build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12399
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 24-Jan-2014 at 07:48
Проблемот не е во имињата, туку во популизмот на властите (локални и државни). Политичарите сфатија дека со такви евтини популистички потези ќе присоберат политички поени меѓу своите поддржувачи и можеби ќе придобијат дополнителен број гласови на избори, па не се мислат многу кога треба да се донесе некоја далекусежна одлука во врска со именувањето на еден објект.
За сè има вторпат
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 607
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 24-Jan-2014 at 08:29
Мој предлог е да се вика "Златна бубамара" и онака таа е најпосетена манифестација во тој објект долги години, а и онака личи новиот објект како таков
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 24-Jan-2014 at 08:31
Originally posted by xnx

bas taka, zosto ne moze ednostavno da si se vika Univerzalna Sala i tolku? bez heroi, bez pejaci, bez rodnini na aleksandar veliki. aman!


Затоа што кај нас сѐ мора да почнува од почеток.
Дури и барокот се "ре-измислува". Од традиција немаме ни "Т".

Ако можеше "Железничка" улица да стане "Јордан Мијалков" или "Водњанска" - "Мајка Тереза", тогаш и Универзална Сала може да биде "Тоше Проески"...иако ова е далеку помало зло во однос на претходниве vis-a-vis рушењето на урбаната традиција. Секој што доаѓа на власт се однесува како традицијата да почнува од него...жално и бедно, али што е - тука е. Сите носиме колективна одговорност за тоа што ни се случува.
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12399
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 25-Jan-2014 at 10:51
За сè има вторпат
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 25-Jan-2014 at 18:56
Со огледа на тоа што салава ќе се вика Тоше Проески, заради името нема да ја доживее судбината на салата за филхармонија околу времето за изградба...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 25-Jan-2014 at 22:54
Originally posted by Skopjanecot

Originally posted by xnx

bas taka, zosto ne moze ednostavno da si se vika Univerzalna Sala i tolku? bez heroi, bez pejaci, bez rodnini na aleksandar veliki. aman!


Затоа што кај нас сѐ мора да почнува од почеток.
Дури и барокот се "ре-измислува". Од традиција немаме ни "Т".

Ако можеше "Железничка" улица да стане "Јордан Мијалков" или "Водњанска" - "Мајка Тереза", тогаш и Универзална Сала може да биде "Тоше Проески"...иако ова е далеку помало зло во однос на претходниве vis-a-vis рушењето на урбаната традиција. Секој што доаѓа на власт се однесува како традицијата да почнува од него...жално и бедно, али што е - тука е. Сите носиме колективна одговорност за тоа што ни се случува.
тоа е тоа, судбината на Скопје... бришење на старото, изградба на новото... без никаков градежен континуитет, а и како што викаш ти, урбана традиција
затоа и не ја сакам целава работа со Ск2014 и со проектите пред него... некаде до 2010 година бев барем задоволен и надежен дека грешките од минатото ќе се поправа и ќе се излезе на прав пат, ама на градов очигледно му е судено на на секои 10 до 50 години, да добива нов диктатор
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 26-Jan-2014 at 11:05

Дури не се подигне нивото на култура - вака ќе си останат (паушални) работите.
Имав напишано еден пост долг како роман ама одлучив да го избришам за да не бидам обвинет за навлегување во политички дискусии (иако кај нас сѐ е политика). Затоа и ги избрав примерите кои ги наведов (ул. Железничка и ул.Водњанска*) кои немаат НИКАКВА политичка конотација, ама пак ги сменија. Напротив, баш Железничка (која води кон Стара Железничка) и Водњанска (која води кон Водно) се пример за аполитични имиња и дел од "скопската урбана култура"(знам дека ми е лоша кованицаваSmile), а не ја преживеаја "транзицијава".

_____________________________________________
*Можев да ги спомнам и "Максим Горки", "Ленинова", "Салвадор(е) Аљенде и.т.н.ама за да биде аполитичен аргументот ги искористив дадените примери.
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 02-Mar-2014 at 15:20
Дали некој знае во оваа стара фотографија, чиј е овој споменик напред и кога и по кој повод е направен. Изгледа премногу класично за во тоа време



Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 02-Mar-2014 at 18:03
па не е ваљда се што е скулптура, споменик Roll%20eyes
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 02-Mar-2014 at 22:20
Мене ми изгледа на остаток од стариот театар
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 26-Jul-2014 at 03:01
УНИВЕРЗАЛНА САЛА ГИ ЖИВЕЕ ПОСЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ


НОВАТА САЛА ЌЕ СЕ ПРОЕКТИРА ДО ЗИМАТА



Во наредните осум месеци ќе се изработува проектот за новиот објект на Универзалната сала, соопштија надлежните од Министерството за култура. За потребите на основниот проект министерството предвиде 270.000 евра без ДДВ.

По неговата изработка, ќе следува ревизијата, а потоа ќе биде распишан тендер за изведувач на градежните работи. Тоа значи дека почетокот на изградбата нема да биде до крајот на оваа година, иако лани во декември министерката Елизабета Kанческа-Милевска беше оптимист и за таква можност доколку се тече според планот...

http://dnevnik.mk/?ItemID=7B80BC6116840A419C1CCAA968B4891A

Edited by jyvation - 26-Jul-2014 at 03:02
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 26-Jul-2014 at 12:30
Универзална сала ги живее последните месеци
26.07.2014 - 10:08:04
    
Во наредните осум месеци ќе се изработува проектот за новиот објект на Универзалната сала, соопштија надлежните од Министерството за култура. За потребите на основниот проект министерството предвиде 270.000 евра без ДДВ, пишува Дневник.


По неговата изработка, ќе следува ревизијата, а потоа ќе биде распишан тендер за изведувач на градежните работи. Тоа значи дека почетокот на изградбата нема да биде до крајот на оваа година, иако лани во декември министерката Елизабета Kанческа-Милевска беше оптимист и за таква можност доколку се тече според планот.
Новиот објект е предвидено да биде мултифункционален и ќе има речиси двојно поголем капацитет отколку старата сала, од 2.500 до 3.000 седишта. Ќе има и мала сала за камерни изведби со 200 до 300 седишта, а исто и придружна помала сала за камерни изведби за 300 луѓе, како и административни простории. Салите ќе бидат акустични и организациски разделени, па во нив ќе може истовремено да се случуваат различни настани.

Според министерката Kанческа-Милевска, изгледот на новата Универзална сала е храбро архитектонско решение, кое со својата визуелност и инвентивност ќе претставува нова атракција во скопското урбано милје. Министерството одлуката за уривање ја донесе кога со помош на експерти беше констатирано дека повеќе пари ќе се потрошат на реконструкција на постојниот руиниран монтажен објект одошто за изградба на нов, со поголем капацитет како за посетителите така и за администрацијата.

Универзалната сала почнала да работи на 1 јануари 1966 година. Проектот е од Бугарија, а објектот е монтажен и од привремен карактер, купен со парите од државите што се солидаризираа со скопската катастрофа од 1963 година.

Од своето отворање во 1966 година, па до денеска јавната установа била домаќин на 7 милиони посетители на 5.000 настани, информира раководството.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1196743821/univerzalna-sala-gi-zivee-poslednite-meseci

Според мене ваков објект како што е проектиран жално е да се збута на локација каде што сега е Универзална. Кога јас би се прашувал универзална би ја реновирал и би ја оставил за некој си алтернативни настани. А новата сала би ја градел или покрај Вардар некаде спроти Стадионот или би ја направил на Кале во близина на музејот за современа уметност. Во секој случај на место каде што ќе има повеќе простор и ќе може поубаво да се среди околината и да се понуди поубав поглед кон самата сала.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 20-Aug-2014 at 21:45
Дечки имам намера да најдам пат до некој луѓе кои би можеле со својот авторитет да ја достават мојата идеја до надлежните за овој проект.
Имено и порано пишувава дека мое мислење е дека проектирана универзална треба да се изгради на друго место. Порепрезентативно место со поголема површина. Јас конкретно би предложил тоа да биде наспроти Националната Арена. Таму има огромно неискористено земјиште а одма до него се дадени три парцели за хотели. На тоа место би ја направил проектираната универзална и некаде во близина една катна гаража а би направил и пешачки мост со кој би се поврзал тој дел со националната Арена и паркот. Мизлам дека за гаража и мост се размислува веќе подолго време а универзална би била уште една причина плус тоа да се реализира. Постоечката универзална со мала реконструкција би ја оставил таква каква што е , а за што поточно би служела мислам дека може да се зададе како тема на архитектонскиот универзитет да размислат студентите , како би се реставрирала и за што би служела.

Е сега би замолил ако има некој од вас или познава некој од вас кој е по вичен во употреба на алатките како Sketch Up да ми помогне само да ја скицирам мојата идеа или само да ја изреже универзална таква каква што ја имаме на некој визуелизации и да ја смести на новата локација.
Пишете ако некој се нафаќа па може да подискутираме каде поточно би ја сместиле исто и околу мостот и катната гаража.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 21-Aug-2014 at 19:13
јас мислам дека поголем проблем е дизајнот на самата сала, отколку нејзината локација... наместо конфигурација на универзална сала, тие ќе прават класична театарска сала со тераси, а тоа е катастрофално решение
паркинг и катна гаража може да има во самиот објект, тоа е најмал проблем, сериозно многу забораваме дека најпаметно е секој објект да има своја гаража за сопствените потреби, отколку да расфрламе драгоцен простор на гаражи и паркинзи

а ако збориме за принудна промена на локација, немаше да има поидеална локација од онаа на комплексот на МОБ, или барем во негова непосредна близина, ама ете, некој имал друга очигледно бескорисна замисла за тој простор
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
altr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote altr Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 19-Oct-2014 at 00:16
Изјава од авторот:
„Универзална сала има јајцевидна форма. Така решивме сакајќи да создадеме една функционална структура, а не обичен архитектонски објект. Сакавме на зданието да му дадеме ангажиран концепт, а не само гола естетика. Јајцето симболизира раѓање, а во Универзална се ’родени‘ многу таленти, многубројни македонски музички ѕвезди. Значи, нејзиниот белег е раѓање на музиката, на уметноста. Сакавме да создадеме линк меѓу значењето и формата на Универзална сала и тоа да не биде од локален карактер, туку да претставува оригинално и универзално решение вклопено во концептот на објектот“

Ова делува полуписмено - зданието имало ангажиран концепт (кој?), која е разликата меѓу функционална структура и обичен проект? демек обичниот проект не е и функционална структура (иако секој објект е помалку или повеќе функционален).
Интересно е што е има забележливо намалување на квалитетот на авторите на јавните објекти во Македонија. Во минатото ги имавме Константиновски (Јеил), Најденов (Беркли), Јанко КОнстантинов (студио на Алвар Алто). Денес се тоа најчесто архитекти кои факултетот го завршија во Еспресо (кафич спроти Архитектонски факултет)
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 19-Oct-2014 at 00:28
Previous
 
Добра ти е споредбата.
 
Очигледно треба со закон да се регулира архитекти едуцирани во странство да ги дизајнираат јавните објекти, не само од културен и забавен карактер, туку и од административен карактер.
 
А Архитектонскиот Факултет при УКИМ очигледно треба да се укине, исто како што треба да се укинат и ФФМ, МРТВ, МАНУ и бројни други таканаречени институции кои од поодамна се покажаа и докажаа како непотребни.
 
Патем, добредојде на форумов. Cheers
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 19-Oct-2014 at 00:38
самата логика „има форма на јаце, симболизира раѓање, а во салата се родиле многу автори“ кажува за дозата на несериозност и за тоа дека објектот нема некој концепт на симболика, туку едноставно е естетска идеја на авторот, кој за да звучи поуметнички, си измислува ствари во од...
по истата логика јас можам да дизајнирам сала во форма на пенис, шетајќи се наоколу со моите теории за културно оплодување...

и ако нешто ме нервира кај нашиве денешни архитекти е што викаат „мојов објект е функционален и креативен“ и очекуваат да им веруваме во тоа без прашања...
правилно претставување на проект би било „мојот проект е функционален и иновативен затоа што...“
барем еднаш барам, наместо да ни се бутаат у врат нечии проекти без контакт (како што се правело отсекогаш), проектите кои се носат во земјава да ни бидат претставени целосно, со детални рендери и пресеци, функција на просторите во објектот  и неговиот распоред и да имаме можност да поставиме барем прашања ако ништо друго... ја од сето ова добив само јајце и тоа на минијатурна сликичка ископана негде на интернет
жими салата што ја видов и одма како лаик можам да заклучам дека е огромна грешка

од нетранспарентност и нечија гордост, во градов има ред објекти кои се дочекани на нож, а се пристојни, и обратно


Edited by zabegan - 19-Oct-2014 at 01:10
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 19-Oct-2014 at 16:49
Ова што ќе се гради нема да биде универзална сала.

Ќе се створи оперски амбиент, со оперска конфигурација на трибините, балконите.




За споредба, еве ја универзална:


Дибидус идиот го проектирал ова, сега забележав, како може да стави скалите да одат централно, каде што треба да се најубавите седишта...
Јас разбирам и школо и архитектура и се, ама кога некој нема осет, нема...

И уште еден ЕДИТ, кога ќе го изградат ова, ќе се створи шанса да го минираат МОБ.

Edited by Bojan10 - 19-Oct-2014 at 18:10
Од чаламот си патиме!
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 19-Oct-2014 at 20:00

Батка овој објект е одличен. Модерен не само за наши услови туку и за регионални е одлично здание, посебно што сега тој дел е катастрофа а е централно подрачје.
Што се однесува до скалите рендереите кај нас немаат некое големо значење такашто ова е мала работа и сигурно ќе се менува.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 19-Oct-2014 at 20:21
Ама не е универзална салаа! Како не разбираш?
Скопје губи универзална сала, а добива уште една оперска. За мене, ова е промашен проект.

Дали објектот е модерен и за регионални услови, нека зборуваат другите.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.