build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Експресен пат Ранковце - Крива Паланка
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Ранковце - Крива Паланка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Експресен пат Ранковце - Крива Паланка
    Posted: 22-Jun-2018 at 15:16
За сè има вторпат
Back to Top
Joralemon View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Jun-2018 at 17:00
Добро што почна да се работи и во овој дел од коридорот 8. За Македонија приоритет број еден е коридорот 10, а приоритет број два коридорот 8. Инаку досега владите не и давале доволно внимание на коридорот 8. Мислам дека автопатот Миладиновци-Штип повеќе се направи за популустички цели, бидејќи тој пат е 20 км далеку од автопатот Скопје-Гевгелија и Штип можеше да се поврзува со тој автопат со експресен пат до Миладиновци или до Велес. Штип има пристап до еден автопат и три експресни патишта. Во ова смисла можеби Штип станува поважен град и од Скопје.
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 299
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Jun-2018 at 23:44
Браво стартирахте и пътната част на коридор 8
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Jun-2018 at 00:11
Има некаде документ - мапа за тоа кај точно ќе се движи трасата на патов?
ಠ_ಠ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Jun-2018 at 13:44


Го најдов ова:
http://www.roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2015/20150508_SEP%20MKD.pdf


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Jul-2018 at 22:05

Овде за 28 километри „експресен“ пат треба да платиме 78 милиони евра. Сумата е висока, се прашувам дали има нешто што може реално да ја оправда (на пример тунели).

Инаку добро е тоа што трасата е адекватна за надградба на патов во автопат, кога тоа сообраќајот го изискува. Но би било добро и надвозниците и клучките уште од сега да се изградат земајќи во предвид дека во догледна иднина патов треба да прерасне во автопат. За 78 милиони евра, се надевам дека тоа е така решено.

Back to Top
ptzvetan View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Nov-2018
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ptzvetan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Nov-2018 at 08:44
се гледа дека е заваршен дел од работата и се работи активно

https://apps.sentinel-hub.com/eo-browser/?lat=42.18559&lng=22.25118&zoom=15&time=2018-11-13&preset=1_TRUE_COLOR&datasource=Sentinel-2%20L1C
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2470
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Apr-2019 at 15:20
Од фб на Мин.за транспорт и врски



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2470
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Sep-2019 at 12:46
За една година завршени 15 отсто од експресниот пат Ранковце – Крива Паланка



Јавното претпријатие за државни патишта досега успеало да заврши 15 отсто од изградбата на двете фази од идниот експресен пат Ранковце – Крива Паланка на Коридорот 8. По повеќе од една година по почетокот на градежните работи на проектот, физичкиот прогрес на првата фаза на делницата од Длабочица до Чатал изнесува 17 отсто, додека на секцијата меѓу Крива Паланка и Длабочица се завршени 13 отсто од севкупните работи.

Од ЈП за државни патишта за „Мета.мк“ велат дека рокот за изградба на целокупната траса од 23 километри е јуни 2021 година. Изведбата на градежните работи ја кочат два проблема – пристапот до трасата поради тешкиот терен и археолошките наоѓалишта долж самата траса. Паралелно се работи на двете фази од експресниот пат, кој го градат италијанската компанија „Тирена Скави“ и македонскиот конзорциум Гранит – Бетон од Скопје.

На првата фаза се изведени 22 отсто од земјаните работи. На вториот дел од трасата, завршени се 13 отсто од земјаните работи, започната е изградбата на 8 од вкупно 11 вијадукти на патот и се изведуваат 7 од 20 цевасти пропусти.

– Од досегашниот степен на реализација на проектот не би можеле да го определиме рокот за пуштање во употреба на патниот правец Ранковце – Крива Паланка – посочуваат од ЈП за државни патишта.

Во експресниот пат Ранковце – Крива Паланка ќе се инвестираат приближно 58 милиони евра. Делницата ќе има широчина од 12,5 метри, со што ќе се осигури побрза и побезбедна патна врска кон Бугарија. Светската банка, како заемодавач на средствата за изградба на патот, во јуни годинава даде умерено незадоволителна оценка за напредокот во целокупната реализација на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Паралелно на овој проект, ЈП за државни патишта во следниот период ќе работи и на проширување на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, во должина од 13 километри. Во моментов се реконструира постојниот пат од Ранковце до Крива Паланка, а наредната година ќе се работи и на обнова на коловозот на делницата од Куманово до Ранковце долга 31,8 километри.

https://meta.mk/za-edna-godina-zavrsheni-15-otsto-od-ekspresniot-pat-rankovcze-kriva-palanka/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.055 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.