build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Универзална сала
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 18192021>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1742
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 31-Jul-2020 at 13:06
Originally posted by stef4o

Засега се зборува за цифри од околу 20 до 24 милиони евра за нова а за реконструкција ко негде да спомнаа околу 17 милиони ама не сум сигурен.
Според мене универзална треба да се обнови тука каде што е и нека биде со капацитет од околу 1000 гледачи а на некоја друга локација нека се изгради некое помодерно здание со поголем капацитет...само да не испадне на крај да добиеме 2 подпросечни објекти.Во секој случај градот ги нема тие пари така да треба владата да го финансира проектот.Сепак ќе се развлече работата бидејќи ќе се прави сега прво конкурсот за парк и летна сцена па потоа за изгледот доколку би се реновирала(по реновирање мислат да се урне стариов објект и да се гради нов со ист габарит).
Da, ama zosto da ne ostane istiot kapacitet od 1500 sedista, i zosto nova sala ako se renovira "Univerzalna"? PS: Inaku ako se rusi do temel togas toa ne e renoviranje i tuka vazat drugi standardi koi spored zakonskata regulativa ne mozat da bidat zadovoleni.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 31-Jul-2020 at 14:21
Одговорот зошто да се смали капацитетот на постојнава сала е да се добиел некаков си подобар комфор,прегледност или незнам нешто во тој стил говореа деновиве но незнам што мислат поточно.
Идејата за парк со летна сцена според мене е чиста глупост и е сосем непотребна освен ако не одат на идејата кај Треска да се реализираат 50-те згради и од другава страна да се исполни потребниот процент зеленило.Но и тоа не држи многу вода бидејќи Треска е приватно земјиште кое нема шанси да го откупат и да прават паркови така да неспорно таму ќе се прават згради откако ќе помине мораториумот.Најдобро е да се изгради мултифункционална сала некаде на друга локација со поголем капацитет и секако со доволно паркинг места и поголема пристапност а оваа постоечката да си остане и соодветно да се реновира.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 31-Jul-2020 at 14:29
Снимка од дрон. Универзална Сала. Скопје / Drone footage. Universal Hall, Skopje



https://okno.mk
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1742
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 31-Jul-2020 at 14:30
Originally posted by stef4o

Одговорот зошто да се смали капацитетот на постојнава сала е да се добиел некаков си подобар комфор,прегледност или незнам нешто во тој стил говореа деновиве но незнам што мислат поточно.
Идејата за парк со летна сцена според мене е чиста глупост и е сосем непотребна освен ако не одат на идејата кај Треска да се реализираат 50-те згради и од другава страна да се исполни потребниот процент зеленило.Но и тоа не држи многу вода бидејќи Треска е приватно земјиште кое нема шанси да го откупат и да прават паркови така да неспорно таму ќе се прават згради откако ќе помине мораториумот.Најдобро е да се изгради мултифункционална сала некаде на друга локација со поголем капацитет и секако со доволно паркинг места и поголема пристапност а оваа постоечката да си остане и соодветно да се реновира.
Prasanjeto e zosto da se gradi sala so pogolem kapacitet, za koja namena. Univerzalna so 1500 sedista e sosema dovolno za muzicki manifestacii. Kongresni sali od vremeto na socijalizmot e pominata rabota.   
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 31-Jul-2020 at 14:33
Универзална Сала како потенцијална жртва на изгубениот градски идентитет

Оваа Универзална сала за приредби е подигната со помошта што на Скопје му ја упатија граѓаните, хуманитарните организации и владите на Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразилија, Гвинеја, Иран, Ирак, Индонезија, Израел, Јордан, Јемен, Јапонија, Камбоџа, Куба, Канада, Кипар, Либан, Либерија, Луксембург, Мали, Монголија, Мароко, Монако, Нигерија, Нов Зеланд, Пакистан, Судан, Сенегал, Сирија, Турција, Тунис, Уругвај, Цејлон, Чиле, како и странските туристи што на денот на катастрофата се најдоа во Југославија. ОВОЈ ОБЈЕКТ ЌЕ ОСТАНЕ КАКО ТРАЕН СИМБОЛ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЧОВЕЧКА СОЛИДАРНОСТ ВО ОБНОВАТА НА СКОПЈЕ ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС 26 ЈУЛИ 1963 ГОДИНА.“

Оваа порака е запишана на таблата која ќе ве пречека од страна, уште при влегувањето во Универзалната Сала.

Скопје доживеа невидена катастрофа – но веројатно најголема катастрофа е нашата непостојаност, неистрајност и се разбира поимањето на тоа што значи локална власт. Ниту една од нив изминатите 3 декади, не воспостави систем на вреднување на градот, неговото минато, ниту пак трасира патека за иднината. За волја на вистината, тековната има поголем слух кога јавноста негодува, но дали е тоа доволно?

Од град со светска мисла, до која се држевме до 80тите, одеднаш го напуштивме концептот за градот, кој беше во центар на светската урбанистичка и архитектонска јавност своевремено. Го напуштивме планот на Танге, средствата од републичко ниво почнаа да се приливаат кон федералната каса и заборавивме дека создавање ГРАД е проект кој никогаш не застанува (особено градот кој го вадиме од пепелта).
Визијата за град не зависи од средствата што ги имате во касата (најголемата лага на погрешно разбраниот капитализам), туку од вашата способност да менаџирате проекти на долги стази, со употреблива вредност најмалку 30-50 години во иднина. Способноста да сонувате град, не е нереалност, туку решителност да истраете во изградбата, да одредите буџет во повеќе години кој го надминува вашиот политички мандат во корист на општеството, да донесете визионерски план и да се држите до него. Најпрво што сакаме да постигнеме како цел, а потоа се одредуваат патиштата како да го реализираме. Тука влегуваат и промените во законите, кои често се алиби за неделувањето на општините и градот во посакуваната насока.

Кога говориме за таканареченото Старо Скопје или предземјотресно Скопје, или пак за постземјотресно Скопје или реперот Танге, ние говориме како за некое завршено време, за откинат дел од нас, за таму некаде во минатото. Никој не го разбира континуитетот, ниту историски значајните моменти на одлука во помеѓуто. Сите локални власти имаат оправдување за своите чекори, без сериозно организирани дебати, пред да се донесе одлуката, бидејќи им чука часовникот кој им е со ограничено времетраење од 4 години, додека градот има милениуми континутитет. Значи не сме му дораснати да размислуваме за неговата иднина, туку ја гледаме сегашноста во тие неколку години.

Што се дозволивме да му се случи на Скопје

Ако ја прескокнеме надуваната 2014та и фамозниот проект (поради експонираноста и премногу пати посочуваните грешки), свесно и летаргично, во Скопје дозволивме:

Да го загубиме Кермес, објект кој со мали средства можеше да го добие стариот сјај и да биде мост со времето кога е создаван паркот. Во девалвирањето индиректно беше вклучена и фирмата во која имаше удел тогашниот градоначалник на Скопје;
Ја искасапивме Старата Железничка Станица, рушејќи ги сочуваните перони и идејата да се организира музеј на отворено на стари локомотиви и вагони, една екстензија на Музејот на Град Скопје. Таа деградација продолжи со рушењето на последниот ѕид ( Кон Рамстор) и дозволување да го обѕида од сите страни новиот комплекс. Тука беше потопена и една од најдобрите идеи за градска куќа , каде требаше да се случи современа интервенција во корелација со остатоците на железничката станица. Неразбирливо напуштен одличен концепт!
Дозволивме општина Гази Баба да ја помести градежната линија на Саемот и со тоа да го патронира неговото рушење, очигледно договорени потези со потенцијалните инвеститори и лагата дека нема финансиска оправданост oд неговото сочувување. Впрочем таму имаше доволно слободна површина за нови интервенции, но алчноста за комуналии и еднократното полнење на касите е поважно од трајно значајни и корисни објекти како саемските хали;
Дозволивме Маџир Маало, едно од најатрактивните локации до центарот, да го разјадуваат ситни инвеститори со мансард естетика;
Дозволивме да изгори Шалтер Салата на ПТТ, да протекува и прокиснува веќе 7ма година по ред без никакви активности околу нејзината ревитализација;
Дозволивме чаршијата да ја владеат банди, да се смени целата сопственичка структура според политички договори и етнички принципи, да се гради и обезвреднува на секој чекор со одговор дека не го знаеме инвеститорот. Зар некој верува во ова?!
Дозволивме да се случи кафанска градина над дел од ГТЦ, во меѓувреме куртуливме од лифт кој ја злоупотребуваше темата достапност за лицата со попреченост ( на 50 метри непосредно постои најудобната рампа во цел град).
и многу други нешта…

Си дозволуваме да говориме за солидарноста, за градот кој заборави да го почитува тоа што го придонел емпатичниот свет, потоа презентираме фино организирана изложба со табли со имињата на улиците кои се посветени на градовите – донатори за Скопје и најавуваме враќање на истите со идеја да се отстрамиме за постапките на претходниците.

Урбана археологија преку функцијата на „Летна сцена“

Веќе утредента, најавуваме рушење на Универзалната сала, најголемиот симбол на таа хуманост, воиграна со „добрата мисла“ да се остави сепак по рушењето – урбана археологија преку функцијата на „Летна сцена“. Апсурд! Прво осудувате на смрт, а потоа го плаќате скапиот погреб од грижа на совест. Секако давате средства и за мермерот над гробот.

Она што загрижува, идејата за парк на местото на Универзална Сала, пред неколку седмици беше пуштена во воздухот од друга страна, за потоа градот да ја официјализира. Кој и во чие име говори? Се кажуваат индивидуални ставови, или во име на …?

Ниту една навидум рационална мисла не може во контекстот на сите случувања со Скопје, кој секојдневно деградира и губи дел од вредните архитектонски реализации и историски целини, да го оправда рушењето на Универзална Сала. Тоа не е обична барака, таа е многу повеќе од тоа. Доколку така ја перцепирате, тогаш жалам што бизнис логиката ви го исцрпила моралот (кој се препознае, се препознае).

Кога вреднуваме архитектура и воопшто простор, на кој му пресудуваме од високите критериуми на архитектонската теорија игнорирајќи го човековото локално чувство за припадност и идентификација, треба да пресечеме преку прашањето – Што добивам, а што губам со оваа интервенција? Колкава е таа површина за парк, во кој насреде повторно ќе стојат остатоци од салата, притоа за негова изведба и делумно рушење ќе се истрошат огромни средства? За тоа ќе се откажеме од жив сведок на културата со маркантни бројки на настани, посетеност, значајност и повторно на друга локација ќе градиме нова?!

Неколку работи за Универзална Сала:

– Проектот за објектот е донација од Бугарија, реинтерпретација и модификација на циркусот во Софија, кој изгоре во 1980та година, што ја прави во моментот единствена градба без реално присуство за панданот;

– Финансиските средства за изградбата се донација на повеќе од 20 земји од светот, на кои сме им благодареле преку таблата за ТРАЕН СИМБОЛ;

– Единствена кај нас во својата материјализација, естетика и кружна, амфитеатрална форма на гледалиштето;

– Тоа што е монтажен објект, не ја прави безвредна. Напротив, тоа ја прави посебна и истата треба да остане како симбол на тој архитектонско-градежен потфат во конкретна вонредна ситуација. Таа конструкција е дел од нејзиниот идентитет и естетика, говорејќи искрено за времето кога потребата од брза реализација била неминовна (значи има вредна приказна за раскажување позади себе).
– Името „Универзална“ доаѓа од нејзината адаптабилност за повеќе настани. Партерот за многу случувања има можност да се демонтира и истиот да се слее во сцената, оставајќи го гледалиштето во приближна форма на античките хиподроми. Ваквото третирање, овозможува настанот да биде насреде, централно меѓу публиката. Често го користеа при одржување на националниот натпревар за модерни танци. Во прилог видео од Шаховската Олимпијада во Скопје, каде покрај изгубениот Скопски Саем е и користењето на Универзална Сала во контекст на претходно наведената организација.

Постојат културни институции на кои им е потребен нов дом

Вистината е дека таа не може да поднесе повеќе од она што е, што се покажа и преку изминатите конкурси, проекти и анализи, што упатува на потребата од нејзино задржување во постојните рамки. Тоа во никој случај, не ја одзема потребата на Скопје да му се случи поголема сала, на некоја нова локација.
Скапо е? Па се разбира дека е, не разговараме за тротоар и детско игралиште, говориме за објекти од културата, капитални инвестиции во неа, вложуваме во јавниот живот на граѓаните за следните 50 години. Зар мислиме дека тоа ќе го реализираме со неколку милиони евра?!

Скопје очигледно не ја разбира својата големина и изобилува со комплекси, кои го спречуваат да прерасне во вистинска метропола. Зар визијата за градот не може да опфати две концертни сали? Зар мислите дека секој ќе може да ја наполни новата со 3- 4000 капацитет? Со паметно менаџирање, верувајте дека и двете опции се возможни и се рационални.

Има многу модели кои може да се истражат со цел нејзино опстојување. Тука може да се размисли и за нејзина пренамена, адаптација, комбинирано функционирање, па дури и доградба е помало зло од нејзиното исчезнување. Постојат културни институции на кои им е потребен нов дом. На пример ТАНЕЦ, кој извести дека на 72 седница на Владата на Р.Македонија е одобрено барањето на институцијата за архитектонско-урбанситичко решение за нов дом. Доколку се работи за истата локација, каде сега е сместен Танец, тогаш тоа е уште поголем проблем за Мичурин и не е решение, ниту соодветна локација.
Ова нафрлање на идејата за Танец е само една возможност, и таа може да се истражи. Затоа можеби треба да размислите кое е решението да се спаси салата, наместо да се руши. Тоа не ја одзема потребата од изградба на нова и голема концертна сала во Скопје.

Затоа распишувањето на конкурс за Летна сцена значи одлука за делување, а не отворена дебата. Конкурсот кој треба да се распише е потрага по идеи и предлози за нејзино сочувување, притоа приложувајќи ги институциите на кои им недостига простор од областа на културата. Така со нејзиното реконструирање ќе се стави во поинаква улога, ако инсистираме дека не може да имаме две концертни сали.

Многу се лажеме со говорењето за приватните и државните земјишта

Да бутнете јавен објект, со историско значење, со исклучителна симболичност за градот и визуелна појавност, со идеја да направите паркче е апсурд. Парковите требаше да се случат на многу други земјишта исто државни што се претворија во градежни парцели и се продадоа.

Многу се лажеме со говорењето за приватните и државните земјишта и нивната вредност. Кој им дава вредност на приватните земјишта? Одговорот е урбанистите, што значи тие им вцртуваат површини за градба и намена. Како од саем добивме станбени згради и од фабрика Треска исто така станбени згради? Како тоа од земјоделско земјиште во Расадникот во Кисела Вода, добивме градежно со 100тина згради?! Од лошиот урбанизам и лошите законски акти каде приватниците може да побараат што сакаат, а на општините потајно им одговара бидејќи тоа се повеќе комуналии, не може да се извлечат без одговорност градоначалниците и урбанистите.

Манипулирањето со овие факти е неспорно, немоќта на властите е само привид поради притискањето на проектите во нивните 4 години. Ништо повеќе!

Чекориме сегментарно и Скопје го решаваме еднакво на општинските владеења, што е погубно за градот бидејќи тој е целина. Секое приватно земјиште може да се замени со друго државно земјиште.

Се што треба е градот да урбанизира државно земјиште, во неразвиените делови од градот, каде ќе предложи изградба,д а речеме на нова населба ( По терк на Аеродром и Ново Лисиче). Со тие нови парцели и маркици, градот лесно ќе може да компензира, ќе им даде еднакви или 20% поголеми земјишта за градба во замена за точките на интерес, но претходно со изработен урбанистички план по сите теркови и стандарди, а не давање земјиште па урбанистички план како желботека.

Тогаш нема ниту инвеститорите да загубат, ниту градот, но треба да имате визија, а потоа успешно да менаџирате со неа (за ова подетално во некоја следна објава).

Универзална сала има мноштво вредности кои се од значај за граѓаните и градот, таа може да прими соодветна функција, додека нова концертна сала секако треба и може да се создаде на друга локација (која веќе исто така е нафрлена во воздухот).

https://okno.mk
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1742
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 31-Jul-2020 at 15:13
Sala so kapacitet od 3-4000 sedista e promasena investicija. Za kakva namena e takva sala? Na Skopje mu treba koncertna sala od 1500 do 1800 sedista, nisto poveke. Koj saka 10000 mesta eve mu go "Boris Trajkovski". Taka e vprocem vo pogolemiot del od svetot.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 31-Jul-2020 at 19:12
не ми се верува дека после сите хорори што ги претрпе скопјево, се разви толку крвава дискусија за Универзална сала, небаре е осмо светско чудо, а не монтажна барака
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 651
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 31-Jul-2020 at 19:19
Симбол на Скопје е
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 31-Jul-2020 at 19:34
Originally posted by <Fresno>

Симбол на Скопје е
од сите симболи на Скопје се фатија за тој што е практично невозможно да се реставрира или да му се натопори некој нова конструкција

нека го овековечат во некој музеј или нека му кренат споменик, сеедно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12954
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 31-Jul-2020 at 21:18
И на крај, популизмот ќе надвладее над стручните мислења, ако воопшто некој консултирал стручњаци за оваа тема.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2060
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 31-Jul-2020 at 22:35
Може да се додаде анкета со трите опции...

(Фото галерија) Што остана од Универзална сала низ годините на неисполнети ветувања

Повеќе од пет години Универзална сала не е местото каде се одржуваат концерти, претстави и фестивали. Објектот не е безбеден за публиката, ниту пак има услови зад сцената за уметниците. Однадвор за оние кои не се од Скопје наликува на напуштен објект, но за скопјани Универзална сала е место кое ги чува спомените на многу генерации. За политичарите, пак, овој објект е место за политички поени и неисполнети ветувања.

(...)







irl.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 31-Jul-2020 at 23:12

Matrix Reloaded, да има некој абер на колку години ги переле завесите!? а ме чуди Филмо на кое платно го беа проектирале, уште Нео да вртеше кругчина под таваница ...

незнам зошто толку фама околу носталгијата, точно Треба да се сочува ако се може, што вели Џоле за тоа треба абер да дадат контруктивно пример ГИМ, верувам дека и самите можат да најдат чаре како да се стори од стариот објект бар Младински Културен Центар и тоа без столои без фенси теписи ...

во однос дилемата дали треба Нова Универзална Сала тоа не се сомневам, без Саем и те како, најубо е sds со dui да платат еден ваков Нов Објект ако се има во предвид дека Саем си го лапнаа на фора ем срушија без перде и срам, нели им се може ко награда за рушењето на Устав на мала врата, само кој да ги фати за уши, можеби оние кои ги гласале пак!?

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1560&PID=242437#242437


сега Град како Скопје и 5 нови да ги има ќе им најде крајот, како незнам, можеби од една би се сторило и Затворено Лизгалиште иако и она старото може да се покрие, така бонус и во однос останатите Градои, но и таму и тука Нови Градски Концертни Објекти (логично за секојдевни градски младински манифестации) пожелно би било да се Конвертибл ем Фолдабл (склопливи) доколку се сторени ко Тензилни [1[/ или Куполни [2] а комотно може еден таков ЗЕЛС да има кој би бил склепуван по потреба во секоја Општина, проблем би била така евентуално акустиката, но и тоа се решева! да не ме разберете погрешно говорам од перспектива на нашта черга, иако ако се паметни наште чергари ќе најдат начин како и на поклон од еу да добијат вакво нешто, доволно е да ги потсетат дека Градо е симбил на Солидарноста а државата ни пред банкрот па некако и да извлечат милостиња, ако не друго бар за неколку мобилни џамбо павиљони со склoпливи трибини ... доколку и ова е скапо, иако далеку поефтин пристап него масивен објект, може да се оди со компромис од фероцементни експерименти [3] и тензилен кров евентуално ... пак ќе речам размислувајте како со одреден буџет да се добие можеби и возобнова на Старио Објект ем да се избоксуе за Нов онака за О’Млади’На Концертна Гајба бар со приближен капацитет ко Прва Хала на Саем, ех камо да беа 5 такви па да врват пак Т-фестои ...


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 31-Jul-2020 at 23:51
Каква јадица лапнавме цело општество, никој веќе не збоува за дивоградбата пред Мавровка.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 01-Aug-2020 at 16:34
Originally posted by user8642

Каква јадица лапнавме цело општество, никој веќе не збоува за дивоградбата пред Мавровка.
да е само тоа, добро ќе е
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 01-Aug-2020 at 16:51
Originally posted by zabegan

Originally posted by user8642

Каква јадица лапнавме цело општество, никој веќе не збоува за дивоградбата пред Мавровка.
да е само тоа, добро ќе е
што ви е муабетов дека тоа е побитна работа!? веројатно јасно е дека рушењето на дивоградбата е апсолвиран муабет!? чунки по затворањето на Легализацијата на Дивоградби се’ што е дифтарски кренато ќе биде рушено, особено вакви урбани екскурзии, но и оние кои не се сигурно ги чистат, единствено треба да се испочитува Закон и следот на ингеренции, ако нема волја Општина има Градот виа Државнио Градежен Инспекторат!

~

мене ме интересира која е јадицата која дпмн ја лапнал за времето на груевци та да земат да бркаат Нова Универзална на местото на постоечката!? зошто воопшто тогаш се завлечкаа? дали тогаш имаше намера Градо да се заборџуе или државен борџ ќе беше тоа?

Edited by Zelenikovo - 01-Aug-2020 at 16:52
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 02-Aug-2020 at 10:10
Да се обнови Универзална сала и да продолжи со работа, бараат вработените



https://telma.com.mk/2020/08/01/да-се-обнови-универзална-сала-и-да-прод/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2060
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 02-Aug-2020 at 10:44
Предложениот референдум за салава е одлична можност за промена на Законот за референдум со воведување поголема флексибилност во прашањата и одговорите (со повеќе опции, рангирање итн, а не само „за“ или „против“) и кредибилно гласање преку интернет на консултативни референдуми од помало значење (за избори и побитни референдуми, како оној за името, е рано имајќи ги предвид политичката култура и фарсата со страницата на ДИК). Секој орган на државната управа и локалнита самоуправа би можел да донесе одлука за спроведување на консултативен онлајн референдум.

На овој начин, властите многу побрзо и многу поевтино би можеле да применуваат директна демократија и да добиваат одговор од засегнатите за поконтроверзни и поголеми идеи и проекти. За одредени акти, како ДУП-овите, може да се воведе задолжителен референдум.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 02-Aug-2020 at 14:51
замисли Сите Комити да можеле да одлучуваат дали да се крева предвреме Иленденско Востание јасно дека уште побрџо ќе се кренело та ни 7 Дена Република немало да дочекаме

мое скромно мислење е дека без Институционални еФоруми каде секој експерт во фелата ќе може да им чешла стручно проектите и политиките на властите, ем на тоа Паралелни Народни еФоруми на кои Народ ќе може на експертсото да му се вдаде во очи и ја соочува Власта дека ниту технократи се најпаметни ниту пак на Народ му е до тилтање фејкбуковски во Празно, просто Сите да треба да биднат Сплотени и да се осетат Корисни некако за своето Општество ете со самото тоа што на право место во право време ќе може да дебатираат за некоја локална ако не национална работа, Се’ до тогаш Н нема да има од Непосредна Демократија макар за секоја една работа морало да има Биометриски еРеферендум, просто пак низ тв-агитпроп и остали социјални чопорски спинови ќе му се масира на Народ свест што треба да гласа и како да гласа, затоа и велам во случаjов со Универзална без да има има Широка Јавна Дебата по можност од ваков калибар на еФорум при Портало на Град Скопје мнозина на каков и' да е Референдум нормално дека ќе гласаат најонака носталгичарски, што не дека е лошо, но со самото тоа што не се сите позиции на Ачик и само во однос ревизијата на ГИМ која порано како мислење станала меродавен фактор за удбалитичарите, се испушта прилика рационално наместо емоционално да се задумa дали и навистина повеќе се исплати да се крева со такви 70-милиони евра нова Градска Концертна Сала а оваа пр. само да се осигура како експонат кој би бил преку бочни столбои затегнат (осигуран) со сајли во случај конструкцијата на школката да е пред колапс, така и Старио Објект ќе го сочуваме како Спомен ем Нов ќе добиеме, иако нели ќе има пак носталгичари кои би џилитка да им стане Старио Објект макар наново Цел морало да се крева, мислам во ред ако сами плаќаат за тоа, но Народни пари да се фрлаат во бунар бидејќи некому емоциите не му излегле подалеку од Скопскио Асфалт тоа е греота, ко што реков комотно со еден ваков Нов Објект пр. на Водно или пак на СЦГ илити позади Матка (напат кон браната Козјак (иако дотаму патот е тапа т.е. уште го Прошируваат кај Маркова Река) просто ќе биде приморан Народ да излезе надвор од Скопскио Ќумез да си види својта Околија особено Mладите, бреј ќе треба редовни приградски автобуски линии, точно ќе треба и Вело Автопати дотаму, сепак и на Водно да мотивираш некого од овие Милион Жители и Наминувачи да има зошто да се поткачи малку на повисоко за Миг па тоа е бонус во однос каква Среќа има Градо да е опкружен од сите страни со Планини а некој да не скитка и ужива понив, на страна Среќниот Грст Рибари и Планинари кои го чинат тоа, А доколку зад Водно ја насадат ваквата Сала така се отвора простор и за Голем Културен Дендро и Хорти Парк, што пополека беќе ќе стори конекција да заживува поозбилно и Козјак како Езеро но и Караџица откарши ...

си продолжија ли сите ко до сега, агитпроповско тв&фејкбуковски да си тераат, и она што го имаат ќе го загинат, а и она што ќе го добиваат ќе биде недоносено ко во случајот со Ск’14, не ми е јасно како не разбираат дека систем но и самио Народ е дебело корумпиран, И Дека Нема Друг Начин Тоа Да Се Ресетира Освен Да Се Турка Со Сите Сили Интерактивно Отворено Општество, не ми е јасно како и самиве удбалитичари им веруваат на “експерти“ “проектанти“ и “изведувачи“ најонака слепо небаре денес етиката е на највисоко ниво а криминалот мисловна именка, нереко и самите макар немале намера стануваат жртви на ваквиот запушен систем каде секој гледа индивидуалистички наместо колективно да ќари, та кој и да станал удбалитичарски бројлер сметам треба да се освестува и да бутка ваква промена за Здрава Непосредна Демократија во која Градоначалникот пример утре нема да биде ништо друго него портпарол на Градската Управа и Граѓаните а не некаков урбан акробат кого историјата треба да го памти колку тој со заборџени пари фрлени врз плеќите на најмладите Сограѓани си полирал својто визионерско его, нешто што груевци го сторија со државни пари во однос Ск’14 за локален аир па и не боли, ама локално да глибиме во кал до гуша бидејќи Зајко не е Скопјанец иако пола Македонија е населена во Скопје со се голем дел и придојдени од комшилук а сигурно уште повеќе натака, чуму тогај Градо ваквите милиони да ги фрла во празно а утре да нема ни за трасирање LRT ниту проширување BRT линии, шминката во однос инфраструктурата се немереливи, дива градба сo кило пудра ништо на на арно неноси освен изгубено време пр. да некоја Тетка глуми секси тинејџерка а неможе ни задник да крене, нека ми простат Постарите Тетки но и за нив ова би било поучно попрво нека земат парите нека ги фрлаат на Спорт него на шминки, во случајов ко што реков подобро е дури и за нов објект да се оди Модуларно некако а повеќе средства да се фрлат на Профи Градско Озвучување кое ќе допринесе да има Градот редовно Хепенинзи од затворен или отворен тип а притоа нема за тоа да фрла дебели пари еднаш двапати годишно, Точно истото може лесно и’ да се уништи од небрежност Но затоа и треба Јавен Институционален еФорум при Град Скопје каде секоја Јавна Служба ќе си биде на тапет што и како 24/7 чини не само со должностите туку и опремата, јасно тоа пак ќе биде и за самите нив како ЈП-а да си кажат јавно својте маки макар и од спунт преку пријатели експерти, но Не нам ни е битно да глуми богати и аги додека во меѓувреме и она што го имаме заради незнаење или неодговорност почнува да ни се распаѓа!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 02-Aug-2020 at 19:00

бре лапсус, да ме корегираше некој, со 70 милиони тамам 5 комада по една на секоја Планина околу Скопје ќе ги биде ...

но, не ми е јасно зошто не го извадат целосно на Ачик проектото на груевци и нивната финансиска конструкција да видиме што тие имале во предвид кои позиции колку сметале дека ќе чинам, капак да има кој не само да ги чешла ставките туку и со проектантите и менаџерите кои стаиле потпис зад Јајцето да земе да крши клечки ...

зар и за ова ќе си тераат со плукни залепи проект кој и да е осмислен пергектно повторно некој треба пред Народ на долго и широко да го правда! до кога елитизмот снобовски ќе му се товари низ удбалитичарски агитпроп на Народ само незнам, одговорност ниту пред своето гласачко тело немаат надлежните, во случајов ќе мора и Подземна Гаража но која бидејќи законски не може да оди повеќе од два спрата под земја доколку волјата е да се оди со возобнова, така е мал простор ако паркингот оди само одоколу, а дефакто за да се стори на цела парцела подземното паркиралиште ќе да мора да се руши салата, но во тој случај носталгичарите нема да добијат препакуван оригинал туку некоја копија која нормал за да се доведе во идентична состојба би чинело сигурно и отпојќе, затоа поубо е тука да се оди само со некакво Екстра Асеизмичко Осигурување а средствата за возобнова да се пренаменат топтан за Нов Објект другде, но како еве ја да заклучам нешто правилно освен да нагаѓам во недостаток на ниту една позиција од претходно планираните, да е јавно извадена бар на Градско Биро ако не на Интернет!?


Edited by Zelenikovo - 02-Aug-2020 at 21:45
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1742
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 02-Aug-2020 at 19:06
Sto i da kaze covek ke zgresi. Razbiram deka salata e simbol na solidarnosta koja mnogu znaci za Skopje. Od druga strana se postavuva prasanjeto, kakov e toj simbol koga go ostavas da se raspadne?! Prv pat vo salata vlegov pred 25 godini. Uste togas bese se zastareno, dotraeno i stasano za renoviranje. I pozadi scena slikata bese ista. Nisto ne se prezenase so decenii i slikata denes ja gledame. Univerzalna pocna da se raspaga. I sega se otvara bespotrebna galama sto so salata!? Bespotrebna zatoa sto site pomalku se vo pravo. I tie sto se za rusenje na Univerzalna i tie sto se za restavriranje...
Fakt e deka na Skopje mu treba nova koncertna sala... sala so kapacitet od idealni 1500-1600 sedista (najmnogu do 1800, ni sediste poveke). Toa go zboruvam od muzicki aspekt, a tuka najvazna e akustikata i, pred se, zadrzuvanje na intimnata atmosfera.    

Edited by Denko - 02-Aug-2020 at 21:08
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 18192021>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.