build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Шутка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Шутка
    Posted: 06-Sep-2018 at 15:51

барајќи денес абер за посетата на Кенеди месец дена пред скопскиот земјотрес '63-та на отанизираната база во Неапол, ништо слично со Меркел пред референдумот в Скопје, налетав на неаполското село Просида кое може да се каже дека треба да биде репер за Шутка односно и за општината и за градот да субвенционираат фасадна експлозија на папагал бои и фрактални форми, иако не мора да се брзаат бидејќи сега центарот е соодветна шутка, но сепак мислам дека ако о.ШутоОризари биде обмислено како во однос сообраќајот проточно [1] така и во однос визурите колоритно, местото ќе стане атрактивна дестинација за скопјани и повеќе од пазарџиско, таман да проба Чоек и ромски специјалитети освен текстил ако се субвенционира на ангро кулинарски дгледување гуски и зајци, а за туристите да имаат причина плус за посета добро би било ако не трамвај тогаш отворени двокатни автобуси да тераат до таму, просто сигурно има и такви туристи кои се плашат во вакво место да минат пеш, но сигурно со задоволство би минале со туристички автобус, а на крај можат да се враќаат од кај Бутел за да имаат и блиска панорама од СЦГ ... вака населбата може да бидне хостел фри зона, а бонус би било секое маало да има препознатливи бои и симболи ... тоа средениве бараки и куќи плачат за графит ако не хрома, а не пак тоа карабините ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=189513#189513





навистина oригиналноста околу боењето ѕидои не мора да чини многу, може да одат брзо ефтино и лесно со растворен радикол + оксидни бои како тонер и ето екстра обоени фасади кои подолго би задржале свежина на плеќи, а патем може да се оди и со флорални шаблони, само незнам кое цвеќе е типично за градов чинам каранфил во минатото а бегонија во титоизмот иако би ги потсетил локалните комуњари дека зорт локална симболика можат да закачат така [1] та логично поубо е со каранфил или паун место папагал мурали да одат ...

http://culturainquieta.com/es/arte/musica/item/9323-30-most-colorful-cities-around-the-world.html



неверојатно малку фали за со оштроумна стратегија ОШО бидне ТОШО - Тру Општина Шуто Оризари нормал стратегот треба да е локалец а не скопјанец, за да овие сцени биднат фараонски пејсажи, поубаи и од неаполскиот шарен бисер, кој ниту една политичка партија не може да го купи, а сигурно и ТОШО нема никој да може, јасно ако се потрудиме да му посветиме внимание наместо да чекаме сам да се оправи!








Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 02-Feb-2019 at 15:15

кога веќе затеруваме и официјално Граѓанско Општество, а потпрено на рамковни мултикулти темели, иако дефакто сега се бинационални а треба да се мултинационални, паметно ќе биде да се проба да се бира Градоначалник на Скопје по мултикулти клуч а за да се ескивира каква и да бинационална гачка во иднина, како, прво Градскиот Татко да не се бира туку само потврдува на локални избори, додека Скопски Татко би го давале ротирачки на една година сите скопски општини, што при биометриски избори многу брзо и од дома Човек би можел да го гласа или не, смешно можеби за мнозина како идеја/и, но писле сотрувањето на АСНОМ не верувам дека постои некоја идеја во Македонија која е недоносена повеќе од тоа!

зошто посочувам вакво чудно мултикулти решение, просто за да ако веќе тераме шампионски како космополити, давајќи им еднакво право на сите сограѓани ќе дочекаме и Градски татко кој е Ром однос би го дала како Општина Шутка ... вакво нешто нема да најдете другде како модел, но плсекако нам би ни кренало акции во однос Човекови права и како се нашол модел кој ќе им даде можмост на сите за миг да биднат ете бар на кормилото на Скопјекако главен град ...

ваков модел на Скопска Градоначалничка ротација преку општински Градоначалници би ги сплотило и сите Скопски Општини, тоа воедно ќе значи рамномерен развој на Градот, но и компактирање на агендите на сите нивоа, та ако сакате да имате здрав туризам само така брзо би ги надминале крпениците како во Центар така и наоколу, а во кои околности Шутка би добила и повеќе на значење бидејќи при својата ротација би ги форсирала за решавање своите проблеми или плтреба од посодветна шминка онаму каде Градот има надлежност, така и ќе бидат поупатени меѓусебно опптинските градоначалници та и логично би се помагале некако, административно ако не поинаку ...

може за ваква идеја да оди и нова нишка, но сакав токму заради мултикулти аберот но и потребата сите во Македонија да се некако еднакви токму тука да го пуштам муабетов, рамноправноста не е никогаш во изедначување, ТУКУ ВО НАДОПОЛНУВАЊЕ, односно без да наоѓаме начини да се сплотуваме нема никогаш ниту да го надминеме гетоизирањето во енклави, дополнително ова би требало да е норма бидејќи сакаме да ја тераме наопаку од горе надоле, а треба од доле нагоре, најнапред на Градско, па Регионално, а на крај на Државно ниво да одиме со мултикултурен пристап, во спротивно аирлија гетоизирањето и сепаратизмот посеан заради грешка во чекори ...

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Feb-2019 at 19:00

во однос колку Луѓе има гладни денеска, последно гајле би било (сигурно си мислат мнозина за) онаков предлог како во првиот пост за освежување на Шутка колоритно или пак графитно, но доколку се дума протуристички би било паметно да се најде начин како сокрш фасадите или оградите да бидат припитомени некако за што наједноставно би било со шаренило, а може да се оди и со ползавци како пејсажна маска, но кој да повлече нога за вакво нешто, логично Општината, а со помош на европски фондови и овдешна државна уристичка агенда за разубавување на ШУТКА, што не само што би имало Социјален хромотрраписки ефект, туку и повесело а така попрвилечно би било за Бекпакери ако не другите категории туристи кои ете би нашле повеќе мотивација зошто да одат хостелиерски да отседнат таму, не дека ќе се офајдат Шутканци од нив материјално многу но ќе им ја кренат атмосфера на далеку повисоко ниво, не ме чуди утре тоа да повлече и некој фестивал или манифестација која би била препознатлива за Општината и пошироко во регионот пр. фестивал за Брејкденсери илити фестивал за Зурли и Тапани, иако заради Христијанство и Ислам треба да се има осет сето тоа да не прејде во разврат туку да се оди на промотивни манифестации кои биизнедриле Панаѓур на кој многу Народ би можел да се офајди за месец да помини, при што Општината би требало да им дозволи тезга само на Социјални Семејства да добијат ...

Само Стритбол Натпревари да почнат да се оджуваат па Општината ќе живне, иако треба и повеќе Кошови да се инсталираат во населбата за Младита да се стимулирани да си денгубат времето бар спортски наместо малџиски, но сето ова е само Убаво како идеја доколку не се впрегнат сили од сите надлежни ете бар на ниво на Град Скопје кои би помогнале да како прилог на ЛЕАП-от за Шутка се додадат и вакви смерници заради поздрав Животен Стил ...

еве тро видео претоп како колажна поука за поентата од погоре дека малку фали за многу што на поарно да се промени, истиот е микс од софиски графит [1] и репортажа на шпигел [2] а место нив евентуално би оделе фотомонтажи од ѕидови и фрактали [3]

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Feb-2019 at 03:44

туризмот, колку и да се шминка Шутка, посекако нема да нарани многу нејзини Жители, но ќе биде озбилен фавела спин за Скопје кој би ја заокружил туристичката разновидност на Градот, за возврат треба властите да размислуваат како да се помогне тамошното население околу вработеноста што најчесто го заокружуваат декларативно дека за тоа има главен збор Образованието, а што мислам во случајот со Шутка не е доволно бидејќи Ромите се Номадски Народ кој зависел од Земјоделие и Сточарство, но кои денеска бидејќи се урбанизирани па и не можат да им бидат традиционален економски столб, најчесто субституиран со Трговија или Занаетчиство, капак природниот прираст наметнува потреба да се размислува проактивно па за возврат туристичкиот шмек на Скопје чинам треба да се возврати на Шутка со еден Ромски Работнички Универзитет како побрзо/полесно би се преквалификувале младите и биднат поконкуретни на пазарот, а за да се осигура сето тоа треба да се размислува како да се оформи и стимулира во близина и Индустриска Зона која би им била и мотивација на 12-те илјади Роми во Општината, веројатно уште толку се на Печалба, кои пак од спунт исто можат да помогнат ако не околу стандардот тогаш имиџот на населбата т.е. за да како печалбарите бидат мотивирани да се враќаат дома мора да се создадат неколку околности заради кои тоа ќе им биде драго да го сторат бар како пензионери - најнапред дислоцирање на затворот од таму бидејќи некако ги жигосува Ромите како скопјани на социјални маргини, а потем треба и урбанизацијата попедантно да се движи кон Визбегово, јасно неопхода е и шминката како општински субвенционирана инерција во однос Зеленилото како семејна норма, ех кога секој двор би имал по едно дрво или грмушка населбата ни од блиску нема да одава гетоизиран имиџ, а дури на крај можеби се на ред незакрпените ѕидови кои како што велам може креативно да се оплеменат ...

веројатно минорен, но социјално исто толку битен момент е да се види дали именувањето Шутка кое е неформално треба и може да се надмине преку официјално именување на населбата [1][2][3] т.е. дали не е/била пежоративна именка Шутка ја како рецидив од минатото станала норма, можеби заменувајќи ја со некоја посуптилна ако не традиционална за така да се добие нов шмек за населбата, од номадски аспект и во однос амблемот на општината, населбата може да се именува како Кололас, Рота или Рада односно како Македонските Роми го именуваат тркалото ... од ова не куца магарето посекако но капка по капка река две езеро ...

...



Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.