Експресен пат Ранковце - Крива Паланка |
Post Reply | Page <1 3456> |
Author | ||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #81 Posted: 22-Nov-2023 at 16:30 | |
https://www.facebook.com/drzavnipatista |
||
За сè има вторпат
|
||
Marxentric
Senior Member Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
Quote Reply #82 Posted: 23-Nov-2023 at 02:14 | |
Лесно можел да прерасне во автопат во иднина. Мостовите веројатно ќе ги истегнат за уши како би се направило место за меѓупојас и цели 2 ленти. А и тие ленти на клучките ќе им направат copy/paste како би се развлекле малку за да има место за дополнителните 2 ленти.
|
||
nikolakoco
Groupie Joined: 26-Dec-2021 Online Status: Offline Posts: 42 |
Quote Reply #83 Posted: 12-Feb-2024 at 13:03 | |
Има ли некакви новости за овој пат? Неколку пати сум поминал ама било ноќно време, па не знам дали се работи
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #84 Posted: 08-Mar-2024 at 18:21 | |
За сè има вторпат
|
||
JOE
Senior Member Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 218 |
Quote Reply #85 Posted: 26-Apr-2024 at 12:09 | |
Templar7
Newbiе Joined: 22-Mar-2024 Online Status: Offline Posts: 7 |
Quote Reply #86 Posted: 04-May-2024 at 16:38 | |
Cesto vozam po ovoj pat i mozam da kazam deka so ova tempo na rabota od toa sto se gleda od postoeckiot pat ke im treba uste 2 godini dur da ja zavrsat ovaa delnica od 25km. Pocnato e so rabota 2019 lol. Drugo nema nikakva najava deka ke prodolzi izgradbata od Rankovce do Kumanovo i obikolnica kaj Kiva Palanka, segasniot pat pominuva niz gradot. Ima najavi za ekspresni patista od Kocani do Bg granica i od Strumica do Bg granica, za ovoj del nisto.
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #87 Posted: 23-Jul-2024 at 12:05 | |
ПАТОТ РАНКОВЦИ – КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Досега се реализирани 80% од работите
https://plusinfo.mk/patot-rankovci-kriva-palanka-e-bide-gotov-do-kra-ot-na-godinata-dosega-se-realizirani-80-od-rabotite/ |
||
За сè има вторпат
|
||
Marcello
Groupie Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 49 |
Quote Reply #88 Posted: 23-Jul-2024 at 19:01 | |
Oд Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, патот Ранковце – Крива Паланка ќе биде готов до крајот на годината.
https://360stepeni.mk/od-skopje-do-sofija-ke-se-stignuva-za-dva-i-pol-chasa-patot-rankovtse-kriva-palanka-ke-bide-gotov-do-krajot-na-godinata/ Вредноста на целокупната инвестиција е 93,7 милиони евра, со што првиот лот чини 43 милиони евра, а вториот околу 50 милиони евра Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка ќе биде готов до крајот на годината. Ова денеска го најавија Александар Николоски, министерот за транспорт, и Коце Трајановски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, кои направија увид во градежните работи на дел од патот, посочувајќи дека патот е долг 25 километри, а досега се реализирани 80 отсто од работите. „Овој пат е во должина од 25 километри и е поделен на два лота. Едниот е од Страцин до Длабочица во должина од 15 километри, а вториот лот е од Длабочица до Крива Паланка во должина од 10 километри. Вредноста на целокупната инвестиција е 93,7 милиони евра, со што првиот лот чини 43 милиони евра, а вториот околу 50 милиони евра. Работите се почнати во 2018 година. Очекуваме дека до крајот на годината ќе бидат завршени двата лота. Едниот е завршен со 71 отсто, а вториот околу 91 отсто. Овој пат ќе овозможи подобра комуникација со Крива Паланка, односно од Скопје, преку Куманово за Крива Паланка, а е дел и од Коридорот 8 со кој се поврзуваме меѓу Софија и Скопје“, рече Трајановски. Според министерот Николоски, овој експресен пат треба со модерно патно решение да ги поврзе Куманово и Крива Паланка, а со тоа Крива Паланка да ја поврзе со главниот град Скопје. „Тука е и Општината Ранковце, која треба да се поврзе и со Крива Паланка и со Куманово, но и со Скопје. Да може брзо да се стига од главниот град и до Ранковце и до Крива Паланка, како би можел да се развие бизнисот и луѓето да приходуваат повеќе и да можат да останат во местата од каде потекнуваат“, вели тој. Овој експресен пат, како што вели Николоски, ќе помогне да се забрза комуникацијата со Софија, односно да се скрати времето за патување од Скопје до Софија. „Така, патувањето би дошло на некои два и пол часа. Мислам дека тоа е пристојно време на патување меѓу Софија и Скопје и на тој начин да го отвориме Коридорот 8“, рече министерот за транспорт. Edited by Marcello - 23-Jul-2024 at 19:02 |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #89 Posted: 24-Jul-2024 at 08:55 | |
На линкот има видео со воздушни снимки од градежните работи на патов:
https://www.facebook.com/100044155070313/videos/2044593515970965/?__so__=watchlist&__rv__=video_home_www_playlist_video_list |
||
За сè има вторпат
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1149 |
Quote Reply #90 Posted: 24-Jul-2024 at 09:53 | |
6 години веќе се градат 25 километри, што е многу многу е. Баш да видиме за 5 месеци дали уште 20% ќе бидат готови.
Како и каде е решено приклучувањето со Крива Паланка и патот кон Деве Баир? Едит: очигледно на западниот влез, само дали се планира клучка или некаков кружен тек? Edited by <Fresno> - 24-Jul-2024 at 10:00 |
||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 564 |
Quote Reply #91 Posted: 24-Jul-2024 at 13:06 | |
. На картата со трасата се гледа некоја импровизирана клучка:
|
||
nikolakoco
Groupie Joined: 26-Dec-2021 Online Status: Offline Posts: 42 |
Quote Reply #92 Posted: 25-Jul-2024 at 09:36 | |
Далеку од тоа дека се разбирам во трасирање на рути и градежништво, но не ми е јасно зошто патот не продолжи до пред искачувањето на Деве Баир и да се одбегне целосно Крива Паланка?
|
||
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 333 |
Quote Reply #93 Posted: 25-Jul-2024 at 10:01 | |
https://apps.sentinel-hub.com/eo-browser/?zoom=15&lat=42.19937&lng=22.28624&themeId=DEFAULT-THEME&visualizationUrl=U2FsdGVkX19k67qDa0HgUAMMLcdLNzjftjJrIFQq2eJS68ViswAkcfA94L%2FnVsPJPWuVtfLaDs209v1wI9eAjMQ%2BLD%2F%2BkcqlH9BqJO2a1%2B4yYbTWnEpj5dNlpOC59Omj&datasetId=S2L1C&fromTime=2024-07-21T00%3A00%3A00.000Z&toTime=2024-07-21T23%3A59%3A59.999Z&layerId=1_TRUE_COLOR&demSource3D=%22MAPZEN%22 Сателитска снимка од пред неколку денови. Инаку, малку чудна ми е последната кривина пред спојот со постоечкиот магистрален пат. На ниеден експресен пат до сега (Штип - Кочани, Штип - Радовиш и Градско - Дреново нема таква голема кривина. По дефиниција експресниот пат во делот на кривините и нагибите ги има истите стандарди како и автопатите, односно со други зборови експресните патишта се проектираат и градат така, да во иднина лесно може да се надоградат како автопат. Инаку на оваа тема што би рекле србите поједе ме туџа срамота. Го гледам новиот министер се фали, во застој било ете сега за 20 дена се се откочило се асфалтира.. до толку има и видео записи и слики со кои се фалеше претходната гарнитура дека двете делници се во завршна фаза односно едната 91-2% а другата 75%, така да не знам која е улогата тука на новиот министер, очигледно како и се друго кај нас намерно ќе се одолговлечи пуштањето за неколку месеци со цел да се добие перцепција во јавноста дека ете новата гарнитура притиснала и се завршил овој експресен пат.
|
||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 564 |
Quote Reply #94 Posted: 25-Jul-2024 at 11:25 | |
Убаво ќе беше проектов да вклучуваше и обиколница на Крива Паланка и експресниот пат да се приклучуваше на постојниот магистрален некаде источно од градот, но очигледно тоа бил преголем залак поради теренот и поставеноста на градот. Мака мачат овие 25 km да се завршат, дополнителни ~5 km би го одолговлекле пуштањето за уште некоја година. А можеби и е подобро што следниот сегмент од коридорот е токму обиколницата на Крива Паланка. Вака и на локално ниво ќе се држи актуелна темата за изградба на обиколница и се зголемуваат шансите во догледно време да се продолжи понатаму.
Ако мислиш на последната кривина пред самата Крива Паланка, таа нема да е дел од експресниот пат, туку од клучката и патот/улицата што ќе води до градот. Експресниот пат завршува веднаш по последниот вијадукт. Од последните сателитски снимки изгледа дека нема сега да се гради клучка туку ексресниот пат директно ќе продолжува кон едниот крак од зацртаната клучка и така ќе се стига до градот.
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1149 |
Quote Reply #95 Posted: 25-Jul-2024 at 17:15 | |
Не може веќе со ова темпо да се работи, Скопје-Блаце цела година пари не префрлиле и после не бил готов. Нормално. За жал не очекувам брзо темпо ни од новата гарнитура, изговор ќе им биде дека Бехтел Енка им влече многу пари, но да видиме. |
||
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 333 |
Quote Reply #96 Posted: 26-Jul-2024 at 09:25 | |
За Скопје - Блаце се согласувам, меѓутоа оваа делница факт е дека 90% е изградена во времето на претходната гарнитура, исто како што Демир Капија - Смоквица 85% беше завршена во времето на пред-претходната гарнитура, факти се тоа. Како што се играше оро во тунел со труби од претходните, така и овој сега министер си парадира, објавил 3 видеа турбо се работи, а во суштина тој нема никаков удел во тоа и тоа може да помине кај неупатени само. На крајот на краевите делницата е битна најповеќе за граѓаните на Крива Паланка па потоа Куманово, Кратово и оние кои сообраќаат Скопје - Софија, а тие како што и напоменавте претходно 5 години сведочат дека се гради, се согласувам, за разлика од Штип - Радовиш и Штип - Кочани овде очигледно има потфрлање, може требало пред пола година или година веќе да било завршено.
|
||
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 333 |
Quote Reply #97 Posted: 26-Jul-2024 at 11:48 | |
https://www.youtube.com/watch?v=F-M9TfWSY6s Ви препорачувам првите 10 минути да ги изгледате. Не можам а да не искоментирам: Министерот ја гледа цела јавност во очи и ЛАЖЕ дека септември-декември ќе се возело по нов експресен пат од Куаново до Крива Паланка, повторувам од Куманово до Крива Паланка, водителот два пати го прашува ама како, не гледаме работи до Страцин, тој тврди ќе се вози од Куманово до Крива Паланка по нов експресен пат. Погледнете го видеото и проценете сами, интересно е да се чујат мислења за ова.
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1149 |
Quote Reply #98 Posted: 26-Jul-2024 at 14:15 | |
Не е уходан дечкото уште. А што е планот за Куманово-Страцин? Имаше некоја реконструкција само или?
|
||
BrownMade
Newbiе Joined: 27-May-2020 Online Status: Offline Posts: 8 |
Quote Reply #99 Posted: 26-Jul-2024 at 15:07 | |
Постоечкиот пат е реконструиран, а министерот или е тотално изгубен за да тврди дека се гради експресен пат од Куманово до Страцин или едноставно лаже.
|
||
Templar7
Newbiе Joined: 22-Mar-2024 Online Status: Offline Posts: 7 |
Quote Reply #100 Posted: 28-Jul-2024 at 00:39 | |
Не сериозно изгледа, три проекти се градат во државава по 10 години веќе и како министер да не знаеш од кај почнуваат и завршуваат. Пред два дене беше таму се сликаше можел со свои очи да види. Смешно.
|
||
Post Reply | Page <1 3456> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |