build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Стар Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стар Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1320
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 13-Apr-2018 at 18:34
Не им е срам? Окупатори! Непријатели на градот Скопје и неговите граѓани!

Неконтролираново лудило ќе го колабрира градов. А кога тоа ќе се случи, натрапниците ќе мора да се отстранат. Водно ќе биде прво.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 13-Apr-2018 at 20:32
Новите градоначалници победија посебно во Аеродром и Карпош поради ветувања дека ќе нема понатамошна изградба на објекти на јавни површини и надградување на постоечки без мерка.

Edited by kiriOK - 13-Apr-2018 at 21:05
Back to Top
ToniB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 14-Apr-2018 at 01:22
Ау, ова е криминал. Јас живеам 7-8 мин од тука. На ова место се собираат луѓе со години. Реално овој простор се среди таму 2004-05та некаде, ако памтам добро. Но, преку ден и навечер често има луѓе. Некад и врие. Млади пијат пиво и муабет. Родители со деца. Пензионери. Доста луѓе се собираат тука.

Сега ќе опнат зграда до булеварот. Ужас. Кој дозволил вакво нешто нека се засрами. Реално тешко тоа, а и тешко некоја последица да претрпи. Срамота.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 14-Apr-2018 at 08:24
Вчера доцна навечер вршеа рушење на паркот и демонтажа на реквизитите.Толку ли е итно

Еве уште една фотка од градилиштето

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4408
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 14-Apr-2018 at 09:31


А табла некаква, некаде? Можеби е реконструкција на паркот?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 14-Apr-2018 at 09:51
Вчера поминав,ама немаше ништо истакнато.Не ми се верува да е реконструкција на парк,особено поради тоа што до доцна вечерта ги демонтираа реквизитите.А и според ДУП-от тука е предвидено да се гради нешто доста масивно.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1320
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 14-Apr-2018 at 09:54
Дали има законска можност лесно, брзо и евтино да се отстрани ѓубрево или тоа ќе оди потешко?

Најдобро буквално до прозор да им изградат нови згради. Друго и не заслужиле.

А имајќи предвид дека голем број станови стојат празни, очекувам лудилово наскоро да заврши и да се смири малку уништувањето. Потоа, ќе може да се пристапи кон чистење.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 14-Apr-2018 at 10:52
Стар Аеродром го преполнија со вакви безлични згради,а најлошо е што ги лепат една до друга на многу мало растојание без тревка зеленило,да не збориме па за игралишта,паркови и слично. Кога сите згради ќе се направат и вселат е тек тогаш ќе почнат вистинските проблеми,пред се во сообраќајот и паркирањето.Наутро колоната на К. Ј Питу е километарска,Симеон Кавракиров во Мичурин ја користат како некоја алтернатива па и таа е хаотична и би било добро да ја направат едносмерна. Патем јака им душа на тие што живеат и гравитираат во овој дел,ја не многу често минувам оттука ама кога одам страв ме фаќа.Облаци прашина,необезбедени градилишта,затвотрени улички кога се бетонира,кому каде му текнало раскопал. Некои улици вечно се реконструираат итн.
Конкретно за новото градилиште ми мириса дека може да се случи некоја варијанта на Настел во карпош ама ај да не подречам може нешто убаво смислиле.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 14-Apr-2018 at 11:04
Originally posted by Staro Skopje

Дали има законска можност лесно, брзо и евтино да се отстрани ѓубрево или тоа ќе оди потешко?

Најдобро буквално до прозор да им изградат нови згради. Друго и не заслужиле.

А имајќи предвид дека голем број станови стојат празни, очекувам лудилово наскоро да заврши и да се смири малку уништувањето. Потоа, ќе може да се пристапи кон чистење.

 
Додека беа пвеводбениците на власт те сметав за сериозен критичар, но сега кога не се на власт, твојата незрелост излегува на виделина.
 
Дај објасни како не разбираш дека организираниот криминал и перењето пари во Македонија не датираат од времето на пвеводбениците 2006-2017, туку и од порано ?
 
И како не разбираш дека сите овие станбени објекти не се градат за вдомуваат луѓе и семејства, туку за перење на пари ?
 
Сега сите овие станбени објекти без станари се безвредни, но и Емпаер Стејт во Њујорк била нерентабилна во првите 20 години од завршувањето на нејзината изградба во 1931 година поради слабиот број на изнајмени и/или откупени катови, како и поради нејзината локација на која немало јавен превоз во првите години од завршувањето на изградбата на облакодерот.
 
Сите овие тотално непотребни објекти се изградени со само една цел - перење пари и дополнителен профит од издавање на деловен и станбен простор под кирија, и се разбира, по некое станче за локалните општински советници за да изгласаат по уште некоја градежна дозвола во општинскиот совет.
 
Така функционира оваа криминална држава уште од 1990-те години, така функционира и до денешен ден. Разликата е во тоа што пвеводбениците во одреден период се замислија себеси како семоќни бидејќи подолго време беа на власт, па се полакомија за повеќе во споредба со нивните претходници бидејќи мислеа дека ќе останат уште подолго време на власт, инаку во ништо друго не се разликуваат од нивните тогашни претходници и сегашни наследници.
 
Но најголемиот симптом на твојата незрелост е твоето очекување за "чистење".
 
Убаво е да се радуваш на преименување на аеродромот во Скопје и на отстранување на спомениците поставувани од пвеводбениците - без разлика колку таквите потези се направени не за доброто на народот, туку за да се задоволат хировите на некоја надворешна страна - но овие станбени згради се приватни инвестиции, нивно рушење "бидејќи народот така сакал" само ќе испрати негативна порака до странските инвеститори.
 
Ако една држава која наводно практикува капиталистичка економија, односно економија на слободен пазар, а истовремено се декларира како демократска држава која го брани правото на приватна сопственост, преку ноќ одлучува да руши објект "бидејќи народот така сакал", тогаш демократската декларативност и капиталистичката економија на таа држава се чисти формалности, а не реални вредности до кои таа држава се држи и ги практикува, а таквите држави воопшто не се привлечни за странските инвеститори кои наводно толку очајнички се обидуваме да ги привлечеме.
 
А што ти згрешиле на тебе локалните жители за да заслужат нови станбени згради буквално до прозор ?
 
Нели гласаа за промени, за друга власт, им го кажаа своето НЕ на претходните општински власти ?
 
Што сакаш уште, гневна толпа со факели, лопати, мотики и вили среде ноќ ?
 
Е па еве ти новост ако досега не знаеше - денес е 21-ви век, денес граѓанскиот гнев се демонстрира со масовни протести и блокади кои траат со недели, ако не и со месеци, а не со фрлање балони полни со песок и боја, видовме колку траеше таквиот идиотизам на шареноликите идиоти, откако "нивните" дојдоа на власт, експресно си најдоа фотељи за да ги загреваат, па сега на нив им дојде редот да земаат плата за клатење врата.


Edited by Dexter26 - 14-Apr-2018 at 11:17
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 14-Apr-2018 at 20:21
Според катастар сето тоа е една приватна парцела (302/10) на неколку сопственици.
Според ДУП и ГУП постои зграда на тоа место, така да ниеден инвеститор не е спречен да го откупи земјиштето од приватниците и да си побара дозвола за градба која (ако не му е веќе одобрена) ќе биде одобрена по експресен пат, а нема никаков начин да се спречи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 15-Apr-2018 at 16:36
Na novoto gradiliste se raboti turbo i vo nedela,gi demontiraat pokrivite na nekolkute prodavnici i sendivicari koi bea tuka smesteni a kaj parkceto seuste nema nekoi poznacajni aktivnosti. Patem parcelata e prilicno masivna neznam kolku zgradi ke niknat? Ocekuvam denovive da postavat tabla,spored ograduvanjeto mislam deka ne stanuva zbor za nekoj dosegasen investitor od toj del,no ke vidime mozebi gresam.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1474
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 15-Apr-2018 at 17:23
Originally posted by stef4o

Na novoto gradiliste se raboti turbo i vo nedela,gi demontiraat pokrivite na nekolkute prodavnici i sendivicari koi bea tuka smesteni a kaj parkceto seuste nema nekoi poznacajni aktivnosti. Patem parcelata e prilicno masivna neznam kolku zgradi ke niknat? Ocekuvam denovive da postavat tabla,spored ograduvanjeto mislam deka ne stanuva zbor za nekoj dosegasen investitor od toj del,no ke vidime mozebi gresam.


Имам инфо(неофицијално) дека е Дабар....
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 15-Apr-2018 at 17:41
Mozno e,obicno na fb gi istaknuvaat novite proekti ama seuste ne sum zabelezal nesto novo osven onie koi veke gi gradat na Pandil Siskov i na Ilindenska. Vo sekoj slucaj fala ti za infoto ke vidime sto ke bide.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1320
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 15-Apr-2018 at 19:05
Навистина, каде е и што прави почитуваниот господин градоначалник?

Итна ревизија на сите ДУП-ови, лоцирање на зградите кои го нарушуваат нормалното функционирање на градот и поставување временска рамка (од максимум 10 години) за нивно отстранување.

А, И ИЗРАБОТКА НА ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ П Л А Н О В И! ПЛАНОВИ! ТОА Е ЗАМИСЛА КАКО САКАМЕ ДА ИЗГЛЕДА ГРАДОТ!

Аеродромци до Марин: Тарабите за новата зграда ќе проголтаат детски парк и игралиште

Скопје стоп алам во своето обраќање до градоначаникот на општина Аеродром, Златко Марин, наведува:

„Револтирани граѓани ги урнале тарабите за новата зграда која ќе проголта детски парк и игралиште кај Тобако 2, Општина Аеродром (на аголот на улиците Руди Чајавец и Фрањо Клуз).

Бараме итно стопирање на овој објект и ревизија на сите ДУП-ови во општината, впрочем како што ветивте во септември 2017 година“.

#СтопНаУрбанистичкиХаос #БетонскаЏунгла #ФатетеСеЗаРабота

https://plusinfo.mk/18834-2/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11494
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 16-Apr-2018 at 19:07
За сè има вторпат
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1474
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 16-Apr-2018 at 19:39
Originally posted by Џоле







https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/gragjani-vo-akcija-urnati-tarabite-za-planirana-nova-zgrada-vo-aerodrom-foto


Вчерашно инфо, денес си беше заградено и си течеа „подготвителни активности“ - инаку во фаза на селење и подготовка за рушење се и уште неколку други бараки од спротива подолу...
Еве овие бараки : https://www.google.mk/maps/place/Delphi/@41.9860213,21.4555285,130m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x135438584d09678b:0x69b1945272b193f2!8m2!3d41.9845306!4d21.6211876?hl=en

Edited by Obedineta Makedonija - 16-Apr-2018 at 19:40
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 16-Apr-2018 at 20:45

Неспорно е дека е тешко да се стопира зграда што е зацртана во ДУП, на парцела во приватна сопственост. Ама господинот Златко Марин пред изборите пееше друга песна. Еве извадок од негово предизборно интервју за „Фактор“ (а сигурен сум дека вакви ставови изнел и на други места и дека сето тоа е фино документирано):


Фактор: Што според вас е приоритет за општина Аеродром каде се регистрираше огромно загадување на воздухот и се почести се урбанистичките проблеми со неконтролирано градење?

Марин: Во мојот план за квалитетен живот има конретни решенија кои ќе придонесат за решавање на проблемите кои ги спомнав погоре. Прво, итно запирање на понатамошно градење во урбанизираниот дел на општината. Ревизија на сите ДУП-ови и изработка на нови по теркот на ДУП-овите позади Бисер и Ново Лисиче, кои се ремек-дело на урбанистичкото планирање. Новите населби кои ги направи Коневски немаат доволно или воопшто зеленило и немаат соодветни паркинг и сообраќајни решенија. Изработка на ДУП-ови каде еколошките стандари ќе бидат запазени до милиметар се нашата главна заложба.

https://faktor.mk/intervju-zlatko-marin-revizija-na-site-dup-ovi-vo-aerodrom-po-izborite-



Затоа сега нека не тупи со оправдувања, туку нека го спроведува тоа што јасно и недвосмислено го ветуваше. Како ќе се справува со вакви ситуации, со колку дабари и чифлиганци ќе се замери, дали општинската каса послабо ќе се полни и нема да биде доволна за сите паразити во општинската администрација, колку гласови ќе добие а колку ќе изгуби, не знам и не ми е гајле, тоа си е негов проблем. Колку и да е заебано да се стопираат проекти во вакви околности, никој не го тераше да се кандидира и да дава такви предизборни ветувња. Сега треба да испорача, а не да паламуди.

Не знам, можеби во конкретниов случај градежната дозвола била издадена пред неговиот мандат. Ако е така, би прифатил дека во случајов подобро е општината да се повлече и да остави проектот да се реализира непречено, отколку да се плаќаат огромни обештетувања. Но дури и да е така со градежната дозвола (а не слушнав такво објаснување/оправдувње), тогаш Златко Марин нека каже дали сега е запрено со издавањето на градежни дозволи во спорните реони и до каде е таа негова ревизија на ДУП-овите. До кога треба да чекаме за да се почне? Сите нафта ли пиеме?




Edited by Cloverstack - 16-Apr-2018 at 20:54
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 17-Apr-2018 at 11:44
Еве една тура денешни фотки низ населбава

1.Еве табла од новоотвореното(прочуено) градилиште.Не станува збор за Дабар туку за некоја сосема друга фирма досега барем не сум ја приметил во овој дел да има нешто изградено.





Во продолжение еве уште неколку фотки од новоотворени градилишта,згради при крај на градба,згради во фаза на градба....

За ова градилиште мислам дека има координати од Obedineta Makedonija во погорниот пост,ми изгледа како да се спрема Адора да почне да гради барем така пишуваше на работничките одела на мајсторите кои ги местеа тарабите





На Пандил Шишков до зградата на Дабар





Еве една на Голден Арт близу црквата Св.Илија,до нејзе веќе се врши ископ за нова



Дабар и Елена Лука Хоум







Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 351
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 18-Apr-2018 at 12:35
https://www.radiomof.mk/vrz-parkot-vo-aerodrom-niknuva-stanbeno-delovna-porta-odobrenieto-izdadeno-pred-eden-mesec/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 18-Apr-2018 at 13:43
Може дури и засебна нишка да отвориме за проектов но сепак да видиме дали ќе истакнат некаков рендер сега за сега многу оскудни информации имаме освен катноста и локацијата ништо повеќе не се ни знае дали една или повеќе згради ќе никнат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.090 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.