build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Стар Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стар Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 964
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 18-Apr-2018 at 13:47
http://www.press24.mk/skandal-hausmajstorot-na-zhernovski-vo-isto-vreme-e-glaven-inspektor-i-sopstvenik-na-gradezhna-firma
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 964
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 18-Apr-2018 at 16:57
За ова градилиште мислам дека има координати од Obedineta Makedonija во погорниот пост,ми изгледа како да се спрема Адора да почне да гради барем така пишуваше на работничките одела на мајсторите кои ги местеа тарабите






Како и што претпоставував еве рендер,11 ката


Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 964
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 19-Apr-2018 at 13:10
Состојбата на новоотвореното градилиште-превземено од фејсбук



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 964
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 21-Apr-2018 at 13:43
За ова градилиште мислам дека има координати од Obedineta Makedonija во погорниот пост,ми изгледа како да се спрема Адора да почне да гради барем така пишуваше на работничките одела на мајсторите кои ги местеа тарабите




Превземено од долниот линк,во веста се критикува начинот на рушење и градежната прашина.Инаку на некои од градилиштата се работи и во доцните вечерни часови пред некој ден кога поминував околу 20:00 под рефлектор се вршеше ископ на едно градилиште мислам на Голден Арт.





https://ako.mk/аеродромци-не-можат-да-дишат-од-градеж/

Edited by stef4o - 21-Apr-2018 at 13:44
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 964
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 22-Apr-2018 at 13:40
Веќе е поставена информативна табла,а и со рушењето се при крај-превземено од фб



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 964
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 23-Apr-2018 at 13:03
Еве како ги оградуваат градилиштата,сосе тротоар,ова е некое ново градилиште-превземено од фејсбук

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3327
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 23-Apr-2018 at 17:36
Originally posted by stef4o

Веќе е поставена информативна табла,а и со рушењето се при крај-превземено од фб





Боли глава од „елитниов“ објект. И претходниот и сегашниот градоначалник во иста шупелка дуваат, односно од исто место вадат мед. Ај тоа што ќе уништат зеленило и ќе создадат бучава, веќе е карактеристика за оваа скопска населба. Ама, мисли ли некој на детски градинки и училишта во овој дел на Скопје? А на подземна инфраструктура, како што е канализацијата? Колкав е нивниот капацитет?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2009
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 24-Apr-2018 at 00:55
Previous
 
Дај не заебавај, ако некои населби се примери за урбано планирање во пост-земјотресно Скопје, тоа се Аеродром и Карпош - поточно Карпош до неодамна беше, а и Аеродром е на добар пат да му се придружи.
 
Кога сме кај градоначалниците, последиците од излевањето на нивниот мед ќе продолжат да се чувствуваат секоја наредна зима. Колку повеќе мед им се излева, толку повеќе ќе се чувствуваат последиците од медот.
 
А кога сме кај градинки и училишта, нема потреба од нив, бидејќи и јас и ти одлично знаеме дека никој нема да ги купува тие станови, па дури и да ги увезуваат купувачите од Косово и Албанија, сепак нема да имаат доволно купувачи, бидејќи едноставно има премногу нови станбени објекти кои ја презаситуваат понудата за и онака малата побарувачка.
 
Младите фаќаат џаде во странство во потрага по подобар живот и не планираат да се вратат како нивните печалбарски предци, а рамковнистите колку и да ги има, сепак нема да ги има доволно за да се продадат сите тие станови.
 
Овие станбени објекти се најобични паравани за перење на пари и ништо повеќе.
 
Да бевме вистинска пазарна економија, сега ќе бевме во економска криза поради превисоката понуда наспроти прениската побарувачка на станови.


Edited by Dexter26 - 24-Apr-2018 at 00:56
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 326
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 24-Apr-2018 at 02:09
Originally posted by Dexter26

Previous  Дај не заебавај, ако некои населби се примери за урбано планирање во пост-земјотресно Скопје, тоа се Аеродром и Карпош - поточно Карпош до неодамна беше, а и Аеродром е на добар пат да му се придружи.


Вшушност обратно е,Карпош моментално е многу пред Аеродром по урбано планирање,пред се поради населби како Тавталиџе,Козле,Жданец...

Додека Аеродром веќе повеќе од половината е уништен...во Карпош по булеварите ги нема застоите кои се задаваат на Јане Сандански кога се иде и враќа од работа...
Стар Аеродром,Мичурин,Реонски Центар,станбена населба Лисиче а наскоро и Острово се во фаза на претварање на бетонско гето.



Edited by kiriOK - 24-Apr-2018 at 02:11
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3327
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 24-Apr-2018 at 09:20
Кире, во право си, ама не заборавај што му се спрема на Тафталиџе во Карпош. Истото срање како за општина Аеродром. Ние самите систематски си ја уништуваме животната средина околу себе со текот на времето. И се сложувам дека толку многу станови во земјава тешко дека ќе се продадат. Доволно е само навечер да се прошета крај изградените згради и да се види тоа.

Како што минува време, така и кај мене се создава мотивација - бегај и гледај никогаш да не се вратиш во ова ругло создадено од непрокопсани.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 24-Apr-2018 at 10:06
Originally posted by kiriOK


во Карпош по булеварите ги нема застоите кои се задаваат на Јане Сандански кога се иде и враќа од работа...

На Партизанска и 8-ми септември има и те какви застои. А и малце не е фер споредбата бидејќи Аеродром има само една соодветна врска со Центар. Продолжувањето на АСНОМ со мост и некакво решение на крајот на 3-та македонска би го олесниле сообраќајот на краток рок. Инаку да, Стар Аеродром е упропастен целосно.
Back to Top
anonimen View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Mar-2012
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote anonimen Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 24-Apr-2018 at 12:26
Stanovite se prodavaat i pogolemiot del se vekje prodadeni, no toa sto ne zivee nikoj vo niv toa e prasanjeto koe otvara dilemi. Godisniot budzet na drzavata e 3 milijardi i ako 10% do 15 % zavrsuva kako mito i korupcija toa se godisno okolu 300 do 450 milioni evra koi se koristat za kupuvanje na stanovi. Korumpiranite birokrati imaat dva i povekje stanovi vo koi nikoj ne zivee
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1556
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 24-Apr-2018 at 17:11
Епа тоа е ланец. Не може секоја дивоградба да стане легална и после секоја барака да се претвори во зграда.
Некој мора да стави крај на ова!
П+3+П ништо повеќе од тоа!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 24-Apr-2018 at 19:28
Originally posted by alexsend


П+3+П ништо повеќе од тоа!


alex, јас не би се сложил дека во стар аеродром висината е проблем, баш напротив. А и од „покткровја“ веќе преку глава.

Проблем во стар аеродром е густината и распоредот на објектите, окупацијата на сиот постоечки и потенцијален квалитетен јавен простор, и задржувањето на старата урбанистичка „подлога“. Со ДУП-овите единствено направија на местото на секои две бараки П+1 да има по една зграда П+10 (и плус згради на места кадешто немаше бараки). Тоа не е урбанистичко планирање, тоа е чист кретенизам.

Уличната мрежа е комплетно истата како кога беа бараките. Дури ни џебови за контејнери не направија по улиците! Паркингот е веќе огромен проблем, а ќе станува се поголем и улиците и тротоарите се повеќе ќе се користат за паркирање. Дали ова беше тешко да се предвиди? Дури и двете најважни сообраќајни врски за влез и излез од населбата се катастрофално предвидени, за едната имам пишувано уште пред неколку години кога го зготвија првиот ДУП по ваков терк, ќе се обидам да го најдам постот.

А можеше да биде прекрасна населба, доколку се направеа барем мали измени во уличната мрежа и доколку малку се излезеше од ригидниот концепт на претворање на секоја барака во градежна маркичка, без никаква урбанистичка флексибилност, без трунка визија и одговорност. Не гледам проблем доколку имаше дури и повисоки објекти, ама помалку на број за да се формира повеќе и поквалитетен јавен простор, особено парковско зеленило. И ваљда не мораше сите згради да бидат грди клонирани квадари. Ама за тоа ќе требаше повеќе работа, попаметни и посовесни луѓе, и секако помалку корумпирани. А и комодитетот на градежната мафија ќе мораше да се наруши макар малку, ќе мораа малку да излезат од разработената затупувачка шема која се сведува на репродукција на истото срање одново и одново.






Edited by Cloverstack - 24-Apr-2018 at 19:56
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 24-Apr-2018 at 23:31
https://www.youtube.com/watch?v=bn_tr-o9Ncs

Ја немам сеуште изгледано епизодава, но би требало да е квалитетно и детеално сработена. Ја обработува токму оваа тематика.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 25-Apr-2018 at 00:57


Златко Марин звучи како да голтнал плоча со грејтест генерик хитс од Гордана Јанкуловска:
- според законот бла бла бла
- согласно законот бла бла бла
- согласно законската регулатива бла бла бла
- согласно ингеренциите бла бла бла
- немаме таква информација


Еве го се јавил и на фејсбук пред некој ден... Ги ревидирале ДУП-овите, ама не можеле да ги менуваат  Nuts


Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2009
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 25-Apr-2018 at 01:18
Previous
 
" Можеме да воведеме и мораториум за изградба на нови објекти на територијата на општината, само немаме тестиси за да им покажеме среден прст на две третини од паразитите кои не` финансираат нас и нашата партија, а кои ги финансираа(т) и нашите претходници ", заборавила да додаде златната кокошка носителка на плава жолтица.

Нема подобар опис на реалноста во која живееме од девојчето кое говори од 10:37 до 10:49 .
 
Малку оф-топик: во истиот временски сегмент - од 10:37 до 10:49 - вреди да се погледнат велосипедистите каде возат.
 



Edited by Dexter26 - 25-Apr-2018 at 01:27
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 326
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 26-Apr-2018 at 06:27
Поготово ќе биде интересно од Ноември до Март коа почнат дождови,снегови,смог,недостаток на циркулација на воздух,зелени површини,бетон,кал,прашина,места за паркирање,застои во сообраќај...како ја уништија урбанистички пола општина која беше врв во урбано планирање и инфраструктура не само во Македонија него и пошироко и тоа у рок од 5 години,алал да им е...највеќе ми е криво што не само што ја сјебаа урбанистички него и духот и го уништуваат,ги нема веќе парковите,местата за собирање,дворчињата од бараките,пешачкиот ареал...луѓето и сегашните и идните ги сардинираа во кутии на 10 метри растојание без никаков простор за социјални активности околу кутиите...да не зборам за наглата промена на составот на населението,главно од провинција што ќе влијае на општа промена на шмекот.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3327
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 26-Apr-2018 at 09:49
Ај што уништија урбанистички развиена општина по професионални стандарди, ама и ништо нормално не изградија. Аеродром денеска нема театар, ниту било какво друго културно здание. Нема ниту гимназија. Основните училишта, со исклучок на она во Реонскиот центар, се изградени пред децении наназад, а бројката на ученици рапидно расте. Не ми е јасно како ја планираат за населба за млади лица, а да нема доволен број на места во градинка за тие брачни парови.

И пак ќе кажам, најсуштинските закони од урбанизмот и планирањето, заедно со нов концепт на работа, не се ниту чепнати од новата власт, а камоли активно да се работи на нив!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 964
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 30-Apr-2018 at 16:52
Еве неколку фотки од фб од новоотворените градилишта-многу се грижат за зеленилото внимателно го пакуваат на ситни парчиња во камиони








Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.