build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 567
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 06-Jun-2020 at 19:18
Не знам дали знаете но Универсална е копие на Софийския цирк ,кои изгоре 1983 година.







Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 06-Jun-2020 at 19:30
Како не се запали и нашава па да се решиме од тоа ругло у центар на град?!

Инаку многу личи на Скопската универзална, дури и на последната слика пожарните камиони личат на скопските двокатни автобуси!

Инаку сум слушнал дека е некаква донација од Бугарија после земјотресот, или па само проектот е донација, ама нешто беше поврзана Бугарија со скопската Универзална Сала, ама не сум знаел дека е копија на софијскиот циркус.

Edited by user8642 - 06-Jun-2020 at 19:32
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2006
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 06-Jun-2020 at 19:55
Проектот е донација од Бугарија.
Originally posted by Staro Skopje

Прилог: Неколку белешки околу "идентитетот" на Универзална сала во Скопје
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5115
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 13-Jun-2020 at 10:49
УНИВЕРЗАЛНА САЛА ДА СЕ ГРАДИ НА ДРУГА ЛОКАЦИЈА, НА НЕЈЗИНО МЕСТО ДА СЕ НАПРАВИ ПАРК, ПРЕДЛАГА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ


Една од локациите за кои се размислува е просторот каде се наоѓаат стаклениците на ЈП „Паркови и зеленило“


Новата Универзална сала да се гради на друга локација бидејќи според предвидената големина, објектот е несоодветен за постојната, предлагаат од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Откако градоначалникот Петре Шилегов најави дека ја почнува постапката за изградба на нова концертна сала, дека постојната ќе се урива и ќе се гради објект според нов проект, архитектите предложиле да се размени за други локации.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека она што се бара во програмата на новата Универзална сала е преобемно за оваа локација. Станува збор за густо изградел дел од градот, со булеварот Партизански одреди од една страна, од каде нема да може да се изведе влез во подземен паркинг. Од другата страна пак е улицата 29 Ноември која е тесна, со две сообраќајни ленти и нема да може да ги задоволи потребите за пристап кон ваков тип на објект. При секој концерт или настан ќе се создава хаос во сообраќајот, но ќе биде попречено и движењето на пешаците и локалните жители.

„Само реновирање на Универзална сала би чинело многу, па затоа според програмата на Градот се предвидува да се урне постојниот објект и да се гради поголем. Но, оваа локација е тотално несоодветна за такво нешто. Самата инфраструктура е премала за таков објект кој треба да прими голем број луѓе. Исто така во овој дел имаме големо движење на граѓани од населбите Капиштец и Буњаковец кон Дебар Маало и Градски парк. Од друга страна пак, постојано се зборува за потребата од нови паркови и зелени површини, па оваа локација може да прерасне во парк. Притоа нема да има никаков проблем за тоа бидејќи парцелата е државно земјиште. Значи не зборуваме за идеи да правиме паркови на приватни парцели, кои се нереални да се остварат“, вели Пановски.

Од Асоцијацијата на архитекти како прва варијанта каде може да се гради новата Универзална сала на Скопје, го предлагаат делот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Станува збор за просторот зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ и салонот на „Хонда“ во Карпош 3. Според архитектите овој простор е соодветен бидејќи туку веќе се изградени вакви содржини и би се добила една целина, спортски објект, базен, хотел и концертна сала.

„Ја разгледувавме и идејата за просторот кај стаклениците на ЈП ‘Паркови и зеленило’ во Карпош, што е во близина на крајниот дел од Градски парк. Тоа не значи дека ќе се уништи паркот или зеленилото туку самиот објект да биде во паркот. Ова се само првични размислувања, ние ќе бидеме отворени за разни дискусии, каде е најдобро да се направи новата Универзална сала.“, вели Пановски.

Од Асоцијацијата сметаат дека и за новата Универзална сала и за паркот кој би се правел на местото на постојниот објект треба да бидат распишани конкурси за избор на идејно решение.

Универзална сала е затворена 5 години, односно од 10 март 2015, кога на партиската трибина лидерот на СДСМ Зоран Заев ја пушти бомбата број 8 за изборни измами. По завршување на трибината на Заев, парче од таванот се откорна и падна врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална, а одговорните тогаш одлучија место да го санираат само таванот, да се почека целосната обнова на салата.

Тогаш беше актуелен проектот објавен во декември 2013, според кој салата требаше да се урне, а на нејзино да место да се изгради целосно нов објект во форма на јајце. Новата сала требаше да се гради според проектот на архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн“, со голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории. Овој проект едногласно го избра деветчлена стручна комисија, под претседателство на архитектот Вангел Божиновски.

Во јануари 2015, Универзална сала беше преименувана во Конгресен центар Александар Македонски.

Но, во март 2016, од финансиски причини беше откажана изградбата на салата во форма на јајце, а Министерството за култура најави дека обновата на Универзална ќе биде по проектот од пред десетина години на „Архангел бојс“, според кој се задржува сегашниот изглед, но салата се надградува со застаклена галерија околу целиот објект и се зголемува бројот на седишта за 200.

Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов ѝ беше вратено името Универзална сала, а со Министерството за култура беше потпишан договор за изградба на салата, односно парите да бидат обезбедени од Владата. Лани во декември Шилегов најави дека е обезбедени првиот дел од парите од Владата и заедно со Асоцијацијата на архитекти и Архитектонскиот факултет ќе работат на нов проект за Универзалната сала оти оние кои ги наследил од неговиот претходник Коце Трајановски, не чинеле.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/univerzalna-sala-da-se-gradi-na-druga-lokatsija-na-nejzino-mesto-da-se-napravi-park-predlaga-asotsijatsijata-na-arhitekti/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5115
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 19-Jun-2020 at 10:41
ВРЕДИ ДА СЕ РАЗГЛЕДА ИДЕЈАТА НА АРХИТЕКТИТЕ УНИВЕРЗАЛНА САЛА ДА СЕ ГРАДИ НА ДРУГА ЛОКАЦИЈА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

Секоја идеја која доаѓа од фелата треба да се разгледа, вели градоначалникот Петре Шилегов за предлогот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија Универзална сала да се гради на друга локација.

Откако Град Скопје најави дека ја почнува постапката за изградба на нова концертна сала, дека постојната ќе се урива и ќе се гради објект според нов проект, архитектите предложија да се размисли за други локации, а на постојната да се направи парк.

„Секоја идеја која доаѓа од фелата и струката во овој случај Асоцијацијата на архитекти, вреди да се разгледа. Ќе побарам средба со претседателот и претставници на Асоцијацијата на која ќе ги разгледаме и ќе дискутираме за сите предлози и опции каде да се гради новата Универзална сала“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот Петре Шилегов.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски на 13 јуни за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека она што се бара во програмата на новата Универзална сала е преобемно за оваа локација. Станува збор за густо изградел дел од градот, со булеварот Партизански одреди од една страна, од каде нема да може да се изведе влез во подземен паркинг. Од другата страна пак е улицата 29 Ноември која е тесна, со две сообраќајни ленти и нема да може да ги задоволи потребите за пристап кон ваков тип на објект. При секој концерт или настан ќе се создава хаос во сообраќајот, но ќе биде попречено и движењето на пешаците и локалните жители.

Од Асоцијацијата на архитекти како прва варијанта каде може да се гради новата Универзална сала на Скопје, го предлагаат делот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Станува збор за просторот зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ и салонот на „Хонда“ во Карпош 3. Според архитектите овој простор е соодветен бидејќи туку веќе се изградени вакви содржини и би се добила една целина, спортски објект, базен, хотел и концертна сала.

„Ја разгледувавме и идејата за просторот кај стаклениците на ЈП ‘Паркови и зеленило’ во Карпош, што е во близина на крајниот дел од Градски парк. Тоа не значи дека ќе се уништи паркот или зеленилото туку самиот објект да биде во паркот. Ова се само првични размислувања, ние ќе бидеме отворени за разни дискусии, каде е најдобро да се направи новата Универзална сала.“, вели Пановски.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vredi-da-se-razgleda-idejata-na-arhitektite-univerzalna-sala-da-se-gradi-na-druga-lokatsija-veli-shilegov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5115
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 28-Jun-2020 at 16:24




https://www.facebook.com/bunjakovets/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5115
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 28-Jun-2020 at 16:25
Шилегов треба да е среќен што Универзална сала не може да си ги каже маките

Универзална сала пак е ставена од Град Скопје на лентата за брзи ветувања, а спори реализации на ветеното. За жал, таква и е судбината подолго време. Доколку дадените ветувања, најави, распишани конкурси, проекти, одлуки, повторни постапки можеа да послужат како градежен материјал култната Универзална сала до сега веќе ќе беше изградена. Вака, таа и натаму стои затворена и пропаѓа, а во меѓувреме се трупаат хартии на кои нешто се „решава“ за неа.

Деновиве се доби и ново количество материјал. Прво, Асоцијација на архитекти предложи, а потоа и скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја подржа идејата таа да ја смени локацијата.

–Вреди да се разгледа идејата на архитектите Универзална сала да се гради на друга локација, изјави неодамна првиот човек на градот.

Ова автоматски значи ново оддолжување на работите околу салата. А така е веќе со години.

-Добивам впечаток дека Шилегов бега од работење на Универзалната сала и дека со новата најава за преселба на објектот во овој мандат нема да има ништо од она што го ветуваше за брзо реконструирање на објектот, коментираше на социјалните мрежи скопјанката Марија.

Од друга страна, дали ваквата идеја за нова локација им се допаѓа и на граѓаните кои се емотивно врзани за овој култен објект?

-Мене вооошто не ми се допаѓа идејата за преселување на салата. Самата Универзална сала и локација на која се наоѓа се препознатлив белег за градот и за граѓаните. Доволно е само да се каже „кај Универзална“ и се знае и што е и каде е. Да не зборувам колку емоции влече таа сала по сите одржани фестивали, манифестации на кои присуствувале илјадници и илјадници граѓани. Новата сала треба да е на исто место. Вака, имам чувство дека таа никогаш нема да се направи, ни изјави Перо Христов, естраден уметник.

Како што се движат работите, сега одново ќе се трупаат планови, конкурси и одлуки, а Универзална пак нема да почне да се реновира како што беше ветено. Значи, ветувања до ветувања, се она што постојано го слушаат скопјани, а Универзалната сала никако да се направи. Ако сега се прифати дислокација тоа сигурно ќе значи нови години и години одлагање потребни за промени во ДУП-овите, обезбедување на финансии, избори на проекти за кои и салата ќе стане премала…

Некако се заликува како купување време, да се протера мандатот, а за Универзална и други да му ја „мислат“и „планираат“…

Најави, најави…

Во 2013 година, во време на градоначалникот Коце Трајановски и на министерката за култура Елизабета Канческа, беше актуелен проект салата да се урне и изгради нова во форма на јајце. Но, во 2016 тој проект се откажа од финансиски причини. и се најави проект со реконструкција на постоечкиот објект со доградба на застаклена галерија.

По доаѓањето на Шилегов со тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски беше потпишано „писмо за намери“ за нејзина обнова во 2018 година. Но и тоа не се оствари. Во мај 2018 имаше најави дека реконструкција ќе следи во 2019 година. Последното ветување е од април годинава кога Шилегов рече дека проектот годинава ќе се реализира и од причина што Скопје е кандидат за европскиот град на културата во 2028 година. Претходно, во декември минатата година беше најавено дека изградбата на нова сала ќе започне веднаш во јануари годинава и дека ќе биде распишан конкурс за идеен проект бидејќи два проекта кои веќе постојат не се добри…

https://skopskoeho.mk/shilegov-treba-da-e-sreken-shto-univerzalna-sala-ne-mozhe-da-si-gi-kazhe-makite
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.