build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Жардињери

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Oct-2008 at 20:07
Не знам колку е ова модерно во денешно време, ама наместо малецки грмушки би било добро да има убави високи дрвореди, да личи на авенија Викам не знам колку е модерно, пошто некако ми звучи старовремски сето тоа со дрворедите, некако од старите филмови Но, во секој случај е убаво да има густи зелени дрва кои ќе го делат патот. Имаше тука во солун пред да почнат со унаказувањето на цел град за да се изгради метрото. Сепак кога еднаш тие ќе пораснат големи мислам дека ќе има проблеми со асфалтот.

А за тоа со будалите што ги газат жардињерите и преминуваат по скратени патчиња, сум бил сведок тука (додуша тука екстремни будали се) ако преминеш на место кај шо не е пешачки премин, и ако ради тебе возачот почни да кочи или мора да застани или да те избегни да не те удри, знае комотно да ти се врати и да те истепа. Се случило ова 2-3 пати пред мене
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 28-Oct-2008 at 21:35
дрворедите се подобри за помали и постари улици, кога збориме за булеварите, тие бараат друго уредување, еден пример се жардињерите
јас имам друг предлог, на некои булевари (зависи каде одговара) да има уредна ниска жива ограда
на некои места не сметаат жардињерите, туку зеленилото во нив (пр. Партизанска), па повеќе треба да внимаваат на тоа отколку на жардињерата, макар и обичен бетон да е, добро одбраното зеленило е тоа што го краси
П.С. На бул. Кочо Рацин имаат нешто раскопано, претпоставувам за жардињерите
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 04-Nov-2008 at 10:14

НА БУЛЕВАРИТЕ


Жардиниери наместо старите огради


Средишните огради на булеварите во Скопје ќе се заменат со жардиниери. Градежните работи веќе започнаа на булеварите Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков, а облагородувањето на жардиниерите ќе се изведува и кај клучката Континентал, на булеварот Александар Македонски до натпатникот кај Бит пазар.
- Жардиниерата на булеварот Гоце Делчев ќе биде долга 1.550 метри, а ќе се простира од мостот Гоце Делчев до спојот со улицата Беласица. На булеварот Крсте Мисирков се гради жардиниера долга 950 метри, од мостот кај МАНУ до Бит Пазар. По должината на булеварот Александар Македонски веќе е уредена жардиниерата од почетокот на сообраќајницата до клучката кај х. Континентал, каде се изведуваат уште 1.000 метри нова жардиниера на потегот кон надвозникот Бит Пазар, велат во Градот.

Со проектот средишниот појас ќе се уредува и на булеварите Коцо Рацин и Христијан Тодоровски Карпош. На Коцо Рацин ќе се изведува жардиниера долга 810 метри, од спојот со улицата Мито Хаџи Василев Јасмин до мостот кај Народната банка. На булеварот Христијан Тодоровски Карпош жардиниера ќе биде долга 800 метри. Градот за оваа намена издвои 26 милиони денари, а веднаш по завршувањето на градежните работи ЈП "Паркови и зеленило" ќе постави систем за полевање капка по капка и ќе ги облагороди со зеленило и садници.

(Д.Т.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=9F602AF533A4874588CCA3C2C2921424
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 04-Nov-2008 at 18:46
Браво! 
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 07-Nov-2008 at 11:29
Скопје метропола Crazy Wallbash

Нови жардињери на

1. Кочо Рацин

2. Крсте Мисирков

3. Гоце Делчев



Edited by pbanks - 07-Nov-2008 at 11:31
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 20-Nov-2008 at 13:05
Ова што не се гледа на сликата треба да биде Жардињерата на ХТ-Карпош!


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 02-Dec-2008 at 03:07
 

Жардиниерите се подготвуваат за садници

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ поставува хидрантска мрежа и ги полни со земја жардиниерите пред ТЦ „Мавровка“ со што ги подготвува за садење листопадни и зимзелени растенија. Доколку дозволат временските услови, ќе бидат засадени најразлични зимзелени грмушкасти растенија, потоа мали елки, туи, борчиња, како и други украсни растенија. Хортикултурно ќе се уредат и жардиниерите кај Судска палата, а потоа и оние на булеварот „Крсте Мисирков“.

Но, во „Паркови“ велат дека е најважно садниците да се зачуваат, бидејќи се постојано цел на крадци. Во изминативе шест дена од жардиниерите во Автокоманда биле украдени триесетина дрвца.

„На потегот од семафорите кај Земјоделскиот факултет до надвозникот на Бит- пазар се украдени 12 дрвца туја розердалис, потоа 11 дрвца туја вудворди и 5 дрвца туја смарад. Тоа се се' скапи и квалитетни дрвца во форма на пирамида“, вели Елизабета Георгиевска, портпарол во ЈП „Паркови и зеленило“. (Сн.К.)

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 02-Dec-2008 at 03:56


Но, во „Паркови“ велат дека е најважно садниците да се зачуваат, бидејќи се постојано цел на крадци. Во изминативе шест дена од жардиниерите во Автокоманда биле украдени триесетина дрвца.

„На потегот од семафорите кај Земјоделскиот факултет до надвозникот на Бит- пазар се украдени 12 дрвца туја розердалис, потоа 11 дрвца туја вудворди и 5 дрвца туја смарад. Тоа се се' скапи и квалитетни дрвца во форма на пирамида“, вели Елизабета Георгиевска, портпарол во ЈП „Паркови и зеленило“. (Сн.К.)



Па конечно превземете нешто... Bash
Што е поентата на се повеќе жардињери, се повеќе квалитетни и скапи садници, а борба против зачестените кражби тотално отсуствува? Континуирано слушаме само жалопојки и апели. Од кога тоа криминалните појави се решаваат со апели?!?

Јас со години слушам за крадење на садници (имам дури видено и видео клипови), но немам слушнато некој да е фатен и казнет. Вака испаѓа дека на некои им одговара крадењето и намерно не се превзема ништо... Можеби некој трие раце од постојаните нови нарачки, или се прикажува повеќе украдено отколку што е вистинската ситуација или пак и двете во комбинација.


Edited by Cloverstack - 02-Dec-2008 at 04:05
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 02-Dec-2008 at 12:38
se prikazuva poveke deka e ukradeno,pa zatoa ne prevzemaat nisto zasto im odgovara a samo neznam na koj do tolku mu doslo za drvca da krade,a  toa deka ke gi sprecat da gi kradat drvcata cisto sumjam toa ako si naumil nekoj ke go zeme pa sto saka neka bide ako treba ke go iskrsi od inat.Smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 02-Dec-2008 at 17:09
Originally posted by Б.Ѓ.Т

samo neznam na koj do tolku mu doslo za drvca da krade

Абе има луѓе кои на тој начин си ги облагородуваат дворовите... Скапо им е да купуваат садници, поубаво им е да копачат по жардињерите и слични локации. Bash


a  toa deka ke gi sprecat da gi kradat drvcata cisto sumjam toa ako si naumil nekoj ke go zeme pa sto saka neka bide ako treba ke go iskrsi od inat.Smile

Не може да се спречи комплетно, но барем да се заузда. Важно е да се превземат мерки и да има казнена политика. Тоа у старт ќе одврати голем дел од овие лешинари. Па 1 у 50 да фаќаат веќе од корен ќе се смени ситуацијата. Поготово што тоа не се класични криминалци него веројатно фамилијарни луѓе кои ете се грижат и за изгледот на својот двор. Репутацијата е важен фактор. Обелодени го идентитетот на некој таков кој ќе биде казнет за ваква кражба и веќе си делувал на најголем дел од другите потенцијални крадци.
Слично е и за вандализмот (уништување на садници). Тука можеби репутацијата нема да биде толку силен фактор, но потенцијалната казна исто така ќе делува одвраќачки. Треба да се фатат неколку такви и да им се стемни од казните и од нив да се направи пример.
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 03-Dec-2008 at 00:50
epa koga ke udris nekogo po dzeb i malce koga ke go posramis,i ako se tie sto se grizat kolku i za dvorot tolku i za nivnata reputacija togas bi trebalo da deluva t.e da funkcionira.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 20-Dec-2008 at 02:11

Ново зеленило на булеварот „Гоце Делчев“

Во жардиниерите на булеварот „Гоце Делчев“ екипи на „Паркови и зеленило“работат на засадување зимзелени и листопадни садници. Насадени се туја, каталпи, како и други мини-грмушки. Истовремено, екипи на „Паркови“ ќе работат и по должината на булеварот „Никола Карев“ и во општина Кисела Вода, во близина на „Тинекс“, каде што на површина од 7.000 квадратни метри ќе се направи реконструкција на тревникот и ќе се посадат разни видови садници, со што граѓаните ќе добијат ново зелено катче.



Статијата е прочитана 31 пати.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=27DAD0EBD109D74BA96A820FE04241A8


Edited by La Linea - 20-Dec-2008 at 02:13
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 20-Dec-2008 at 16:27
не ми е јасно зошто садат грмушки и некои ниски дрвца, во жардињери во кои што треба да има ниско зеленило, уредна трева и цвеќиња, еме подобро изгледа за еден булевар, ем има видливост, и нема да има проблеми со пешаците (како што има на партизанска)
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 20-Dec-2008 at 18:27
Овие дрвца „траат“ многу подолго, а башка се зимзелени, па ќе има зеленило и во зимскиот период. Башка цената за одржување на цвеќенца е многу поголема. Јас сум за овие дрвца, и не сметам дека на овој булевар проблемот е ист како на партизанска.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 04-Feb-2009 at 23:16
Значи трасата за трамвај ја решија така што ќе узурпираат една од сообраќајните ленти а средишниот простор каде е оставен простор за трамвајска траса ќе го затрупаат со нивните глупави бекатонски жардинерии.

Маестрално Applause Wallbash

Жардениера ќе го двои булеварот К.Ј.Питу


Град Скопје почна да ја гради жардиниерата во средишниот дел на булеварот Кузман Јосифовски Питу. Жардениерата ќе биде долга 920 метри, а ќе биде изработена од армирано-бетонски префабрикувани елементи, информираат градските власти.
Жардениери ќе добијат и булеварите Јане Сандански, 8 Септември и Партизански одреди. Јавната набавка за избор на најповолен изведувач е во завршна фаза.

Жардениерата на булеварот Јане Сандански ќе биде долга 800 метри и ќе се протега од почетокот на булеварот до крстосницата кај Мајчин Дом. Средишната ограда на булеварот Партизански одреди, на потегот од улицата Рузвелтова до мостот Обединети нации, ќе биде заменета со жардиниера во должина од 2,650 метри, а ќе се гради жардениера и на булеварот 8-ми Септември, на потегот од фабриката Алумина до улицата Илинден, и ќе биде долга 1.100 метри.

Жардениерите ќе бидат наполнети со земја и во нив ќе биде поставен систем за полевање "капка по капка", по што ќе бидат засадени со разновидни садници.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=19ECEF4C6FC7744780A6F4F6372E819B
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 05-Feb-2009 at 00:23
и на Јане Сандански му се спремаат Crazy
донекаде ќе сфатам на другиве булевари, ама на Јане сандански е широко зеленилото, што ќе има? базен од земја?
некој си направил добар бекатонски бизнис Wallbash
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 05-Feb-2009 at 00:29
Кај нас очигледно се` се прави на  јуриш и без било каква визија за иднината. Цел град го прередија со павер елементи, а не им текна дека треба да се постават тактилни патеки за слепи лица. Сега ќе го изѕидаат Јане сандански, Партизанска веќе е до пола изѕидана.... Трамвајот после ќе заглави во препуцавања со паркови и зеленило и еко-друштвата... Башка што справувањето со бетонските жардињери ќе влијае на чинењето на целиот зафат потребен за трамвајот.... Тифани е плесната на локација за подземна сообраќајница... Соравија се нареди со стакло, па се пишманија па после пак ставаа ново стакло.... Улиците се прекопуваат за секој нов објект што се гради....

pbanks не знам зошто ти е толку чудно Shocked
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 06-Feb-2009 at 22:04
Почна


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3869
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 10-Feb-2009 at 20:01

Нови жардиниери на булеварите во Центар, Аеродром и во Карпош

За реализација на проектите, во буџетот на Градот се предвидени 30 милиони денари

Градот Скопје започна да ја гради жардиниерата во средишниот дел на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“. Жардиниерата, на потегот од железничката станица до зградата на Народна банка, ќе биде долга 920 метри, а ќе биде изработена од армирани бетонски префабрикувани елементи. По завршувањето на градежните работи, кои ги изведува фирмата „Карпош“, „Паркови и зеленило“ ќе инсталира систем за наводнување капка по капка, а во жардиниерата ќе бидат засадени ниски грмушки и цвеќиња.

Во завршна фаза е и тендерот за избор на најповолен изведувач што ќе ги гради жардиниерите на булеварите „Јане Сандански“, „8 Септември“ и „Партизански одреди“, информираат градските власти. За завршување на проектите, во буџетот на Градот има 30 милиони денари.

Со завршувањето на овие жардиниери ќе бидат разубавени сите булевари во централното градско подрачје, сметаат во Градот, а доколку останат средства во буџетот, проектите ќе се прошират и на булеварите во населбите.

Жардиниерата на булеварот „Јане Сандански“ ќе биде долга 800 метри и ќе се протега од почетокот на булеварот до раскрсницата кај Мајчин дом. Средишната ограда на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од улицата „Рузвелтова“ до мостот „Обединети нации“, ќе биде заменета со жардиниера во должина од 2.650 метри. Жардиниера ќе се гради и на булеварот „8 Септември“, на потегот од фабриката „Алумина“ до улицата „Илинденска“, а ќе биде долга 1.100 метри. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0390490BA343AD4E8332499E569E20B4


Edited by Cloverstack - 10-Feb-2009 at 20:21
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 27-Mar-2009 at 11:58
Фотовест
Скопје
Градежни екипи почнаа да градат средишна жардиниера на булеварот Партизански одреди во населбата Карпош 3. Речиси сите булевари во градот, особено во централниот дел, ќе добијат средишно зеленило што ќе се полева со системот „капка по капка“.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=352&top=1&ArticleID=21268
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.