build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бизнис со недвижности

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 24-Dec-2008 at 14:00

па во секој случај значи има доста Македонци во бизнисот со недвижности во Австралија, тоа и ми беше муабетот!

а за Мајк  тој е еден  поуникатен пример во 5 милиони Македонци ширум светот, заминал на мали години од Битола во српското затоа и презимето му останало Илич оригинално Илиев,  но и тој исто почнал од нула, во 1959 од еден ресторан каде освен пица правел и зелник, стигнал да ги формира хокеарите Detroit Red Wings и безболџиите Detroit Tigers и да бидне милијардер

Another business mogul, Mike Ilitch (originally Iliev), began his career in the United States with a single pizza shop, which he built into the successful Little Caesar's franchise.
     

како и да е поентата ми е дека Македонците се склони кон инвестирање во недвижности, парите никогаш не ги чуваат во банка Yes , штета што никој не им остава простор и тука да инвестираат, добро пополека времињата се менуваат па може ќе видиме и инвестиции на ова поле! еден од ретките печалбари што реинвестирал во Македонија е сопственикот на www.makedonskosonce.com , кој ја поседува Microflex на флорида, а тука инвестираше во жито прилеп и хотел липа т.е. ги откупи и ги рестартира.        

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 11-Jan-2009 at 18:25
eve najdov nesto, mislam deka stara e

http://kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=0&EditionID=619&ArticleID=14577

ЕБОР ќе финасира изградба на станови за средна класа на Балканот
Грчка компанија ќе гради станбени населби во Македонија и регионот
Резиденцијален фонд за балканските земји во прогрес е проект на грчка менаџмент компанија Secure Management Ltd, регистрирана на Кипар, која со финансиска помош на ЕБОР ќе гради станбени населби за средна класа на граѓани во неколку земји на Балканот
 
 
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе финансира регионален проект за изградба на станбени објекти на Балканот. Резиденцијален фонд за балканските земји во прогрес, е името на проектот со кој на среден рок во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Украина и Хрватска ќе се изградат станбени објекти наменети за средната класа на граѓани.
Позади целиот проект, кој ќе го финансира ЕБОР, стои грчката менаџмент компанија Secure Management Ltd.која е организирана како друштво со ограничена одговорност и функционира според законите на Кипар. Вкупната вредност на проектот е 150 милиони евра.
Како што е објавено на Интернет страницата на ЕБОР, овој проект има за цел да го поттикне и прошири пазарот на недвижности во овој регион, преку изградба на станови за средна класа на граѓани.
Во Македонија, Молдавија, БиХ и Албанија, кои според ЕБОР се држави на Балканот кои најмалку се развиени во секторот за изградба на станови за средна класа предвидено е да биде реализиран најмалку по еден проект. “Резиденцијалниот фонд за балканските земји во прогрес” би требало да стимулира поголема конкурентност на пазарот на недвижности на кој во моментов доминираат мали компании кои немаат капацитет ниту намера да развијат повисок стандард на станови и станбени населби, се вели во документот.
Целосната документација за овој проект е креирана пред одобрување од Бордот на директори. За да одлучи Банката да ја финансира неговата реализација, тој треба да биде одобрен од Бордот кои за него ќе се состанат за еден месец.
“Проектот сe уште е во процедура. ЕБОР како јавна институција мора јавно да објави за сите проекти на кои работи и постојано да информира за нивната реализација”, вели Бојана Тодоровска, советник за медиуми во главната канцеларија на ЕБОР во Лондон.
Како што објаснува понатаму Тодоровска, секој проект што го финансира ЕБОР пред да дојде до последната фаза на реализација мора да биде одобрен од Бордот на директори кој е составен од сите директори на филијали на ЕБОР во светот.
“За овој проект Бордот треба да одлучи на 29 април кога и ќе биде донесена и конечната одлука дали ќе биде реализиран во целост.
Ова сега се само генералните детали на проектот кој сe уште е во почетната фаза и треба да помине низ сите процедури”, додава таа.
Вкупните трошоци за проектот се 150 милиони евра, а ЕБОР ќе обезбеди финансирање на акцискиот капитал во износ еднаков до 20% од вкупниот капитал, односно најмногу 30 милиони евра.




Edited by Cloverstack - 11-Jan-2009 at 18:29
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 19-Feb-2009 at 23:23

Нема намалување на цената на становите во Битола

Според агенциите за недвижности во Битола пазарот на недвижнини во првиот месец од годината полека се враќа на старото вели Снежана Настевска директор на агенцијата Стрелец. Цените на недвижнините се намалени но само во мал процент , така не може да се најде станбен простор под 600 евра за м2.

Цената на становите се намали но во многу мали вредности. Обично како што е практиката кај нас цената на становите ја намалуваат само оние на кои им се брза за да продадат, а другите си држат цена. Така во Битола не може да се најде стан под 600 евра за м2. Дури во зависност од кавлитетот на станот истиот може да достигне дури и повисока цена – вели Настевска.

Најмногу промени во однос на пазарот на недвижнини се почувствувале во месец Декември. Но затоа пак во јaнуaри состојбата почнува да се стабилизира.

Во месец Декември имавме намалување на прометот со недвижнини кое се почувствува, но последните месеци Јануaри и месец Февруари состојбата почнува да се стабилизира и постепено да се доведе до нормала – велат од агенцијата Стрелец.

Според истражувањата на Народна банка за прв пат во Мaкедонија се почувствувал тренд на намалување на цената на становите кој посебно се почувствувал во главниот град. Од 2000 година до 2004 та становите поскапеле за вкупно 44,8 % односно во просек за 9,7 % годишно. вО вториот период, од 2004 година до третиот квартал на 2007ма година генерално стагнирале.

Во земјите на поранешна Југославија цените на становите доживеале пад од 5 % . Некои од хрватските агенции за недвижности се жалеле дека прометот им опаднал за 40–50 % во споредба со истиот период минатата година. Во Србија е слична состојбата . најголем пад на цените на становите се очекува во Март.. Во Словенија е забележано намалување на цените на становите кои достигнале и до 500 евра за м2.

Orbis - Сузана Цветаноска - 13.02.2009

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 20-Feb-2009 at 15:00

Македонија втора во Европа по издавање недвижности


Наемнината е 10,11 насто од вредноста на стан

Македонија, односно Скопје се наоѓа на второто место во Европа, односно на петто место во светот, каде што е најпрофитабилно издавање на недвижности под наем.

Според листата на Global Property Guide, најпрофитабилно е да се купи и издава недвижнина во Молдова (Кишињев), каде со наемнината таа се исплатува за седум години.

Во Скопје годишната наемнина претставува 10,11 насто од вредноста на стан од 120 метри квадратни. Кај становите од 60 метри квадратни годишната кирија е 7,98 насто од вредноста, а кај куќите од 300 квадрати таа изнесува 10,20 проценти од вредноста.

Според ова наемнината во Македонија ја исплатува недвижноста за десет до 15 години. Global Property Guide во анализата за становите зема цена на квадратен метар од 1050 евра, а за куќите 895 евра. Месечната наемнина за помалите станови ја утврдува на 419 евра, за големите 1014, а за куќите 2283 евра.

Попрофитабилно од Македонија е издавањето на недвижности во главниот град на Молдова Кишињев, во Каиро во Египет, во Џакарта (Индонезија) и во Манила на Филипините.

Меѓу првите пет меки за издавање на станови во Европа зад Молдова и Македонија се Украина, Унгарија и Холандија.

На дното на листата е Андора, каде годишната наемнина претставува 2,19 насто од вредноста на недвижноста, односно се исплатува за 45 години.

На здрав пазар на недвижности наемнината ја покрива цената на недвижноста за 20 до 30 години.

Макфакс - 13.02.2009

мислам дека извештајов и не е така објективен, со оглед дека цените ги извадиле изгледа само од центар односно месечна рента за помал стан од 400 евра, па само по агенции да се јават во аеродром или карпош 3 без проблем ќе најдат стан за 200 евра, е сега јас зборувам за ненаместен стан, незнам според кој параметри го правеле истражувањето но сепак за куќа кирија од 2300 евра немам чуено просечно семејство на поодалечена локација од центарот да плаќа па дури и да е наместена, значи освен резиденцијалните објекти на водно и бардовци и оние кои ги имаат закупено амбасадитене верувам дека некој би фрлил толку за кирија, па и во најдобар случај ова 2300 евра не е возможно да е некоја средна цена за изнајмување куќи во СК, ова или е некоја заврзлама на некој наш од кого ги влечеле податоците или некоја импровизација која ние сме се нафатиле да ја цитираме Smile



Edited by beTon - 20-Feb-2009 at 15:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 20-Feb-2009 at 16:02
Па очигледно кога ќе се земе Македонија во обзир, процентите тогаш не рангираат доста високо во оваа област. Е сега тоа во евра сосема друга слика дава, ама у проценти сме стабилни. Инаку најобјективно би било изтражувањето доколку некој аналитичар седне пред телефон и по списокот у весник, па на крај да извади просек.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 21-Feb-2009 at 03:24
Квадрат земјиште во Штип, 90 – 100 евра

Со објави за продажба на земја во Штип, Министерството за транспорт и врски , вчера, ги наполни страниците на некои дневни весници. Според нив, за државата, градежното земјиште во Штип вреди повеќе од злато. Бара почетни од 90-100 евра за квадрат, или најмалку 90-100 илјади евра за декар. Баснословната сума се однесува за градежни плацеви во Индустриската зона Север и населбите Балканска и Баби.

Таму, заинтересираните ќе се наддаваат со почетни 90 евра по квадрат. Оние што се заинтерсирани за парцели предвидени за бањско -рекретаивниот центар Ќежовица , ќе треба да платат уште повеќе. За почеток,100 евра за квадрат или 100 илјади за декар.

Со слични цени се и други парцели а внимание предизвикува и објавата за давање под закуп за предвидениот Спортско-рекреативен центар Брегалница, кај Градскиот базен. Само за закуп , таму државата бара по 4 евра од квадрат. За почеток, ваквите високи цени, Штип го дигаат меѓу европската елита, но, прашањето е дали високите цени нема да го убијат интересот за него.

Нетпрес - 31.07.2008

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 25-Feb-2009 at 10:15
Една молба...мој пријател кој е исто како мене моментално надвор од Македонија е заентересиран да купи стан во Скопје.

Една опција е нов објект во изградба на Ул. Наум Наумовски Борче 7А во Скопје (знаеме дека е некаде спроти Ким, во близина на Соборната црква).

Ве молам, ќе може ли некој на карта или на Google Earth да ми одбележи каде точно е оваа локација?

Исто, ќе може ли некој исто да ми даде мислење за фирмата Кубус (колку се квалитетни во градбата, итн итн). Доколку некој не сака јавно, за Кубус може да ми пише и приватна порака.

Благодарам многу однапред!


Edited by anDarko - 25-Feb-2009 at 10:16
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 25-Feb-2009 at 13:48

за локацијата колку што можам да видам на картата на тримакс вели дека улицата позади автобуската спроти ким онаа во продолжение на боними е ННБ - 41°59'56.4"N 21°25'25.9"E ова улица тера нагоре се до илинденска односно спроти лотосовата фонтана, е сега знам дека кај илинденска има број 87 што значи ова дефинитивно е тука доле некаде.

АД дали е зградата изградена или допрва ќе се гради? знам имаше тука во изградба мислам една две помали згради или можеби  беа поголеми куќи неможам да се сетам Smile или ова сега може да е  излезено сега допрва во план со новиот дуп за дебар маало 2, сега мислам  е дуп буњаковец 1 или 2, инаку на сајтот има само еден тумб рендер од зградата која колку што можам да приметам е П+4+1 влез за паркинг негледам никаде...

а за ова фирмава што да каже човек, навистина е неблагодарно да се бараат гачки кај некого што е во градежништвото, со оглед дека многу фактори се во игра па имаш фирми и кои од турбо профитабилни и сигурни кои потфрлиле или рикнале, а имаш и фирми кои од анонимус ќе рипнат и ќе се етаблираат како топ проектанти и изведувачи, многу зависи со какви мотиви оди некоја фирма во бизнисот.

но секогаш имаш тука проценител на располагање како гаранција, така да ова кој знаел нешто или незнаел нема да му биде многу од корист на другар ти се додека не добие професионално мислење на лице место, инаку компанијата има меѓународен сертификат iso 9001:2000,  но сега со ова се поголемиот број на институти,  агенции и компании низ европа што продаваат вакви сертификати посебно на балкан, немора да значи дека истиот е 100% гарант за квалитетот, иако истиот тој се издава под строги критериуми и мора на секои две години да се обновува...

еве ја и на нет понудата на станови во таа зграда на ННБ-7а само незнам на која страна гледаат становите што е фактор плус околу цената  cubus.com.mk/uk_borce.htm

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 25-Feb-2009 at 14:00

    и еден мал фаул

www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=531812
Коментар: Ранк: 1.0  Датум: 03/01/2009
Коментар: odlichno rabotno mesto, so odlichni rabotni odnosi za oni koi se ushte sakaat da se chuvstvuvaat komunistichki potchineti i bezglasni
 

ова изгледа разрешениот проектант коментирал LOL

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 25-Feb-2009 at 14:20
бетон, фала многу! значи ако бр 87 е према Илинденска, тогаш 7А ќе дојде некаде до новата убава деловна зграда која ја направија на аголот на ННБ со Ленинова.






Edited by anDarko - 25-Feb-2009 at 14:21
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 25-Feb-2009 at 16:06
не би знаел можно е, но најдобро нека им прати меил за да му испратат точни координати, и јасно слики доколку е зградата готова Smile инаку за фирма која постои од деведесетите не би требало да има некои заврзлами, сепак пред да склучи договор прво
Отворете очи за да не се изгорите - Вест - 26.12.2003

...

"При склучување договор за купопродажба на стан, купувачот од продавачот треба да побара одобрение за градење на објектот и имотен лист за станот, кој е предмет на договор на купопродажба. Целта на кампањата е да ја информираме јавноста кои објекти во моментов се градат бесправно, а наедно и се нудат на пазарот. Со цел да ги заштитиме граѓаните од можна измама, со тоа што би купиле стан за кој нема да поседуваат имотен лист, и има можност тој да биде урнат од урбаната полиција"

...

   

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 25-Feb-2009 at 16:14
Thumbs%20Up фала уште еднаш!

интерсно што на линков од веста од крајот на 2003 на списокот на проблематични фирми никаде го нема Фиком - тогаш беше се уште фалена фирма Big%20smile
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 25-Feb-2009 at 16:32
интересно е колку и службите а и пред се весниците, служат за рекетирање или сензационализам, па затоа и фиком го нема си намириле обврските на време спрема уредникот или сопственикот и топ, туку за повеќето фирми во тој список има и деманти за наводите вовест www.vest.com.mk/default.asp?idg=4&idb=1047&rubrika=Po%7Bta но малку ми е опуштена работата требало да бараат и јавно извинување или пак да одат и на суд, но како велат не си фаќај работа надвор од градилиште зошто сетне постојано ќе ти фалат  шајќи во магацин,  ќе мора на секоја бандера секој ден да закачуваш деманти и соопштенија, сигурно и затоа  волку скромно се оправдале LOL

Edited by beTon - 25-Feb-2009 at 16:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 25-Feb-2009 at 22:23
anDarko, баш денеска поминував таму и обратив внимание, но работите сепак ми останаа нејасни.
Улицата Наум Наумовски Борче еве ја вцртав подолу.

Како прво на самата улица, не приметив никаков објект во изградба. ДТЦ Гринго е во непосредна близина и го гради токму Кубус, но сигурно не е тој (ваљда се води на Партизанска, плус се работи за деловен објект).
Во непосредна близина се градат два објекти кои ми изгледаа како станбени, но тие беа на ул. Пиринска и немаше никакви истакнати информации.

Што се однесува до улицата Наум Наумовски Борче, броевите почнуваат од околу 60 (на крајот накај Ким) и раснат накај Илинденска. Така да провери уште еднаш за бројот, да не се изгубило нешто во преводот, да не е 70 и нешто, а не 7А.
И доинформирај се во која фаза точно се наоѓа објектот.


Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 25-Feb-2009 at 23:05
Cloverstack, фала многу! Да беа бар приближно професионални нашиве државни и градски власти кои се занимаваат со урбанизмост и градежништвото ко сите на форумов, Скопје и МК ќе беа тотално со поинаков лик Roll%20eyes

На веб страната на Кубус исто стои дека е 7А, а вториот објект (комбиниран деловно/станбен) за кој исто продаваат станови со оглас на сајтот е всушност Гринго и се води на ННБ бр. 40, така да овој другиот објект мора да е близу. Во секој случај, ќе провериме директно во Кубус, а за месец и јас и пријателот ќе сме во Скопје.

Поздрав до сите од Стразбург (тука сум лоциран веќе некое време), ако некому треба нешто од овде, слободно кажете...баш планирам да направам скоро една фото обиколка низ градов и на форумов да споделам фотки од повеќе прекрасни објекти во градов (французиве се махери за вкомпонирање на старото со модерното).


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 25-Feb-2009 at 23:20

Originally posted by anDarko

ако некому треба нешто од овде, слободно кажете...

види лобирај до некоја фондација, на билд да му пуштат некој грант за техничка помош за  полесно преструктуирање  на форумов во НВО, знаеш канцеларии, компјутери, фото и видео опрема, телефони, факсови, опрема за кампирање итн. LOL

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 27-Feb-2009 at 12:48
Драматичен пад на продажбата на станови
Автор:  Александар С. Димковски
Економија
Од 400 до 1.500 евра за квадратен метар станбен простор. Горе-долу во овие рамки се движат цените на становите во државата. Најскапи се становите во Скопје, а поевтини во помалите места. Сепак, и покрај разновидната понуда и различните цени, интересот за купување стан е драстично намален насекаде во Македонија. Ако продолжи вака, ќе бидеме принудени да ставиме клуч на врата, се жалат дел агенции за посредување со недвижнини.

- Ова е типичен македонски синдром. Цените достигнаа максимум и сега никој не ги намалува, иако побарувачката е многу намалена. Не се продава ништо. Катастрофа - велат од една позната скопска агенција за недвижности.

И во „Имиџ-дом“ потврдуваат дека цената на становите не паѓа туку има покачување.

- Особено во скопските населби Тафталиџе 1, Козле, Водно... нема шанси да паднат цените. На Водно на пример новоградба со лоша инфраструктура се продава за 1.500 евра квадрат.

Во старите руски згради во Карпош становите се продаваат за 1.100 евра квадратен метар.

Во Автокоманда, пак, во зграда од 1960 година становите чинат и до 1.000 евра за квадрат - ни изјави менаџерот Ацо Спиров. Според него, намалувањето на интересот до некаде се должи и на дезинформациите.

- Луѓето чуваат пари заради разни муабети, а и банките затегнаа со кредити - нагласува тој.

Во агенцијата „Елегант трејд“ велат дека побарувачката на станови е намалена за 30 отсто. Највисоки цени држат малите еднособни станови и за нив има и најголем интерес. Нешто поевтини се поголемите станови, но повторно сè зависи од местоположбата, катот, инфраструктурата и слично, велат оттаму. За разлика од становите, цената на куќите во главниот град со години е иста, а има и намалување. Ова е заради тоа што интересот за куќи е многу помал за разлика од становите, кои полесно се издаваат. Регулирањето на цените на становите го врши пазарот и не може да очекувате државни цени на приватен капитал, велат нашите соговорници. Некои станови со месеци чекаат на својот нов сопственик, а од друга страна и купувачите чекаат цените да паднат.

- Има конфузија на пазарот и збунети сопственици, кои очекуваат големи цени за да заработат. Поради сето тоа и интересот е намален, а цените се во мирување - велат од агенцијата „Бастион“. Оттаму се надеваат дека до почетокот на летото може да има благ пад на цените на становите од 15 до 20 отсто.

Ништо поинаква не е и состојбата ниту во внатрешноста од државава. И во помалите места нема интерес за станови и сите очекуваат да паднат цените. Продажбата на станови во Струмичко е сведена на нула. Интересот за купување кај граѓаните е намален, а и тие што се интересираат тешко се одлучуваат да купат стан. Оваа состојба е присутна од крајот на минатата година.

- Лани луѓето се одлучуваа кај нас во агенцијата да купат стан и по основа на кредит, пола со учество, пола на кредит. А сега и кредитната политика се заострува и не знаеме што ќе правиме - велат од „Изградба“, една од најстарите агенции за недвижности во Струмица, додавајќи дека од почетокот на годината немаат продадено ниту еден стан.

Во штипскиот регион состојбата е иста.

- Во овој крај има многу сиромашни, невработени и стечајци и никому не му е до стан. Сепак последната година цените на становите малку се покачија, пред сè заради студентите од новиот штипски универзитет - велат нашите извори.

И во западна Македонија трговијата со станови бележи пад. Кризата си ги направи своето. Намалена е побарувачката на станови и во нашиот најатрактивен туристички центар Охрид. Прилепчани, пак, не се заинтересирани многу за станови. Веќе пет години во градот нема никнато нова зграда, велат прилепчани.

Освен во Македонија фијаско на пазарот на недвижности се забележува речиси секаде во регионот. Така, во Словенија е забележан пад во продажбата на станови од 46 отсто, а намалена е и просечната цена, која се движеше околу 1.800 евра квадратен метар.




Македонскиот пазар пред 180 милиони луѓе

На македонскиот пазар вчера беше промовиран и првиот регионален портал за трговија со недвижности „Продамсам“. Како што велат неговите први луѓе, преку порталот се поврзуваат 14 земји од регионот, а пазарот на недвижности на Македонија ќе биде изложен на увид на над 180 милиони корисници. Порталот е мултинационален и мултијазичен, односно достапен на сите локални јазици, вклучително и на македонски.

- Целта е луѓето сами да можат да продаваат и купуваат внатре во земјите, но и надвор од границите. Овој начин на тргување е актуелен секаде во светот и, што е најважно, тоа нема да ги чини ништо - ни изјави менаџерот Харис Криешторац.




Низ земјата

- Тетово и Гостивар
Во центар од 600 до 800 евра
На периферијата меѓу 400 и 500 евра

- Струмица
Во центар 700 евра
На периферијата 500-550 евра

- Штип
Во центар 500-600 евра
На периферија 400 евра

- Охрид
Во центар 1.500 евра
На периферија од 500 евра па нагоре

- Прилеп
Од 500 до 1.000 евра

Поевтини станови може да се најдат во Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Дебар, Гевгелија




Цена на становите во Скопје по квадратен метар

Центар 1.300 - 1.500 евра
Карпош 900 -1.000 евра
Аеродром 900 - 1.000 евра
Автокоманда 900-1.000 евра
Кисела вода 850 - 950 евра
Ново лисиче 850 - 950 евра
Под 800 евра станови можат да се најдат само во Бутел, Чаир, Топанско Поле, Хиподром

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=328&ArticleID=19078
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 09-Apr-2009 at 13:17

Германци основаа фирма за недвижности

Германската компанија Практикер основа нова фирма во Скопје која се вика ТД Практикер и која ќе се занимава со градежништво, промет, издавање и управување со недвижен имот. Со паричен влог од 5.000 евра германските сопственици основаа компанија која ќе издава и управува со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен на лизинг. Фирмата ТД Практикер во Скопје ќе ја водат тројца менаџери - Хералд Стајдел, Мартин Клебш и Манфред Леиброк.

Total


Дали се спремаат за влез??



http://www.praktiker.de

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 07-May-2009 at 21:22

Се' помалку се градат станови во Македонија

Во март годинава се издадени 267 одобренија за градба, што е за 18,3 проценти помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 229 или 85,8 проценти се наменети за објекти од високоградба, девет или 3,4 проценти за нискоградба и 29 или 10,8 проценти за објекти за реконструкција.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.433.047.000 денари, што е за 8,1 процент помалку во однос на истиот период од минатата година. (МИА)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0F3E055D7F8F8E44A5A9DDC93DC14AC3
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 25-May-2009 at 16:30

Помалку се гради, се помалку се купуваат недвижности


Коментари (7)   
24.05.2009 19:24
 

 

Кризата дефинитивно не поштеди ниту еден сектор во земјава, само прашање на време беше кога на површина ќе испливаат негативните показатели.

Сега, со почетокот на градежната сезона - лоши бројки за овој бизнис. Помалку се гради, се помалку се купуваат недвижности.

Цените паѓаат. Оние што имаат пари се воздржуваат да инвестираат во недвижности , други што сакаат да се задолжат за да купат стан, се потешко доаѓаат до банкарски кредити. Кризата не го поштеди ниту вкупниот градежен сектор, што во бруто домашниот производ учествува со 7 до 9%. Договорите се странство во првите три месеци се намалија за 36,6%, слично е и на домашен терен.

„Еден поразителен период. Иако сезоната отпочна, и тоа како се осеќа онаа криза, и немањето на работа“, изјави Павел Трендафилов, синдикат на градежништво.

Владата најави дека ќе му помага на градежниот сектор преку ангажирање на домашните компании на инфраструктурни проекти. Во меѓувреме, кризата се прелеа и на пазарот со недвижности - поголема понуда од побарувачка. Иако во земјава има недостаток на станови - сега во време на криза - побарувачката замрзна.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109031
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.289 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.