани-бугарска граница 54.3km).

Вкупно 1140.1km.

Вистинските должини би требало да се околу 16% поголеми, зашто не ги броев сите колосеци, кривини и слично, поради што броевите имаат помала вредност. Реалната должина би требало да е околу 1322.5km.

Со ваква развиена железничка мрежа, би се зголемил економскиот развој на Република Македонија, трговската и туристичката соработка со соседните (но и други) држави, би се поттикнал развој на одредени рурални населени места кои се наоѓаат долж линиите, а истовремено би се зголемила мобилноста и помеѓу градовите.


Идејата ти е одлична. Сепак, јас би споменал дека пругата од Битола до грчката граница треба биде завршена најдоцна до 2018 година. Такво беше и ветувањето на властите. За останатите пруги се сложувам, со тоа што ќе мора да ги земеме предвид соседите.

Веќе неколку пати имам напишано дека Албанија ќе биде многу тешко да си ја среди својата инфраструктура во догледно време. Во моментов возовите сообраќаат единствено од Тирана до Елбасан, а од Елбасан до Подградец ги нема поради катастрофалната инфраструктура. Од она што самиот го имам видено на терен, во Албанија ќе мора да се гради или комплетно нова траса, или на постојната да се градат комплетно нови мостови и сл.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Feb-2018 at 20:14
Originally posted by Staro Skopje

Еве го мојот план за железничката мрежа во Македонија:

594.3km постоечка пруга;
11.6km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2020 (Битола-грчка граница);
67.4km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2025 (Бељаковце-бугарска граница 60.5km; Шивец-Кавадарци 6.9km);
73.2km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2030 (Кичево-албанска граница 63.1km; Требеништа-Охрид 10.1km);
90.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2040 година (Штип-бугарска граница);
117.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2050 година (Битола-Брждани 62.8km; Кочани-бугарска граница 54.3km).

Вкупно 1140.1km.

Вистинските должини би требало да се околу 16% поголеми, зашто не ги броев сите колосеци, кривини и слично, поради што броевите имаат помала вредност. Реалната должина би требало да е околу 1322.5km.

Со ваква развиена железничка мрежа, би се зголемил економскиот развој на Република Македонија, трговската и туристичката соработка со соседните (но и други) држави, би се поттикнал развој на одредени рурални населени места кои се наоѓаат долж линиите, а истовремено би се зголемила мобилноста и помеѓу градовите.


Oва може да биде реалност ако годиниве што си ги навел ги сметаш по индискиот Сака календар, според кој сега е 1940. година.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Feb-2018 at 00:39
Е значи стварно овие од железница се лопови! Мислам да одам со воз до Белград (после долго време!) и гледам дека повратните карти ги направиле 1.700 денари, што е за 10 евра поевтино од автобус. Си мислев за тие пари да си купам легло во кушет вагон, кој е 8 евра.

И све е супер до моментот кога не ја отворив нашата веб-страница, туку онаа на српските железници. Тамо пише дека е воведена задолжителна резервација на седиштата од 3 евра од правец за секој меѓународен воз. И на крај, ако пресметаш, цената на картата пак излегува иста како што беше, дури и нешто поскапа, и тоа без легло во кушет вагонот
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Feb-2018 at 19:34
А што е најинтересно меѓународните возови им се полупразни бидејќи се 5 пати поспори од автобускиот превоз (поради пругите што им чинат на србите)
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Feb-2018 at 18:59
А како е тоа низ светот:
http://www.independent.co.uk/news/world/asia/chinese-workers-productivity-build-nanlong-railway-station-nine-hours-longyan-a8173881.html
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 177
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 17-May-2018 at 12:00
Originally posted by Staro Skopje

Еве го мојот план за железничката мрежа во Македонија:

594.3km постоечка пруга;
11.6km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2020 (Битола-грчка граница);
67.4km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2025 (Бељаковце-бугарска граница 60.5km; Шивец-Кавадарци 6.9km);
73.2km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2030 (Кичево-албанска граница 63.1km; Требеништа-Охрид 10.1km);
90.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2040 година (Штип-бугарска граница);
117.1km пруга која што треба да се пушти во употреба до 2050 година (Битола-Брждани 62.8km; Кочани-бугарска граница 54.3km).

Вкупно 1140.1km.

Вистинските должини би требало да се околу 16% поголеми, зашто не ги броев сите колосеци, кривини и слично, поради што броевите имаат помала вредност. Реалната должина би требало да е околу 1322.5km.

Со ваква развиена железничка мрежа, би се зголемил економскиот развој на Република Македонија, трговската и туристичката соработка со соседните (но и други) држави, би се поттикнал развој на одредени рурални населени места кои се наоѓаат долж линиите, а истовремено би се зголемила мобилноста и помеѓу градовите.


Ова е нешто стварно добро обмислено. Applause
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Jun-2020 at 23:55
Ја надградив идејата од 2018 година, вметнувајќи нови правци, отстранувајќи непотребни пруги и дефинирајќи ги оние кои постојат или треба да се градат.

За правилен економски развој на Македонија, искористувајќи и надградувајќи го човечкиот, трговскиот, туристичкиот и индустрискиот капацитет, предидувам вкупно 1,025.2 km пруга, и тоа:
377.4 km двоколосечна пруга со максимална брзина од 230 km/h;
429.4 km пруга со максимална брзина од 160 km/h и
218.4 km пруга со максимална брзина од 100 km/h.


Со ваква, развиена, опширна, брза и ефикасна железничка мрежа, на Македонија би ѝ се отворил пат - буквално и фигуративно - кон забрзан развој и би ѝ се подобрила меѓународната позиција. Ќе се скрати времето на патување на луѓе и стоки, а со тоа ќе се поттикне туризмот и бизнис патувањата од еден во друг град, индустриската логистика би станала одлична, а Македонија би била поатрактивна како транзитна земја, а со правилни политики и логистички центар.

Да имавме добри политичари, тогаш сите пари фрлени на корупција, лоповлук и ѓубре проекти од 1990 до денес, како и сите пари што ќе се фрлат до 2030 и сите оние кои поради лош менаџмент беа, се и ќе бидат пропуштени, ќе беа доволни за проектот „Македонија 2030 - Развој на патна и железничка инфраструктура“.

Брзи пруги предлагам на целиот коридор 10 - од српската граница, преку Скопје до грчката; од Скопје до косовската граница; од Скопје до Гостивар; од Прилеп до грчката граница и од Куманово до Клечовце. Сите веќе постојат, но потребни се сериозни зафати за ублажување (овој ли е терминот?) на рутата и изградба на уште еден колосек со цел постигање на брзина од 230 километри на час. Ова може да се работи во 4 фази: I (околината на Скопје, Скопје-Блаце и Скопје-Табановце) до 2027; II (Скопје-Велес, Битола-Меџитлија и Куманово-Клечовце) до 2032; III (Скопје-Гостивар и Велес-Неготино) до 2042 и IV (Неготино-Богородица и Прилеп-Битола) до 2047.

Експресни пруги до 160 километри на час би биле задоволителни на остатокот од коридорот 8 и 10д и кон популациските центри во Источна Македонија. И ова може да оди во фази: I (Градско-Кавадарци, Клечовце-Ранковце и Велес-Штип) до 2027, II (Штип-Кочани и Ранковце-Деве Баир) до 2032, III (Струмица-Ново Село, Гостивар-Кичево) до 2037, IV (Штип-Струмица и Богомила-Прилеп) до 2037 и IV (Велес-Богомила, Кичево-Ќафасан и Мешеишта-Охрид) до 2042.

Обични пруги до 100 километри на час би се користеле како приградска и метро железница и поврзување на главната мрежа: I (Скопје-Куманово, крак кон Меѓународен аеродром „Скопје“, Загорани-Демир Хисар и Јегуновце-Јажинце) до 2027; II (Кочани-Македонска Каменица) до 2032, III (Македонска Каменица-г.п. Делчево) до 2042, IV (Смоквица-Струмица) до 2047 и V (Демир Хисар-Брждани) до 2052.

Детали:
Изградба на нова пруга за приградска железница до Арачиново, а понатаму и поврзување на Скопје со нови населби до Куманово (види и агломерација СК-КУ), како и крак до аеродромот:


Пругата Смоквица-Струмица. Со неа би се отворила можност за железничка линија Софија-Благоевград-Делчево-Штип-Струмица-Солун, а индустриите од истокот на Македонија би добиле директен железнички транспорт до солунското пристаниште:


Пелагонија-Кичево. За поврзување на Демир Хисар со другите градови и директна врска на Прилеп, односно Битола со Тетово и Охрид. Сум ги заборавил свиоците кон југ од двете страни:


Коридор 8-исток, според студијата на МЖ. Излишен е коментар:


Edited by Staro Skopje - 05-Jun-2020 at 00:05
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Jun-2020 at 23:57
Надградени и нови пруги на истокот - развој на овој дел од земјата:




Кичево-Струга и Охрид, проект на МЖ. Подобрување на туризмот и поврзување со Албанија и пристаништето во Драч:


Ново решение во Велес. Поместување на пругата кон Штип на северозапад со цел директна врска кон Битола и задоволување стандард за 160 km/h:


Пруга кон Јажинце - алтернативно поврзување на западна Македонија со Косово; корекција на Скопје-Блаце:


Кочани-Делчево. Железничко поврзување со овој дел од земјата, како и Благоевград и Пиринска Македонија. Развој на индустријата во Македонска Каменица и планинскиот и руралниот туризам во Осоговието:


Градско-Кавадарци. Подобра конекција на кавадарчани со остатокот од државата, железница кон Скопје и Европа и Солун:


Edited by Staro Skopje - 05-Jun-2020 at 00:00
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Jun-2020 at 00:23
Еве ти уште некоја идеја:



1. Затворање на алтернативен ринг Скопје, може понатаму да биде и дел од градска железница. Врската постоела и мислам дека е глупа идеја што е напуштена.

2. Поврзување на аеродром од две страни со кружна врска. Алтернативна железничка "обиколница" на Скопје и опција за транзит сообраќај.

3. Затворање на ринг во Куманово. Мора да оставаме алтернативни опции и да може барем на градските делови да имаме опција утре и привремено да се затвораат делови заради реконструкции интервенции и слично.

4. Каменица - КриваПаланка. Може би ја преценувам оваа врска, ама па не е ништо различна од тунел Букојчани и Богомила. Добра опција за рудниците Тораница и Саса од девте страни на планинаната, како и поврзување на истокото меѓусебе и давање алтернатива на Штип за комуницирање со Софија како таргет од таа страна на границата. Исто алтернатива на Куманово и Скопје за да има брз пристап до втораиот железнички излез за Бугарија преку Делчево.

5. Николиќ со Грција. Пругхата е многу блиску од другата страна во Грција. Мислам дека и имаше обид од железарата да се поврзат железнички како слепо црево на грчката железничка мрежа. Зашто не па понатаму и до Валандово. Добро е да се има алтернативна врска со Грција.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Jun-2020 at 01:32
Има уште идеи, Трубарево-Петровец, Трубарево-Арачиново, Прилеп-Кавадарци, Зајас-Дебар, Миладиновци-Кадрифаково... Но, овие се неисплатливи, многу скапи (види ја трасата низ Осоговието!), не се толку потребни, а дел од нив поминуваат низ национални паркови и заштитени подрачја па би биле штетни за природата.

Прилеп-Кавадарци е интересна идеја, брза пруга 230 km/h може да стане и замена за пругата низ Богомила. Велес-Богомила-Прилеп е 75.2 km, а Велес-Градско-Кавадарци-Прилеп е 92.7 km. Од вториве ~11.1 km (шилецот околу Кавадарци) може да се скрати.

Првава рута е 28 минути (160 km/h пруга), вторава 21. Во реалноста, се разбира, повеќе, но дефинитивно верзија 2 е побрза.












Edited by Staro Skopje - 05-Jun-2020 at 01:47
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-Jun-2020 at 16:16
Може да се оди и кон поголема промена на трасите на брзите пруги, измена на осоговската врска, полошка приградска железница и пруга Охрид-Ресен-Битола.
Дебело црвено = 230 km/h; портокалово 160 km/h; тенко жолто 100 km/h.


Приградска железница Речане-Гостивар-Тетово-Јажинце:


Пруга кон Пробиштип и Кратово:


Охрид-Ресен-Битола:
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-Jun-2020 at 18:20
Ова би потегнало и реформирање на ЈП „Железници на Република Северна Македонија - Транспорт“ - двојба на ЈП за патнички и ЈП за товарен транспорт и либерализација со влез на приватни компании (двете ЈП би останале исклучиво државни).

МЖ, т.е. ЈПЖРСМ, кое сега е во лоша состојба, со лош менаџмент, финансии, проспекти итн. би добило финансиски стимулус, добар тим и конкуренција, па состојбата би се подобрила. Приватни играчи можат да развијат нови линии, на пример приградска железница во Полог, линија Гостивар-Зелениково, Кавадарци-Охрид итн.

Развој на железницата би значело и развој на местата каде што поминува и обратно - развој на одредени локации би ја зголемило потребата за железница. Една моја замисла е претворање на полошкиот регион во супер-агломерација - ширење на градовите и селата и непрекината урбана средина од Доброште до Равен, и тоа:

Гостивар (тиркиз) 150,000;
Тетово (сино) 115,000;
Боговиње (зелено) 50,000;
Врапчиште (жолто) 45,000;
Теарце (црвено) 25,000;
Брвеница (виолетово) 18,000;
Желино (портокалово) 10,000;
Јегуновце (темно зелено) 3,000;
ВКУПНО 416,000.

Во поширокиот Полошки регион би живееле вкупно 500,000 луѓе. Белите области се индустрија; наоколу би имало села, земјоделие и природа.


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.