build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Универзална сала
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 28-Jul-2020 at 13:37
Толку време не е ништо направено да се дозволило барака да стане традиција на градов. Да се сруши уште одма.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 28-Jul-2020 at 14:24
Еве им шанса да направат голем паркинг во центарот на градот т.е. да биде подземен паркинг на две нивоа, секако, под паркот.
Back to Top
PlctEtr93 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Jul-2020
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote PlctEtr93 Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 28-Jul-2020 at 15:10
Здраво,

Би сакал да прашам дали и двете зелени квадрати пред Александар Палас, на Илинденска се приватна површина? бидејќи и двата се поголеми од постојната парцела на Универзална сала, и овој простор би бил идеален, бидејќи тука ќе може и паркингот од Александар Палас и Борис Трајковски да се користи при манифестации, покрај постојниот на Универзална сала (секако на овој начин ќе се отстранат и оние кои горат кабли меѓу високата вегетација тука)
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 28-Jul-2020 at 16:35
Почитувани членови на ААМ, почитувана јавност,
По скорешните написи во медиумите во врска со Универзална сала, сакаме да Ве информираме дека ААМ во Декември 2019 година беше контактирана од страна на Град Скопје за организирање на конкурс за нова Универзална сала со проширена програма кој соодветствува на програмата која ја имаше конкурсот од 2013 год. каде беше предвидена изградба на обејкт од 36.000 м², во согласност со постојниот Детален урбанистички план – ДУП Буњаковец 2. Од наша страна беше посочено дека на дадената локација објект со толку обемна програма е несоодветно да се постави, што најдобро се покажа токму со конкурсот од 2013 година. Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик и појавност. Од страна на Град Скопје бевме информирани дека средства за реставрирање и реновирање на постојниот објект на Универзална сала нема. Добиените информации беа дека Град Скопје има утврдено дека Скопје има потреба од поголема, современа концертна сала, со нова програма.
Согласно ваквата иницијатива, од наша страна беше предложено нова Универзална сала, со бараната проширена програма, да се гради на друга соодветна локација. По направената анализа, како можна локација беше предложена локација во близина на Спортскиот центар “Борис Трајковски’. Предложената локација е во непосредна близина на центарот на градот, содржи постојна инфраструктура и е во државна сопственост. Во поглед на изборот на нова локација за Универзалната сала, беше напоменато дека постојат уште неколку можни локации и спремни сме во соработка со Град Скопје, заедно да изнајдеме најсоодветно решение на проблемот. Со овој став ААМ понуди мислење базирано на стручни анализи се со цел да се погледне пошироката слика и однапред да се детектираат и решат можните проблеми од аспект на идно функционирање на тој дел од градот преку посоодветно планирање и искористување на државните ресурси.
Она што останува како факт е дека постојниот објект на салата е во многу лоша состојба и не функционира повеќе од 5 години со што овој исклучително значаен јавен простор во центарот на градот не ги користи ресурсите на местото. Меѓутоа исто така е факт и дека објектот на Универзалната сала претставува идентитетски топоним во кој е вградено огромно количество од културниот седимент на градот кој е составен од бескрајната низата настани одржани во изминатите 50 години. Од причина што бевме информирани дека Градот нема средства за реконструкција на Универзална сала, предложивме просторот каде што е сместена Универзална сала да прерасне во јавен простор кој што ќе биде дефиниран по распишување на анкетен конкурс со што би се добиле идеи за негово идно функционирање и планирање.
За да се избегнат забуни во јавноста, го повикуваме Град Скопје да ги презентира во јавноста сите наоди кои ги има за постојната состојба на Универзалната сала. Би повикале уште еднаш, да се зачува постојниот објект и доколку Градот Скопје нема средства за таква намена, ја повикуваме и Владата на Република Северна Македонија да се произнесе пред јавноста дали може да се обезбедат средства да биде реконструиран и зачуван обејктот во неговата постојна големина и појавност.
Меѓу другото, ААМ ќе поднесе иницијатива до Општина Центар, за новиот ДУП кој е моментално во изработка, оваа локација да биде со намалена површина за градба и истата да биде во рамки на постојниот објект.
Како и секој пат до сега, ААМ ќе се залага за решавање на сите спорни и „заборавени“ локации во државна сопственост, особено оние кои претставуваат клучни точки за развојот на Скопје, да добијат завршница и соодветно планирање или (ре)искористување, со што би се избегнала нивна (не)намерна злоупотреба во иднина.
Со почит,

https://www.facebook.com/arhitekti.mk/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 28-Jul-2020 at 18:35
Зградата нема архитектонска вредност, но има голема сентиментална, и како симбол на универзалната солидарност по земјотресот, и како место каде пола век се одржувале разно-разни настани. Најдобро би било Универзална автентично да се реставрира и во неа да се одржуваат традиционалните настани (Златно Славејче, дел од Скопски Џез Фестивал итн.) и помали концерти, настапи, проекти... Капацитетот на големата сала е 1,568 седишта, со реконструкција и подобрување на условите, а мала промена на статусот може ќе се намали.

За потребите на Скопје и Македонија да се изгради поголем, подобар и современ објект кај СЦБТ, со околу 2,000 седишта, и тој да биде примарна концертна сала. Ама за ова треба пари, кои ги фрливме на малтер кој личи на мермер, а не е мермер, паразити во администрација, корупција и утки. Може прво да се почне со обнова на Универзална, а за 2 години со новиот Концертен центар Скопје; Владата, а можеби и граѓаните (со самопридонес) директно би зеле учество во финансирањето. Парк би имало на местото на Треска.

Понатаму може да се размислува за градско-регионални културни центри (~500 + ~150 седишта, поголема библиотека, курсеви итн.) во Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром. И, се разбира, довршување на Турскиот и Албанскиот театар (и онака е при крај) и нови објекти за Драмски и Култура (кои нема да личат на фабрички лименки од 2006). Драмски може и да се дислоцира на ул. Прашка (G-Mall), а сегашната зграда да се продаде на меѓународен ланец кина, со обврска какви било реконструкции и доградби да го почитуваат автентичниот изглед на објектот, донација од Велика Британија.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 28-Jul-2020 at 21:24
Јас незнам како воопшто може да дискутираме за сентиментална вредност за објект кој е од времен карактер ама заради неманост со децении влегол некако во традицијата. Па Yankees Stadium нема ли сентиментална вредност што беше срушен? Милијарда примери има по светов, ама кај нас владее зачмаеноста на општеството и идеологизираноста на архитектонската фела дека се што е од Скопје после змејотресот по автоматизам е исправно и мора да оставе вечно, макар и трафика да е.

Аман нека се распише конкурс, ако треба и без распишана локација за концертна хала. И локацијата нека биде избор на авторот. Thing out-of-the-box. Што па да не и таков конкурст, можда добри идеи ќе дојдат. После ќе се рангираат според цена на чинење да се изведат, ама ајде да пробаме.

Заборавате ја универзална, да тргнеме од позиција дека Скопје нема никаква сала.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 28-Jul-2020 at 21:31
Originally posted by user8642

Јас незнам како воопшто може да дискутираме за сентиментална вредност за објект кој е од времен карактер ама заради неманост со децении влегол некако во традицијата. Па Yankees Stadium нема ли сентиментална вредност што беше срушен? Милијарда примери има по светов, ама кај нас владее зачмаеноста на општеството и идеологизираноста на архитектонската фела дека се што е од Скопје после змејотресот по автоматизам е исправно и мора да оставе вечно, макар и трафика да е.

Аман нека се распише конкурс, ако треба и без распишана локација за концертна хала. И локацијата нека биде избор на авторот. Thing out-of-the-box. Што па да не и таков конкурст, можда добри идеи ќе дојдат. После ќе се рангираат според цена на чинење да се изведат, ама ајде да пробаме.

Заборавате ја универзална, да тргнеме од позиција дека Скопје нема никаква сала.

Ни саем сега нема веќе.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 28-Jul-2020 at 21:57
Да се запалеше до сега "случајно" барем еднаш, ќе се решевме од ова ругло во сред град и немаше да биде камен околу врзан околу нога што враќа назад, на целото општество и за некои архитекти. Исто така да пробам да играм малку и на картата на екологија. Што е за право, па тие што бранат да остане салава, дали се свесни што се од материјали има употребно во салава со оглед на годините кога е градена и што тогаш било актуелно и модерно. Па да ја расклопиш салава можеш саем на штетни матерјали да организираш. Тоа е се азбест и стаклена волна.

Edited by user8642 - 28-Jul-2020 at 21:58
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 533
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 28-Jul-2020 at 22:46
Требаше да видиме нешто конкретно околу идејата за нова сала на ново место пред да се распишуваат вакви „демек еве нешто се работи“ конкурси. Немаше да има вакви реакции. Ама властите решија пак наопаку да работат. Сега се плашам дека „почуени“ од реакциите ќе отстапат од идејата за нова сала, што беше една од ретките добри идеи што се појавиле веќе подолго време. А можеби и тоа беше планот, веќе ништо не ме чуди. Nuts
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 29-Jul-2020 at 07:16
Шефот на кабинет на Шилегов одговара: Универзална нема да се руши, ќе се гради, но каде?

Универзална сала нема да се руши, туку ќе се гради, но прашање е каде, вели шефот на кабинетот на Шилегов, наведувајќи дека постојната локација е несоодветна, не може да се прошири објектот ниту да се обезбедат паркинг места a пристапот до него е небезбеден за населението во тој дел од градот
Со поставување неколку тези и аргументи, шефот на кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов, Никола Наумовски, вечерва преку објава на социјалните мрежи појаснува зошто идејата на градските власти за изградба на Универзална сала на нова локација и претворање на просторот каде се наоѓа старата сала во парк со летна сцена е попаметна од опцијата да се реконструира постојниот објект.
Очекувана е, вели Наумовски, реакцијата на многу скопјани откако градот го распиша конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена, бидејќи станува збор за емотивно прашања, по што тој ги наведува аргументите кои се во одбрана на идејата. Сепак, нагласува шефот на кабинетот на Шилегов, дека ова не е конечно решение и очекува во јавната дебата да се вклучат што повеќе луѓе, па порачува дека оваа градска администрација покажала дека знае да се повлече кога спротивните страни имаат посилни аргументи.

Постојната локација е несоодветна и нема простор за проширување
Универзална сала е монтажен објект, нема можност за проширувања, доградби, паркинзи и пристапи, е првиот аргумент што го посочува Наумовски.

„Ако се реконструира салата, тогаш не може да се додадат нови содржини како придружни сали, галериски простори, конференциски сали, холови, продавници и кафетерии. Предноста на реконструкцијата е во избегнувањето на обврската да се обезбеди паркинг место за секој посетител, како во случајот со новата градба. На тој начин, Универзална може да работи само со сегашните 40 (со букви: четириесет) паркинг места. Тоа би било сосема несоодветно, но законските услови не предвидуваат обврски за паркинг кога се реконструира објект, само кога се гради нов. Последниот проект за реконструкција на салата предвидува трошоци од околу 17 милиони евра (задржување на конструкцијата и градбата, со мали доградби и реновирана концертна сала со гледалиште)“,

пишува Наумовски.
Изградбата на нова сала на оваа локација, пак, потенцира тој, е замислена со т.н. проект „Јајце“ од 2013-та кој чини далеку повеќе, но според правилникот за стандарди и нормативи за градба треба да има 1 000 паркинг места соодветни за проектираното гледалиште и придружните содржини.
Наумовски како аргумент понатаму ја наведува и несоодветната локација заради близината на зградите и тесните улични. Маалото сега вели изгледа многу поразлично од пред 50 години кога била изградена Универзална. Ако салата остане на иста локација, кон неа нема да можат безопасно да се движат автобуси и камиони со опрема со оглед дека во близина се наоѓаат градинки и школи.

„Дополнително, маалото е веќе пренаселено со луѓе и ги надминува параметрите предвидени со ГУП-от за густина на населението. Во деновите кога би се одржувале настани во Универзална, овие жители, нивните улички, тротари и паркинзи би биле преплавени од посетители на салата и нивните возила“,

аргументира шефот на кабинетот на Шилегов.
Поради густото население, тврди тој, на Центар му недостасуваат зелени површини кои чинат значително помалку да се обезбедат на државно земјиште наместо на приватно, со оглед дека во таков случај би била потребна експропријација. А просторот каде се наоѓа салата, потенцира, можеби е и последното државно земјиште во тоа маало.

Попладнево, дел од овие сегменти во соопштение ги коментираше и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, која го дала предлогот на градските власти за претворање на просторот кај Универзална во парк и изградба на нова поголема сала на нова локација.
И тие во нивното соопштение посочуваат дека изградба на нова сала со проширена програма не е соодветна за постојната локација, но истовремено, не споменувајќи ја густината на населението во тој дел од градот, излегоа со став и дека старата Универзална сала треба да се сочува. Рушењето, рекоа тие, го предложиле бидејќи од Градот им кажале дека нема пари за реконструкција.

„Во паркот ќе остане дел од конструкцијата на Универзална“
Наумовски, пак, тврди и во случај да се руши, дел од старата Универзална ќе остане.

„Свесни дека носталгичните чувства и сентименталноста на скопјани се легитимна почетна позиција во секое општествено прашање, во проектната задача на конкурсот предвидовме задолжителни критериуми кои треба да ги задоволат овие барања. Архитектите на конкурсот се задолжени во осмислувањето на паркот да искористат делови од сегашната конструкција, партерот, внатрешните градби и сл., на начин на кој ќе оддадат признание за нејзината архитектонска и историска вредност“,

вели Наумовски.
„Треска да се претвори во парк ќе чини многу пари“
Во еден дел од својата објава тој одговара и на критиките дека се „жртвува“ Универзална сала на сметка на просторот кај поранешната фабрика „Треска“ каде би никнале згради. Порачува дека тоа земјиште е приватно и во секој случај неговото претворање во парк би чинело огромни суми.

„За да се направи јавен простор (парк) на приватно земјиште, тоа мора да биде експроприирано и тоа по методи и цени предвидени со закон. Ги предизвикувам протагонистите на оваа идеја да ја направат својата најоптимистичка проценка за вредноста на земјиштето и да и ја претстават на јавноста. Јавноста има право да знае колку чинат плановите што тие ги промовираат. Моите пресметки се доближуваат до трицифрена бројка милиони евра (сметајќи ги квадратите помножени со нивните цени на дадената локација), но ги предизвикувам нив да ги соопштат за сите да видиме со какви крајности си имаме работа“,
вели Наумовки.
Еден од оние кој ја наметна ваквата теза е претходникот на Шилегов, Коце Трајановски. Во неговата денешна реакција тој праша дали се жртвува Универзална сала за изградба на 50 згради кај Треска.
Универзална и Театар за деца и младинци под ист кров“
Во одбрана на идејата за поголем објект на нова локација, Наумовски, го наведува и тоа што, според неговите тврдења, во истиот објект Градот би сакал да го вдоми и Театарот за деца и младинци (ТДМ), кој сака да го земе под своја надлежност преку децентрализација.

„Ова секако би значело соодветна сала за детски претстави, гримиорни, простори за проби, гардероби, сценографии и други театарски потреби. Подразбира посебен влез и одвоеност на театарот и гостите од останатите. Дополнително, во моментов во Скопје постојат 6-7 културни институции со нерешено прашање за нивното седиште (ТДМ, Драмски, Комедија, Танец, Турски Театар, Универзална …) и идното делење на објектот со некоја од нив би значело одговорно планирање на парите од националниот буџет (од каде во секој случај ќе се плати изградбата на салата). Изборот на ТДМ за соодветен партнер се должи на можноста за надополнување на термините за изведби и проби, со оглед на тоа што изведбите на овој театар се најчесто денски, а и ќе се овозможи и разноликост на публиката во објектот“,

пишува еден од најблиските соработници на Шилегов.
Тој на крајот како навредливи ги отфрла и споредбите дека конкурсот за паркот со летна сцена е втор дел од „Скопје 2014“ и порачува дека „универзална сала нема да се руши, туку ќе се гради, но прашање е каде“, а она што треба да се руши е „Скопје 2014“. Па, затоа ги повикува сите „противници“ на контроверзниот проект, кој во најголем дел е во рацете на централната власт, да прават притисок кон институциите за негово решавање.

https://360stepeni.mk/shefot-na-kabinet-na-shilegov-odgovara-univerzalna-nema-da-se-rushi-ke-se-gradi-no-kade/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 29-Jul-2020 at 07:18
Наумоски: Универзална ќе се гради, прашањето е каде?

о бројните реакции од јавноста откако се најави дека Универзална сала ќе се урне, а на нејзино место ќе има парк, со мала сцена, на Фејсбук сргументира шефот на кабинет на градоначалникот на Скопје, Никола Наумоски.

Еве ја целата негова аргументација, зошто одлуката Универзална да се урне и да с еизгради на друго место:

Не можам да речам дека беше неочекувана реакцијата на многу Скопјани во однос на конкурсот за парк на местото на Универзална Сала, затоа што секогаш кога се расправа за прашања со кои луѓето емотивно се врзуваат е тешко да се разбереш преку аргументи. Но, ајде да се обидеме да одговориме на сите слушнати и прочитани тези овие два дена и да се обидеме да ги одговориме.

1. Универзална сала е монтажен објект, нема можност за проширувања, доградби, паркинзи и пристапи

Во изминатите петнаесетина години изготвени се три проекти за реконструкција и изградба на салата, што идејни, што основни. Ако се реконструира салата, тогаш не може да се додадат нови содржини како придружни сали, галериски простори, конференциски сали, холови, продавници и кафетерии. Предноста на реконструкцијата е во избегнувањето на обврската да се обезбеди паркинг место за секој посетител, како во случајот со новата градба. На тој начин, Универзална може да работи само со сегашните 40 (со букви: четириесет) паркинг места. Тоа би било сосема несоодветно, но законските услови не предвидуваат обврски за паркинг кога се реконструира објект, само кога се гради нов. Последниот проект за реконструкција на салата предвидува трошоци од околу 17 милиони евра (задржување на конструкцијата и градбата, со мали доградби и реновирана концертна сала со гледалиште).
Изградбата на нова сала на оваа локација е замислена со таканаречениот проект „Јајце“ од 2013-та кој чини далеку повеќе, но според правилникот за стандарди и нормативи за градба треба да има 1000 паркинг места соодветни за проектираното гледалиште и придружните содржини.

2. Локацијата е несоодветна заради близината на зградите и тесните улички

Сегашната локација на Универзална била зацртана сред Железничка Колонија/Буњаковец пред 50-ина години кога маалото изгледало многу поразлично од сега. Во тоа време речиси и да немало објекти повисоки од два спрата во внатрешноста на маалото, а денес речиси и да нема пониски од четири. Улиците и тротоарите се закрчени со паркирани коли, по нив не можат да се движат автобуси и камиони за опрема без да бидат опасни за децата во блиските градинки и школи, но и за останатите соседи од маалото. Дополнително, маалото е веќе пренаселено со луѓе и ги надминува параметрите предвидени со ГУП-от за густина на населението. Во деновите кога би се одржувале настани во Универзална, овие жители, нивните улички, тротари и паркинзи би биле преплавени од посетители на салата и нивните возила.

3. Градот намерава да спои две институции под исти кров

Град Скопје смета дека Театарот за Деца и Младинци треба со децентрализација да му припадне на Градот и да го дели кровот во новиот објект со градската институција. Ова секако би значело соодветна сала за детски претстави, гримиорни, простори за проби, гардероби, сценографии и други театарски потреби. Подразбира посебен влез и одвоеност на театарот и гостите од останатите. Дополнително, во моментов во Скопје постојат 6-7 културни институции со нерешено прашање за нивното седиште (ТДМ, Драмски, Комедија, Танец, Турски Театар, Универзална…) и идното делење на објектот со некоја од нив би значело одговорно планирање на парите од националниот буџет (од каде во секој случај ќе се плати изградбата на салата). Изборот на ТДМ за соодветен партнер се должи на можноста за надополнување на термините за изведби и проби, со оглед на тоа што изведбите на овој театар се најчесто денски, а и ќе се овозможи и разноликост на публиката во објектот. Реконструкција на постоечката Универзална Сала нема да може да ги задоволи просторните потреби на двете институции.

4. Парк Универзална Vs. Парк Треска

Многумина во јавноста пласираа тези со кои на овој начин им се излегува во пресрет на инвеститорите на просторот на некогашната фабрика Треска, односно со создавањето на парк од 10.000 квадрати кај Универзална се откажува паркот што тие се надеваа дека ќе се направи на местото на Треска. Разликата помеѓу едниот и другиот простор е што едниот е државен, а другиот приватен. За да се направи јавен простор (парк) на приватно земјиште, тоа мора да биде експроприирано и тоа по методи и цени предвидени со закон. Ги предизвикувам протагонистите на оваа идеја да ја направат својата најоптимистичка проценка за вредноста на земјиштето и да и ја претстават на јавноста. Јавноста има право да знае колку чинат плановите што тие ги промовираат. Моите пресметки се доближуваат до троцифрена бројка милиони евра (сметајќи ги квадратите помножени со нивните цени на дадената локација), но ги предизвикувам нив да ги соопштат за сите да видиме со какви крајности си имаме работа.

5. На Центар му фалат зелени површини, а не културни објекти. Во моментов имаме преку 20 државни и десетина приватни културни институции и простори во општината

Општина Центар е една од ретките општини што има мисија секое државно земјиште во новите ДУП-ови да го направи јавно/зелено. Град Скопје на тој начин минативе две-три години ги направи паркот Ибни Пајко и кровот на ГТЦ во Центар, новиот градски парк во Карпош 4, парковите крај пругите во Кисела Вода и Аеродром… Тоа се локации на кои била предвидена градба или друга намена, а сепак, заради разбирање на потребата од јавни простори и зеленило, тие во моментов се претвораат во паркови. Зазеленувањето на овие простори ги надмина сите досегашни рекорди на Паркови и Зеленило и предвидените пари за зеленило во градскиот буџет, а притоа не е исплатен ниту еден денар за експропријација. Експропријација на приватен имот за создавање на паркови е благородна идеја и треба да се држи отворена постојано, но само на места каде е реално спроведлива.

Центар е општина со најмалку зеленило од сите во Скопје и потрагата по нови простори не смее да запре. Настрана од уништените зелени парцели со проектот СК2014, растењето на објектите во станбените делови на Центар предизвика квалитативно нарушување на зеленилото (стотици, ако не илјадници дрва се пресечени во приватните парцели каде се градело). Затоа, секој државен простор треба да биде зазеленет, а секој двор на државна институција во Центар да биде отворен за уживање на жителите, како што направија Град Скопје и Архитектонски Факултет со паркот на двесте метри од Универзална. Така и со просторот под и околу салата – може бесплатно да се претвори во парк бидејќи се работи веројатно за последното државно земјиште во маалото..

6. Наследството од периодот на солидарноста не се напушта, туку се вреднува

Свесни дека носталгичните чувства и сентименталноста на Скопјани се легитимна почетна позиција во секое општествено прашање, во проектната задача на конкурсот предвидовме задолжителни критериуми кои треба да ги задоволат овие барања. Архитектите на конкурсот се задолжени во осмислувањето на паркот да искористат делови од сегашната конструкција, партерот, внатрешните градби и сл., на начин на кој ќе оддадат признание за нејзината архитектонска и историска вредност.

Би сакал да ја нагласам разликата меѓу поранешната и сегашната градска администрација во однос на пост-земјотресното наследство во градот. Ако едните упорно се обидуваа да ја избришат секоја трага менувајќи ги фасадите на зградите, имињата на улиците и симболите на тоа наследство, другите упорно се обидуваат да го надоместат изгубеното. Оние топоними за кои во целост одлучува Градот, како катните гаражи, веќе имаат сменети имиња (Беко и 26-ти Јули). Враќањето на имињата на улиците е започнат процес од минатата година кој што треба да финишира за неколку месеци, вратена е пораката на Тито до Скопјани на ѕидот на Старата Железничка Станица, во тек е голема реконструкција на Музејот на Град Скопје, направени се нови содржини за враќање на животот во ГТЦ, издадени се десетици книги, сликовници, монографии за наследството од периодот на солидарноста. Градот дури и финансира курсеви за децата за наследството од брутализмот во архитектурата учејќи ги да ги сакаат објектите со вистинска вредност во Скопје, наспроти карикатуралните шампити од СК2014. Оваа градска администрација не го напушта наследството од скопскиот земјотрес, туку, напротив, го вреднува како никој досега. А, богами, и меѓу сегашните институции не се гледа некоја конкуренција во овој однос.

7. Конкурсот за паркот Универзална претставува втор дел од СK2014?

Ова според мене е најнавредливата споредба и треба да се сосече во корен. СК2014 значеше уништување на паркови за изградба на згради (20-ина паркови и јавни простори во Мал Ринг станаа градилишта), значеше бришење на дотогашниот изглед и наследство на градот, испраќаше пораки на политичка тоталитарност и, што е најважно, проектот беше спроведен со административно и физичко насилство врз процедурите и луѓето кои што се спроведуваа. Речиси ниеден објект не беше изграден со јавен конкурс, како што е пракса сега, а кога имаше конкурси со неповолни исходи, се поништуваа се додека не победеа барокните решенија. Фасадите на зградите беа менувани со тендер, а не со конкурс, и тоа откако нивната статус на заштита намерно ќе беше тргната.

8. Универзална нема да се руши, туку ќе се гради. Прашањето е каде?

Да бидеме на чисто, Скопје нема да остане без своја сала за универзални намени (не само концерти!). Град Скопје нема да остане без една од 8-те свои културни институции. Нејзиниот објект треба да изграден на локација која што ќе биде лесно пристапна, доволно голема да ги задоволи просторните услови за седење, движење и рекреирање на посетителите. Според мене, Универзална треба да се извади надвор од центарот на градот за да биде лесно пристапна и за луѓето што доаѓаат надвор од Скопје, онака како што се лоцирани новите градски сали и конгресни центри во Белград, Загреб, Софија, а веројатно и секаде низ развиените градови.
Битно е да се нагласи дека градот нема донесено конечна одлука за дислоцирање на салата и дека ова значи започнување на процесот на јавна дебата. Ако се одлучиме дека треба да се гради на истото место, ќе се соочиме со објективни просторни проблеми (пристап за посетители и сценска техника, паркинг за возила и автобуси, мал капацитет на гледалиштето и недостаток од други содржини во објектот освен главната сала). Ако се одлучиме за некоја друга локација, ќе треба да ги надминеме носталгијата и емотивната неразделност со Универзална и тоа разбирливо не е лесно за никого.

9. СК2014 треба да се руши, а не Универзална

За ова прашање ми е најдраго што одеднаш се појавија толку многу сојузници. Малку ми беше чудно што тоа сега го бараат и луѓе кои своевремено не го перцепираа СК2014 како ништо друго сем „пералница за пари“ и целосно ги игнорираа аспектите како културно наследство, животна средина, сообраќај, јавни простори итн. Драго ми е што 10-ина години отпосле ги гледам како бараат рушење на СК2014 и тоа е навистина охрабрувачки. Ги повикувам да го засилат притисокот и кон градот, но и кон другите институции (кои што располагаат со 99% од барокните објекти) за да можеме што поскоро да пристапиме кон решавањето на ова прашање. Исто така, ако ова прашање им е толку при срце, а моќта за негово решавање е во централни раце, потребно е да се постави како приоритет на изборите каде се избираат оние што можат да го решат, а по изборите да им досаѓаат со барања за исполнување на ветеното.

Би сакал да додадам и дека СК2014 не се само објектите, градбите и спомениците, туку и многу други придружни помали проекти. Град Скопје ги смени топонимите (македонска фаланга и тодор александров), започна со менување на имињата на улиците, ги тргна симболите од СК2014 од сите градски промотивни материјали, „детската стража“ што ги чуваше спомениците е тргната, сувенирите и монографиите со овој проект се закопани длабоко во архивите и не се користат. Знам, не е многу, ќе рече некој, но е сепак повеќе од било која друга институција. Зошто никој не се буни што слики од СК2014 има сеуште во учебниците? Зашто одбележуваме погибија на народни херои со гарда во униформа како на нивните прогонувачи? Зошто младите брачни парови се венчаваат во триумфална? Зошто се положуваат цвеќиња и одбележуваат настани пред спомениците на Никола Груевски? Софтверот на СК2014 не е почнат со деинсталација, а ние бараме уништување на хардверот.

Се надевам дека сите ќе ги почекаме резултатите од конкурсот пред да судиме и се надевам дека што повеќе луѓе со што повеќе аргументи ќе учествуваат во јавната дебата што претстои. Оваа градска администрација покажала дека знае да се повлече пред аргументите на јавноста, но и цврсто да застане зад своите кога тие недостасуваат. Примерот со зелениот кров на ГТЦ, кога голем дел од јавноста фрлаше со дрва и камења, покажува дека понекогаш е добро да се опстои во намерите (со достижни компромиси) за да се убеди јавноста во проектите.

Фејсбук пост на Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

https://nezavisen.mk/naumoski-univerzalna-kje-se-gradi-prashanjeto-e-kade/
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 29-Jul-2020 at 10:40
провидна компензација за полесен амин кај граѓаните за дупот за треска.. ова се шпекулираше долго време
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 29-Jul-2020 at 12:11

Нели Треска е приватно земјиште?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 29-Jul-2020 at 12:22
Ако е многу скап откупот на земјиштето, нека организираат конкурс за изградба на станбено-деловен комплекс, со услов минимум 50% од површината да биде зеленило и одредување број и вид на дрвја. Висината да биде до 80m, неограничена би било премногу за тој блоковски дел со 7 катници.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 29-Jul-2020 at 14:46
Градоначалникот Шилегов најавува референдум за иднината на Универзална сала



https://kanal5.com.mk/gradonachalnikot-shilegov-najavuva-referendum-za-idninata-na-univerzalna-sala/a432848
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 29-Jul-2020 at 14:48
Противречни изјави, а конкурс за летна сцена кај „Универзална сала“ веќе распишан

„Универзална сала“, е донација од Република Бугарија по катастрофалниот земјотрес во Скопје, пуштена во употреба на 1. јануари 1966. година. Реновирана е во 1978. година и оттогаш е препуштена сама на себе и политички пароли и поткусурувања. Објектот е речиси пет години затворен. Мислам дека последен настан беше оној во 2015. година кога СДСМ организираше јавно слушање на прислушуваните разговори во преполната Универзална.
Но ова не единствен објект, кој е симбол на Скопје со истата судбина. Речиси сите објекти се во лоша сосотојба, мислам после Унуиверзална дека ГТЦ, е во најочајна, за кој милуваме да кажеме дека сме го спасиле (а всушност мислам дека не им остана доволно време, инаку отиде и тој), а сега со него не знаеме што, бидејќи имотно – правните односи се повеќе од сложени, објектот е доградуван, преградуван, поделен на дукани и дуканчиња, со еден збор измачен. Упорно се зборува за негова заштита како културно наследство за која никогаш до крај не се изјаснија како стојат работите, а во меѓувреме објектот и понатаму пропаѓа и сите мудро ќутат. И Поштата е симбол на Скопје, изгорените мурали од Борко Лазески одамна се заборавени. И МОБ е симбол па е сокриен со една смешна колонада, која никоја нема храброст да ја сруши, а од цело „Скопје 2014“ тоа е најбезболно и најевтино. Во меѓувреме сите „гламурозни“ настани се прават во соседната филхармонија, објект многу полош од комшијата, па додека се искачат со штикли по скалине, задишани влегуваат во „гламурот“. И Архивот на Град Скопје е симбол, но опкружен со нова станбена експанзија. И МСУ е симбол кој, рака на срце се обидуваат да го заживеат. И тажната Железничка станица, неисчистена одкога е направена. Сите станици се тажни кога нема возови. И Саемот, и НАМА, и ЦК беа симболи. И Градски ѕид е симбол (и кулите и зградите), и Школака е симбол, ама ја офарбаа. Има многу симболи, не случајно пред две години се одржа архитектонска изложба „Загрозени видови“ на на авторите Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков и не случајно во Природо-научниот музеј на Македонија, но очигледно пораката за вредноста на овие градби и нивната состојба многумина не ја разбраа.
Денес е Универзална на ред, но ќе дојдат и другите. На политичариве има кој да им шепне што е важно за градот и што им значи на граѓаните. Па така им кажал некој и за Универзална и уште во периодот од 2004 до 2008 година, проектантските бироа „Архангел бојс“ и „Раум Ќ“ изработија проект за адаптација, реконструкција и доградба на салата. Во 2013. година Министерството за култура организираше конкурс за нов објект на местото на постоечкиот.
Учествуваат архитектонски бироа и покрај тоа што се свесни дека со таква обемна програма и капацитет на тоа место сала не може да се реализира. Победничкото решение е фамозното „јајце“ на бирото „Stone Design“. Во 2016 година градот се откажува од овој проект, поради висока цена и одлучува да се доработи првиот проект и внесат некои измени. Овој проект го изработва Градежен Институт Македонија – ГИМ. Во меѓувреме, никој не реагира дека се ова значи рушење на стариот објект.
Во 2018 година, градоначалникот Шилегов потпишува Писмо за намери преку кое се дефинираат активностите за унапредување на културата со тогашниот министер за култура. Писмото се потпишува во „Универзална сала“ и тогаш градоначалникот изјави: „Причините ги гледате зад мене. Реконструкцијата на Универзална сала, како симбол на солидарноста, во изминатите години беше само предмет на манипулација од претходната власт. Предизборно беа изработувани и презентирани во јавноста многу проекти, од кои беше реализирано само преименувањето на овој објект. Предизборните ветувања се провлекуваат уште од 2009 година. Но, ниту претходната локална власт, ниту претходната централна власт не направија напори да изградат нова сала. Години наназад никој не инвестираше во овој објект. Години наназад Универзална пропаѓа. Јас им ветив на златните славејчиња дека за јубилејниот 50-ти роденден ќе пеат во нова Универзална сала. Им ветив на моите сограѓани дека овој симбол на солидарноста ќе го добие својот познат сјај кој го имаше во минатото. Детските фестивали повторно ќе се вратат во Универзална“ . Можеби јас не сум разбрала добро. Можеби градоначалникот со ова најавил дека ќе изгради дуга сала, на друго место, која ќе се вика Универзална, но не дека ќе ја задржи и реновира постоечката.

На Универзална сала покрај неодржувањето и нереновирањето најмногу проблеми и создаде урбанизмот, ДУП БУњаковец 2. Преизграденоста со станбени згради која се случува во населбата создава инфраструктурни и сообраќајни проблеми. Просторот тамо и сообраќајот во тој дел функционираат лошо и сега кога салата не е во функција. А станбената изградба тамо продолжува, се бара стан повеќе, па човек да си помисли дека тоа и не е така лошо место за живеење. Секако дека логично следи и прашањето, па зошто тогаш да се реновира, кога лошиот урбанизам веќе ја завршил работата, нека се сруши и еве ви парк на државно земјиште, бидејќи кукате за паркови? Но, не секој парк е парк, и не секое државно земјиште треба да биде парк, како што секоја приватна катастарска парцела е станбен објект. „Универзална сала“ треба да се реновира затоа што е иконичен објект, симбол на градот, затоа што задржување на тие објекти е цивилизациски чин и дел од историјата на архитектурата на, која на Скопје очајно му недостасува. Затоа што мемориски места го прават градот препознатлив и создаваат традиција, по која очајно трагаме, во меѓувреме измислувајќи си историски приказни, бидејќи од оние кои ги имаме со неверојатна леснотија се откажуваме. Градовите се како луѓето, секому е потребно само негово место, само негов објект. Потребата на луѓето да се идентификуваат во својот град и развијат припадност е општа и човечка потреба, нормална и природна работа, носталгијата и сентимнталноста кон спомените се лични.

ДУП Буњаковец 2 направи проблеми, но да спасиме она што можеме. Скопје, како и сите современи градови, се залага за што помалку користење автомобили, а што повеќе јавен превоз. Од градот велат дека се на праг да направи трамвајски превоз -„Бас рапид транзит“ кој трамвај ќе доаѓа на секој 3-4 минути и студијата покажала дека за 40 отсто ќе се зголеми користењето на јавниот превоз. Па така според најавите на трасата, локацијата на Универзална е на одлично место, веднаш до трамвајската станица. И на Ноу Камп во Брселона најголем број на посетителите одат со јавен превоз.

Град Скопје утврдил дека Скопје има потреба од поголема, современа концертна сала, со нова програма за која градоначалникот вели дека од ААМ му предложиле локација во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Нека повели градот и нека ја направи таа сала, но тоа не е „Универзална сала“, тоа е нова сала со друг капацитет и содржини, ние зборуваме за старата сала, дали нејзино рушење или реновирање?
Дали градоначалникот се обиде да ја злоупотреби ААМ во своја корист, правдајќи се зошто распишал конкурс за Универзална, останува сомнително. По бурата во јавноста, ААМ вчера се огласи со едно конфузно соопштение каде информираат за разговорите водени со градот. Велат дека конкурсот од 2013 покажал дека за толкав објект нема место на локацијата и дека ставот на ААМ бил дека „Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик“ и тука треба да заврши оваа тема. Градот ги известил дека пари за реновирање нема и дека имаат потреба од нова сала за која ААМ посочила локација, и тоа е во ред, но ова е друга тема.

Потоа во продолжение велат дека откако биле информирани дека нема сретства „предложивме просторот каде што е сместена Универзална сала да прерасне во јавен простор кој што ќе биде дефиниран по распишување на анкетен конкурс со што би се добиле идеи за негово идно функционирање и планирање“!?

За на крај повторно да повикаат да се реновира салата „За да се избегнат забуни во јавноста, го повикуваме Град Скопје да ги презентира во јавноста сите наоди кои ги има за постојната состојба на Универзалната сала. Би повикале уште еднаш, да се зачува постојниот објект и доколку Градот Скопје нема средства за таква намена, ја повикуваме и Владата на Република Северна Македонија да се произнесе пред јавноста дали може да се обезбедат средства да биде реконструиран и зачуван обејктот во неговата постојна големина и појавност“.

И наместо после целата конфузија и различни и противречни изјави, градот да иницира стручна дебата на оваа тема за да се судрат мислењата и спротивставените ставови и на граѓаните и на архитектите, се со цел да се дојде до најдобро решение и потоа распише конкурс, Градот почнал од обратната страна, веќе распишал Конкурс за избор на архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“, правдајќи се со ААМ. Комисијата е во состав и тоа со шест члена: Маја Дончева, Бесник Осеку, Снежана Митоска, Александар Јанакиески, Аљоша Шопар и Никола Наумоски. Идеите треба да се достават до 28 август годинава. Ова значи дебатата заврши и пред да почне, а Универзална ќе се руши. Пред неполн месец заврши конкурсот распишан од Град Скопје и избрани се идејни решенија за три летни сцени во Градскиот парк. Па човек да си помисли дека најлесно и најбезболно, а и најевтино е направи летна сцена, зазелени околу и сите среќни. Скопје ќе се наполни со летни сцени, како Владата со советници или државава со аналитичари. На крај нема да знаеме што со сцениве, на другиве ќе им се најде место. Но, барем нема да се прават многу гужви во лошите урбанистички планови во спротивно ќе треба многу ангажман, работа и стручност за да се разрешат проблемите и тоа е патот по кој поретко се оди, другиов е пократкиот.

https://www.porta3.mk/protivrechni-izjavi-a-konkurs-za-letna-scena-kaj-univerzalna-sala-vekje-raspishan/
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 29-Jul-2020 at 15:00
Летни сцени и саксии се новите споменици.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 29-Jul-2020 at 15:10
УНИВЕРЗАЛНА ДА СЕ РЕСТАВРИРА, МУЛТИМЕДИЈАЛНА САЛА ДА СЕ ГРАДИ НА НОВА ЛОКАЦИЈА СО ПАРИ ОД ВЛАДАТА, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

Универзалната сала да се реставрира, а на нова локација да се гради нова мултимедијална сала, смета градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Тој денеска на брифинг со новинарите ги презентираше трите опции кои му стојат на градот околу реновирањето и изградба на новата Универзална сала. Како што кажа тој, во градот има три проекти за Универзална и три опции за тоа што ќе се гради.

„Првата опција е да се гради нова сала на постојната локација, втората на нова ликација и последната за реставрација на постојната и изградба на нова мултимедијална сала на нова локација. Јас лично би сакал да се реализира третата опција. Со тоа, Универзална во постојната големина би останала, а Скопје би добил нов објект во кој би биле сместени и други културни институции како Театарот за деца и млади, Танец, а би имало и конгресен центар. Јас овие идеи ги отворам, за нив да се произнесе и Владата, стручната јавност но и граѓаните. Ако треба, ќе имаме и референдум за ова прашање“, рече Шилегов.

Тој кажа дека проектот од неговиот претходник Коце Трајановски за реконструкција кој се пласира во јавноста, значи уривање на Универзалната сала и изградба на нов објект со поголем габарит и чини 17 милиони евра. Мислењето на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) е дека на таа локација не смее да се гради поголем објект од постојниот.

Шилегов кажа дека пари за овој капитален проект ќе бара од Владата. Според првичните пресметки, изградба на нова сала на нова локација и рестраврација на постојната би чинело 20 милиони евра. Досега, од буџетот на државата за овој проект на Град Скопје му се одобрени само пола милион евра.

„Ние не сме богат Град ниту богата држава. Затоа, треба да донесеме оптимално решение оти станува збор за објект кој ќе се користи во наредните 30 до 50 години. Доколку некој мисли дека со конкурсот за парк сакаме да надоместиме зеленило за планот за Буњаковец 2, јас сум спремен сите постапки да бидат запрени додека се донесе ДУП-от“, рече Шилегов.

Во моментов, во тек е конкурсот за изградба на парк со летна сцена на местото на Универзална сала, а Шилегов кажа дека Градот ќе распише конкурс и за реставрација на објектот и друг конкурс за концертна сала на нова локација. Откако сите решенија ќе бидат направени ќе се претстават пред јавноста и ќе се одлучи која варијанта ќе се реализира.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/univerzalna-da-se-restavrira-multimedijalna-sala-da-se-gradi-na-nova-lokatsija-so-pari-od-vladata-reche-shilegov/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 29-Jul-2020 at 15:33
Originally posted by David

Летни сцени и саксии се новите споменици.
ако вака продолжат, се сложувам комплетно, брз начин на плакнење пари и очи на јавноста... НО, пак се неспоредливи со спомениците зошто овие барем имаат функција некаква и го освежуваат просторот малку

назад на универзалнава, мислам дека факт е дека оваа мора да се размонтира, не е битно колку и е драга на јавноста, зошто како што спомна некој погоре, тоа е затоа што стои толку долго време, а тоа не значи ништо

од друга страна, факт е дека на урбана средина и треба универзална сала за одржување на настани, стварно е погубно што саеми и концерти се одржуваат во СЦ Борис Трајковски затоа што сите два објекти што ја имаа таа функција отидоа во историјата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 29-Jul-2020 at 20:37
Шилегов најавува референдум. Навидум исправно, во суштина длабоко погрешно. Можда да бевме Швајцарија ќе беше паметен избор. Од едн астрана што човек ида се обиде да направи стално ќе се најде некоја "засегната група граѓани" или дел од фелата кои ќе кажат дека така не треба, и затоа мислам дека ова е обид на Шилегов да се изолира од таква појава, да има алиби ете граѓаните така одлучија. Од друга страна ова е рецепт како да се донесе погрешна одлука за Универзална зашто референдумот ќе се искористи само за да партиите си ги измерат ....... и да видат како стојат во кој правец им оди рејтингот во споредба со последниве избори, а таа одлука ќе предизвика да универзална биде жртва на таквата свест и политичка ситуација во Македонија. Настрана што сето тоа кошта да се спроведе.

Абе едноставна е работата, распишете конкурс без фиксна позиција за салата, нека биде тоа избор на авторите. Секако после цената за изведба може да се засметува со повисок процент бодување. Во цената би влегла евентуална експропријација на земјиште и слично. Сигурен сум дека ќе дојдат многу паметни идеи. Баталете ја старата сала, како да не постои. Да не си ја врзуваме постоечката салата како камен да не влече во шансата Скопје да добие модерна нова Универзална Сала.

Edited by user8642 - 29-Jul-2020 at 20:38
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.221 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.