build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Стар Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стар Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 40>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 26-Aug-2018 at 14:48
Ова е на ул.Пандил Шишков каде по улицата остануваат големи флеки после секое бетонирање на околните две градилишта,а честопати и улицата е целосно блокирана од миксери.Би било добро градилиштата да си обезбедуваат простор во рамките на парцелата.Фотките се превземени од фб





Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 723
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 27-Aug-2018 at 07:24
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 28-Aug-2018 at 11:58
Originally posted by stef4o

Од фб,ја завршија пред некој месец






Еве уште по некоја фотка од фб,од внатрешноста на зградава







И уште една од фасадата

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 723
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 02-Sep-2018 at 02:31
Како населбата Стар Аеродром стана нов град

За да се добие појасна и попрецизна перцепција за новиот изглед на оваа населба, ќе симулираме промена на само едно урбано јадро на познатата улица „Руди Чаевац“ (по ново „Методија Шаторов- Шарло“) на потегот од Тобако 2 до црквата Св. Илија. Во оваа улица долга 350 метри се наоѓале 20 приземни станбени објекти со вкупно 120 станбени единици и приближно 480 жители. Секоја станбена единица имала двор и зеленило од приближно 600 квадратни метри. На овој простор во должина од 350 метри се изградени или се во завршна фаза десет висококатници со вкупно 1.200 станбени единици, а бројот на жители е зголемен на 4.800.

Така, наместо осмислена ревитализација на овој простор преку приспособување во постојните габарити, се пристапи кон стихијна и во голема мера непланска стратегија, која е плод на желбата на инвеститорите и локалната самоуправа за голема заработка,а на штета на квалитетот на животот на идните станари. Пред да започне ова градежно цунами на локалитетот Црква- урбана единица Б, на неполни 30 хектари имало вкупно 40 приземни, или станбени објекти со приземје плус спрат, со вкупно околу 240 станбени единици и приближно 1.300 жители, несметајќи ги и 700 жители во старите таканаречени три воени кули. Во целата населба Стар Аеродром живееле помеѓу 350 и 400 семејства со вкупно околу 2.000 жители. На ова место сега се во изградба или се веќе изградени 50 висококатници од кои секоја има по 120 стана. Бројот на семејствата ќе се зголеми на преку 7.000, а бројот на жителите до 2017 година е проектиран на 27.000.

Од планираните 50 висококатници со 120 станбени единици, практично две-третини се со нивна маркица. Во „меѓупросторот“ дозвола за градба на една или две згради успеал да добие и „Дабар“,како и неколку маргинални градежни фирми. Становите во оваа населба се продадени однапред, уште во пред-градба по цена од 1.200 евра за квадратен метар станбена површина. Општината на име комуналии инкасирала помеѓу 700 и 900 илјади евра од секоја зграда или според груба проценка,Општината Аеродром од промена на изгледот на населбата ќе има заработка од над 40 милиони евра, а во касата на инвеститорите сумата ќе биде четири пати поголема.

Архитект Арсова поставува прашање дали постоечката инфраструктура ќе може да ги задоволи потребите на новиот „град“. Хаосот веќе се гледа, почнувајќи од паркинзите, кои почнуваат да се шират на местата на некогашното зеленило, па сè до снабдување со вода, струја, основно образование, градинки…

„Среќниците“ кои овде купиле станови, допрва ќе ги почувствуваат проблемите. Двете основни училишта на оваа локација имаат капацитет за само 2.000 основци, а двете градинки и до сега беа претесни да ги примат сите дечиња.

Ќе настапи сообраќаен хаос

Населбата со планска одредница локалитет Црква – урбана единица Б (кодно име „Стар Аеродром“) покажа амбиција да вдоми повеќе од 26.000 жители, на површина од 30 хектари. Во форма на основни општествено-социјални ќелии, 26-те илјади посакувани резиденти можат да се впросечат во околу 7.400 домаќинства, кои низ призмата на степенот на моторизација, продуцираат возен парк од околу 6.000 возила“ вели сообраќаен инженер М-р Ненад Тониќ.

Под претпоставка дека само 60 отсто од вкупниот број возила во утринскиот врвен час ќе се упатат кон работните места на своите сопственици, на излезните пунктови на локалитетот се добива маса од 3.600 возила. Таа маса, поделена во груб сооднос – 70 проценти да се најдат на крстосницата бул. „Јане Сандански“ и 30 проценти на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ – ул. „Фрањо Клуз“ ќе нареди 2.520 автомобили, или колона од возила долга 15,1 километри.

Населбата со планска одредница локалитет Црква – урбана единица Б (кодно име „Стар Аеродром“) покажа амбиција да вдоми повеќе од 26.000 жители, на површина од 30 хектари. Во форма на основни општествено-социјални ќелии, 26-те илјади посакувани резиденти можат да се впросечат во околу 7.400 домаќинства, кои низ призмата на степенот на моторизација, продуцираат возен парк од околу 6.000 возила“ вели сообраќаен инженер М-р Ненад Тониќ.

Кои се новите жители?

Покрај урбанистичка овој дел на градот доживува и тектонска демографска промена, не само според бројот на жителите, туку и според социјална, културолошка, образовна и интелектуална структура… Речиси половина од новите жители, според анализата на регистарските таблички на возниот парк и неофицијалните податоци добиени од инвеститорите за структурата на купувачите – се од провинција, од градовите меѓу 10 -20 илјади жители. Овој феномен на депопулација на малите градови и притисок врз метрополата е под посебна опсервација на економскиот аналитичар Горан Лефков.

„Политиката на дисперзија на високото образование во „селските средини“, проектите на Владата – „купи куќа – купи стан“, злоупотребата на субвенциите во земјоделството, масовната продажба на земјоделско земјиште во „бесценетост“ се претворија во инструмент за преселба на населението од малите градови во метрополата и депопулација на малите градови“, вели Лефков. Депопулацијата на малите градови (од 7.000 – 30.000 жители) во Република Македонија станува загрижувачки социо-економски проблем кој во годините пред нас ќе доведе до континуиран пад на квалитетот на живот и ќе биде увертира за тивко исчезнување на малите градови.

Професорот Славе Ристески од Економскиот факултет вели дека „прашањето на депопулацијата и внатрешните миграции е важен индикатор за виталноста на секое општество, но за жал, во Македонија процесите на депопулација на внатрешноста стануваат вообичаени и нормални без размислување за последиците. Податокот на државниот Завод за статистика дека во 141 населено место (според пописот од 2002 година) нема ниту еден жител (ситуацијата денес е уште позагрижувачка) се смета како вообичаена работа и производ на транзицијата“, вели професорот Ристески.

Преселбата од провинција во Скопје, според него, наметнува потреба од итна проекција на идниот демографски и социјален развој на метрополата. „Ова е потребно од повеќе причини: Пред сè поради претпоставениот притисок на големите градови каде треба да се планира проценка за идната побарувачка на енергија, транспорт, храна, вработување, социјално и здравствено осигурување, бројот на студенти, потребен број на места во училиштата, градинки, здравствени установи… за следните најмалку десет години. Бидејќи таквите проекции не се направени, можеме да претпоставиме во каков хаос допрва ќе влезе државата, посебно, што преголемата привремена миграција од скоро 200.000 лица се трансформира во трајна“, предупредува Ристески.

Горан Лефков, вели дека причините за загрижувачки масовната преселба од малите градови во Скопје лежат во локалните и централната власт, кои се неспособни да креираат добри развојни планови. Дали свесно или несвесно поддржуваат пропаѓање на малите градови преку вкупната маргинализација на потребите на овие заедници и преку блокада на процесите за вистинска децентрализација и пренесување на процесите за одлучување на локално ниво како и енормно мали издвојувања на делот од вкупниот БДП за развој на овие заедници (25 пати помалку од она што е планирано до 2014 година).

,,Државата и локалната самоуправа треба да створат услови за подобар и поубав живот на граѓаните и да обезбедат економски развој со што би се спречило мигрирање кон Скопје. Ако на граѓаните во провинција им обезбедите квалитетен живот, економски напредок, културни содржини, добро снабдување, квалитетно здравство, спорт, безбеден живот, тие ќе немаат причина да се селат во метрополата. Источниот регион е отсечен, нема патна инфраструктура. Замислете во 21 век, воз за Кочани сообраќа само три пати неделно, еднаш во текот на работната недела и два пати за викенд“.

Edited by kiriOK - 02-Sep-2018 at 02:39
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 723
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 07-Sep-2018 at 07:15
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 723
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 10-Sep-2018 at 02:45
Пренаселеноста мислам дека веќе се одразува на комуналната хигиена...
Бар да беа направени заоблени пространства по уиците за да не се ставаат контињерите директно на улица.















Edited by kiriOK - 10-Sep-2018 at 02:51
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 10-Sep-2018 at 07:39

Можеби треба да се постави дополнителен број некои поасални контејнери и почесто да се празнат.

Патем еве неколку рендери од новиот објект на Офис Ком на ул.Пандил Шишков



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 11-Sep-2018 at 18:37
Денешни фотки

Фасадата на Дабар е делумно готова



Голден Арт ја припрема за бетонирање последната плоча

Back to Top
ammamm View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-May-2013
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote ammamm Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 12-Sep-2018 at 15:17
Иначе кружниот тек кај Поликлиника Јане Сандански и улицата Коста Новаковиќ (околу 200м) се прават од април месец и немаат абер од завршување.
Земаа 20-30 милиони евра од комуналии за новите згради, една уличка не се способни да направат за пола година!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 12-Sep-2018 at 18:57
Од фб профилите на изведувачите



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 22-Sep-2018 at 12:02
Фоткиве се од првата недела на септември(од фб) се работи за зградата на Офис Ком на ул.Пандил Шишков





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 22-Sep-2018 at 12:11
ГА 08(од нивниот фб профил)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 22-Sep-2018 at 12:24
Еве кај има простор да се збута уште по некоја зграда означено со црна а на оние места со жолто веќе се изведуваат градежни активности.



Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 723
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 24-Sep-2018 at 07:54
Си ги преставувам и фасадите на тие нови згради за едно 10-15 години...клими,антени,кабли,фали боја,одљуштени парчиња,заградени балкони и тоа во стил на кој како му текнало...

Не знам дали е до тоа што веќе две години живеам во Англија па коа доаѓаш од таква средина во Скопје,по лесно ги воочуваш нештата и недостатоците,дури и тие што не си ги гледал...посебно моите доаѓања во Скопје кога Скопје е ужасно,периодот Ноември-Март,за разлика од останатиот период коа поради временските услови има и зеленина и по чист воздух и повеќе живост,Скопје ми се допаѓа...но дури во овој период,моите последни доаѓања ми даваат дојам дека се наоѓам во провинциски град од Азија,Африка,Блискиот Исток или најблага варијанта некоја недојдија во руските степи,азиска Русија.Инаку сум бил во некои главни градови во Северна Афирка (немаат нафта)и главните радови им изледаат класи над Скопје....

Од сообраќајот преку градежната мафија па до урбанистичката занамареност и неуреденост на цели ареали.За инфратсруктурата ајде што не е развиена и никаква,но и со не многу развиена инфраструктура можеш еден град да го направиш да изгледа европски,само доволно е да го регулираш урбанистикиот хаос,да се стави некој ред,да не се создаваат населби ала збутани бетонски џунгли...

Според досегашно виденото и трендот кој сите го гледаме е дека доколку на Скопје не му се случи земјотресот благодарение на кого се израдија населби како Аеродром (сега само Нов Аеродром остана вреден за потенцирање),Капиштец,Тавталиџе,Карпош...сега буквално цело Скопје ќе изледаше како Дебар Маало,Стар Аеродром,Маџир Маало,Водно,Мичурин,Карпош 1...

Edited by kiriOK - 24-Sep-2018 at 08:01
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 24-Sep-2018 at 08:20
Originally posted by kiriOK

Си ги преставувам и фасадите на тие нови згради за едно 10-15 години...клими,антени,кабли,фали боја,одљуштени парчиња,заградени балкони и тоа во стил на кој како му текнало...



10-15 години се многу долг период бидејќи во оние кои се вселени веќе може да се забележат мноштво импровизации,застаклувања,клими и настрешници кои ја нагрдуваат секоја зграда колку и да е убава. Јас за неколку години очекувам да почнат да реагираат на намален притисок вода, проблеми со паркиинг... Уличките ќе станат претесни(можеби тогаш кружниот тек ќе има логика) а тоа што нема зеленило е посебна приказна. Исто така ќе има голема потреба од градинки и училишта во овој дел. И Мичурин полека но сигурно станува хаотичен и ќе мора да се поработи на инфраструктурата и на изградба на градинка.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 25-Sep-2018 at 12:57
Поглед кон градилиштето за новата висококатница кај Тобако 2,веќе стигнале на ниво на приземје.(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 27-Sep-2018 at 16:01
Од фб

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 03-Oct-2018 at 18:44
Серија денешни фотки од градилиштата низ населбава

1.Дабар на ул.Фрањо Клуз работат на фасадата,предниот дел е речиси готов останува уште задната страна,патем објектов е доста масивен па не се доловува баш со една фотка







2.Elena Luka Home скоро и да ја завршија фасадата





3.Адора напредува со проектот Аеродром Црква 3,малце незгодно за сликање бидејќи со едната ламела веќе се до петиот односно работат на шестиот кат а со другата работат на првата надземна плоча.











4.Голден Арт ја заврши карабината и сега работат на ѕидаријата



5.Офис Ком на ул.Пандил Шишков работат на нивниот втор објект,работат на првата надземна плоча





6.Кај Тобако 2 се прават столбовите за првата надземна плоча

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 723
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 07-Oct-2018 at 08:59
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 07-Oct-2018 at 13:54

Само незнам зошто ги тргнаа тарабите?Како и да е подобро е за сликање.Патем еве каков поглед би имале станарите од зградата на Дабар.



Инаку на ул.Пандил Шишков Офис Ком ќе има вкупно 3 згради бидејќи во нивна сопственост се и бараките меѓу GA O7 и зградата која Офис веќе ја гради.

Еве попрецизно

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 40>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.