build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Хотел Плаза - Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Плаза - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 02-Oct-2021 at 10:52
Уште фотки(твитер)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 07-Oct-2021 at 08:30


----------------------------------

„БЕКО“ ПАК СЕ ГРАДИ БЕЗ ДОЗВОЛА, ОД ЦЕНТАР ВЕЛАТ ДЕКА СЕ НЕМОЌНИ, УШТЕ ЛАНИ ПОДНЕЛЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ИНВЕСТИТОРОТ СТОЈМЕНОВ, А ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЧЕКА ВЕШТАЧЕЊЕ



Хотелот ТЦЦ „Плаза“, кај поранешно „Беко“ во строгиот центар на Скопје, повторно се гради на диво. Без градежна дозвола, работници веќе десетина дена со механизација работат на објектот на кој веќе темелите се поставени, изведен е подрумот и ставена е плочата на приземјето, а сега, како што велат работниците на терен, ќе работат на кревање на зградата.

Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека инвеститорот нема дозвола за градба и дека тие како Општина не можат ништо повеќе да сторат, бидејќи уште пред една година поднеле кривична пријава пријава против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“ во Обвинителството, од каде уште не е постапено.

„Во август лани е поднесена крвична пријава за нелегална градба. Повторно е поднесена пријава и годинава во април, а јас дадов исказ во Обвинителството. Ние неколку пати издадовме решенија на инвеститорот да се престане со градба и го затворивме градилиштето, но и покрај тоа се гради. Затоа го повикувам Обвинителството да постапи“, вели Богдановиќ.

Од Основното јавно обвинителство велат предметот за зградата кај „Беко“ е во предистражна постапка и во моментов се чека извештајот од вештачењето.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна пред три години, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба. Но, при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна, со намера да го гради одново од темели. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба, инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај 2019 почнаа градежни работи, кои иако неколку пати беа прекинува од Општина Центар повторно продолжуваа, па сега објектот е стасан до приземје и се поставуваат арматурите за кревање на катовите.

Инвеститорот Стојменов во меѓувреме поднел до Општината идејно решение за да добие дозвола за градба, но како што велат од Општината, тоа е одбиено бидејќи според законот не може да се даде дозвола за објект што веќе во дел е изграден. Тоа значи дека инвеститорот може да добие градежна дозвола само ако го урне досега изграденото и потоа поднесе ново барање.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poraneshno-beko-pak-se-gradi-bez-dozvola-od-opshtina-tsentar-velat-ushte-lani-podnele-krivichna-prijava-i-chekaat-obvinitelstvoto-da-postapi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 07-Oct-2021 at 17:14
Среде локални избори без дозвола пак почнува да се гради кај ТЦЦ Плаза во центарот на Скопје









Пред неколку дена градежната машинерија пак влезе во оградената парцела во центарот на Скопје, поранешниот објект ТЦЦ Плаза, каде не се гради повеќе од една година, и градежните активности продолжија – без дозвола за градба. Инвеститорот на овој објект, бизнисменот Борис Стојменов продолжува да гради, против него Општина Центар има поднесено и кривична пријава, обвинителството чека вештачење, но булдожерите и работниците се веќе на терен.

Градењето на овој објект во центарот на Скопје беше прекинато уште лани во јули. Она што е изградено како основа требаше да се урне уште лани во февруари, а во агвуст 2020 година Општина Центар почна да бара фирма тоа да го направи. Инвеститорот „БС Консалтинг“ има решение за отстранување на дивоградбата. Во август лани Општина Центар на прашање на МКД.мк одговори дека „во наредниот период ќе распише јавна набавка за избор на соодветна фирма за уривање, која ќе постапува не само во однос на таа дивоградба, туку и по други решенија за отстранување на други дивоградби

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/srede-lokalni-izbori-bez-dovola-pak-pochnuva-da-se-gradi-kaj-tcc-plaza-vo-centarot
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 22-Oct-2021 at 17:20




https://www.facebook.com/ShansaZaCentar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 23-Oct-2021 at 14:02
Без дозвола и денес се гради кај ТЦЦ Плаза во центарот на Скопје (ФОТО



Без дозвола и денес се гради кај ТЦЦ Плаза во центарот на Скопје (ФОТО)
И денес за време на викенд и со забрана за градење, се работи и се гради на поранешниот објект кај ТЦЦ Плаза. Редакцијата на МКД.мк на почетокот на октомври објави дека градежната машинерија пак влезе во оградената парцела во центарот на Скопје, каде не се гради повеќе од една година, и градежните активности продолжија, без дозвола за градба

Инвеститорот на овој објект, бизнисменот Борис Стојменов продолжува да гради, против него Општина Центар има поднесено и кривична пријава, обвинителството чека вештачење, но булдожерите и работниците веќе неколку пати се на терен.

Градењето на овој објект во центарот на Скопје беше прекинато уште лани во јули. Она што е изградено како основа требаше да се урне уште лани во февруари, а во агвуст 2020 година Општина Центар почна да бара фирма тоа да го направи.

Инвеститорот „БС Консалтинг" има решение за отстранување на дивоградбата. Во август лани Општина Центар на прашање на МКД.мк одговори дека „во наредниот период ќе распише јавна набавка за избор на соодветна фирма за уривање, која ќе постапува не само во однос на таа дивоградба, туку и по други решенија за отстранување на други дивоградби".

Пред неколку дена изградбата непречено продолжи. И повторно на диво, без дозвола. По поднесената кривична пријава од Општина Центар против Борис Стојменов, од Основното јавно обвинителство велат овој предмет е во предистражна постапка и се чека извештајот од вештачењето.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/bez-dozvola-i-denes-se-gradi-kaj-tcc-plaza-vo-centarot-na-skopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 23-Oct-2021 at 15:18
Само со одобрение за рушење на БЕКО стигнаа до приземје без дозвола за градба.Многупати пробаа па запираа но очигледно сега користат период околу избориве за да продолжат со кревање на карабината.Да имаа дозовола и правосилно решение требаше да постават табла на градилиште.

од твитер

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 26-Oct-2021 at 08:50
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 01-Nov-2021 at 17:53
Припрема на плоча на приземје(твитер)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 26-Nov-2021 at 14:58
Армирана приземна плоча(од твитер)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 27-Nov-2021 at 18:12
Originally posted by stef4o

Армирана приземна плоча(од твитер)



Денес веќе бетонирале(твитер)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 08-Dec-2021 at 14:37
Забрана за градење кај „Беко“ има, ама нема волја да се спроведе

Според „Шанса за Центар“, останува нејасно зошто се дозволува продолжувањето на градењето и зошто обвинителството не носи мерка за запирање на работите, ниту дали Општината или која било друга институција можат да запрат недозволено градење кога инвеститорите тоа го прават на своја рака. Тие сметаат дека ова е уште еден пример дека граѓаните се оставени на милост и немилост на моќниците и на немоќта или намерното непостапување на институциите

Дали има забрана за градење на парцелата на ТЦЦ „Плаза“ (старо „Беко“), откако таму со денови непречено се одвиваа градежни активности, јавно прашаа од „Шанса за Центар“.

Оттаму велат дека до советниците во Советот на Општина Центар на последната седница имало информација дека на посочената локација сè уште има забрана за градење и покрај тврдењата на инвеститорот Друштво за економски консалтинг, услуги и трговија „Економско биро“ ДОО Скопје, дека таквите решенија на инспекцијата се поништени од второстепената комисија.

– Секторот за инспекциски надзор на општината одговoри дека последната жалба која ја поднел инвеститорот Економско биро ДОО Скопје до второстепената комисија е одбиена како неоснована – нагласуваат од „Шанса за Центар“.

Притоа додаваат дека последен пат градежен инспектор донел Решение за отстранување на 30 декември 2020 година кога при увид констатирал дека таму наместо дозволеното едно, инвеститорот си пробил две нивоа под земја. Во информацијата се вели дека и покрај затворањето на градилиштето, решението за отстранување и Заклучок за дозвола за извршување, инвеститорот си продолжил со градба.

Според „Шанса за Центар“, останува нејасно зошто се дозволува да продолжи градењето и зошто обвинителството не носи мерка за запирање на работите, ниту дали Општината или која било друга институција можат да запрат недозволено градење кога инвеститорите тоа го прават на своја рака.

Тие сметаат дека ова е уште еден пример дека граѓаните се оставени на милост и немилост на моќниците и на немоќта или на намерното непостапување на институциите.

Инспекторите на Општина Центар повеќе пати интервенираа за да ја сопрат незаконската градба на објектот кај поранешно „Беко“ и повеќе пати на инвеститорот му беше издавано решение за стопирање на градежните работи.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна пред три години, бидејќи од раководството на Општина Центар, кога на чело беше градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба на објектот. Но, при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново.

За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба, но затоа што Општина Центар го воведе мораториумот за градење на нејзина територија инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај 2019 година почна со градежни работи, беше поставена дури и втора плоча, како и арматури за носечките столбови.

https://www.vecer.press/забрана-за-градење-кај-беко-има-ама/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 29-Dec-2021 at 17:39
Дивоградбата кај „Беко“ им се насмеа на институциите во Македонија



Македонија веројатно е единствена земја во светот кадешто државните институциите толерират изградба на хотел и покрај изречени забрани за градба и судски пресуди со коишто се потврдува градењето на диво. Таков е примерот со изградбата на хотелот „ТЦЦ Плаза“ во центарот на Скопје во близина на полициската станица „Беко“.

И покрај тоа што овластен инспектор при општина Центар и Државната комисија за одлучување во втор степен констатирале дека фактичката состојба на терен отстапува од дозволата, односно дека наместо доградба и надградба се гради целосно нов објект, нешто кое потоа го потврдува и Управниот суд со првостепена пресуда, градежните работи на хотелот „ТЦЦ Плаза“ не запираат.

Институциите се немоќни да го спроведат она што самите го донеле како одлука – инвеститорот во рок од три дена да ја отстрани градбата (Решение на инспекторот од Центар од 30.11.2020 година), а доколку тоа не го направи, да се пристапи кон присилно административно извршување. Уште еден парадокс е тоа што во самото Решение на градежниот инспектор од Центар е наведено дека жалбата против истото не го одлага извршувањето.

Управен суд – објектот бил отстранет и немало на што да се надградува и доградува
Податоците до коишто дојде „Само прашај“ со помош на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер покажуваат дека Управниот суд на 5 октомври пресудил против инвеститорот Борис Стојменов, односно, неговата жалба ја одбил како неоснована. Инвеститорот „Друштвото за економски консалтинг, услуги и трговија ЕКОНОМСКО БИРО ДОО – Скопје“ барал поништување на Решението на Државната комисија за одлучување во втор степен, којашто се согласила со инспекторот од Центар дека наместо доградба и надградба, во реалноста се гради нов објект и тоа со зголемен габарит.

Судот констатира дека тужбата на Стојменов е неоснована, бидејќи, како што е наведено во пресудата – инвеститорот поседувал одобрение за надградба и доградба на објект кој бил отстранет и немал на што да се надградува и доградува, туку се градело целосно нов објект.

Стојменов на јавната расправа во Управен, којашто се одржала на 28 септември изјавил дека кога се правела надградбата со метална конструкција се покажало дека конструкцијата нема да може да издржи и затоа морале да интервенираат, а со димензиите за градежната јама сакале да ги заштитат објектот и околината. Инвеститорот се жалел дека фактичката состојба била погрешно и нецелосно утврдена, но Управниот суд сметал дека овие наводи на Стојменов се неосновани. Во моментов е во тек жалбена постапка, откако Стојменов на 17 ноември поднел жалба против пресудата до Вишиот Управен суд.

„Само прашај“ побара мислење од правници што значи ваквата пресуда на Управен. Од Здружението на млади правници појаснуваат дека со ова, Судот потврдил дека градежниот инспектор на Центар донел правилно и законито решение.

Какви одлуки носеа институциите?
Пред целиот случај да заврши во Управниот суд, инвеститорот ја загубил битката и во Државната комисија за одлучување во втор степен. Таа, иако еднаш предметот го вратила на повторно одлучување, сепак, втората жалба на инвеститорот против постапувањето на инспекторот од Центар ја отфрлила како неоснована. Такво решение, Комисијата донела на 25 февруари годинава.

„При повторен увид на лица место и дадени упатствија од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, овластен градежен инспектор со записник констатира дека се гради нов објект со димензии 61м x 34,5м, но со зголемен габарит и целосно нова армирано бетонска конструкција, се гради две нивоа под ниво на терен, а согласно стариот и постоечки објект на лице место беше само едно ниво под ниво на терен и во моментот на увидот се бетонираше армирано бетонска плоча над минус второ ниво во подрум и поради тоа што на увид не се доставија правосилно одобрение за градење и ревидиран проект, договор со изведувач, надзор и останата техничка документација се донесе Решение за отстранување, како и Заклучок за дозвола за извршување“, констатираат од Секторот за инспекциски надзор во Општина Центар.

Општината потврдува дека Стојменов имал одобрение издадено на 7 септември 2016 година, но за доградба и за надградба на хотелски комплекс од втора категорија. Потоа е констатирано дека на терен се гради нов објект со зголемен габарит, што е спротивно на дозволата за доградба и надградба, па градилиштето било затворено. Но, и тука не запреа градежните активности. Општината реагираше дека инвеститорот сам ги отстранил знакот и поставената лента и продолжил со градба, иако локацијата се наоѓа на само неколку метри од полициска станица, па му поднесе кривична пријава. Според последните информации од Обвинителството, предметот е сè уште во фаза на предистрага.

Шанса за Центар“ и бизнисменот во клинч, Стојменов се закани со кривични пријави
Целиот случај со поранешно „Беко“ деновиве донесе бура од реакции меѓу иницијативата „Шанса за Центар“, којашто има тројца советници во Советот на локалната самоуправа и бизнисменот Стојменов. За „Шанса за Центар“ е нејасно како градежните работи продолжуваат да се одвиваат.

„Останува нејасно зошто се дозволува продолжувањето на градењето и зошто Обвинителството не носи мерка за запирање на работите, ниту дали Општината или која било друга институција можат да запрат недозволено градење кога инвеститорите тоа го прават на своја рака. Ова е уште еден пример дека граѓаните се оставени на милост и немилост на моќниците и на немоќта или намерното непостапување на институциите!“, велат од Шанса за Центар.

Стојменов, кој неодамна за „Само прашај“ тврдеше дека ги поседува сите потребни документи, и во одговорот до „Шанса за Центар“ остана на ставот дека нема законски пречки да гради.

На локацијата на поранешно „Беко“ е предвидено да никне хотелот „ТЦЦ Плаза“ на површина од 20 илјади квадрати, 7 ката плус 3 подземја. Додека надлежните институции постапат по решенијата за прекин на градбата, инвеститорот продолжува со градење и покрај тоа што се констатирани неправилности и има судска пресуда којашто ја потврдува незаконитоста. Тоа само покажува дека државните институции се немоќни или не сакаат да спречат градење на диво во строгиот центар на Скопје.

https://samoprasaj.mk/naacik/2237-divogradbata-kaj-beko-im-se-nasmea-na-instituciite-vo-makedonija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 04-May-2022 at 17:23
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ЗА СТОЈМЕНОВ ОТИ СО ГОДИНИ ГО ГРАДИ НА ДИВО ПОРАНЕШНО „БЕКО“

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за градењето на диво на хотелот „ТЦЦ Плаза“ или поранешно „Беко“ во најстрогиот центар на Скопје. Речиси 4 години, инвеститорот без одобрение за градба од Општина Центар постави темели и го крева објектот. Општина Центар пред две години поднесе кривична пријава против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“ во Обвинителството, од каде конечно е поднесено обвинение.

Како што стои во соопштението од Обвинителството, поднесен е Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата Даме Груев, Општина Центар“, велат од Обвинителството.

За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016 добил Одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект поранешна стоковна куќа „Беко“ со ширина од 28,5 метри и должина од 42,5 метри.

„Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил Одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од ширина 61 метар и должина 34,5 метри. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од втора категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа“, се вели во обвинението.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ во времето на екградоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба на објектот. Но, при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна, со намера да го гради одново од темели. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар во меѓувреме го воведе мораториумот за градба, инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај 2019 почнаа градежни работи, кои иако неколку пати беа прекинувани од Општина Центар повторно продолжуваа, па сега објектот е стасан до приземје и се поставуваат арматурите за кревање на катовите.

Инвеститорот Стојменов во меѓувреме поднел до Општината идејно решение за да добие дозвола за градба, но како што велат од Општината, тоа е одбиено бидејќи според законот не може да се даде дозвола за објект што веќе во дел е изграден. Тоа значи дека инвеститорот може да добие градежна дозвола само ако го урне досега изграденото и потоа поднесе ново барање.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/obvinitelstvoto-podnese-obvinenie-za-stojmenov-oti-so-godini-go-gradi-na-divo-poraneshno-beko/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 06-May-2022 at 06:59
Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино



https://a1on.mk/istrazjuvanja/video-stojmenov-zaev-stoi-zad-blokadata-na-gradilishteto-beko-pritisokot-beshe-da-go-prodadam-evtino/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 06-May-2022 at 11:36
Беко – терен за борба меѓу моќта и законот



Две години му требаше на Јавното обвинителство за да поднесе обвинение против бизнисменот Борис Стојменов по кривичната пријава од Општина Центар доставена во јули 2020 година, поради бесправно градење на местото на поранешната стоковна куќа Беко. А додека обвинителите го градеа случајот против поранешниот пратеник и министер, градеше и самиот Стојменов. Иако градилиштето му е формално затворено од 26 јули 2020 година, тој во меѓувреме направи две подземни нивоа на својот нов објект и ги почна надземните работи.

Сликите од теренот и историските сателитски снимки покажуваат дека како што се множеа решенијата за запирање и за уривање на објектот од локалните власти, така се зголемуваа и неговите димензии. Дури и додека траеше мораториумот за градење што го воведе претходната општинска управа.

„Постојано ги гледаме како доаѓаат, ги кинат лентите за затворање на градилиштето и продолжуваат да градат“, ни кажаа соседите што живеат и работат во близина, кога го посетивме објектот.

Иако пред година и пол, од обвинителството, за БИРН, изјавија дека „јавен обвинител прибира вербални и материјални докази со цел утврдување на фактичката состојба“, во обвинителниот акт објавен на 4 мај е наведено единствено тоа што поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, постојано го повторуваше – дека Стојменов во 2016 година добил градежна дозвола за да го реновира и да го надгради стариот објект Беко, но во 2018 обезбедил стручно мислење дека градбата е нестабилна и добил дозвола да ја урне, а откако го расчистил теренот, почнал да гради без да побара ново одобрение.

Земјиштето каде што се гради е регистрирано на име на компанијата Економско биро, во сопственост на неговото семејство, а управувана лично од него. Според обвинителството, со старата дозвола за реновирање требало да направи објект со димензии 28,5 на 42,5 метри, а откако ја урнал стоковната, почнал да гради зграда од 61 на 34,5 метри. Поточно, ја зголемил основата на градбата за речиси 60 проценти, од 1.200 на 2.100 квадрати.

Колку нивоа сака да изгради нагоре, знае само инвеститорот. Според деталниот урбанистички план изработен од Ин-пума во 2012 година, кој може да се најде на веб-страницата на Општина Центар, тој има право да направи деловен објект со приземје, мезанин и девет ката, со вкупна површина од над 16 илјади квадратни метри. Ако се изгради, вредноста на таквата зграда во строгиот центар би се пресметувала со осум цифри во евра.

Како се дестабилизираше објектот среде мораториум

Стоковната куќа Беко, објект ценет од многу архитекти и граѓани како еден од симболите на постземјотресното Скопје, е проектирана во 1969, градена од 1970, а отворена во1972 година, според податоците на МАРХ. Набргу целиот простор околу неа станал познат како „Беко“, назив што и натаму е во употреба, иако објектот не постои (на пример така неформално се нарекува и полициската станица Центар отспротива, каде што се издаваат и лични документи). Затоа нејзиното уривање предизвика многу реакции.

Во времето на транзицијата, објектот преминува во сопственост на семејството Стојменови, кои го реновираат и го пренаменуваат во хотел, со име ТЦЦ Плаза. Во 2016 почнува нова реконструкција со монтажна надградба. Првичната идеја била тој да добие нови нивоа нагоре и да се преоблече во барок, но тоа никогаш не се случи.

По локалните избори, во декември 2017 година, Општина Центар носи одлука за мораториум на градењето за да се ревидираат урбанистичките планови. Следната година напролет беше побарана и добиена дозвола за уривање на Беко, со образложение дека објектот имал проблем со статиката.

Колку неубедливо изгледаше тоа образложение покажуваше големиот број коментари дека работниците одвај ги извадиле неброените тони железна арматура од зграда прогласена за нестабилна. И самата авторка Мимоза Несторова Томиќ, во разговор за порталот СДК, забележа дека Беко го уривале четири месеци, а велеле дека има проблем со статиката.

Една од нејаснотиите поврзани со случајот е и како првично инвеститорот добил дозвола за надградба ако статиката била проблематична и како го открил тоа во текот на градбата, токму кога стапи во сила мораториумот и се отвори можност за ревизија на Деталниот урбанистички план. Тоа беше период кога се зголеми притисокот за намалување на површините за градба во Центарот, па со мораториумот постоеше можност да го загуби правото некогаш да го изгради објектот со максималните предвидени димензии.

„Не може некој однапред да знае дали и по ревизијата на планот ќе ги добие истите параметри за градба. Димензиите може да се променат, и тоа се случи на повеќе локации“, рече советничката од Општина Центар, Јана Белчева Андреевска, поранешна претседателка на општинскиот совет, која со помош на здружението „Здравје пред профит во Центар“ своевремено го иницираше ревидирањето на урбанистичките планови на општината.

Затворање врз затворање врз затворање на градилиштето

Поради мораториумот, Стојменов не можел да добие ниту градежна дозвола според актуелниот план, па решил да се повика на старата, на таа за реновирање од 2016 и да почне да гради.

Оттогаш трае борбата меѓу инвеститорот и локалните власти.

„Многупати имаме носено одлуки за запирање на градбата или за нејзино отстранување, веќе не можам да се сетам колку“, рече за БИРН поранешниот градоначалник Богдановиќ во 2020 година.

На 20 јуни 2019 година, општината го затвори градилиштето. Инвеститорот Стојменов продолжи да гради. Решение за отстранување на градбата доби на 26 февруари 2020. Објектот продолжи да расте. На 8 мај уште еднаш е затворено градилиштето, и повторно е отворено на своја волја од инвеститорот. Тоа се повторува и на 25 јули 2020.

Ова се само неколку датуми споменати во соопштенијата на општината до јавноста, а разликите на теренот може да се видат и на сателитските снимки на Гугл.

При едно затворање на градилиштето, Стојменов за ТВ 21 изјави дека има право да гради зашто своевремено платил и комуналии и ја обвини општината дека му барала мито од еден милион евра.

„Не им давам мито“, вознемирено извикуваше Стојменов тогаш пред камерите.

Тој го повтори ставот дека еднаш добил градежна дозвола и не му треба нова и во интервју за А1 Он, во кое, пак, го обвини поранешниот премиер Зоран Заев дека стои зад блокадите на градилиштето.

За овие изјави има тужба за клевета од Богдановиќ и предупредување за тужба од Заев.

Во Законот за градење се предвидува дека реконструкција се прави исклучиво во габаритот на постојниот објект, без никаква можност за зголемување на димензиите.

Обидите да се прават нови и поголеми градби зад параванот на реконструкција се познати и од порано. Делумно поради овие причини веќе две децении стои затворено градилиштето на објектот Кермес во градскиот парк во Скопје, кој со својата недовршена бетонска конструкција веќе почнува да наликува на археолошки локалитет.

Ќе гради ли Стојменов легално?



Во моментов не постои мораториум за градење во Центар. Уставниот суд го укина во декември 2020, а новата општинска власт досега не покажала интерес да обнови една таква мерка. Градежни дозволи се издаваат слободно.

Во меѓувреме, се подготвува и нов закон за легализација на дивоградби, откако минатата година во мај се изгласа еден, па претседателот Стево Пендаровски не го потпиша.

Ова се две околности што може да ги искористи инвеститорот Стојменов. Од друга страна, пак, има решение за уривање и обвинение дека не го испочитувал, па следно останува на судот да одлучи дали ќе дозволи да се искористат „дупките“ низ кои може да се протне оваа зграда во центарот на градот.

https://prizma.mk/beko-teren-za-borba-megu-mokta-i-zakonot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 10-May-2022 at 14:04
Стојменов изгуби, клевета е тврдењето дека Општината му побарала мито од милион евра



https://a1on.mk/macedonia/video-stojmenov-izgubi-kleveta-e-tvrdenjeto-deka-opshtinata-mu-pobarala-mito-od-milion-evra-za-da-gradi-kaj-beko/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 24-Sep-2022 at 13:39
СТОЈМЕНОВ ПОЧНА САМ ДА ГИ УРИВА СТОЛБОВИТЕ ЗА ХОТЕЛОТ НА ПОРАНЕШНО „БЕКО“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ КАДЕ 4 ГОДИНИ ГРАДЕШЕ БЕЗ ДОЗВОЛА



Фирмата „БС Консалтинг“ почна сама да го урива она што досега на диво го изгради за хотелот „ТЦЦ Плаза“. Откако 4 години објектот на поранешно „Беко“ се градеше без дозвола, деновиве со багер почнаа да се уриваат бетонските столбови кои се кренати.

„Од инвеститорот е добиено известување дека во наредниот период ќе се врши уривање“, велат од Општина Центар.

Откако ќе се урне дивоградбата, градежникот може да поднесе барање за градба и откако ќе плати комуналии на Општината може да го гради хотелот бидејќи според Деталниот урбанистички план (ДУП) кој е на сила, на тоа место постои маркичка за хотел.

За досегашното градење Основното јавно обвинителство во мај годинава поднесе обвинение за градењето на диво на хотелот „ТЦЦ Плаза“ против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“. Обвинението беше поднесено две години откако Општина Центар поднесе кривична пријава против градежникот.

На градилиштето пред две години дојде до инцидент меѓу сопственикот Стојменов и инспекторите од Општина Центар. Откако испекторите изрекоа една од многуте забрани за градбa, Стојменов се караше, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна во март 2018, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба. Но, при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. Но и покрај тоа, постојано со прекини се градеше.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/stojmenov-pochna-sam-da-gi-uriva-stolbovite-za-hotelot-na-poraneshno-beko-vo-tsentarot-na-skopje-kade-4-godini-gradeshe-bez-dozvola/
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 528
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 24-Sep-2022 at 16:11
Овде се испушти можност со новиот ДУП да се измени оваа маркичка (во поглед на површината, не на висината). Или пак, уште подобро, целосно да се избрише. Овој простор едно што се пренатрупа со објекти, па не се ни вклопуваат никако. Барем да продолжеше со оној скалест распоред од Палома Бјанка. А зад него се планира уште една зграда.

Иако очигледно постои некој договор, се прашувам дали ако заглави работата изградениот подрум би можел да се искористи како подземен паркинг.

Originally posted by Staro Skopje


Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 24-Sep-2022 at 16:38
Плоштад „ВМРО“ може да се продолжи до самата улица или да се направи мини-парк на самата маркичка, а под плоштадот или мини-паркот (на местото на маркичкава) да има подземен паркинг на неколку нивоа, со тоа што првото подземно ниво би било за кратко паркирање (до 30 минути) и не би се наплаќало -- оваа идеја би била добра, со оглед на тоа што преку работен ден во текот на работните часови има еден куп кратки застанувања по улицата.

Edited by skopskodete - 24-Sep-2022 at 16:39
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 28-Sep-2022 at 17:41
ВИДЕО: Стојменов вторпат се самоурива кај „Беко“, ќе поднесе ново барање за градба



Центарот на Скопје трет ден татни од багер што ги урива дивоизградените столбови на поранешниот хотел ТЦЦ „Плаза“ на местото на некогашната стоковна куќа „Беко“. Борислав Стојменов, инвеститор на објектот, вторпат сам го урива изграденото на местото на поранешната стоковна куќа. Овој пат, од неговата правна служба велат дека уриваат за да можат да поднесат ново барање за градење и да го изградат планираниот објект.

„Постапуваме по последното решение за уривање што ни го издаде градежната инспекција. Ќе се урне сè што е надвор од градежната јама. Не сакаме и за ова решение да одиме по судови. Штом заврши уривањето ќе поднесеме ново барање за одобрение за градба и ќе градиме, не се откажуваме од објектот“, објаснува правната служба на Друштвото за економски консалтинг, услуги и трговија – Економско биро, сопственост на Стојменов, за „А1он“.

Општина Центар пред два месеца добила известување дека Стојменов сам ќе ја урне дивоградбата
Првото самоуривање на објектот на местото на поранешната стоковна куќа Стојменов го направи пред четири години откако статичари, на негово барање, утврдиле дека потпокривот направен од метална конструкција пропушта вода и тече насекаде.

Урнати се столбовите изградени над земја
По уривањето Стојменов почна да гради нов објект, на местото на стариот, но со поголем габарит, повикувајќи се на одобрение за градење од 2016 година, а Општина Центар му издаде неколку решенија за уривање, неколкупати го запечати градилиштето, но и покрај тоа објектот излезе од темели, а пролетва беа изградени и столбови над земја.

И сегашното уривање Стојменов го пријавил во Општина Центар.

„Пред околу два месеца добивме известување дека инвеститорот сам ќе се урива“, велат од Општина Центар.

Правната служба на Стојменов најави дека ќе бара ново одобрение за градење откако ќе заврши уривањето
Општината не го урна изграденото и покрај многуте решенија за уривање. Последното објаснување за тоа што не уриваат од мај годинава беше дека нема да чепкаат на градилиштето сè додека не се изјасни Обвинителството. Истиот месец Обвинителството одлучи да го гони Стојменов за бесправно градење, а тој, пак, најави дека судењата ќе откријат афера како „Рекет“ и посочи дека зад блокадите на градилиштето стои поранешниот премиер Зоран Заев и дека му се вршел притисок хотелот да го продаде евтино.

Од правната служба на Стојменов велат дека ново одобрение за градење ќе бараат независно од постапките во Обвинителството и очекуваат дека токму тие постапки ќе покажат дали Стојменов бил во право.

Кривични пријави за бесправно градење и за искината пломба на градилиштето против Стојменов поднесе поранешниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ. Во јуни годинава, пак, кривични против Богдановиќ и градежните инспектори од Општина Центар поднесе Стојменов. Од Обвинителството известија дека кривичните пријави од Стојменов се во предистражна постапка.

https://sitevesti.com/video-stoјmenov-vtorpat-se-samouriva-kaј-beko-ќe-podnese-novo-baraњe-za-gradba
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.135 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.