build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

МЖТ Дизајн

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: МЖТ Дизајн
    Posted: 25-Nov-2018 at 07:07




не гледам зошто би се трошел камен за некакви испусти, да имаше некоја голема атака на пероните та и некако, можеби попаметно е да се направи една помала настрешница за Карго Перон кај лифтовите, но магацинот го направија дискотека та сега и да сакаме да истераме Локално Железничко Карго тоа не е можно, евентуално во другите окна да се инсталира тој единствениот лифт та кај паркингот на ЈСП или пак другиот кај Пошта да се ма Карго Терминал ...

бреј 10 окна за товарни лифтови предвиделе, зошто ако немало абер да се користи озбилно железницата за транспорт на разна потрошувачка роба, само треба некоја соодветна композиција комотно да стават само Вело Воз та ете аир од таков лифт ...
Back to Top
FiLo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 02-Nov-2018 at 00:36


И барем да се продолжи кровот по 15-тина метри од двете страни.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Nov-2018 at 18:24

можеби прво што треба во однос Туризмот токму од Нова Железничка Станица да се направи фото бренд за по каталози, прво поприлично е уникатна како архи-проект, потем остаток од Градска Порта [1] кој рецидив можеби ет и единствениот кој е оригинален во однос планот на Танге, а што комотно може да се искористи и за негов засебен музеј како Once Upon A Time KenzoT in Skopje кој би можело да се срочи до тоа сега паркингот до Вардар, за каде порано думав дека добро би легнал некој МСУ сателит макар и во форма на павиљонски ѕидои со тензилни гумени ѕидои, ето каде може комотно да се срочи и некоја Нова 3д Реконструкција од Макетата на Кензо како засебен масивен дел од идејата за Футуристичка Скопска Градска Порта која може да ја излијат и до паркингот кон Кеј таман комотно и ко детски парк на отворено, нели и така немаат план таму да пуштаат ни пешачки мост а не пак сообраќаен ...
нејсе, земено естетски дизајнерски воопшто како архивизура, дефинитивно натур бетонот на НоЖеС може и треба да се обои ако не во бело, тогај во зелено, а што само по себе ќе му даде посебен акцент како колоритна ајде хромо-тераписка појава за градот, до душа имало некоја официјалнa архи-идеа за ваква интервенција но на пероните, што чинам троа е вишок имајќи предвид колку ситно кубуриме со средства, иако од Водно потенцијално, та и од авион би изгледал муабетот фино [2] сепак таквата атмосфера ќе ја восприемаат од птичја перпектива далеку помалку луѓе него доколку се инвестира за еднобојно освежување на цело торзо на станицата ...

во секој случај цела архи визура и сите содржини на-во-над-до и одоколу НЖС треба да бидат покреативно обмислени [3] можат да одат комотно и со Хелиодром како масивен градски а безбеден прилог врз слепите перони [4]

но дефинитивно мора да го освежат надворешно кровот/настрешницата на пероните, што мислам дпмн го стори внатрешно, но види бељата надворешно изгледа им било скапо, пицнат стан руинирана фасада, бар нека пуштат графити бомбери со кеиф ќе ги покријат тоа флеките од кал прашина и рѓа кои сега ни со ефтини билборди можат да се покријат, на страна што со билбордите цела визура на станицата е искилавена, ако веќе тераат со билборди тоа нека го чинат исцело од крај до крај по оградата или нукако а не ко што е сега ефтин конзумеристичко-транспортен чекпоинт ко за некое диво предградие во Куманово
комотно можат да го освежат Жолто кровот, слично ко што е гајбата на лавоите во Зооошка [5] а ќе легне и во боите на знамето да оит муабетот, црвен труп, жолта настрешница иако може и зелен труп црвена настрешница а жолт ентериер внатре од крај докрај, ако ви остане ваква каква што е ќе се Чуди Чоек уште долго кога ќе стигне в Сскопје дали застанал возо во Центар на Град или пак некое оредградие



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Oct-2018 at 01:00

CH Promo



   
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Jul-2018 at 11:55

бидејќи во Дизајн влегуваат повеќе категории, кои веќе генерално се коментирани и во други нишки во овој Ж подфорум, мислам може тие постови тука во оваа нишка да се сместат или линкуваат, иако немора, но убо би било да има ваква засебна тема ...

та би прокоментирал тука зошто Железничкиот Сообраќај може ојде два чекора назад, наместо бар еден напред со новите кинески гарнитури, а во однос Автобускиот Сообраќај ...

мислам Седиште е озбилна работа која влијае на нечија перцепција за удобност, и иако новите седишта се удобни и широки, чинам бидејќи се статични после 4 часа возење повторно Чоек е укочен, а з'ш станува збор за интерсити возои а кои тоа кај нас не се истите немаат ни особен акцент на дополнителна удобност, бар меѓу првите IC-a логиката е ова ако се земе името за репер, а како застанува на секоја станица кај нас возот, може да се каже ова кинезите немаат сега таква намена, иако заради ова пак моторот колку што разбрв се оптоварувал бидејќи се правени за меѓуградски а не комјутинг превоз, но зошто/како не се разбирам во однос стандардизацијата кај трендовите и возоите, но би рекол во минатиот век можевте да се подоптегнете нормално во купе, додека сега ќе морате да се свлечкате во седиште, бар јас не приметив дека кај овие нови гарнитури седиштата можат да се навалат дополнително, што може за релација од саат два нема потреба, она доколку вовие возови застануваа само во големите градови, но вака по 4-саати возење излегува автобускиот превоз е покомфорен иако натиснат ... не приметивно мислам немаат полнач за usb приклучок на секое седиште, а не пак приклучок за радио, веројатно ова влегувало во дополнителна опрема, а капак е пушалната предпорти на секоја станица, наместо да има засебен вагон за пушачи, иако заради еу знаменцата мораме и ние да се аклиматизираме на ноу-смокин-трејнои, мислам паметно и убо, но поарно нека лупнат јаки казни и да нема вакви глупости на ж.постојки, а нека пуштат една смокинг-гарнитура во денот, та оние кои неможат навистина да се воздржат нека си резервираат карти за тој интервал, но ми се чининие за баланс не знаеме туку тераме во екстреми, а сакаме поголема искористеност на железничкиот транспорт, но нели ако новиве возови заради туризам и етика мораат да бидат беспрекорни нека ги резервираат само за 4-ри града од Ск до Бт а нормално за селските нека пуштат од старите композиции во кои ќе има и вагон за пушачи, но и за точаци, а зошто да не и за рурално-карго до одредена тежина, вака сега оди бате со лопатите во кинезот оти навистина нема друго! но нели ако некој рече тоа не може, а нема алтернатива ете ти излупани или ишкртани возои, плус за да не се шкртаат новите комотно можат на младите да им остават слободен простор да ги бомбардираат старите композиции со графити секојдневно но да има картонски шаблони за прозорите како не би се реметеле стаклата, мислам комотно ќе дотераме не до туристички спин ами и поголема искористеност и на старите вагони од младите него вообичаено, само да не тераат кичерајски со тоа треинспотинг-журки сетне по возои, она да се задржи колку толку фокус на транспортот него забавата, а доколку им е до такви забави нека бараат во депото да им дозволат соодветен простор иако и тоа безбедносно е ризично, та нека им направат некој железнички амфитеатар со столои од воз а стејџ од локомотива, бар сега ги имаме спремни за рецклирање во недоглед, иако тоа еве чинам е најголема глупост, та ако немаа акал за Железнички Музеј да срочат можеа вака некако да го изиграат ќарот од старо железо, колку само Селски Станици ќе си добиеја уникатно бифе ако не друго ...

туку да не кршам клечки еве нека се инспирираат некаде што може да менуваат, а тоа колска да им го испорача, белким не ја сотреја, а доколку тоа е случај нека ги ангажираат нивните дизајнери за тековни одржувања во МЖТ па тоа пероните бар нека ги стокмат оригинално со ретро столои, она како било некогаш во воз кога тука врвел Балкан Експрес ... бреј да не знаеме нит од железничка историја да профитираме ето бар естетски ...

http://www.railwayinteriors-expo.com/en/



Edited by Zelenikovo - 24-Jul-2018 at 11:58
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jul-2018 at 07:00

овој утрински воз на МЖТ во 6 и 42 интересно тргна на време, што укажува на техничка експедитивност, но дефинитивно им фали да поработат на имиџот, од ндуктери преку машиновозачи па се до механичари и скретничари, бар облеката да им е во тоа со боите на композициите, иако сега им е со боите на логото сини кошули, а претпоставувам жолти чорапи но ќе беше добар туристички спин бар кондуктер-стујардеси да имавме кои ќе ве пречекаат испратат и помогнат на постари или инвалиди, но и понудат со вода, благо или слушалки, јасно македонска музика во возои ...

туку шала на страна, дефинитивно треба МЖТ да си смени логото, оти вака делува ко да сте во земја Таксират а не Македонија, а можат и симболично да одат со М-то ко Сонце пред над или како основа за ЖТ, нели доколку се срамат во акционерското друштво од М-то, бидејќи разбрав дека некој некако им забранил во неврзан разговор на перон утрово ...

интересна забелешка би била дека Логото е сино, но и подот и вецеата на кинеските композиции, чиниш ко да сакал некој да остави супер абер за вожњата, на која сега и недостасува само инвентивност за да биде што поатрактивна опција на транспорт кај Народ можеби кинески ноухау за соларни композиции [1] и така ко први во еу со кинеска технологија можеме и на овој основ да побараме од кинезите соработка, јасно ако не не' учичат во Бришел ко нерамноправни, а со изговор дека така ќе бидеме кинески хаб за кинески технологии кои во еу поминуваат не поминуваат ни на интермецо тв канали, сепак ова е висока технологија и логично ако вака ги поставиме нештата ќе добиваме и сефте серии кои уште пологично ќе бидат иако за ефтини пари или на поклон добиени прилично стегнати, прашање е колку самите знаеме да избереме што ни треба ... но и да знаеме ако онака колоритно и понатака спинуваме бадијала од се' најдобро да ни ветуваат или пак имаме, бидејќи додека ние си губиме време на спинои, аирот си оит кај друг а за сметка на Народ ...

...

хм може треба и во однос Нова Железничка станица да думаа со време дека требаи таа да е во боите на Македонија, а вака само дел од неа [1] ајде ете имаме бар нешто заедничко со антиката и на овој план ...


Edited by Zelenikovo - 24-Jul-2018 at 07:07
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Jul-2018 at 06:42

утрово приметив новина на една од кинеските композиции на МЖТ го стаиле логото на АД-то кое иако е олдскул ептен штрчи во однос боите на композицијата, бар и него да го напраеле жарко а не во флат тон ...



исто треба како логотип да има и МЖ пред Т-то, вака делува небаре ад-то е приватно, а не е, но нели битно имаме лого, а логото ефтино склепано ефтино лепнато, се надевам не им е таква и услугата ...


Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.