build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ЗСФ КОМ - Аеродром (кај Мајчин Дом)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 711
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 09-Oct-2018 at 10:31
Originally posted by ironm

Мислам дека коментарот ти е со многу ниски и недолични констатации, бидејќи можам најмалку 10 градови во местата што ги спомна да ти посочам кои се архитектонски ремек дела, а нема да најдеш толку во Македонија. Истовремено си земаш за право да кажеш дека твојот став е став и на останатите од форумов. Проблемот во места како Чаир, Тетово, Гостивар е повеќе од политичка природа отколку некаква визија и замисла за урбанизам. Сакаш да кажеш дека жителите на тие места се среќни што немаат повеќе зеленило или дека сообраќајот е хаотичен? Дека нив тоа им било визијата? Побарај податоци за тоа колку пари се инвестирани во Аеродром од страна на сите мк влади споредено со местата што ги спомнуваш.


Сите тие места имаат локални самоуправи кои ги имаат нужните ингеренции да направат амбиент за хумано урбано планирање пред се,а потоа за воведување на некаков по префинет ред.

Originally posted by ironm

Твојот проблем очигледно не е само од урбанистичка гледна точка бидејќи спомна и етнички состави, па дури ти смета и доселеници од провинција (??), како демек тие го валкаат Аеродром повеќе од другите или заради нив паѓаат стандардите за градба и површината за зеленило. Охрид ја има најголемата урбана мафија во МК и доживува најголемо урбанистичко силување од сите градови во МК. Последно кога проверив етничкиот состав во Охрид кажуваше дека 85% од жителите се етнички Македонци. Си видел некаде парк во Охрид?И за крај, Skopje East Gate е проект на тие со коишто ти не ја споделуваш истата визија. Се надевам нема да одиш во тој дел од градот откако ќе заврши проектот бидејќи ќе те затрујат и тебе со својата визија.


Охрид како и голем дел од останатите етнички македонски средини сеуште страдаат од типичниот балкански урбан модел,кои своите корени ги вади од време турско.
Тој урбанистички концепт е ориентален,типичен за народи како турци,албанци,арапи..но не е типичен за македонци,тој беше наметнат.
Со тек на време нормално послем толку долг период и толку генерации кои израснале со тоа,се формирала и жичка во менталитетот која повторно излезе на површина посебно од 2000та наваму,а највеќе во последната декада.

Во социјализмот многу се направи за да се воведе некаков ред и поред во тој аспект,многу делови на македонските градови добија прилични и плански населби,европски концепции за развој,беше оставен и патоказ за проширување на потенцијалот во иднина како на пример во Стар Аеродром,каде наместо бараките можеше да никнат згради со 1/3 од сегашната катност на тие што се изградија...

Инаку да ти потенцирам во еден сегмент дека станува збор за два вида на замисла на урбанизмот,то ест дека македонскиот и албанскиот се различни е овој пример

Ѕидовите на куќите




Edited by kiriOK - 09-Oct-2018 at 10:45
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 09-Oct-2018 at 18:38
Малку подетално и за конкретната зграда и за новата болница која треба да се гради на соседната парцела.

Може ли да се спаси урбанизмот, овој пат во Општина Аеродром

Револтот на граѓаните на Скопје расте. Овој пат на ред е Општина Аеродром чии граѓани денес во 17 часот закажаа протест пред „Мајчин Дом“. Револтот е поради отпочнување на работите на станбената зграда на градежна парцела 5.51, пред „Мајчин дом“, на аголот на бул:„Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“. За поменатиот објект на 19.09.2018 г. издадено е Одобрениe за градање на А2-домување во станбени згради од Втора категорија на инвеститорот ЗОФ КОМ, ДООЕЛ, Скопје врз основа на Основен проект изработен од бирото ГМС проект од Скопје. На поменатата локација со ДУП за градска четврт И10, од ноември 2016 изработен од Билд Урбан ДООЕЛ, Скопје предвиден е објект со бруто развиена површина за градба од 20006 квадратни метри, но како по обичај во ДУП-овите, со напомена дека „бруто развиената површина е презентирана без површините од можни конзоли и еркери и сл.“, што значи дека вкупната површина на објектот ќе биде уште поголема. Процентот на изграденост изнесува 59%, најголем во тој план (но што вообичаено би одговориле планерите, помал од дозволениот со закон од 70% изграденост). Дозволената висина е 30 метри, П+8+Пк. Основната класа на намени е А2 – домување во станбени згради, но дадена е можност за 40% компатибилни класи на намени Б5, Б1, Б2, Б4,В3,В4 и Д3. Б5- хотелски комплекси, Б2- големи трговски единици; Б1 -мали комерцијални и деловни единици; Б4 – деловни простори; и внимавајте сега В3 -култура; В4- државни институции; Д3 -спорт и рекреација, можеби ќе направат игралиште за доброто на заедницата. Звучи неверојатно како приватниот инвеститор има можност да изгради простор наменет за култура и за државни институции.

За маката да биде уште поголема истиот ДУП предвидува на местото на „Мајчин дом“ објект со намена В2 – здравство и социјална заштита. За таа локација Министерството за здравство веќе спроведе конкурс кој го нарече нова Градска болница, но и по завршување на конкурсот, поради недоволно прецизната проектна програма и краткиот рок за изработка на проект од таков обем, заврши со 3Д визуелизации и остана нејасно дали се работи за објект од секундарна или терцијарна здравствена заштита.

Едниот објект, станбената зграда е вметнат на единствената слободна површина на булеварот „Јане Сандански“, а болницата на државно земјиште кое им се нашло на тој потег. Собраќајниот пристап до објектите ќе претставува сериозен проблем, бидејќи се работи за зграда со околу 250 стана, што значи околу 300 паркинг места, а болницата е објект со голема фреквенција, бидејќи идејата е нели, да се растерети Клинички центар. Во непосредна близина е спортскиот центар „Јане Сандански“ кој го нема решено паркирањето за потребите на истиот, (Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање вели, паркирање во рамки на сопствена парцела, чл.61) и кој кога спортот во државата би бил на пристојно ниво (како до лани РК Вардар) создава не сообраќаен хаос, туку сообраќаен колапс.
Граѓаните бараат градоначалникот на Општина Аеродром де се повлече од функцијата. Не е само оваа зграда спорна во плановите, но стоејки пред оваа парцела, тогаш кандидатот за градоначалник се колнеше дека ќе ја запре градбата на овој објект. Градоначалникот не е планер и не може да разбира урбанизам, но затоа не треба да зборува напамет и исклучиво за политичка потреба во кампања. Денес од општината велат: „Барање за дозвола за градба на плацот пред Мајчин дом во меѓувреме пристигна и Општината е законски обврзана да го процесира, согласно со позитивните законски регулативи и параметрите на сѐ уште активниот ДУП И10“. И за жал и за волја на вистината ова е точно. Се додека е овој ДУП на сила не постои начин да не дозволи градба на објектот, доклоку истиот е во рамки на ДУП-от. Во меѓувреме од Министерството за животна средина општината се обезбедила на 31.10.2013 година и со Одлука за неспроведување на стратегиска оцена која е достапна на сајтот на општината, па доколку планот биде доставен на Уставен суд нема основ да се обори, како во случај на Општината Карпош. Тамо беше оборен на правен основ, Одлука за неспроведување на стратегиска оцена не беше ставена на сајт на општината. Уставен суд е составен од правници и да сака на друг, освен правен основ не може да оборува ДУП.

Каде лежи проблемот? Проблемот е во ГУП-от, чив носител е Агенцијата за планирање на просторот. Таа и денес гордо нагласува дека е носител на ГУП кој ни ги направи сите проблеми. Тие велат дека ГУП-от е одржлива визија и развој на градот Скопје, согласно потребите на граѓаните, потенцијалот на инвестициите и реалните можности на градот.
ГУП претставува основа за изработка на Урбанистичка документација од пониско ниво.
Планското решение од сите аспекти овозможува потполна просторна интеграција, активно користење и вклучување на природните и културните наследени вредности во современите текови на животот. Овој значаен стратешки документ за просторот на Град Скопје е усвоен со Одлука бр. 07-5068/1 на Советот на Град Скопје на седумдесет и седмата седница одржана на 23.12.2012 година. ГУП е со важност од 10 години, значи до 2022 година. А планерите на ДУП-овите само се вклопија во лошо изработениот ГУП и се важна карика во спрегата инвеститорски и политички моќници.

Единствен начин да се реши проблемот е државата да застане цврсто зад општините, кои ќе направат ревизии и евалуации на ГУП-от и ДУП-овите, ќе се изготви нов Закон за просторно планирање и Правилници за урбанизам, по кои ќе се изработат нови планови. Но не со истите планери, истите луѓе од општините и министерството. А дотогаш ќе ги стопира спорните ДУП-ови (како Општина Центар). Тоа е тешка одлука, (некој би рекол и незаконска) се губи и многу време и многу работа. Да, се губи, урбанизмот не порази сите. Граѓаните го губат градот, проектантите остануваат без работа во и онака тешка состојба, градежните фирми исто така. Но ова беше само прашање на време кога ќе се случи, и уште ќе се случува.

https://www.porta3.mk/mozhe-li-da-se-spasi-urbanizmot-ovoj-pat-vo-opshtina-aerodrom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 10-Oct-2018 at 18:26
Стопирана контроверзната градба на 15 дена – ќе се бара трајно решение

Стопирана е изградбата на деветкатницата во општина Аеродром.
Иако вчера тврдеше дека нема решение, денеска градоначалникот Златко Марин вели дека инепкторите утврдиле неправилности на градилиштето, поради што издале решение за забрана на градежни активности во следните 15 дена
Градбата е стопирана и вегуваме во барање на решение низ дискузија. Ги преземам сите мерки и напори со сите засегнатистрани трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот со разговор со граѓаните, инвеститорот и град Скопје.“ - изјави Златко Марин – Градоначалник на Општина Аеродром.

Инвеститорот на деветкатницата пак за ТВ24 вели дека забраната е спротивна на законските прописи и дека е донесена под притисок на јавноста. Најави дека одлуката ќе ја обжали пред надлежните органи.

„Никако не можам да се согласам со одлуката. Јас уредно ги имам платено сите комуналии и уредно сум го пријавил обејктот како што налага законот. Одлуката е спротивна на законските прописи и ќе предизвика огромна штета, а за ваквото постапување инспекторите може да понесат одговорност.“ - изјави Фатмир Етими.

Од уставниот суд пак без конкретен одговор зошто досега не е одлучено за претставките за кои градоначалникот Марин тврдеше дека биле доставени. Од таму велат дека веќе се оформени два предмета за спорната парцела, а истите би требало да се најдат на дневен ред на следната седница на судот.

Од пред два дена, во зеленилото пред Мајчин дом почна да се гради деветкатница, за која сегашниот градоначалник Златко Марин во предизборната кампања ветуваше дека нема да се гради, а претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски - на 5 април минатата година, го стави на гласање ДУП-от и со мнозинството на членови на ВМРО во советот на оппштината го изгласа.

https://www.24.mk/stopirana-kontroverznata-gradba-na-15-dena-–-kje-se-bara-trajno-reshenie

--------------------------------------------------------------
Ќе видиме дали ова ќе биде само колку да се каже нешто или навистина ќе се стопира изградбата...
Колку што знам барањето на инвеститорот за да не гради е општината да му исплати сума од 8 до 10 милиони евра,па не очекувам таков потег на локалните власти,но ќе видиме.Инаку стопирањево е поради неправилности на градилиштето.

Од фб




Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 10-Oct-2018 at 18:33
Денешна состојба од градилиште





https://novatv.mk/aerodromtsi-povtorno-protestiraat-kaj-majchin-dom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 13-Oct-2018 at 14:44
Еве уште по некој рендер



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 25-Oct-2018 at 16:59
Денес истекува забраната од 15 дена и најверојатно ќе се продолжи со изградба...
------------------------------------------------------------------------------
Зградата кај Мајчин дом е „планирана“ од планери, советот и онака е само гласачка машина

Сопственикот на компанијата ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје Фатмир Етеми одржал средба со граѓаните на Аеродром и соопштува: „Се одржа средба на која присуствуваа граѓани и граѓанските активисти од Аеродром. На средбата се дискутираше за изградбата на објектот кај Мајчин дом.
Јас сум тука со вас, бидејќи вашето мислење ми е важно, сакам да ви го објаснам мојот став, се надевам на разбирање и заедничко решение.
Изминатиот период се правеа анализи и се бараа можности за откажување од градбата. Баравме соодветно правно и економски оправдано решение. Прво се направи темелна анализа на достапните парцели за да се замени локацијата. Заклучено е дека во моментов нема соодветна парцела во Аердодром што ни одблиску може да ја компензира вредноста на плацот кај Мајчин Дом. Разгледани се сите опции на цела територија, секако надвор од урбаното јадро.
Имаше обиди да се најде локација и надвор од општината на територија на Градот Скопје, за што има сериозни правни пречки, но реално нема ни соодветна локација. Процедурата за носење нов ДУП или ГУП би траела околу 3 години, што е голема загуба земјаќи ги предвид сите тековни трошоци како месечната рата за кредит инвеститорот го има подигнато за оваа намена.
Ова земјиште е голема инвестиција, плацот е купен со веќе зацртана маркица за градба, согласно сите законски и правни процедури. Ова беше овозможено од претходното раководство на општината. Во случај да се откаже од градбата кај Мајчин дом, Општината би требало да му исплати на г-дин Етеми повеќе од повеќе од 8 милиони евра за досегашните инвестиции и трошоци. Тука се вклучени 5,5 милиони евра трошоци за земјиште и комуналии, трошоци за камати, штети на компанијата за инвестиции, досегашни трошоци за одржување и 184.000 евра секој месец, рата за кредитот подигнат за изградба на овој објект.
Ќе засадиме 150 пораснати дрва, проектот е целосно енергетски ефикасен“.
И инвеститорот е во право кога вели дека се испочитувани сите законски и правни процедури кои овозможуваат да се гради овој објект. Но проблемот е како воопшто дошло до формирање на градежно земјиште на таа локација, а предвидениот обејкт со ДУП И10 изработен од „Билд Урбан“ дооел Скопје, има најголема дозволена површина за градење и најголема висина на тој потег на булеварот.
Точно е дека предходниот совет во општината го изгласал ДУП-от. Но не е тајна дека советот нити разбира, ниту може да разбере урбанизам. Гласањето во советот е партиска одлука и се гласа по партиска диртектива. Но пред воопшто да стигне планот до советот на општината прашањето е кој го изработил урбанизмот, кој го одобрил и кој дал позитивно мислељње. Како и секој ДУП така и ДУП И10 е изработен од носител на изработување на урбанистички планови, односно овластен планер, потписник на планска документација и фирма со лиценца за оваа дејност.
Изработувањето на урбанистичките планови се одвива во две фази:
• нацрт на план,
• предлог на план.
На нацртот на планот задолжително се врши стручна ревизија. На урбанистичките планови изработени во форма на нацрт на план се издава мислење, а на урбанистичките планови изработени во форма на предлог на план се издава согласност од Министерство за транспорт и врски.
Тоа значи дека планот ги поминал сите правни процедури, но како и најголем дел од ДУП-овите во Скопје и овој е неодговорно и нестручно направен. Планирањето е одамна сведено на само што повеќе квадрати за инвеститорите, а државата си уфрла како ќе и текне објекти онамо каде има уште некое преостанато државно земјиште, без разлика дали е тоа соодветно за намената. Планерите се само послушници, секогаш барајќи изговор и алиби во правилниците и ГУП-от (кој секако дека е лошо направен). Единствен услов при изработка на урбанизмот е профитот кој е најчесто во спрега инвеститор – планер – началник за урбанизам – градоначалник. И сега дојдовме до работ на провалијата и не знаме какко назад. Јасно е дека не се работи само за зеленило. Општина Аеродром нема да биде ни повеќе ни помалку загадена (а е една од најзагадените) поради овој објект. Тамо е проблем и квадратурата на зградата и сообраќајниот пристапот и дозволената висина и компатибилните намени и паркингот за објектот и соседната локација на која е предвидена Градска болница каде пред околу два месеца заврши конкурсот за објектот и близината на спортскиот центар „Јане Сандански“ кој нема паркинг.
Се ова биле должни да го согледаат и градоначалниците и планерите и сите инволвирани во процесот на донесување на ДУП-от. И за да биде трагедијата поголема никој не понесува одговорност, а точно се знае кој планирал, кој ревидирал, кој дал позитивно мислење. Истите планери и натаму „планираат“ истите архитекти во општините одобруваат, Министерство за транспорт дава мислења, а советот и онака е само гласачка машина.
Градоначалникот се истрча, стоејќи пред погрешна локација највуваше дека ќе се справува со лошиот урбанизам и побрза да изјави дека мораториумот во Општина Центар е незаконски.

И што после оваа рашамонијада каде е се со закон дозволено, секој има право, рацете се врзани, урбанизмот е катастрофален и никој не е крив?

https://www.porta3.mk/zgradata-kaj-mjachin-dom-e-planirana-od-planeri-sovetot-i-onaka-e-samo-glasachka-mashina/?fbclid=IwAR0_RIXXB0DBb5Ubx-Dj7Abb2bEdxo9vWz25r40yN79vhO3iWWM5LJo7sLg#
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 25-Oct-2018 at 22:34
Секако дека сите процедури се поминати, тоа сите го знаеме, но не разбирам зошто вика дека нема парцела која може да ја замени оваа.
Секако дека му е поисплатливо да гради зграда на празно место, но ако компаниите барем малку сакаат да бидат и општествено одговорни, ете на пример, до железничка станица постојат десетици трошни куќи (од страна на општина Аеродром) на чие место е планирано голема зграда со 9 ката, па компензацијата со тамошните сопственици пак не би влијаела премногу врз инвеститорот. Таа локација е и поблизу до Центар, за разлика локацијата кај Мајчин Дом, a и со самото градење зграда таму тој простор би се развил и средил, за разлика како што е сега...
Не разбирам зошто таа локација долги години се игнорира иако е атрактивна.

Edited by skopskodete - 25-Oct-2018 at 22:48
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1988
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Oct-2018 at 06:47
Ма каква општествена одговорсност. Претходната гарнитура му дала уредни документи за градбта и тоа е тоа. Овие единствено што може е да го обештетат, а 8милиони евра ќе ја заглави општината на сите полиња, не е возможно тоа. Нема општествена одговорност, само бизнис.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Oct-2018 at 07:12
Originally posted by skopskodete

Секако дека сите процедури се поминати, тоа сите го знаеме, но не разбирам зошто вика дека нема парцела која може да ја замени оваа.
Секако дека му е поисплатливо да гради зграда на празно место, но ако компаниите барем малку сакаат да бидат и општествено одговорни, ете на пример, до железничка станица постојат десетици трошни куќи (од страна на општина Аеродром) на чие место е планирано голема зграда со 9 ката, па компензацијата со тамошните сопственици пак не би влијаела премногу врз инвеститорот. Таа локација е и поблизу до Центар, за разлика локацијата кај Мајчин Дом, a и со самото градење зграда таму тој простор би се развил и средил, за разлика како што е сега...
Не разбирам зошто таа локација долги години се игнорира иако е атрактивна.



И јас се чудам зошто со години се игнорираат Ново Маало,Крњево,Керамидница каде е неопходна урбанизација,каде во 21 век сеуште нема канализација.А за сметка на тоа низ Карпош и Аеродром се редат згради во зеленило.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 26-Oct-2018 at 16:14
Баш ради тоа не се гради во Крњево, Керамидница,- зошто треба да се урбанизира, да се градат улици, канализација, инфраструктура и тоа кошта пари, додека овде во Аеродром се шлепаат на веке постоечката и ја оптоваруваат.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 26-Oct-2018 at 17:48
Originally posted by Graditelot

Баш ради тоа не се гради во Крњево, Керамидница,- зошто треба да се урбанизира, да се градат улици, канализација, инфраструктура и тоа кошта пари, додека овде во Аеродром се шлепаат на веке постоечката и ја оптоваруваат.

Конкретно таа локација што јас ја спомнав не е ниту во Крњево ниту во Керамидница, туку во Острово.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 26-Oct-2018 at 18:24

Kolku sto znam vo Ostrovo veke pocnaa da se gradat zgradi zad Tineksot,momentalno mislam samo edna no vo idnina treba da se izgradat uste dve.Verojatno nekoj ja merka i lokacijata za koja govoris,mozebi veke zemjisteto e vo necija sopstvenost.Inaku konkretno za zgradata kaj Majcin Dom ne veruvam deka opstinata ke go obesteti investitorot a sto se odnesuva do zamenska lokacija sigurno moze da se najde no bi se izgubilo vo vreme(barem takvi se objasnuvanjata).Patem ovoj del moze da stane prilicno haoticen dokolku pocne izgradbata na novata gradska bolnica koja verojatno ke nema resen parking a zgradava ke ima podzemen parking ama ako ne sleduva so kupuvanje na stan ke rezultira so 300 koli na trotoar.A sto se odnesuva do zaguba na zelinilo toa ke se sluci i vo Ostrovo kade ke treba da se probiva servisna ulica sred zelenilo i detsko igraliste za potrebite na novite zgradi.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 26-Oct-2018 at 19:07
Originally posted by stef4o


Kolku sto znam vo Ostrovo veke pocnaa da se gradat zgradi zad Tineksot,momentalno mislam samo edna no vo idnina treba da se izgradat uste dve.Verojatno nekoj ja merka i lokacijata za koja govoris,mozebi veke zemjisteto e vo necija sopstvenost.Inaku konkretno za zgradata kaj Majcin Dom ne veruvam deka opstinata ke go obesteti investitorot a sto se odnesuva do zamenska lokacija sigurno moze da se najde no bi se izgubilo vo vreme(barem takvi se objasnuvanjata).Patem ovoj del moze da stane prilicno haoticen dokolku pocne izgradbata na novata gradska bolnica koja verojatno ke nema resen parking a zgradava ke ima podzemen parking ama ako ne sleduva so kupuvanje na stan ke rezultira so 300 koli na trotoar.A sto se odnesuva do zaguba na zelinilo toa ke se sluci i vo Ostrovo kade ke treba da se probiva servisna ulica sred zelenilo i detsko igraliste za potrebite na novite zgradi.

А исто така и не треба да се заборави и СЦ Јане Сандански, бидејки кога има натпревар од ЛШ на Вардар улицата Васко Карангелески целесно се блокира... А кога ќе биде изграденa новата болница и новава станбена зграда ќе биде тотален хаос.
Општината мора да размисли како да го реши проблемот со паркинг за Јане Сандански, т.е. во следниот ДУП убаво да се реши овој проблем.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 29-Oct-2018 at 10:10
Ќе го поништи ли Уставен урбанистичкиот план за зградата кај Мајчин дом?

Уставниот суд в среда ќе ја оценува законитоста на планот во Аеродром со кој е предвидена деветкатницата пред „Мајчин дом“. Одлуката за донесување на деталниот урбанистички план за градска четврт И 10 во Општина Аеродром, плански период 2016 – 2021 година е осма точка на дневниот ред за седницата на Уставниот суд в среда.
Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин во неколку наврати досега посочи дека единствено Уставниот суд може трајно да ја сопре изградбата на деветкатницата пред „Мајчин дом“ со оценување на законитоста на планот и негово поништување. Градоначалникот Марин му замери на Уставниот суд кој со месеци не расправал по претставката од Аеродром за планот И 10.

Планот беше донесен во април 2017 година, без јавна дебата и со бројни забелешки од жителите.

Овој план на просторот пред „Мајчин дом“ предвиде изградба на деветкатница. Аеродромци се кренаа на протести пред две недели кога инвеститорот Фатмир Етеми го огради градилиштето и почна со подготовки за градење на деветкатницата откако добил одобрение за градење од Општина Аеродром.

На барање на жителите Општина Аеродром изминативе две недели преговараше со инвеститорот за трајно стопирање на градбата. Се разговарало за обесштетување со одобрување на нова локација или пак со пари. Нова соодветна локација не успеале да најдат ниту во Аеродром ниту пак пошироко на територија на Град Скопје, а обесштетување со пари би чинело 8 – 11 милиони евра.

Инвеститорот Етеми неделава за „Макфакс“ изјави дека Општина Аеродром нема пари во буџетот за обесштетување со пари. Најави дека ќе продолжи со градење откако ќе се обиде на граѓаните да им објасни дека новиот објект нема да го загрози Аеродром.

https://skopjeinfo.mk/kje-go-ponishti-li-ustaven-urbanistichkiot-plan-za-zgradata-kaj-majchin-dom
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1914
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 29-Oct-2018 at 11:24
of lele, ako imas pravosilno odborenie za gradba ni ustanev ni sveti ustaven nisto ne ti moze, daj malce nek se educiraat novinarive pred da pisat nesto aman.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 31-Oct-2018 at 19:22
По се изгледа објектот ќе продолжи да се гради

-----------------------------------------------------

Општина Аеродром: Исцрпени се сите механизми за стопирање на зградата кај „Мајчин дом“

Исцрпени се сите механизми за стопирање на зградата кај „Мајчин дом“ по денешната одлука на Уставниот суд за неповедување на постапка по поднесените иницијативи за ДУП И10, информираат од Општина Аеродром.
– На денешната седница Уставен суд расправаше за претставките поднесени против ДУП И10, што ја опфаќа и парцелата кај Мајчин дом. Судот донесе одлука да ги одбие сите претставки, со што И10 останува активен урбанистички план за тој регион, се наведува во денешното соопштение од Општина Аеродром.

Општина, како што посочуваат оттаму, е обврзана да ја почитува одлуката на Судот, како институција со највисока надлежност за овој случај.

– За жал, исцрпени се сите механизми со кои општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом, се додава во соопштението.

Од општината велат дека штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината.

– Новите урбанистички планови се изработуваат за помалку урбанизираните делови, со цел да се заштити урбаното јадро од дополнителни градби. Овие планови се работат со повисоки стандарди, повеќе зеленило и повисок квалитет на живот. Дополнително, Општина Аеродром е во процес на создавање партиципативно тело за урбанизам, со што им овозможува на граѓаните, здруженијата и на стручните лица директно учество во урбанистичко планирање на населбата, стопи во соопштението.

https://skopjeinfo.mk/opshtina-aerodrom-iscrpeni-se-site-mehanizmi-za-stopiranje-na-zgradata-kaj-majchin-dom?fbclid=IwAR1AcuXa1wxd1f-9D-Q1bUBPyDznXl5mEFqsdPrzxylUiv2GgrbmmdFhnW4
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 31-Oct-2018 at 19:24
Уставниот суд не поведе постапка за ДУП И10 во општина Аеродром

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДУП И10 во општина Аеродром.
Постапката за донесување на ДУП, според Уставен, била спроведена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Уставните судии укажа дека тие ја ценат постапката, а не содржината на планови или нивна усогласеност со други планови. Ос апект на Судот, ДУП И10 е согласно закон и Устав.

Претставката до Уставен за ДУП-от ја поднеле 12 физички и правни лица во 2017.

ДУП И10 јво Општина Аеродром ја опфаќа локацијата кај Мајчин дом каде што треба да се гради деветкатна станбена зграда, на што реагираа локалните жители кои организираа и протести. По реакциите на јавноста, Општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи.

Од Општината претходно соопштија дека ги имаат доставено сите потребни документи и оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот.

– Претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, го донeсе ДУП И10 тајно и без дебата и директно ја овозможи изградбата на зградата кај Мајчин дом. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои пред само една година го изгласаа спорниот ДУП, на 15-та седница на Советот на Општина Аеродром побараа негова ревизија и мораториум, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.

Оттаму посочуваат дека општината, како што на неколку наврати најави градоначалникот Златко Марин, веќе работи на интерна ревизија на ДУП И10.

– Во рамките на овој процес општината ги прегледа и достави до Уставниот суд сите потребни документи поврзани со овој случај. Општинската администрација до Советот ќе достави писмен извештај за сработеното, додаваат од Општината.

Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомпликува целата состојба.

-На сметка на ова Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во Општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.

https://skopjeinfo.mk/ustavniot-sud-ne-povede-postapka-za-dup-i10-vo-opshtina-aerodrom?fbclid=IwAR39NLhMd_ykoFFsdtFLCFKNz0hO6KDIfP-TMpTJJk3XdSUTW17GGUARXR8
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 02-Nov-2018 at 19:08
По истекување на забраната од 15 дена активностите на терен продолжуваат





https://telma.com.mk/bagerite-povtorno-rabotat-kaj-majchin-dom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8228
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 08-Nov-2018 at 07:47
Од фб(aerofoto.mk)

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1988
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 08-Nov-2018 at 08:12
Нека се засрами бившиот градоначалник на Аеродром и сите останати кои дале согласност за вакво нешто!
Видете го аеродром на ГуглМапс, греота таква населба изградена со план да го уништиш, ајде сите сите згради што ги направија во стар аеродром ама ова е на главна улица.
Видете само како се повлечени другите згради а ова на сама улица како паркинг простор. Срамота е да се уништуваат веќе постоечки комплекси како овој.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.248 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.