build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Стар Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стар Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Online
Posts: 381
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 20-May-2018 at 18:48
Тука ја прошируваат улицата,мотото им е "зелено да не остане".
Дрворедите што се гледаат долж улицата ќе бидат збришани...мада реално е потреба за да се ублажи сообраќајниот колапс кој веќе се случува.





Edited by kiriOK - 20-May-2018 at 18:50
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 22-May-2018 at 12:29
Неколку денешни

1.Зградата на Голден Арт на ул.Пандил Шишков,пред нејзе од пред некој месец е отворено ново градилиште,но сеуште нема информации околу инвеститор и изглед на објектот,а лево на сликата се гледа уште едно ново градилиште каде инвеститор и изведувач е Модинг-Тетово.



2.Оваа е исто на ГА спроти црквата Св.Илија и би требало кон крајот на мај да биде пуштена



3.На Руди Чаевац спроти новоотвореното градилиште на Адора ГА се почнати со нов станбен објект и денес бетонираа плоча







4.И ова е кај Тобако 2,тука работите одат поспоро поради преместување на некаква канализациона мрежа или што и да е,а инаку се врши и ископ.

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1360
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 22-May-2018 at 20:06
Сериозно некој купува станови во ќумезиве?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Online
Posts: 381
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 23-May-2018 at 07:57
Баш сакав да кажам колку само изгледаат како кутии.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Online
Posts: 381
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 23-May-2018 at 09:01
Originally posted by Staro Skopje

Сериозно некој купува станови во ќумезиве?


Мислам дека цените им се поприлично намалени,некаде од типот на 35-40,000 евра за 60 квадрати...што ги прави атрактивни за парови кои влегуваат во кредити и луѓе од внатрешноста кои продаваат куќи и ниви за да дојдат да живеат во Скопје,па макар тоа било сардински живот.

Edited by kiriOK - 23-May-2018 at 09:03
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 23-May-2018 at 10:53
Originally posted by kiriOK

Originally posted by Staro Skopje

Сериозно некој купува станови во ќумезиве?


Мислам дека цените им се поприлично намалени,некаде од типот на 35-40,000 евра за 60 квадрати...што ги прави атрактивни за парови кои влегуваат во кредити и луѓе од внатрешноста кои продаваат куќи и ниви за да дојдат да живеат во Скопје,па макар тоа било сардински живот.


Другар за кај збориш ти??? За Радовиш???
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Online
Posts: 381
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 25-May-2018 at 20:26
Во право си,сега баш гледав цени генерално на нова градба во Аеродром и се се врти одприлика вака

Како е можно да се држат вакви цени во град како Скопје,во населба каква што стана веќе за жал Аеродром,во згради како овие





Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Online
Posts: 381
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 25-May-2018 at 20:28






Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1360
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 25-May-2018 at 20:39
Уште 100 згради да изградат, секој празен простор да го исполнат, да нема ни паркинг, ни воздух, ни приватност, ништо. Ни сонце да им нема во становите. Да колабира секоја сќумезена населба.
Секој според желбите, секому според заслугите. Се надевам дека тогаш ќе почнат да ги рушат гомценценцава.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 25-May-2018 at 21:29




Mnogu vreme potrosija so ovie betonskive cevki. Inaku da prasam zosto ovie masini se koristat samo pri izgradba na nekoi zgradi,bidejki sum pominuval cesto pored gradilista koga bile vo slicna faza kako ovaa na gornata fotka a ne sum gi zabelezal??
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 25-May-2018 at 23:47
Со тие машини се прават бетонски шипови кој може да послужат како темели кај некој згради ,но најчесто кај нас се користат за обезбедување на околината од ископот, односно се прават бетонски шипови пред да почне ископот за да се заштитат објекти или инфраструктура во непосредна близина.
Ретко ги забележуваш бидејќи кај нас не се следат многу многу правилата па се зависи од општината дали ќе прогледа низ прсти или ќе се работи по стандарди. (ова е мое мислење)
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 26-May-2018 at 06:59

Ti blagodaram za objasnuvanjeto.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 30-May-2018 at 15:52
Еве неколку денешни

1.Елена Лука Хоум веќе добива финална боја на фасадата слична(иста) со онаа од претходните две згради(сонцето ми посмета па не се доловува баш многу каква е бојата)



2.Ова е зградата на Дабар,ја достигна потребната висина и делува прилично масивно





3.Зградата на Офис Ком,од поодамна завршена но деловниот простор сеуште се издава



4.И ова е кај Тобако 2,денес беше прилично раздвижено,односно имаше доста кипери за товарање.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 05-Jun-2018 at 07:50
Новороденче што почнува да умира

НОСТАЛГИЈА

Постземјотресниот период го поминав во мојот Аеродром. Бараките беа крајот на Скопје, од каде натаму почнуваше бескрајната зелена ливада на скопскиот аеродром.
Бевме деца, сите исти, среќни во еднаквоста која доминираше во тогашниот систем. Имавме премногу простор и слобода за детски игри….
Минуваа години. Аеродромот се пресели во Петровец. Населбата растеше… Се направи урбанистички план со сите стандарди и нормативи за урбано, градско живеење. Се создаде населба проектирана и градена од врвните македонски градежни компании и проектанти кои оставиле значаен белег во нашата архитектура. Урбанизмот на населбата се изучуваше како позитивен пример во сите архитектонски школи на тогашната држава,со сите потреби за едно развиено урбано живеење. Аеродром стана населба, пример за цела тогашна Југославија, па и пошироко. Беше привилегија да се живее тука, (со исклучок на црната точка – ѓубриштето Вардариште и долгото траење на неговото лечење)



ПОЛИТИКА И ПРОФИТ
Кон крајот на минатиот и почетокот на новиот век, дојдоа времиња кога политиката и профитот преку градењето се споија. Урбанистите заради политички притисок и „преживување“ евтино си го продадоа своето знаење и за жал моралот пред сè. Стручната фела беше тотално поразена. Нормативите за нормално урбано живеење, потребен станбен простор, зеленило, улици, паркинзи, детски градинки, игралишта и други јавни потреби на жителите, се заборавија.
Ни се случи Дебар Маало, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Маџар Маало / најново станбено „урбано гето“ во зародиш / ….Бескрупулозно, немилосрдно уништување на просторот. Бетонската џунгла го уништи зеленилото, игралиштата, убавите скопски маала седенките пред куќите и станбените згради во урбаните населби, проектирани и изведени по мерка на човекот и тогашното градско живеење. Струењето на воздухот од Водно и Сарај запре. Скопје стана најзагаден главен град во Европа, а и врв во светски рамки.А власта без никаков план и стратегија за развој на целата државата дозволи и стимулираше со непланско градење и кредитирање, купување супстандардни станови под мотото „ексклузивност“. Граѓаните од немање избор ги направи заложници и зависници на нејзините политики и ги насели во „големиот град“. Се случи масовно населување од внатрешноста во Скопје, без никаква контрола. Следуваат години на пропаст на малите места, особено од истокот на Македонија. Над 60 % од новите станови во Скопје ги купуваат луѓе од провинција!!! И без никого да навредам општо е познато дека феноменот на населување во градот е носење „свежа крв“ и е добро. Како што тврдел Жак Превер „Најубавите работи во Париз доаѓаат од провинција. Сена на пример“. Но, проблем е во масовноста. Масовноста е „бомбашки напад“ на градското живеење. И да биде уште пострашно нападот го направи државата плански со неплански урбанизам. Словенечкиот главен град Љубљана остана – идеал, само еден дамнешен сон за тоа како требаше да биде нашето Скопје. Тие успеаја, Скопје галопира кон својата катастрофа. Со голо око е видливо дека Скопје ова насилие во урбанизмот не може да го издржи. И скопјани се тие кои масовно низ сите населби се собираат и апелираат.И сега за урбаната единица Стар Аеродром на почетокот на населбата, тоа што некогаш беа стотина бараки во кои живееја околу 1800 жители, со сета потребна инфраструктура и јавни површини.Кон крајот на минатиот век се пристапи кон правење на нов ДУП за ревитализација на веќе руинираната урбана единица. / Во канцеларијата на градоначалникот на Аеродром и денес постои макета направена по ДУП од почетокот на 2000 година, на која се гледа како висината на сите станбени единици, на место на бараките се до 5-6 ката максимум. Така требаше да биде.
Следуваа години во кои ДУП-от се ревидираше неколку пати, со постепено подигање на катноста, за да во 2014 стигнеме до П + 9 + ПП и за потребите на градоначалникот и неговите планови до сума од 700 до 900.000 евра за комуналии по една зграда, односно приход за општината од неверојатни 40 милиони евра / за предвидените 50 згради /.
Под лажното мото на бившиот градоначалник Коневски „да се задоволат потребите на граѓаните што живеат во бараките во нестандардни услови“ (тоа значи 10 фамилии во две бараки), се преиначи ДУП-от, преку ноќ, па овозможи на таа иста површина , но сега без зеленило и иста сообраќајна инфраструктура да се проектираат станбени блокови од по 10 ката, со по над 130 стана . Во чиј интерес. На тие 10 фамилии, што добија по 2-3 стана премија?? На градоначалникот што од комуналиите од таа небулоза на градби наплати комуналии за да гради прескапи фонтани, црквички или и плус нешто за ??….
Резиме за новата населба во раѓање. 15 пати се зголемува бројот на жители на истата парцела од 30 ха !! Добиваме „град во град“ со над 30.000 жители. Сообраќајните решенија се едноставно нерешливи и за неколку години сегашниот утрински колапс ќе стане целодневен и неподнослив.
Каде е интересот за нормален простор за живеење. Каде е воздухот, детските градинки и игралишта, училишта… Во чиј интерес се случува ова силување на просторот. На аеродромци, скопјани или на некои поединци од политиката, градежништвото…И уште малку политика, што за жал кај нас е СÈ.
Со голем ентузијазам аеродромци ја избраа новата локална власт и новиот градоначалник господинот Златко Марин, очекувајќи брзи и драстични промени во урбанизмот. Ги очекувавме новите решенија веднаш. Но првичниот став беше:
Не може ништо да се промени. Десетина години се менуваше сè преку ноќ, против наш интерес. А сега ни требаат нови години за да се прекине нешто лошо, ужасно лошо.Карванот врви, кучињата лаат… Уште малку и ќе нема што да се менува. ЌЕ НЕМА ПРОСТОР ЗА НЕКОЈА СЕРИОЗНА ПРОМЕНА. Не можело вака, не можело онака. Не било по закон. А по кој закон се уништуваше урбанизмот. По кој закон ни го уништуваат живеењето во населбата.
Во постојниот ДУП не е предвиден простор за нови градинки, кои и сега се со капацитет критични, нема простор за нови детски игралишта, јавни површини и објекти од јавен интерес, а се претпоставува дека огромен процент од новодоселените се млади фамилии кои треба да се шират.Тие и не се свесни што сè ги чека во наредниот период. Најважно им беше да дојдат во големиот град. Утре за сите овие небулози ќе им биде крива државата во тој момент, а не лошата политика во денешното време.На сите граѓани на Општина Аеродром, па и пошироко на градот Скопје, треба да им е јасно. Ова што ни се случува годиниве во Стар Аеродром, е уништување на животните услови на подолг рок, што ќе се одрази како цунами многу пошироко.
Каде е животот? Што им нудиме во оставнина на идните генерации?
Уште фали постојната касарна да се узурпира во нова населба, не дај боже слична на сегашниов Стар Аеродром, при постојните сообраќајни решенија за излез од општината (впрочем и некои нови можности не постојат во догледна иднина).

НАДЕЖ

Наравоучение. Скопје одамна го изгуби правецот на развој што објективно го имаше како нов град после земјотресот од 1963 година, град планиран за 300 илјади жители. Но никогаш не е доцна да се рече ДОСТА Е со ваков неконтролиран раст, без попис на жители и состојби со број на станови, фамилии…
До политичарите, до градоначалникот на Скопје и градоначалниците на општините. Менувајте ги лошите урбанистички планови – веднаш. Дозволете архитектонско урбанистичката фела да го каже своето, за доброто на Скопје, без притисок. Не смеете да дозволите развојот на Скопје зависи само од комуналиите од „контролираната“ неконтролирана станбената изградба. Знам дека е тоа макотрпен и долготраен процес, урбанизмот е наука, бара многу стручност и време за реализација. Не тактизирајте, немате време за купување, нарачајте планови по сите стандарди, повикајте на одговорност, не само политичка, него што е многу важно и стручна. Спасете го она што преостана да се спаси.


Плански концепти кои демнат

М-р Ненад Тониќ, дипл.сооб.инж

Тестирајќи ја во еден период „строгоста“ на одредбите и параметрите на ГУП-овскиот акт населбата со планска одредница локалитет „Црква“, урбана единица „Б“ (кодно име „Стар Аеродром“) покажа амбиција да вдоми повеќе од 26.000 жители, на површина од 30 и кусур хектари. Во форма на основни општествено-социјални ќелии 26-те илјади посакувани резиденти можат да се впросечат во околу 7.400 домаќинства, кои, низ призмата на степенот на моторизација, продуцираат возен парк од околу 6.000 возила.
Овој локалитет по сè изгледа елегантно би се вклопил во статистичкиот профил на општината со најголема застапеност на семејства со три и четири членови, најголем број вработени во јавниот сектор и домаќинства со едно и две возила . Останатото ќе го направат фокалните гравитациски сили на квартетот Плоштад „Македонија“ – ТЦ „Мавровка“ (со својата трговска заднина) – Клинички центар – Универзитетски комплекс „Св. Кирил и Методиј“. Јасна подлога за доктринарна доминација на приватните автомобили и најобемни патувања во правец на строгиот градски центар.
Појавата на овој урбанистички типикон требаше самата по себе да претставува аларм за „систематски преглед“ на критичните точки на непосредната транспортна инфраструктура. Вгнездена во „цветната ложа“ од бул. „Јане Сандански“, бул. „Кузман Јосифовски – Питу“ и ул. „Фрањо Клуз“, резултантната плима од утрински патници, во контекст на сето претходно наведено, би се потпирала на два крстоснички „вентили“: крстосница бул. „Јане Сандански“ – бул. „Кузман Јосифовски – Питу“ – ул. „Фрањо Клуз“ и крстосница ул. „3-та Македонска бригада“ – ул. „Фрањо Клуз“. Притоа, три од горепосочените гравитациски центри се достапни првенствено преку првонаведениот „вентил“! А возачката психологија е една те иста, секаде во светот, најкусиот пат е секогаш и најбрзиот пат! Под претпоставка дека само 60 % од вкупниот број на возила во утринскиот врвен час ќе се отиснат кон работните места на своите сопственици, на излезните пунктови на локалитетот се добива маса од 3.600 возила. Таа маса, поделена во груб сооднос 70 % – 30 % на крстосницата бул. „Јане Сандански“ – бул. „Кузман Јосифовски – Питу“ – ул. „Фрањо Клуз“ ќе „дотера“ 2.520 лимени статусни симболи, или колона од возила долга 15,1 километри! „И што сега…?“
Насладувајќи се на сопствената важност, еден сообраќаен инженер може да замолчи и да ужива во постигнатиот ефект. Поискрениот ќе признае дека оваа плима од возила ниту ќе се појави во ист момент на приодите на крстосницата ниту пак ќе заземе иста насока. Најискрениот ќе опомене дека е рано да се здивне. Онаа мистерија од врвен час одржува тесни врски со професионалниот ангажман на утринските патници. Сместете го мнозинството од нив по административните храмови и тој час почнува да губи на должина временски збивајќи го истото количество од возила. Развлечете го тој „час“ на 90 минути и на секои пет крстосницата во просек ќе треба да пропушти 140 возила. Скусете го на 45 и семафорскиот план ќе „зоврие“ од просечните петминутни „порции“ од 280 возила. Доделете му на секое возило ниту теоретски возможни три секунди за поминување на крстосницата, 280-тото ќе ја помине за 14 континуирано „зелени“ минути; 2.520-тото тоа ќе го направи за 2,1 часа! И сето ова од еден крстоснички приод. А секоја крстосница има и други приоди, со свои транзитни оптоварувања. И некој друг тек кој вообичаено е доминантен и кој диктира и бара подредување.
Некои, претежно, вонинженерски подметнувања дека сообраќајот е кочничар на просторниот развој, од кој и самиот животно е зависен, се недостојни интенции за еродирање на почитта, што ѝ ја должиме на целината на просторот во кој егзистираме. Доколку е ставен во функција на тоа, ресетирањето на кој и да било локален концепт е и повеќе од пожелно!












http://vesti.mk/read/news/15852211/5538911/novorodenche-shto-pochnuva-da-umira


Edited by stef4o - 05-Jun-2018 at 07:50
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 05-Jun-2018 at 11:43
Previous
 
Се` што е објавено во статијата е чиста вистина.
 
Но почитуваниот магистер по сообраќајно инженерство Ненад Тониќ има еден проблем во целата негова статија - коментира како сообраќаен инженер, а не како политичар.
 
Убаво се чита во статијата на м-р Тониќ дека е` свесен за профитот кој ги движи политичките одлуки на градоначалниците и општинските советници од кои колку - навистина, колку од градоначалниците и општинските советници се архитекти/инженери/урбанисти по професионално образование и по професија ?
 
Политичар(ка) е личност која секогаш го бара најбрзиот и најлесниот начин за стекнување на профит.
 
Градоначалниците и општинските советници најбрзо и најлесно доаѓаат до профит преку наплаќањето на комуналии и зонско паркирање - а сето тоа по заслуга за ништо.
 
Не е нивно земјиштето на кое наплаќаат комуналии или паркирање - не го создале тие од ништо, ниту го заработиле, ниту го стекнале на било каков начин туку едноставно им се погодило да биде дел од општината која исто така не е нивна - ниту ја создале општината од ништо, ниту ја заработиле, ниту ја стекнале на било каков начин.
 
Но бидејќи некои наивни будали или свесни идиоти гласале на избори уверени дека имаат право на глас или бидејќи имале прикриени намери - ова важи без разлика за кого гласале - еве ги овие профитери на власт за кои најбрзиот и најлесниот извор на профит се комуналиите и паркирањето.
 
Кога ќе се задуши и последниот слободен милиметар, нареден извор на брза и лесна пара ќе им бидат казни за возилата стари 10, 20, 30 години бидејќи го загадуваат воздухот, кој знае, можеби и за инхалаторите и за гас маските ќе мора да се плаќа дозвола која ќе треба да ја издаде општината - за одредена цена, се разбира - се` додека следува брза и лесна пара.
 
Нема да ги видите градоначалниците и општинските советници во нива со мотика во рака да го прават лебот или на улица со метла во рака да придонесуваат за почиста околина. И дефинитивно нема да ги видите градоначалниците и општинските советници да окупираат парцела на која се планира изградба на недвижен објект со цел да ја спречат изградбата на истиот тој објект, а за кој истите тие градоначалници и општински советници ја издале дозволата за изградба, а за чии што потреби го промениле и Деталниот Урбанистички План.
 
Се на се`, магистер Ненад Тониќ има само еден проблем - не е политичар.
 
И еве го најновиот доказ дека почитуваниот м-р Тониќ има проблем бидејќи не е политичар.
 
 

Се продолжува рокот за приватизација на државно земјиште

 
05.06.2018 11:19
 
Освен рокот за барања за приватизација, се пролонгира и рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост. Рокот за ова барање се пролонгира до 31 декември 2022 година, соопштуваат од Министерството за финансии.
 

 
Министерството за финансии подготви измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето. Со измените се даваат дополнителни три години рок, односно можност барањата да се поднесуваат до 31 декември 2021 година.
 
Рокот за поднесување барања по тој основ истече на 15 декември 2014 година и од тој датум досега не можеа да се поднесуваат барања за приватизација.
 
Од ресорното Министерство укажуваат дека во изминатиот период пристигнале многу реакции од граѓани кои не успеале да го запазат рокот за поднесување барање за приватизација. Станува збор за граѓани кои живееле во странство, но и граѓани кои живеат во земјава, а не успеале да поднесат барање во рокот.
 
Како што информираат, бидејќи се продолжува рокот за поднесување барања, се пролонгираат и примените на одредбите за закуп, односно се одложува утврдување на кирија за оние кои нема да го приватизираат земјиштето.
 
Освен рокот за барања за приватизација, се пролонгира и рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост. Рокот за ова барање се пролонгира до 31 декември 2022 година, соопштуваат од Министерството за финансии.
 
Исто така, се продолжува и рокот за барање за промена на барателот на приватизација на градежно земјиште. На пример, ако едно лице купи објект кое се наоѓа на земјиште кое е во постапка на приватизација, со измените на законот наместо 30 ќе му стојат на располагање 60 дена за поднесување на барање за промена на барател за приватизација. Досегашната примена на законот покажала дека рокот од 30 дена е прекраток, па измените со измените се излегува во пресрет на граѓаните.

 
Ај на здравје.


Edited by Dexter26 - 05-Jun-2018 at 11:50
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 06-Jun-2018 at 17:32
Од фејсбук

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 08-Jun-2018 at 14:58
Кај Тобако 2,ископот е прилично голем а донесена е арматура па најверојатно наскоро ќе почнат подготовки за темелната плоча.Еве една денешна

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 11-Jun-2018 at 16:41
Градилиштето за новата зграда на Адора,патем исечено е уште едно дрво-превземено од фб






Edited by stef4o - 11-Jun-2018 at 16:41
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 13-Jun-2018 at 12:05
Неколку денешни

1.Адора сеуште вршат ископ



2.Ова е на ул.Пандил Шишков,првата е од поодамна завршена а зад нејзе во тек е изградба на нова



Нема рендер туку само една табла,едвај ја приметив







3.И ова е од изградбата на кружниот тек непосредно до поликлиниката



Back to Top
Riste View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Riste Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 16-Jun-2018 at 14:53
Vaka taka so mnogu negativni reakcii DUP-ot za Star Aerodrom se realizira ostanaa uste nekolku baraki za rusenje.
Tuku koe e vaseto mislenje za kvalitetot na izgradenoto.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.168 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.