build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Стар Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стар Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Стар Аеродром
    Posted: 24-Aug-2011 at 06:36
Ќе се уриваат воените бараки за 48 згради

Стар Аеродром во наредниот период ќе биде претворен во вистинско градилиште. На местото на ниските живеалишта ќе се извишат неколкукатници. Една по една, старите воени бараки ќе се уриваат, а на нивно место ќе се градат нови згради.
Повеќето од граѓаните што овие времени објекти ги добија на користење од војската во поранешна СФРЈ изминатиов период го откупија земјиштето под нив од државата. Изработката на планот и новата урбанистичка визија им овозможија да склучат договори со инвеститори и да ги разменат старите бараки за нови станови. Од Општината Аеродром изјавија дека во овој кварт, лоциран спроти црквата „Свети Илија“, предвидени се вкупно 48 згради.
Во моментов во еден дел може да се видат две урнати бараки, а на нивно место, според планот, е предвидено да се изгради шесткатница. Се работи за локација спроти црквата „Свети Илија“, а инвеститор е градежната фирма „Дабар“, од каде што во моментов го расчистуваат и подготвуваат теренот.
- Ќе почнеме на 24 септември кога одобрението за градба што ни е издадено од Општината Аеродром ќе стане правосилно - изјавија од „Дабар“.
Рокот за изградба е 18 месеци. Оттаму појаснија дека во моментов и други инвеститори обезбедуваат документација со цел да почнат со градење на други парцели на овој локалите

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C601F564F2DB414F8223C3843879C69B
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Aug-2011 at 11:47

48 згради? Моја проценка не повеќе од 30.
Иначе скромно почна да се урива, досега се урнати само 3 бараки, а на местото на една веќе интензивно се гради. Е после ова нема да има друга толку урбана општина во Македонија.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Aug-2011 at 19:40
Еве го ДУП-от

Сивите се постоечки згради, но и меѓу оние што се „колор“ има по некоја постоечка, за кои претпоставувам со планов е дадена дозвола за надградба на кров 


Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Aug-2011 at 19:53
Previous
Можеби најдобриот ДУП донесен во овие луди години
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Aug-2011 at 20:04


Не би рекол. Направен е необјаснив, буквално аматерски пропуст во дел од сообраќајното решение:

Originally posted by Cloverstack


Да се вратиме на тема.



Сообраќајните решенија кај Порта Аеродром ми изгледаат тотално промашени. Вака како што испланирале, сообраќајот непотребно ќе кружи повеќе и ќе има доста полукружни вртења. Исто така самиот излез од пролазот под зградата е преблиску со постоечката крстосница и ќе создава незгодни проблеми (тие што од таму ќе сакаат да одат накај центар ќе мора да сечат ленти практично на самата крстосница, а доколку веќе има колона на семафорот, ќе мора да чекаат на лентите што се приклучуваат десно кон Бул. Јане Сандански и со тоа ќе прават блокирање на сообраќајот што оди во тој правец)

Наместо тоа, може на пример да се сврти Ул. Руди Чајавец во правец на другиот едностран приклучок и таму да се оформи комплетна крстосница која ќе овозможи вртење во сите правци, а уште побитно нема да се креираат непотребни проблеми на постоечката тространа крстосница кај „Скопјанка“. Се разбира ова е само една можност, со минимална измена на планот, не мора да значи дека е најдобрата. Таму ќе се руши се што е старо и ќе има бришан простор за разноразни комбинации - детално нека ги анализираат оние кои се платени за тоа. Но јасно е дека вака како што моментално е зацртано е тотален промашај и необјасниво создавање на проблеми.





Edited by Cloverstack - 24-Aug-2011 at 20:05
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Aug-2011 at 20:13
Добра забелешка, не го приметив вака од прва. Сепак, во однос на другите делови ми се допаѓа, бидејќи ем ќе се тргне руглото од бараки, ем ќе добиеме горе доле помодерни згради (се надевам колку што е можно повеќе унифицирани, не би сакал да видам шаренило во фасадите и висините). А и улиците се разиграни, не се стандард правоаголни туку имаат некоја човечка димензија, а сепак не се селски без некој одреден ред.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Aug-2011 at 20:27
Проблемот е во тоа што не е баш мала забелешката. Креира голем проблем, а не гледам причина зошто мора де е така изведено, бидејќи старите објекти ќе се рушат и ќе има огромна слобода просторот да се среди по највисоки стандарди.

Во врска со разиграните улици што ги спомна, работата со претходниот проблем е токму во тоа што уличната мрежа е истата онаа која што постои во моментов, со планот не е ништо суштински сменето на тоа поле, туку планот е фокусиран само на вцртување на нови згради на местото на постоечките П+1 објекти. Значи не е дека се работи за некаква креативност со улиците, туку очигледно планот е правен по линија на најмал отпор, и очекувано тоа довело до големо потфрлање.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Aug-2011 at 21:41
Само едно прашање во врска со постираниот ДУП дали вцртаниот кружен тек е на раскрницата кај поликлиниката јане сандански? фала на одговор ми треба ради ориентација.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Aug-2011 at 21:52

Според мене таму е кружниот тек.

А планов малце ме буни. Сеа испаѓа дека Руди Чајавец ќе биде улица за најмалце 15 згради??? Дефинитивно ќе мора проширување затоа што за тие 15-тина згради оваа улица ќе биде единствена за излез на булевар. Плус и така оваа улица кога ќе падне првиот снег е затрупана со коли. Вака изгледа фин проектов, но и јас ќе се согласам со Кловер, многу лоши сообраќајни решенија.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Aug-2011 at 00:06
Originally posted by mirakuliks

Само едно прашање во врска со постираниот ДУП дали вцртаниот кружен тек е на раскрницата кај поликлиниката јане сандански? фала на одговор ми треба ради ориентација.

Да таму е
41°59'5.14"N  21°27'22.50"E
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Aug-2011 at 18:44
Еве слики за тие што не се запознати за кој дел од Аеродром се работи.

1.


2.


3.


4.


5.


Сликиве се ептен тазе направени.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Aug-2011 at 00:43
Од муабет со еден другар кој живее во овие „бараки“ тие што живееле во првите срушени бараки биле најголеми баксузи пошто додека не биле изградени првите една две згради тебале некаде на друго место да бидат сместени, додека тие од другите бараки ќе се преселеле кога првите зграда-две ќе биле изградени....така да најверојатно сите жители од бараките сегашни веднаш ќе ги пополнат првите две три згради па тек после тоа зградите кои ќе се градат на преостанатиот простор ќе почнат да се нудат на пазарот.


Edited by mirakuliks - 26-Aug-2011 at 00:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Dec-2011 at 22:07
„Дабар“ гради осумкатница во „Стар Аеродром“, на улица Коста Новаковиќ:

41°59'10.06"N  21°27'25.69"E

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 01-Jun-2012 at 14:58
Аеродром, спроти црквата Св. Илија


23ka.wordpress.com
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 01-Jun-2012 at 15:01
  Ова е на местото на бараките? Што и најверојатно е... Со оглед на ова... може да очекуваме вакви објекти со овој габарит и висина во цела таа околина...

Edited by FoSsiL - 01-Jun-2012 at 15:02
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Jun-2012 at 20:23
Таму е. Само далеку подобро ќе беше ако веднаш ги срушеа сите бараки во тој дел, а не вака, таман една ќе се изгради, друга ќе почне.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Jun-2012 at 22:23
Колку стана добија сопствениците на бараките?

Тој дел со бараките е најотпуштениот дел на Аеродром,сега со зградиве мислам дека безвезе ќе исипадне...

Edited by Block - 02-Jun-2012 at 22:24
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Jun-2012 at 22:50
имам слушнато дека сопствениците на земјиштето во Скопје добиваат вкупно 25% од вкупната станбена површина
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Jun-2012 at 23:50
Еден мој другар живее во тие бараки и причината зошто прво се гради таа зграда прва а другите бараки не се рушат е бидејќи за инвеститорот беше поевтино (а и за остатокот на жителите на тие бараки башка полесно) привремено да го плати сместувањето на луѓето на таа барака која беше срушена за градењето на оваа зграда во која ќе бидат сместени сите од баракаите за да може да ги сруши другите бараки за да ги изгради останатите планирани згради. Другар ми имаше среќа да не е во таа прва барака па од бараката ќе се преселува директно во зградата. Ќе го препрашам каков договор имаат со инвеститорот.

Edited by mirakuliks - 02-Jun-2012 at 23:52
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Jun-2012 at 00:23
Originally posted by Block

Колку стана добија сопствениците на бараките?

Тој дел со бараките е најотпуштениот дел на Аеродром,сега со зградиве мислам дека безвезе ќе исипадне...


Безвезе е да се натрупуваат згради, тоа е точно, ама во овој дел беа потребни или згради, или некој парк, трговски или нешто слично. Ја за моите 20 и кусур години дали 10 пати се на се сум поминал од кај овие бараки и тие до нив. Ептен несредено, прљаво, калливо, немаат асфалт, темница, тесни пролази, голема веројатност некое животно да ти срипа од таму, а и имаше случаи коа се појавија змии кај бараките. Да беа подобро средени, со еден збор урбанизирани, ќе беше тоа убав дел, ама вакви какви што се, добро е што се рушат.
23ka.wordpress.com
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.