build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Скопје - Блаце

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 145
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 20-May-2020 at 05:38
Ако гледаш на одзумирана мапа може и таков впечаток да добиеш. Меѓутоа: во источна Македонија ова е најголема инвестиција во последните 50 години. Прво Велес - Штип автопат би бил 38-40км, а вака до Миладиновци е 47, кај е проблемот?! Кај ќе беше Св.Николе во приказната. За Скопје или Куманово / Србија ќе треба да се оди пак до Велес. Еве по што доаѓам од град од крајниот исток можам да напоменам дека заборавивме како изгледа Велес веќе една година. Дури и да се согласам дека за Автопат сеуште нема 10 000 возила дневно, едноставно трасата Штип - Св. Николе - Миладиновци мора(ше) да постои (макар и како магистрален / експресен пат). Не би мешал политика меѓутоа за прв пат (и двете гарнитури, кој помалку кој повеќе) се сетија барем малку на истокот. Со нетрпение ги очекуваме Штип - Кочани (за месец дена пуштаење) и Штип - Радовиш (за 6 месеци пуштање). Следно Струмица - ГП Ново Село, и комплетирање на Куманово - ГП Деве Баир. И јавно да споделам дека одредена група веќе почнуваме да наоѓаме начини за Берово - Радовиш да го ставиме во видното поле на надлежните. Очекуваме да биде во програмите за изградба на патишта 2021-2030.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1712
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 20-May-2020 at 12:33
Kosovo dvaesetina godini e vazna ekonomska destinacija i navistina ne mi e jasno zosto gradenjeto na ovoj avtopat uste tapka vo mesto!?
Kratko bi se nadovrzal na predhodnite diskutanti. Kako prioritetni delnici gi obelezuvam, ovoj avtopat i Kumanovo-Debe Bair (katastrofalna greska sto ne se gradi avtopat). Vednas potoa sleduvaat delnicite: "Medjitlija-Bitola-Prilep-Veles" kako ekspresen pat, i "GP Novo Selo-Strumica-Radovis-Stip". Treba da se razmisluva i za "Katlanovo-Veles" kako paralelna delnica so "Veles-Katlanovo" i rekonstrukcija na delnicata "Tetovo-Gostivar" vo avtopatsko resenie.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 20-May-2020 at 19:18
Во однос на автопатски решенија според она што партиите го форсираат и она што е запишано во инфраструктурната стратегија до 2030 се планирани Скопје - Блаце, Велес - Битола (Меџитлија - Битола ќе се гради експресен) и Кичево - Гостивар. Друга делница не е планирана, тие во источна Македонија како Куманово - Деве Баир и Штип - Ново Село ќе се експресни патишта.

За Тетово - Гостивар имаше неколку изјави од Китанов во кои рече дека во 2019 ќе се започне со проширување, а еве сме сега 2020 и нема никаков план за тој проект, што значи од некоја причина го тргнаа настрана.
Back to Top
koska View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote koska Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 21-May-2020 at 10:33
Поврзувањето автопатски со Косово е приоритет над приоритетите но не само поради Косово и не треба тесно да се гледаат работите.
Најкратка рута со Црна Гора(пристаниште Бар), Јужна Хрватска, Босна(Сараево) и Албанија (пристаниште Драч) е преку овој автопат.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 21-May-2020 at 20:15
Da bas poradi toa povrzuvanje i izleguvanje na Jadransko more ni e biten avtopat kon Kosovo ... Bidejki nie sme drzava koja sto sme opkoleni so 3 drzavi koj sto izleguvaat na more , a osven so Grcija so ostanatite 2 drzavi Albanija i Bugarija nemame avtopat , i toa e isto nogu bitna rabota koja sto mora da se napravi , prioritet sekako e Kosovo i Jadransko more , a prioritet i te kako mora da bidat Albanija i Bugarija ...Kolku sto ni e bitna Grcija tolku ni se bitni i ovie 2 drzavi
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 21-May-2020 at 22:37
Автопат од Велес до Прилеп и плус експресен од Градско до Прилеп е според мене претеризам и за волја на вистината нема пари за тоа да се оствари во наредните 30 години. Може само да се силат во дневно-политичките говори. А Битола - Прилеп не само што треба, туку и теренот дозволува исплатлива верзија на автопат, со можност да се догради во иднина кон Градско и да се приклучи на Е-75. Со Софија изгледа уште долго нема да има модерно поврзување, бидејќи за делот од Куманово до Ранковце (околу 38 км) е предвидено само рехабилитација на постоечката магистрала, нема доградување на ленти, единствено од Ранковце до Кр.Паланка ќе е експресен, околу 24 км и потоа уште 13 км магистрала со две ленти нагоре и една надолу до Деве Баир.

Edited by Marxentric - 21-May-2020 at 22:38
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 295
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 24-May-2020 at 04:21
Имало и ова, здружение на тие што се потрудија навреме да ја упропастат трасата и да не може Скопје-Обиколница да биде салаам автопат со колекторски булевари како што се прави секаде низ свет. Кога се нема визија, нека се стискаат сега вечно на 1+1 профил како да се најпровинцијалска чаршија, наместо модерна индустриска зона меѓу главни градови на две држави.

https://www.facebook.com/IZVizbegovo/



Edited by user8642 - 24-May-2020 at 04:24
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 25-May-2020 at 14:30

Originally posted by Marxentric

Со Софија изгледа уште долго нема да има модерно поврзување, бидејќи за делот од Куманово до Ранковце (околу 38 км) е предвидено само рехабилитација на постоечката магистрала


Автопат кон Софија секако не би се градел по старата траса Куманово-Ранковце. Тој дел од К8 е предвидено да поминува јужно од Куманово, а со тоа ќе се оствари и кратење на неколку километри.

Имав некаде документ со неколку варијанти на автопатска траса јужно од Куманово, ама во моментов не можам да го најдам.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2001
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 25-May-2020 at 14:39
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 25-May-2020 at 14:45
Originally posted by Staro Skopje

На ова да не мислиш?

Да, ова е една од варијантите.
Имаше и варијанти поблиску до Куманово.


Back to Top
Marxentric View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 25-May-2020 at 16:38
Живи били па видели за едно 40 години
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 12-Jun-2020 at 08:26
Има некој поминато од овде?
Слики освен тие горе? Работат сега?

Јас кога одев накај качанички пат, кај клучката немаше ништо. Знам дека треба да ја надоградуваат истата таа клучка. Каков вид на клучка ќе биде од кога ќе се надогради?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 18-Jun-2020 at 16:11
Автопатот Скопје – Блаце се уште САМО НА ХАРТИЈА

Нова причина за одложување на градежните работи на одамна ветениот автопат Скопје – Блаце. Се доцни поради експропријација на земјиштето. Од ЈП за државни патишта велат дека работата заглавила во април. Освен имотно – правните проблеми, во тој период институциите работеле со половина кадар поради корона вирусот. Од ЈПДП како и многу пати досега велат дека во последниов месец е постигнат договор со околу 80 отсто од граѓаните кои имаат имоти на трасата каде треба да поминува автопатот.

„Почнато е, почнати се подготвителните работи. Видете, се работи за изградба на автопат. Многу често луѓето, а и некои од новинарите мислат дека почнато е само кога ќе се јави таму багерот и булдожерот. Значи, кога се работи за ваква сериозна градба, прво градежната фирма си прави пункт, си прави свое градилиште“, рече Зоран Китанов директор на ЈПДП.

Автопатот треба да се гради во две фази. Првата е во должина од два километри, а властите најавуваа дека ќе биде готова за 18 месеци. Досега се доцни три месеци. Втората делница е долга над 10 километри за која се тврди дека ќе се изгради за 36 месеци.

Од индустриската зона Визбегово екипата на Алсат се упати кон граничниот премин. Она што можевме да забележиме е дека на терен не се случуваат никакви градежни работи, на патниот правец кој треба да биде автопатско поврзување со Косово.

Вкупната вредност на автопатот Скопје – Блаце во должина од 12 километри е проектирана на 110 милиони евра. Оваа делница во предизборните говори на власта беше акцентирана како приоритетна, но засега градежни работи нема.

https://vecer.mk/node/504430?fbclid=IwAR2YulBSLleAmKBNln-fDK9v5sbvNyt8GCGHh0e0XRhumgQXEqON3RteAXE
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 18-Jun-2020 at 16:13
Багер ниту за лек! Автопатот Скопје – Блаце сѐ уште само на хартија



Нова причина за одложување на градежните работи на одамна ветениот автопат Скопје – Блаце. Се доцни поради експропријација на земјиштето. Од ЈП за државни патишта велат дека работата заглавила во април. Освен имотно – правните проблеми, во тој период институциите работеле со половина кадар поради корона вирусот. Од ЈПДП како и многу пати досега велат дека во последниов месец е постигнат договор со околу 80 отсто од граѓаните кои имаат имоти на трасата каде треба да поминува автопатот.

„Почнато е, почнати се подготвителните работи. Видете, се работи за изградба на автопат. Многу често луѓето, а и некои од новинарите мислат дека почнато е само кога ќе се јави таму багерот и булдожерот. Значи, кога се работи за ваква сериозна градба, прво градежната фирма си прави пункт, си прави свое градилиште“, рече Зоран Китанов директор на ЈПДП.

Автопатот треба да се гради во две фази. Првата е во должина од два километри, а властите најавуваа дека ќе биде готова за 18 месеци. Досега се доцни три месеци. Втората делница е долга над 10 километри за која се тврди дека ќе се изгради за 36 месеци.

Од индустриската зона Визбегово екипата на Алсат се упати кон граничниот премин. Она што можевме да забележиме е дека на терен не се случуваат никакви градежни работи, на патниот правец кој треба да биде автопатско поврзување со Косово.

Вкупната вредност на автопатот Скопје – Блаце во должина од 12 километри е проектирана на 110 милиони евра. Оваа делница во предизборните говори на власта беше акцентирана како приоритетна, но засега градежни работи нема.

Иле Петревски

https://alsat-m.tv/mk/багер-ниту-за-лек-автопатот-скопје-б/
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 18-Jun-2020 at 22:33
2km за 18 месеци.
Слободно да ме погребате.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 19-Jun-2020 at 18:59
Ne se normalni , najavuvaat pocetok na izgradba a pravno imotnite problemi nereseni , pa sega 3 meseci pravele gradiliste
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 20-Jun-2020 at 09:43
Ниту еден од експресните патишта што се градат сега и трите автопатски делници (две завршени, Кичево - Охрид во градба) не беа почнати со решена експропријација. Ќе беше изненадување да е поразлично Big%20smile
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1712
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 21-Jun-2020 at 11:11

Eksproprijacijata kaj nas se pravi etapno, kako i se drugo, vo posleden moment. Ne znam dali e toa pravilo ili taka funkcionira nasekade, no znam deka poradi proprijacijata proektot (delnicata) moze da pretrpi nekoja mala korekcija vo posleden moment.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 295
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 21-Jun-2020 at 11:33
Политичките партии кои имаат моќ на теренот кои го контролираат, испаѓаат целосни магариња и мајмуни у огледало како на том и џери цртан филм, кога дзоволувата вака поединци да им ги застанат политичките важни проекти пред избори. Тоа треба бре да се преваспита со убедувачки методи.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.