build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Жардињери

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Жардињери
    Posted: 04-Apr-2008 at 09:19
 

Градот ќе прави нови жардиниери, граѓаните ги крадат садниците

Градот Скопје планира да изгради нови жардиниери во должина од 10 км на седум булевари

Сања Наумовска

Градот Скопје планира да изгради жардиниери во должина од околу 10 километри на седум булевари. Моментно се работи на јавниот повик за изведувачот на средишното зеленило на булеварот „Александар Македонски“ во должина од 2 километра, а Општина Карпош се очекува да распише и повик за дел од „Партизанска“ каде што ќе се гради жардиниера во должина од 2,6 километри. Во тек е и подготовката на реализацијата на булеварот „Гоце Делчев“, која ќе следува веднаш по проширувањето на улицата, планирано да се реализира до крајот на летото. Градските власти најавуваат дека во текот на оваа градежна сезона ќе бидат направени и жардиниерите на останатите четири булевари „8 Септември“, во должина од 1,2 километри, „Крсте Мисирков“, 1,6 километри, „Кочо Рацин“, 720 метри и „Кузман Јосифовски Питу“, 750 метри. Формата и висината на жардиниерите ќе се задржи иста како и досега, а за зеленилото ќе одлучува градското претпријатие „Паркови и зеленило“. Сепак, нагласуваат во Градот и покрај желбата за уредување на средишното зеленило, засега немаат успешен начин да ги спречат кражбите на садниците кои секојдневно се случуваат.

„Кај нас се краде се', зеленило, шахти, делови од семафори и слично и Градот би требало да се претвори во полицаец ако сака сето тоа да го спречи. Сепак, тоа нема да влијае на нашата одлука да ги реализираме проектите за уредување на новите жардиниери“, коментираат во градскиот Сектор за урбанизам.

Во „Паркови и зеленило“, пак, велат дека на локациите каде што постои најголема веројатност за кражба на садници патролираат чувари 24 часа на ден во три смени. Тоа најчесто е на локациите каде што има новонасадено зеленило, каде што и деновиве двапати беа фатени крадци. Во јавното претпријатие велат дека се сомневаат дека се работи за организирани групи кои не се заинтересирано за кои било садници, туку се крадат скапи увозни дрвца кои веројатно потоа се препродаваат.

„Претпријатието има добра соработка со полицијата, од каде што повратните информации укажуваат дека садниците се крадат и од страна на поединци за садење во нивните дворови, но во последно време и за бизнис од страна на организирани групи, кои потоа ги продаваат“, информираат во „Паркови“. Во последно време такви случаи се булеварите „Словенија“ и „Александар Македонски“, бидејќи новонасадените садници многу полесно се крадат отколку постарите кои се закоренети и потешко се откорнуваат.

 
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Aug-2008 at 01:49
Досега за жардињерите беше расправано во повеќе нишки, но бидејќи тие во градов очигледно се форсираат како работа од исклучителна важност, најдобро да почнеме да ги третираме во засебна нишка.
Колку што прелистав, досегашните дискусии за жардињерите се испреплетени со други теми, па го префрлив само претходниот пост на вардар и еве ќе почнеме скоро на ново... Не се сомневам дека ќе имаме доволно материјали за нишкава Roll%20eyes

Сакам да нагласам, јас лично немам ништо против жардињерите како концепт, напротив, мислам дека се одлични решенија од многу аспекти. Но кај нас и убавите работи често знаеме да ги превртиме наопаку и да ги отераме во друга крајност.

Она што ми смета е во врска со жардињерите е:

1. Се градат и се планираат таму каде што би требало да поминуваат трамвајски траси, а пругите за трамваите се зацртуваат на постоечки сообраќајни ленти.

2. Никој не превзема ништо против постојаните кражби на садници од жардињерите (ова е и поширок проблем, садници се крадат од кај ќе се стигне, не само од жардињери).

3. Жардињерите се форсираат како да се некој приоритетен проект, во време кога имаме толку многу вистински ургентни приоритети, а толку малку финансиски средства. Нормално, тука е и дежурното перверзно објаснување дека со жардињерите ќе сме станеле „метропола“.



Еве да почнеме со денешнава вест:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2ABD4B02233613449973C17A18D32A0D

Нови жардиниери на три булевари

Реализацијата, очекуваат во Градот, ќе започне за дваесетина дена

Град Скопје ќе започне со изградба на жардиниери во средишното зеленило на булеварите „Кочо Рацин“, „Крсте Мисирков“ и на дел од „Христијан Тодоровски - Карпош“. Деновиве заврши тендерот, на кој за изведувач на проектот е избрана градежната фирма „Карпош“. Реализацијата, очекуваат во Градот, ќе започне за дваесеттина дена, по потпишувањето на договорот со изведувачот и по добивањето на одоберенијата за сообраќајните решенија од Министерството за внатрешни работи.

За изградбата на жардиниерите на булеварите од градскиот буџет се одвоени 24 милиони денари. На булеварите ќе бидат изградени корита, исти како оние во средишното зеленило на „Партизанска“ и на „Александар Македонски“, во кои потоа јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе засади разновидно зеленило. Во жардиниерите ќе биде вграден и системот за полевање капка по капка.

„Во буџетот за годинава за изградба на жардиниери имаме издвоено 40 милиони денари. Во првата фаза објавивме тендер за 24 милиони денари, која ќе ги опфати овие три булевари. Сметаме дека за нив е најургентно да се подноват со ново зеленило, бидејќи постојното е доста уништено и лошо изгледа“, вели Мичо Поповски од Секторот за урбанизам. Тој додава дека веднаш по реализацијата на првата фаза, ќе биде распишан нов тендер за остатокот од средствата. Со нив ќе се уредува средишното зеленило на булеварот „Јане Сандански“ и на дел од „Партизанска“ во Општина Карпош. (С.Н.)



Edited by Cloverstack - 02-Nov-2008 at 03:51
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Aug-2008 at 04:14
Па жардињерите не се некои којзнае колку битен дел од нашето живеење  (заслужуваат нишка, да не бидам погрешно сватен), но сепак им се дава големо значење од оние лица кои не ги бива за нешто поприоритетно, а сепак сакаат да излезат фраери на следните избори. Јас жардињерата ја гледам како еден вид "денивелација на тревник" и ништо повеќе, но сепак е битно оградувањето, односно ѕидот. Ѕидот и не е некоја посебна работа кога и онака се базира на бекатон концепт. Жардињерата не е нешто што се изведува којзнае колку тешко и затоа не гледам дека се проблем на трамвајските траси, зашто може за пола саат да се размонираат. Има една друга работа која сссстрааашноооо ме иритира, а тоа се оние забиколувања на шахти кои се присутни на големо ширум партизанска. Сметам дека жардињерите треба да бидет составен дел од секој булевар во градот. Можеби на некого ќе му смета за прескакање улица на непешачки премин, но тоа е. А дали ќе сме станеле метропола, жардињерата не игра никаква улога и тука комплетно се слагам со Кловер.


Edited by lslcrew - 10-Aug-2008 at 04:15
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Aug-2008 at 11:51
Мене павер жардинериите ми станаа одвратни. Кога се направи првата таква на Водњанска ми се допаѓаше но кога го аплицираа истиот концепт по цел град стана одвратно. Мислам дека белата ограда со убаво одржана трева и ружи изгледаше многу подобро. Ако целта беше да не се рипа оградата не е постигната. Луѓе нонстоп ги прерипуваат жардинериите, немаат проблем дали ќе зацапаат во кал, очигледно примитивниот инстинкт е посилен од се. Поефектно решение ќе беше да останеше старата ограда и истата да се електрифицираше.

Безбедносно се исто така проблематични. На Партизанска на пример ретко кога може да се примети пешак кој чека во средишниот појас додека тој не стапне на коловозот. Не еднаш сум видел луѓе во последен момент да кочат.

Зеленилото не е ништо посебно импресивно и како што веќе спомнавте постојано се краде. Во Атина на пример имам видено одлична средишна жардинерија со палми кои беа осветлени секоја засебно со рефлектори одоздола. Иако изгледаше одлично за разлика од скопскиве моделот не беше применет на секој можен булевар како врвен приоритет.

И наместо да се престане со целото ова глупирање ете уште најави OhnoWallbash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Aug-2008 at 12:22
Originally posted by lslcrew

Жардињерата не е нешто што се изведува којзнае колку тешко и затоа не гледам дека се проблем на трамвајските траси, зашто може за пола саат да се размонираат.
Абе да, ама нема никаква логика да ги градиш за одма после да ги рушиш...  Мада мислам дека за рушење во корист на трамвајот нема шанса - ова нивно форсирање е силен сигнал дека воопшто не ја ни земаат во обзир можноста трамвајот на одредени делници да поминува на средина или некоја друга комбинација каде што средишниот простор ќе треба да се искористи. Ова е уште еден доказ колку се несериозни и неодговорни во планирањето на трамвајот.


Originally posted by pbanks

Поефектно решение ќе беше да останеше старата ограда и истата да се електрифицираше.


LOL LOL LOL
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Aug-2008 at 12:30
Не се сложувам со пбанкс дека белата ограда ако се оддржавала ќе изгледала убаво. Мене уопште не ми изгледа убаво, многу е некако штуро, празно. Подобор ако не, само тревник нека биде, без ограда. И така нема никаква заштита, освен за прерипувачите кои ионака и и нашле финта. Одсекогаш сум бил против тие огради. Врвот на целата работа е неоддржувањето, а има и уште еден проблем, а тоа е што дури и при поставувањето, се криво поставени.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Aug-2008 at 12:35


Пази... не реков убаво, реков поубаво. Во тоа е и целата трагедија.

Но... ако се навратиш на постари слики на Скопје каде оградите биле одржани, прави, тазе офарбани и обложени со ружи пузавици реално убаво изгледаат.

Не би ми сметало ни воопшто да нема ограда само да ги нема оние проклети жардинерии.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Aug-2008 at 12:43
Добро ок, поубаво. Ружите воопшто не би изгледале поубаво од жардињери. И незнам зашто па сега проклети. Мене водњанска и првиот дел од партизанска најубаво ми изгледаат со жардињери и затоа и погоре реков "да станат дел од секој булевар во градов". стварно не гледам ништо проклето у ова. Можеби ти смета високото зеленило коешто се сади?!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Aug-2008 at 12:48
Originally posted by lslcrew

Добро ок, поубаво. Ружите воопшто не би изгледале поубаво од жардињери. И незнам зашто па сега проклети. Мене водњанска и првиот дел од партизанска најубаво ми изгледаат со жардињери и затоа и погоре реков "да станат дел од секој булевар во градов". стварно не гледам ништо проклето у ова. Можеби ти смета високото зеленило коешто се сади?!


абе нема врска ствар на вкус е веќе ова. Мене едноставно не ми се допаѓаат објаснив погоре зошто. Не викам дека јас сум во право можеби на некој друг му се допаѓаат. Сепак мислам дека има далеку побави и поедноставни начини да се реши средишното зеленило на булеварите.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Oct-2008 at 01:12

незнам дали жардињерите ќе ги рушат долж средината меѓу правците доколку се трасираат трамваите по среде но дека ќе мора нешто да се преземе околу претераната унифицираност на сите видови жардињери тоа е сигурно, станаа како главно обележје на градот, а воопшто и не се одржуваат како што треба, или се преплавени или обезглавени накитени само со грмушести растенија. за илуминација на истите не доаѓа во предвид според аршините на општините тие и вака им се скапи за одржување а камоли тој луксуз иако не е некој битен и примарен фактор во разубавувањето на скопските улици сепак таквиот додаток дава чувство на топлина, како некој урбан арт момент !



Edited by beTon - 12-Oct-2008 at 13:36
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Oct-2008 at 14:14
Originally posted by beTon

незнам дали жардињерите ќе ги рушат долж средината меѓу правците доколку се трасираат трамваите по среде но дека ќе мора нешто да се преземе околу претераната унифицираност на сите видови жардињери тоа е сигурно, станаа како главно обележје на градот, а воопшто и не се одржуваат како што треба, или се преплавени или обезглавени накитени само со грмушести растенија. за илуминација на истите не доаѓа во предвид според аршините на општините тие и вака им се скапи за одржување а камоли тој луксуз иако не е некој битен и примарен фактор во разубавувањето на скопските улици сепак таквиот додаток дава чувство на топлина, како некој урбан арт момент !



Кога се постави првата жардињера од овој тип на Водњанска имав високи очекувања и ми се допаѓаше. Имам видено во други градови ваков тип на жардињери и не излгедаат воопшто лошо но како што самиот кажа хортикултурно се многу подобро уредени а да не зборувам колку перверзно добро изгледаат со соодветна илуминација ноќе (најубав пример од овој тип ми е една жардињера со палми во квартот Вулигаменис во Атина).

Ова што денеска го имаме би го порушил без око да ми трепне. Не некои улици воопшто и не соодветствува таков тип на жардињера.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Oct-2008 at 22:10

Originally posted by pbanks

Ова што денеска го имаме би го порушил без око да ми трепне. Не некои улици воопшто и не соодветствува таков тип на жардињера.

последнава констатација ме замисли малку околу оштетувањето на жардињерите, во случај на сообраќајки во кои се предизвикуваат механички оштетувања на жардињерите или заштитните огради дали оној што ќе направи штета ја надоместува истата подоцна или само општината е должна да ги закрпи оштетувањата, ова како прашање би го поставил и за колатералните штети и на другиот дел од сообраќајната инфраструктура како што се семафорите, канделабрите, корпите и знаците!?  

Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-Oct-2008 at 22:11
Не би се сложил pbanks. На повеќето од улиците каде се поставени средишни жардињери, токму жардињерите се лајт мотив... Само мислам дека жардињерите поставени во време на Пенов се поелегантни и постилски од денешниве, ама сеедно, мене ми изгледаат сосем коректно и едните и другите
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Oct-2008 at 00:01
Originally posted by dacito

Не би се сложил pbanks. На повеќето од улиците каде се поставени средишни жардињери, токму жардињерите се лајт мотив... Само мислам дека жардињерите поставени во време на Пенов се поелегантни и постилски од денешниве, ама сеедно, мене ми изгледаат сосем коректно и едните и другите


работа на вкус така да не ти го оспорувам мислењето. Од моја страна има неколку клучни поенти

1. не ми се допаѓа унифицираноста на цел град
2. не ми се допаѓа вклопувањето на некои од жардинериите во одредени булевари (пример на Водњанска ми е во ред но на Партизанска воопшто не ми се допаѓа
3. кога веќе има жардинерии замерката ми е дека дефинитивно има посреќни хортикултурни решенија и опции за илуминација кои би давале одличен шмек ноќно време
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Oct-2008 at 16:15
особено жардињерите на партизанска го задушуваат просторот и ја намалуваат видливиста
според мене било какви жардињери не одговараат насекаде, има и други решенија за да разубавиш еден или повеќе булевари
и плус не гледам логика да потрошиш толку пари на жардињери за по кратко време да ги срушиш
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Oct-2008 at 16:19
Originally posted by zabegan

особено жардињерите на партизанска го задушуваат просторот и ја намалуваат видливиста
според мене било какви жардињери не одговараат насекаде, има и други решенија за да разубавиш еден или повеќе булевари
и плус не гледам логика да потрошиш толку пари на жардињери за по кратко време да ги срушиш


токму тоа ми е поентата. одлично си го лоцирал проблемот
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Oct-2008 at 16:49
I ja se slozuvam so zabegan@ za toa sto go kaza za partizanski odredi deka ja namaluva vidlivosta, jas sum ziv svedok koga se pregazija 2 zeni ,kade sto ima pesacki premini treba barem od 100 metri da nema takvi zivi ogradi ili da ne bidat premnogu visoki, za da moze da se gledaat i pesacite, i normalno deka ne odgovaraat na podracja kade sto ima mnogu naseleni zoni,eve primer vo bul goce delcev nema da ima problem ,oti nema pesaci mnogu natamu itn.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Oct-2008 at 11:31
Бетонски жардиниери на повеќе булевари

Нови бетонски жардиниери ќе се поставуваат на местото на железните огради на повеќе булевари во градот, во кои ќе биде вграден систем за полевање капка по капка, а ќе биде засадено и зеленило, соопштуваат од градската управа.

Оттаму објаснуваат дека веќе се почнати активностите за отстранување на средишните железни огради на булеварите Гоце Делчев и на Крсте Петков Мисирков, а дека се работи на средување и садење на зеленилото во жардиниерата кај хотелот „Континентал“ на булеварот Александар Македонски, до натпатникот кај Бит-пазар.

- Жардиниерата на булеварот Гоце Делчев ќе се протега од мостот „Гоце Делчев“ до спојот со улицата Беласица и ќе биде долга 1.550 метри. Оградата на булеварот Крсте Петков Мисирков ќе биде долга 950 метри, а ќе се простира од мостот кај МАНУ до Бит-пазар. Потребно е да се изведат уште околу 1.000 метри од жардиниерата кај хотелот „Континентал“ до надвозникот кај Бит-пазар. Се надеваме дека граѓаните нема да ги уништуваат жардиниерите, но сепак апелираме до нив да не ја преминуваат улицата преку нив и да не го оштетуваат засаденото зеленило - истакнуваат градските власти.

Тие додаваат дека покрај овие булевари ќе се уредува и средишниот појас на булеварите Христијан Тодоровски -Карпош и на Кочо Рацин. На булеварот Кочо Рацин ќе се гради ограда долга 810 метри, која ќе оди од спојот со улицата Мито Хаџи Василев -Јасмин до мостот кај Народната банка, а жардиниерата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош ќе ја гради фабриката Карпош за што градот од својот буџет издвоил 26 милиони денари.

Од градската управа нагласуваат дека откако ќе завршат градежните работи за поставување на жардиниерите, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во нив ќе вгради систем за наводнување, а ќе посади и зеленило и садници. Тие додаваат дека целта на овој проект е да се овозможи прочистување на воздухот, поради големата густина на сообраќајот на булеварите и големата загаденост во градот.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=218&ArticleID=10166


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Oct-2008 at 12:35
Покрај тоа што се опасни за возачите на автомобили, од жардињерите ќе биде невозможно да се изгради трамвајската пруга во зелениот дел од некои од булеварите.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Oct-2008 at 18:29


За трамвајот е навистина жалосно како неодговорно се занемарува тој простор, но не гледам како би биле опасни за возачите.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.