build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ЗСФ КОМ - Аеродром, кај Мајчин Дом
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ЗСФ КОМ - Аеродром, кај Мајчин Дом

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 17-May-2020 at 16:00
Закон во РСМ не постои, без оглед што пишува во книфчињата. Многу поголем проблем ќе биде паркирањето позади тобако 2, кај што ретко кој купил паркинг плац, а десеткатниците се на 10 метарски растојание една од друга и главната улица руди чајевац е потесна од сервисната уличка кај мајчин дом.
Back to Top
nikolatriki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote nikolatriki Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 17-May-2020 at 22:18
Originally posted by stef4o

@nikolatriki

Добредојде на форумот.Бидејќи спомена дека имаш земено стан во зградава па ме интересира дали е во делот со разиграните тераси каде добар дел од фасадата е веќе завршена или е во овој другиот дел со стандардните вовлечени тераси...и патем до која фаза се во внатрешноста бидејќи се работи за голем објект а вака надворешно може да се види дека активно работат само на фасадата.

Благодарам и тебе и на другите. Да, во делот со тие тераси. Во останатите 3 ламели нема трособни станови, освен по 1 на секој кат (кај паркингот кон 7-ца), кои беа продадени (вкупно се 8 стана), а јас барам трособен.
Прочитав за мислењето дека терасите се нефункционални, но еве го мојот впечаток кога се излегува на тераса од станот: терасата од дневна е 6.7 м2, има ѕид до плафон со соседната тераса и гледа кон терасата од мојата спална, што е ОК. Широка е, навистина не осеќаш дека си на тераса. Висока е и оградата. Мислам дека е една од најдобрите страни на станот. Имам искуство со разгледување во Импексел 2, станот гледа на Иво Лола, значи исто ко овде на булевар, го гледаш сообраќајот, тераса од дневната долга, но широка помалце од 1 м- не смееш да излезеш од страв.
Другата тераса, од спалната е 2 м2 и баш поради тоа шо го пишав со Импексел, што е мој субјективен впечаток- е супер шо ја пуштиле малтене цела плоштина во ширина. На терасата има место за четворица луѓе -гарантирам. Приватност со соседната тераса нема. По проект- треба да ја одвојат соседната со оваа, со жардињера со дрво. Жардињери не изѕидаа ко на рендерот, а одвод на ѕиданите огради поврзан со системот за одвод на терасата и климата има. Очекувам дека ќе направат импровизација со саксии ќе закачат на надворешната страна од терасите.
Внатре во тој влез е завршено со кошулица до горе и се залепени плочки во купатилата и кујните и на терасите.
Back to Top
nikolatriki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote nikolatriki Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 17-May-2020 at 23:23
Originally posted by <Fresno>

Не знам каков е законот и дали воопшто е дефинирана прецизна бројка по стан, или па тоа е оставено на секој ДУП поединечно, но 0.5 ми личи на апла криминал. Во ваков случај треба прво одговорност од секој поврзан со проектов во општината, а потоа и пренамена на првите 3 ката на пример за гаража. Ако не, рушење.

Сфаќам некој да купи стан без паркинг ако околината има доволен број надземни места и ако го погледнал ДУП-от и знае што да очекува во следни 10-15 години. Идење со глава во ѕид и после плачење за паркинг не ми е јасно, а добар дел од станарите тука ќе прават баш тоа и ќе бараат монтажни гаражи. Одговорноста е и кај купувачите кои прифаќаат компромиси од секаков тип, најчесто заради локација, што е нон-сенс.

За воља на вистината тука и нема проблем со паркинг како во останатиот дел- не од Аеродром, туку од Скопје. И јас го знам тоа.
Јас проблемот го гледам во тоа што, ете, го објави @Graditelot дека станбенава зграда треба да обезбеди на 80 м2 станбен простор 1 паркинг место. Направив пресметка со податоците од веб стр.на ЗСФ и тие треба да имаат на оваа вкупна станбена површина од 13.788 м2- 172 паркинг места. Имаат 122 и тоа го напишале дури! Тоа е без деловните простории на приземје. Значи само треба да прочиташ, си го пишува криминалот, ама неписмени луѓе во инспекторати па не гледаат. Настрана што законот не е добар, барем така мислам. Во зградава од 250 стана само 40 се со квадратура од 80 и нагоре, над 200 се по 40-тина квадрати. И наместо законот да перцепира 250 различни фамилии со потреба од паркинг место, тој е напишан на некаква квадратура.

Исто, да земев ДУП и видам дека ќе градат болница, не е аргумент. Да земев ГУП и видев дека ќе градат мост кон Ќерамидница у 1965 год. уште ќе чекав да ја поминам реката.
Инаку, се преброивме дома и после 1 месец од уплатата за стан се договоривме да му платиме и подземен паркинг.
Муабетот ми беше немање некаков base line, барем нешто закон да функционира. Во некои станови видовме нема прозор во спалната соба и не ти го кажуват тоа додека не видиш, и не ти сметаат по коефициент за логија итн. Овде немаат паркинг, па тоа ти е.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1911
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 18-May-2020 at 07:49
Ako nemase dovolno parkinzi nikogas nemase da dobie odobrenie za gradba, bar toa e sigurno.
Back to Top
bambi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bambi Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 18-May-2020 at 12:05
Ајде и јас да си дадам мислење на темава . Веќе некое време го следам форумов зошто и јас имам купено стан во оваа зграда па да образложам зошто луѓето земаат станови тука.

На темата прогрес на зградава:

- Пред 3 месеци влегов во „станот“ (Влез А) и нормално ништо посебно немаше, ѕидови, електрична инсталација и цевки за вода + прозори.
- Последно кога се јавив пред месец дена ми кажаа дека се се одвива како што било планирано. Дека влезовите В и Г веќе бираат плочки. Влез Г имал плочки на 1 и 2 спрат. Влез А најверојатно за месец дена ќе бирал плочки.
Моментално не давале да се видат од безбедносни причини (така беше минатата недела).
- Како што гледам од прозорите внатре ѕидовите се бели, не знам дали се искречени и што значи тоа која фаза е. Исто така поставени се „струјните кутии“ (не знам како се викаат правилно ) во влезовите.

На темата паркинг:

Уште кога го земавме станот (значи лани летото), имаше останато уште само 20 паркинг места и покрај тоа што цената е ненормално скапа (верувам дека брзо се потрошиле и тие).
Нема да пишувам за тоа дали има доволно паркинг места во зградата или нема, меѓутоа колку паркинг места и да се направат, пак ќе бидат малце.
За споредба ќе го дадам бесплатниот паркинг кај ОУ. Љубен Лапе кој што пред година дена беше полу празен, се додека не го научија и почнаа да паркираат секакви канти (служи ко депонија) и службени возила, а денеска веќе и нема место.
Не може една станбена единица во која има 5 возрасни луѓе да има 4 или 5 возила (знам многу такви случаи). Аеродром како населба има најмногу паркинг места, земете за споредба Центар, Карпош каде што нема тротоари. Исто така во Козле каде што има повеќе куќи никој не паркира у двор туку сите на тротоар иако нема 250 станбени единици, туку се поединечни куќи со дворови.

На темата зошто баш оваа зграда:

Бевме во потрага по стан година дена, независно од тоа дали е нов стан или стар стан. Ќе наобројам неколку причини зошто е тешко да купиш стар стан во добра состојба.
До 50 квадрати речиси и да нема, а тие што се на лагер се стари, преградувани со некои без врска ѕидови, па нема вентилација во ВЦ-то или во кујната и + ако се нафатиш да реновираш треба да се мафташ со мајстори (кој реновирал знае како е - освен ако немаш кеш да дадеш и да ти го средат цел стан да не се замараш со ништо). Продавачите се крајно несериозни, не креваат, ќе стигнеш го влез ти викаат се премисливме не го продаваме, агенциите ти викаат ќе ти пратат понуда и не ти праќаат итн.
Од новите згради, многу е важно што повеќето гледаат една во друга, тротоарот е продаден како надворешен паркинг и треба да си одиш на улица (која што е со една лента) и исто така варира и квалитетот на градбата како и распоредот.
Израснав во Карпош во „руските згради“ и становите сами по себе се без никаква изолација (очекувано), на приземје се се слуша, дали некој се движи, гази по лисја или зборува. Комшиите обавезно ги слушаш, во зима е многу студено, па ако се нафатиш да реновираш и од надвор цената ќе ти испадне иста. Исто така влезовите се нечисти, смрдат, лифтовите се стари.


Поздрав од уште една „бабуш(ка)“ што купила стан у зградава

Edited by bambi - 18-May-2020 at 12:15
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 802
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 18-May-2020 at 14:55
Луѓе не знам што се замарате да се објаснувате и да се оправдувате за тоа каде сте се одлучиле да си купите дом и каде сте се родиле и израснале.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1911
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 18-May-2020 at 17:19

Originally posted by ironm

Луѓе не знам што се замарате да се објаснувате и да се оправдувате за тоа каде сте се одлучиле да си купите дом и каде сте се родиле и израснале.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 18-May-2020 at 23:13
Originally posted by Cloverstack


@ nikolatriki

Добредојде на форумот и не се замарај со испадот на kiriOK. Типот се однесува како да може да го докаже своето „благородно“ скопско потекло 10 генерации наназад, и како да тоа би имало некакво знањече дури и во тој случај.



Реално има разлика помеѓу некој роден и растен во Стар Аеродром и некој роден и растен во Василево и дојден во Скопје пред 5 години...разликите се во менталитетот,навиките,целиот однос кон градот и урбаното живеење.

Така да изреченија од типот ''не е важно од кај си, важно каков си'' е точен но тоа е случај само до степен на индивидуалци,генералната слика друго зборува.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 605
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 18-May-2020 at 23:53
Ако нешто чини во зградав тоа се балконите, баш фино делуваат однадвор (а гледам и купците се задоволни). Барем толку да се трудеа градителите на монструонзните кутивчиња низ Аеродром за фасадата - веќе ќе беше доста подобро. Најтажното е шо овие тераси се у ствари најкестремното нешто што може да се види во 99% од новата станбена архитектура, вистинска авангарда...

А инаку, ич не се сложувам со идејата дека не биле криви тие што купиле стан, туку градоначалникот и изведувачот. Истото оправдување го користи пола популација кога после првомајскиот излет цело ѓубре си го остава на ливада оти „не се тие криви дека нема корпа, да имаше - ќе го фрлеа“. Најчесто има минимум 2 коли по стан, често и 3 и повеќе. И пак градоначалниците и урбаната мафија се криви. Свесно купуваш стан во центар на град, и свесно носиш автоплац со тебе пред зграда и никако користење велосипед или јавен транспорт. Додека свеста не се развие, џабе и 5 паркинг места по стан, и тие нема да се доволни.
(Не претендирам да посочувам во постот кон никого од луѓето кои си купиле стан во зградата, зборувам генерално за градот, ама ете тука се отвори темата).

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 339
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 19-May-2020 at 00:29
Не треба да се заборави и културолошкиот аспект за „вредноста“ која му ја дава автомобилот на една личност во Македонија, бидејќи нели, појако е да возиш автомобил непотребно отколку да користиш велосипед или јавен превоз.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7150
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 19-May-2020 at 00:29
Originally posted by kiriOK

Originally posted by Cloverstack


@ nikolatriki

Добредојде на форумот и не се замарај со испадот на kiriOK. Типот се однесува како да може да го докаже своето „благородно“ скопско потекло 10 генерации наназад, и како да тоа би имало некакво знањече дури и во тој случај.



Реално има разлика помеѓу некој роден и растен во Стар Аеродром и некој роден и растен во Василево и дојден во Скопје пред 5 години...разликите се во менталитетот,навиките,целиот однос кон градот и урбаното живеење.

Така да изреченија од типот ''не е важно од кај си, важно каков си'' е точен но тоа е случај само до степен на индивидуалци,генералната слика друго зборува.
како жител на Аеродром 29 години ти кажувам дека нема разлика помеѓу тоа кој кога е доселен... да ми ги видиш само комшиите во зграда коса да ти се крене, а 80% од нив со станови дадени од предци на кои им се практично подарени тие станови во бивша Југославија
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7150
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 19-May-2020 at 00:33
Originally posted by skopskodete

Не треба да се заборави и културолошкиот аспект за „вредноста“ која му ја дава автомобилот на една личност во Македонија, бидејќи нели, појако е да возиш автомобил непотребно отколку да користиш велосипед или јавен превоз.
„менталитетот“ за кој што збориш е многу мал дел од популацијата, многумина користат автомобил поради тоа што јавниот превоз ни е крајно непрактичен, а велосипед можеш да возиш само за рекреација

ова не се однесува на жители на центарот каде практично не ти е потребен никаков превоз, ама чисто еве да обрнеме внимание на генералниот проблем наместо народот за све да е крив
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 19-May-2020 at 03:15
Originally posted by zabegan

[QUOTE=skopskodete] многумина користат автомобил поради тоа што јавниот превоз ни е крајно непрактичен


Всушност Скопје има еден од најевтините градски превози можеби во Европа, да не збориме дека се дава бесплатна неограничена услуга на средношколци,студенти и возрасни лица. Со таква поставеност и состојба на услогите како и обрт на средства,супер е што е и вакво ЈСП.

Ако ова се има во предвид, како и густината на автобуските стојалишта, возниот парк (релативно нов но погрешна инвестиција во марки на возила)...никако не може да кажеме дека луѓето користат коли затоа што јавниот превоз бил непрактичен.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 339
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 19-May-2020 at 14:52
Originally posted by zabegan

Originally posted by skopskodete

Не треба да се заборави и културолошкиот аспект за „вредноста“ која му ја дава автомобилот на една личност во Македонија, бидејќи нели, појако е да возиш автомобил непотребно отколку да користиш велосипед или јавен превоз.
„менталитетот“ за кој што збориш е многу мал дел од популацијата, многумина користат автомобил поради тоа што јавниот превоз ни е крајно непрактичен, а велосипед можеш да возиш само за рекреација

ова не се однесува на жители на центарот каде практично не ти е потребен никаков превоз, ама чисто еве да обрнеме внимание на генералниот проблем наместо народот за све да е крив

Многу мал дел од популацијата? Не ме зезај.
Back to Top
Skopje 1982 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote Skopje 1982 Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 21-May-2020 at 14:10
Доволно е да се погледне околината на градилиштето на оваа зграда монструм и станува појасно за каков инвеститор станува збор. Овде закон не важи, џабе постои на папир.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 21-May-2020 at 15:51
Во градов немам видено градилиште кое задоволува било какви критериуми,конкретно за Аеродром во населба Стар Аеродром моментално има повеќе прашина и градежен материјалпо улиците од кога било порано никој тоа не го детектира како проблем и како извор на загадување.Поголем дел немаат ниту истакнати основни информации за тоа кој гради и за каков објект станува збор...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 22-May-2020 at 15:15
Добар дел од северната фасада е веќе завршен(од Инстаграм)

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7150
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 23-May-2020 at 00:13
Originally posted by kiriOK

Originally posted by zabegan

[QUOTE=skopskodete] многумина користат автомобил поради тоа што јавниот превоз ни е крајно непрактичен


Всушност Скопје има еден од најевтините градски превози можеби во Европа, да не збориме дека се дава бесплатна неограничена услуга на средношколци,студенти и возрасни лица. Со таква поставеност и состојба на услогите како и обрт на средства,супер е што е и вакво ЈСП.

Ако ова се има во предвид, како и густината на автобуските стојалишта, возниот парк (релативно нов но погрешна инвестиција во марки на возила)...никако не може да кажеме дека луѓето користат коли затоа што јавниот превоз бил непрактичен.
што ако имаме најефтин превоз кога тарифите се крајно непрактични?
ај еве да речеме дека возниот парк ни е ок (а не се одржува квалитетно), системите за наплата и линиите ни се антички, а начиннот на кој се менаџираат е крајно несериозен
...требаше годиништа да поминат за да почнат да ги климатизираат автобусите само, а не па друго
плус чисто да не забегуваме ептен офтопик, конкретно за локацијата на објектов, има три линии кои возат во иста насока, само две линии кои ја поврзуваат населбата со југ и север, од кои едната не поминува од тука и ја има еднаш годишно... за се друго треба да се сменат две линии, а не се усогласени
па направи слободно калкулација кој е најудобен, најпрактичен и најбрз превоз за граѓаните, а трошокот за гориво на автомобил и месечниот трошок за јавен превоз, не се светлосни години разлика еден од друг
еве ја на пример единствено користам јавен превоз затоа што работам во центар и немам место за паркирање најчесто, релацијата е премногу долга за пеш, а премногу кратка за колата да ја оставам далеку од работното место

не го оспорувам фактот дека народот е неодговорен, дека има по неколку возила по домаќинство и дека автомобилот го разбираат како потреба, а не луксуз, ама мора да ја гледаме поголемата слика

конкретно огромен проблем се објекти изградени на несоодветна локација, со помалку паркинг места отколку што е потребно, несоодветен пристап до паркингот и продавање на паркинг местата одделно од становите, како на пример дотилчниов објект и слични на него
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 594
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 23-May-2020 at 14:52

И тоа како може да кажеме дека јавниот превоз е непрактичен. На релација запад - исток ми требаат 20 минути со кола и 1:20 со автобус. Нормално дека нема јавен превоз да користам, за 2 саати од денот да губам. А има и полоши примери со полошо поврзани и подалечни населби. Народот бил неодговорен, автомобилот луксуз... Еве подобрени се велосипедските патеки и велосипедскиот сообраќај експлодираше. Нека направат ЛРТ, БРТ или што и да е, што ќе биде брзо и ефтино па ќе може да збориме за намалување на автомобилски сообраќај.

Не знам како во оваа насока ви отиде муабетот, кога законот за паркинг места е проблемот. Стан без паркинг место е криминал, па макар и озаконет.
Back to Top
Skopje1981 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Nov-2019
Online Status: Offline
Posts: 17
  Quote Skopje1981 Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 23-May-2020 at 16:33
Уште сега кога не е вселено ова чудовиште, узурпиран е тревникот кај Мајчин дом на кој ноншалантно се паркираат коли. И сега имате апсурдна ситуација, се поставуваат блокатори на возила паркирани на обележани места за зонски паркинг кои не платиле а е толерира тоа што некои паркираат во трева(која што веќе е кал).
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.