build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Одморишта на патните правци

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9047
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 09-Aug-2009 at 18:08
Originally posted by Andrej_LJ

Во право си! Таа кај Велес стварно не бев сигурен затоа што ретко го минувам тој пат. А за Петрол Компани, можев барем сликата да ја видам има табла... 7 браќа како да беше разнесена во војната ама незнам дали ја обновија.


7 Браќа беше разнесена не само за војната туку и пред/после нејзе (не ми текнува точно) неколку пати. Си имаа луѓето проблеми со локални моќници. Објектот вечно се гради и незнам дали е воопшто довршен. На таа бензинска имам точено бензин само еднашка и имам впечаток дека и ден денеска воопшто не е разработена за разлика од на пример Петрол Компани или Бунар Петрол кај Гостивар каде често сум застанувал и секогаш имало гужва.

Кога сме кај одморишта, летово поминувајќи кај Стража ја видов стандардната свињарија. Одмориштето се има доста разработено од кога Охрид е повторно интересен за туристи од регионот но нема никакви капацитети за паркинг (колите се натрупани во неколку реда покрај патот често навлегувајќи во него), луѓе претрчуваат, небезбедно е, неосветлено е ноќе (освен во делот кај Лукоил), рестораните или што и да се (освен Лукоил) се сеуште запустени, прљаво е, полно со кучиња скитници...........

@Klover

За Макоил незнам не сум поминал натака одавна.


Edited by pbanks - 09-Aug-2009 at 18:09
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 09-Aug-2009 at 18:33
за стража воопшто има урбанистички или некаков план за вон населено место или па неккаков план од страна на миснистерството пошто се работи за заштитен појас на магистрален пат?! Или се тоа само времени објекти натрупани, па и не баш времени, туку има и доста цврста градба! А за паркингот може да нагаѓаме зашто и во голем дел зависи од конституција на теренот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 20-Nov-2009 at 16:47

Туристите ни бегаат со полн гас


И варењето ракија може да биде атракција за странските туристи

Годишно низ Македонија транзитираат од 3 до 5 милиони луѓе, а се случува некогаш дневно да минат и по 500 автобуси кои воопшто не застануваат на патот од 200 километри од северната до јужната граница

Странските туристи ја претрчуваат Македонија сакајќи што побрзо да ја поминат. Некогаш дневно поминуваат и по 500 автобуси кои воопшто не застануваат на патот од 200 километри од северната до јужната граница. Ова беше истакнато на еден неодамнешен форум за винските патишта. Како главна причина за таквото нешто беше посочено немањето прописен тоалет покрај автопатот од Куманово до Гевгелија.

- Знаете ли дека Турците кога одат по нашите патишта ги паркираат возилата во ниви за да спијат. Тоа се оние кои ја пропатуваат Македонија патувајќи за Турција. Ако би се изградиле попатни објекти, паркинзи, ресторани, чешми, тоалети, сервиси за коли.., би било поинаку - истакна сопственик на туристичка агенција од Кавадарци.

Само за илустрација, беше кажано дека во бивша СФРЈ во еден наврат само за осум часа во хотелот „Парк“ кај Неготино биле услужени туристи од 35 автобуси. Тогаш во Тиквешко имало само две винарници, а сега има педесетина.

НЕМА НИ ТОАЛЕТИ

Туристичките агенции од Србија истакнаа сериозни забелешки.

- Транзитниот туризам ви е катастрофално лош. Можеби сте земја која во Европа најлошо го користи транзитниот туризам - констатираа гостите на форумот.

Владата, беше речено, не може да ги менаџира сите проблеми.

- Може да се интервенира, по забелешките дека нема тоалети. Но, не може Владата да ги држи тие тоалети, да поставува вработен кој ќе седи и ќе ги чисти. Тие би се дале под концесија - рече Зоран Николовски од Министерството за економија.

Владата е свесна дека грешиме со транзитниот туризам.

- Годишно 3 до 5 милиони луѓе поминуваат низ Македонија. Порано имаше милионски суми од транзитниот туризам. Државата е тука да направи инфраструктура и да помогне во маркетингот, но локалната самоуправа треба да помогне, а да се ангажира и приватниот сектор - потенцира претставникот на Министерството за економија.

Надлежните размислуваат како да се менаџираат работите со транзитниот туризам. Владата в година ќе дава паркинзи на концесија, а можеби и локации за сервиси. Потребен бил и маркетинг, зашто на нашиот Коридор 10 освен две табли за Стоби не постои ништо друго. Затоа сега се поставувале знаци за винските патишта.

На форумот, на кој учествуваа претставници на централната и на локалната власт, домашни туристички агенции, винарници и угостителски објекти, беше потенцирано дека странците што доаѓаат се жалат дека не можат да купат сувенири и разгледници од регионот на виното. Посебна приказна бил проблемот што луѓето што ги имаат клучевите од некој верски објект, кој сакаат да го посетат туристи, понекогаш морале да ги бараат по нивите.

- Имаме многу работи кои не знаеме да ги искористиме, за разлика од нашиот јужен сосед кој од секој камен прави легенда и пари - беше кажано.

РОСОМАН ЧЕКА ДАНЦИ

Општина Росоман имала што да им понуди на туристите, но жителите на општината немале чувство за туризам, се пожали градоначалникот Стојанче Лазов. Росоманскиот крај бил омилена дестинација, особено за туристи од Турција чии предци се родени тука.

- Имаме неколку винарници и можеме да организираме дегустации на вино. Од старата џамија правиме музеј. Дански туристи се заинтересирани да доаѓаат напролет за да го гледаат цутењето на праските, како атракција во регионот со најмногу праски во Македонија. Но, немаме доволно сместувачки капацитети за туристите. Фали интерес кај росоманци да го курдисаат овој бизнис. Најверојатно луѓето многу работат земјоделство, па немаат време да се бават со туризам. А некои од туристите сакаат да преспијат токму во локални автентични куќи - рече градоначалникот Лазов.

Тој смета дека Росоман има предуслови за развој на туризам. Но, како што рече, земјоделците треба да сфатат дека во тоа има пари. Засега повеќе сакале да работат по нивите одошто да пречекуваат туристи.

- Не знаат дека кога ќе ги спојат земјоделството и туризмот ќе им биде подобро и ќе имаат поголема добивка - рече Лазов.

Тој потсети дека туризмот може да биде многу доходна гранка, но во внатрешноста многу малку и' се посветува внимание.

- Во светот цели села живеат од туризам. Зошто да не може и Росоман -праша тој.

ФОНТАНА СО ВИНО

На форумот беше предложено на алтернативните туристи да им се понуди да видат како се калемат или кројат и изнесуваат лозови прачки, како се сади лозје и се бере грозје. Туристите да може, ако посакаат, сами да пробаат да варат ракија или да прават вино.

- Не смејте се. Ако некој оди во Тунис, на пример, за да се слика на камила за едно евро, зошто кај нас не би можел да се слика во лозјето - беше коментарот на некои од присутните на дебатата.

Падна и предлог за тиквешкиот гроздобер и за свети Трифун да се направи фонтана од која ќе тече вино, а посетителите да може бесплатно да пијат. Беше дадена и идеја за отворање мини-пазар до хотелот во Неготино, како оној во Росоман, со цел да се привлечат туристите да застанат и да купат земјоделски производи. Присутните се согласија дека треба да ги здружат силите за да можат да ја продадат македонската винска приказна.

Во таа приказна, беше речено, многу успешно би можеле да се вклопат и ски-центарот „Кожуф“, Тиквешкото Езеро со Полошкиот манастир, до кој се стигнува по воден пат, необичните фигури создадени од природата во Конопиште, Музејот на виното и многубројни други убавини кои се испреплетуваат со винските патишта во Македонија.

- Во светот за пет евра ти продаваат камен, но имаат приказна за него. Некои земји дваесет проценти од буџетите ги полнат од туризмот. Бог ни дарил богатство, кое ние само треба да му го покажеме на светот - беше заклучено на дебатата што ја организира фондацијата „Тиквешки вински пат“.

Светлана Дарудова


Царински арач

Не можеме да влеземе во Македонија и да излеземе ако не платиме рекет, се пожалија српски туристички агенции. Според нивните тврдења, 5 евра од автобус ги чинел влезот во Македонија, а 15 излезот.

- Полицијата, исто така им наплатува рекет од 10 до 20 евра на српските автобуси. А така не можете да развивате транзитен туризам - рекоа гостите од Србија.

Претставникот од Владата рече дека слушнал „прикаски оти се земал рекет“.

- Ако е некаква утеха, сто души вработени на границата се во „ќорка“ во моментов - рече Николовски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2C169A4AFCE6FF4B8FDE21C15A00B236
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12038
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 15-Mar-2010 at 23:37
ПОКРАЈ НАЈАВАТА НА ВЛАДАТА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТРАНЗИТНИ ТУРИСТИ
Нема пари за градење хотели и ресторани

Елена Костовска


Изградба на угостителски објекти и туристички атракции покрај патиштата во земјава ќе го поттикне транспортниот туризам, но тоа нема да може да се случи набргу зашто стопанството нема пари за вложување. Ова е реакцијата на туристичкиот сектор на антикризната мерка на Владата за изградба на повеќе придружни крајпатни објекти на коридорите 8 и 10 и за вцртување маркички за изградба на комерцијални објекти, со што би се овозможило транзитните патници да придонесат за развој на националната економија. Од Министерството за економија велат дека изградбата на објектите ќе почне во мај откако ќе завршат процедурите за потребните дозволи. Ќе градат и државата и приватните инвеститори кои ќе купат или ќе станат концесионери на државно земјиште или ќе ги земат на стопанисување, одржување или за изградба постојните паркинзи или објекти. - Нормално е дека ако имаме попатна инфраструктура ќе имаме можност да заработиме, но тоа нема да биде брзо. Што ако се добијат маркичките, со кои пари ќе се гради кога нема можности за поволни кредити субвенционирани од Владата? Годинава се очекува поголема навала на туристи кои по копнен пат ќе патуваат кон Грција, но за да преспијат или да застанат во земјава, тоа треба да им биде планирано, па треба да се направи и добра промоција. Не верувам дека летово ќе се направи нешто, освен можеби да се постават пристојни тоалети и можеби изградба на некои објекти во рамки на бензинските станици - вели Роза Сирачева од Туристичката комора. Таа додава дека ако има поволни можности за финансирање на инвеститорите, сигурно ќе има заинтересирани зашто се работи за многу исплатлив бизнис. Во Министерството за економија очекуваат новата понуда да го зголеми престојот на попатните туристи. - Ќе се градат ресторани, мотели, бензински пумпи, на неколку паркинзи ќе има културни манифестации и штандови за продажба на сувенири или локални производи, а ќе биде поставена и туристичка сигнализација со кафеави табли. Бидејќи низ земјава транзитираат околу два милиона патници, сметаме дека треба да го задржиме нивното внимание и да одвојат барем еден ден или неколку часа за одмор, од кои секој би имал позитивен ефект - вели Селвет Барути, портпарол на Министерството.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1968&ArticleID=136315
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 16-Mar-2010 at 01:04
Незнам каде точно се нуделе локации, но мора како сериозен параметар да се земе ПГДС-от на локациите, и уште подитно да се земе проектиран ПГДС после израмнувањето на бројот на возила по глава на жител во иднина кога просек за нормална држава со димензии на Македонија е одприлика нешто помалку од милион возила, како и проекција за ПГДС-от после изградба на коридорите и другите планирани дополнително автопатишта и регионална мрежа. Долгорочно најатрактивна делница е делницата од Куманово до Миладиновци каде што всушност оваа делница е дел од два меѓународни коридора, близина на аеродромот и излез на главен град. А исто така од тука некаде треба да биде и автопатот према Штип, па да речеме и евентуален аеродром во Штип.

Така да, ова може ќе треба да го пишам во друга нишка, меќутоа сега еве ми се наметн аи прашањето дека можеби во иднина оваа делница и ќе треба да ја прошириме по една лента за двата правца.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 16-Mar-2010 at 02:01

Па, освен што во изминативе 20 години се констатираше дека имаме потенцијал за транзитен, а покрај него и алтернативен туризам, (што и не е тешка филозофија да се утврди) - ништо друго не е направено. Па дури ни прашањето со тоалети не е решено!Bash Сите нешто се туфкаат.. едвај ја направија онаа национална стратегија и се Dump

Па ние ни асален информативен туристички центар/и немаме, знаци земаа да ставаат и тие ги утнаа, а за тоалети ич да не збориме.. Хотелине не сакаат да чујат за подигнување на квалитет на услуга, си вработуваат кого сакаат, без никаков осет за услужен менаџмент, а тешко дека има и некои професионални обуки. 
 
Битно спотови на CNN имаме и лупнавме тешки милиони за нив. Гладна кокошка - просо сонува. Ние уште производ не сме креирале и немаме абер да го направиме, а се удривме на промоција.
Имаме ние 2.000.000 потенцијални туристи и без промоција - поентата е како да ги задржиме, што да им понудиме и на кој начин ќе го направиме тоа - односно дали ќе бидат задоволни, за да дојдат пак или никад више. 
За квалитетни и безбедни автопати и да не почнуваме.
 
Знам дека сум офф, ама освен ваков коментар што друго да се искоментира на ваква очајна состојба. Доволно е само Србија да ја земеме за пример каде OMV има на секој чекор. Да не излезе дека се е црно - се прави по нешто ваму-таму, ама премногу бавно и несериозно.


Edited by SkyBoy - 16-Mar-2010 at 02:11
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 16-May-2010 at 12:44
На бензинските на Црна Река може добро да одмориш среден двор, со паркинг за коли и камиони,кафе-бар,мини маркет и бензинска јас мислам дека тоа е доволно да го има на бензинските во Македонија а на наекои може и да мал мотел со 10-15 соби и тоа би било доволно но нема кој да го направи тоа.. а имаме потенцијали.. Bash
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Aug-2011 at 05:45

По осумгодишна пауза

Втор живот за мотелот „Македонија“



Мотелот близу до Градско беше и остана речиси единствениот сместувачки објект крај автопатот од Куманово кон Гевгелија

Мотелот „Македонија“, на автопатот меѓу Велес и Градско, пет години откако е продаден и осум како не работи, наскоро повторно ќе ги отвори вратите за многубројните туристи што се на пропатување низ Македонија. Мотелот беше и остана речиси единствениот сместувачки објект крај автопатот од Куманово кон Гевгелија и обратно и место каде што можат да здивнат намерниците. Со ова се отвора повторно можноста дел од милионите странци што се на минување низ Македонија, барем за час да се задржат. Мотелот ќе биде отворен за десетина дена, а моментално се екипира со персонал.
- Со мотелот сакаме да ја пополниме празнината на туристичката понуда крај автопатот. Се потрудивме да го направиме европски, модерен објект со македонски цени на услугите. Малку се одолжи неговото отворање, но сепак станува збор за значајна инвестиција - вели Мите Јовановски, сопственик на мотелот „Македонија“ и на синџирот бензински пумпи „Макоил“.
Мотелот има 35 соби со вкупно 75 легла, повеќе летни тераси за 400 гости и ресторан за 500 посетители. На гостите им е достапен и автокамп со комплетна инфраструктура, кој има 80 парцели. Од нив, како и од целиот објект, кој е во стар македонски стил со чардаци, тераси, се отвора прекрасен поглед кон реката Вардар и целиот крај, кој е засаден со лозја.
Објектот беше урнат до под во 2007 година, по што беше повторно изграден. Сопственикот го купи на јавно наддавање на кое беше единствен учесник. За објектот плати 65 милиони денари. Јовановски не открива колку пари вложил за обновување на мотелот, но вели дека е неколкупати повеќе од цената по која го купил. Во дворот на мотелот е изградена и бензинска пумпа, која работи три години.
За запознавање на странците со овој мотел и неговата понуда, од влезот во Македонија кај Куманово, на секои десет километри има рекламно пано со кое тие се информираат за услугите што ги нуди. За почеток, во мотелот ќе бидат вработени 30 лица, келнери, шанкери, готвачи, рецепционери, хигеничарки, собарки, за кои се бара да бидат вешти во знаењето. Поранешните вработени во мотелот „Македонија“ сметаат дека со неговото неработење од осум години се изгубени околу четири милиони евра, кои се собирале од странците кои тука се одморале.

Туристите минуваат

Автопатот Куманово - Гевгелија е во должина од 180 километри и овој мотел е единствената понуда по целата негова должина за престој на туристите. Процените се дека по автопатот лани поминале 3,5 милиони туристи, кои немаат избор каде попатно да одморат. Посебно е прометно лете, кога има илјадници туристи - Срби, Чеси, Словаци, Унгарци, Полјаци, кои се на пат или се враќаат од одмор на Егејот, но и Турци кои се на пропатување за дома или кон Германија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4F932A49DBCB4043B5DC220DB91D6387
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12038
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 29-Sep-2011 at 22:28

Мотелот „Македонија“ повторно проработе

Мотелот „Македонија“ во близина на Велес, покрај автопатот Табановци - Гевгелија, по осум години пауза   повторно е отворен, овој пат од новиот сопственик Мите Јовановски, газдата на ланецот бензински пумпи Макоил.

Мотелот беше и остана најголем и единствен сместувачки објект покрај автопатот во должина од 180 км, место каде можат да здивнат патниците. Со отворањето, по долги години е симнат еден од проблемите, како барем за час да се задржат дел од милионите странци кои се само на минување низ Македонија.

Мотелот свечено го отвори Архиепископот г.г. Стефан, кој посака успешна работа и многу гости.

- Со овој мотел сакаме да ја пополниме празнината на туристичката понуда, во должина на автопатот. Се потрудивме да го направиме европски, модерен објект со македонски цени на услугите. Тој ќе биде достапен за секој што минува по автопатот да се одмори, да се освежи, јаде. Малку се оддолжи неговото отворање, но сепак тоа беше значајна инвестиција – вели  Мите Јовановски.

Мотелот има 36 луксузно опремени соби со 75 легла во едно, две и трикреветни соби, повеќе летни тераси за 400 гости и ресторан за 500 посетители. На гостите им е достапен и авто-камп со комплетна инфраструктура, кој има 80 парцели. Во него се вработени 30 лица.

Од нив, како и од целиот објект, кој е во стар македонски стил со чардаци, тераси, се пружа прекрасен поглед кон реката Вардар и целиот крај, кој е засаден со лозја.

Сопственикот не открива колку вложил во неговото реновирање, но вели дека е многу повеќе отколку што го купил. Заради целината на услугите, тој во дворот на мотелот изгради и бензинска пумпа, а најавува отворање на винотека и сувенирница. (П.П.)

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=999164C4A1DD5D49B9FB41C3BB7B1179
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 28-Sep-2019 at 16:49
Незнам дали има некоја посебна нишка за одморишта,но еве тука ги ставам фоткиве од ново одмориште кое се гради на патниот правец Катланово-Велес неколку км по наплатната станица Петровец



Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1914
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 29-Sep-2019 at 11:46
Конечно ова место ќе стане место за одмор, со години стоеше така запустено, а причината никогаш не беше откриена.
Дали знаеме кој го гради ?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 29-Sep-2019 at 13:31

Nemam info koj go gradi pocnaa pred 4-5 meseca i togas mislam deka bese postavena nekakva tabla no za zal ne bev vo moznost da zastsnuvam i da slikam.Kako i da e vazno e da se sredi mestovo i da ponudi pristojni uslovi za odmor. Za zal na nasite patista nema mnogu odmorista,kolku sto znam stojat prazni i parcelite na avtopatot D.Kapija-Smokvica koi se predvideni za vakva namena. Ima i uste edno odmoriste vo izgradba pred naplatnata stanica kaj Veles no tamu rabotite nekako se odvivaat mnogu bavno prvicno izveduvac bese Zikol pa posle nekoe vreme nemase aktivnosti pa sega gledam povtorno ima nekakva aktivnost no sega mislam izveduvac e Rapid Bild.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 23-Nov-2019 at 16:33
Originally posted by stef4o

Незнам дали има некоја посебна нишка за одморишта,но еве тука ги ставам фоткиве од ново одмориште кое се гради на патниот правец Катланово-Велес неколку км по наплатната станица Петровец





Сеуште не е отворено но добило име Drive Cafe,делува пристојно барем однадвор




Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 534
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 25-Nov-2019 at 12:03
Definitivno koridor 10 zasluzuva vakvo mesto za odmor , poinakvo od zastanuvanje po benzinski stanici , mislam deka lokacijata e odlicna i deka kako sto izgleda e odlicno i moderno sredeno , kako sto nalikuva na edno mesto za pauza , sekoja evropska zemja ima vakvi mesta na svoite glavni patista
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.