build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бизнис со недвижности

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 11>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Бизнис со недвижности
    Posted: 29-Jan-2016 at 14:58
Адора инженеринг во јануари 2016 со двојно поголема продажба на станови од лани

Адора инженеринг 2016-та година ја започна со 100 % поголем биланс на продажба на станови во јануари, што е двојно повеќе споредено со истиот месец минатата година.


„Големиот интерес на граѓаните за купување нов дом, за компанијата значи дека становите се потврдија како најдобра инвестиција. Остварената продажба во Адора инженеринг, наспроти одредени прогнози на пазарот на недвижности во Македонија, покажа дека купувачите го препознаваат и вреднуваат квалитетот на овој градежен бренд, кој постојано ги подигнува стандардите во високата градба“, информираат од компанијата.

Од таму додаваат дека двојно зголемената продажба на станови во првиот месец од 2016-та, кој за повеќето е финансиски најтежок во годината, во споредба со 2015-та, за Адора инженеринг е сигнал дека ќе се зголемува интересот за купување стабилни, квалитетни и економични станови во наредниот период и дека граѓаните сѐ повеќе одлучуваат слободните средства да ги вложуваат во недвижностите кои најдобро ги чуваат и оплодуваат нивните заштеди.

http://makfax.com.mk/ekonomija/kompanii/adora-inzenering-vo-januari-2016-so-dvojno-pogolema-prodazba-na-stanovi-od-lani
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Nov-2014 at 15:27

Рекордна продажба на 46 елитни станови во октомври во АДОРА Инженеринг

Рекордна%20продажба%20на%2046%20елитни%20станови%20во%20октомври%20во%20АДОРА%20Инженеринг%20

Со продадени 46 елитни еко домови во октомври, што е над два пати повеќе од продажбата во октомври минатата година, Адора Инженеринг забележа  најголема, рекордна месечна продажба на станови од постоењето на компанијата.

„Рекордната продажба на Адора Инженеринг на 1,5 стан дневно во октомври, се должи на реномето на компанија што нуди еко станови со докажана стабилност,  висок квалитет и енергетска ефикасност, верификувано со првиот „енергетски пасош А-класа“ во Македонија, за што постојано и аргументирано ги информираме  купувачите и јавноста. Придонес имаат и поволните услови за станбеното кредитирање, со прифатливи каматни стапки и само 15 % учество, а дел од становите се продадени и со субвенции од државата со проектот „Купи куќа, купи стан“, за што огромен интерес имаше на саемот во Скопје. Рекордната продажба на станови што е резултат на посветената работа на сите вработени е сатисфакција и мотив, но и обврска компанијата и натаму успешно да се развива, следејќи и применувајќи ги современите европски стандарди за  квалитетно домување во Македонија.“- порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг.

Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, заклучно со октомври годинава има продадено 270 енергетски ефикасни станови во Скопје и Охрид, што е значаен пораст во однос на минатата година. За успешното работење, овој градежен бренд има добиено 11 национални и 3 меѓународни признанија, меѓу кои е и Интернационалната европска награда за квалитет, доделена неодамна во Париз, Франција, од Клубот на водечките бизнис и трговски лидери во светот.

http://kapital.com.mk/MK/makedonija/98523/rekordna_prodazhba_na_46_elitni_stanovi_vo_oktomvri_vo_adora_inzhenering.aspx

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-May-2014 at 11:43

НОВ РЕКОРД: Адора продаде 120 стана од јануари до април!

05/05/2014  //  Пред 29 минути  //  МОИ ПАРИ  //  Коментирај

Skopje-Aerodrom

Во првото четиримесечје од годинава градежната компанија Адора Инженеринг продаде 120 елитни висококвалитетни станови во Скопје и Охрид, во просек по 1 стан дневно и 30 продадени станови месечно, што е потврда дека прометот на недвижности не само што не опаѓа, туку дека лидерот во високоградбата во Македонија освари забележлив растечки тренд во однос на продажбата во првото четиримесечје во 2013-та година.

„Од почетокот на годинава до крајот на април Адора Инженеринг продаде 7081 м² станбен простор што значи дека купувачите го препознаваат повеќегодишното инвестирање во квалитетна градба со примена на европските стандарди, врвната геомеханичка стабилност и асеизмичност на објектите потврдена со вештачки земјотрес, вградувањето повеќе железо и бетон по м² во изградба на економични енергетски ефикасни објекти од А класа, кои се подготвени за енергетски пасош. На драстично зголемената продажба на станови во Адора Инженеринг влијаат и специјалните поволности што на купувачите им ги нуди компанијата заедно со прифатливите станбени кредити со банките, како и проектот „Купи куќа, купи стан“ и поволната бизнис клима во градежниот сектор во Македонија“, порачува проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг.

Тој потенцира дека темпото на продажба но компанијата го следи трендот на градбата, што наметнува зголемување на динамиката со нови инвестициони зафати и почеток на проекти за изградба на нови елитни станбено-деловни објекти на овој единствен градежен супербренд на атрактивни и ексклузивни локации во Скопје.

Забележливо зголемената продажба на станови годинава и новите инвестициски проекти се резултат на остварените планови и визии на менаџерскиот и стручен тим на Адора Инженеринг, со што оваа компанија која е меѓу најуспешните во државава, дава директен придонес во македонската економија, информираат од компанијата.


http://faktor.mk/archives/104271

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Mar-2014 at 16:45

РЕКОРД: „Адора Инженеринг“ продаде 7 стана за еден ден!

19/03/2014  //  Пред 1 час  //  МОИ ПАРИ  //  Коментирај

Skopje-Aerodrom

Со продажба на седум елитни станови во еден ден, „Адора Инженеринг“ забележа своевиден рекорд во продажбата годинава. Во текот на март компанијата има продадено 26 стана, а од почетокот на годинава досега се продадени 76 елитни стана на овој градежен супребренд.

За „Адора Инженеринг“ ова е потврда на големиот интерес на граѓаните за елитните станови во нејзините објекти во Скопје и Охрид, кои се одликуваат со докажана врвна сеизмичка стабилност, висок квалитет според современите светски стандарди и долгорочна економичност која на станарите ќе им штеди енергија и трошоци за греење шест пати споредено со порано, велат од компанијата.

Во првите месеци од 2014-та во Адора Инженеринг продажбата на станови се зголеми за 10 проценти споредено со истот период минатата година

http://faktor.mk/archives/99758
Back to Top
elektromajstor View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-May-2013
Location: veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote elektromajstor Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Aug-2013 at 12:44
само едно не ми е јасно како стан кој не е досега продаден а зградата е стара 2-3 години уште го продаваат како нов стан?
Back to Top
ammamm View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-May-2013
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote ammamm Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Aug-2013 at 11:54
Интересно е колку повеќе се умртвува пазарот со станови и колку помалку има побарувачка толку почесто има изјави на луѓе кои градат и продаваат станови дека цената нема да падне. Штом тоа често се изјавува и потенцира јасно е дека ситуацијата е обратна, па сигурно нема да кажат дека цените ќе паднат во скоро време, па потенцијалните купувачи да почекаат, така самите себе би се саботирале.

Вчера гледав изјава на Чифлиганец дека цената нема да падне оти веќе е на граница на економска исплатливост т.е. продажната цена е блиску до цената на градба на м2.
Муабетот не држи вода оти економската исплатливост и со овие намалени цени е сеуште голема, но дури и да е блиску, ако нема што да се прави ќе се продаваат становите макар и испод цена, инвеститорите не можат долго време да врзуваат капитал, без разлика дали свој или кредит од банка.

Кога почнуваат да паѓаат камати во банките, кога се нудат разни попусти за купување јасно е дека продажбата оди тешко (инаку зошто би го правеле сето тоа?).
Дури и Адора инж. најавија три нови згради во Стар Аеродром секоја со по стотина станови, но изгледа ќе се гради само една, а за најавата за проектот Порта Скопје (карши МРТ) од 80 милиони евра тешко дека ќе биде во блиска иднина.

Допрво ќе има наплив од нови станови (плус значителна бројка стари на продажба): Во Ново Лисиче има многу изградено и непродадено, City Tower со 130 стана, Grand Prestige со изградени две и најава за уште 4 големи згради, Џеваир со 1350 станови, и многу помали згради со 10,20,30 станови низ Дебар Маало, Тафталиџе, Козле, Аеродром, Ѓорче итн. Јасно е дека пазарот веќе е заситен, а допрва ќе се дозасити, веќе и тие што имаат вишок пари нема да купуваат. Ние што сакаме да купиме стан останува само да почекаме...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Jul-2013 at 08:21
Изградени 22,4% повеќе нови станови, а одобрени само 34 милиони евра станбени кредити

Има ли кој да купи 6.433 изградени станови?!

Александар Јанев
Има%20ли%20кој%20да%20купи%206.433%20изградени%20станови?!

За една година, банките одобриле 34 милиони евра станбени кредити и тоа е дури 11% повеќе споредено со претходната година, меѓутоа дали е овој кредитен раст доволен да ја покрие засилената понуда на нови станови?! Само лани, градежните компании завршиле целосно 6.433 станови, што е 22,4% повеќе од 2011 година. Продажбата е дискутабилна, бидејќи одобрените кредити од банките се доволни за купување само на една петтина од изградените станови лани. Интересно е што нема официјален податок за продажбата на изградените станови, меѓутоа според анализите на некои независни консултантски агенции за недвижности, се проценува дека околу една третина од понудените станови на продажба сe уште се празни. 

Имајќи ги предвид овие индикатори, не е ни изненадување акцијата на банките во последнот месец да  промовираат нови станбени кредити, со поповолни услови со цел да ја стимулираат продажбата.

Банкарите велат дека веќе чувствуваат зголемен интерес за станбените кредити.
„Побарувачката за станбени кредити е зголемена и е на задоволувачко ниво. Инвестициите во сопствен простор се од голема важност за решавање на станбеното прашање и сигурносна иднина за семејството. Ние ги променивме условите за станбен кредит понудувајќи многу поволна каматна стапка така што очекуваме интересот да се зголеми“, објаснуваат од Прокредит банка.

Од Комерцијална банка исто така објаснуваат дека интересот за станбени кредити во последно време бележи одреден пораст особено поради  намалувањето на каматната стапка на кредитот со валутна клаузула.

„Побарувачката за станбени кредити зависи пред с$ од движењата на пазарот на недвижности, како и од куповната моќ на клиентите, односно нивната кредитна способност. Во периодот што следи се очекува релативна стабилност во побарувачката на станбени кредити во корелација со актуелните состојби на пазарот на недвижности во земјава“, велат од Комерцијална банка.

Доколку се анализира движењето на каматите што го регистрира Народната банка, може да се каже дека каматните стапки на станбените кредити сосема бавно паѓаат. Во јануари, на пример, просечната камата на долгорочен кредит за домаќинство со валутна клаузула изнесувала 7,2%, за во мај да се спушти само за два процентни поени на 7%. Допрва треба да се види како бранот на намалување на каматите на станбените кредити што го промовираа неколку банки претходниот месец ќе се одрази на просечната камата.

Градежниците очекуваат поголема продажба

Намалувањето на каматите на станбените кредити освен граѓаните, со душа го чекаа и градежниците. Според нив, овој потег значително ќе го раздвижи пазарот на недвижности кој одредено време стагнира. Очекуваат до крајот на годината засилена продажба на становите.

„Намалувањето на банкарските камати за станбените кредити веќе подолго време е наше барање и секако дека е добредојдено. Банкарите се свесни дека тоа ќе им донесе бенефит и ним, бидејќи тие всушност финансиски ја поддржуваа изградбата на сите тие станови, така што продажбата е и нивна цел. Се чувствува раздвижување на пазарот, интересот за купување станови расте, но сепак е рано да се каже какви ќе бидат ефектите од оваа таканаречена банкарска акција“, вели Сеад Кочан, претседател на Градежната комора при Соујзот на стопански комори.

Никола Велковски од Стопанската комора пак, исто така оценува дека поевтинувањето на станбените кредити е добро за да се стимулира продажбата на недвижностите.
„Не можам да кажам со сигурност во проценти колку ќе порасне продажбата, меѓутоа трендот е нагорен. Имаме одлична понуда на станови на пазарот, така што сигурен сум дека менувањето на кредитните услови ќе мотивира поголем број граѓани да се одлучат да инвестираат во недвижности“, изјави Велковски.

Оливер Димитровски од агенцијата за недвижности Њу веј лимитед објаснува дека сите коцки се местат за да придонесат продажбата на становите да порасне.
„Јасно е дека инвеститорите се спремни да покријат дел од каматите на станбените кредити, од друга страна паѓаат и цените на становите, така што несомнено се очекува зголемување на продажбата. Овие акции се пожелни за да го раздвижат пазарот, но сепак не може да се тврди дека ова ќе направи некаков ’бум‘. Добро е што веќе не тапкаме во место, трендот е позитивен, но рано е да се каже каков ќе биде ефектот до крајот на годината“, оценува Димитровски.

Цените на становите паднале за 5,5%

Освен намалувањето на каматите, Народната банка регистрираше и пад на цените на квадратен метар во првите три месеци од годината. До крајот на март, цените паднале за 5,5%.
„Ваквиот тренд на намалување може да се објасни со тенденцијата на раст на изградените станбени згради во изминатиот неколкугодишен период. Падот делумно е стимулиран и од странските инвестиции во изградбата на недвижности“, пишува во извештајот на Централната банка.

Според процентот на намалување на цените што го пресмета Народната банка, произлегува дека станбениот квадрат поевтинил од 45 до 70 евра, односно најевтините станови, кои првично се продавале по 850 евра за квадрат, сега би требало да се купат за 800. Тие што чинеле 950 евра, сега се околу 900, а тие од 1.000 евра паднале на 945. Најскапите станови од 1.200 или 1.300 евра за квадрат, сега би требало да може да се купат за 1.150, односно 1.230 евра за метар квадратен.
Индексот на цените на становите НБМ го прави врз основа на податоците за Скопје, кои ги собира од огласите за продажба, што ги објавуваат агенциите за недвижности.

Огромната понуда на станови во новоградби на пазарот ги натера градежните фирми да се служат и со невообичаени маркетиншки методи за да привлечат купувачи. Бесплатно комплетно опремување на новокупениот стан, попусти за одредени професии, пониска цена за втор купен стан од истата фирма, гратис подземна гаража, се само дел од понудата на градежните фирми.
„Веќе не е доволно само да ги изградите становите, туку мора да понудите некакви поволности, да ги промовирате со силен маркетинг за да може да продадете“, објаснува Кочан.

Агентите за недвижности велат дека во моментов цените на новоградбите во Скопје се движат од 800 до 1.300 евра. Но, потенцираат дека честопати купувачите со инвеститорот во четири очи се договараат за одреден попуст. Искуството на агенциите покажува дека сега многу повеќе се бараат станови во новоградби отколку стари станови, како што беше во минатото. Сепак, посочуваат дека кога станува збор за атрактивна локација, речиси и да нема разлика во цената меѓу стар и нов стан.

Сепак, не се очекува драстично намалување на цените на становите...

http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/96064/ima_li_koj_da_kupi_6_433_izgradeni_stanovi_!.aspx

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-May-2013 at 17:29
Според оваа статија во Утрински весник хипотеките врз основа на неплатени побарувања лани достигнале до 110 милиони евра. Инаку сите информации поврзани со банките ги има на страницата на НБРМ, но треба да знаеш каде да бараш.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9399CC75BC6607418BA3477ADFFB1223


Edited by ehrlich - 16-May-2013 at 17:30
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-May-2013 at 13:32
плус становите земени како хипотека што треба да ги продаваат банките, чиј број не се открива.
Зошто овој параметар би била тајна?!? Да не е грешка новинарката?

Всушност нели бројката се содржи некаде во некој си извештај што го објавува НБРМ или заводот за статистика? Има ли некој идеја каде би можел да се ископа тој параметар?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-May-2013 at 00:01
Не знам точно колку се хипотеките кои ги поседуваат банките, но НБРМ издаде одлука со која им се нареди на банките да ги продадат, па дури и по пониска цена се со цел да не држат такви средства кај нив. А тоа дека банките пливаат во пари, тоа е општо познато, па така нивото на депозити е секогаш повисоко од тоа на кредитите.

Инаку, во потполност се сложувам дека цената на квадрат во Скопје е преценета и не може да се вадат со муабети дека трошоците им биле скапи. Исто така, во право си дека најголем дел од кризите потекнуваат токму од градежништвото и недвижнините. Токму тоа се случи и во Ирска, Шпанија, итн.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-May-2013 at 23:33
некој пред месец-два рече дека доколку земјата(се мисли на општата состојба со планетата)била БАНКА,сигурно ќе ја спаселе,вака.....
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-May-2013 at 23:26
Previous
 
Едноставно не ми е јасно, како е можно да се градат висококатници во Аеродром, социјални станови во Лисиче и во близина на средното хемиско училиште Марија Кири - Склодовска, како и на ред други локации низ Скопјево, и сепак цените на становите да не се намалуваат, едноставно овие цени се неоправдани, па колку сакаат нека чинат материјалните трошоци, комуналните трошоци и работната рака.
 
Кои црни хипотеки ?
 
Баш вчера, среда, 15 мај 2013, Народната Банка на Република Македонија објави дека македонските банки уживаат висока и стабилна ликвидност, што потврдува дека кредитите не се проблем, од наједноставна причина бидејќи граѓаните не се задолжуваат, бидејќи кредитите се тешко достапни, што потврдува дека нема хипотеки за продажба.
 
Најтрагично во сето ова е фактот дека македонската економија е се позависна од градежништвото, поконкретно од изградбата на објекти од кои фирмите нема да профитираат само поради еден негативен фактор кој слободно може да се опише со зборовите - АЛЧНОСТ, СЕБИЧНОСТ и ЛАКОМШТИЈА, а ова порано или подоцна може да резултира со нова рецесија, економска стагнација, па дури и економско уназадување, односно економски загуби, само поради личните интереси за што е можно поголем профит на мала група на поединци, да не речам профитери.


Edited by Dexter26 - 15-May-2013 at 23:37
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-May-2013 at 22:22

НОВ БРАН НА ПАД НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ГИ ЗАФАТИ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ, ВО СКОПЈЕ ЦЕНИТЕ ЗАЦЕМЕНТИРАНИ


Банките на потег - продавајте ги хипотеките за да поевтинат становите!


Квадратот во Скопје го достигна квадратот на хрватското приморје. Дилема - Да се купи стан во Скопје или на море?!


Нов бран на пад на цените на становите ги зафати балканските земји. Медиумите од регионот јавуваат дека цените на недвижнините во Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и други земји буквално тонат од почетокот на годинава. Овој вирус никако да ја зафати Македонија, иако приликите се слични - криза е, куповната моќ на граѓаните е намалена и понудата на становите е поголема од побарувачката.

На територијата на Босна и Херцеговина нема купувачи за 15.000 новоизградени станови. Голем број станови во Сараево, Тузла, Мостар, Бањалука, Зеница... зјаат празни, а празни се и џебовите на потенцијалните купувачи. Поради тоа цената на станбениот простор паднала за 10 до 15 отсто, но и покрај тоа нема купувачи, јавуваат медиумите во БиХ.

Најновиот извештај на црногорската статистичка организација Монстат кажува дека
и во Црна Гора цените на становите тонат. Во првиот квартал од годинава паднале за 16,6% во однос на истиот квартал од минатата година, а во однос на последните три месеци од минатата година се спуштиле за цели 12,9%. За разлика од Босна и Херцеговина, таму корекцијата на цената на станбениот квадрат дава резултати. Во првите три месеци од годинава продажбата се зголемила за 29% во однос на истиот период лани и за 27,1% во однос на крајот на минатата година. Најскапиот квадрат во Црна Гора е во општина Будва и чини 1.972 евра, информира Монстат.

Иако се очекуваше дека пред влезот во Европската унија становите во Хрватска ќе поскапат, се случува обратното. Во февруари годинава квадрат станбен простор во Загреб се симна до 1.649 евра, слично како во Скопје, иако до скоро цените на становите во двете метрополи беа во голем расчекор во корист на Загреб. По серијата надолни корекции во последниве неколку години, во вториот месец годинава споредено со истиот период лани становите во Хрватска паднале уште за 5,1%. Според податоците од огласникот ЦентарНекретнинаа најскапите станови во Загреб се со просечна цена од 2.248 евра за квадрат, а најевтините чинат 1.153 евра за квадратен метар. Интересно е тоа што бранот на намалување на цените ги зафаќа и најатрактивните делови на Хрватска, тие покрај јадранскиот брег. ЦентарНекретнинаа јавува дека просечната цена за стан на Јадранското Море сега е 1.606 евра за квадрат и е за 9% помала од лани.

Полуксузните станови во центарот на Скопје, најбараната локација од купувачите, ја достигнуваат цената на становите на хрватското приморје. Граѓаните кои имаат пари, но упорно чекаат цените да паднат, може да се најдат пред сериозна дилема, дали да си купат втор стан во центарот на Скопје или на море. Македонските градежници не попуштаат. Државниот завод за статистика последниве пет-шест години не прикажал позначаен пад на цените на недвижнините во Македонија, барем не толкав како што прикажуваат земјите од регионот.
Џеваир Исмаили од градежната компанија Американ констракшн" смета дека цените на недвижнините во Македонија се реални. Исмаили вели дека пониска цена се постигнува со спуштање на процентот за профит. На сметка на тоа, вели тој, продажбата на становите оди побрзо.
- На генерално ниво нема да има големо придвижување на цените на становите во Македонија. Инвеститорите веќе ги имаат финансиските конструкции и пад на цените би можел да им ги загрози инвестициите. Иако, во преговорите еден на еден со купувачите, тие се пофлексибилни. Сепак, имаме очекувања дека нешто би можело да се случи со растот на станбените кредити и со продажбата на хипотекарниот имот на банките според новите правила на Народна банка - вели претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори, Сеад Кочан.
Тој објаснува дека пресудна за цената на станот е цената на земјиштето. Ако до пред извесно време на сопственикот му се отстапувале дваесетина проценти од изградената нето површина, сега се дава 30 до 35%. Од друга страна, објаснува Кочан, има голем број физички лица кои градат, ги немаат истите давачки како фирмите и се задоволни ако им остане еден до два стана.
Не е променета ниту состојбата со продажбата. Се проценува дека во Скопје има околу 5.000 непродадени станови, плус становите земени како хипотека што треба да ги продаваат банките, чиј број не се открива. Најтешко се продаваат големите станови, но тие не можат да престанат да се градат или да се поделат, зашто за секој стан треба да се обезбеди по едно и пол паркинг место.
- Понудата на станови од банките ќе ни биде конкуренција, но нам ни е побитно да се раздвижи пазарот. Тогаш ќе може да се зборува и за намалување на цените - вели Кочан.



Светлана ВУКЧЕВИЌ
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=22C4C344AA64F347AC2B05BA8D40A2EC
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 12-Apr-2013 at 22:06

НБРМ И БАНКИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ


Ако не се намалат цените на становите, градежниот сектор ќе колабира


На пазарот во моментов има над 5.000 нови станови за кои нема интерес да се продадат. Бидејќи не можат да ги продадат становите, градежните компании не можат редовно да ги враќаат кредитите во банките. Ако оваа стагнација продолжи уште неколку месеци, во втората половина од годината неизбежен е крах на целата градежна индустрија


Ако градежните компании не ја намалат цената на квадратен метар новоизградени станови и ако пазарот продолжи да стагнира, многу извесно целата градежна индустрија да се соочи со колапс. На пазарот во моментов има над 5.000 нови станови за кои нема интерес да се продадат. Бидејќи не можат да ги продадат становите, градежните компании не можат редовно да ги враќаат кредитите во банките. Ако оваа стагнација продолжи уште неколку месеци, во втората половина од годината неизбежен е крах на целата градежна индустрија која со себе може да го повлече и банкарскиот сектор.

Вечер анализираше зошто е неопходно да падне цената на станбениот квадрат и кои се можните сценарија кои го очекуваат пазарот на недвижности до крајот на годината.
Ѓорѓи Јанчески, генерален директор на НЛБ Тутунска банка, вели дека во последно време драстично е намалена побарувачката на станбени кредити од банките, што значи дека граѓаните се помалку се одлучуваат да купуваат станови. Според него, тоа би требало да биде голем сигнал за инвеститорите во станбени комплекси да ги намалат цените, бидејќи пазарот е заситен и нема побарувачка.
- Според моите податоци на пазарот има 4.000-5.000 нови непродадени станови кои држат висока цена иако побарувачката на пазарот е намалена. Од друга страна, интересот за станбени кредити кај граѓаните во последната година исто така е драстично намален. Тоа значи дека ако не се намали цената на квадратен метар, со што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, градежните компании ќе имаат проблем со сервисирање на кредитите кон банките, а тоа ќе предизвика сериозни проблеми, објаснува Јанчески.

Според него ако оваа стагнација на пазарот продолжи и во наредните неколку месеци, во втората половина од годината извесно е дека градежниот сектор да се соочи со крах.
-Немам точна прогноза уште колку време може да трае оваа ситуација, но ако не почнат да се нудат станови по пониски цени, до јули банките ќе бидат приморани да ги активираат хипотеките, потенцира Јанчески.

Според Никола Велков, претседател на Групацијата за градежништво при Стопанската комора на Македонија, градежниот бум на станови и презаситеноста на пазарот како проблем бил истакнат уште на крајот на минатата година. На градежните компании им било посочено дека новите станбени единици коишто масовно се градат пазарот не може да ги прифати и можно е да се соочат со проблем при продажба, што ќе донесе големи загуби за нив.
- Алармиравме на хиперпродукцијата на нови станови и вишокот од околу 5.000 станови кој се јави на пазарот. Бидејќи пазарот не може да ги прифати, можни се големи последици за инвеститорите. Ако не ги продадат новите станбени единици за брзо време, не ќе можат да ги вратат кредитите во банките и ќе настане колапс на пазарот. Има поголема понуда од побарувачка, цените не се намалуваат, а граѓаните се помалку се одлучуваат да купат нов стан, објаснува Велков.

Иако тој потенцира дека нема голем простор за намалување на цената на станбениот квадрат, пред се бидејќи растат цените на градежните материјали и другите трошоци на изградба, а и цената на градежното земјиште е релативно висока, сепак смета дека ако не се продадат брзо овие станови, инвеститорите ќе се соочат со големи загуби.
- Не сакаат да ги намалат цените, но кога ќе осетат дека становите не се продаваат подолго време, за да дојдат до пари, неопходно ќе биде да ги спуштат цените, потенцира Велков.

Градежниците поделени - има ли простор за намалување на цените на становите
Бошко Иловски, сопственик на градежната компанија Ремис од Струга, вели дека има простор за намалување на цената на становите и дека тоа е неопходно да се случи за да не дојде до поголеми проблеми на пазарот. Иако е намалена побарувачката, тој потенцира дека најважен кај граѓаните е квалитетот на становите и името на градежната компанија.
-Продажбата не е како што беше претходните години. Граѓаните се плашат да купат стан. Неопходно е да се намали цената на станбениот квадрат за да не се случи поголема стагнација на пазарот. Реално и со намалени цени ќе профитираат и инвеститорите и граѓаните и банките, потенцира Илоски.

Зоран Азманов, управител на градежната компанија Настел, пак вели дека цените на становите треба да се зголемат за да се стабилизира пазарот, односно да растат со 1% до 2% годишно.
Според него фамата дека цената на станбениот квадрат, посебно во Скопје, е висока е нереална и ги воздржува граѓаните да купуваат станови.
-Пазарот стагнира, бидејќи граѓаните чекаат цената да падне, становите стојат непродадени, инвеститорите не можат да ги сервисираат кредитите кон банките тоа прави хаос на пазарот. Ако падне цената на становите, на инвеститорите нема да им биде профитабилно да ги продаваат и ќе ги остават на банките кои дополнително ќе заглават во ненаплатливи хипотеки, потенцира Азманов.

Тој објаснува дека 3.000 до 4.000 нови станови кои се нудат на продажба и не се голема количина на пазарот.
-Ако никој не купува, тогаш ќе застане целиот градежен сектор. Станбената градба со себе повлекува други 26 гранки кои исто така ќе стагнираат, а најголем удар имаат банките кај кои ќе се зголеми процентот на нефункционални кредити и имоти под хипотека, објаснува Азманов.
Според него просечните трошоци за метар квадратен станбена површина се движат до 800- 850 евра, што значи дека нема простор за намалување.

Околу 350 милиони евра е вкупната вредност на непродадените нови станови
Според податоците на Народната банка на Македонија за вториот и третиот квартал од 2012 година просечната цена на становите во земјава опаднала за 1,3% во периодот април и јуни и за 1,8% во периодот јули-септември во споредба со идентичниот период од претходната година. Од друга страна, пак, според истражувањето на агенцијата Фортонн, во втората половина од 2012 година градежниот сектор бележи раст за 19% на бројот на нови станови во однос на првата половина од годината. Исто така, расте бројот на станови во изградба за 7,3% споредено со првата половина, од кои 70% треба да бидат завршени во текот на годинава. Ако се земе предвид дека лани над 30% од изградените станбени капацитети останале непродадени, очекувањата на градежниците се дека годинава расчекорот меѓу понудата и побарувачката ќе биде уште поголем. Според пресметките околу 350 милиони евра е вкупната вредност на новите станови коишто во моментов се изградени и стојат непродадени. Според податоците од Агенциите за недвижности, просечната цена на метар квадратен станбена површина во Скопје изнесува 1.050 евра за метар квадратен, при што најниска цена е во Струмица, каде што може да се купи стан и за 400 евра метар квадратен, а во Скопје достигнува и до 1.500 евра метар квадратен.

Трошоци за изградба на еден метар квадратен станбена површина
- Градежни материјали - 350-420 евра (не се плаќа, најголем дел се компензира за станови со подизведувачите)
- Комуналии - 40-120 евра
- Проектирање - 5-12 евра
- Приклучоци за струја, парно, вода - 50 евра
- Градежно земјиште 200-300 евра (не се плаќа, во договор со сопствениците земјиштето се компензира за станови во новата градба)
- Цена на стан клуч на врата луксузно изграден изнесува максимум 700 евра/м2 во централното градско подрачје.
- Продажна цена на овие станови е од 1.200 до 1.500 евра/м2.

Математиката покажува дека минималниот ќар за градежниците изразен во кеш е 700.000 евра! Кој би се откажал од вакви екстра профити кои се остваруваат во Македонија? Никој! Затоа и цената на станбениот квадрат не се намали дури и кога Владата го намали ДДВ од 18 на 5%. Со тоа само се зголеми ќарот на градежните компании.

За споредба, просечната цена на станови во Бугарија лани падна за 1,4% на годишно ниво, што придонесе становите да се продаваат по цена од само 447 евра за метар квадратен. Просечната цена на стан во Софија изнесува 738 евра за квадратен метар. Во Загреб, пак, просечна цена на метар квадратен станбена површина изнесува и 1.657 евра за метар квадратен. Во Србија лани цената на недвижнините се намали за 10%-15% во споредба со претходната година, особено во Белград, Нови Сад и Крагуевац, при што цената во главниот град се движи од 650 до 2.000 евра за метар квадратен, во зависност од локацијата. Просечната цена за метар квадратен на старите станови во Љубљана во последното тримесечје од лани изнесувала 2.280 евра. Регистрирано е дека цените на становите во главниот град на Словенија во моментот се за 500 евра пониски од највисоките цени забележани во 2008 година. Цената на чинење на еден метар квадратен во соседните земји е за 20% помала од продажната.

Освен тоа Македонците плаќаат највисоки камати на станбени кредити во Европа. Според бројките од теренот во Македонија каматна стапка на станбени кредити изнесува 9,7%, по што следи Црна Гора, која има камата на станбените кредити од 9,2%, а во другите држави од регионот таа е пониска од 9% и тоа Србија (8,3%), Хрватска (7,2%) и Романија (8,2%). Кредит за стан се добива со многу помала камата во Словенија (3,9%) и Германија (3,2%).

Александра Спасевска

вечер
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 12-Dec-2012 at 21:55

Никој не купува станови, градежниците се надеваат на странци

Кризата на пазарот на недвижности трае една година, станови упорно се градат, а побарувачката опаѓа

Сања Наумовска


Градежните компании се надеваат дека странци ќе им ги купат становите и ќе ги спасат од лошата состојба во која се наоѓаат. Со најновите измени на законот ќе им биде овозможено на странците кои имаат купено куќа или стан кој вреди најмалку 40.000 евра да можат подолго да престојуваат во земјава. Наместо три месеци, како досега, странските државјани во Македонија ќе можат да живеат најмалку една година.

Кризата во продажбата на станови, пак, трае речиси една година. Во тој период понудата на станови и куќи се' повеќе се зголемува, а побарувачката драстично опаѓа. 

Во агенциите за недвижности велат дека е јасно оти кризата на пазарот на недвижнини не е случајна, ниту пак зависи од периодот, како што се мислеше летото. Неколку месеци подоцна процените се уште полоши. Станови и понатаму не се бараат, а понудата е се' поголема. Агентите велат дека купувањето станови е намалено за повеќе од една третина. 

Сепак, тоа драстично не влијае на цените на квадратен метар станбена површина, особено кај новоградбата. Компаниите не попуштаат, во надеж дека со истите цени ќе успеат да го преживеат кризниот период. Сепак, во агенциите очекуваат дека веќе во почетокот на идната година пазарните механизми ќе профункционираат и намалувањето на цените ќе биде неизбежно. 

„Во центарот на Скопје цената на квадратот се движи од 1.150 до 1.350 евра. Тоа се далеку повисоки цени од тие во Белград, Солун или Софија. Во стар Белград може да се најде стан и за 1.050 евра за квадрат. Во Софија, пак, има станови и за 700 евра, кои не се со врвен квалитет, но сепак, нели во понудата има за сечиј џеб по нешто. Во Солун, пак, без проблем се купува стан во центар за 1.100 евра за квадратен метар. Но во Грција проблем се високите давачки отпосле. Данокот на имот е 10 отсто, исто колку и данокот за промет на недвижнини, кој, на пример, кај нас е 3 отсто“, коментираат агенти за недвижнини. 

Тие велат дека станбениот квадрат е скап и во Охрид каде што се очекува да биде зголемен интересот на странските државјани за купување недвижности. Таму цената на квадратот на новите станови се движи од 800 до 1.200 евра. Тоа значи дека цените на нашите недвижнини, споредени со тие во регионот воопшто не се конкурентни и дека има простор цените да паѓаат. 

За разлика од новоградбата, цените кај старите станови веќе почнаа да паѓаат. Во агенциите за недвижнини регистрираат намалување од 10 до 15 отсто. Во скопската општина Аеродром, каде што интензивно се градат нови згради, во моментов квадрат во стар стан може да се купи од 750 до 1.000 евра.

„Големата разлика во цените на квадратот зависи дали сопственикот на станот сака итно да го продаде или, пак, не му се брза. Оние кои навистина сакаат да продадат мораат да бидат реални и да ја согледаат состојбата на пазарот и да ја намалат цената на станот“, велат агенти.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E07A92CB9B144A498565F1ED92D66054
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Nov-2012 at 01:45
неофицијално ви кажувам,тоа што сум чул дека сопствениците на станови во Охрид а се од Скопје ги продаваат становите поради ниските цени на недвижностите во грција.сакаат да го искористат овој момент за купување на имот во Грција,а и до таму ги носи автопат,а до Охрид знаеме како е
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Nov-2012 at 00:52

Станови во Охрид има, но купувачи нема

среда, 21 ноември 2012, 19:28

Дури 70 % од становите во туристички Охрид –чмаат празни, никој не ги купува. Агенциите за недвижности секојдневно нудат на продажба нови станови, но побарувачката е драстично намалена. 

„Ние немаме соодветна понуда, имаме некоја енормна градба која не кореспондира со ништо во смисла не може да се градат 3.000 станови а да има 30 купувачи. Атрактивен стан, комплетна изработка со вакви цени овие цени не се и во Шпанија. Да се понудува цена од 1.300 до 2.000 евра квадрат во ова време сега е симптоматично“, изјави Никола Иванчиќ од агенција за недвижности “Наш, ваш дом“.

„Никој не ги прашува агенциите каков е интересот за купување недвижен имот, едноставно градат по нивно мислење и за нивни потреби. Неконтролираната градба која го задушува Охрид е погубна и ќе го претвори во мртов град“,велат од агенциите. 

„Прашањето е следново: дали градот добива ? Не поединци со свој личен интерес: дали е тоа сопственикот, дали е тоа тој што гради тие добиваат, градот не добива. Не може на секоја улица на некој му текнало сопственик за да дојде до сретства ќе градам зграда , мислам дека и локалната треба да стави стоп на таквата градба“, изјави Иванчиќ. 

„Дека за Охрид има прекумерна градба јас се сложувам, меѓутоа тоа во овие моменти е неизбежно. Колку толку оваа економија наша кревка и слаба се одржува од градежништвото“, вели Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Петрески вели дека ако не работеле градежните фирми, охриѓани ќе останеле без работа. Лекот го гледа во зголемување на комуналиите.Само така ќе се намалел интересот за градење. 

Росица Голабоска


http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=58706

На линкот има и видео
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Oct-2012 at 00:55
сите вистински бизнис-центри се изнајмуваат, Граве, Соравиа, Хипериум, Синерџи
Што ли се случи со „Синерџи“ (порано „Бизнис центар Меги“)? Се прашувам дали уште зјае празен?


Originally posted by Ines

За фирмите од Скопје актуелни беа просторите во Илинден, Визбегово, Маџари, Пинтија итн.
Неспорно овие зони многу нараснаа, но мој впечаток е дека таму доминираат продажни салони, складишта, лесна индустрија и слично, а нема баш многу класичен канцелариски простор каков што се опишува во статијата од Капитал.

Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Oct-2012 at 14:32
Дел од причините за намалувањето на побарувачката за деловен простор, лежии во тоа што значаен дел од фирмите чии бизниси беа во изнајмени простории, си зедоа (купија или изградија) сопствени деловни објекти (што на кредит, што од свои пари).
За фирмите од Скопје актуелни беа просторите во Илинден, Визбегово, Маџари, Пинтија итн.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Oct-2012 at 12:15

Цените паѓаат, расте понудата на квалитетен деловен простор!


Недоволна понуда на репрезентативен канцелариски простор во Скопје, веќе е минато. Понудата на квалитетен деловен простор е сериозно зголемена, а за разлика од минатата година, цените се паднати до 30%! Агентите за недвижности велат дека новата понуда на деловен простор следната пролет ќе направи дополнителен притисок на цените

 

Зголемена понуда на квалитетен нов деловен простор, намалена побарувачка и пад на цените за изнајмување се главните карактеристики на пазарот на деловен простор во Македонија, којшто опширно го анализираме во специјалниот прилог Деловен простор во следниот број на магазинот „Капитал“.

„Побарувачката на деловен простор е за 30%-40 % помала за разлика од истиот период лани. Цените се паднати за 20%-30% поради помалиот прилив на странски компании и поради помалата економска активност на домашните“, вели директорката на агенцијата за недвижности Бастион, Донка Филиповска. Зголемената понуда на квалитетен деловен простор е поради тоа што некои компании си заминаа, а други поради намалениот обем на работа се преселија во помали канцеларии, па сега и потешко се издаваат. Поради новите деловни згради кои сега се во изградба, Филиповска очекува следната пролет да има уште поголема понуда, која во услови на намалена или непроменета побарувачка дополнително ја намали цената на канцелариите.Што се однесува конкретно на падот на цените, оние деловни објекти во кои метар квадратен се изнајмувал за 13 евра сега може да се добие за 10 евра, а тие што порано држеле цена од 10 евра сега се паднати на седум евра. Лилјана Ковачева од Дом дизајн на среден рок не очекува големи промени. Кога ќе се завршат сите деловни објекти кои се во најава, како оној во бивша Алумина и кај Скопје сити мол, целосно ќе се смени амбиентот и алтернативните простори целосно ќе излезат од игра и ќе се случи дополнителен пад на цените.

Пазарот се раздвижиАнализата на консултантската компанија за недвижности Фортон, која трета година е присутна на македонскиот пазар, за движењата на пазарот на недвижности во првата половина од годината покажа дека примарниот фокус на инвеститорите во овој период била да се пополнат постојните деловни објекти, обидувајќи се да ги одржат цените за изнајмување (сите вистински бизнис-центри се изнајмуваат, Граве, Соравиа, Хипериум, Синерџи) на исто ниво како во втората половина на 2011 година. Инаку, класа А и класа Б деловен простор изнесуваат 265.000 метри квадратни, што е за 4% повеќе од 2011 година. Најголем дел од новите објекти се лоцирани во Скопје. Директорот на Фортон за Македонија, Влатко Богоевски, вели дека со оглед на тоа дека не се очекуваат некои нови проекти во овој дел, тоа ќе значи поголема пополнетост на постојните објекти. Позитивното, според него, е што за разлика од лани, сега има поголемо движење на пазарот. Можност за раздвижување на пазарот Филиповска, пак, гледа во евентуалното добивање датум за преговори.

„Сега на пазарот има многу празен простор, грубо околу 15%-20% од тие простори што лани беа полни сега се празни. Ако до крајот на годината добиеме датум за преговори, работите на пазарот на недвижности може драстично да се променат поради очекуваниот зголемен интерес на странски компании за Македонија“, предвидува Филиповска. Се проценува дека во Скопје има 92.000 метри квадратни трговски и деловен простор за изнајмување. Во последниве 2-3 години во Скопје се изградени 40.000 квадрати нов канцелариски простор.


Izvor: Kapital, www.kapital.mk



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.111 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.