build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Стар Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стар Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2079
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 15-Apr-2018 at 19:05
Навистина, каде е и што прави почитуваниот господин градоначалник?

Итна ревизија на сите ДУП-ови, лоцирање на зградите кои го нарушуваат нормалното функционирање на градот и поставување временска рамка (од максимум 10 години) за нивно отстранување.

А, И ИЗРАБОТКА НА ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ П Л А Н О В И! ПЛАНОВИ! ТОА Е ЗАМИСЛА КАКО САКАМЕ ДА ИЗГЛЕДА ГРАДОТ!

Аеродромци до Марин: Тарабите за новата зграда ќе проголтаат детски парк и игралиште

Скопје стоп алам во своето обраќање до градоначаникот на општина Аеродром, Златко Марин, наведува:

„Револтирани граѓани ги урнале тарабите за новата зграда која ќе проголта детски парк и игралиште кај Тобако 2, Општина Аеродром (на аголот на улиците Руди Чајавец и Фрањо Клуз).

Бараме итно стопирање на овој објект и ревизија на сите ДУП-ови во општината, впрочем како што ветивте во септември 2017 година“.

#СтопНаУрбанистичкиХаос #БетонскаЏунгла #ФатетеСеЗаРабота

https://plusinfo.mk/18834-2/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12984
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 16-Apr-2018 at 19:07
За сè има вторпат
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 16-Apr-2018 at 19:39
Originally posted by Џоле







https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/gragjani-vo-akcija-urnati-tarabite-za-planirana-nova-zgrada-vo-aerodrom-foto


Вчерашно инфо, денес си беше заградено и си течеа „подготвителни активности“ - инаку во фаза на селење и подготовка за рушење се и уште неколку други бараки од спротива подолу...
Еве овие бараки : https://www.google.mk/maps/place/Delphi/@41.9860213,21.4555285,130m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x135438584d09678b:0x69b1945272b193f2!8m2!3d41.9845306!4d21.6211876?hl=en

Edited by Obedineta Makedonija - 16-Apr-2018 at 19:40
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 16-Apr-2018 at 20:45

Неспорно е дека е тешко да се стопира зграда што е зацртана во ДУП, на парцела во приватна сопственост. Ама господинот Златко Марин пред изборите пееше друга песна. Еве извадок од негово предизборно интервју за „Фактор“ (а сигурен сум дека вакви ставови изнел и на други места и дека сето тоа е фино документирано):


Фактор: Што според вас е приоритет за општина Аеродром каде се регистрираше огромно загадување на воздухот и се почести се урбанистичките проблеми со неконтролирано градење?

Марин: Во мојот план за квалитетен живот има конретни решенија кои ќе придонесат за решавање на проблемите кои ги спомнав погоре. Прво, итно запирање на понатамошно градење во урбанизираниот дел на општината. Ревизија на сите ДУП-ови и изработка на нови по теркот на ДУП-овите позади Бисер и Ново Лисиче, кои се ремек-дело на урбанистичкото планирање. Новите населби кои ги направи Коневски немаат доволно или воопшто зеленило и немаат соодветни паркинг и сообраќајни решенија. Изработка на ДУП-ови каде еколошките стандари ќе бидат запазени до милиметар се нашата главна заложба.

https://faktor.mk/intervju-zlatko-marin-revizija-na-site-dup-ovi-vo-aerodrom-po-izborite-



Затоа сега нека не тупи со оправдувања, туку нека го спроведува тоа што јасно и недвосмислено го ветуваше. Како ќе се справува со вакви ситуации, со колку дабари и чифлиганци ќе се замери, дали општинската каса послабо ќе се полни и нема да биде доволна за сите паразити во општинската администрација, колку гласови ќе добие а колку ќе изгуби, не знам и не ми е гајле, тоа си е негов проблем. Колку и да е заебано да се стопираат проекти во вакви околности, никој не го тераше да се кандидира и да дава такви предизборни ветувња. Сега треба да испорача, а не да паламуди.

Не знам, можеби во конкретниов случај градежната дозвола била издадена пред неговиот мандат. Ако е така, би прифатил дека во случајов подобро е општината да се повлече и да остави проектот да се реализира непречено, отколку да се плаќаат огромни обештетувања. Но дури и да е така со градежната дозвола (а не слушнав такво објаснување/оправдувње), тогаш Златко Марин нека каже дали сега е запрено со издавањето на градежни дозволи во спорните реони и до каде е таа негова ревизија на ДУП-овите. До кога треба да чекаме за да се почне? Сите нафта ли пиеме?




Edited by Cloverstack - 16-Apr-2018 at 20:54
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 17-Apr-2018 at 11:44
Еве една тура денешни фотки низ населбава

1.Еве табла од новоотвореното(прочуено) градилиште.Не станува збор за Дабар туку за некоја сосема друга фирма досега барем не сум ја приметил во овој дел да има нешто изградено.





Во продолжение еве уште неколку фотки од новоотворени градилишта,згради при крај на градба,згради во фаза на градба....

За ова градилиште мислам дека има координати од Obedineta Makedonija во погорниот пост,ми изгледа како да се спрема Адора да почне да гради барем така пишуваше на работничките одела на мајсторите кои ги местеа тарабите





На Пандил Шишков до зградата на Дабар





Еве една на Голден Арт близу црквата Св.Илија,до нејзе веќе се врши ископ за нова



Дабар и Елена Лука Хоум







Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 18-Apr-2018 at 12:35
https://www.radiomof.mk/vrz-parkot-vo-aerodrom-niknuva-stanbeno-delovna-porta-odobrenieto-izdadeno-pred-eden-mesec/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 18-Apr-2018 at 13:43
Може дури и засебна нишка да отвориме за проектов но сепак да видиме дали ќе истакнат некаков рендер сега за сега многу оскудни информации имаме освен катноста и локацијата ништо повеќе не се ни знае дали една или повеќе згради ќе никнат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 18-Apr-2018 at 13:47
http://www.press24.mk/skandal-hausmajstorot-na-zhernovski-vo-isto-vreme-e-glaven-inspektor-i-sopstvenik-na-gradezhna-firma
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 18-Apr-2018 at 16:57
За ова градилиште мислам дека има координати од Obedineta Makedonija во погорниот пост,ми изгледа како да се спрема Адора да почне да гради барем така пишуваше на работничките одела на мајсторите кои ги местеа тарабите






Како и што претпоставував еве рендер,11 ката


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 19-Apr-2018 at 13:10
Состојбата на новоотвореното градилиште-превземено од фејсбук



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 21-Apr-2018 at 13:43
За ова градилиште мислам дека има координати од Obedineta Makedonija во погорниот пост,ми изгледа како да се спрема Адора да почне да гради барем така пишуваше на работничките одела на мајсторите кои ги местеа тарабите




Превземено од долниот линк,во веста се критикува начинот на рушење и градежната прашина.Инаку на некои од градилиштата се работи и во доцните вечерни часови пред некој ден кога поминував околу 20:00 под рефлектор се вршеше ископ на едно градилиште мислам на Голден Арт.





https://ako.mk/аеродромци-не-можат-да-дишат-од-градеж/

Edited by stef4o - 21-Apr-2018 at 13:44
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 22-Apr-2018 at 13:40
Веќе е поставена информативна табла,а и со рушењето се при крај-превземено од фб



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 23-Apr-2018 at 13:03
Еве како ги оградуваат градилиштата,сосе тротоар,ова е некое ново градилиште-превземено од фејсбук

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 23-Apr-2018 at 17:36
Originally posted by stef4o

Веќе е поставена информативна табла,а и со рушењето се при крај-превземено од фб





Боли глава од „елитниов“ објект. И претходниот и сегашниот градоначалник во иста шупелка дуваат, односно од исто место вадат мед. Ај тоа што ќе уништат зеленило и ќе создадат бучава, веќе е карактеристика за оваа скопска населба. Ама, мисли ли некој на детски градинки и училишта во овој дел на Скопје? А на подземна инфраструктура, како што е канализацијата? Колкав е нивниот капацитет?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 24-Apr-2018 at 00:55
Previous
 
Дај не заебавај, ако некои населби се примери за урбано планирање во пост-земјотресно Скопје, тоа се Аеродром и Карпош - поточно Карпош до неодамна беше, а и Аеродром е на добар пат да му се придружи.
 
Кога сме кај градоначалниците, последиците од излевањето на нивниот мед ќе продолжат да се чувствуваат секоја наредна зима. Колку повеќе мед им се излева, толку повеќе ќе се чувствуваат последиците од медот.
 
А кога сме кај градинки и училишта, нема потреба од нив, бидејќи и јас и ти одлично знаеме дека никој нема да ги купува тие станови, па дури и да ги увезуваат купувачите од Косово и Албанија, сепак нема да имаат доволно купувачи, бидејќи едноставно има премногу нови станбени објекти кои ја презаситуваат понудата за и онака малата побарувачка.
 
Младите фаќаат џаде во странство во потрага по подобар живот и не планираат да се вратат како нивните печалбарски предци, а рамковнистите колку и да ги има, сепак нема да ги има доволно за да се продадат сите тие станови.
 
Овие станбени објекти се најобични паравани за перење на пари и ништо повеќе.
 
Да бевме вистинска пазарна економија, сега ќе бевме во економска криза поради превисоката понуда наспроти прениската побарувачка на станови.


Edited by Dexter26 - 24-Apr-2018 at 00:56
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 24-Apr-2018 at 02:09
Originally posted by Dexter26

Previous  Дај не заебавај, ако некои населби се примери за урбано планирање во пост-земјотресно Скопје, тоа се Аеродром и Карпош - поточно Карпош до неодамна беше, а и Аеродром е на добар пат да му се придружи.


Вшушност обратно е,Карпош моментално е многу пред Аеродром по урбано планирање,пред се поради населби како Тавталиџе,Козле,Жданец...

Додека Аеродром веќе повеќе од половината е уништен...во Карпош по булеварите ги нема застоите кои се задаваат на Јане Сандански кога се иде и враќа од работа...
Стар Аеродром,Мичурин,Реонски Центар,станбена населба Лисиче а наскоро и Острово се во фаза на претварање на бетонско гето.



Edited by kiriOK - 24-Apr-2018 at 02:11
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 24-Apr-2018 at 09:20
Кире, во право си, ама не заборавај што му се спрема на Тафталиџе во Карпош. Истото срање како за општина Аеродром. Ние самите систематски си ја уништуваме животната средина околу себе со текот на времето. И се сложувам дека толку многу станови во земјава тешко дека ќе се продадат. Доволно е само навечер да се прошета крај изградените згради и да се види тоа.

Како што минува време, така и кај мене се создава мотивација - бегај и гледај никогаш да не се вратиш во ова ругло создадено од непрокопсани.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 24-Apr-2018 at 10:06
Originally posted by kiriOK


во Карпош по булеварите ги нема застоите кои се задаваат на Јане Сандански кога се иде и враќа од работа...

На Партизанска и 8-ми септември има и те какви застои. А и малце не е фер споредбата бидејќи Аеродром има само една соодветна врска со Центар. Продолжувањето на АСНОМ со мост и некакво решение на крајот на 3-та македонска би го олесниле сообраќајот на краток рок. Инаку да, Стар Аеродром е упропастен целосно.
Back to Top
anonimen View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Mar-2012
Online Status: Offline
Posts: 58
  Quote anonimen Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 24-Apr-2018 at 12:26
Stanovite se prodavaat i pogolemiot del se vekje prodadeni, no toa sto ne zivee nikoj vo niv toa e prasanjeto koe otvara dilemi. Godisniot budzet na drzavata e 3 milijardi i ako 10% do 15 % zavrsuva kako mito i korupcija toa se godisno okolu 300 do 450 milioni evra koi se koristat za kupuvanje na stanovi. Korumpiranite birokrati imaat dva i povekje stanovi vo koi nikoj ne zivee
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1938
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 24-Apr-2018 at 17:11
Епа тоа е ланец. Не може секоја дивоградба да стане легална и после секоја барака да се претвори во зграда.
Некој мора да стави крај на ова!
П+3+П ништо повеќе од тоа!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.