build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 10-Jan-2016 at 21:52
мене сите опции што се зборат ми се прифатливи... битен ми е и ентериерот на објектот, за да не ја изгубиме единствената универзална сала која постои во земјава, во замена за некаква класична театарска сала
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Калоян View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Sep-2015
Online Status: Offline
Posts: 16
  Quote Калоян Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 11-Jan-2016 at 20:40
Идејата за дислокација е многу добра, исто така би било добро да го задржи називот Универзална сала или да се вика НДК - Национален Дворец на Културата, како софијската и да е грандиозна, (не барокна).
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 17-Jan-2016 at 00:36
Убаво ќе биде ако си остане тука но ако е можно да се реконстуктира во еден затворен но прозирен простор наменет за изложба на минитура модел од градот Скопје пред и после земјотресот и плановите на Скопје како планот на Танге или пак затворена градина (Green house). Итака тоа место е многу згустено за таква коцертна сала, па нов објект за таа намена да се изгради на другу по кокретно место.






“Without knowledge, skill cannot be focused. Without skill, strength cannot be brought to bear and without strength, knowledge may not be applied.”
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2395
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 17-Jan-2016 at 01:35
Најдобра локација за ваква макета (па мислам и дека имаше едно време?) е Музејот (стар железничка).
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 503
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 17-Jan-2016 at 18:11
Do pred cca godina dena, koga posledno bev vo muzejot, maketata seushte beshe tamu.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1338
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 17-Jan-2016 at 18:29
А што претставува макетата?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11545
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 18-Feb-2016 at 08:18
ВЛАДАТА СЕ ОТКАЖА ОД НОВА УНИВЕРЗАЛНА САЛА?!

Владата нема да гради нова Универзална сала. Се откажала од изградба на нов концертен објект, оти, наводно, тој многу ќе чинел. Неофицијално дознаваме дека било одлучено да се реализира проектот за надградба и проширување на Универзална сала кој беше актуелен пред повеќе од 7-8 години. Тоа на надлежните им се видело како поисплатлива варијанта. Проценето е дека тоа ќе ги чини само 3 милиони евра.

Од Министерството за култура, кое требаше да биде носител на проектот за изградба на нова Универзална, вчера не ги потврдија нашите сознанија. „Не знаеме ништо“, кусо ни одговорија, пак, од Град Скопје, кој е основач на институцијата. Директорката на објектот не беше достапна за каков било коментар.

Но, фактот дека денеска Советот на Град Скопје треба да донесе одлука за доградба и надградба на Универзална ги потврдува нашите сознанија. Советниците треба да одлучуваат за „пренесување на право на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала“. Од одлуката, меѓу другото, може да се заклучи дека на владина седница одржана пред дваесетина дена, станало збор за старо-новата идеја за иднината на Универзална сала.

Неофицијално дознаваме дека салата ќе се доградува и надградува по проектот на „Архангел бојс“, кој беше избран пред повеќе од 8 години. Тој предвидуваше објектот да се претвори во модерен културен и конгресен центар кој ќе има 200 седишта повеќе, поголем влезен дел и фоаје, гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија на две нивоа околу целиот објект со угостителски простор, дел за одмор и продажба на музички материјал и комерцијални содржини кои ќе и' помогнат на салата да се издржува со самофинансирање. Проектот предвидуваше на првото ниво на галеријата да има угостителски дуќани, кафулиња и ресторани свртени кон екстериерот, а второто ниво, покрај фоаје и делови за публиката, да биде поврзано и со противпожарни скали и со два излеза за брзо празнење на салата во случај на потреба од евакуација. Проширени, според проектот, треба да бидат и гардеробите на настапувачите, бидејќи постојните не ги исполнуваат ниту најосновните услови. Во втората фаза од проектот беше предвидена и изградба на помошна помала сала со 300 седишта, која ќе ја користи истата сцена, но од задната страна. Во интерес на овој проект, пред 7-8 години дури беа извршени и геомеханички испитувања на теренот.

А проектот од кој сега се откажаа надлежните, оној за од темели нов објект, предвидуваше новата Универзална сала да има модерен дизајн во форма на јајце, со капацитет од 3.000 седишта. Објектот требаше да се гради по идејно решение на архитектите од „Стоун дизајн“. За оваа идеја, до неодамна од Министерството за култура најавуваа дека се комплетира документацијата, а беше најавено дека пролетва стариот објект ќе се урива и ќе се формира градилиште за новата Универзална сала.
Десет години најави без реализација

Ќе поминат безмалку 10 години откако беше најавено дека Универзална сала ќе добие нов лик. До пред 3-4 години се зборуваше дека таа ќе се прошири и надгради, а потоа се најавуваше изградба на комплетно нов објект. Но, и по толку време, иако надлежните го потрошија времето на избор на идејни решенија и слично, на терен нема никаква реализација. Објектот е речиси нефункционален, откако лани имаше хаварија со таванот. Оттогаш служи само како билетарница, а повремено се користи само малата сцена.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=F09AF12E5F75AB4AB133C813F028EDEA
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3345
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 18-Feb-2016 at 09:41
Една нормална работа направија. Конечно, после толку непромислени чекори, една разумна одлука. Прашање е дали постои можност за изградба на тој јајцевиден објект со предвидениот капацитет на толку мала парцела. Едноставно, нема доволно простор. А и ако има доволно простор, нема да има доволно место за паркирање. Да не заборавиме дека просторот пред Универзална долги години наназад беше локација за одржување проекции, концерти и претстави во летните месеци.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 18-Feb-2016 at 12:24
Previous
 
Се согласувам дека расипан часовник е точен два пати во едно деноноќие, но ете, очигледно има и расипани часовници кои се точни еднаш во 10 години.
 
А кога сме кај проблемот со паркирање, тој може да се реши само со подземна гаража, што е речиси неизводливо без оштетување на темелите на постоечкиот веќе дотраен објект.
 
Јас сум за целосно рушење на објектот и изградба на истиот од темел, со малку поголем габарит за да се добие поголем употреблив простор со повеќе седишта, се разбира.
 
Но судејќи според "реизградбите" на Офицерскиот Дом и на старата Народна Банка на плоштад Македонија, тешко ми е да помислам на реизградба на Универзална Сала.
 
Друга алтернатива е долгогодишна обнова, како што беше во случајот со театарот Бољшој во Москва, чија што обнова траеше цели 6 години од 2005 до 2011 година, бидејќи беше откриено дека структурата е дури 75% нестабилна.
 
Бидејќи веќе имаме слично искуство со долгогодишната и скапата надградба и обнова на зградата на Собранието на Република Македонија, мислам дека оваа вторава алтернатива - иако не баш исплатлива со оглед на фактот дека ќе ја напумпаат до бескрај со анекси и дополнителни непланирани градежни работи, сепак не е полошо решение во споредба со целосно рушење на објектот и негова реизградба од темел, бидејќи и онака сме навикнати на долгогодишни влечкања со изградбите на нови објекти и со обновувањата на веќе постоечки објекти.
 
Но ај да не ги урочиме, или па да не испадне дека ова е само предизборен пропагандиски трик.


Edited by Dexter26 - 18-Feb-2016 at 12:29
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 18-Feb-2016 at 14:13
Јас на неколку пати се обратив до надлежните и последно на оној генераторот на ИДЕИ ЗА МАКЕДОНИЈА со поопсежно образложение дека Универзална Сала т.е. новиот конгресен центар Александар Македонски не треба да се гради на местото на универзална. Затоа многу ми е мило што сепак е откажана изградбата на тоа место а ако некогаш се јави потреба и има можност да се затвори финансиската конструкција како што реков најдобра можност е карши арената Филип Втори Македонски од левата страна на Вардар. Може е добро да се размисли за Јавно приватно партнерство пример дел од просториите да се користат како трговски, I-MAX кино сали и слично.
Back to Top
altr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote altr Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 18-Feb-2016 at 18:57
Конечно и Владата го дозна тоа што сите го знаевме одамна. Се работеше за аматерски и наивен дизајн, направен за 5 минути, без никакво структурално, функционално или финансиско образложение. Дури и образложението на авторот дека од јајцето се изнедриле многу златни славејчиња беше на ниво на проектот - гротескно и неписмено.
Се разбира, вината е пред се на комисијата која го одбрала овој проект, без никаква финансиска и технолошка процена.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 18-Feb-2016 at 22:04
Напротив, StoneDesign чиj што проект е „јајцето“ воопшто не работат површно и аматерски, туку се можеби едно од најсериозните архитектонски студија кај нас.
Штета што објектот нема да се изгради, а ќе беше баш репрезентативен и оригинален. Но и да се градеше, ќе мораше на нова локација. Nа пример покрај Вардар, под Америчка амбасада кај што порано беше дивиот пазар. Постоечката универзална треба да се реновира. Иако со оглед на тоа што објектот е монтажен, не знам колку е изводливо и нејзино проширување како што се најавува.
А за промена на името од „Универзална Сала“ во Конгрес... Е смешно и не вреди да се дискутира.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 653
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 18-Feb-2016 at 23:22
Чекај малку, Универзална сала нема да се прави по проектот, ама ќе си остане грандиозниот назив...   

Добро е, барем успеаја да ме изнесмеат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 19-Feb-2016 at 03:57
Previous
 
Мало потсетување за најавената инвестиција која се влечка од не толку далечната 2008 година.
 
За 8 години - од 2008 до 2016 година - се завршува основно образование, ама кога имаме неписмени луѓе во локалната, регионалната и централната власт, сосема разбирлив е фактот дека ни 8 години нема да им бидат доволни за да се стекнат со основно образование.
 
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=356&PID=15963#15963
 
Originally posted by pbanks

Eве го рендерот во подобро издание



На денешната презентација имало доста материјали



Еве и повеќе информации околу предвидените активности. Кампањата за локални избори продолжува Roll%20eyes

Владата со три милиони евра ќе ја реконструира Униварзална сала
Меѓународниот тендер ќе биде објавен в петок и по завршувањето на тендерската процедура најдоцна во јануари ќе почне реконструкцијата на салата која како привремен објект е изградена пред повеќе од 40 години. За обновата се предвидени три милиони евра, но конечната финансиска конструкција ќе зависи од финалните детали и од ревизијата на проектот кој е стар четири години. Работите ќе течат во 2009 година, но салата нема да биде целосно затворена за посетителите.
“Проектот во целост ќе го финансира Владата на Република Македонија и со тоа сакаме да придонесеме за градот и за објектите што тој ги поседува, за градот да добие подобар изглед, а граѓаните да имаат подобри услови за престој во салата, од секој аспект”, изјави премиерот Груевски.
Директорот на Универзалната сала Душко Поповски рече дека е задоволен што ги добиле долго очекуваните средства за реконструкција и доградба на салата.
Архитектката Ленка Маневска го презентираше проектот со кој е предвидено салата да има нов модерен изглед и функционалност по современи стандарди. Ќе се интервенира во ентериерното уредување, проширување на фоајето и негово ослободување од гардеробите, доградба и приспособување на нови простори и содржини, замена на сите дотраени материјали, вградување противпожарни скали, реконструкција на таванот, катовите, галериите, санитарните јазли, квалитетна опрема за озвучување, вентилација и инфраструктура, обнова на фонтаната пред салата. Ќе бидат додадени уште два реда нови седишта, а старите околу 1.500 целосно ќе бидат заменети и со повеќе простор за поголем комфор на посетителите.


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=12267&mid=303&tabId=1&tabindex=0


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 07-Mar-2016 at 08:15
Еве едно идејно  решение

https://www.facebook.com/Skopje/photos/pcb.1014590475278681/1014582185279510/?type=3&theater
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 07-Mar-2016 at 09:49
Конечно ќе добиеме нешто што по грдосија и безумност ќе и парира на Спомен куќата на Мајка Тереза
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 14-Jun-2016 at 00:33
Догодина ќе започне реконструкцијата на Универзална сала

 

#


Откако пропадна најавата за изградба на нова Универзална сала во Скопје според идејното решение на архитектонското студио „Стоун дизајн“, кое предвидуваше необично здание со јајцевидна форма, реактивирани се старите планови за реконструкција и проширување на постоечкиот објект.

 

Градежниот институт Македонија (ГИМ) во моментов врши измени и дополнувања на проектотизработен од „Архангел бојс“ уште пред осум години, со кој е предвидено Универзалната сала да се модернизира, гледалиштето да добие 200 седишта повеќе, влезот и фоајето да се прошират, да се изведат гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија на две нивоа околу целиот објект со угостителски простор, како и комерцијални содржини кои ќе ѝ помогнат на културната установа да се издржува со самофинансирање.

 

Според Вера Бошковска, директорка на Универзалната сала (сега Конресен центар „Александар Македонски“), ГИМ има обврска да вцрта уште две помали сали во објектот, но освен тоа, нарачаниот изменет проект немало битно да се разликува од оној на „Архангел бојс“. Рокот за комплетирање на проектната документација изнесува шест месеци и доколку сѐ тече според планираното, во октомври би се распишал тендер за избор на изведувач, а градежните работи би стартувале на почетокот од идната градежна сезона

 

Првичните проценки за финансиските трошоци за реконструкција на Универзалната сала според проектот на „Архангел бојс“ пред осум години изнесуваа 3 милиони евра, потоа пораснаа на 6 милиони евра, а во моментов властите калкулираат со 15 милиони евра. Парите треба да ги обезбеди Владата од државниот буџет.

 

Универзалната сала е изградена по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со донации од 35 земји од светот. Изведена е како привремен објект со челична конструкција, а проектот е на бугарски архитекти. Официјално со работа започнала на 1 Јануари 1966 година. Последен пат била реновирана во далечната 1978 година, заради одржување на Конгрес на Комунистичката партија на Македонија.

 

 



#
Објавено на 12.06.2016 во категорија Вести. 

Тагови: Архангел бојс, Градежен институт Македонија, Комерцијални, Културни, Реновирање и реконструкција, Скопје, Стоун Дизајн, Универзална Сала




http://www.build.mk/?p=50622
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 21-Aug-2016 at 14:31

http://www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk/

...



мислам дека штета ќе беше да ја сотреа, а вака и оригинална ја оставија и оригинално име и стокмија, нели Алексо е универзален чоек космополит кој на културен начин го обединил тогај познатиот свет...

него последен пат што имам ојдено во салава е на коцертот на Тереза Кесовија а потем и на проекцијата на Матрикс 3 а симболично фалеше и некоја проекција од јуниверзал пикчрс можеби ко резидент ивл ил слично ..... и што да кажам ете за малку ќе ојдеа убаите сеќавања во нечија кајгана, додека вака сега ем овците на борј ем волкот сит, само би им порачал да ја направат што поотворена и бесплатна за културни случувања од етнолошкиот репертоар ко што бидна случај и со МКЦ а не е лошо тука на русите да им дадат да спонзориаат некоја креативна игротека ко на што е случај со америте во 25мај

ајде нек им се угоде!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11545
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 07-Oct-2017 at 12:44
Универзална сала, епизода триста шеесет и осма

Во промотивно видео презентиран нов изглед на „Универзална сала“



Откако пропадна реализацијата на „Јајцето“ како победнички конкурсен проект за новиот објект на Универзалната сала, градот Скопје со тековното раководство најави враќање на првата идеја т.е реконструкција на салата со интервенции на доградба и надградба.

Во тековната кампања за локалните избори 2017, кандидатот кој претендира да остане на функцијата – градоначалник го презентира изгледот на проектот за Универзалната сала преку 3D анимација. Во видеото покрај реконструкцијата на главната концертна сала, можеме да забележиме и мала повеќенаменска сала, подземен паркинг, конгресни простории, реконструирање на фоајето и сл.

Чив е потписот – авторството на оваа реконструкција не е обзнаено.



http://marh.mk/%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE-%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%B8/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1574
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 07-Oct-2017 at 13:45
Како е избрано идејното решение? Повторно на своја рака? Со доградбава не се менува постоечката сала и нејзиниот капацитет, само се доградуваат содржини. Паркингот за колку возила е? 20?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.