build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Граѓанска соработка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 649
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Граѓанска соработка
    Posted: 04-Jul-2018 at 18:44

Во однос Урбаните Прашања добро би било законски да се уредени одредени односи помеѓу Граѓаните и Градежниците но и Институциите, а во овој контекст повод за нишкава ми е несекојдневнанденешна случка која ме натера на размислување која е предноста и кои се ризиците од граѓанска соработка со правни лица кои се дел од Урбаниот Систем вака или онака!

Та да елаборирам деноиве подизведувач на ЕВН поставува кабел на тротоарот до мојот двор, нормално ко и секој македонец одиш им понудуваш помош во форма на кафе вода и слично, бидејќи сме напатени та и знаеме како е кога некој за ич пари а сонцево душа остава за ние нели убо да живејме, јасно попат и да научиш што како се случува оклу тебе но и евентуално да видиш дали нешто можеш да научиш ко лаик во непосредна близина на вични мајстори итн. уште понормално после ваквата комуникација со Мајсторите јасно се стекнува доверба а потем еве тие пазеа да не ми направат штета на инсталациите, а јас пак еве за возврат сега им го пазам скипчето кое ме замолија да го паркираат во дворот за да не биде на улица, со задоволство прифатив оти знам и мене дека утре може ќе треба алат или возило некаде да ми остани на улица та и Слава Богу ват гоус араунд камс ароунд та Фала богу ете имам прилика да добијам ваков бонус ...

Ова пак ме замисли зошто законски не сме упатени на соработка ко Граѓани со Институциите и во однос Градежништвото кое е дел од урбаните прашања т.е. за да и навистина не се случува Механизација да дреме по тротоари како ризик и за Пешаци и за Возила да има обврска да е паркирана на страна, а доколку тоа е приватен имот логично Институцијата заради соработката утре да ви има одреден кредит за таква соработка во форма на некаков бонус, бидејќи конечно денес ретко кој размислва за ват гоус араунд комс ароунд, туку ќе се принуди себеси на соработка доколку има некаков интерес, иако и оние кои се духоносно или етички наштимани јасно имаат исто интерес само не ет опиплив ко кај општинските или државните бенефиции, е сега ова вака доколку некако системски е уредено може да е исчекор токму кон Соживот она утре веќе по навика и без никаков интерес системот да го помагаме граѓански заради поголема безбедност или ефективност, а која може за почеток да е мотивирана со бонус во форма на отпишување наредна паркинг казна или слично!?

Исто не се уредени ни условите во кој случај некој може и смее да помогне изградба на Општествен Проект а што во однос градежништвото е тешка импровизација кај нас, та еве јас и да сакам да помогнам некоја изградба на Црковен Храм или Образовен Објект она што се вели да фрлам некоја лопата за бар утре да се пофалам дека некако и директно сум ја помогнал заедницата а нели доколку не можам тоа да го сторам финансиски, навистина тоа е невозможно ... прво треба јасна регулатива за ваков вид соработка односно чоек да е здрав, што пак се докажува со систематски преглед еднаш годишно што е нели норма за секое претпријатие, а треба да е норма и за секоја социјална установа за да знае кој со какво здравје каков социјален пакет треба да добива, сетне тука е безбедноста на работа, значи ваквите граѓански работни акции да се осигураат од ризици, а да има некој зацртан минимум на неопходни услови, а посетне да постои и назнаква за каков проект какви пофалби или бонуси некој треба да добие ...

Интересно е дека вака треба да размислуваме и во однос Иселеништвото т.е. како да ги мотивираме Иселениците да ја помогнат Матицата а тоа да им е признаено некако пр. финасирал училиште та истото логично носи име или на негово родно место или пак фамилијарна назнака од родниот крај покрај Името на одреден Деец, или пак ако исфинансирал локален Пат за тоа ндиректно да му е заблагодарено преку Паркче и Чешма каде ова ќе биде апострофирано итн. итн. јасно освен Благодарници и Пофалници за по дома ова и слични начини се мотивација и за околината, а дури кога ќе се заситиме од мотивирана филантропија пак нели да се вратиме на слободна нели откако се ќе ни биде помачкано ... јасно ова треба да се уреди со Законот за Одликување но и Законот за Донации, бидејќи Иселениците не можеме да ги ослободиме од данок, сепак мотивација плус за оние помали вложувања би било бонуси во форма на Летен Еду Камп за Иселеничиња, потем ако тоа е заложба на поголема иселеничка група бонус во форма на чартер летна авио линија, а кога ова ќе стане норма пополека ќе дотераме и до нов Иселњнички Френдли Аеродром во Пелагонија кој освен заради поволната ружа на ветрови е погоден за слетување и во најневозможни околности, а би бил добредојден за скопскиот да се растерети од сите оние рефјул гости итн. [1][2] нормално ако крене Аграрот тука бонус ќе биде и каргото под претпоставка дека на светската економија гледаме со розеви очила шала на страна, аеродром и да има и да нема Иселеник што има волја да си дојде Дома нема да му биде мака и од Скопје да трансферира, но посекако ќе му биде мило доколку може некако да помогне на своите Ближни а за тоа да има и увид и отчет и признание ... како до тоа ако не преку исрпна дебата за да се постави модел кој ќе генерира Соживот ...

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 649
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Jul-2018 at 15:52

приметив Мајсторите со кои се дружев деноиве законски што правеле ил преправале сетне мора да го оправат во првобитна состојба на тротораите, но бидејќи на едниот дел од тротоарот имаше бекатон а на другиот стар раскршен бетон од 60-ти истиот го бетонираа наново, бидејќи законски ет во каква состојба нашле во таква и да вратат ...

е сега бидејќи тротоарот е во првата улица до меѓуградската станица, а попат пешачки коридор за многу туристи кои одат во оближните Хостели, ако не заради себе заради нив бар хостелиерите би требало ваквите закрпи да ги ресетираат некако уметнички, иако и јас ко непосреден жител заради себе тоа би го сторил та бар со некаков хоризонтален мурал да ги сплотам различните елементи на тротоарот таман малку да прелие муабетот и на бекатонот за да не бидат пак оштро одвоени сегментите ... но се плашам бидејќи ова не ет никако законски уредено, дека за ваква интервенција ќе ме казнат, или пак ко урбана арт герила ако делувам ќе го ископачат стореното, а додека да дочекам општина да го унифицира тротоарот ќе поминат сигурно уште деценија две за некои нови комшии да се чудат од кога и до кога ќе им биде вака ...

можеби општинарите ако излегуваа на увид при секоја инфраструктурна интервенција, сигурно и ќе нашле за сходно пр. во случајов со ЕВН да се договорат додека веќе работат инфраструктурните подизведувачи на еден дел, воедно да го заокружат и другиот сегмент од тротоарот во ист тон ... но бидејќи тоа не е случај та цела о.Аеродром и онаму каде е ново ет закрпено, а не пак тука каде било старо, битно напраено ет перфектно, иако различно ... е сега кога ова би можел и јас во меѓувреме ко такво да го доукрасам та ќе биде и поубаво и бар не толку терсене архи-упадливо него што е сега, мислам не куца магарето од тоа, но ако сака Народ туризам мора и на вакви ситници да внимава! а кога за тоа нема сили или акал општинската администрација зошто тоа да не е дозволемо и сам Народ да го оправа, јасно повторно со некаква општинска или локална акламација од комшилук за да не ги боде очи сетне хоризонтѝалната композиција, која пак ако јавно и заеднички се разработува ќе може да се избегнат несакни мотиви посреди неа, илити пак недоносени предожби, односно логично на вакви места би тѝребало да има апстрактни фолклорни мотиви или пак мозаици, а зошто не и некоја убава мисла или општествена поука како кај оние шаблонските в Белград пишуајте на кирилица ...

http://hative.com/amazing-3d-street-art/





Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.