Експресен пат Ранковце - Крива Паланка |
Post Reply | Page <1234 6> |
Author | ||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #21 Posted: 15-Aug-2020 at 19:10 | |
Иии некои новости???
Знае некој до каде се? И чекајте, како ќе се врзе овој експресен пат со A1? Ќе оди по веќепостоечкиот регионален пат кој што е 2+1, или ќе има заобиколување на Куманово? Edited by The Wild Boy - 15-Aug-2020 at 19:11 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #22 Posted: 14-Sep-2020 at 12:46 | |
До почетокот на 2022 година ќе се патува по нов и реконструиран пат на Коридорот 8 кон Бугарија
Непречено се одвива модернизацијата на патната врска меѓу Македонија и Бугарија на Коридорот 8. Најзначајниот проект – изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се очекува да се пушти во употреба до крајот на 2021 година. Патот е поделен на две делници со должина од 25 километри. Делницата од Крива Паланка до Длабочица во моментов е со физичка реализација од 50 отсто, додека делницата од Длабочица до Чатал има физичка реализација од 30 отсто, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Идниот експресен пат ќе има ширина од 12,5 метри, со по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец. Овој проект се финансира преку кредит од Светската банка. И додека на терен се гради експресниот пат, од ова јавно претпријатие кон крајот на пролетва ја завршија реконструкцијата на постојниот пат од Ранковце до Крива Паланка, којшто во иднина би се користел како алтернативен патен правец на новиот експресен пат. Во моментов непречено тече и реконструкцијата и проширувањето на постојниот пат Крива Паланка-граничен премин Деве Баир. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ велат дека до крајот на август се реализирани приближно 20 отсто од планираните градежни работи на патот. Со овој проект ќе се изгради трета коловозна лента долг целата траса долга 13 километри, како и четири нови моста, а ќе се реконструира и постојниот коловоз. Реконструкцијата и проширувањето на постојниот пат Крива Паланка-Деве Баир треба да заврши до почетокот на февруари 2022 година. Од Јавното претпријатие за државни патишта во моментов работат и на реконструкцијата на патниот правец од Куманово до Ранковце, во должина од 31,8 километри. Во моментов се реконструира патот во должина од 16,64 километри, градежен зафат којшто треба да биде завршен најдоцна до пролетта 2021 година. За вториот дел од реконструкцијата на овој патен правец, којшто го опфаќа преостанатиот несаниран дел, веќе е склучен договор за изведба на градежните работи. Со сите овие градежни зафати што се одвиваат во моментов, патниот Коридор 8 кон Бугарија се очекува да биде завршен до почетокот на 2022 година. Со реконструкцијата и надградбата на постојните делници, како и со новиот експресен пат Ранковце-Крива Паланка каде што возилата ќе се движат со максимална брзина од 110 километри на час, се очекува значајно да се скрати времето на патување меѓу Скопје и Софија во патниот превоз. Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка започна во летото 2018 година, додека реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка-Деве Баир стартуваше во февруари годинава. https://meta.mk/do-pochetokot-na-2022-godina-kje-se-patuva-po-nov-i-rekonstruiran-pat-na-koridorot-8-kon-bugarija/ |
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #23 Posted: 24-Sep-2020 at 17:51 | |
Очекувам одговор на мојот #21 пост во оваа тема.
Фала однапред. |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #24 Posted: 24-Sep-2020 at 18:08 | |
Па, нема информации по медиумите, а ретко кој форумец оди натаму за да слика.
|
||
За сè има вторпат
|
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #25 Posted: 24-Sep-2020 at 18:18 | |
Чинам некој член спомна, дали беше Psy, дека планирале A1 да го врзат со овој експресен пат, и демек ќе имало автопатска обиколница кај Куманово. |
||
Galileo
Senior Member Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1492 |
Quote Reply #26 Posted: 24-Sep-2020 at 18:57 | |
Доколкото разбрах от новината по-горе ,габаритът ще бъде 2x2 ленти и разделителна ивица в средата ,нали?
Къде могат да се намерят в интернет документите с техническите характеристики на проекта? Предполагам в сайта на министерството на транспорта. Пробвах да потърся но не намерих такива |
||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #27 Posted: 24-Sep-2020 at 19:32 | |
|
||
Marxentric
Senior Member Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
Quote Reply #28 Posted: 24-Sep-2020 at 21:48 | |
Каква автопатска обиколница? Таму веќе поминува А1 (Е-75), а експресен пат од Куманово до Ранковце ниту е проектиран, ниту пак ќе има во наредните 5-10 години. Без навреда, но треба малку да се упознаете со мапата на Македонија, меѓу Куманово и Деве Баир има 75 км, а експресен пат е само делот Ранковце - К.Паланка (околу 21 км), другото е само рехабилитација (нов асфалт) и на мал дел дополнителна лента (делови од К.Паланка - ГП Деве Баир). |
||
ptzvetan
Newbiе Joined: 29-Nov-2018 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #29 Posted: 29-Sep-2020 at 09:01 | |
Се работи активно во делницата Деве Баир - Крива Паланка. Се менjа асфалтот по кривините нагоре до Деве Баир и се прават нови мостове доле каj реката.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #30 Posted: 28-Nov-2020 at 10:26 | |
Изградба на Експресен пат А2, делница Длабочица - Крива Паланка
https://www.facebook.com/ДГ-Бетон-АД-Скопје |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #31 Posted: 28-Nov-2020 at 10:44 | |
Зашто на мапа Длабочица ми ја дава горе на север, речиси до српска граница? И зошто делницава се нарекува Длабочица-Крива Паланка? Нешто сум збунет.
|
||
За сè има вторпат
|
||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #32 Posted: 28-Nov-2020 at 12:24 | |
Не бе, токму таму минува трасата: https://www.google.com/maps/place/Dlabochitsa,+North+Macedonia/@42.1920281,22.2353974,4294m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x13557554a32c40e7:0xf0dcef390394cef7!8m2!3d42.1950112!4d22.239892?hl=en |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #33 Posted: 28-Nov-2020 at 12:33 | |
Има две Длабочици, една пред Крива Паланка, една после.
Edited by user8642 - 28-Nov-2020 at 12:34 |
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #34 Posted: 28-Nov-2020 at 18:20 | |
Така е, едното село Длабочица е кумановско и припаѓа во Општина Старо Нагоричане, додека ова тука е кривопаланечко и се наоѓа во непосредна близина на патот (тука)
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #35 Posted: 28-Nov-2020 at 19:38 | |
Фала ви на сите за одговорите, не знаев дека постојат две села со исто име, сега ми се разјаснија малку работите.
|
||
За сè има вторпат
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #36 Posted: 05-Apr-2021 at 11:37 | |
Изградба на Експресен пат А2, делница Длабочица - Крива Паланка
https://www.facebook.com/ДГ-Бетон-АД-Скопје |
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #37 Posted: 05-Apr-2021 at 12:21 | |
Моќно изгледа, ама мислев дека се понапред со изградбата. У секој случај супер е ова што се случува. Дури мислам дека ќе беше паметно да не ги стабилизираат косините, туку да ги до-пробијат до автопатски профил па да ги стабилизираат така со габиони и зеленило, за future-use.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #38 Posted: 09-Apr-2021 at 15:34 | |
https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3 |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #39 Posted: 13-Apr-2021 at 15:41 | |
https://www.facebook.com/drzavnipatista/ |
||
За сè има вторпат
|
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #40 Posted: 13-Apr-2021 at 15:51 | |
Тоа од лево се виадукти за железничката пруга?
|
||
Post Reply | Page <1234 6> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |