build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 23-Oct-2018 at 13:55
Од изложбата БИМАС, што се одржа пред неколку недели.

За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 535
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 23-Oct-2018 at 17:40
И сега овој проект ќе се реализира? Не сфаќам дали на БИМАС има и проекти кои не победиле на конкурси, магистерски и сл., или пак секој проект таму изложен ќе се изведува или е изведен?

Edited by hcitrS - 23-Oct-2018 at 17:40
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 23-Oct-2018 at 17:55
Речиси половина од изложените проекти веќе беа изградени, за други беше најавено дека ќе се градат. Е сега, за Универзална сала конкретно, мислам дека беше изложен само проектот, колку што знам од Град Скопје се откажаа од изведување, не знам, можеби грешам.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 23-Oct-2018 at 19:30
Ова е проект на Коце од пред изборите, го има на претходната страница.

Еве нешто од мај. Од текстов можам да разберам дека ќе се оди на автентична реконструкција на Универзална, но последниот параграф збунува.

Универзална сала ќе му се врати реновирана на градот и со истото име

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потпишаа писмо за намери преку кое се дефинираат активностите за унапредување на културата на подрачјето на Град Скопје преку заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала.

Салата веќе две години е затворена за посетители, а нејзината изградба предвидено е да почне во 2019 година. Алаѓозовски рече дека објектот е од исклучително значење за остварување на јавниот интерес во културата и културните потреби на нашите сограѓани и на Скопје како културен центар на државата.

„За жал, нашата метропола, поради состојбата во која се наоѓа Универзалната сала, нема соодветен простор за културно-уметнички манифестации меѓу 1.000 и 5.000 илјади луѓе. Во моментов нашите национални установи од културата во Скопје, филхармонијата, операта, Македонскиот народен театар и другите театри излегуваат во пресрет за да се надомести овој недостиг, но тоа создава дополнителни предизвици во нивната редовна дејност“, изјави Алаѓозовски.

Според Шилегов, реконструкцијата на Универзална сала како симбол на солидарноста во изминатите години беше само предмет на манипулација од претходната власт.

„Предизборно беа изработувани и презентирани во јавноста многу проекти, од кои беше реализирано само преименувањето на овој објект. Предизборните ветувања се провлекуваат уште од 2009 година. Ниту претходната локална, ниту претходната централна власт не направија напори да изградат нова сала. Години наназад никој не инвестираше во овој објект. Години нанзад Универзална сала пропаѓа“, рече Шилегов и додаде дека на„ Златните славејчиња“ им ветил дека за јубилејниот 50-ти роденден ќе пеат во новата Универзална сала.

Според Шилегов, Универзална сала треба да се врати онаква како што била и повторно да претставува културно средиште на нашиот град. Тој, исто така најави дека изградбата на салата ќе биде според најсовремените стандарди за безбедност, удобност на гледалиштето и пристапност. Изгледот и функционалноста ќе бидат задржани со дополнителни содржини за други културни манифестации.

Одговарајќи на новинарско прашање Шилегов рече дека постојат неколку проекти за Универзална сала но додаде дека дел се недоразработени, дел се изведени надвор од постапка и процедура, со необезбедени финансиски средства и поради нив Универзална сала е во тешка финансиска состојба. Долгот е 200.000 евра за проект кој е нарачан, а не се знае од кого и нема средства за негово плаќање. Според Шилегов, ќе се најде најоптималното решение и ќе се врати старото име на салата.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/univerzalna-sala-kje-mu-se-vrati-renovirana-na-gradot-i-so-istoto-ime
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1630
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 23-Oct-2018 at 20:12
Е добро де, на сите нас ни е јасно дека салата треба да се реновира, не ни кажа Коце, знаевме од претходно
А дали и овие ќе успеат во реконструкција, не верувам...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.