build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Нов плоштад позади МОБ и Филхармонија ???
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов плоштад позади МОБ и Филхармонија ???

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нов плоштад позади МОБ и Филхармонија ???
    Posted: 17-Nov-2017 at 08:58

дали е време да се размислува и за ова ... иако во контекст на форумов има две думи во нишката за Плоштад Искандер [1][2][3]

во постојниот параспур тревник, може конечно да направат бар некој озбилен пејсажен плоштад ако не рамно плато, иако рамно плато како продолжен сквер на чаршискиот, отвора можност за концерти на отворено, а особено ако токму тука паркираат некои шпански скали наместо пред ГТЦ, но бидејќи скалите би биле споени со партерот на постојниот плоштад би требало да се поплочени со ист сив мермер за да бидат во склад, додека партерот на новиот плоштад би требало да е бел за да има конекција со МОБ и МБУЦ, а евентуално да се пушти некоја сива испрекината патека кон филхармонија како металик градба ...

исто ако не им држи вода идејата да направат Алеја на Великани по Кеј [2] тогаш тука нека ги распоредат во круг спомениците од оградите по мостовите, или тука оние од мостот на уметноста, а по кеј историските личности ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Nov-2017 at 13:51
од рендеров се претпоставува поголем простор помеѓу платото и ДПА додека во реалност заради дворот на амамот не е случај, така да тоа отвора простор за што подолго развлечени скали, а како би се оформило помал сквер и околу Даут Пашин Амам, аман сдс нека си засукаат ракави и прва скопска инвестиција нека им биде ова, нормално убо нек си се разберат со дуи кој мурал како треба да изгледа и дали тоа е вкусно вака или онака, ете Грчев нека им подели памет од ракав, а потем нека направат некаква целина која ќе ги доспои Центар и Чаршија ... иако скептичен сум дека ова ќе биде случај, та кога дпмне тоа не го протна на толку фрлен камен за Ск14 што па сдс кои нит сакаатннит имаатнпростор за да некако рандиозно се реализираат во сета оваа каша, ајде им остана токму овој дел за глацање како поздрав изборен баланс помеѓу двата народа ...
Originally posted by hcitrS


Дефинитивно од шанса за збогатување на центарот, плоштадов на крајот испадна едно од најголемите злодела. Сосема, за навек го блокира просторот околу ДП амам и задниот дел на операта, ја блокира светлината и воздухот, и е целосно не функционален, претставува пречка во движењето наместо олеснување.


самиот постоен плоштад, со сета наша недоносеност како општество, не е никакво зло, и не е никаква штета, доколку на локалниот менталитет се гледа како уникатна физиономија на импровизацијата како појава, почнувајки од езгијата во изворната музика, преку расфрланите калкани кај сакралната и ротирачките еркери кај профаната градба, па се до преживувањето како етникуми потпрени на слични корени а нукната од иста семка ... ако вака се гледа на Македонија тогаш ништо немоќе а да не е разбирливо или подносливо, САМО снобизмот на елитите е спремен на кат-аут ревизии рушење и плукање, наместо предложување повторно и поторно креативни начини како да се надмине некој недостаток некоја фалинка која е воочена, покажувањето со прст ни станала за жал сред конзумеризмов единствената утеха, а ќе биде и побетер кога ќе сакаме 100% да се идентификуваме со празнилото на запдните елити кои на нас и нашата земја гледаат само како на бројлер пред колење сред нивните агенди .. ок, ако не сте креативни околу постфестум решенија, но бар бидете креативни во етикетите и вреѓањето, и не само на етничка него и на малџиска основа ...
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 109
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Nov-2017 at 16:50
Вака, идејата за плоштадот Скендербег, па и не толку лоша. Но само толко, "Ок" е. Како прво скалите од малиот сквер, влез на старата чаршијата ако може така да се каже би биле во ред ако има цел каде тоа одат и за што служат. Ќе се изкачите по нив, и се соочувате со една бетонска рамнина, што не ве несочува никаде. Ниту е панорама, ниту има нешто да се види. Единствено нешто може само да ви послужи како огромен "мост", за да ве поврзе со другиот дел, нешто што ми можеле да го направите и без постоењето на плоштадот.Во самата нишка, некој имаше спомнато дека би била добра идеја да се ископа булеварот, да се суишти некое ниво подоле и да се добие по креативен простор за секојдневна употреба или некоја манифестација на пример. Истата идеја ја делам и јас, а вака некако, сам по себе делува, да речам вештачки.

Потребата за нов плоштад, мислам дека не толку добра бидејќи веќе доста плоштади се изпоградија во центарот на градот, но дефинитивно би требало да се размислува за некои поврзување на веќе ново изградиот плоштад кон тој дел.
Тој дел мислам дека треба да се реизгради во некоја форма на модерен парк, поврзан со плоштадот- можеби на ист начин како и делот со скалите, и да се збогати евентуално со некои културно-рекреативни содржини. Мислам дека доволно се узурпираа зелените содржини, затоа што мал дел од граѓаните ги користат. На пример сеуште плоштадот Мајка Тереза служи како кратенка и не е посетен.
Јас лично сум човек кој би одобрил на пример градба на високо-деловен/станбен објект со оставење на пристор за зеленило, отколку градење на долги, ниски објекти што не коекзистираат со просторот. Така да СКП14 во целина не ми се допаѓа. Видов еден план каде таму би требало да има два објекта, ако не грешам, можеби еден објект помеѓу Филхармонијата и МОБ би било океј и прифатливо, но дефинитивно просторот кај Даут Пашин Амам треба да се искористи мудро и ефикасно.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11031
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Nov-2017 at 19:12
Сега тој простор (кај Даут Пашин Амам) е див паркинг, раскопан, полн со дупки и вода по секој дожд, кал на сите страни, грозотија.
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Nov-2017 at 21:15

Јован и јас предочувам ко опција погоре, да се направи некој пејсажно урбанистички сквер, а не голо плато, иако тоа може да биде и во форма на подвижни жардињери кои по потреба би се повлекувале по страна, доколку некој има потреба од поголема манифестација ...

велиш скали може, и нормално и логично би било да има и од оваа страна пристап до платформата, но само по себе тоа повторно ќе го наметне овој момент, но ко неформален сквер, ако неможе и официјален ...

мора со време да се направи притисок за ваква иницијатива, за случајно да не насадат некоја нова зграда ... да имавме ние што сме тука невладина, тоа може и ќе го протуркавме некогаш, а вака ќе си остане пуста желба дал за ова ил она, а како по обичај заради некој грејтер гуд партијата на власт без никаква дебата ќе си истера некоја своја идеја ... но не е битно кој ќе пушти идеја, туку дали истата префинето ќе се разработи, или пак ќе се истера на мала врата ко до сега ...

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Nov-2017 at 10:10

вака видено, има добар простор она кровот кај гардеробите и канцелариите на МОБ да биде утре стејџ кој би го покрил ваквиот плоштад и акустично освен естетски, но нели за да народ разбере колку е саат ќе треба еден опен-ер ивент да се истера дури и сега, она со време да се прибележи ваквата локација како ултра младалачка, дури останала платформата и без скали за почеток, ако тоа би било ризик во однос на сплотувањето на Центар и Чаршија сестрано та и мултиетнички, што сега е случај само преку старите коридори, но греота би било од готов момент да не се извлече што повеќе ...

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3225
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 18-Nov-2017 at 10:45
Ама каков плоштад, сквер, урбанизација да правиме на последната зелена површина останата околу МОБ. Зелениково, нема никаква логика. Единствената работа што треба да се направи тука по изградбата на Македонска филхармонија и Скендербег е да се огради повторно овој простор и да се зазелени, да се постави урбана опрема и тоа е тоа.

Да не заборавам, очекувам од новото раководство на Општина Центар да го смени постојниот ДУП што предвидува зграда на оваа локација.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Nov-2017 at 11:33

зграда никако, но сквер посекако, бидејќи ова е единствената бруталистичка точка која го преживеа патинирањето, а со платформава на Ѓорѓија нема друго него ова, бреј зеленило, да ако некој е за зеленило на форумов тоа сум јас, но ко што реков секогаш има креативни решенија, ајде да видиме нека ја остават трева и колку истата ќе преживее утре , само како пешачки коридор та ќе ја сардисаат, но неопходни се дрва, а тоа ко што напоменав ќе го решат со подвижни жардињери, јес да е за нас терсене ноу-хау како ова да го изведеме, она и да ги направат ќе заборават да некако тркалата да им стават блокада а не па автоматска, дури се сомневам дека би ги замаскирале ко што треба ...

се надевам во о.Центар убаво ќе мучнат глава што со оваа локација, а на зелнилото во градов да му пријдат оштроумно, а не саде со памфлети или декларативни заложби, зеленилото треба да експлодира на сите страни па и по скверови ... тревник ко тревник денес никаде нема да најдеш во епицентар на ниедна европска метропола, но можеби вреди да ги сочуваме овие тревничиња како последен реликт за недореализираниот концепт на Кензо ...
Originally posted by +Protagorist

...
за почеток корисно би било да воведат закон со кој секоја институција но и фирма ќе биде обврзана да има пред врата стандардизирана жардињера со унифицирано зеленило на секоја улица, а што би го плаќале ко градски арач за да можат и околу истиот да интервенираат непосредно доколку се незадоволни или имаат подобри идеи како истиот да се ефектира [1] на ваков начин потенцијално би имале утре и вертикални зелени ѕидови како алтернатива за ваквите обврзувачки жардињери, со оглед дека во зграда каде има повеќе фирми логично е жардињерите односно материјалот за нивна изработка и зеленилото што би одело во нив да се срочи во еден расцветан тепих кој би корегирал и многу постојни недостатоци околу постојните урбани визури... онаму каде можат нека ги направат истите и интерактивни дали ко ѕид за пентарење деца, или каскаден водопад ко алтернативни пожарникарски скали итн. ајт нека стават и трафика в среде само нека ја оживеа природата сред бетонската џунгла, што дури може да го тераат и минималистички ко подобен за онаму каде има брутализам посреди...

пак ќе речам зграда не, на сквер да, пејсажната архитектура во градовите денес бидна пејсажен урбанизам, ете на тие нови скали нека стават жардињери и ко гелендери, па и по самите скали итн. итн.

Edited by Zelenikovo - 18-Nov-2017 at 11:36
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Nov-2017 at 14:14

локацијата по квадратура е речиси идентична со плоштадот Македонија, а со се платформата на плоштад Ѓорѓија и поголема ... а и така заради тоа уличната фонтана на плоштад МКД ова би биднало и побезбедна и поедноставна локација за митинзи и концерти, со што би се оставило простор на плоштад МКД да има само свечени државни манифестации ...

дополнително, ова е прилика и како етникуми да направиме и официјално некоја заедничка плоштадска спојка, та ваков плоштад би имал и мултикултурна амбиција, иако за ова да биднеше норма, ќе требаше п.Скендербег да го спуштеја на ниво со Чаршија а не наднеа, со што уште поозбилно ќе се поврзеа Центар и Чаршија [1] но и вака ќе ја биде како конекција бар скали да удрат и од страната на МОБ натака ...

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Dec-2017 at 02:20

ако види чоек поубаво, ваков плоштад е далеку поголема реалност од која и да е локација во мал ринг, со оглед културните институции наоколу, кажете слична парцела во градов, штета што не е на ниво со Чаршијата за да се надоврзе на евентуален нов и помонументален пред НУБ доколку воопшто и може некој вакво нешто да истера и како проект а не пак реализација [1] за наши услови фатаморгана, која дури и навистина sds да инсталираат некаква клучка кај Мавровка, посекако нема да ја денивелираат со леснотија како потфат, еве таман последниве дождови се супер мотивација да се пишманат, дури и навистина сообраќајните инжињери би им посочиле дека е логично тука да одат со тунел на овој сегмент од бул.Гоце Делчев ...

и навистина со ваков плоштад ќе се префрли тежиштето од неокласичен и кон бруталистички спот за градски спектакли, а инсталирањето токму тука на Шпански Скали наместо ГТЦ ќе отвори простор ваквиот плоштад и да стане главен за културни настани, а особено имајќи ја во предвид новата скопска фобија наклемена заради уличната фонтана на пл.МКД ... друга предност тука би било можноста да се случуваат перформанси и инсталации и на МОБ итн. итн. ...
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Dec-2017 at 10:23
plostadov jas pre bi go napravil park, bidejki veke ima drva na nego, malce treba da se dosredi, a vednas do nego ima ogromen plostad (skenderbeg), od druga strana site parkovi vo mal ring gi sotrea
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 414
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Dec-2017 at 11:21
Парк, а може и некој дислоциран споменик (од Жена парк на пример). А на Мајка Тереза обавезно некакво зазеленување.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Dec-2017 at 16:00
bas taka. sekoj spomenik treba da se dislocira na poseben plostad za da ima nekakva logika
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 164
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Dec-2017 at 16:28
Jas be napravil nov plostad vrz stariov polostad, kako Skenderbeg plostadot nega go stavat na stolbovi i izdignat nad stariov... Togas ke im pokazeme na VMROvcite koj e po pameten  
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Dec-2017 at 16:36

што фали ако дрвата бидат во големи подвижни жарњери, во тој случај останува фрка тревата, а и таа може да биде послана ко килим, имате во фусов на крај и наша фирма [1] та доколку има потреба градот да може да дозволи поголеми манифестации и тука, пак ќе напоменам спотот е модерно незаменлив после то патинирањево на Центар, јас невелам дека другде нема есто за плоштади, напротив порано велев дека може да затераме и со некоја симболика какоо 7/8 она седум плоштади со по осум пешачки коридори, имаме за сега официјално четири, петти би бил оној кај АРМ, шести пред собрание т.е. Пелагонка доколку ја направат ул. ДиЧу подземна и го пуптат тунелот под пл.МКД ко што е зацртано во ГУП ко јок'акал есап за нас, а седми на Кале под или над МСУ ... а потем сетов ова и да се спакува како приказна пред се за самите нас, а потем за сите останати ...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Dec-2017 at 22:07

доколку е изводливо, зеленило на платформава не би било лошто... со оглед на тоа дека нема никаква сообраќајна логика, и со оглед дека откако го раскопаа калето и отиде во неповрат земјиштето каде што е сега Водовод, зелениот простор во околината на чаршијата скоро и да го нема
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Dec-2017 at 23:56

кај пејсажниот урбанизам нема што не е можно, инво правл си дури и исцело да биде сето ова зелена површина вака послана, а редовно да има бусени кои би се сееле наново од Паркови и Зеленило како би ги ротирале при истрошување, тоа би значело дуплозелени килими, а да би можеле вака да одат и врз платото на плоштад Искандер ...

дури и ко цикцак плочки можат да ги распределуваат [1] па ето компензација ако се нема камен за резерви во расаднико на јп.паркови и зеленило
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.