Експресен пат Ранковце - Крива Паланка |
Post Reply | Page 123 6> |
Author | |
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15266 |
Quote Reply
#1 Topic: Експресен пат Ранковце - Крива Паланка Posted: 22-Jun-2018 at 15:16 |
Денес е официјалното започнување на градежните работи на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка
Премиерот Заев на стартот на градежните работи на патот Ранковце – К. Паланка by Влада на Република Македонија, on Flickr Премиерот Заев на стартот на градежните работи на патот Ранковце – К. Паланка by Влада на Република Македонија, on Flickr Премиерот Заев на стартот на градежните работи на патот Ранковце – К. Паланка by Влада на Република Македонија, on Flickr Премиерот Заев на стартот на градежните работи на патот Ранковце – К. Паланка by Влада на Република Македонија, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
Joralemon
Newbie Joined: 02-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 27 |
Quote Reply #2 Posted: 22-Jun-2018 at 17:00 |
Добро што почна да се работи и во овој дел од коридорот 8. За Македонија приоритет број еден е коридорот 10, а приоритет број два коридорот 8. Инаку досега владите не и давале доволно внимание на коридорот 8. Мислам дека автопатот Миладиновци-Штип повеќе се направи за популустички цели, бидејќи тој пат е 20 км далеку од автопатот Скопје-Гевгелија и Штип можеше да се поврзува со тој автопат со експресен пат до Миладиновци или до Велес. Штип има пристап до еден автопат и три експресни патишта. Во ова смисла можеби Штип станува поважен град и од Скопје.
|
|
geny
Senior Member Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
Quote Reply #3 Posted: 23-Jun-2018 at 23:44 |
Браво стартирахте и пътната част на коридор 8
|
|
Macedonicus
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
Quote Reply #4 Posted: 25-Jun-2018 at 00:11 |
Има некаде документ - мапа за тоа кај точно ќе се движи трасата на патов?
|
|
ಠ_ಠ
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #5 Posted: 25-Jun-2018 at 13:44 |
Го најдов ова: http://www.roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2015/20150508_SEP%20MKD.pdf |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #6 Posted: 02-Jul-2018 at 22:05 |
Овде за 28 километри „експресен“ пат треба да платиме 78 милиони евра. Сумата е висока, се прашувам дали има нешто што може реално да ја оправда (на пример тунели). Инаку добро е тоа што трасата е адекватна за надградба на патов во автопат, кога тоа сообраќајот го изискува. Но би било добро и надвозниците и клучките уште од сега да се изградат земајќи во предвид дека во догледна иднина патов треба да прерасне во автопат. За 78 милиони евра, се надевам дека тоа е така решено. |
|
ptzvetan
Newbiе Joined: 29-Nov-2018 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #7 Posted: 29-Nov-2018 at 08:44 |
се гледа дека е заваршен дел од работата и се работи активно
https://apps.sentinel-hub.com/eo-browser/?lat=42.18559&lng=22.25118&zoom=15&time=2018-11-13&preset=1_TRUE_COLOR&datasource=Sentinel-2%20L1C |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20873 |
Quote Reply #8 Posted: 05-Apr-2019 at 15:20 |
Од фб на Мин.за транспорт и врски
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20873 |
Quote Reply #9 Posted: 12-Sep-2019 at 12:46 |
За една година завршени 15 отсто од експресниот пат Ранковце – Крива Паланка
Јавното претпријатие за државни патишта досега успеало да заврши 15 отсто од изградбата на двете фази од идниот експресен пат Ранковце – Крива Паланка на Коридорот 8. По повеќе од една година по почетокот на градежните работи на проектот, физичкиот прогрес на првата фаза на делницата од Длабочица до Чатал изнесува 17 отсто, додека на секцијата меѓу Крива Паланка и Длабочица се завршени 13 отсто од севкупните работи. Од ЈП за државни патишта за „Мета.мк“ велат дека рокот за изградба на целокупната траса од 23 километри е јуни 2021 година. Изведбата на градежните работи ја кочат два проблема – пристапот до трасата поради тешкиот терен и археолошките наоѓалишта долж самата траса. Паралелно се работи на двете фази од експресниот пат, кој го градат италијанската компанија „Тирена Скави“ и македонскиот конзорциум Гранит – Бетон од Скопје. На првата фаза се изведени 22 отсто од земјаните работи. На вториот дел од трасата, завршени се 13 отсто од земјаните работи, започната е изградбата на 8 од вкупно 11 вијадукти на патот и се изведуваат 7 од 20 цевасти пропусти. – Од досегашниот степен на реализација на проектот не би можеле да го определиме рокот за пуштање во употреба на патниот правец Ранковце – Крива Паланка – посочуваат од ЈП за државни патишта. Во експресниот пат Ранковце – Крива Паланка ќе се инвестираат приближно 58 милиони евра. Делницата ќе има широчина од 12,5 метри, со што ќе се осигури побрза и побезбедна патна врска кон Бугарија. Светската банка, како заемодавач на средствата за изградба на патот, во јуни годинава даде умерено незадоволителна оценка за напредокот во целокупната реализација на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Паралелно на овој проект, ЈП за државни патишта во следниот период ќе работи и на проширување на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, во должина од 13 километри. Во моментов се реконструира постојниот пат од Ранковце до Крива Паланка, а наредната година ќе се работи и на обнова на коловозот на делницата од Куманово до Ранковце долга 31,8 километри. https://meta.mk/za-edna-godina-zavrsheni-15-otsto-od-ekspresniot-pat-rankovcze-kriva-palanka/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20873 |
Quote Reply #10 Posted: 15-Apr-2020 at 16:09 |
Express road Palanka-Dlobocica
https://www.facebook.com/regnum.mk/ |
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #11 Posted: 15-Apr-2020 at 17:02 |
Ајдеее, уште еден започнат проект.
До кога ќе треба да го завршат? vmax 110 km/h?? |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #12 Posted: 15-Apr-2020 at 20:18 |
Тука им оди толку споро што е неверојатно...
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15266 |
Quote Reply #13 Posted: 16-Apr-2020 at 08:40 |
Почетокот на градежните работи е на 23.5.2018, а рокот за изведба е 30 месеци (само за Лот1, Длабочица-Чатал, должина 14 км), но со ова темпо на работа едноставно нема шанси да се заврши навреме. За Лот2 (К. Паланка-Длабочица, должина 9 км), рокот за изведба е 36 месеци, а работите се започнати исто на 23 мај 2018 г. Така што нема шанси да биде готово до 2021 г. За макс. брзина не успеав да најдам информации. Edited by Џоле - 16-Apr-2020 at 08:43 |
|
За сè има вторпат
|
|
Bakica
Groupie Joined: 09-Feb-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #14 Posted: 20-Apr-2020 at 21:55 |
Na drugarce tatko mu raboti kako inzenjer na Rankovce-Kriva Palanka. Uste pred nekoe vreme mi kazuvase deka imale problemi na izgradbata na eskpresniot pat. Ne sum prasal kako ide sega ama bas kje spodelam koga kje dobijam nekoe info
|
|
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #15 Posted: 20-Apr-2020 at 23:08 |
На овој дел од земјава секогаш имаат проблем. Еве веќе 30 години имаат проблем со пругата рецимо, 30 години им е проблем да ја изградат. Нешто што е широко 3 метри не можат 30 години да го изградат, а не пат широк 12 метри.
И секоја година само се најавува градење на пругата и секоја година едни исти вести, Куманово-Бељаковце се реновира, обновува, доградува, одново се започува Куманово Бељаковце со реновирање. А Бељаковце-Крива Паланка-граница ? Мене веќе би ми здосадило да известувам едно исто 30 години наназад и повеќе не би известувал се додека не дојде некој и да рече ете готово направиме и пат и пруга, патувајте побрзо до Софија. Edited by FiLo - 20-Apr-2020 at 23:09 |
|
WolfLeader
Senior Member Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
Quote Reply #16 Posted: 21-Apr-2020 at 10:31 |
Samo vo Makedonija moze da se odberi trasa za avtopat ili ekspresen pat nebitno da minuva po naj strmen predel so karpi i ridovi , i banderi i dalnovodi se da ima na trasata , nisto nemoze da odbegneme , zosto sekogas mora da se gradi po poteskiot pat ne svakjam , ili ne se naogja pravoto resenie ili tolku a razbiraat toj sto go pravel proektot , pa posle imalo eskroprijacija pa imalo odroni , pa imalo anticki grad i neznam uste sto ne , ne sakam da bidam pesimist ama uste na pocetok koga ke vidam proektot kaj pominuva jasno mi e deka ke ima eden kup problemi , istoto e i so Gradsko - Prilep ,istoto e i s Ohrid - Kicevo i istata taa greska se povtoruva i na novite proekti , i koga ke vides kolku vreme , trosok i kvalitetot na kraj kakov ke ispadne , se toa soberi go vo celina podobro e voopsto da ne se ni gradel eden takov proekt , koga e tolku kontraverzen....
|
|
Marxentric
Senior Member Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
Quote Reply #17 Posted: 27-Apr-2020 at 15:19 |
Ајде кажи според тебе по која траса би требало да поминува? Не знам дали си поминувал често низ тој регион, но освен котлинскиот дел од Ранковце до Псача, останатите 28 км од Псача до Деве Баир (Рамна Нива) се исклучително тежок терен. Единствена полесна алтернатива за експресен пат и пруга е на местото на моменталниот магистрален пат кој минува покрај Крива Река. Но и во таков случај ќе треба рушење на многу ридишта и исправање многу кривини за да се добие на ширина, плус за експропријација би се потрошило 10 пати повеќе од сега. Дури и кога ова би се извело, тоа значи дека минимум 5 години на таа делница сообраќајот ќе се движи многу тешко. Освен тоа, паралелно би требало да се гради и нов регионален пат за поврзување на селата, како и за движење на трактори и друга бавна механизација, добиток, пешаци итн. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20873 |
Quote Reply #18 Posted: 06-May-2020 at 13:05 |
Увид во изградбата на експресниот пат Крива Паланка–Ранковце
Изградбата на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце во вкупна должина 25 км. е поделена на две под-делници: Лот1: Длабочица – Чатал Должина: 15,5км. Ширина: 12,50 м. Вредност: 28 милиони евра Предвидено е изградба на: 2 клучки („Чатал” и „Ранковци”); 21 ископи во усеци; 23 насипи; 16 цевасти пропусти; 14 плочести пропусти; 9 надпатници; 3 мостови; 2 вијадукти Активности: Се работи на ископ на земја, изработка на насипи, изработка на плочасти и цевасти пропусти, надпатници, вијадукти и дислокација на постоечки инсталации. Лот2: Крива Паланка - Длабочица Должина 9км. Ширина: 11,40 м. Вредност 30,5 милиони евра Предвидени се: 1 клучка “Крива Паланка”; 19 ископи во усеци; 21 насипи; 20 цевасти пропусти; 11 вијадукти Активности: Се работи на ископ на земја, изработка на насипи, изработка на пропусти, вијадукти и дислокација на постоечки инсталации. https://www.facebook.com/drzavnipatista/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20873 |
Quote Reply #19 Posted: 09-May-2020 at 10:09 |
Working progress 14.04-08.05.2020
https://www.facebook.com/regnum.mk |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20873 |
Quote Reply #20 Posted: 21-Jun-2020 at 14:11 |
Express road LOT2, Palanka - Dlobocica
https://www.facebook.com/regnum.mk/ |
|
Post Reply | Page 123 6> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |