build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Rothenburg ob der Tauber, Германија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Rothenburg ob der Tauber, Германија
    Posted: 03-Jul-2018 at 14:14
Ротенбург е малечок град со околу 11к жители, но со неверојатно богата средновековна историја. Во буквален превод, името на градот значи Црвената тврдина над Таубер (реката што поминува во подножјето на градот). Со причина се наоѓа на таканаречениот Романтичен пат, бидејќи изгледа како да е дел од бајка. Да не должам многу, интересна информација е дека бил познат и како омилено место на Нацистите, па завршил бомбардиран во втората светска војна и околу 45% од градот биле целосно срушени.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Jul-2018 at 14:15







Edited by ironm - 03-Jul-2018 at 16:28
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Jul-2018 at 14:18







Edited by ironm - 03-Jul-2018 at 16:29
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Jul-2018 at 14:18







Edited by ironm - 03-Jul-2018 at 16:29
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Jul-2018 at 14:19







Edited by ironm - 03-Jul-2018 at 16:30
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Jul-2018 at 14:23











Edited by ironm - 03-Jul-2018 at 16:28
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Jul-2018 at 14:24












Edited by ironm - 03-Jul-2018 at 16:27
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Jul-2018 at 16:41
Преубаво гратче! Неверојатно е колку Германија е полна со вакви зачувани гратчиња.
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Jul-2018 at 17:16
Токму така, поконкретно градовите и селата во Баварија ја имаат оваа типично германска архитектура и изглед. Всушност сите градови што се наоѓаат на романтичниот пат што го спомнав во првиот пост се избрани заради нивниот типично германски изглед.

Утре/заутре ќе ставам слики и од Бамберг, се надевам ќе ви се допаднат. За љубители на средновековието и двата градови се мевлем за очи, па вреди да се посетат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Jul-2018 at 18:31

Бамберг е можда нај потценет град во Германија во поглед на амбиент, култура и историја... мене желба ми е да го посетам поради познатото димено пиво
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Jul-2018 at 19:59
Се согласувам, во однос на меинстрим градовите во Германија е посебно потценет, но мислам дека држи високо место помеѓу туристите што целат кон вакви дестинации. Ти препорачувам кога ќе имаш прилика да го посетиш, ќе уживаш многу ако си љубител на култура и историја. Дименото пиво е нешто што обавезно мораш да го пробаш, а исто така и Bamberger Zwiebel (Бамбершки кромид) - малку специфично, ама таква е кујнава на Германциве ))
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 680
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Jul-2018 at 20:13
Цела Тирингија (покраината над Баварија) и јужниот дел на Саксонија-Анхалт (на планинскиот масив Харц) е преполна со вакви гратчиња.

Пред 8 години бев еден месец во овие области и од тогаш сум вљубен во самата Германија.

Прекрасни фотографии, чекам и од Бамберг, за жал тогаш само со воз транзитно поминував низ него
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Jul-2018 at 20:47
Убаво е гратчево, ама се гледа убаво од сликите дека 50 проценти од староградбата е заменета со нови градби кои треба на некој начин само да имитираат стари градби. Тоа ужасно ме нервира, а посебно може да се примети во стариот град во Нирнберг, каде 80 отсто се нови градби со коси кровови и травертин. Има поубави градови од Баварските туристички гратчиња (кои на нас ни се познати заради авионската покриеност до Баварските метрополи од Скопје, турите од агенции кои опфаќаат секогаш Минхен и неговата колина, како и бројното македонско население кое го има во Баварија).

Според мене Источните републики имаат сочувано повеќе историски градови, заради послабиот индустриски развој во претходните 50 години. Особено би спомнал градови како Герлиц (најубавиот германски/полски град), Пирна, Маисен, Наумбург . Од големите градови би го спомнал Лајпциг (единствена метропола која не била разрушена во големи размери во втора св. војна. Пасажите во центарот се како временска капсула).
Сега ме мотивира и јас да направам една репортажа од мојот крај заедно со трите големи града (Саксонски триаголник-Лајпциг, Дрезден, Кемниц)

Edited by 46&2 - 03-Jul-2018 at 20:48
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 680
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Jul-2018 at 21:21

„Сега ме мотивира и јас да направам една репортажа од мојот крај заедно со трите големи града (Саксонски триаголник-Лајпциг, Дрезден, Кемниц) “

Освен Кемниц, потпис ставам на другото Цел месец живеев во Наумбург на Зале, такво гратче со шума, паркови, како на Водно, Жданец да си цело време ако може да се долови со Скопје
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Jul-2018 at 22:11
Originally posted by 46&2

Убаво е гратчево, ама се гледа убаво од сликите дека 50 проценти од староградбата е заменета со нови градби кои треба на некој начин само да имитираат стари градби. Тоа ужасно ме нервира, а посебно може да се примети во стариот град во Нирнберг, каде 80 отсто се нови градби со коси кровови и травертин. Има поубави градови од Баварските туристички гратчиња (кои на нас ни се познати заради авионската покриеност до Баварските метрополи од Скопје, турите од агенции кои опфаќаат секогаш Минхен и неговата колина, како и бројното македонско население кое го има во Баварија).

Според мене Источните републики имаат сочувано повеќе историски градови, заради послабиот индустриски развој во претходните 50 години. Особено би спомнал градови како Герлиц (најубавиот германски/полски град), Пирна, Маисен, Наумбург . Од големите градови би го спомнал Лајпциг (единствена метропола која не била разрушена во големи размери во втора св. војна. Пасажите во центарот се како временска капсула).
Сега ме мотивира и јас да направам една репортажа од мојот крај заедно со трите големи града (Саксонски триаголник-Лајпциг, Дрезден, Кемниц)

Како што напишав во воведот, 45% од градот биле целосно срушени во втората светска војна, така што не треба многу да се анализира за да се констатира дека 50% е понова градба. Но, она што е најбитно е дека станува збор за реставрација на она што некогаш постоело, а не измислена историја.

Истото важи и за Нирнберг што го спомна, каде што нацистите препознале град богат со типично германска и империјална историја, па дури и Хитлер го карактеризирал како "најгермански од сите германски градови". Нацистичката партија тука ги одржала најголемите митинзи и конгреси пред 1940, кои траеле и по недела дена, така што може да се каже дека Нирнберг станал дувло на нацистите. Токму затоа бил скоро па целосно срушен.

Источна Германија не е посочувана заради послабиот индустриски раст, туку заради тоа што не била бомбардирана на начинот на којшто била западна. Дармштат бил толку многу бомбардиран што после војната не можеле да пронајдат каде се наоѓал центарот на градот.

Во секој случај, тука поентата не е за тоа кој е поубав град Ова е само патепис за еден од многуте прекрасни градови во Европа
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.