build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Експресен пат Тетово - Јажинце
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Тетово - Јажинце

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Joralemon View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 22
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Експресен пат Тетово - Јажинце
    Posted: 21-Jul-2018 at 12:34
Од податоците за просечениот годишен дневен сообраќај (ПГДС) како најфреквентни делници во Македонија се Тетово-Гостивар (со ПГДС околу 13.000) и Тетово-Скопје (со ПГДС околу 11.000). Она е што е чудно е фактот е дека собраќајот од овие делници кон делницата Тетово-Јажинце (која има ПГДС над 6.000) се одвива преку влегување во самиот град (булеварот Благоја Тоска). Не само што досега не е изградена обиколница која би ги паврзало автопатот Скопје-Тетово со Тетово-Јажинце, туку тоа не е во програмта ни на владата или програмата на некоја политичка партија. За споредба делницата Штип-Кадрифаково има понизок ПГДС од Тетово-Јажинце и таму се гради автопат. Или, пред неоклку дена министерот Сугарески кажа дека ќе се гради обиколница околу Ресен, град кој има 8.500 жители, а Тетово има околу 75.000 жители.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 799
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Jul-2018 at 13:14
Изградба на нов експресен пат на релација Тетово - Јажинце е стратешки приоритет за следниве 10 години, со самото тоа ако не грешам планирано е и поврзување со автопатот, односно обиколница претпоставувам од источната страна на Тетово.
Back to Top
Joralemon View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 22
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Jul-2018 at 16:30
Не е петребно да се изгради експресен пат до Јажинце. ПГДС од Тетово до Непроштено е многу голем, од Непроштено до Доброште просечен, од Доброште до Јажинце мал. Експресниот пат како обиколница треба да се изгради од влезот на Тетово (кај Палма Мал) до Непроштено (кај Ренова). Кај останатиот дел од патот не треба многу измени.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12101
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Jul-2018 at 16:35


Веројатно ќе биде сериозен градежен и финансиски предизвик експресниот пат Тетово - Јажинце да се поврзе директно на постоечката клучка „Тетово исток“, а тоа воедно да биде и добро сообраќајно решение.

Треба да се разгледа и можноста експресниот пат да почнува на пример од еден поголем кружен тек овде:
42° 0'16.24"N  20°59'9.01"E
... па потоа да се движи паралелно со пругата.
Вакво решение би овозможило на тој голем кружен тек да се врзат (директно или индиректно) и другите локални сообраќајници, како што е излезот од Палма Мол, а со тоа ќе може да се елиминира оној никаков, мал и несоодветен кружен тек што сега функционира таму и кој покрај останатото е премногу блиску до клучката.

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1215
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Jul-2018 at 20:50

охо Кло почнал да дума неклучно ... зошто голем кружен ток кога може клучка, која е логика за експресен пат да се врзе кружен ток, експрес кружници може само да ја збркаат работа чинам, која е просечна брзина на ваков пат во однос ПГДС кад е товарен транспорт велосипедисти пепаци итн. мислам не дека сум експерт но онака лаички думам дека нема тука логика за голем кружен ток ... клучка би требало да се финансира и како регионален приоритет чинам, бидејќи така и за другите општини се зголемува просечната брзина од и до Тетово!?

него оф. дали и колку ПГДС ќе се намали ако има меѓуградски возови Ск-Ох кои ќе имаат просечна брзина од 80км на час, возможно ли е со воз дневно да се превезат бар 1000к патници во еден правец!? дали тоа значи двосмерен брз колосек, хм, каде се мештани а каде туристи, колите и автобусите уште долго ќе бидат главен транспортен мод кај нас ...

Edited by Zelenikovo - 24-Jul-2018 at 20:50
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12101
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jul-2018 at 20:59
Originally posted by Zelenikovo

зошто голем кружен ток кога може клучка


Малку попрецизно: каде, како?
Скицирај, нацртај...

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1215
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Jul-2018 at 21:05

нормално компензација, а ако немоит, ти текнуе на оние мои идеи за подвозник надвозник ...

~

пред да рече некој клучка до клучка неоит, ето се испостави дека онаа кај Бит Пазар е малку та нормално сега ќе се оди со уште една кај Мавровка ... од Токио може сме далеку но блиску сме до Берлин, нели ветуваа пари, еве нека се покажат предпристапно, или и за вакво нешто ќе каскаме со проекти, а кога ќе секнат фондои да свртиме на импровизации

кружен ток на излез ни во Битола не е функционална работа а не пак Тетово, но можеби грешам, доколку приоритет е безбедноста а на Народ му се брза, во кој случај и навистина кружен ток е решение ...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1808
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Jul-2018 at 23:08
Еве некои аматерски решенија кои ги нацртав набрзина. Не знам колку се применливи

Црвено - постоечки автопат/експресен пат
Зелено - планиран експресен пат
Жолто - постоечки булевар













Накнадно доцртан правец
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Joralemon View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 22
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Aug-2018 at 20:06


Влезот во Тетово од Скопје



Патот Тетово-Јажинце кај Порој
Back to Top
Joralemon View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 22
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Dec-2018 at 13:23
Државата не знае кога ќе го гради експресниот пат Тетово-Јажинце

Веста за тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово – Јажинце не е новост за граѓаните од Полошкиот регион, туку информацијата кој е загинат или колку лица се повредени. Благодарејќи на десетиците сообраќајни несреќи што се случуваат во текот на годинава, овој регионален пат е една од најопасните црни точки на македонските патишта. Самиот пат е изграден од Југословенската народна армија за своите потреби пред неколку децении, а последен пат е реконструиран во 2014 година. Покрај проблематична ширина на патниот правец, причини за постојаните сообраќајни несреќи се неприлагодената брзина на возачите, но и фактот што патниот правец влегува во бројни населени места.

Граѓаните од Полошкиот регион со години наназад бараат изградба на експресен пат кон границата со Косово, којшто би значел и изведба на целосно нова траса надвор од населените места. Сепак, во владината програма не е наведена оваа инвестиција како приоритет за реализација. „Билд“ во два наврати деновиве побара подетални информации за тоа дали се работи на проектирање на нов експресен пат Тетово – Јажинце, но притоа не доби одговор од надлежните власти.

Актуелните податоци од Нацрт – Национална стратегија за транспорт 2018 – 2030 година покажуваат дека по регионалниот пат Тетово – Јажинце сообраќаат по 8.121 возило дневно, и тоа според мерењата на просечниот годишен дневен сообраќај од 2015 година објавени во овој документ. Ваквите алармантни податоци означуваат дека на овој патен правец минуваат повеќе возила и во споредба со половина од трасата на автопатот Табановце – Гевгелија долж Коридорот 10. И покрај ова, сообраќајот од Тетово кон граничниот премин со Косово е насочен директно на булеварот „Благоја Тоска“, со што се создава голем сообраќаен метеж во самиот град.

За потребите на македонската стратегија за транспорт, сообраќајните инженери извршиле анализа на соодносот меѓу обемот и капацитетот на патиштата, при што утврдиле дека најголема оптовареност постои токму на постојниот патен правец Тетово – Јажинце. Документот објавен на веб – страницата на Министерството за транспорт и врски укажува на фактот дека во 2025 година бројката на возила што во просек ќе се движат на поедини сегменти од овој патен правец ќе биде еднаква на капацитетот на возила што може да ги прими самиот пат. Според ваквите истражувања, токму надградбата на овој патен правец би требало да постане приоритет за македонската влада и Јавното претпријатие за државни патишта.

Наместо дејствување, надлежните институции засега молчат на оваа тема, а граѓаните долж трасата самоиницијативно поставуваат лежечки полицајци за да се заштитат од напливот на возила. Со последната реконструкција на регионалниот пат Тетово – Јажинце единствено се постави нов асфалт на 16,5 од вкупно 28 – те километри на оваа траса. Најави за изградба на нов пат нема ниту во ветувањата на политичарите.


Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.mk

http://build.mk/drzhavata-ne-znae-koga-ke-go-gradi-ekspresniot-pat-tetovo-jazhintse/
Back to Top
Joralemon View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 22
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-Jan-2019 at 19:39
„ЕКОГЕРИЛА“: ДА СЕ ИЗГРАДИ ОБИКОЛНИЦА ВО ТЕТОВО ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО

По објавувањето на стратешкиот план за развивање на патната инфраструктура, реагираат од движењето „Екогерила“, од каде обвинуваат дека Тетово било запоставено.

Велат дека поради недостигот од обиколница возилата минуваат преку градските улици на Тетово со што се зголемува загадењето.

„За да се оди во правецот Тетово – Јажинце, каде дневниот сообраќај е околу 8.000 возила дневно, возилата кои доаѓаат од правецот на Скопје и Гостивар трeба да поминат преку градските улици на Тетово. Со ова се зголемува загадувањето и се оптоварува сообраќајот што е во хаотична состојба. Владата ни во планот за 2019 година ни во стратешкиот план 2019-2030 нема предвидено план за изградба на обиколницата за да ги поврзува овие патни правци“, велат од „Екогерила“ преку соопштение.

Бараат од Владата итно да го ревидира планот и да ја изгради обиколницата која сметаат дека ќе има сериозно влијание врз намалувањето на загадувањето и сообраќајот.

https://lokalno.mk/ekogerila-da-se-izgradi-obikolnitsa-vo-tetovo-za-da-se-namali-zagaduvaneto/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-May-2020 at 22:04
Во прилог една мапа од националната траснпортна стратегија на Македонија 2018-2030. На мапата е прикажан ткн. клучен индикатор односно коефициент Обем/Капацитет, односно коефициент кој покажува каде е најпотребно да се инвестира, а не само бахато следење што е проектирано да биде коридор/автопат/ескпресен на долг рок. Од мапава се гледа дека патот Тетово-Јажинце е единствениот моментално во Македонија којшто заради капацитивна потреба треба да прерасне во експресен/автопат, и да биде изваден надвор од "североисточниот крак на подшарпланинскиот мегалоселис", а не да биде причината за инвестиција само заради тоа што тоа било дел од некој коридор или било во нечија партиска програма или слично.

Во Македонија, неможе а да не се избегне фактот дека коалициониот политички фактор во владата на МК, нека звучам и политички некоректно, прифаќам и ако ми забележите заради тоа, но ќе кажам албанскиот политички фактор наместо да ги следи реално проблемите и потребите на нивните гласачи пред коишто се легитимираат, потреби кои јасно се укажани на мапава, они се фатија да водат косовска реактивна политика во Македонија па како дел од владината програма прво го понудија автопатот Скопје - Блаце наместно да му се даде приоритет на овој. Автопатот Скопје-Блаце е само ехо на Автопатот Приштина - Генерал Јанковиќ (ЕлезХан) и потребата регионалните албански политичари да покажат комплетирање на некаква прекугранична албанска целина која ги премостила границите кои ги ете делат албанците. Удирањето штикла во сопственото тефтерче го ставија пред реалните потреби на нивните гласачи.

Реалните потреби се заборавени, а супер би било да имаме еден Cloverleaf клучка на влез на Тетово и да се раководиме во инвестициите како што тоа се прави секаде по свет.

Погоре читам интересни идеи, а секако не сте изоставиле она што природно му доаѓа на секој кога ќе го види полошкиот крај на мапа, а тоа е модификацијата на клучката на влез на Тетово, како што споменав, би можело да има еден убав Cloverleaf, детелинка комплетна со full достапност 16/16 за прв пат во Македонија.



Прашање е и колку би била косовската страна заинтересирана и смпремна да инвестира повторно во еден крак низ Качаничка клисура према преминот Јажинце, со оглед на тоа што на наша страна е токму лесниот дел рамничарски, а од Косовска страна потешкиот терен, но мислам дека токму ова е оската Гостивар-Тетово-Качаник-Урошевац(Феризовиќ)-Приштина која треба да се "брка" за да се комплетира. Скопје не припаѓа на таа оска и неможе вештачки да се натера да биде. И да се комплетира Скопје-Блаце, нема ни малку да одвлече сообраќај од Тетово-Јажинце. Што порано се зафатат и двете страни со изведба на овој пат, тоа подобро и за двете страни.



Edited by user8642 - 23-May-2020 at 22:19
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1808
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-May-2020 at 22:52
Не ми изгледа дека Ѓурѓедел-Глобочица би им било приоритет на Косоварите. Ние треба да направиме експресен пат до таму, а истиот да биде со карактеристики кои подоцна лесно би овозможиле трансформирање во автопат.

Автопат Скопје-Приштина требаше, сепак сме главни градови на соседни земји со голема економска размена, а пат кон Скопје на Косово му овозможува подобро поврзување со други земји (ако не се лажам ова ќе му е прва директна врска со меѓунардноната мрежа автопати), вклучително и солунското пристаниште, додека пат кон Тетово не им е од големо стратешко значење, а кон Албанија и Драч веќе го имаат Е80 па не им треба обиколка преку Охрид или Дебар. Не велам дека не е битен, и тоа како е и во иднина треба да има автопат до Јажинце, ама приоритет е оној до Блаце; и онака е завршен од другата страна на границата. Мора што поскоро да се изгради и искористи максимално, со привлечни содржини долж него и зголемена трговија.

Edited by Staro Skopje - 23-May-2020 at 22:55
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-May-2020 at 23:00
Да, точно е, има и еден фактор кој мапата не го открива, тоа е товарниот сообраќај, трговската размена. Кога брои само едно возило, а тоа може е камион со трговска размена, за разлика од Јажинце каде има голем број возила, индивидуални автомобили, ама помалку трговска размена.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1808
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-May-2020 at 23:15
Тука треба да се вкалкулира и лошото железничко поврзување (слабата инфраструктурата и нејзиното мало ползување). Не е луда идеја и за пруга Тетово-Јажинце, која може да биде вметната во долгорочна железничка стратегија, но за нејзино исполнување и искористување треба поголем економски развој, меѓучовечка соработка и пад на границите.

Качаник треба да се привлече како прекугранична секундарна метро зона на Скопје (има планови од СФРЈ, ги објавив во темата за Скопје 1963), а има уште еден куп интересни работи кои можат да се направат. Но за ова треба да се напушти балканскиот менталитет на стока, Косоварите да почнат да учат (и научат!) српски (а со тоа индиректно и македонски), а кај нас да се воведе предмет „Јазици на немнозинските заедници во Северна Македонија“, со што, покрај тоа што 100% од Македонците (како државна, не етничка заедница) течно би збореле македонски јазик, голем број луѓе би научиле и албански, турски, влашки или ромски (српскохрватскобосанскоцрногорски е излишно да се коментира).

Originally posted by Staro Skopje

Извадоци од книгата „Skopje Resurgent: The Story of a United Nations Special Fund Town Planning Project“ објавена од Обединетите Нации во 1970 година, поставена на scribd: https://www.scribd.com/document/156218426/Skopje-Resurgent-The-Story-of-a-United-Nations-Special-Fund-Town-Planning-Project [Attribution Non-Commercial (BY-NC) Copyright].

Во книгата на 390 станици е опишан земјотресот, помошта за справување со неговите последици, изработката на мастер-планот за обнова на градот и неговата имплеменација. Содржи голем број на досега необјавени фотографии, информации и карти, како на пример видот на земјата или цената на плацовите по реони.

Скопскиот регион и нему придружните области од СР Македонија, СР Србија и АП Косово и Метохија


Edited by Staro Skopje - 23-May-2020 at 23:17
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-May-2020 at 23:28
Железничкото поврзување е уште полесно, фалат само 18 км, пругата веќе проаѓа од кај Орашје/Дворце и може лесно да се направи ваква конекција. Штета што не е актуелна железницата генрално по балканов како превозно средство.



Edited by user8642 - 23-May-2020 at 23:29
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 121
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #17 Posted: Yesterday at 07:44
да го ставаш тетово јажинце пред скопје блаце, ја не би отварал дискусија, патишта не се прават по оптоварувањето на патот, туку некогаш се прават и по визија, изгледа со повеќето не се слагаме за ова прашање така да не се ни расправам.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: Yesterday at 12:06
Зашто тогаш воопшто ни треба физибилити студии, бројчаници, магнетни јамки, анализи, кога си имаме лидери со визии. Тетово-Јажинце има позитивен business-case, тоа треба да се искористи, тоа треба да е надвор од сите математики на купче со други проекти. Тоа не е трошок како што се другите автопати, зијан пари па изведбата на ова да му земе на друго место, тука инвестицијата индиректно се враќа.

Југославија на двапати визионерски ја промаши трасата на Скопје-Велес, наместо преку Градманци, Иванковци каде има исторски записи од патеписци од каде оделе со магарињата за Велес, природната рута, на двапати одбраа потежок терен и таа визија резултираше со уште една визија од поновото време пред десетина години, визијата Миладиновци-Штип, надвор од сите европски и природни коридори, но многу потребна за времето во кое беше измислена како идеја. А се ќе беше многу поефтино ако имавме права визија многу одамна, една тространа ѕвезда, Иванковци-Скопје, Иванковци-Велес, Иванковци-Штип. Ама не сме ние америка, го немаме Ајзенхауер со планот по кој америка гради автопати веќе 70 години, е тоа е визија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.