build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Плаза - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 26-Jul-2020 at 11:23
Борис Стојменов ја обвини Општина Центар дека му бара мито за ТЗЗ „Плаза“, Богдановиќ бара извинување

Инцидент во строгиот центар на Скопје се случи денес откако на градилиштето кај ТЗЗ „Плаза“ (поранешно „Беко“), интервенираа полиција и градежен инспектор на Општина Центар кои спречија градежни работници да продолжат со градба на објектот за кој општината тврди дека нема соодветна документација.

На градилиштето беше присутен и сопственикот на локацијата екс министерот за финансии Борис Стојменов, кој ја обвини Општина Центар дека му барала мито од еден милион евра за да продолжи со работа на локацијата на која е предвидено да се гради деловен објект.

„Четири години со платени комуналии, платено сѐ, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито“, изјави тој за ТВ21.

„Ние имаме одобрение од 2016 година, ни правеа проблеми имаме судска пресуда каде е докажано дека е во ред да се гради од Управен суд. И сега тука упаѓаат надвор од закон надвор од сѐ. Ова само го има во Македонија. Полиција да се меша во градење, тоа е нонсенс“, додаде Стојменов.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во реакцијата вели дека доколку некој му побарал мито на Стојменов и има докази за тоа, случајот треба да го пријави во јавното обвинителство. Истовремено, како што додава, бара од Стојменов јавно извинување за изнесените тенденциозни тврдења, а во спротивно ќе поднесе соодветни пријави.

Богдановиќ преку Фејсбук истакна дека денешната акција на надлежните институции била поради тоа што инвеститорот не го почитувал решението за отстранување на градба кое било донесено уште на 26 февруари годинава.

„Инвеститорот не поседува одобрение за градење на градбата. Во определените три дена инвеститорот не ја остранил градбата и затоа, на 28.04.2020 година овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќе се стори по административен пат на сметка на инвеститорот“, вели Богдановиќ.

Тој додава дека на 08.05.2020 година со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Општина Центар го затвора градилиштето кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата. Овој заклучок е поради фактот дека инвеститорот и покрај претходно донесените заклучок и решенија продолжил со градба на објектот. И покрај сѐ, инвеститорот самоволно ја отстранил лентата за заградување на објектот и служебниот знак со кој е затворено градилиштето и продолжил со градба, наведува Богдановиќ.

Инвеститорот и покрај тоа што е донесено решение и заклучок за уривање, и затворање на градилиштето по член 136 од Законот за градење, на насилен начин го отстранил знакот за затворање на градилиштето. Поради тоа во присуство на полиција денеска од градилиштето се отстранети затекнатите работници и согласно закон, против инвеститорот ќе се поведе постапка пред надлежните органи, вели Богдановиќ на Фејсбук.

Инвеститор е Друштво за економски консалтинг – „Економско биро“ ДОО Скопје, кој на местото на некогашнагта стоковна куќа „Беко“ гради деловен простор – објект од втора категорија со димензии 61 на 34,5 метри. (Н.В.)

https://nezavisen.mk/boris-stojmenov-ja-obvini-opshtina-centar-deka-mu-bara-mito-za-tzz-plaza-bogdanovikj-bara-izvinuvanje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 26-Aug-2020 at 15:52
Општина Центар допрва ќе бара фирма за уривање дивоградба што требаше да се урне во февруари



Се сеќавате на одговорот на Општина Чаир за дивоградбата кај ТЦ Мавровка? И таму се распишува тендер за фирма за уривање не само на оваа дивоградба, туку и за други дивоградби на територијата на општината. Ова изгледа им е некаков модел во одговорите на општините за наводното уривање на дивоградбите.

Општина Центар на 26 февруари издаде решение за уривање на дивоградбата со габарит 61х34,5 метри. Рокот за уривање беше три дена. Цели 6 месеци потоа, Општина Центар ни одговори дека допрва ќе бара фирма за уривање.

Што се чека? Се чека предлог-планот за Мал Ринг, за да може некако оваа дивоградба да стане легална. Меѓутоа, ако сè оди според законот, во предлог-планот Мал Ринг оваа градба и не треба да постои затоа што би требало веќе да е урната. Затоа што, според решението на истиот тој оддел на урбанизам во Општина Центар, рокот за уривање во февруари бил три дена и инвеститорот морал да постапи без никакви одлагања.

Инвеститор на градбата на улицата Даме Груев 35а, поранешно БЕКО, или локацијата каде што беше хотелот ТЦЦ Плаза, е Борис Стојменов, поранешен министер за финансии и сопственик на „Економско биро“. Тој за време на последната интервенција на инспекторите во придружба на полицијата на 25 јули годинава изјави дека општинарите му барале мито од 1 милион евра.

Тој ден овластен градежен инспектор на Општина Центар констатирал дека инвеститорот не го почитува решението за уривање. На 28 април овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. На 8 мај со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Центар го затвора градилиштето, кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата.

„Да ја усогласи натамошната изградба“? Значи веќе нема рок за уривање, туку се остава простор за некакво усогласување.

И сега почнува лавиринтот на уште едно озаконување дивоградба.

Уривањето на стариот објект БЕКО беше образложено со проблеми во статиката на објектот. Откако се реши статиката, се урна стариот објект, се доби на габаритот на новиот објект, многу поголем од веќе урнатиот објект. И во висина - приземје плус 7 ката.

Во планот за Мал Ринг, кој допрва треба да се усвојува, пишува дека „во границите на планскиот опфат за кој се работи предметнава планска документација има изведено бесправна градба, односно градби без соодветна техничка документација. Согласно член 14 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 24/08, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11) во тие површини не се утврдуваат услови за идна градба. Површината каде има изведено бесправна градба изнесува 381м2“.

Скопската општина Центар уште во февруари годинава на инвеститорот на објектот кај БEKO му издаде решение за отстранување на дивоградбата, со рок од три дена сам да ја отстрани. Тоа, се разбира, не е сторено, а денеска Општината на прашање на МКД.мк одговори дека „во наредниот период ќе распише јавна набавка за избор на соодветна фирма за уривање, која ќе постапува не само во однос на таа дивоградба, туку и по други решенија за отстранување на други дивоградби“. Што се чекаше цели 6 месеци, за време на кои инвеститорот, со прекини, си продолжи со градењето?



https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/opshtina-centar-doprva-kje-bara-firma-za-urivanje-divogradba-shto-trebashe-da-se#1


Edited by stef4o - 26-Aug-2020 at 15:52
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.