build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Garden Inn Residence - Ѓорче Петров
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Garden Inn Residence - Ѓорче Петров

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Garden Inn Residence - Ѓорче Петров
    Posted: 29-Sep-2018 at 13:46
Станува збор за нов станбено-деловен комплекс кој се наоѓа во непосредна близина на Еко населбата Александрија.

Рендери во продолжение









Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Sep-2018 at 13:47
Уште нешто околу инвестицијава...


Нова градежна инвестиција на бизнисменот Имер Селмани

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на настан посветен на отпочнување со изградба на нов модерен станбено деловен објект Гарден Ресиденс Ин. Станува збор за домашна инвестиција од 10 милиони евра, објект кој ќе се простира на површина од 22.000 м2 и кој ќе понуди нови современи услови за домување.

Премиерот Заев во своето обраќање ја поздрави оваа храбра одлука за инвестиција во капитален проект којшто ќе го краси Скопје и ќе донесе трајни придобивки за граѓаните.

„Мене ми е многу драго што општественици луѓе, инвеститори го доловиле моментот дека претстои убава иднина на нашата Македонија, а тоа секако нашите граѓани ќе го верификуваат на претстојниот референдум“, рече премиерот Заев.

Зборувајќи за амбиентот за инвестирање којшто се создава по поканата за членство во НАТО и започнатиот процес за преговори со ЕУ премиерот Заев ја нагласи позицијата којашто Македонија ја добива како стабилна и пријатна дестинација за многу нови инвестиции и домашни и странски.

„Државата преку капиталните инвестиции ќе помогне во изградбата на улиците, топловодните мрежи, водоводните и канализационите мрежи и до оваа локација и за Скопје и за цела Македонија. Ние ќе продолжиме по тој пат да бидеме ваша поддршка. Почетокот на овој проект е доказ на добра соработка во полза на инвеститорите, помеѓу Владата, помеѓу општина Ѓорче Петров и градот Скопје. Ние сме тука да ви служиме и да бидеме ваш сервис бидејќи придобивките остануваат за граѓаните на Република Македонија“, потенцираше премиерот Заев во своето обраќање на настанот посветен на изградба на станбено деловниот комплекс Гарден Ресиденс Ин.

По повод започнувањето со изградба на овој капитален објект свои обраќања на настанот имаа градоначалниците на општина Ѓорче Петров и град Скопје, Александар Наумовски и Петре Шилегов кои порачаа дека општините ги поддржуваат приватните инвестиции преку квалитетни услуги и дека со реализацијата на овој проект започнува исполнувањето на една нова визија за Скопје.

Инвеститорот и сопственик на БисОил, Имер Селмани во своето обраќање рече дека оваа капитална инвестиција преку квалитетна градба, ќе понуди еден нов концепт на урбано и модерно домувањеоплеменет со зелени површини што ќе претставува нов стил на живеење за нашите граѓани според нови модерни европски стандарди.

„Ова е наш мал придонес како инвеститори да ја донесеме Европа овде кај нас, од вас очекуваме да не понесете во Европската Унија, во големото семејство на вредности и ваквите проекти да гледаме во секој дел од нашата преубава Република Македонија“, порача инвеститорот Селмани.

http://24info.mk/нова-градежна-инвестиција-на-бизнисм/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Oct-2018 at 07:11
Еве уште неколку фотки,патем ако може некој нека постави кранче



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Oct-2018 at 18:53
Од фб,во позадина на втората фотка Еко населбата Александрија






Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Nov-2018 at 18:45
Од фб





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Nov-2018 at 19:45
Од фб

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Nov-2018 at 14:27
Од фб

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.